македонски народ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-narod/ За подобро да се разбереме Sun, 21 May 2023 15:38:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски народ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-narod/ 32 32 Николоски: Никогаш нема да прифатиме дека македонскиот народ е ист како бугарскиот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-nikogash-nema-da-prifatime-deka-makedonskiot-narod-e-ist-kako-bugarskiot/ Sun, 21 May 2023 15:38:48 +0000 https://republika.mk/?p=643296

„Не можам да се согласам дека Македонија има само еден избор, а тоа е да прифати дека македонскиот народ е ист како бугарскиот народ, дека корењата ни се бугарски, дека има бугарска историја, дека зборува дијалект на бугарски јазик. Тие работи нема никогаш да ги прифатиме по ниедна цена“, порача потпрестедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Детектор“.

Македонскиот народ 30 години е притискан да попушта нешто, нагласи Николоски.

Тој рече дека доколку ЕУ смета дека Македонија заслужува да оди напред тогаш може да се најдат други форми како да се започнат преговорите со ЕУ. Во спротивно барањата на Бугарија само ќе растат.

Во една средба со премиерот Пленковиќ ми рече вие сте нација која што најмногу има истрпено и најмногу има дадено во овие 30 години, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски во текот на емисијата се осврна и на уставните измени при што порача дека ако власта е толку сигурна дека има мнозинство за уставни измени, нека го стават во Собрание на Дневен ред.

Ние во 2020-та година, на тие избори не ветивме уставни измени на граѓаните. Ниту пак ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, ниту ДУИ, ниту Алијанса, ниту никој. А, сега кога ќе има избори нека излезат и нека ветат уставни измени, па да видиме дали ќе ги гласаат граѓаните“, рече Николоски.

Николоски додаде да не се дозволи да се случи како што се случи со Охридскиот Рамковен договор, кога политички партии во 1998 година не ветија таков договор,а го потпишаа во 2001 година.

The post Николоски: Никогаш нема да прифатиме дека македонскиот народ е ист како бугарскиот appeared first on Република.

]]>

Николоски: Македонскиот народ 30 години попушта, веќе нема попуштања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-makedonskiot-narod-30-godini-popushta-veke-nema-popushtana/ Sun, 21 May 2023 14:51:21 +0000 https://republika.mk/?p=643280

Во 2020 година, на тие избори не ветивме уставни измени на граѓаните. Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, ниту ДУИ, ниту Алијанса, ниту никој, а сега кога ќе има избори нека излезат и нека ветат уставни измени, па да видиме дали ќе ги гласаат граѓаните, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување во „Детектор“ на Сител телевизија.

Николоски додаде да не се дозволи да се случи како што се случи со Охридскиот Рамковен договор, кога политички партии во 1998 година не ветија таков договор,а го потпишаа во 2001 година.

Македонскиот народ 30 години е притискан да попушта нешто, нагласи Николоски.

Николоски укажа дека ако власта е толку сигурна дека има мнозинство за уставни измени, нека го стават во Собрание на Дневен ред.

Ние сметаме дека договорот е лош, ние мислиме дека директно удира во темелите на македонската држава и затоа не прифаќаме, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не можам да се согласам дека Македонија има само еден избор, а тоа е да прифати дека македонскиот народ е ист како бугарскиот народ, дека корењата ни се бугарски, дека има бугарска историја, дека зборува дијалект на бугарски јазик. Тие работи нема никогаш да ги прифатиме по ниедна цена“, порача Николоски.

Рече дека доколку ЕУ смета дека Македонија заслужува да оди напред тогаш може да се најдат други форми како да се започнат преговорите со ЕУ. Во спротивно барањата на Бугарија само ќе растат.

Во една средба со премиерот Пленковиќ ми рече вие сте нација која што најмногу има истрпено и најмногу има дадено во овие 30 години, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Николоски: Македонскиот народ 30 години попушта, веќе нема попуштања appeared first on Република.

]]>

Во 2020 година, на тие избори не ветивме уставни измени на граѓаните. Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, ниту ДУИ, ниту Алијанса, ниту никој, а сега кога ќе има избори нека излезат и нека ветат уставни измени, па да видиме дали ќе ги гласаат граѓаните, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување во „Детектор“ на Сител телевизија. Николоски додаде да не се дозволи да се случи како што се случи со Охридскиот Рамковен договор, кога политички партии во 1998 година не ветија таков договор,а го потпишаа во 2001 година.
Македонскиот народ 30 години е притискан да попушта нешто, нагласи Николоски.
Николоски укажа дека ако власта е толку сигурна дека има мнозинство за уставни измени, нека го стават во Собрание на Дневен ред.
Ние сметаме дека договорот е лош, ние мислиме дека директно удира во темелите на македонската држава и затоа не прифаќаме, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Не можам да се согласам дека Македонија има само еден избор, а тоа е да прифати дека македонскиот народ е ист како бугарскиот народ, дека корењата ни се бугарски, дека има бугарска историја, дека зборува дијалект на бугарски јазик. Тие работи нема никогаш да ги прифатиме по ниедна цена“, порача Николоски. Рече дека доколку ЕУ смета дека Македонија заслужува да оди напред тогаш може да се најдат други форми како да се започнат преговорите со ЕУ. Во спротивно барањата на Бугарија само ќе растат.
Во една средба со премиерот Пленковиќ ми рече вие сте нација која што најмногу има истрпено и најмногу има дадено во овие 30 години, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Николоски: Македонскиот народ 30 години попушта, веќе нема попуштања appeared first on Република.

]]>
Османи нема да дозволи бугарско негирање на македонскиот народ среде Скопје, а дали ќе може во Охрид, Битола, Прилеп…?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-nema-da-dozvoli-bugarsko-negirane-na-makedonskiot-narod-srede-skopje-a-dali-ke-mozhe-vo-ohrid-bitola-prilep/ Mon, 23 Jan 2023 08:25:37 +0000 https://republika.mk/?p=599772

Ќе беше подобро министерот за надворешни работи, Бујар Османи, да не оди во Софија. Или кога веќе одлучил да оди да го посети натепаниот охриѓанец Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис III, барем да не излегуваше пред бугарските медиуми.

Вака излезе на виделина целото негово незнаење и логика, што се сведува на чиста антилогика! И што е можеби најважно, во пресрет на 4 февруари, денот на раѓањето на македонската револуционерна икона Гоце Делчев, анализира новинарот Предраг Димитровски за „Пресинг ТВ“.

-Значи, денеска фокусот на ова доаѓање е ова насилство врз Христијан, што мора да го осудиме и мора да создадеме атмосфера на нула толеранција, но исто така и провокација на доѓање на политичари кои доаѓаат во Република Македонија и го негираат и навредуваат македонскиот народ среде Скопје. И тој вициозен циклус во кој што сме влезени мора да го прекинеме и затоа е тоа укажување дека тоа ќе биде последно доаѓање во Република Македонија. Мора овој циклус на провокции и насилства да престане денеска, а ние како држава ќе направиме се да има нула толеранција кон провокциите и навредите кон бугарската заедница, кон македонскиот народ и кон било кој граѓанин на Македонија, изјави меѓу другото Бујар Османи.

Очигледно според логиката на Османи за бугарските политичари нема да биде дозволено негирање и навредување на македонскиот народ во Скопје!? А, дали тоа значи, според неговата антилогика, дека бугарските политичари ќе можат да го негираат и навредуваат македонскиот народ во Охрид, Битола, Прилеп…или во било кој друг град во Македонија?!-анализира „Пресинг ТВ“

Како тоа одеднаш на Бујар Османи му дојде на ум ваквите бугарски политичари во иднина да бидат непожелни за влез и престој во Македонија, кога само пред не повеќе од десетина дена, по престојот на Ангел Џамбаски од ВМРО-БНД и на Костадин Костадинов од Преродба, и он самиот и премиерот Димитар Ковачевски ја маргинализираа нивната политичка улога и не реагираа на негирањето и навредувањето на македонскиот народ среде Скопје?

Зарем требаше да дојде до ваков сериозен инцидент за да се соочат со сосема погрешниот политички приод во односот кон бугарските негатори на македонскиот народ, што со други зборови значи дека прво дозволуваат да избувне пожар, па потоа го гаснат?! Нивната ненавремена реакција, сакале да признаат или не, се пренесува меѓу обичниот народ, а меѓу него има секакви граѓани, па и такви со краток фитил.

Истото важи и за претстојното чествување на годишнината од раѓањето на македонската револуционерна икона Гоце Делчев на 4 февруари во Скопје. На социјалните мрежи и по медиумите веќе се највија тензии со висок ризик. Па, така на пример, првиот човек на фондацијата Макеедонија, Виктор Стојанов, изјави дека на сите Македонци, кои ќе ги кренат рацете ќе им ги скрши!!!

Дали на Стојанов, на пример, треба да му се дозволи да дојде во Скопје и на Македонците да им ги скрши рацете, па дури потоа да биде прогласен за персона нон грата, иако тој не спаѓа во редот на бугарските политичари?!

Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, го внесе Османи во целосно непознати води за него.

-Момчето настрада заради своите идеи. Еден маж со кауза која што ја застапува. Ситуацијата не треба да продолжи на овој начин. Треба да се стави крај на атмосферата на неказнивост која што раѓа и ново насилство. Тука сум да кажам ‘не’ на враќањето на тие црни традиции кои што се врзуваат историски за Македонија, на палење, на стрелање, на насилство врз луѓе. За такво нешто нема место во Европа, изјави тој, додека Османи стоеше и молчеше до него.

А, што може да каже или барем да праша нашиот министер?

Да, македонската мартирологија е со богато минато,благодарение на царскиот двор. Но, Милков требаше и мораше да биде попрецизен. Особено околу тоа за кој период ги врзува тие црни традиции, кои што се врзуваат историски за Македонија, на палење, на стрелање, на насилство врз луѓе. На периодот од формирањето на Македонската револуционерна организација, на пред или постилинденскиот период, на формирањето на ВМОРО, на поделбите во неа, на Првата или на Втората балканска војна, на Првата светска војна, на бртоубиствената војна на чело со Иван Ванчо Михајлов или на периодот за време или по завршувањето на Втората светска војна!

За Османи е можеби непознато или неважно, што се случувало со Македонците во минатото. Но, судејќи според неговиот потпис од вториот протокол на меѓувладината комисија, мислел дека Милков говорел за Македонија по Втората светска војна. Зашто, само тотален аналфабет може да се согласи и да тврди дека поранешните комунистички тајни служби вршеле неправди и репресии врз граѓаните врз основа на нивното етно-политичко самоопределување, вклучително и врз македонските Бугари.

Милков е типичен претставник на бугарската дволична политика. Тоа најдобро се виде од соопштението на бугарското МНР, по настаните, што се случија на чествувањето на годишнината од убиството на Мара Бунева во Скопје. Тогаш неговото министерство од една страна соопшти дека „јавните изјави со кои се навредува или провоцира Македонија се апсолутно неприфатливи и контрапродуктивни и тие не го претставуваат официјалниот став на бугрската држава и не можат да се толкуваат како такви“. Тука е очигледна дистинкцијата меѓу Македонија и Македонците, кои дури не се ни споменуваат!

Од друга страна, пак, во истото соопштение министерството на Милков се повика на „заедничката историја“, па дури и чествувањето на убиството на Мара Бунева го стави во тој контекст, како можност за „поврзување на двете земји“! Не на двата народа, бугарскиот и македонскиот, туку на двете држави!

Трето, на политичките учесници на панихидата од Бугарија, иако не се споменуваа со име и презиме, сепак им даде тежина на „бугарски политичари и јавни личности, кои се залагаат за заштита на правата на Бугарите во Македонија“. На сметка на тоа, пак, како „опасни“ ги оцени маргиналните партии во Македонија, кои, наводно, биле против ваквите бугарски политичари и нивните „проекти за зближување на луѓето меѓу двете земји“.

Индикативно е што соопштението заврши со тврдењето дека „добрососедските односи со нашите пријатели во Скопје ќе се градат со дијалог, а не со забрани“. Од ова произлегува дека Милков во Македонија има и „непријатели“, ама по последниот настап на Османи во Софија паѓа во вода добрососедството без забрани. Освен ако нашиот министер за надворешни работи уште еднаш не манифестирал сериозни проблеми со вистината.

За крај само уште едно прашање-до каде стигна отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград, што требаше да биде сторено до крајот на штотуку завршената 2022 година, а го ветија и Османи и премиерот Ковачевски?-прашува „Пресинг ТВ“.

The post Османи нема да дозволи бугарско негирање на македонскиот народ среде Скопје, а дали ќе може во Охрид, Битола, Прилеп…?! appeared first on Република.

]]>

Ќе беше подобро министерот за надворешни работи, Бујар Османи, да не оди во Софија. Или кога веќе одлучил да оди да го посети натепаниот охриѓанец Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис III, барем да не излегуваше пред бугарските медиуми. Вака излезе на виделина целото негово незнаење и логика, што се сведува на чиста антилогика! И што е можеби најважно, во пресрет на 4 февруари, денот на раѓањето на македонската револуционерна икона Гоце Делчев, анализира новинарот Предраг Димитровски за „Пресинг ТВ“.
-Значи, денеска фокусот на ова доаѓање е ова насилство врз Христијан, што мора да го осудиме и мора да создадеме атмосфера на нула толеранција, но исто така и провокација на доѓање на политичари кои доаѓаат во Република Македонија и го негираат и навредуваат македонскиот народ среде Скопје. И тој вициозен циклус во кој што сме влезени мора да го прекинеме и затоа е тоа укажување дека тоа ќе биде последно доаѓање во Република Македонија. Мора овој циклус на провокции и насилства да престане денеска, а ние како држава ќе направиме се да има нула толеранција кон провокциите и навредите кон бугарската заедница, кон македонскиот народ и кон било кој граѓанин на Македонија, изјави меѓу другото Бујар Османи.
Очигледно според логиката на Османи за бугарските политичари нема да биде дозволено негирање и навредување на македонскиот народ во Скопје!? А, дали тоа значи, според неговата антилогика, дека бугарските политичари ќе можат да го негираат и навредуваат македонскиот народ во Охрид, Битола, Прилеп…или во било кој друг град во Македонија?!-анализира „Пресинг ТВ“ Како тоа одеднаш на Бујар Османи му дојде на ум ваквите бугарски политичари во иднина да бидат непожелни за влез и престој во Македонија, кога само пред не повеќе од десетина дена, по престојот на Ангел Џамбаски од ВМРО-БНД и на Костадин Костадинов од Преродба, и он самиот и премиерот Димитар Ковачевски ја маргинализираа нивната политичка улога и не реагираа на негирањето и навредувањето на македонскиот народ среде Скопје? Зарем требаше да дојде до ваков сериозен инцидент за да се соочат со сосема погрешниот политички приод во односот кон бугарските негатори на македонскиот народ, што со други зборови значи дека прво дозволуваат да избувне пожар, па потоа го гаснат?! Нивната ненавремена реакција, сакале да признаат или не, се пренесува меѓу обичниот народ, а меѓу него има секакви граѓани, па и такви со краток фитил. Истото важи и за претстојното чествување на годишнината од раѓањето на македонската револуционерна икона Гоце Делчев на 4 февруари во Скопје. На социјалните мрежи и по медиумите веќе се највија тензии со висок ризик. Па, така на пример, првиот човек на фондацијата Макеедонија, Виктор Стојанов, изјави дека на сите Македонци, кои ќе ги кренат рацете ќе им ги скрши!!!   Дали на Стојанов, на пример, треба да му се дозволи да дојде во Скопје и на Македонците да им ги скрши рацете, па дури потоа да биде прогласен за персона нон грата, иако тој не спаѓа во редот на бугарските политичари?! Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, го внесе Османи во целосно непознати води за него.
-Момчето настрада заради своите идеи. Еден маж со кауза која што ја застапува. Ситуацијата не треба да продолжи на овој начин. Треба да се стави крај на атмосферата на неказнивост која што раѓа и ново насилство. Тука сум да кажам ‘не’ на враќањето на тие црни традиции кои што се врзуваат историски за Македонија, на палење, на стрелање, на насилство врз луѓе. За такво нешто нема место во Европа, изјави тој, додека Османи стоеше и молчеше до него.
А, што може да каже или барем да праша нашиот министер? Да, македонската мартирологија е со богато минато,благодарение на царскиот двор. Но, Милков требаше и мораше да биде попрецизен. Особено околу тоа за кој период ги врзува тие црни традиции, кои што се врзуваат историски за Македонија, на палење, на стрелање, на насилство врз луѓе. На периодот од формирањето на Македонската револуционерна организација, на пред или постилинденскиот период, на формирањето на ВМОРО, на поделбите во неа, на Првата или на Втората балканска војна, на Првата светска војна, на бртоубиствената војна на чело со Иван Ванчо Михајлов или на периодот за време или по завршувањето на Втората светска војна! За Османи е можеби непознато или неважно, што се случувало со Македонците во минатото. Но, судејќи според неговиот потпис од вториот протокол на меѓувладината комисија, мислел дека Милков говорел за Македонија по Втората светска војна. Зашто, само тотален аналфабет може да се согласи и да тврди дека поранешните комунистички тајни служби вршеле неправди и репресии врз граѓаните врз основа на нивното етно-политичко самоопределување, вклучително и врз македонските Бугари. Милков е типичен претставник на бугарската дволична политика. Тоа најдобро се виде од соопштението на бугарското МНР, по настаните, што се случија на чествувањето на годишнината од убиството на Мара Бунева во Скопје. Тогаш неговото министерство од една страна соопшти дека „јавните изјави со кои се навредува или провоцира Македонија се апсолутно неприфатливи и контрапродуктивни и тие не го претставуваат официјалниот став на бугрската држава и не можат да се толкуваат како такви“. Тука е очигледна дистинкцијата меѓу Македонија и Македонците, кои дури не се ни споменуваат! Од друга страна, пак, во истото соопштение министерството на Милков се повика на „заедничката историја“, па дури и чествувањето на убиството на Мара Бунева го стави во тој контекст, како можност за „поврзување на двете земји“! Не на двата народа, бугарскиот и македонскиот, туку на двете држави! Трето, на политичките учесници на панихидата од Бугарија, иако не се споменуваа со име и презиме, сепак им даде тежина на „бугарски политичари и јавни личности, кои се залагаат за заштита на правата на Бугарите во Македонија“. На сметка на тоа, пак, како „опасни“ ги оцени маргиналните партии во Македонија, кои, наводно, биле против ваквите бугарски политичари и нивните „проекти за зближување на луѓето меѓу двете земји“. Индикативно е што соопштението заврши со тврдењето дека „добрососедските односи со нашите пријатели во Скопје ќе се градат со дијалог, а не со забрани“. Од ова произлегува дека Милков во Македонија има и „непријатели“, ама по последниот настап на Османи во Софија паѓа во вода добрососедството без забрани. Освен ако нашиот министер за надворешни работи уште еднаш не манифестирал сериозни проблеми со вистината.
За крај само уште едно прашање-до каде стигна отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград, што требаше да биде сторено до крајот на штотуку завршената 2022 година, а го ветија и Османи и премиерот Ковачевски?-прашува „Пресинг ТВ“.

The post Османи нема да дозволи бугарско негирање на македонскиот народ среде Скопје, а дали ќе може во Охрид, Битола, Прилеп…?! appeared first on Република.

]]>
Мизрахи: Ова што се случува е силување на македонскиот народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-ova-shto-se-sluchuva-e-siluvanje-na-makedonskiot-narod/ Fri, 07 Oct 2022 10:42:35 +0000 https://republika.mk/?p=558354

Барањето на  Бугарија да биде прогласена за земја праведник која ги заштитила Евреите од депортација беше одбиено од учесниците на на конференцијата со образложение дека монархофашистичкиот режим предводен од Цар Борис Трети и Владата на Богдан Филаф изврши депортација на 11 363 евреи од Македонија, Тракија и југоисточните делови од Србија, истакна на прес конференцијата Рашела Мизрахи претставник на Заедницата на Евреите во Македонија.

Притоа таа потсети дека, Македонија во Втората Светска војна загуби над 7 илјади Евреи кои биле депортирани од бугарската фашистичка војска во логорот Треблинка.

Во нивни спомен во Скопје е изграден меморијален центар. Официјалната документација која ја раскажува вистината за случувањата во ова време се наоѓа во самиот меморијален цента и во Израел кој се јавно достапни. Во последниве години на политичката сцена во Македонија и Бугарија за жал се повидливи стануваат актерите кои се залагаат за ревидирање на историјата, историските факти а останатото ревидира со искривување на вистината за холокаустот на евреите од Македонија. Ова во целот е контрадикторно со Резолуцијата на ООН за спречување на негирање на холокаустот од 22 јануари 2022. Само еден елемент на овој процес е отварање на културни центри со назив на контроверзни историски личности и фашисти како што е цар Борис трети кој имале директно учество на геноцидот на евреите од Македонија. Евреите од Македонија се дел од европското семејство и ваквите процеси за мене се еприфатливи и претставуваат повеќе од сериозна провокација, истакна Мизрахи.

Ова што се случува е силување на македонскиот народ, неговото антифашистичко минато преку наметнување навредности на Третиот Рајх, затскриени зад европските вредности, додаде Мизрахи.

The post Мизрахи: Ова што се случува е силување на македонскиот народ appeared first on Република.

]]>

Барањето на  Бугарија да биде прогласена за земја праведник која ги заштитила Евреите од депортација беше одбиено од учесниците на на конференцијата со образложение дека монархофашистичкиот режим предводен од Цар Борис Трети и Владата на Богдан Филаф изврши депортација на 11 363 евреи од Македонија, Тракија и југоисточните делови од Србија, истакна на прес конференцијата Рашела Мизрахи претставник на Заедницата на Евреите во Македонија. Притоа таа потсети дека, Македонија во Втората Светска војна загуби над 7 илјади Евреи кои биле депортирани од бугарската фашистичка војска во логорот Треблинка.