македонски носии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-nosii/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 15:49:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски носии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-nosii/ 32 32 Во Пустец промоција на македонски национални носии од Преспа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-pustets-promotsija-na-makedonski-natsionalni-nosii-od-prespa/ Fri, 13 Sep 2024 15:49:52 +0000 https://republika.mk/?p=816128

Македонското друштво „Сонце“ продолжува со промоција на проектот „Создавање традиционални носии на македонското национално малцинство од областа Преспа“, реализиран со поддршка од Комитетот за национални малцинства при албанската влада. Претседателот на друштвото Васил Стерјовски и претставничката на Македонците во комитетот Марјана Костофски денеска беа во Гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец, каде учениците и професорите на училиштето ги запознаа со носиите, како и со двојазичната брошура на албански и македонски јазик за народните носии на Преспа.

-И јас потекнувам од нашата убава Преспа, која освен со природните убавини и богатства, културно - исторски споменици, позната е по богато изработени народни носии. Народната носија е еден од најважните елементи на нашиот културен идентитет и во себе ја носи историјата на цели генерации. Преку овој проект, целта е не само да ги зачуваме овие традиции, туку и да ги пренесеме на идните генерации, правејќи ги горди на своето македонско потекло и култура, рече меѓу другото Костофски.

Стерјовски, кој е автор на двојазичната брошура, на македонски и албански јазик, за македонските народни носии од Преспа, меѓу другото рече дека со „гордост го претставуваат ова достигнување за нашиот, македонски идентитет“.

-Народните носии од Преспа се значаен дел од секојдневниот и празничниот живот на Македонците, од свадби и крштевки до големи верски и национални празници. Секој вез, секој мотив, секој детал од овие носии носи приказна, ја раскажува историјата на нашите предци и ја чува меморијата на генерации кои го живееле и го зачувале ова богато културно наследство за иднината. Со дистрибуција на брошурата за македонските народни носии од Преспа, со опис и фотографии, наша цел да ја едуцираме и информираме јавноста за историјата и културното значење на традиционалната македонска носија во областа Преспа, но и да служи како вредна ресурсна информација за учениците, истражувачите и заинтересираните за македонската култура, истакна Стерјовски.

На настанот присуствуваа и се обратија и градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, отец Алексо Темелко, од парохијата во Пустец, како и Ефтим Митревски, уредник на весникот „Преспа“ кои искажаа благодарност, како што рекоа, за оваа активност чија цел е зачувување на еден важен сегмент од македонското културно наследство, истакнувајќи ја убавината на народната носија што ја придружува македонската заедница од генерација на генерација.

Промоција на македонските народни носии од Преспа, беше одржана во Корча, на 7 септември, во рамки на активностите за одбележување на 8 септември - Денот на независноста.

The post Во Пустец промоција на македонски национални носии од Преспа appeared first on Република.

]]>

Македонското друштво „Сонце“ продолжува со промоција на проектот „Создавање традиционални носии на македонското национално малцинство од областа Преспа“, реализиран со поддршка од Комитетот за национални малцинства при албанската влада. Претседателот на друштвото Васил Стерјовски и претставничката на Македонците во комитетот Марјана Костофски денеска беа во Гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец, каде учениците и професорите на училиштето ги запознаа со носиите, како и со двојазичната брошура на албански и македонски јазик за народните носии на Преспа. -И јас потекнувам од нашата убава Преспа, која освен со природните убавини и богатства, културно - исторски споменици, позната е по богато изработени народни носии. Народната носија е еден од најважните елементи на нашиот културен идентитет и во себе ја носи историјата на цели генерации. Преку овој проект, целта е не само да ги зачуваме овие традиции, туку и да ги пренесеме на идните генерации, правејќи ги горди на своето македонско потекло и култура, рече меѓу другото Костофски. Стерјовски, кој е автор на двојазичната брошура, на македонски и албански јазик, за македонските народни носии од Преспа, меѓу другото рече дека со „гордост го претставуваат ова достигнување за нашиот, македонски идентитет“. -Народните носии од Преспа се значаен дел од секојдневниот и празничниот живот на Македонците, од свадби и крштевки до големи верски и национални празници. Секој вез, секој мотив, секој детал од овие носии носи приказна, ја раскажува историјата на нашите предци и ја чува меморијата на генерации кои го живееле и го зачувале ова богато културно наследство за иднината. Со дистрибуција на брошурата за македонските народни носии од Преспа, со опис и фотографии, наша цел да ја едуцираме и информираме јавноста за историјата и културното значење на традиционалната македонска носија во областа Преспа, но и да служи како вредна ресурсна информација за учениците, истражувачите и заинтересираните за македонската култура, истакна Стерјовски. На настанот присуствуваа и се обратија и градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, отец Алексо Темелко, од парохијата во Пустец, како и Ефтим Митревски, уредник на весникот „Преспа“ кои искажаа благодарност, како што рекоа, за оваа активност чија цел е зачувување на еден важен сегмент од македонското културно наследство, истакнувајќи ја убавината на народната носија што ја придружува македонската заедница од генерација на генерација. Промоција на македонските народни носии од Преспа, беше одржана во Корча, на 7 септември, во рамки на активностите за одбележување на 8 септември - Денот на независноста.

The post Во Пустец промоција на македонски национални носии од Преспа appeared first on Република.

]]>