Македонски културен центар во Загреб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-kulturen-tsentar-vo-zagreb/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Jun 2023 06:40:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонски културен центар во Загреб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-kulturen-tsentar-vo-zagreb/ 32 32 Скопскиот дувачки квантет со концерт во Македонскиот културен центар во Загреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/skopskiot-duvachki-kvantet-so-kontsert-vo-makedonskiot-kulturen-tsentar-vo-zagreb/ Thu, 29 Jun 2023 06:40:25 +0000 https://republika.mk/?p=656263

Во Македонскиот културно информативен центар во Загреб, Хрватска, вечер ќе настапи Скопскиот дувачки квантет. На програмата ќе бидат дела од Хајдн, Фаркас, Бизе, Агостини, Г.Смокварски -Тешкото.

Скопскиот дувачки квинтет постои повеќе од четириесет години и претставува дел од една традиција на камерна дружба меѓу плејада македонски уметници од дувачката фела. Овој камерен состав во текот на своето постоење изведува дела од светската ризница како и дела од македонски автори, некои и специјално напишани за овој ансамбл.

Скопскиот дувачки квинтет гостува на манифестациите Охридско лето, Денови на македонска музика, Скопско лето како и во Словенија, Хрватска, Босна, Бугарија, Австрија, САД, Русија, Израел, Полска, Србија, Црна Гора и Косово.

Во 2019 година Скопскиот дувачки квинтет ја доби наградата „Златна лира” највисоко признание кое го доделува Сојузот на музички уметници на Македонија за животно дело и врвни уметнички резултати. Изминатите години Скопскиот дувачки квинтет реализира голем број радио и тв записи како и два компакт диска 2010 и 2014 година, со изведба на дела од светската ризница и македонски автори.

Сегашниот состав го сочинуваат познати македонски уметници - членови на Камерниот оркестар Скопски солисти, Македонската филхармонија и Македонската опера - Марија Јакимовска - флејта, Васил Атанасов - обоа, Ристо Ѓоревски - кларинет, Орце Ицковски - фагот и Александар Гошев - хорна.

 

The post Скопскиот дувачки квантет со концерт во Македонскиот културен центар во Загреб appeared first on Република.

]]>

Во Македонскиот културно информативен центар во Загреб, Хрватска, вечер ќе настапи Скопскиот дувачки квантет. На програмата ќе бидат дела од Хајдн, Фаркас, Бизе, Агостини, Г.Смокварски -Тешкото. Скопскиот дувачки квинтет постои повеќе од четириесет години и претставува дел од една традиција на камерна дружба меѓу плејада македонски уметници од дувачката фела. Овој камерен состав во текот на своето постоење изведува дела од светската ризница како и дела од македонски автори, некои и специјално напишани за овој ансамбл. Скопскиот дувачки квинтет гостува на манифестациите Охридско лето, Денови на македонска музика, Скопско лето како и во Словенија, Хрватска, Босна, Бугарија, Австрија, САД, Русија, Израел, Полска, Србија, Црна Гора и Косово. Во 2019 година Скопскиот дувачки квинтет ја доби наградата „Златна лира” највисоко признание кое го доделува Сојузот на музички уметници на Македонија за животно дело и врвни уметнички резултати. Изминатите години Скопскиот дувачки квинтет реализира голем број радио и тв записи како и два компакт диска 2010 и 2014 година, со изведба на дела од светската ризница и македонски автори. Сегашниот состав го сочинуваат познати македонски уметници - членови на Камерниот оркестар Скопски солисти, Македонската филхармонија и Македонската опера - Марија Јакимовска - флејта, Васил Атанасов - обоа, Ристо Ѓоревски - кларинет, Орце Ицковски - фагот и Александар Гошев - хорна.  

The post Скопскиот дувачки квантет со концерт во Македонскиот културен центар во Загреб appeared first on Република.

]]>