Македонски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-jazik/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 20:51:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-jazik/ 32 32 80 години од прогласување на македонскиот јазик за службен: Десет месеци по донесувањето во Собранието, Законот за употребата на македонскиот јазик не се применува https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/80-godini-od-proglasuvane-na-makedonskiot-jazik-za-sluzhben-deset-mesetsi-po-donesuvaneto-vo-sobranieto-zakonot-za-upotrebata-na-makedonskiot-jazik-ne-se-primenuva/ Tue, 26 Nov 2024 20:50:35 +0000 https://republika.mk/?p=842086

На денешен ден, пред 80 години македонскиот јазик е прогласен за службен јазик. По тој повод, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје денеска организираше свечен час.

Десет месеци по донесувањето во Собранието, Законот за употребата на македонскиот јазик не се применува.

Проф. д-р Искра Пановска-Димкова, рече дека доколку почне да се применува законот, кој треба да го замени стариот од 1998 година, ќе биде многу олеснето и вработувањето на кадарот што завршил македонски јазик, со оглед дека законот пропишува задолжително лекторирање на сите материјали, вработување лектори во сите државни институции, издавачки куќи, медиуми.

Професорите од Филолошкиот факултет на УКИМ, Димитар Пандев и Емилија Црвенковска, на свечениот час имаа излагања за придобивките од АСНОМ за македонскиот јазик.

Медиумите и новинарската фела треба да обрне посебно внимание при негувањето на македонскиот јазик бидејќи е во нивна секојдневна употреба.

Токму во ноември пред 80 години почнала со работа и првата јазична комисија со цел да дојде до конечната кодификација на македонскиот јазик“. Тоа се случило на 5 мај 1945 година, датум кој од 2019 година кај нас се одбележува како Ден на македонскиот јазик.

The post 80 години од прогласување на македонскиот јазик за службен: Десет месеци по донесувањето во Собранието, Законот за употребата на македонскиот јазик не се применува appeared first on Република.

]]>

На денешен ден, пред 80 години македонскиот јазик е прогласен за службен јазик. По тој повод, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје денеска организираше свечен час. Десет месеци по донесувањето во Собранието, Законот за употребата на македонскиот јазик не се применува. Проф. д-р Искра Пановска-Димкова, рече дека доколку почне да се применува законот, кој треба да го замени стариот од 1998 година, ќе биде многу олеснето и вработувањето на кадарот што завршил македонски јазик, со оглед дека законот пропишува задолжително лекторирање на сите материјали, вработување лектори во сите државни институции, издавачки куќи, медиуми. Професорите од Филолошкиот факултет на УКИМ, Димитар Пандев и Емилија Црвенковска, на свечениот час имаа излагања за придобивките од АСНОМ за македонскиот јазик. Медиумите и новинарската фела треба да обрне посебно внимание при негувањето на македонскиот јазик бидејќи е во нивна секојдневна употреба. Токму во ноември пред 80 години почнала со работа и првата јазична комисија со цел да дојде до конечната кодификација на македонскиот јазик“. Тоа се случило на 5 мај 1945 година, датум кој од 2019 година кај нас се одбележува како Ден на македонскиот јазик.

The post 80 години од прогласување на македонскиот јазик за службен: Десет месеци по донесувањето во Собранието, Законот за употребата на македонскиот јазик не се применува appeared first on Република.

]]>
80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/80-godini-od-proglasuvaneto-na-makedonskiot-jazik-za-sluzhben/ Tue, 26 Nov 2024 07:35:45 +0000 https://republika.mk/?p=841738

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје денеска организира свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен.

Како што соопшти Деканатот на Филолошкиот факултет, поздравна реч ќе имаат деканот на Факултетот, проф. д-р Владимир Мартиновски, и раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Искра Пановска-Димкова.

Пригодни излагања ќе имаат проф. д-р Димитар Пандев - „АСНОМ и македонскиот јазик“, и проф. д-р Емилија Црвенковска – „Значењето на АСНОМ за македонскиот јазик и за просветата“.

На настанот ќе биде отворена и изложба „АСНОМ – израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“, претставена од д-р Јасмина Дамјановска.

The post 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен appeared first on Република.

]]>

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје денеска организира свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен. Како што соопшти Деканатот на Филолошкиот факултет, поздравна реч ќе имаат деканот на Факултетот, проф. д-р Владимир Мартиновски, и раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Искра Пановска-Димкова. Пригодни излагања ќе имаат проф. д-р Димитар Пандев - „АСНОМ и македонскиот јазик“, и проф. д-р Емилија Црвенковска – „Значењето на АСНОМ за македонскиот јазик и за просветата“. На настанот ќе биде отворена и изложба „АСНОМ – израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“, претставена од д-р Јасмина Дамјановска.

The post 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен appeared first on Република.

]]>
Изборното ливче за изборите во Албанија ќе биде и на македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/izbornoto-livche-za-izborite-vo-albanija-ke-bide-i-na-makedonski-jazik/ Sun, 24 Nov 2024 12:00:22 +0000 https://republika.mk/?p=841257

Изборниот материјал за парламентарните избори во Албанија, што ќе се одржат на пролет следната година, ќе биде и на македонски јазик, како и на јазиците на останатите осум малцинства, признати со законот донесен во 2017 година.

Ова го соопштил претседателот на Централната изборна комисија, ЦИК, Илиријан Целибаши, на средба со претставниците на националните малцинства, поточно членовите на Комитетот за малцинства, каде претставник на македонското малцинство е Марјана Костофски.

- Во фокусот на средбата беше до сега сработеното во однос на информирањето на националните малцинства на нивниот јазик за изборниот процес, како и тоа што треба понатаму да се направи, со цел подобрување на информираноста и нивна едукација за претстојните избори. Го истакнав правото на секој да добива информации за изборите и пред сè преку сите средства за информирање, објави Целибаши.

Додава дека ја изразил целосната подготвеност на ЦИК да го направи она што е најдобро за прашањата за кои има интерес секое национално малцинство.

- На оваа средба со националните малцинства истакнав дека изборните материјали ќе бидат преведени на мајчин јазик, за 9-те национални малцинства кои се законски признати во Албанија, напиша Целибаши.

Парламентарните избори, 11-ти по ред, по падот на тоталитарниот режим ќе се одржат на пролет, за што датумот треба да го одреди шефот на државата, Бајрам Бегај, во средата ги почна средбите со политичките партии. Според изборниот законик треба да биде датум од последната недела на април или првата недела од мај месец

The post Изборното ливче за изборите во Албанија ќе биде и на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Изборниот материјал за парламентарните избори во Албанија, што ќе се одржат на пролет следната година, ќе биде и на македонски јазик, како и на јазиците на останатите осум малцинства, признати со законот донесен во 2017 година. Ова го соопштил претседателот на Централната изборна комисија, ЦИК, Илиријан Целибаши, на средба со претставниците на националните малцинства, поточно членовите на Комитетот за малцинства, каде претставник на македонското малцинство е Марјана Костофски.
- Во фокусот на средбата беше до сега сработеното во однос на информирањето на националните малцинства на нивниот јазик за изборниот процес, како и тоа што треба понатаму да се направи, со цел подобрување на информираноста и нивна едукација за претстојните избори. Го истакнав правото на секој да добива информации за изборите и пред сè преку сите средства за информирање, објави Целибаши.
Додава дека ја изразил целосната подготвеност на ЦИК да го направи она што е најдобро за прашањата за кои има интерес секое национално малцинство.
- На оваа средба со националните малцинства истакнав дека изборните материјали ќе бидат преведени на мајчин јазик, за 9-те национални малцинства кои се законски признати во Албанија, напиша Целибаши.
Парламентарните избори, 11-ти по ред, по падот на тоталитарниот режим ќе се одржат на пролет, за што датумот треба да го одреди шефот на државата, Бајрам Бегај, во средата ги почна средбите со политичките партии. Според изборниот законик треба да биде датум од последната недела на април или првата недела од мај месец

The post Изборното ливче за изборите во Албанија ќе биде и на македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Македонскиот јазик во наставната програма на постдипломските студии на Факултетот за странски јазици во Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskiot-jazik-vo-nastavnata-programa-na-postdiplomskite-studii-na-fakultetot-za-stranski-jazitsi-vo-tirana/ Thu, 07 Nov 2024 11:19:15 +0000 https://republika.mk/?p=835111

Предметот македонски јазик влегува во редовната наставна програма на постдипломските студии на Факултетот за странски јазици во Тирана.

Се работи за нова, современа, иновативна и интердисциплинарна насока на постдипломските студии „Интеркултурна тријазична комуникација во туризмот”. Во рамки на оваа насока, студентите избираат три од понудените јазици, кои се изучуваат паралелно со совладување на нивниот социо-културен контекст, објави весникот „Илинден".

Целта на наставната програма на овие постдипломски студии е создавање на висококвалификувани кадри кои со својот космополитски и полиглотски поглед на светот, ќе ги разбиваат јазичните бариери и ќе создаваат нови мостови меѓу културите преку туризмот.

Според објавата на факултетот, студиската програма за магистерски науки по „Меѓукултурен јазик и комуникација и тријазичен туризам“ (2 години, 120 кредити) доаѓа со иновација за академската 2024-2025 година.

Оваа целосно реструктуирана програма благодарение на соработката со бизнис и туристичката индустрија во земјава, странските партнерски универзитети и меѓународните експерти во оваа област е златна можност за сите студенти кои имаат страст за комуникација, странски јазици, култура, патување и туризам, наведува Факултетот.

Новата наставна програма е во согласност со највисоките стандарди на оваа струка и ќе биде изработена на три странски јазици. Модулите кои се нудат врз основа на компетенции и проектот им даваат повеќе простор на професионалните и технолошките вештини на студентот. За првпат стручната пракса ќе се протега во текот на три семестри со што студентот ќе има можност да биде поблиску до професијата и пазарот на трудот.

Иницијативата за повторно отворање Лекторат по македонски јазик во Тирана беше отпочната во декември минатата 2023 година, кога беше остварен работен состанок меѓу директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје, проф.д-р Весна Мојсова-Чепишевска и претседателот на Македонското друштво „Илинден” во Тирана, Никола Ѓурѓај. Тогаш беше и доставено барање до УКИМ за отворање на Лекторатот на Факултетот за странски јазици во Тирана, наведува весникот „Илинден". 

The post Македонскиот јазик во наставната програма на постдипломските студии на Факултетот за странски јазици во Тирана appeared first on Република.

„Македонскиот јазик е наш идентитет“ одекна во Хрватска – Рацин, Шопов и македонскиот правопис во фокусот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskiot-jazik-e-nash-identitet-odekna-vo-hrvatska-ratsin-shopov-i-makedonskiot-pravopis-vo-fokusot/ Mon, 28 Oct 2024 09:46:19 +0000 https://republika.mk/?p=831580

Го имаме Рацин, кој е всушност канон, значи дека постоиме како култура, како јазик, како нација! Почетокот на официјализирањето на македонскиот јазик на Првото заседание на АСНОМ и градењето на нацијата не се без корен, иако нашите соседи и од југот и од истокот, упорно се обидуваат да се убедат себеси, Европа и светот, дека македонската нација е накарадно „посадена“ во една новоформирана бившојугословенска република од страна на југословенскиот „диктатор“, Јосип Броз Тито. Првата книга на македонски јазик во слободна Македонија напишана од Ацо Шопов, не е само резултат на борбата, туку и самата, тогаш, сѐ уште е и борба – борба со збор, но и со културолошки и општествен чекор што го распламтува македонското постоење како факт, но и како конкретно остварен, легален и легитимен чин, наспроти претходното третирање на употребата на македонскиот јазик за илегалност. Со книгата објавена во 1944 година, Шопов и ја остварува литературнојазичната заложба на Крсте Мисирков на дело.

Ова се дел од пораките што беа упатени на манифестацијата „Македонскиот јазик е наш идентитет“ што се одржа во преполната сала на Градската библиотека во Самобор, со финансиска поддршка на Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска. Во централниот дел на манифестацијата одржаа Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Елка Јачева-Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Голем број Македонци, студенти и ученици што го изучуваат македонскиот јазик, книжевници, музичари и други важни чинители на хрватската општествена стварност, со оваа манифестација чествуваа неколку значани јубилеи: 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Рацин и тоа токму во Самобор, 80 години од одлуката на АСНОМ македонскиот јазик да е официјален во македонската држава и 80 години од објавувањето на првата поетска книга на македонски јазик во слободна Македонија – Шоповата „Песни“. Носител на проектот беше македонското културно друштво „Охридски бисер“ од Загреб, под координација на македонистката што живее и работи во Хрватска, Ивана Брезовец, којашто напоменува:

– Манифестацијата „Македонскиот јазик е нашиот идентитет“ за првпат се одржува оваа година. Нашиот јазик и книжевност имаат свои значајни личности и датуми кои заслужуваат достојно да бидат одбележани и надвор од границите на нашата земја. Мојата желба беше Самобор и Рацин да нѐ обединат и да бидат мостот кој нѐ поврзува. На исто место на македонски јазик да зборуваат најзначајните проучувачи кои посветено работат во промовирањето и проучување на делото на нашите основоположници, на нашите инспиративни поети, писатели, критичари, научни работници.

„Силно светнал ден“ беше насловено предавањето на истакнатиот рацинолог, Весна Мојсова-Чепишевска, во коешто за првпат, на таков начин се презентира толкав корпус зачувани сведоштва, архивирана документација и сеќавања за објавувањето на книгата „Бели мугри“ од Рацин, со осврнување и кон досегашните научни согледби. Во исто време, таа се осврна и на книжевната генеза на „Бели мугри“, но и воопшто на релациите на Рацин со Хрватска.

Ако се согледа во целост Рациновиот творечки опус, нè запрепастува фактот дека тој воглавно е објавен токму во Хрватска. Некои од тие трудови, како расказот „Во каменоломот“ кој победува на литературниот конкурс на загрепското списание „Литература“ во 1932., или песната „До еден работник“ како прва авторска песна објавена на македонски јазик во XX век, конкретно во април 1936 година, во загрепското списание „Книжевник“ и особено поетската збирка „Бели мугри“ и визионарскиот манифест за раѓањето на новата македонска книжевност под наслов „Развитокот и значењето на една нова наша книжевност“ повторно објавен во Загреб, во 1940 година, сите тие се од исклучителна важност за развојот на македонската книжевност и тоа од повеќе аспекти – литературно-историски, уметнички, јазички и теориски, нагласи Мојсова-Чепишевска.

Во дел од предавањето, таа и напомена:

Кочо Рацин е канон. Со неговата збирка „Бели мугри“ се удираат темелите на современата македонска поезија. Рацин со помош на креативната корекција која е манифестирана преку напуштањето на поетиката на експресионизмот и ослободувањето од српскохрватскиот, односно српскиот јазик се издигнува во канон. Потврда за Рацин како канон во македонската современа книжевност претставува и влијанието што тој ќе го изврши врз хрватскиот поет Јуре Каштелан кој во 1948 година, во Хрватска ја објавува книгата „Македонски народни песни“ што претставува прв повоен препев на македонската народна поезија на хрватски јазик и воопшто на некој друг јазик.

Лингвистиката Елка Јачева-Улчар одржа предавање под наслов „Претходниците и историјатот на македонскиот правопис – од одлуката за неговото донесување на 2.8.1944 до денес“ во коешто се осврна на повеќе важи прашања од историјата на македонскиот јазик и за актуелните состојби.

Покрај, пишувањето на македонски и за македонскиот јазик од нашите преродбеници и учебникари во 19 век, како Константин Миладинов, Ѓорѓија Пулевски, Димитар Македонски и др., македонскиот јазик, речиси, истовремено со излегувањето на Пулевската „Славјанско-маќедонска општа историја“ (1892) ја добива својата научна потврда за своето постоење. Станува збор за првата одбранета докторска дисертација за македонскиот јазик на тогашниот Дерптски универзитет (денес „Тарту“) во Естонија. Докторандот е еден балто-германскиот лингвист Леонард Готхилф Мазинг, кој исто како и Крсте Мисирков бил ученик и пријател на Иван Александрович Бодуен де Куртене, којшто бил и поддржувач на тезата за засебноста на македонскиот јазик: македонските говори кои ги истражувал во 1877 г. ги изделил како посебна словенска гранка, нагласи Јачева-Улчар.

Во однос на некои прашања од понов датум, таа го издвои и заговарањето од една група писатели, во раните 90-ти години, непосредно пред осамостојувањето на Македонија, за внесување на буква за бележење на темниот вокал со употреба на нацртот од старослвенската кирилица за т.н. јор или голем ер за бележење на полувокалот од заден ред.

До тогаш заговараната реформа, за среќа, не дојде. И тогаш како и денес сметам дека тоа што фатило корен во нашата писмена традиција не треба да се менува. Поинаку, може да се предизвика уште поголема неписменост при веќе постоен голем процент на неписменост, дотолку повеќе што внесување на нова графема во азбуката на еден јазик значи голема правописна реформа која не можат да си ја дозволат многу поголеми и побогати држави од нашата… …Конечно, во македонистиката имаме толку многу празнини кои чекаат на нас да ги пополниме, така што реформа во азбуката што ќе повлече и реформа во правописот е последната работа со која треба да се занимаваат македонските лингвисти.

За првата поетска книга во слободна Македонија, говореше Иван Антоновски, којшто важи за познавач на творештвото на Ацо Шопов, при што овојпат, поезијата на македонскиот класик беше ставена и во дијалог со творештвото, идеологијата и визијата на Рацин.

Некој можеби и ќе рече дека ако „Песни“ не се случела во таа, 1944., имајќи ги предвид натамошните творечки остварувања на Шопов, сигурно би била пообемна и поетички покомплексна. Но, очигледно, таа се случува тогаш и како резултат на свесноста дека е нужна, неопходна и за самиот развиток на македонскиот литературен јазик. За да биде и книжевен браник од тогашните и натамошните напади и нелингвистички негирања упатени кон него, за кои несомнено, Шопов бил повеќе од свесен, и затоа, неколку години подоцна, во 1950 година, Шопов отворено ќе порача: „Инфорбировците од Бугарија можат да го одречуваат македонскиот јазик колку што сакаат. Нивно е да се нервираат и псуат. А ние сигурно одиме по правиот пат во развитокот на нашиот литературен јазик“. Се чини, истово важи и денес, за наследниците на инфорбировците, по не малку минати децении од тој непрекинат развиток, кога Шоповата „Песни“ е една од неговите почетни точки – книга во која официјално се остварува нашиот народен јазик слободно, и пред да се случи процесот на кодификација, нагласи меѓу другото, Антоновски.

Инаку, на овој дел од манифестацијата, пред присутните, со поддршка за настанот се обратија и Маја А. Балабурски, ополномоштен министер во македонската амбасада во Хрватска, Миран Шиоќ, претседател на Градскиот совет на Самобор, директорката на Градската библиотека, Мирјана Димњаковиќ и претседателката на „Охридски бисер“, Виолета Штерјова.

Во проектот ги вклучивме и училиштата од Република Хрватска во коишто се изучуваат македонскиот јазик и култура. Воспоставивме соработка со Детските Рацинови средби во Велес, распишавме поетски конкурс за учениците во Хрватска со тема „Рацин во моите очи“. Ученичките Јана Димовски, Ева Русевски и Александра Мерпушкоски како наградени учесници ќе ги посетат градот Велес и родната куќа на Кочо Рацин, како и манифестацијата „Детски Рацинови средби“. Дел од проектот беше и јазичната работилница „Учиме македонски јазик“ која се одржа во Градската библиотека во Самобор, во детското одделение. Учесници беа ученици од четврто одделение во ОУ „Богомил Тонија“, напомена Ивана Брезовец.

Во рамките на централниот настан на манифестацијата, покрај предавањата на истакнатите истражувачи, со учество на најмладите се рецитираше и поезија, на македонски и во препев на хрватски јазик. Свои стихови читаа учениците Петар и Павел Богатинови, а стихови на Рацин и Шопов, средношколките Ева Матишиќ, Исидора Спиркоска и Александра Мерпушкоски. Програмата ја збогатија музичките ансамбли „Езерки“ и „Моми бисерни“, при што македонската народна песна одекна во Самобор.

Во текот на манифестацијата, со учесниците од Македонија беа одржани работни средби во македонската Амбасада и во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. Македонското културно друштво ,,Охридски бисер” подари триесет книги од издаваштвото на Заедницата на Македонците во Република Хрватска на Градската библиотека во Самобор.

Ова за нас е прва манифестација од ваков вид и се надевам дека ќе прерасне во традиција, а дека Самобор и Загреб ќе продолжат да будат едни од најзначајните центри на македонистиката, истакнува Брезовец.

The post „Македонскиот јазик е наш идентитет“ одекна во Хрватска – Рацин, Шопов и македонскиот правопис во фокусот appeared first on Република.

]]>

Го имаме Рацин, кој е всушност канон, значи дека постоиме како култура, како јазик, како нација! Почетокот на официјализирањето на македонскиот јазик на Првото заседание на АСНОМ и градењето на нацијата не се без корен, иако нашите соседи и од југот и од истокот, упорно се обидуваат да се убедат себеси, Европа и светот, дека македонската нација е накарадно „посадена“ во една новоформирана бившојугословенска република од страна на југословенскиот „диктатор“, Јосип Броз Тито. Првата книга на македонски јазик во слободна Македонија напишана од Ацо Шопов, не е само резултат на борбата, туку и самата, тогаш, сѐ уште е и борба – борба со збор, но и со културолошки и општествен чекор што го распламтува македонското постоење како факт, но и како конкретно остварен, легален и легитимен чин, наспроти претходното третирање на употребата на македонскиот јазик за илегалност. Со книгата објавена во 1944 година, Шопов и ја остварува литературнојазичната заложба на Крсте Мисирков на дело. Ова се дел од пораките што беа упатени на манифестацијата „Македонскиот јазик е наш идентитет“ што се одржа во преполната сала на Градската библиотека во Самобор, со финансиска поддршка на Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска. Во централниот дел на манифестацијата одржаа Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Елка Јачева-Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Голем број Македонци, студенти и ученици што го изучуваат македонскиот јазик, книжевници, музичари и други важни чинители на хрватската општествена стварност, со оваа манифестација чествуваа неколку значани јубилеи: 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Рацин и тоа токму во Самобор, 80 години од одлуката на АСНОМ македонскиот јазик да е официјален во македонската држава и 80 години од објавувањето на првата поетска книга на македонски јазик во слободна Македонија – Шоповата „Песни“. Носител на проектот беше македонското културно друштво „Охридски бисер“ од Загреб, под координација на македонистката што живее и работи во Хрватска, Ивана Брезовец, којашто напоменува: – Манифестацијата „Македонскиот јазик е нашиот идентитет“ за првпат се одржува оваа година. Нашиот јазик и книжевност имаат свои значајни личности и датуми кои заслужуваат достојно да бидат одбележани и надвор од границите на нашата земја. Мојата желба беше Самобор и Рацин да нѐ обединат и да бидат мостот кој нѐ поврзува. На исто место на македонски јазик да зборуваат најзначајните проучувачи кои посветено работат во промовирањето и проучување на делото на нашите основоположници, на нашите инспиративни поети, писатели, критичари, научни работници. „Силно светнал ден“ беше насловено предавањето на истакнатиот рацинолог, Весна Мојсова-Чепишевска, во коешто за првпат, на таков начин се презентира толкав корпус зачувани сведоштва, архивирана документација и сеќавања за објавувањето на книгата „Бели мугри“ од Рацин, со осврнување и кон досегашните научни согледби. Во исто време, таа се осврна и на книжевната генеза на „Бели мугри“, но и воопшто на релациите на Рацин со Хрватска.
Ако се согледа во целост Рациновиот творечки опус, нè запрепастува фактот дека тој воглавно е објавен токму во Хрватска. Некои од тие трудови, како расказот „Во каменоломот“ кој победува на литературниот конкурс на загрепското списание „Литература“ во 1932., или песната „До еден работник“ како прва авторска песна објавена на македонски јазик во XX век, конкретно во април 1936 година, во загрепското списание „Книжевник“ и особено поетската збирка „Бели мугри“ и визионарскиот манифест за раѓањето на новата македонска книжевност под наслов „Развитокот и значењето на една нова наша книжевност“ повторно објавен во Загреб, во 1940 година, сите тие се од исклучителна важност за развојот на македонската книжевност и тоа од повеќе аспекти – литературно-историски, уметнички, јазички и теориски, нагласи Мојсова-Чепишевска.
Во дел од предавањето, таа и напомена:
Кочо Рацин е канон. Со неговата збирка „Бели мугри“ се удираат темелите на современата македонска поезија. Рацин со помош на креативната корекција која е манифестирана преку напуштањето на поетиката на експресионизмот и ослободувањето од српскохрватскиот, односно српскиот јазик се издигнува во канон. Потврда за Рацин како канон во македонската современа книжевност претставува и влијанието што тој ќе го изврши врз хрватскиот поет Јуре Каштелан кој во 1948 година, во Хрватска ја објавува книгата „Македонски народни песни“ што претставува прв повоен препев на македонската народна поезија на хрватски јазик и воопшто на некој друг јазик.
Лингвистиката Елка Јачева-Улчар одржа предавање под наслов „Претходниците и историјатот на македонскиот правопис – од одлуката за неговото донесување на 2.8.1944 до денес“ во коешто се осврна на повеќе важи прашања од историјата на македонскиот јазик и за актуелните состојби. Покрај, пишувањето на македонски и за македонскиот јазик од нашите преродбеници и учебникари во 19 век, како Константин Миладинов, Ѓорѓија Пулевски, Димитар Македонски и др., македонскиот јазик, речиси, истовремено со излегувањето на Пулевската „Славјанско-маќедонска општа историја“ (1892) ја добива својата научна потврда за своето постоење. Станува збор за првата одбранета докторска дисертација за македонскиот јазик на тогашниот Дерптски универзитет (денес „Тарту“) во Естонија. Докторандот е еден балто-германскиот лингвист Леонард Готхилф Мазинг, кој исто како и Крсте Мисирков бил ученик и пријател на Иван Александрович Бодуен де Куртене, којшто бил и поддржувач на тезата за засебноста на македонскиот јазик: македонските говори кои ги истражувал во 1877 г. ги изделил како посебна словенска гранка, нагласи Јачева-Улчар. Во однос на некои прашања од понов датум, таа го издвои и заговарањето од една група писатели, во раните 90-ти години, непосредно пред осамостојувањето на Македонија, за внесување на буква за бележење на темниот вокал со употреба на нацртот од старослвенската кирилица за т.н. јор или голем ер за бележење на полувокалот од заден ред.
До тогаш заговараната реформа, за среќа, не дојде. И тогаш како и денес сметам дека тоа што фатило корен во нашата писмена традиција не треба да се менува. Поинаку, може да се предизвика уште поголема неписменост при веќе постоен голем процент на неписменост, дотолку повеќе што внесување на нова графема во азбуката на еден јазик значи голема правописна реформа која не можат да си ја дозволат многу поголеми и побогати држави од нашата… …Конечно, во македонистиката имаме толку многу празнини кои чекаат на нас да ги пополниме, така што реформа во азбуката што ќе повлече и реформа во правописот е последната работа со која треба да се занимаваат македонските лингвисти.
За првата поетска книга во слободна Македонија, говореше Иван Антоновски, којшто важи за познавач на творештвото на Ацо Шопов, при што овојпат, поезијата на македонскиот класик беше ставена и во дијалог со творештвото, идеологијата и визијата на Рацин.
Некој можеби и ќе рече дека ако „Песни“ не се случела во таа, 1944., имајќи ги предвид натамошните творечки остварувања на Шопов, сигурно би била пообемна и поетички покомплексна. Но, очигледно, таа се случува тогаш и како резултат на свесноста дека е нужна, неопходна и за самиот развиток на македонскиот литературен јазик. За да биде и книжевен браник од тогашните и натамошните напади и нелингвистички негирања упатени кон него, за кои несомнено, Шопов бил повеќе од свесен, и затоа, неколку години подоцна, во 1950 година, Шопов отворено ќе порача: „Инфорбировците од Бугарија можат да го одречуваат македонскиот јазик колку што сакаат. Нивно е да се нервираат и псуат. А ние сигурно одиме по правиот пат во развитокот на нашиот литературен јазик“. Се чини, истово важи и денес, за наследниците на инфорбировците, по не малку минати децении од тој непрекинат развиток, кога Шоповата „Песни“ е една од неговите почетни точки – книга во која официјално се остварува нашиот народен јазик слободно, и пред да се случи процесот на кодификација, нагласи меѓу другото, Антоновски.
Инаку, на овој дел од манифестацијата, пред присутните, со поддршка за настанот се обратија и Маја А. Балабурски, ополномоштен министер во македонската амбасада во Хрватска, Миран Шиоќ, претседател на Градскиот совет на Самобор, директорката на Градската библиотека, Мирјана Димњаковиќ и претседателката на „Охридски бисер“, Виолета Штерјова.
Во проектот ги вклучивме и училиштата од Република Хрватска во коишто се изучуваат македонскиот јазик и култура. Воспоставивме соработка со Детските Рацинови средби во Велес, распишавме поетски конкурс за учениците во Хрватска со тема „Рацин во моите очи“. Ученичките Јана Димовски, Ева Русевски и Александра Мерпушкоски како наградени учесници ќе ги посетат градот Велес и родната куќа на Кочо Рацин, како и манифестацијата „Детски Рацинови средби“. Дел од проектот беше и јазичната работилница „Учиме македонски јазик“ која се одржа во Градската библиотека во Самобор, во детското одделение. Учесници беа ученици од четврто одделение во ОУ „Богомил Тонија“, напомена Ивана Брезовец.
Во рамките на централниот настан на манифестацијата, покрај предавањата на истакнатите истражувачи, со учество на најмладите се рецитираше и поезија, на македонски и во препев на хрватски јазик. Свои стихови читаа учениците Петар и Павел Богатинови, а стихови на Рацин и Шопов, средношколките Ева Матишиќ, Исидора Спиркоска и Александра Мерпушкоски. Програмата ја збогатија музичките ансамбли „Езерки“ и „Моми бисерни“, при што македонската народна песна одекна во Самобор. Во текот на манифестацијата, со учесниците од Македонија беа одржани работни средби во македонската Амбасада и во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. Македонското културно друштво ,,Охридски бисер” подари триесет книги од издаваштвото на Заедницата на Македонците во Република Хрватска на Градската библиотека во Самобор.
Ова за нас е прва манифестација од ваков вид и се надевам дека ќе прерасне во традиција, а дека Самобор и Загреб ќе продолжат да будат едни од најзначајните центри на македонистиката, истакнува Брезовец.

The post „Македонскиот јазик е наш идентитет“ одекна во Хрватска – Рацин, Шопов и македонскиот правопис во фокусот appeared first on Република.

]]>
Во Србија во училиштата се зголемува бројот на македонски ученици кои го изучуваат македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-vo-uchilishtata-se-zgolemuva-brojot-na-makedonski-uchenitsi-koi-go-izuchuvaat-makedonskiot-jazik/ Sat, 19 Oct 2024 14:10:30 +0000 https://republika.mk/?p=828835

Од 2012 година кога во основното училиште „Гоце Делчев“ во Јабука се запишаа првите пет македонски ученици да го изучуваат изборниот предмет Македонски јазик со елементи на националната култура, до денес нивниот број е зголемен на над 300 запишани деца во 10 училишта во девет населени места ширум Србија. Со ова тие ја остваруваат законската можност што ја имаат во Србија, да го изучуваат македонскиот јазик, културата и историјата, јави дописникот на МИА од Белград.

Овие и други податоци денеска беа презентирани на состанокот во Белград организиран од Македонскиот национален совет, на темата „Образованието на македонски јазик во Србија“, на кој за прв пат беа собрани македонски наставници кои го предаваат изборниот предмет Македонски јазик со елементи на националната култура.

Многу е битно учениците да го изучуваат македонскио јазик, да ја изучуваат националната култура бидејќи така се чува идентитеот, традицијата и нитката со македонската држава, изјави претседателката на Македонскиот национален совет на македонското национално малцинство во Србија, Зорица Митровиќ.

Таа посочи и дека се соочуваат и со проблеми.

Ни фалат учебници што ги обезбедува Р.Србија и ни е потребна поголема институционална подршка од Македонија, и во вид на учебници, како и на наставни помогала и дополнителни средства за да можат наставниците поквалитетно да ја изведуваат наставата, изјави претседателката на Македонскиот национален совет, чија законска обврска е и образованието на Македонците во Србија.

Директорката на ОУ „Бора Станковиќ“ од Богоевац, општина Лесковац, Татјана Гавриловиќ изјави дека во нејзиното училише македонскиот јазик го учат 70 ученици во 9 групи, од прво до четврто одделение.

Децата во нашето училиште имаат желба и воља да го учат македонскиот јазик, им се допаѓа јазикот и културата. Од година на година расте нивниот интерес и се надеваме дека ќе го оджиме волку големиот број на деца и во иднина, изјави Гавриловиќ.

Изборниот предмет Македонски јазик со елементи на националната култура во Србија се учи во основните училишта во Јабука, Пландиште, Качарево, Богојевце, Гудурица, Хајдучица, во Нови Сад, Вршац и најмногу во Лесковац, каде 122 деца го учат овој предмет во две училишта.

Во тек се активности да отвориме група и во трето основно училиште, се надебваме дека овој број ќе расте и дека и нашите внуци ќе го изучуваат јазикот на нашите претци, изјави Маре Каранфиловиќ од Лесковац, претседателка на одборот за образование на Македонскиот национален совет во Србија.

На состанокот на македонските наставници, м-р Ивана Станковиќ од Лесковац ја посочи потребата од обнова на Катедрата за македонски јазик на Белградскиот универзитет, како место каде би се профирирал потребниот наставен кадар, кој е дефицитарен во цела Србија.

The post Во Србија во училиштата се зголемува бројот на македонски ученици кои го изучуваат македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Од 2012 година кога во основното училиште „Гоце Делчев“ во Јабука се запишаа првите пет македонски ученици да го изучуваат изборниот предмет Македонски јазик со елементи на националната култура, до денес нивниот број е зголемен на над 300 запишани деца во 10 училишта во девет населени места ширум Србија. Со ова тие ја остваруваат законската можност што ја имаат во Србија, да го изучуваат македонскиот јазик, културата и историјата, јави дописникот на МИА од Белград. Овие и други податоци денеска беа презентирани на состанокот во Белград организиран од Македонскиот национален совет, на темата „Образованието на македонски јазик во Србија“, на кој за прв пат беа собрани македонски наставници кои го предаваат изборниот предмет Македонски јазик со елементи на националната култура.
Многу е битно учениците да го изучуваат македонскио јазик, да ја изучуваат националната култура бидејќи така се чува идентитеот, традицијата и нитката со македонската држава, изјави претседателката на Македонскиот национален совет на македонското национално малцинство во Србија, Зорица Митровиќ.
Таа посочи и дека се соочуваат и со проблеми.
Ни фалат учебници што ги обезбедува Р.Србија и ни е потребна поголема институционална подршка од Македонија, и во вид на учебници, како и на наставни помогала и дополнителни средства за да можат наставниците поквалитетно да ја изведуваат наставата, изјави претседателката на Македонскиот национален совет, чија законска обврска е и образованието на Македонците во Србија.
Директорката на ОУ „Бора Станковиќ“ од Богоевац, општина Лесковац, Татјана Гавриловиќ изјави дека во нејзиното училише македонскиот јазик го учат 70 ученици во 9 групи, од прво до четврто одделение.
Децата во нашето училиште имаат желба и воља да го учат македонскиот јазик, им се допаѓа јазикот и културата. Од година на година расте нивниот интерес и се надеваме дека ќе го оджиме волку големиот број на деца и во иднина, изјави Гавриловиќ.
Изборниот предмет Македонски јазик со елементи на националната култура во Србија се учи во основните училишта во Јабука, Пландиште, Качарево, Богојевце, Гудурица, Хајдучица, во Нови Сад, Вршац и најмногу во Лесковац, каде 122 деца го учат овој предмет во две училишта.
Во тек се активности да отвориме група и во трето основно училиште, се надебваме дека овој број ќе расте и дека и нашите внуци ќе го изучуваат јазикот на нашите претци, изјави Маре Каранфиловиќ од Лесковац, претседателка на одборот за образование на Македонскиот национален совет во Србија.
На состанокот на македонските наставници, м-р Ивана Станковиќ од Лесковац ја посочи потребата од обнова на Катедрата за македонски јазик на Белградскиот универзитет, како место каде би се профирирал потребниот наставен кадар, кој е дефицитарен во цела Србија.

The post Во Србија во училиштата се зголемува бројот на македонски ученици кои го изучуваат македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>
Јаневска на Отворените денови на Институтот „Крсте Мисирков“: Со грижата за македонскиот јазик го штитиме македонскиот идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/janevska-na-otvorenite-denovi-na-institutot-krste-misirkov-so-grizhata-za-makedonskiot-jazik-go-shtitime-makedonskiot-identitet/ Mon, 14 Oct 2024 15:04:32 +0000 https://republika.mk/?p=826718

Македонскиот јазик е наше национално идентитетско обележје што системски ќе го негуваме, заштитуваме, унапредуваме и афирмираме. Министерството за образование и наука ќе финансира научни проекти и особено внимание ќе обрне на учењето на македонскиот јазик како заеднички јазик на разбирање во земјата. Многу доцниме, но врвен приоритет е да го подигнеме нивото на говорна и писмена јазична култура на македонски јазик.

Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, додавајќи дека учителите по македонски јазик на сите образовни нивоа знаат колку е тоа важно и максимално ќе се вложат во заедничката цел - поголема грижа за македонскиот јазик.

Рече дека образованието обезбедува јазикот да остане жив, да биде дел од нашето секојдневие, да го збогатува нашето културно ткиво и да го јакне нашиот национален идентитет, а науката истражувајќи го јазикот, ја документира неговата еволуција, развива ресурси за негово унапредување, ги ревитализира и ги промовира културните практики и традиции поврзани со него.

Ќе продолжиме со активните политики за стипендирање на студенти на програмите по македонски јазик и книжевност, работиме на проширување на можностите за финансирање на научната работа и отворени сме за соработка со сите релевантни чинители за унапредување на образовно-научните можности поврзани со македонскиот јазик“, укажа министерката за образование и наука.

Како дел од мерките на државно ниво насочени кон негување на македонскиот јазик, министерката Јаневска гo наведе јакнењето на преведувачките и толкувачките капацитети за македонски јазик и зголемувањето на бројот на лекторати по македонски јазик во странство.

Лекторатите по македонски јазик се мали културни центри во светските метрополи но огромни по своето значење за афирмацијата на државата, македонскиот народ и нашата вековна култура. Тие се убава можност за отворање на Македонија кон светот, со својата древна духовност и сета големина градена низ вековите“, рече Јаневска.

Институтот за македонски јазик го носи името на првиот кодификатор на македонскиот јазик - Крсте Мисирков и во осмата деценија од работењето е врвна научна институција која го проучува македонскиот јазик, работи на фундаментални проекти од сите јазични сфери и е етаблиран славистички центар.

The post Јаневска на Отворените денови на Институтот „Крсте Мисирков“: Со грижата за македонскиот јазик го штитиме македонскиот идентитет appeared first on Република.

]]>

Македонскиот јазик е наше национално идентитетско обележје што системски ќе го негуваме, заштитуваме, унапредуваме и афирмираме. Министерството за образование и наука ќе финансира научни проекти и особено внимание ќе обрне на учењето на македонскиот јазик како заеднички јазик на разбирање во земјата. Многу доцниме, но врвен приоритет е да го подигнеме нивото на говорна и писмена јазична култура на македонски јазик. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, додавајќи дека учителите по македонски јазик на сите образовни нивоа знаат колку е тоа важно и максимално ќе се вложат во заедничката цел - поголема грижа за македонскиот јазик. Рече дека образованието обезбедува јазикот да остане жив, да биде дел од нашето секојдневие, да го збогатува нашето културно ткиво и да го јакне нашиот национален идентитет, а науката истражувајќи го јазикот, ја документира неговата еволуција, развива ресурси за негово унапредување, ги ревитализира и ги промовира културните практики и традиции поврзани со него.
Ќе продолжиме со активните политики за стипендирање на студенти на програмите по македонски јазик и книжевност, работиме на проширување на можностите за финансирање на научната работа и отворени сме за соработка со сите релевантни чинители за унапредување на образовно-научните можности поврзани со македонскиот јазик“, укажа министерката за образование и наука.
Како дел од мерките на државно ниво насочени кон негување на македонскиот јазик, министерката Јаневска гo наведе јакнењето на преведувачките и толкувачките капацитети за македонски јазик и зголемувањето на бројот на лекторати по македонски јазик во странство.
Лекторатите по македонски јазик се мали културни центри во светските метрополи но огромни по своето значење за афирмацијата на државата, македонскиот народ и нашата вековна култура. Тие се убава можност за отворање на Македонија кон светот, со својата древна духовност и сета големина градена низ вековите“, рече Јаневска.
Институтот за македонски јазик го носи името на првиот кодификатор на македонскиот јазик - Крсте Мисирков и во осмата деценија од работењето е врвна научна институција која го проучува македонскиот јазик, работи на фундаментални проекти од сите јазични сфери и е етаблиран славистички центар.

The post Јаневска на Отворените денови на Институтот „Крсте Мисирков“: Со грижата за македонскиот јазик го штитиме македонскиот идентитет appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Владата ќе работи спортските канали во најбрзо време да се емитуваат на македонски јазик, формирана е Комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vladata-ke-raboti-sportskite-kanali-vo-najbrzo-vreme-da-se-emituvaat-na-makedonski-jazik-formirana-e-komisija/ Thu, 26 Sep 2024 12:50:12 +0000 https://republika.mk/?p=819897

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, дали се презема нешто во врска со споменувањето на можноста, конечно да се стави ред во употребата на македонскиот јазик особено со емитувањето на странски, односно спортските арена канали во државата, информираше дека Владата веќе има формирано Комисија којашто има задача да направи напор да се користи македонскиот јазик, албанскиот и останатите јазици во државата.

Колку човек повеќе знае јазици тоа е богатство. Јас тоа секогаш го зборувам и тука нема нешто коешто би било лошо. Но, добро е да си го заштитите вашиот мајчин јазик и добро е кога економиски оператори остваруваат некаков профит овде да знаат барем да го почитуваат македонскиот јазик, и во рамките на тоа формиравме Комисија на Владата на седницата на Владата, во вторникот.

Комисија којашто ќе има за задача да оние канали коишто преку кабелските оператори сѐ уште не го употребуваат македонскиот јазик да се направи еве, еден таков вид на напор, да видиме, да тоа унапредување почне и да може да се користи и македонскиот и албанскиот јазик исто како и сите останатите јазици коишто во моментов, сега се користат, изјави премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски: Владата ќе работи спортските канали во најбрзо време да се емитуваат на македонски јазик, формирана е Комисија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, дали се презема нешто во врска со споменувањето на можноста, конечно да се стави ред во употребата на македонскиот јазик особено со емитувањето на странски, односно спортските арена канали во државата, информираше дека Владата веќе има формирано Комисија којашто има задача да направи напор да се користи македонскиот јазик, албанскиот и останатите јазици во државата.
Колку човек повеќе знае јазици тоа е богатство. Јас тоа секогаш го зборувам и тука нема нешто коешто би било лошо. Но, добро е да си го заштитите вашиот мајчин јазик и добро е кога економиски оператори остваруваат некаков профит овде да знаат барем да го почитуваат македонскиот јазик, и во рамките на тоа формиравме Комисија на Владата на седницата на Владата, во вторникот. Комисија којашто ќе има за задача да оние канали коишто преку кабелските оператори сѐ уште не го употребуваат македонскиот јазик да се направи еве, еден таков вид на напор, да видиме, да тоа унапредување почне и да може да се користи и македонскиот и албанскиот јазик исто како и сите останатите јазици коишто во моментов, сега се користат, изјави премиерот Мицкоски.
 
The post Мицкоски: Владата ќе работи спортските канали во најбрзо време да се емитуваат на македонски јазик, формирана е Комисија appeared first on Република.

]]>
Македонско катче во Националната библиотека во Осло: Ротари клубoт „Камен Мост Скопје“, Данскиот и Норвешкиот конзулат во Скопје донираат 377 книги на македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonsko-katche-vo-natsionalnata-biblioteka-vo-oslo-rotari-klubot-kamen-most-skopje-danskiot-i-norveshkiot-konzulat-vo-skopje-doniraat-377-knigi-na-makedonski-jazik/ Thu, 06 Jun 2024 12:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=785252

На иницијатива на Ротари клубот „Камен мост-Скопје“, потпомогната од Данскиот и Норвешкиот конзулат во Скопје, ќе се донираат 377 книги на македонски јазик на Националната библиотека во Осло. Проф. Д-р Радмила Димовска, при нејзината посета на Националната библиотека во Осло, која е една од најпрестижните во Европа, констатирала дека не постои катче на македонски јазик:

„При вообичаена посета на библиотеката, утврдив дека на нејзините полици недостасуваат македонска литература и македонски автори. Оттаму произлезе интересна идеја за акција на Ротари клубот ‘Камен Мост’ во кој во моментот ја вршам должноста Претседател. Преку моите колеги во Норвешка, кои иницијално го направија контактот со библиотеката, наидовме на воодушевување за можноста да ја збогатат својата литературна ризница со книги на македонски јазик. Стапивме во контакт со Издавачкиот центар ‘ТРИ’ и ‘Македонската Асоцијација на издавачи’ и акцијата финишираше успешно, со примопредавање на книгите во Норвешкиот конзулат во Скопје“, истакна Проф. Д-р Димовска.

Од 2022 година, македонскиот јазик организирано се изучува во Осло. Во моментов има четириесетина интересенти кои активно посетуваат часови по македонски јазик еднаш неделно. Особен предизвик на изучувачите на македонскиот јазик во Норвешка било отсуството на јавно достапни книги на македонски јазик.

Претседателот на „Македонската Асоцијација на издавачи“ и главен уредник во Издавачкиот центар „ТРИ“, Бојан Саздов, изрази задоволство што се дел од реализацијата на оваа благородна иницијатива:

„Благодарам на Ротари клубот ‘Камен Мост Скопје’ и на Конзулатот на Норвешка во РСМ, за идејата македонскиот јазик и книжевност да најдат свое достојно место во норвешката Национална библиотека - најголема во државата, каде наскоро македонската книга за првпат ќе добие своја позиција меѓу сите светски книжевности. ‘Македонската Асоцијација на издавачи’ е благодарнa на своите членки, кои ја прифатија поканата да донираат дел од своите изданија за оваа цел – и помогнаа да собереме стотици книги, репрезентативни дела од нашата современа книжевна продукција, дела од македонски автори како и преводи на популарни дела од скандинавската литература“, истакна Саздов, изразувајќи надеж дека ваквите иницијативи ќе продолжат во иднина, со цел афирмација на македонската книжевност во светот и зголемување на достапноста до истата за сите Македонци што живеат надвор, но и на оние што сакаат за првпат да се запознаат со македонскиот јазик и култура.

Поддржувајќи ја иницијативата, Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, кој истовремено ја извршува функцијата на Генерален конзул на Кралството Данска и Конзул на Кралството Норвешка, а членува и во Ротари клубот „Камен Мост“ Скопје, презема обврска за испорака на пратката, која своевремено се поткрепува со донација на уште шеесеттина македонски наслови:

„Срдечно ја поздравувам иницијативата на д-р Радмила Димовска, која изминативе неколку месеци заедно со членовите на клубот посветено работеше на собирање на што повеќе наслови на македонски јазик и соодветно опремување на македонското катче во Националната библиотека во Осло. Особено ми е драго што се вклучивме со логистичка поддршка и дополнителна донација на преводи на македонски јазик од дански и норвешки автори и збирки поезија од Ана Бунтевска. Се надевам дека оваа акција нема да запре со една пратка. Повикувам и апелирам на нејзино продолжување, кое секако сме тука да го поддржиме“, изјави Мукаетов.

Националната библиотека во Осло е ценета норвешка културна институција, чија мисија е зачувување на минатото, во служба на иднината. Таа претставува литературен дом на автори од речиси цел свет, а на иницијална идеја на Македоци кои живеат во Норвешка, Проф. д-р Васка Вандевска Радуновиќ и Др Снежана Димитроска, ќе добие и македонско катче, кое ќе има суштинска улога во негувањето на македонскиот јазик.

Комерцијален текст

The post Македонско катче во Националната библиотека во Осло: Ротари клубoт „Камен Мост Скопје“, Данскиот и Норвешкиот конзулат во Скопје донираат 377 книги на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на Ротари клубот „Камен мост-Скопје“, потпомогната од Данскиот и Норвешкиот конзулат во Скопје, ќе се донираат 377 книги на македонски јазик на Националната библиотека во Осло. Проф. Д-р Радмила Димовска, при нејзината посета на Националната библиотека во Осло, која е една од најпрестижните во Европа, констатирала дека не постои катче на македонски јазик: „При вообичаена посета на библиотеката, утврдив дека на нејзините полици недостасуваат македонска литература и македонски автори. Оттаму произлезе интересна идеја за акција на Ротари клубот ‘Камен Мост’ во кој во моментот ја вршам должноста Претседател. Преку моите колеги во Норвешка, кои иницијално го направија контактот со библиотеката, наидовме на воодушевување за можноста да ја збогатат својата литературна ризница со книги на македонски јазик. Стапивме во контакт со Издавачкиот центар ‘ТРИ’ и ‘Македонската Асоцијација на издавачи’ и акцијата финишираше успешно, со примопредавање на книгите во Норвешкиот конзулат во Скопје“, истакна Проф. Д-р Димовска. Од 2022 година, македонскиот јазик организирано се изучува во Осло. Во моментов има четириесетина интересенти кои активно посетуваат часови по македонски јазик еднаш неделно. Особен предизвик на изучувачите на македонскиот јазик во Норвешка било отсуството на јавно достапни книги на македонски јазик. Претседателот на „Македонската Асоцијација на издавачи“ и главен уредник во Издавачкиот центар „ТРИ“, Бојан Саздов, изрази задоволство што се дел од реализацијата на оваа благородна иницијатива: „Благодарам на Ротари клубот ‘Камен Мост Скопје’ и на Конзулатот на Норвешка во РСМ, за идејата македонскиот јазик и книжевност да најдат свое достојно место во норвешката Национална библиотека - најголема во државата, каде наскоро македонската книга за првпат ќе добие своја позиција меѓу сите светски книжевности. ‘Македонската Асоцијација на издавачи’ е благодарнa на своите членки, кои ја прифатија поканата да донираат дел од своите изданија за оваа цел – и помогнаа да собереме стотици книги, репрезентативни дела од нашата современа книжевна продукција, дела од македонски автори како и преводи на популарни дела од скандинавската литература“, истакна Саздов, изразувајќи надеж дека ваквите иницијативи ќе продолжат во иднина, со цел афирмација на македонската книжевност во светот и зголемување на достапноста до истата за сите Македонци што живеат надвор, но и на оние што сакаат за првпат да се запознаат со македонскиот јазик и култура. Поддржувајќи ја иницијативата, Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, кој истовремено ја извршува функцијата на Генерален конзул на Кралството Данска и Конзул на Кралството Норвешка, а членува и во Ротари клубот „Камен Мост“ Скопје, презема обврска за испорака на пратката, која своевремено се поткрепува со донација на уште шеесеттина македонски наслови: „Срдечно ја поздравувам иницијативата на д-р Радмила Димовска, која изминативе неколку месеци заедно со членовите на клубот посветено работеше на собирање на што повеќе наслови на македонски јазик и соодветно опремување на македонското катче во Националната библиотека во Осло. Особено ми е драго што се вклучивме со логистичка поддршка и дополнителна донација на преводи на македонски јазик од дански и норвешки автори и збирки поезија од Ана Бунтевска. Се надевам дека оваа акција нема да запре со една пратка. Повикувам и апелирам на нејзино продолжување, кое секако сме тука да го поддржиме“, изјави Мукаетов. Националната библиотека во Осло е ценета норвешка културна институција, чија мисија е зачувување на минатото, во служба на иднината. Таа претставува литературен дом на автори од речиси цел свет, а на иницијална идеја на Македоци кои живеат во Норвешка, Проф. д-р Васка Вандевска Радуновиќ и Др Снежана Димитроска, ќе добие и македонско катче, кое ќе има суштинска улога во негувањето на македонскиот јазик. Комерцијален текст

The post Македонско катче во Националната библиотека во Осло: Ротари клубoт „Камен Мост Скопје“, Данскиот и Норвешкиот конзулат во Скопје донираат 377 книги на македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Макрон со честитка на македонски јазик до Силјановска Давкова: Франција останува на страната на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makron-so-chestitka-na-makedonski-jazik-do-siljanovska-davkova-frantsija-ostanuva-na-stranata-na-severna-makedonija/ Fri, 10 May 2024 13:41:08 +0000 https://republika.mk/?p=776845

Еден ден по изборите, до новиот претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова стигна честитка и од претседателот на Франција, Емануел Макрон. На кирилица и македонски јазик, на социјалната мрежа Фејсбук, Макрон упати честитка во која порача дека Франција останува на страната на Македонија за европската иднина.

Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Силјановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за Претседател. Франција останува на страната на Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина, напиша Макрон.

Сиљановска Давкова, исто така во објава на Фејсбук, се заблагодари на честитката на францускиот претседател. Пораката ја напиша на француски јазик.

Вашата поддршка се надевам ќе го отвори патот на Македонија кон Европа, а она што можам да се заложам е дека ќе градам консензус за реформи кои ќе им овозможат на македонските граѓани да живеат европски, напиша Силјановска-Давкова.

Воедно, додава таа во објавата, како две пријателски земји во нејзиниот мандат ќе работи на зајакнување на билатералните односи, особено економската, културната и научната размена.

Како што е познато, во октомври 2019-та година токму Макрон и Франција го блокираа проширувањето на ЕУ, со што беше ставена „рампа“ за отпочнувањето на преговорите со Македонија и Албанија. Во тоа време, само Франција ја блокираше Македонија, додека Холандија и Данска го поддржаа Скопје, но се спротивставија на амбициите на Тирана. Финска предложи случајот со Албанија да се одвои од тој на Македонија, но Франција не се согласи со тоа. Потоа следуваа неколку вета од страна на Бугарија, по што и настана спорот помеѓу Скопје и Софија, а нашата држава остана заглавена на патот кон ЕУ.

The post Макрон со честитка на македонски јазик до Силјановска Давкова: Франција останува на страната на Македонија appeared first on Република.

Катедрата за македонски јазик на Филолошки организира трибина за состојбите во современиот македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/katedrata-za-makedonski-jazik-na-filoloshki-organizira-tribina-za-sostojbite-vo-sovremeniot-makedonski-jazik/ Fri, 10 May 2024 07:35:59 +0000 https://republika.mk/?p=776592

„Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“ е насловена трибината што по повод одбележувањето на 5 Мај - Денот на македонскиот јазик, денеска ја организира Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На трибината што ќе се одржи во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за воведничари се најавени Искра Пановска-Димкова и Гордана Алексова, додека за излагачи Славица Велева ‒ Филолошки факултет „Блаже Конески“, Оливера Тодороска ‒ Биро за развој на образованието, Марина Димитриева-Ѓорѓиевска ‒ Биро за развој на образованието, Ивана Лазаревска ‒ СУГС „Орце Николов“, Маријана Ѓоргиева-Ристевска ‒ СУГС „Орце Николов“, Назлие Мифтари Мемети ‒ ООУ „Лирија“ и Ивана Главичиќ-Цилкова ‒ ООУ „Петар Здравковски-Пенко“.

The post Катедрата за македонски јазик на Филолошки организира трибина за состојбите во современиот македонски јазик appeared first on Република.

]]>

„Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“ е насловена трибината што по повод одбележувањето на 5 Мај - Денот на македонскиот јазик, денеска ја организира Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На трибината што ќе се одржи во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за воведничари се најавени Искра Пановска-Димкова и Гордана Алексова, додека за излагачи Славица Велева ‒ Филолошки факултет „Блаже Конески“, Оливера Тодороска ‒ Биро за развој на образованието, Марина Димитриева-Ѓорѓиевска ‒ Биро за развој на образованието, Ивана Лазаревска ‒ СУГС „Орце Николов“, Маријана Ѓоргиева-Ристевска ‒ СУГС „Орце Николов“, Назлие Мифтари Мемети ‒ ООУ „Лирија“ и Ивана Главичиќ-Цилкова ‒ ООУ „Петар Здравковски-Пенко“.  

The post Катедрата за македонски јазик на Филолошки организира трибина за состојбите во современиот македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-makedonskiot-jazik-denes-e-na-isto-ramnishte-so-ofitsijalnite-jazitsi-vo-eu-toj-e-temel-na-nashiot-identitet/ Sun, 05 May 2024 18:40:57 +0000 https://republika.mk/?p=774603

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните по повод денешниот ден, 5 мај, Ден на македонскиот јазик.

Како што соопшти СДСМ, во честитката, Ковачевски посочува дека денеска оддаваме почит кон создавачите на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.

-Денеска кога го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, оддаваме должна почит кон сите создавачи на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита, се наведува во честитката од Ковачевски.

Македонскиот јазик, подвлекува претседателот на СДСМ, денес е дел од нашата лична карта во Обединетите нации, а со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, го издигнавме на исто рамниште со останатите официјални јазици во Европската Унија, на кабините за превод во ЕУ стои нашиот македонски јазик.

-Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет, грижата за негово зачувување и унапредување останува наш приоритет, затоа што влог во јазикот е влог во иднината. Нека ни е честит 5 мај, Денот на македонскиот јазик, вели во честитката, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

The post Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните по повод денешниот ден, 5 мај, Ден на македонскиот јазик. Како што соопшти СДСМ, во честитката, Ковачевски посочува дека денеска оддаваме почит кон создавачите на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.
-Денеска кога го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, оддаваме должна почит кон сите создавачи на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита, се наведува во честитката од Ковачевски.
Македонскиот јазик, подвлекува претседателот на СДСМ, денес е дел од нашата лична карта во Обединетите нации, а со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, го издигнавме на исто рамниште со останатите официјални јазици во Европската Унија, на кабините за превод во ЕУ стои нашиот македонски јазик.
-Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет, грижата за негово зачувување и унапредување останува наш приоритет, затоа што влог во јазикот е влог во иднината. Нека ни е честит 5 мај, Денот на македонскиот јазик, вели во честитката, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

The post Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет appeared first on Република.

]]>
Маричиќ на Денот на македонскиот јазик: Идентитетот ни е потврден и признаен како автентичен меѓу европските идентитети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-na-denot-na-makedonskiot-jazik-identitetot-ni-e-potvrden-i-priznaen-kako-avtentichen-megu-evropskite-identiteti/ Sun, 05 May 2024 18:12:29 +0000 https://republika.mk/?p=774594

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во својата изјава за социјалните медиуми го одбележа денот на македонскиот јазик, 5 мај
Во изјавата Маричиќ ја нагласува важноста на македонскиот јазик кој го претставува нашиот идентитет, прифатен и потврден како дел од европските идентитети.

„Доказ за тоа е преговарачката рамка, усвоена од Европската Унија, со која отпочнаа преговорите за нашето членство. Во неа е јасно предвидено да се преведе на македонски јазик целокупното законодавство на ЕУ со што нашиот јазик станува еднаков со сите други јазици на Европската Унија.

Институциите на ЕУ веќе воведоа превод од и на македонски. Службите на ЕУ распишаа оглас за преведувачи на македонски јазик кои ќе работат за Европскиот Парламент, Европската комисија или за Европскиот суд на правдата.“

Маричиќ истакна дека меѓународно признавање на македонскиот јазик е доказ дека тој ќе стане официјален јазик на Европската унија на денот на нашето зачленување.

„Македонскиот јазик е европски“, изјави Маричиќ.

Проследете ја интегралната изјава на Маричиќ:

„Македонскиот јазик е нашиот идентитет. Тој е прифатен и потврден како дел од европските идентитети. Доказ за тоа е преговарачката рамка, усвоена од Европската Унија, со која отпочнаа преговорите за нашето членство. Во неа е јасно предвидено да се преведе на македонски јазик целокупното законодавство на ЕУ со што нашиот јазик станува еднаков со сите други јазици на Европската Унија.

Институциите на ЕУ веќе воведоа превод од и на македонски. Службите на ЕУ распишаа оглас за преведувачи на македонски јазик кои ќе работат за Европскиот Парламент, Европската комисија или за Европскиот суд на правдата.Ова е меѓународно признавање на македонскиот јазик и доказ дека тој ќе стане официјален јазик на Европската унија на денот на нашето зачленување. Македонскиот јазик е европски."

The post Маричиќ на Денот на македонскиот јазик: Идентитетот ни е потврден и признаен како автентичен меѓу европските идентитети appeared first on Република.

]]>

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во својата изјава за социјалните медиуми го одбележа денот на македонскиот јазик, 5 мај Во изјавата Маричиќ ја нагласува важноста на македонскиот јазик кој го претставува нашиот идентитет, прифатен и потврден како дел од европските идентитети.
„Доказ за тоа е преговарачката рамка, усвоена од Европската Унија, со која отпочнаа преговорите за нашето членство. Во неа е јасно предвидено да се преведе на македонски јазик целокупното законодавство на ЕУ со што нашиот јазик станува еднаков со сите други јазици на Европската Унија. Институциите на ЕУ веќе воведоа превод од и на македонски. Службите на ЕУ распишаа оглас за преведувачи на македонски јазик кои ќе работат за Европскиот Парламент, Европската комисија или за Европскиот суд на правдата.“
Маричиќ истакна дека меѓународно признавање на македонскиот јазик е доказ дека тој ќе стане официјален јазик на Европската унија на денот на нашето зачленување.
„Македонскиот јазик е европски“, изјави Маричиќ.
Проследете ја интегралната изјава на Маричиќ:
„Македонскиот јазик е нашиот идентитет. Тој е прифатен и потврден како дел од европските идентитети. Доказ за тоа е преговарачката рамка, усвоена од Европската Унија, со која отпочнаа преговорите за нашето членство. Во неа е јасно предвидено да се преведе на македонски јазик целокупното законодавство на ЕУ со што нашиот јазик станува еднаков со сите други јазици на Европската Унија. Институциите на ЕУ веќе воведоа превод од и на македонски. Службите на ЕУ распишаа оглас за преведувачи на македонски јазик кои ќе работат за Европскиот Парламент, Европската комисија или за Европскиот суд на правдата.Ова е меѓународно признавање на македонскиот јазик и доказ дека тој ќе стане официјален јазик на Европската унија на денот на нашето зачленување. Македонскиот јазик е европски."

The post Маричиќ на Денот на македонскиот јазик: Идентитетот ни е потврден и признаен како автентичен меѓу европските идентитети appeared first on Република.

]]>
Економската директорка на Токсикологија не знае македонски, на работа доаѓа со татко ѝ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-ne-znae-makedonski-na-rabota-doaga-so-tatko/ Mon, 18 Mar 2024 12:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=755862

Новоназначената економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки врботени во оваа клиника, дознава МКД.мк од извори во клиниката. Дополнително, велат тие, таа не ретко на работа доаѓа со својот татко кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување.

Ја видовме само еднаш кога дојде да се претстави. Тоа што го кажуваше го читаше од ливче на исклучително лош македонски јазик. Неколку пати ја видовме како низ ходниците оди со татко ѝ кој личи како да е нејзино обезбедување, велат извори за порталот.

Од Министерството за здравство за МКД.мк велат дека Иљази е назначена за директорка на Клиниката за токсикологија на 14 -ти февруари годинава.

Бесија Иљази е назначена за организациски директор на Клиниката за токсикологија на 14 февруари оваа година, секоја универзитетска клиника според законот за здравствена заштита треба да има по двајца директори, еден медицински и еден организациски директор. Таа има завршено економски факултет, со претходно работно искуство во струката, пишува во одговорот од Минстерството за здравство.

Оттаму не одговорија на прашањата дали до Министерството за здравство стигнале поплаки за нејзината работа и од која работна позиција Иљази доаѓа како економски директор на Клиниката за токсикологија.

Целата сторија на МКД.мк

The post Економската директорка на Токсикологија не знае македонски, на работа доаѓа со татко ѝ appeared first on Република.

]]>

Новоназначената економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки врботени во оваа клиника, дознава МКД.мк од извори во клиниката. Дополнително, велат тие, таа не ретко на работа доаѓа со својот татко кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување.
Ја видовме само еднаш кога дојде да се претстави. Тоа што го кажуваше го читаше од ливче на исклучително лош македонски јазик. Неколку пати ја видовме како низ ходниците оди со татко ѝ кој личи како да е нејзино обезбедување, велат извори за порталот.
Од Министерството за здравство за МКД.мк велат дека Иљази е назначена за директорка на Клиниката за токсикологија на 14 -ти февруари годинава.
Бесија Иљази е назначена за организациски директор на Клиниката за токсикологија на 14 февруари оваа година, секоја универзитетска клиника според законот за здравствена заштита треба да има по двајца директори, еден медицински и еден организациски директор. Таа има завршено економски факултет, со претходно работно искуство во струката, пишува во одговорот од Минстерството за здравство.
Оттаму не одговорија на прашањата дали до Министерството за здравство стигнале поплаки за нејзината работа и од која работна позиција Иљази доаѓа како економски директор на Клиниката за токсикологија. Целата сторија на МКД.мк

The post Економската директорка на Токсикологија не знае македонски, на работа доаѓа со татко ѝ appeared first on Република.

]]>
Во поглавјата за преговори на Македонија со ЕУ исчезна делот за македонски јазик и за учество во институциите на Унијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-poglavjata-za-pregovori-na-makedonija-so-eu-ischezna-delot-za-makedonski-jazik-i-za-uchestvo-vo-institutsiite-na-unijata/ Tue, 12 Mar 2024 10:42:01 +0000 https://republika.mk/?p=753965

Поглавјата 34 и 35 за Македонија исчезнаа од кластерите за преговори со ЕУ.Тоа се двете клучни поглавја во преговите на земјите кандидати.Поглавјето 34 е наречено „Институции“ , додека 35-ката е наречено „Друго, или останато“.

Малкумина знаат што тоа всушност значи.

Ова значи дека ако ЕУ некогаш одлучи  Македонија да стане дел од ЕУ тоа нема да биде како „нормалните“, односно големите земји-членки. Уште помалку тоа значи дека ќе учествуваме во институциите на ЕУ, ќе гласаме за буџетот на Унијата или пак не дај боже да да се надеваме на комесар.Едноставно ќе бидеме втора накај трета лига ЕУ.

Поглавјата 34 и 35 се изоставени за Македонија и за Албанија, но ги има во преговорите на Србија и на Црна Гора.

Она што е уште пострашно е што во поглавјето 34 се преговара за признавањето на македонскиот јазик како еден од јазиците на ЕУ кои ќе биде рамноправен со останатите јазици.

Дека овие поглавја се изоставени потврди и Драган Тилев, државен советник за Европски прашања во интервју за магазинот „Економија и бизнис“.

Преговарачката рамка за Македонија (и таа на Албанија) не го содржи поглавјето 34 со кое се преговара нашето учество во институциите на ЕУ, но и признавањето на македонскиот јазик како автентичен јазик на основните договори на ЕУ и како јазик кој рамноправно ќе се употребува во сите институции на ЕУ, што е крајно проблематично-објасни Тилев.

The post Во поглавјата за преговори на Македонија со ЕУ исчезна делот за македонски јазик и за учество во институциите на Унијата appeared first on Република.

]]>

Поглавјата 34 и 35 за Македонија исчезнаа од кластерите за преговори со ЕУ.Тоа се двете клучни поглавја во преговите на земјите кандидати.Поглавјето 34 е наречено „Институции“ , додека 35-ката е наречено „Друго, или останато“. Малкумина знаат што тоа всушност значи. Ова значи дека ако ЕУ некогаш одлучи  Македонија да стане дел од ЕУ тоа нема да биде како „нормалните“, односно големите земји-членки. Уште помалку тоа значи дека ќе учествуваме во институциите на ЕУ, ќе гласаме за буџетот на Унијата или пак не дај боже да да се надеваме на комесар.Едноставно ќе бидеме втора накај трета лига ЕУ. Поглавјата 34 и 35 се изоставени за Македонија и за Албанија, но ги има во преговорите на Србија и на Црна Гора. Она што е уште пострашно е што во поглавјето 34 се преговара за признавањето на македонскиот јазик како еден од јазиците на ЕУ кои ќе биде рамноправен со останатите јазици. Дека овие поглавја се изоставени потврди и Драган Тилев, државен советник за Европски прашања во интервју за магазинот „Економија и бизнис“.
Преговарачката рамка за Македонија (и таа на Албанија) не го содржи поглавјето 34 со кое се преговара нашето учество во институциите на ЕУ, но и признавањето на македонскиот јазик како автентичен јазик на основните договори на ЕУ и како јазик кој рамноправно ќе се употребува во сите институции на ЕУ, што е крајно проблематично-објасни Тилев.
 
The post Во поглавјата за преговори на Македонија со ЕУ исчезна делот за македонски јазик и за учество во институциите на Унијата appeared first on Република.

]]>
Македонскиот јазик е наше минато, сегашност и иднина, порача МД „Илинден“ – Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskiot-jazik-e-nashe-minato-segashnost-i-idnina-poracha-md-ilinden-tirana/ Wed, 21 Feb 2024 10:09:18 +0000 https://republika.mk/?p=746465

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, Македонското друштво „Илинден“ - Тирана упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот, порачувајќи дека „македонскиот јазик е наше минато, сегашност и иднина“.

- Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчин јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонското национално малцинство во Република Албанија, значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите културни и верски традиции, стои во честитката.

Се нагласува и значењето на образованието на мајчин јазик, бидејќи, како што стои, тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ.

- Македонците во Албанија ги има во четири етнички области: Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник, како и во најголемите градови – Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Кукс, Берат, Либражд, Валона, Фиер, Патос. Бројноста на Македонците во Албанија е над 120.000 според процена на македонските организации во земјата, но за жал во 21 век, ним статус на малцинство им е признаено само во Мала Преспа, каде имаат право на образование на мајчин јазик, наведува друштвото.

Потсетува дека веќе три децении од сите албански влади барале образование на мајчин јазик за децата од Голо Брдо, каде настава на македонски имало до педесеттите години од минатиот век, потоа во Гора, како и во другите делови каде концентрацијата на Македонците е поголема, но позитивен одговор нема.

- Нема ништо поубаво од тоа да се пишува, твори и зборува на својот мајчин јазик. Јазикот е непресушен извор кој треба постојано да се негува и пред сè да се зачува чистината на убавиот македонски збор. Македонскиот јазик е наше минато, сегашност и иднина. Нека е честит Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, се наведува во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај.

The post Македонскиот јазик е наше минато, сегашност и иднина, порача МД „Илинден“ – Тирана appeared first on Република.

Дарка Звонар Предан: Борис Пахор се радуваше што неговите раскази ќе се читаат на македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/darka-zvonar-predan-boris-pahor-se-raduvashe-shto-negovite-raskazi-ke-se-chitaat-na-makedonski-jazik/ Wed, 14 Feb 2024 11:28:00 +0000 https://republika.mk/?p=744032

Во предвечерјето на 13 февруари (вторник), во топлата и пријатна атмосфера во книжарницата на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се одржа промоција на збирката раскази „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор. За книгата зборуваа Дарка Звонар Предан, публицистка и новинарка од областа на културата во мариборскиот весник „Вечер“, Дарко Спасов, преведувач од словенечки јазик и Бисера Бендевска, уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“. Настанот беше поддржан од словенечката амбасада во Македонија, а меѓу присутните беше и амбасадорот на Република Словенија, господинот Грегор Прескер.

Дарка Звонар Предан, која ревносно го истражува творештвото на Борис Пахор и која е авторка на поговорот поместен во македонското издание на расказите, ја раскажа животната врвица на писателот од Трст, кој во својот долг животен век ги посведочил ужасите од двете светски војни и преживеал пет концентрациони логори како политички затвореник и поддржувач на отпорот. Пахор е запаметен како жесток антифашист и поборник за етничката кауза на приморските Словенци и гласен противник на тоталитаризмите, вклучително и на југословенскиот комунизам. Во расказите од „Грамадата на пристаништето“ тој опишува реалистични настани од опресијата и асимилацијата на црнокошулците врз приморските Словенци и многу живо го доловува стравот на потчинетите граѓани и нивната немоќ да влијаат врз сопствената судбина, напати вметнувајќи и суптилна критика за прифаќањето на таквата состојба.

Преведувачот Дарко Спасов истакна дека објавувањето на „Грамадата на пристаништето“ на македонски јазик е од особена важност, затоа што Македонците и Словенците споделуваат исти историски приказни, дека и двата народа имале низ историјата „мачители“ кои оставиле сериозна трага во растењето, во фенотипот на однесувањето, што се изместува(л) со секоја дразба. Начинот на кој Пахор го опишува сето тоа е како да слика и расказите во оваа збирка оставаат силен, но и познат впечаток.

Борис Пахор (1913 – 2022) е еден од најважните и најпреведуваните словенечки писатели. Неговите дела се преведени на македонски, француски, германски, српски, хрватски, унгарски, англиски, шпански, италијански, каталонски, фински и есперанто. Најпознат е по автобиографскиот роман „Некропола“, за животот во концентрациониот логор Нацвајлер-Штрутхоф. Сиот свој животен век се декларира како антифашист и сведок на фашистичкото насилство врз Словенците во Италија и на страдањето во конц-логорите во Германија за време на Втората светска војна. Тој е жесток поборник за националноста како примарен општествен идентитет.

Збирката „Грамадата на пристаништето“ е првпат објавена во 1972 година во Љубљана и главно била наменета за средношколци и студенти, со многубројни белешки што би им користеле на помладите читатели.

Во збирката се застапени шест раскази: „Грамадата на пристаништето“, „Пеперуга на закачалката“, „Бродолом“, „Цвеќе за лепрозниот“, „Ориент експрес“ и „Непоимливото прашање“. Секој од шесте раскази обработува вистински настани од животот на приморските Словенци по доаѓањето на власт на италијанските фашисти, а кои ги доживеал и самиот Пахор како дете и тинејџер. Низ очите на ликовите го сведочиме палењето на Народниот дом, симболот на градот Трст, асимилацијата на Словенците од страна на црнокошулците, убиството на славниот композитор Лојзе Братуж и бруталните механизми за принуда од страна на фашистите.

„Грамадата на пристаништето“ е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

The post Дарка Звонар Предан: Борис Пахор се радуваше што неговите раскази ќе се читаат на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Во предвечерјето на 13 февруари (вторник), во топлата и пријатна атмосфера во книжарницата на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се одржа промоција на збирката раскази „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор. За книгата зборуваа Дарка Звонар Предан, публицистка и новинарка од областа на културата во мариборскиот весник „Вечер“, Дарко Спасов, преведувач од словенечки јазик и Бисера Бендевска, уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“. Настанот беше поддржан од словенечката амбасада во Македонија, а меѓу присутните беше и амбасадорот на Република Словенија, господинот Грегор Прескер. Дарка Звонар Предан, која ревносно го истражува творештвото на Борис Пахор и која е авторка на поговорот поместен во македонското издание на расказите, ја раскажа животната врвица на писателот од Трст, кој во својот долг животен век ги посведочил ужасите од двете светски војни и преживеал пет концентрациони логори како политички затвореник и поддржувач на отпорот. Пахор е запаметен како жесток антифашист и поборник за етничката кауза на приморските Словенци и гласен противник на тоталитаризмите, вклучително и на југословенскиот комунизам. Во расказите од „Грамадата на пристаништето“ тој опишува реалистични настани од опресијата и асимилацијата на црнокошулците врз приморските Словенци и многу живо го доловува стравот на потчинетите граѓани и нивната немоќ да влијаат врз сопствената судбина, напати вметнувајќи и суптилна критика за прифаќањето на таквата состојба. Преведувачот Дарко Спасов истакна дека објавувањето на „Грамадата на пристаништето“ на македонски јазик е од особена важност, затоа што Македонците и Словенците споделуваат исти историски приказни, дека и двата народа имале низ историјата „мачители“ кои оставиле сериозна трага во растењето, во фенотипот на однесувањето, што се изместува(л) со секоја дразба. Начинот на кој Пахор го опишува сето тоа е како да слика и расказите во оваа збирка оставаат силен, но и познат впечаток. Борис Пахор (1913 – 2022) е еден од најважните и најпреведуваните словенечки писатели. Неговите дела се преведени на македонски, француски, германски, српски, хрватски, унгарски, англиски, шпански, италијански, каталонски, фински и есперанто. Најпознат е по автобиографскиот роман „Некропола“, за животот во концентрациониот логор Нацвајлер-Штрутхоф. Сиот свој животен век се декларира како антифашист и сведок на фашистичкото насилство врз Словенците во Италија и на страдањето во конц-логорите во Германија за време на Втората светска војна. Тој е жесток поборник за националноста како примарен општествен идентитет. Збирката „Грамадата на пристаништето“ е првпат објавена во 1972 година во Љубљана и главно била наменета за средношколци и студенти, со многубројни белешки што би им користеле на помладите читатели. Во збирката се застапени шест раскази: „Грамадата на пристаништето“, „Пеперуга на закачалката“, „Бродолом“, „Цвеќе за лепрозниот“, „Ориент експрес“ и „Непоимливото прашање“. Секој од шесте раскази обработува вистински настани од животот на приморските Словенци по доаѓањето на власт на италијанските фашисти, а кои ги доживеал и самиот Пахор како дете и тинејџер. Низ очите на ликовите го сведочиме палењето на Народниот дом, симболот на градот Трст, асимилацијата на Словенците од страна на црнокошулците, убиството на славниот композитор Лојзе Братуж и бруталните механизми за принуда од страна на фашистите. „Грамадата на пристаништето“ е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

The post Дарка Звонар Предан: Борис Пахор се радуваше што неговите раскази ќе се читаат на македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Силно разочарување, незадоволство и загриженост поради непочитувањето на македонскиот јазик во Пустец https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/silno-razocharuvane-nezadovolstvo-i-zagrizhenost-poradi-nepochituvaneto-na-makedonskiot-jazik-vo-pustets/ Sat, 03 Feb 2024 08:50:06 +0000 https://republika.mk/?p=739940

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ изразува силно разочарување, незадоволство и загриженост поради непочитувањето на македонскиот јазик во јавни активности во Општина Пустец.

Активноста организирана, вчера од Национална агенција за заштитени подрачја во Општина Пустец, при одбележувањето на 24-годишнината од основањето на Националниот парк „Преспа", каде што информациите и банерот беа претставени единствено на албански јазик, претставува непочитување на јазичните права на македонското население во оваа област, стои во партиската реакцијата.

Исто така се наведува дека Општина Пустец е населена со 100 отсто македонско население, кое што е признато од албанската држава и каде што македонскиот јазик е еднакво признаен и треба да се користи во службени и јавни контексти.

Според партијата, игнорирањето на македонскиот јазик во официјалните активности, особено во регион каде што македонското население претставува апсолутно мнозинство, е директно кршење на нивните законски и уставно заштитени права.

Во согласност со Уставот на Република Албанија, Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и законот бр. 96/2017 “За заштита на правата на националните малцинства во Република Албанија”, бараме од сите институции и организации кои работат на територијата на Општина Пустец да го почитуваат, промовираат и употребуваат македонскиот јазик, се посочува во реакцијата.

МАЕИ со барање и очекувања од локалната власт на Општина Пустец.

Очекуваме од Општина Пустец да ги спроведе потребните мерки за да гарантира дека сите активности на нејзината територија ги отсликуваат јазичните права и културните особености на македонската заедница, во согласност со потпишаниот Меморандум за разбирање од 2005 година. Со овој Меморандумот потпишан помеѓу префектурата Корча и општина Пустец „За соработка на полето на заштитата и почитувањето на правата на малцинствата во Албанија“, во ноември 2005 година, општина Пустец се обврзува да создаде соодветни услови, да преземе мерки за зачувување и развој на националниот културен и верски идентитет на македонското малцинство, преку развој на различни активности поврзани со историјата, културата на македонското национално малцинство во Општина Пустец, округот Корча итн, нагласува партијата.

Во името на културната и јазичната разноликост, апелира за итно и одлучно дејствување со цел да се заштитат и почитуваат правата на македонската заедница во Општина Пустец, кои се темел на демократските вредности и европската интеграција на овој регион.

The post Силно разочарување, незадоволство и загриженост поради непочитувањето на македонскиот јазик во Пустец appeared first on Република.

]]>

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ изразува силно разочарување, незадоволство и загриженост поради непочитувањето на македонскиот јазик во јавни активности во Општина Пустец.
Активноста организирана, вчера од Национална агенција за заштитени подрачја во Општина Пустец, при одбележувањето на 24-годишнината од основањето на Националниот парк „Преспа", каде што информациите и банерот беа претставени единствено на албански јазик, претставува непочитување на јазичните права на македонското население во оваа област, стои во партиската реакцијата.
Исто така се наведува дека Општина Пустец е населена со 100 отсто македонско население, кое што е признато од албанската држава и каде што македонскиот јазик е еднакво признаен и треба да се користи во службени и јавни контексти. Според партијата, игнорирањето на македонскиот јазик во официјалните активности, особено во регион каде што македонското население претставува апсолутно мнозинство, е директно кршење на нивните законски и уставно заштитени права.
Во согласност со Уставот на Република Албанија, Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и законот бр. 96/2017 “За заштита на правата на националните малцинства во Република Албанија”, бараме од сите институции и организации кои работат на територијата на Општина Пустец да го почитуваат, промовираат и употребуваат македонскиот јазик, се посочува во реакцијата.
МАЕИ со барање и очекувања од локалната власт на Општина Пустец.
Очекуваме од Општина Пустец да ги спроведе потребните мерки за да гарантира дека сите активности на нејзината територија ги отсликуваат јазичните права и културните особености на македонската заедница, во согласност со потпишаниот Меморандум за разбирање од 2005 година. Со овој Меморандумот потпишан помеѓу префектурата Корча и општина Пустец „За соработка на полето на заштитата и почитувањето на правата на малцинствата во Албанија“, во ноември 2005 година, општина Пустец се обврзува да создаде соодветни услови, да преземе мерки за зачувување и развој на националниот културен и верски идентитет на македонското малцинство, преку развој на различни активности поврзани со историјата, културата на македонското национално малцинство во Општина Пустец, округот Корча итн, нагласува партијата.
Во името на културната и јазичната разноликост, апелира за итно и одлучно дејствување со цел да се заштитат и почитуваат правата на македонската заедница во Општина Пустец, кои се темел на демократските вредности и европската интеграција на овој регион.

The post Силно разочарување, незадоволство и загриженост поради непочитувањето на македонскиот јазик во Пустец appeared first on Република.

]]>
На 5 февруари почнуваат курсевите по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-5-fevruari-pochnuvaat-kursevite-po-makedonski-jazik-na-fakultetot-za-stranski-jazitsi-vo-tirana-2/ Tue, 30 Jan 2024 08:39:25 +0000 https://republika.mk/?p=738412

Македонската амбасада во Тирана ги информира студентите, припадниците на македонското национално малцинство и сите заинтересирани лица дека на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана курсевите по македонски јазик, како воннаставен предмет, почнуваат на 5 февруари и оти сè уште има простор за аплицирање.

- Одлична можност за проширување на вашето портфолио во стручната наобразба и зголемување на можностите во идната кариера. Преведувањето, бизнисот, туризмот се само дел од сферите каде што постои дефицитарен кадар. Заинтересираните сè уште може да аплицираат на следниот линк:https://forms.gle/KiLa89K27ENGUm6KA, стои во објавата на Амбасадата.

Се додава дека за дополнителни информации може се обратат лично во Центарот за курсеви за странски јазици, зграда А, 1 кат, на Факултетот за странски јазици.

Наставата по македонски јазик, литература и култура ќе ја спроведува д-р Славица Свидерска, професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и тоа од понеделник до четврток од 8:30 до 16:30 и петок од 8:30 до 14 часот.

Објава за почетокот на курсевите деновиве имаше и Факултетот за странски јазици, во која се наведува дека тие се бесплатни и се реализираат во соработка на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, Македонија и оти на крајот на курсот, студенти ќе добијат сертификат за соодветно ниво на познавање.

Отворањето на воннаставните модули за македонски јазик, литература и култура, свечено беше означено на 18 месецов во Универзитетот во Тирана. Како што потврдија и денеска за МИА, од Македонската амбасада, до сега располагаат со податок дека се пријавени дваесеттина студенти.

The post На 5 февруари почнуваат курсевите по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана appeared first on Република.

]]>

Македонската амбасада во Тирана ги информира студентите, припадниците на македонското национално малцинство и сите заинтересирани лица дека на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана курсевите по македонски јазик, како воннаставен предмет, почнуваат на 5 февруари и оти сè уште има простор за аплицирање. - Одлична можност за проширување на вашето портфолио во стручната наобразба и зголемување на можностите во идната кариера. Преведувањето, бизнисот, туризмот се само дел од сферите каде што постои дефицитарен кадар. Заинтересираните сè уште може да аплицираат на следниот линк:https://forms.gle/KiLa89K27ENGUm6KA, стои во објавата на Амбасадата. Се додава дека за дополнителни информации може се обратат лично во Центарот за курсеви за странски јазици, зграда А, 1 кат, на Факултетот за странски јазици. Наставата по македонски јазик, литература и култура ќе ја спроведува д-р Славица Свидерска, професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и тоа од понеделник до четврток од 8:30 до 16:30 и петок од 8:30 до 14 часот. Објава за почетокот на курсевите деновиве имаше и Факултетот за странски јазици, во која се наведува дека тие се бесплатни и се реализираат во соработка на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, Македонија и оти на крајот на курсот, студенти ќе добијат сертификат за соодветно ниво на познавање. Отворањето на воннаставните модули за македонски јазик, литература и култура, свечено беше означено на 18 месецов во Универзитетот во Тирана. Како што потврдија и денеска за МИА, од Македонската амбасада, до сега располагаат со податок дека се пријавени дваесеттина студенти.  

The post На 5 февруари почнуваат курсевите по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана appeared first on Република.

]]>
Донесен Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот стар 25 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/donesen-zakonot-za-upotreba-na-makedonskiot-jazik-koj-ke-go-zameni-dosegashniot-star-25-godini/ Fri, 26 Jan 2024 13:10:59 +0000 https://republika.mk/?p=737108

Пратениците го донесоа Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот од 1998 година. Законот беше дополнет со прифатени амандмани на матичната собраниска Комисија за култура и донесен во целина со гласовите на сите 96 присутни пратеници на 139-та седница, која ја водеше новоизбраниот претседател на Собранието Јован Митрески, без против и без воздржани гласови.

Законот пропишува задолжително лекторирање на сите материјали, со објавување на името на лекторот, задолжително вработување лектори во сите јавни институции и органите на власта, во државни институции, училишта, издавачки куќи, медиуми, со што се очекува да се зголеми и интересот за студирање македонски јазик. Ќе се формира и Инспекторат за надзор над примената на законот.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во излагањето пред гласањето рече дека со многу труд, посветеност и ентузијазам успеале да ги исполнат заложбите за заштита и унапредување на македонскиот јазик. Посочи дека по неколку незначителни измени на досегашниот закон, стар 25 години, новиот закон нуди решенија и механизми за градење соодветна јазична политика, дополнителни механизми во функција на зајакнувањето на почитување на македонскиот стандарден јазик и неговата правилна употреба.

Денес правиме вистински потфат во унапредување на јазикот и зајакнување на македонскиот идентитет. Односот кон јазикот јасно ги покажува нашите намери и на сите оние кои учествуваа во транспарентната постапка на негова подготовка. И на јазикот се кршеа копја и се водеше политикантство, но покажавме дека со јазикот, културата и македонскиот идентитет нема компромиси. Со изгласувањето на овој закон, не добиваме само нов и современ закон за македонскиот јазик, туку и пример како треба да се изработува еден правен акт кој е од заеднички интерес, а тоа е со широка јавна дискусија и соработка на сите засегнати страни - истакна Костадиновска-Стојчевска.

Рече и дека новиот закон дава правна основа за да се донесе национална стратегија за македонскиот јазик, а од него произлегуваат и важни иницијативи, како стипендирање ученици од четврта година средно образование и студенти на додипломски, магистерски и докторски студии со што смета дека се прави голем исчекор кон мотивирање на младите за проучување на македонскиот јазик.

Гордана Силјановска-Давкова од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во расправата кажа дека е направен „голем чекор напред“ и дека „ова е почеток на успешна приказна“ затоа што, како што рече, секојдневно се соочуваме со непочитување на македонскиот јазик во државни институции и дека новиот закон „ќе нѐ насочи кон потребата од негово зачувување“.

Посочи дека во дискусијата се прифатени амандмани, но остануваат, рече, недовршени работи. Смета дека е многу подобро членовите на Советот за македонски јазик „да се регрутираат“ од најважните институции за заштита на јазикот, и самите тие да го избираат претседателот на Советот, а не тоа да го прави Владата. Исто така, рече дека „нема разбирање од бегањето од поимот македонистика“.

Силјановска-Давкова рече и дека била восхитена од изјавата на бугарскиот преведувач на македонска современа литература Пламен Тотев дека „неверојатно уживал во читање и споредување на македонската и бугарската белетристика“ и дека „во македонскиот јазик препознава и признава европски тенденции од зачетоците до денес“.

Тоа е добра волја и сѐ додека има вакви изјави има надеж за меѓусебно разбирање. За жал, претседателот на Собранието извештајот за негова работа го презентираше прво напишан на албански, отпечатен од Собранието, потоа на македонски јазик. Не очекувам од него уставен патриотизам, но очекувам почитување на Уставот и Рамковниот договор каде пишува дека македонскиот јазик е службен на целата територија на државата и во меѓународните односи - рече Силјановска-Давкова.

Ѝ реплицираше пратеничката Снежана Калеска-Ванчева од СДСМ која рече дека тие „не бегаат од поимот македонистика“ и дека се надева дека „ќе остане во минатото и нема да се повтори газењето на македонскиот јазик, целосна непочит кон творецот, таткото на современиот македонски јазик Блаже Конески, кој не така одамна беше нарекуван ’џуџето од Небрегово’“.

Ја потсети и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласале за Договорот Фронтекс, како што рече, „прв договор на македонски јазик потпишан од 26 земји членки на ЕУ“.

Не бегаме од поимот македонистика и никогаш нема да доживееме однесување на целосно непочитување на сопствена историја и јазик кој го признава Европската Унија - рече Калеска-Ванчева.

The post Донесен Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот стар 25 години appeared first on Република.

]]>

Пратениците го донесоа Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот од 1998 година. Законот беше дополнет со прифатени амандмани на матичната собраниска Комисија за култура и донесен во целина со гласовите на сите 96 присутни пратеници на 139-та седница, која ја водеше новоизбраниот претседател на Собранието Јован Митрески, без против и без воздржани гласови. Законот пропишува задолжително лекторирање на сите материјали, со објавување на името на лекторот, задолжително вработување лектори во сите јавни институции и органите на власта, во државни институции, училишта, издавачки куќи, медиуми, со што се очекува да се зголеми и интересот за студирање македонски јазик. Ќе се формира и Инспекторат за надзор над примената на законот. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во излагањето пред гласањето рече дека со многу труд, посветеност и ентузијазам успеале да ги исполнат заложбите за заштита и унапредување на македонскиот јазик. Посочи дека по неколку незначителни измени на досегашниот закон, стар 25 години, новиот закон нуди решенија и механизми за градење соодветна јазична политика, дополнителни механизми во функција на зајакнувањето на почитување на македонскиот стандарден јазик и неговата правилна употреба.
Денес правиме вистински потфат во унапредување на јазикот и зајакнување на македонскиот идентитет. Односот кон јазикот јасно ги покажува нашите намери и на сите оние кои учествуваа во транспарентната постапка на негова подготовка. И на јазикот се кршеа копја и се водеше политикантство, но покажавме дека со јазикот, културата и македонскиот идентитет нема компромиси. Со изгласувањето на овој закон, не добиваме само нов и современ закон за македонскиот јазик, туку и пример како треба да се изработува еден правен акт кој е од заеднички интерес, а тоа е со широка јавна дискусија и соработка на сите засегнати страни - истакна Костадиновска-Стојчевска.
Рече и дека новиот закон дава правна основа за да се донесе национална стратегија за македонскиот јазик, а од него произлегуваат и важни иницијативи, како стипендирање ученици од четврта година средно образование и студенти на додипломски, магистерски и докторски студии со што смета дека се прави голем исчекор кон мотивирање на младите за проучување на македонскиот јазик. Гордана Силјановска-Давкова од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во расправата кажа дека е направен „голем чекор напред“ и дека „ова е почеток на успешна приказна“ затоа што, како што рече, секојдневно се соочуваме со непочитување на македонскиот јазик во државни институции и дека новиот закон „ќе нѐ насочи кон потребата од негово зачувување“. Посочи дека во дискусијата се прифатени амандмани, но остануваат, рече, недовршени работи. Смета дека е многу подобро членовите на Советот за македонски јазик „да се регрутираат“ од најважните институции за заштита на јазикот, и самите тие да го избираат претседателот на Советот, а не тоа да го прави Владата. Исто така, рече дека „нема разбирање од бегањето од поимот македонистика“. Силјановска-Давкова рече и дека била восхитена од изјавата на бугарскиот преведувач на македонска современа литература Пламен Тотев дека „неверојатно уживал во читање и споредување на македонската и бугарската белетристика“ и дека „во македонскиот јазик препознава и признава европски тенденции од зачетоците до денес“.
Тоа е добра волја и сѐ додека има вакви изјави има надеж за меѓусебно разбирање. За жал, претседателот на Собранието извештајот за негова работа го презентираше прво напишан на албански, отпечатен од Собранието, потоа на македонски јазик. Не очекувам од него уставен патриотизам, но очекувам почитување на Уставот и Рамковниот договор каде пишува дека македонскиот јазик е службен на целата територија на државата и во меѓународните односи - рече Силјановска-Давкова.
Ѝ реплицираше пратеничката Снежана Калеска-Ванчева од СДСМ која рече дека тие „не бегаат од поимот македонистика“ и дека се надева дека „ќе остане во минатото и нема да се повтори газењето на македонскиот јазик, целосна непочит кон творецот, таткото на современиот македонски јазик Блаже Конески, кој не така одамна беше нарекуван ’џуџето од Небрегово’“. Ја потсети и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласале за Договорот Фронтекс, како што рече, „прв договор на македонски јазик потпишан од 26 земји членки на ЕУ“.