македонски компании Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-kompanii/ За подобро да се разбереме Sat, 18 Jun 2022 13:21:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски компании Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-kompanii/ 32 32 Еди Рама покани македонски компании на саем на автомобили во Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/edi-rama-pokani-makedonski-kompanii-na-saem-na-avtomobili-vo-tirana/ Sat, 18 Jun 2022 15:59:23 +0000 https://republika.mk/?p=516692

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, заедно со 13 македонски компании од автомобилскиот сектор учествуваат на регионалниот автомобилски саем во Тирана.

Во деновите на саемот компаниите имаат можност да се промовираат и преку низата договорени состаноци да изградат мостови за идна соработка и инвестиции. Во рамките на саемот изложени се и олд тајмери како и најновите и модерни технологии.

Саемот вчера официјално го отвори премиерот на Албанија Еди Рама од кого што и беше поддржан овој настан.

На свеченото отворање каде меѓу стопанствениците и посетителите  присутни беа и претседателот на косовската Бизнис Алијанса, Агим Шахини и министерката  за претприемништво Едона Билали од  Албанија, а свое обраќање имаше и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ Беким Емини .

Овој настан, кој за прв пат се организира во Албанија е во организација на државното Министерство  за заштита на претприемништвото во соработка со Генералниот директорат за услуги за патен транспорт и Министерството за инфраструктура и енергетика на Албанија.

The post Еди Рама покани македонски компании на саем на автомобили во Тирана appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, заедно со 13 македонски компании од автомобилскиот сектор учествуваат на регионалниот автомобилски саем во Тирана. Во деновите на саемот компаниите имаат можност да се промовираат и преку низата договорени состаноци да изградат мостови за идна соработка и инвестиции. Во рамките на саемот изложени се и олд тајмери како и најновите и модерни технологии. Саемот вчера официјално го отвори премиерот на Албанија Еди Рама од кого што и беше поддржан овој настан. На свеченото отворање каде меѓу стопанствениците и посетителите  присутни беа и претседателот на косовската Бизнис Алијанса, Агим Шахини и министерката  за претприемништво Едона Билали од  Албанија, а свое обраќање имаше и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ Беким Емини . Овој настан, кој за прв пат се организира во Албанија е во организација на државното Министерство  за заштита на претприемништвото во соработка со Генералниот директорат за услуги за патен транспорт и Министерството за инфраструктура и енергетика на Албанија.

The post Еди Рама покани македонски компании на саем на автомобили во Тирана appeared first on Република.

]]>