македонски пасош Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-pasosh/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jul 2024 18:23:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски пасош Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-pasosh/ 32 32 Авганистанскиот пасош е најслаб во светот, а на Балканот две земји го делат последното место https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/avganistanskiot-pasosh-e-najslab-vo-svetot-a-na-balkanot-dve-zemji-go-delat-poslednoto-mesto/ Sat, 27 Jul 2024 19:35:57 +0000 https://republika.mk/?p=800849

Објавена е нова ранг листа на најмоќните пасоши во светот која се води од тоа со кој пасош каде можете слободно да патувате без да ви биде потребна виза. Според „Henley Passport Index“ (HPI) од земјите од поранешната држава, Босна и Херцеговина сè уште е најлошо рангирана и е на 43-то место, заедно со Албанија. Граѓаните на овие земји слободно можат да патуваат во 123 земји.

На оваа листа највисоко котира Словенија. Таа е на 10 место со 184 земји во кои можат да патуваат нејзините граѓани без виза. По неа е Хрватска, на 11. место, затоа што на нејзините граѓани им овозможила без виза да патуваат во 183 земји. Српскиот пасош е на 34 место со 140 дестинации. Црна Гора е на 41 место со 128 дестинации.

Македонија го дели 41 место со Црна Гора. Со нашиот пасош можеме без виза да патуваме во 128 земји.

Најмоќниот пасош во светот е сингапурскиот, со кој без виза може да се патува во дури 195 земји.

На второ место се пасошите на Јапонија, Германија, Франција, Италија и Шпанија кои овозможуваат безвизно патување до 192 дестинации. Високо рангирани се и Јужна Кореја, Шведска, Финска, Австрија, Ирска, Луксембург и Холандија, кои ја делат третата позиција, а чии граѓани можат без виза да патуваат во 191 земја.

На дното на оваа листа, на 103. место е Авганистан, чиј пасош дозволува патување во само 26 земји без виза. Претпоследна е Сирија со 28 дестинации, додека Ирак е на 101 место со 31 дестинација. Бројот 100 на листата го делат Пакистан и Јемен со 33 дестинации.

The post Авганистанскиот пасош е најслаб во светот, а на Балканот две земји го делат последното место appeared first on Република.

]]>

Објавена е нова ранг листа на најмоќните пасоши во светот која се води од тоа со кој пасош каде можете слободно да патувате без да ви биде потребна виза. Според „Henley Passport Index“ (HPI) од земјите од поранешната држава, Босна и Херцеговина сè уште е најлошо рангирана и е на 43-то место, заедно со Албанија. Граѓаните на овие земји слободно можат да патуваат во 123 земји. На оваа листа највисоко котира Словенија. Таа е на 10 место со 184 земји во кои можат да патуваат нејзините граѓани без виза. По неа е Хрватска, на 11. место, затоа што на нејзините граѓани им овозможила без виза да патуваат во 183 земји. Српскиот пасош е на 34 место со 140 дестинации. Црна Гора е на 41 место со 128 дестинации. Македонија го дели 41 место со Црна Гора. Со нашиот пасош можеме без виза да патуваме во 128 земји. Најмоќниот пасош во светот е сингапурскиот, со кој без виза може да се патува во дури 195 земји. На второ место се пасошите на Јапонија, Германија, Франција, Италија и Шпанија кои овозможуваат безвизно патување до 192 дестинации. Високо рангирани се и Јужна Кореја, Шведска, Финска, Австрија, Ирска, Луксембург и Холандија, кои ја делат третата позиција, а чии граѓани можат без виза да патуваат во 191 земја. На дното на оваа листа, на 103. место е Авганистан, чиј пасош дозволува патување во само 26 земји без виза. Претпоследна е Сирија со 28 дестинации, додека Ирак е на 101 место со 31 дестинација. Бројот 100 на листата го делат Пакистан и Јемен со 33 дестинации.

The post Авганистанскиот пасош е најслаб во светот, а на Балканот две земји го делат последното место appeared first on Република.

]]>
Објавена листата на најмоќните пасоши во светот, македонскиот на 36 место https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/objavena-listata-na-najmoknite-pasoshi-vo-svetot-makedonskiot-na-36-mesto/ Tue, 26 Dec 2023 12:48:13 +0000 https://republika.mk/?p=726830

Интернет страницата Passport Index редовно објавува листа на најмоќните пасоши во светот, а според последниот список на прво место е пасошот на Обединети Арапски Емирати.

Паспрот Индекс ги рангира пасошите на 96 земји ширум светот.

Оние кои имаат пасош од ОАЕ можат да патуваат во 180 земји низ светот без виза.

Второто место, со можност за патување во 178 земји без виза, го делат пет земји – Германија, Шпанија, Франција, Италија и Холандија.

Третото место без виза може да патува во една земја помалку – 177, а го делат пет земји и тоа Шведска, Финска, Луксембург, Австрија и Швајцарија.

Шест земји се на четвртото место – Данска, Белгија, Португалија, Полска, Ирска и Јужна Кореја, а оние кои ги поседуваат овие пасоши можат без виза да патуваат во 176 земји.

Петтото место го делат осум земји. Оние кои имаат пасош на Сингапур, Грција, Норвешка, Чешка, ОК, Унгарија, Јапонија или Нов Зеланд, можат да патуваат во 175 земји низ светот без виза.

На шестото место се три пасоши – словачки, американски и австралиски. Со нив може да се патува во 174 земји без виза.

Словенија го дели седмото место со четири други земји – Малта, Естонија, Литванија и Канада, а нивните граѓани можат да патуваат без виза во 173 земји.

Во топ 10 е и Хрватска, која го дели тоа место со Летонија, Исланд и Лихтенштајн. Со овие пасоши можат да се посетат 172 земји без виза.

Оние кои имаат бугарски, романски или кипарски пасош без виза можат да влезат во една земја помалку.

Српскиот пасош е на 32 место, а со него без виза може да се патува во 137 земји.

Пасошот на Македонија е на 36 место, заедно со Самоа и Тувалу, чии граѓани без виза можат да патуваат во 130 земји.

Црногорскиот пасош е на 37 место кое го дели со турскиот пасош, а со нив без виза може да се патува во 129 земји.

Пасошот на БиХ е на 44 место, а оние кои го поседуваат можат без виза да посетат 121 земја.

The post Објавена листата на најмоќните пасоши во светот, македонскиот на 36 место appeared first on Република.

]]>

Интернет страницата Passport Index редовно објавува листа на најмоќните пасоши во светот, а според последниот список на прво место е пасошот на Обединети Арапски Емирати. Паспрот Индекс ги рангира пасошите на 96 земји ширум светот. Оние кои имаат пасош од ОАЕ можат да патуваат во 180 земји низ светот без виза. Второто место, со можност за патување во 178 земји без виза, го делат пет земји – Германија, Шпанија, Франција, Италија и Холандија. Третото место без виза може да патува во една земја помалку – 177, а го делат пет земји и тоа Шведска, Финска, Луксембург, Австрија и Швајцарија. Шест земји се на четвртото место – Данска, Белгија, Португалија, Полска, Ирска и Јужна Кореја, а оние кои ги поседуваат овие пасоши можат без виза да патуваат во 176 земји. Петтото место го делат осум земји. Оние кои имаат пасош на Сингапур, Грција, Норвешка, Чешка, ОК, Унгарија, Јапонија или Нов Зеланд, можат да патуваат во 175 земји низ светот без виза. На шестото место се три пасоши – словачки, американски и австралиски. Со нив може да се патува во 174 земји без виза. Словенија го дели седмото место со четири други земји – Малта, Естонија, Литванија и Канада, а нивните граѓани можат да патуваат без виза во 173 земји. Во топ 10 е и Хрватска, која го дели тоа место со Летонија, Исланд и Лихтенштајн. Со овие пасоши можат да се посетат 172 земји без виза. Оние кои имаат бугарски, романски или кипарски пасош без виза можат да влезат во една земја помалку. Српскиот пасош е на 32 место, а со него без виза може да се патува во 137 земји. Пасошот на Македонија е на 36 место, заедно со Самоа и Тувалу, чии граѓани без виза можат да патуваат во 130 земји. Црногорскиот пасош е на 37 место кое го дели со турскиот пасош, а со нив без виза може да се патува во 129 земји. Пасошот на БиХ е на 44 место, а оние кои го поседуваат можат без виза да посетат 121 земја.

The post Објавена листата на најмоќните пасоши во светот, македонскиот на 36 место appeared first on Република.

]]>
Овие криминалци добија пасоши побрзо од македонските граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ovie-kriminaltsi-dobija-pasoshi-pobrzo-od-makedonskite-gragani/ Thu, 16 Nov 2023 07:53:21 +0000 https://republika.mk/?p=701993

Македонските граѓани, при валидни и важечки лични документи, се принудени да вадат нови заради власта на СДС, која ги обврзува да го сторат тоа до февруари. Едно просечно семејство за да извади нови документи треба да потроши над 180 евра, многу време и нерви, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Сликите од редици на граѓани кои брзаат да извадат документи потсетуваат на некоја земја од третиот свет, каде што пред хангари, во девалвирачки услови под секое достоинство граѓаните чекаат редици со часови.

За ова директна одговорност имаат Оливер Спасовски и владата на СДС. Патем да биде поапсурдно подобри услови за вадење на документи имаа 215 белосветски криминалци, нарко-дилери, убијци, мафијаши и слични ликови кои добија гланц нови пасоши од просториите на МВР со злоупотребен идентитет,  пред само некое време. Тие криминалци имаа ВИП третман во споредба со македонските граѓани кои на дожд, ветер и студено време чекаат пред хангар да се сликаат за документ, бидејќи власта на СДС ги обврзува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Овие криминалци добија пасоши побрзо од македонските граѓани appeared first on Република.

]]>

Македонските граѓани, при валидни и важечки лични документи, се принудени да вадат нови заради власта на СДС, која ги обврзува да го сторат тоа до февруари. Едно просечно семејство за да извади нови документи треба да потроши над 180 евра, многу време и нерви, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ. Сликите од редици на граѓани кои брзаат да извадат документи потсетуваат на некоја земја од третиот свет, каде што пред хангари, во девалвирачки услови под секое достоинство граѓаните чекаат редици со часови.
За ова директна одговорност имаат Оливер Спасовски и владата на СДС. Патем да биде поапсурдно подобри услови за вадење на документи имаа 215 белосветски криминалци, нарко-дилери, убијци, мафијаши и слични ликови кои добија гланц нови пасоши од просториите на МВР со злоупотребен идентитет,  пред само некое време. Тие криминалци имаа ВИП третман во споредба со македонските граѓани кои на дожд, ветер и студено време чекаат пред хангар да се сликаат за документ, бидејќи власта на СДС ги обврзува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Овие криминалци добија пасоши побрзо од македонските граѓани appeared first on Република.

]]>
Легален македонски пасош е 200.000 евра, за криминалците и над 10 пати поевтино https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/legalen-makedonski-pasosh-e-200-000-evra-za-kriminaltsite-i-nad-10-pati-poevtino/ Thu, 02 Feb 2023 08:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=603639

Специјализирани сајтови за инвестиции во странство ја посочуваат Македонија како поволна даночна средина, а како главен бенефит од македонскиот пасош се наведува дека со него може да се патува во 125 дестинации, пишува Дојче веле.

Можете автоматски да добиете македонско државјанство со инвестирање од 200 до 400 илјади евра. Оние коишто ќе го добијат ова државјанство ќе имаат право на слободно движење во Хонг Конг, Јапонија, Сингапур, Турција и во европската Шенген зона, како и е-виза за Индија и пристап до вкупно 125 дестинации. Граѓаните исто така ќе имаат можност да го пренесат државјанството на идните генерации, со пристап до стратешки трговски пазар и многу повеќе.

Ова се дел од ветувањата коишто можат да се прочитаат на специјализирани интернет страници за инвестиции во странство, а коишто се наменети за бизнисмени коишто сакаат да инвестираат во Македонија. Еден од нив е и сајтот на Наираметрикс (Nairametrics) - компанија за финансиски ресурси со седиште во Нигерија, со посебен фокус на финансиска писменост, застапување за инвеститори и деловна интелигенција, којшто деновиве објави текст во којшто се наведува дека „македонско државјанство по инвестиција може да се добие без минимални барања за престој или јазик.

На македонската влада ѝ требаат богати и талентирани поединци кои можат да инвестираат во земјата и да ја поттикнат нејзината економија. Да се биде државјанин значи да се обезбедат бенефиции како што се слободно движење во повеќе земји, наведува Наираметрикс.

Од 2005 година до 31 декември 2022 година со македонско државјанство се стекнале вкупно 121 лице од економски интерес, потоа 12 лица од културен интерес, 12 лица од научен интерес и 134 лица од спортски интерес, велат од македонското Министерство за внатрешни работи за Дојче веле.

Наираметрикс во текст во којшто ги објаснува сите чекори како инвеститорите да дојдат до македонско државјанство посочува дека постапката може да се заврши во рок од два до пет месеци со минимална инвестиција од 200.000 до 400.000 евра без минимални барања за престој или јазик. Македонија се опишува како земја во Југоисточна Европа со живописни реки и планински региони, која има просперитетна економија со добри земјоделски и трговски перспективи и богато културно наследство. Но, и со пријателска култура и како поволна даночна средина.

Од друга страна, по откривањето на аферата „Мафија“ или „Двојник“, се покажа дека Македонија е Мека за лесно добивање на легални документи за светските криминалци. Отворено за тоа колку лесно се добива македонски пасош во интервју за „Република“ зборува Кристијан Голубовиќ.

Македонија отсекогаш беше добра во соработката и со политичарите и со криминалците и со политичарите затоа што беше на т.н „ружа на ветрови“. Низ Македонија од сите страни поминуваат големи банди-албански, бугарски, грчки, српски, црногорски,турски… Вие сте во епицентарот на случувањата, мала сте земја од која лесно се излегува и влегува, транзитна и кај вас овие луѓе не се задржуваат и сте отскочна даска. Имате развиено услуга за криминалците, вели тој.

Кристијан го открива и „ценовникот“ колку чини македонски пасош за криминалци.

Ако зборуваме за оригинали цената е од 5 до 10 илјади евра а достигнуваат и до 25.000 евра, вели Голубовиќ за „Република“

https://republika.mk/vesti/makedonija/kristijan-golubovik-makedonski-pasosh-za-kriminaltsi-chini-25-000-evra/

The post Легален македонски пасош е 200.000 евра, за криминалците и над 10 пати поевтино appeared first on Република.

]]>

Специјализирани сајтови за инвестиции во странство ја посочуваат Македонија како поволна даночна средина, а како главен бенефит од македонскиот пасош се наведува дека со него може да се патува во 125 дестинации, пишува Дојче веле.
Можете автоматски да добиете македонско државјанство со инвестирање од 200 до 400 илјади евра. Оние коишто ќе го добијат ова државјанство ќе имаат право на слободно движење во Хонг Конг, Јапонија, Сингапур, Турција и во европската Шенген зона, како и е-виза за Индија и пристап до вкупно 125 дестинации. Граѓаните исто така ќе имаат можност да го пренесат државјанството на идните генерации, со пристап до стратешки трговски пазар и многу повеќе.
Ова се дел од ветувањата коишто можат да се прочитаат на специјализирани интернет страници за инвестиции во странство, а коишто се наменети за бизнисмени коишто сакаат да инвестираат во Македонија. Еден од нив е и сајтот на Наираметрикс (Nairametrics) - компанија за финансиски ресурси со седиште во Нигерија, со посебен фокус на финансиска писменост, застапување за инвеститори и деловна интелигенција, којшто деновиве објави текст во којшто се наведува дека „македонско државјанство по инвестиција може да се добие без минимални барања за престој или јазик.
На македонската влада ѝ требаат богати и талентирани поединци кои можат да инвестираат во земјата и да ја поттикнат нејзината економија. Да се биде државјанин значи да се обезбедат бенефиции како што се слободно движење во повеќе земји, наведува Наираметрикс.
Од 2005 година до 31 декември 2022 година со македонско државјанство се стекнале вкупно 121 лице од економски интерес, потоа 12 лица од културен интерес, 12 лица од научен интерес и 134 лица од спортски интерес, велат од македонското Министерство за внатрешни работи за Дојче веле.
Наираметрикс во текст во којшто ги објаснува сите чекори како инвеститорите да дојдат до македонско државјанство посочува дека постапката може да се заврши во рок од два до пет месеци со минимална инвестиција од 200.000 до 400.000 евра без минимални барања за престој или јазик. Македонија се опишува како земја во Југоисточна Европа со живописни реки и планински региони, која има просперитетна економија со добри земјоделски и трговски перспективи и богато културно наследство. Но, и со пријателска култура и како поволна даночна средина. Од друга страна, по откривањето на аферата „Мафија“ или „Двојник“, се покажа дека Македонија е Мека за лесно добивање на легални документи за светските криминалци. Отворено за тоа колку лесно се добива македонски пасош во интервју за „Република“ зборува Кристијан Голубовиќ.
Македонија отсекогаш беше добра во соработката и со политичарите и со криминалците и со политичарите затоа што беше на т.н „ружа на ветрови“. Низ Македонија од сите страни поминуваат големи банди-албански, бугарски, грчки, српски, црногорски,турски… Вие сте во епицентарот на случувањата, мала сте земја од која лесно се излегува и влегува, транзитна и кај вас овие луѓе не се задржуваат и сте отскочна даска. Имате развиено услуга за криминалците, вели тој.
Кристијан го открива и „ценовникот“ колку чини македонски пасош за криминалци.
Ако зборуваме за оригинали цената е од 5 до 10 илјади евра а достигнуваат и до 25.000 евра, вели Голубовиќ за „Република“
https://republika.mk/vesti/makedonija/kristijan-golubovik-makedonski-pasosh-za-kriminaltsi-chini-25-000-evra/

The post Легален македонски пасош е 200.000 евра, за криминалците и над 10 пати поевтино appeared first on Република.

]]>
Собранието ќе бара објаснување од директорот на Агенцијата за национална безбедност како Онишченко добил македонски пасош https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-kje-bara-objasnuvanje-od-direktorot-na-agencijata-za-nacionalna-bezbednost-kako-onishchenko-dobil-makedonski-pasosh/ Mon, 14 Nov 2022 15:57:44 +0000 https://republika.mk/?p=573775

Отчет од директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски за тоа како контроверзниот украински политичар Онишченко добил позитивна безбедносна оценка за македонски пасош бара пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Отчетот се бара преку собраниската Комисија за надзор на безбедносните служби свикана за среда.

Од владејачкото мнозинство пак, засега без коментар дали ќе го обезбедат кворумот на оваа Комисија со која претседава опозицијата за таа вопшто и да се случи.

Поради скандалот со Украинецот, викендов опозицијата побара и повлекување на Димовски како предлог на МНР за амабсадор за Франција. По објавените информации за Укринецот, премиерот Ковачевски најави ревизија на случајот.

Онишченко го доби македонскиот пасош од Владата врз основа на барање на Федерацијата за коњачки спортови од каде оцениле тој може да придонесе за развој на овој спорт. Дури 4 државни институции, меѓу кои и АНБ дале позитивно мислење за него и покрај тоа што тој од лани е на црната листа на САД, но има информации дека е распишана и меѓународна потерница.

The post Собранието ќе бара објаснување од директорот на Агенцијата за национална безбедност како Онишченко добил македонски пасош appeared first on Република.

]]>

Отчет од директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски за тоа како контроверзниот украински политичар Онишченко добил позитивна безбедносна оценка за македонски пасош бара пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Отчетот се бара преку собраниската Комисија за надзор на безбедносните служби свикана за среда. Од владејачкото мнозинство пак, засега без коментар дали ќе го обезбедат кворумот на оваа Комисија со која претседава опозицијата за таа вопшто и да се случи. Поради скандалот со Украинецот, викендов опозицијата побара и повлекување на Димовски како предлог на МНР за амабсадор за Франција. По објавените информации за Укринецот, премиерот Ковачевски најави ревизија на случајот. Онишченко го доби македонскиот пасош од Владата врз основа на барање на Федерацијата за коњачки спортови од каде оцениле тој може да придонесе за развој на овој спорт. Дури 4 државни институции, меѓу кои и АНБ дале позитивно мислење за него и покрај тоа што тој од лани е на црната листа на САД, но има информации дека е распишана и меѓународна потерница.

The post Собранието ќе бара објаснување од директорот на Агенцијата за национална безбедност како Онишченко добил македонски пасош appeared first on Република.

]]>
Истанбулската полиција уапсила странец член на криминална група со лажни македонски документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/istanbulskata-policija-uapsila-stranec-chlen-na-kriminalna-grupa-so-lazni-makedonski-dokumenti/ Mon, 07 Nov 2022 17:01:14 +0000 https://republika.mk/?p=570982

Полициската управа на Истанбул соопшти дека во работите на ископување во подрачјето на Саријер не е пронајдено ништо сомнително во ископувањето во областа Саријер и дека против оние кои ја доведуваат јавноста во заблуда ќе бидат преземени правни постапки, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението се наведува дека Секторот за борба против организираниот криминал откри дека лицето З.Б., странски државјанин и член на организирана криминална група, влегол во Турција со лажен македонски пасош издаден на име Ј.А.Б. и дека престојувал во Истанбул.

Тоа лице е фатено во подрачјето на Саријер во полициска акција спроведена на 4 ноември

При претрес во живеалиштето на тоа лице пронајдени се и запленети лажна лична карта, пасош и дигитален материјал.

По добиена дојава дека тело на едно лице е закопано во градината на истата таа резиденција, по налог на јавен обвинител извршени се работи на ископување и не е пронајдено ништо сомнително. Полициската управа на Истанбул работи на заштита на мирот и благосостојбата на нашиот град. Одлучно продолжува со борбата против сите видови криминал и криминалци, се наведува во соопштението.

The post Истанбулската полиција уапсила странец член на криминална група со лажни македонски документи appeared first on Република.

]]>

Полициската управа на Истанбул соопшти дека во работите на ископување во подрачјето на Саријер не е пронајдено ништо сомнително во ископувањето во областа Саријер и дека против оние кои ја доведуваат јавноста во заблуда ќе бидат преземени правни постапки, јавува Агенција Анадолија (АА). Во соопштението се наведува дека Секторот за борба против организираниот криминал откри дека лицето З.Б., странски државјанин и член на организирана криминална група, влегол во Турција со лажен македонски пасош издаден на име Ј.А.Б. и дека престојувал во Истанбул. Тоа лице е фатено во подрачјето на Саријер во полициска акција спроведена на 4 ноември При претрес во живеалиштето на тоа лице пронајдени се и запленети лажна лична карта, пасош и дигитален материјал.
По добиена дојава дека тело на едно лице е закопано во градината на истата таа резиденција, по налог на јавен обвинител извршени се работи на ископување и не е пронајдено ништо сомнително. Полициската управа на Истанбул работи на заштита на мирот и благосостојбата на нашиот град. Одлучно продолжува со борбата против сите видови криминал и криминалци, се наведува во соопштението.
 
The post Истанбулската полиција уапсила странец член на криминална група со лажни македонски документи appeared first on Република.

]]>
Емре Олур, портпаролот на Седат Пекер, кој доби македонски пасош, екстрадиран од Албанија во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/emre-olur-portparolot-na-sedat-peker-koj-dobi-makedonski-pasosh-ekstradiran-od-albanija-vo-turcija/ Mon, 19 Sep 2022 15:40:35 +0000 https://republika.mk/?p=552348

Емре Олур, портпаролот на Седат Пекер (кој доби македонски пасош), екстрадиран од Албанија во Турција, објави порталот ДуваР.

The post Емре Олур, портпаролот на Седат Пекер, кој доби македонски пасош, екстрадиран од Албанија во Турција appeared first on Република.

Водачот на „Шкаљарците“ го следеле преку бремената сопруга: „Македонецот“ Вукотиќ во Истанбул престојувал со свој пасош на друго име https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vodachot-na-shkaljarcite-go-sledele-preku-bremenata-sopruga-vukotikj-koj-dobi-makedonski-patni-dokumenti-vo-istanbul-prestojuval-so-svoj-pasosh-na-drugo-ime/ Sat, 10 Sep 2022 11:22:52 +0000 https://republika.mk/?p=549394

Убијците на Јован Вукотиќ (42), водачот на Шкаљраскиот клан, кој беше брутално убиен во Истанбул, наводно со месеци се обидувале да го најдат, откако во август минатата година ја напуштил Црна Гора и потоа му се губи секаква трага.

Според неофицијални информации, убијците успеале да дојдат до водачот на „Шкаљарците“ откако ја лоцирале неговата сопруга! Инспекторите се сомневаат дека зад бруталната ликвидација стои спротивставениот Кавачки клан, со кој Вукотиќ и неговата организација се во конфликт од 2014 година.

Безбедна куќа

Вукотиќ беше крајно претпазлив бидејќи знаеше дека со години е мета и дека ривалскиот Кавачки клан се обидува да му влезе во трага. Извесен период се шпекулира дека тој и неговото семејство нашле „сигурна куќа“ во Истанбул. Сепак, како што се сомнева, суровите убијци успеале да ја лоцираат неговата сопруга и така да дојдат до него - открива извор на српски „Курир“.

Како потсетување, Вукотиќ беше убиен во автомобилот во кој бил со бремената сопруга Маша М. и нивната ќерка.

https://republika.mk/vesti/balkan/narkobosot-vukotikj-koj-od-mvr-na-spasovski-dobi-makedonski-pasosh-e-ubien-vo-istanbul/

Изворот на „Курир“ открива дека, судејќи по изјавите на сведоците и трагите пронајдени на местото на убиството, Јован Вукотиќ забележал дека е во животна опасност.

Одредени докази од местото на злосторството укажуваат дека тој се обидел да го откачи појасот, но не успеал, бидејќи убијците биле побрзи. Тоа укажува дека веројатно ги забележал кога со голема брзина се приближувале кон автомобилот. Можно е да имал намера да се наведне и на тој начин да се заштити - изворот на „Курир“ открива нови детали од истрагата за ликвидацијата.

Двајца напаѓачи

Тој наведува и дека сведоците опишале дека неговата сопруга врескала и викала помош, а преплашеното дете плачело во автомобилот.

Се сомнева дека имало двајца напаѓачи на мотоцикл. Според неофицијални информации, убијците со мотор се приближиле до автомобилот, сопатникот испукал неколку истрели, а потоа стиснале гас и побегнале.

Во убиството сигурно имало повеќе луѓе, сигурно е дека го следеле Вукотиќ барем неколку дена и го чекале вистинскиот момент. Не е исклучена можноста некој да им дал сигнал на убијците кога да одат - додава соговорникот на „Курир“.

Според неофицијални информации, Вукотиќ со себе имал пасош на друго име, кој најверојатно го користел за да ја затскрие трагата. Да потсетиме, за време на судскиот процес за употреба на фалсификуван македонски пасош, Вукотиќ пред судот во Белград призна дека користел патна исправа со негова слика, но со друго име, за да ги преминува границите, како и за „корумпираните полицајци да не ги информираат убијците каде се наоѓа“.

https://republika.mk/vesti/balkan/koj-beshe-jovica-vukotikj-odnosno-georgi-andonov-ja-imashe-najzgodnata-manekenka-na-soprugata-i-podmetnaa-cijanid-za-da-go-otrue/

Засега не е познато како убијците ја лоцирале Маша М., со која Вукотиќ е во вонбрачна врска од 2018 година. Таа ќе биде сослушана во турската полиција бидејќи е очевидец на злосторството што се случи – додава изворот на „Курир“.

Исто сценарио

Соговорникот на „Курир“ потсетува дека во јануари 2020 година убијците успеале на ист начин во Атина да го лоцираат најблискиот соработник и кум на Вукотиќ, Игор Дедовиќ. За потсетување, Дедовиќ беше убиен заедно со членот на кланот „Шкаљарците“, Стеван Стаматовиќ, во ресторан во главниот град на Грција, пред очите на многу гости, но и на нивните сопруги и деца.

И тогаш истражителите се сомневаа дека „Шкаљарците“ се лоцирани преку нивните сопруги, кои дошле во Грција да поминат семејни одмори. Вечерата на која биле убиени требало да биде проштална, бидејќи следниот ден сопругите требало да се вратат дома. Очигледно, тие биле толку внимателни што сопругите и децата се возеле до ресторанот одделно, со такси. Сепак, убијците веќе го знаеле секој нивен потег. Влегоа во ресторанот, се раширија околу масата и пукаа во „Шкаљарците“, а потоа излегоа надвор и тргнаа со автомобилот што ги чекаше - се присетува соговорникот на „Курир“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ubienite-shkaljarci-vo-atina-stignale-so-makedonski-pasoshi-albanec-pak-si-kupil-pasosh-so-zensko-ime/

The post Водачот на „Шкаљарците“ го следеле преку бремената сопруга: „Македонецот“ Вукотиќ во Истанбул престојувал со свој пасош на друго име appeared first on Република.

]]>

Убијците на Јован Вукотиќ (42), водачот на Шкаљраскиот клан, кој беше брутално убиен во Истанбул, наводно со месеци се обидувале да го најдат, откако во август минатата година ја напуштил Црна Гора и потоа му се губи секаква трага. Според неофицијални информации, убијците успеале да дојдат до водачот на „Шкаљарците“ откако ја лоцирале неговата сопруга! Инспекторите се сомневаат дека зад бруталната ликвидација стои спротивставениот Кавачки клан, со кој Вукотиќ и неговата организација се во конфликт од 2014 година.

Безбедна куќа

Вукотиќ беше крајно претпазлив бидејќи знаеше дека со години е мета и дека ривалскиот Кавачки клан се обидува да му влезе во трага. Извесен период се шпекулира дека тој и неговото семејство нашле „сигурна куќа“ во Истанбул. Сепак, како што се сомнева, суровите убијци успеале да ја лоцираат неговата сопруга и така да дојдат до него - открива извор на српски „Курир“.
Како потсетување, Вукотиќ беше убиен во автомобилот во кој бил со бремената сопруга Маша М. и нивната ќерка. https://republika.mk/vesti/balkan/narkobosot-vukotikj-koj-od-mvr-na-spasovski-dobi-makedonski-pasosh-e-ubien-vo-istanbul/ Изворот на „Курир“ открива дека, судејќи по изјавите на сведоците и трагите пронајдени на местото на убиството, Јован Вукотиќ забележал дека е во животна опасност.
Одредени докази од местото на злосторството укажуваат дека тој се обидел да го откачи појасот, но не успеал, бидејќи убијците биле побрзи. Тоа укажува дека веројатно ги забележал кога со голема брзина се приближувале кон автомобилот. Можно е да имал намера да се наведне и на тој начин да се заштити - изворот на „Курир“ открива нови детали од истрагата за ликвидацијата.

Двајца напаѓачи

Тој наведува и дека сведоците опишале дека неговата сопруга врескала и викала помош, а преплашеното дете плачело во автомобилот. Се сомнева дека имало двајца напаѓачи на мотоцикл. Според неофицијални информации, убијците со мотор се приближиле до автомобилот, сопатникот испукал неколку истрели, а потоа стиснале гас и побегнале.
Во убиството сигурно имало повеќе луѓе, сигурно е дека го следеле Вукотиќ барем неколку дена и го чекале вистинскиот момент. Не е исклучена можноста некој да им дал сигнал на убијците кога да одат - додава соговорникот на „Курир“.
Според неофицијални информации, Вукотиќ со себе имал пасош на друго име, кој најверојатно го користел за да ја затскрие трагата. Да потсетиме, за време на судскиот процес за употреба на фалсификуван македонски пасош, Вукотиќ пред судот во Белград призна дека користел патна исправа со негова слика, но со друго име, за да ги преминува границите, како и за „корумпираните полицајци да не ги информираат убијците каде се наоѓа“. https://republika.mk/vesti/balkan/koj-beshe-jovica-vukotikj-odnosno-georgi-andonov-ja-imashe-najzgodnata-manekenka-na-soprugata-i-podmetnaa-cijanid-za-da-go-otrue/
Засега не е познато како убијците ја лоцирале Маша М., со која Вукотиќ е во вонбрачна врска од 2018 година. Таа ќе биде сослушана во турската полиција бидејќи е очевидец на злосторството што се случи – додава изворот на „Курир“.

Исто сценарио

Соговорникот на „Курир“ потсетува дека во јануари 2020 година убијците успеале на ист начин во Атина да го лоцираат најблискиот соработник и кум на Вукотиќ, Игор Дедовиќ. За потсетување, Дедовиќ беше убиен заедно со членот на кланот „Шкаљарците“, Стеван Стаматовиќ, во ресторан во главниот град на Грција, пред очите на многу гости, но и на нивните сопруги и деца.
И тогаш истражителите се сомневаа дека „Шкаљарците“ се лоцирани преку нивните сопруги, кои дошле во Грција да поминат семејни одмори. Вечерата на која биле убиени требало да биде проштална, бидејќи следниот ден сопругите требало да се вратат дома. Очигледно, тие биле толку внимателни што сопругите и децата се возеле до ресторанот одделно, со такси. Сепак, убијците веќе го знаеле секој нивен потег. Влегоа во ресторанот, се раширија околу масата и пукаа во „Шкаљарците“, а потоа излегоа надвор и тргнаа со автомобилот што ги чекаше - се присетува соговорникот на „Курир“.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ubienite-shkaljarci-vo-atina-stignale-so-makedonski-pasoshi-albanec-pak-si-kupil-pasosh-so-zensko-ime/

The post Водачот на „Шкаљарците“ го следеле преку бремената сопруга: „Македонецот“ Вукотиќ во Истанбул престојувал со свој пасош на друго име appeared first on Република.

]]>
МВР не докажа дека пасошите на криминалците се поништени, дали Вукотиќ е убиен со македонски пасош?? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-ne-dokaza-deka-pasoshite-na-kriminalcite-se-ponishteni-dali-vukotikj-e-ubien-so-makedonski-pasosh/ Fri, 09 Sep 2022 09:09:51 +0000 https://republika.mk/?p=548988

Oткако вчера се објави дека во Истанбул е убиен Јовица Вукотиќ, водач на Шкаљарскиот клан се поставуваат неколку прашања.

Со каков пасош е тој убиен ако се знае дека МВР му издаде македонски пасош и тој стана Георги Андонов?

Токму со наш пасош Вукотиќ беше уапсен токму во Турција пред три години од каде беше со специјален авион однесен во Србија. При апсењето тој тврдеше дека има легален македонски пасош и ја говореше вистината.

Неговиот вистински лик беше додаден на идентитетот на извесен Георги Андонов. Веројатно станува збор за лице кое никогаш не извадил наш пасош или веќе не живее во Македонија.

Поранешниот премиер Зоран Заев тврдеше дека не знае кој е Вукотиќ а пак министерот за внатршни работи Оливер Спасовски лани на брифиг со новинарите убедуваше дека овие пасоши се поништени но не достави ниту еден доказ.

Затоа, МВР е должно да одговори дали Вукотиќ во Турција влегол со наш пасош!

https://republika.mk/vesti/balkan/raspishana-poternica-za-vukotikj-dali-vodachot-na-shkaljarskiot-klan-izbega-so-makedonskiot-pasosh/

The post МВР не докажа дека пасошите на криминалците се поништени, дали Вукотиќ е убиен со македонски пасош?? appeared first on Република.

]]>

Oткако вчера се објави дека во Истанбул е убиен Јовица Вукотиќ, водач на Шкаљарскиот клан се поставуваат неколку прашања. Со каков пасош е тој убиен ако се знае дека МВР му издаде македонски пасош и тој стана Георги Андонов? Токму со наш пасош Вукотиќ беше уапсен токму во Турција пред три години од каде беше со специјален авион однесен во Србија. При апсењето тој тврдеше дека има легален македонски пасош и ја говореше вистината. Неговиот вистински лик беше додаден на идентитетот на извесен Георги Андонов. Веројатно станува збор за лице кое никогаш не извадил наш пасош или веќе не живее во Македонија. Поранешниот премиер Зоран Заев тврдеше дека не знае кој е Вукотиќ а пак министерот за внатршни работи Оливер Спасовски лани на брифиг со новинарите убедуваше дека овие пасоши се поништени но не достави ниту еден доказ. Затоа, МВР е должно да одговори дали Вукотиќ во Турција влегол со наш пасош! https://republika.mk/vesti/balkan/raspishana-poternica-za-vukotikj-dali-vodachot-na-shkaljarskiot-klan-izbega-so-makedonskiot-pasosh/

The post МВР не докажа дека пасошите на криминалците се поништени, дали Вукотиќ е убиен со македонски пасош?? appeared first on Република.

]]>
Наркобосот Вукотиќ, кој од МВР на Спасовски доби македонски пасош, е убиен во Истанбул https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/narkobosot-vukotikj-koj-od-mvr-na-spasovski-dobi-makedonski-pasosh-e-ubien-vo-istanbul/ Thu, 08 Sep 2022 19:38:06 +0000 https://republika.mk/?p=548827

Наркобосот Вукотиќ, кој од МВР на Спасовски доби македонски пасош во Драчево (на име Георги Андонов), е убиен во Истанбул.

Веста за убиството на водачот на шкаљарскиот клан, Јован Вукотиќ  во Истанбул ја објави „Vijesti"  и додава дека Вукотиќ бил во бегство, а црногорските правосудни органи распишале потерница пред една година.

Вукотиќ во Турција беше уапсен во септември 2018 година кога и беше испорачан на Србија, каде доби казна од 15 месеци затвор поради користење на фалсификуван македонски пасош со негова слика.

https://republika.mk/vesti/makedonija/afera-mafija-mvr-im-gi-pozajmilo-identitetite-na-georgi-andonov-i-dzadin-amedovski-na-mafijashite-jovan-vukotikj-i-sedat-peker/

The post Наркобосот Вукотиќ, кој од МВР на Спасовски доби македонски пасош, е убиен во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Наркобосот Вукотиќ, кој од МВР на Спасовски доби македонски пасош во Драчево (на име Георги Андонов), е убиен во Истанбул.
Веста за убиството на водачот на шкаљарскиот клан, Јован Вукотиќ  во Истанбул ја објави „Vijesti"  и додава дека Вукотиќ бил во бегство, а црногорските правосудни органи распишале потерница пред една година. Вукотиќ во Турција беше уапсен во септември 2018 година кога и беше испорачан на Србија, каде доби казна од 15 месеци затвор поради користење на фалсификуван македонски пасош со негова слика. https://republika.mk/vesti/makedonija/afera-mafija-mvr-im-gi-pozajmilo-identitetite-na-georgi-andonov-i-dzadin-amedovski-na-mafijashite-jovan-vukotikj-i-sedat-peker/

The post Наркобосот Вукотиќ, кој од МВР на Спасовски доби македонски пасош, е убиен во Истанбул appeared first on Република.

]]>
Во Кина почна мобилно издавање македонски пасоши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-kina-pochna-mobilno-izdavanje-makedonski-pasoshi/ Wed, 27 Jul 2022 06:33:16 +0000 https://republika.mk/?p=533571

Министерството за надворешни работи испрати мобилна екипа во Амбасадата во Пекинг, со цел драстично да се скрати постапката за издавање патни исправи на нашите државјани и во НР Кина.

Со новата опрема, времето на чекање треба да се скрати на неколку недели, од претходните 6-9 месеци (а во прекуокеанските земји и повеќе од година дена).

Проширување на проектот во Кина досега беше оневозможен поради рестриктивни мерки за карантин - соопштија од МНР.

Со ова, бројот на дипломатско-конзуларни претставништва опремени со ваква опрема се зголемува на 15.

The post Во Кина почна мобилно издавање македонски пасоши appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи испрати мобилна екипа во Амбасадата во Пекинг, со цел драстично да се скрати постапката за издавање патни исправи на нашите државјани и во НР Кина. Со новата опрема, времето на чекање треба да се скрати на неколку недели, од претходните 6-9 месеци (а во прекуокеанските земји и повеќе од година дена).
Проширување на проектот во Кина досега беше оневозможен поради рестриктивни мерки за карантин - соопштија од МНР.
Со ова, бројот на дипломатско-конзуларни претставништва опремени со ваква опрема се зголемува на 15.

The post Во Кина почна мобилно издавање македонски пасоши appeared first on Република.

]]>
Со македонски пасош може да се патува во 124 земји без визи https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/so-makedonski-pasosh-moze-da-se-patuva-vo-124-zemji-bez-vizi/ Wed, 20 Jul 2022 13:43:00 +0000 https://republika.mk/?p=531473

Со македонскиот пасош може без виза да се патува во 124 држави во светот, со што тој е рангиран на 33-то место на листата изработена според индексот на патни исправи „Артон Капитал“, со кој се опфатени пасошите на 193 земји членки на Обединетите нации и плус на Ватикан, Косово, Тајван, Макао, Хонг Конг и палестинските територии.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според овој индекс, Србија е на 25 место бидејќи нејзините граѓани можат без виси да посетат 134 земји, Црна Гора го дели 33-то место со земјава со можност за патување во 124 држави, Босна и Херцеговина е на 41 место, со чиј пасош може слободно да се влезе во 116 земји, а Косово е на 82 место.

Јапонија, Сингапур и Јужна Кореја се трите земји со „најмоќни пасоши“, бидејќи нивните граѓани можат да патуваат во сите земји во светот без виза.

Земји со „најмоќни пасоши“ во Европа се Германија и Шпанија, со чии патни исорави може без виза да се патува во 190 држави, а потоа следат Финска, Италија и Луксембург со „слободен влез“ во 189 земји.

Австрија, Данска, Холандија и Шведска се на делба на петтото место, додека Франција, Ирска, Португалија и Велика Британија го делат шестото место. Нов Зеланд и САД се на седмото, веднаш по нив како осмопласирани се Белгија, Норвешка и Швајцарија.

Граѓаните на Авганистан повторно се на дното на листата со најслаб пасош, бидејќи можат да патуваат само во 27 земји откако ќе поднесат барање за виза.

The post Со македонски пасош може да се патува во 124 земји без визи appeared first on Република.

]]>

Со македонскиот пасош може без виза да се патува во 124 држави во светот, со што тој е рангиран на 33-то место на листата изработена според индексот на патни исправи „Артон Капитал“, со кој се опфатени пасошите на 193 земји членки на Обединетите нации и плус на Ватикан, Косово, Тајван, Макао, Хонг Конг и палестинските територии. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според овој индекс, Србија е на 25 место бидејќи нејзините граѓани можат без виси да посетат 134 земји, Црна Гора го дели 33-то место со земјава со можност за патување во 124 држави, Босна и Херцеговина е на 41 место, со чиј пасош може слободно да се влезе во 116 земји, а Косово е на 82 место. Јапонија, Сингапур и Јужна Кореја се трите земји со „најмоќни пасоши“, бидејќи нивните граѓани можат да патуваат во сите земји во светот без виза. Земји со „најмоќни пасоши“ во Европа се Германија и Шпанија, со чии патни исорави може без виза да се патува во 190 држави, а потоа следат Финска, Италија и Луксембург со „слободен влез“ во 189 земји. Австрија, Данска, Холандија и Шведска се на делба на петтото место, додека Франција, Ирска, Португалија и Велика Британија го делат шестото место. Нов Зеланд и САД се на седмото, веднаш по нив како осмопласирани се Белгија, Норвешка и Швајцарија. Граѓаните на Авганистан повторно се на дното на листата со најслаб пасош, бидејќи можат да патуваат само во 27 земји откако ќе поднесат барање за виза.

The post Со македонски пасош може да се патува во 124 земји без визи appeared first on Република.

]]>
Не е само Звицер: Maкедонски пасоши добија и Седат Пекер, водачот на „Шкаљарците“ Вукотиќ и на италијанската „Ндрангета“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-e-samo-zvicer-makedonski-pasoshi-dobija-i-sedat-peker-vodachot-na-shkaljarcite-vukotikj-i-na-italijanskata-ndrangeta/ Sun, 23 Jan 2022 12:03:57 +0000 https://republika.mk/?p=448330

Откако српските власти објави дека водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер подготвувал атентат врз претседателот Александар Вучиќ, македонското МВР побрза да објави дека пасошите на овие криминалци се поништени. МВР не демантира дека им издале пасоши туку дека патните исправи веќе се поништени и тие не можат веќе да ги користат за патување.

„Република“ направи пресек кој се од светските и балканските криминалци станаа „Македонци“

Најголемо внимание предизвика Седат Пекер од Турција. Тој самиот објави дека се се сретнал со Заев во неговиот дом и оти македонската лична карта ја добил откако се сликал во полициската станица во Драчево. Тој го доби името Џадин Адемовски.

Пекер во Македонија воопшто не се криеше и се шеташе на Матка, низ Кејот а се фотографираше со членови и активисти на СДСМ а за него беа и обезбедени и автомобили со флешери за побрзо да се пробива низ гужвата.

Во Црна Гора владеат два клана Кавачки и Шкаљарски.Заев и МВР не ги делеле и на двајцата нивни водачи им доделиле македонски пасош.

Јовица Вукотиќ од Шкаљарците самиот во судот во Белград призна дека има македонски пасош на име Георги Андонов и за него платил помеѓу 15 и 25.000 евра. Со него беше и уапсен во Анкара Турција.

При апсењето тој тврдеше дека пасошот е најрегуларен и тоа е точно.Тоа се нормални пасоши на луѓе кои навистина постојат но никогаш не аплицирале за пасош и на кои само е вметната фотографија од криминалците.

Како егзекутор на Кавачкиот клан е познат Стефан Ѓукиќ кој исто така доби македонски пасош и стана Каче Герги.

Македонски патни исправи добиле и Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ од Шкаљарскиот клан кои во 2020 година беа изрешетани во ресторан во Атина.Тие во 2018 година станаа Горан Тасевски и Емил Филипов но нашите патни исправи не ги спасија од одмаздата на Кавачкиот клан.

Македонец по заслуга на Заев и Спасовски стана и водачот на италијанската мафија НдрангетаВалид Иса Хмаис кој важи за главниот перач на пари од трговијата со кокаин на италијанската нарко мафија на 09.01.2019 година во Скопје во регуларна постапка се сликал во управните служби на МВР, а потоа и го подигнал македонскиот пасош со украден идентитет на Македонец од Корча, Вурмо Таќо роден 1965-тата година.

И како за финале пред неколку месеци беше откриено и дека Луис Волина, косовски нарко бос беше фатен во Шпанија со македонски пасош и осуден на пет години затвор.

The post Не е само Звицер: Maкедонски пасоши добија и Седат Пекер, водачот на „Шкаљарците“ Вукотиќ и на италијанската „Ндрангета“ appeared first on Република.

]]>

Откако српските власти објави дека водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер подготвувал атентат врз претседателот Александар Вучиќ, македонското МВР побрза да објави дека пасошите на овие криминалци се поништени. МВР не демантира дека им издале пасоши туку дека патните исправи веќе се поништени и тие не можат веќе да ги користат за патување. „Република“ направи пресек кој се од светските и балканските криминалци станаа „Македонци“ Најголемо внимание предизвика Седат Пекер од Турција. Тој самиот објави дека се се сретнал со Заев во неговиот дом и оти македонската лична карта ја добил откако се сликал во полициската станица во Драчево. Тој го доби името Џадин Адемовски. Пекер во Македонија воопшто не се криеше и се шеташе на Матка, низ Кејот а се фотографираше со членови и активисти на СДСМ а за него беа и обезбедени и автомобили со флешери за побрзо да се пробива низ гужвата. Во Црна Гора владеат два клана Кавачки и Шкаљарски.Заев и МВР не ги делеле и на двајцата нивни водачи им доделиле македонски пасош. Јовица Вукотиќ од Шкаљарците самиот во судот во Белград призна дека има македонски пасош на име Георги Андонов и за него платил помеѓу 15 и 25.000 евра. Со него беше и уапсен во Анкара Турција. При апсењето тој тврдеше дека пасошот е најрегуларен и тоа е точно.Тоа се нормални пасоши на луѓе кои навистина постојат но никогаш не аплицирале за пасош и на кои само е вметната фотографија од криминалците.   Како егзекутор на Кавачкиот клан е познат Стефан Ѓукиќ кој исто така доби македонски пасош и стана Каче Герги. Македонски патни исправи добиле и Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ од Шкаљарскиот клан кои во 2020 година беа изрешетани во ресторан во Атина.Тие во 2018 година станаа Горан Тасевски и Емил Филипов но нашите патни исправи не ги спасија од одмаздата на Кавачкиот клан. Македонец по заслуга на Заев и Спасовски стана и водачот на италијанската мафија НдрангетаВалид Иса Хмаис кој важи за главниот перач на пари од трговијата со кокаин на италијанската нарко мафија на 09.01.2019 година во Скопје во регуларна постапка се сликал во управните служби на МВР, а потоа и го подигнал македонскиот пасош со украден идентитет на Македонец од Корча, Вурмо Таќо роден 1965-тата година. И како за финале пред неколку месеци беше откриено и дека Луис Волина, косовски нарко бос беше фатен во Шпанија со македонски пасош и осуден на пет години затвор.

The post Не е само Звицер: Maкедонски пасоши добија и Седат Пекер, водачот на „Шкаљарците“ Вукотиќ и на италијанската „Ндрангета“ appeared first on Република.

]]>