македонски идентитет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-identitet/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Oct 2023 21:46:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски идентитет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-identitet/ 32 32 Фон дер Лајен повторно не кажа кој е тој „посебен“ идентитет што го имаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fon-der-lajen-povtorno-ne-kazha-koj-e-toj-poseben-identitet-shto-go-imame/ Mon, 30 Oct 2023 10:19:25 +0000 https://republika.mk/?p=696215

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен на прес конференцијата со премиерот Ковачевски го повтори она што претходно го „твитна“ дека граѓаните имаат „посебен“ идентитет но без да каже како тој се нарекува. Со тоа потврдува дека ЕУ не е на чисто со зборот „македонски идентиет“ и затоа се употребуваат формулации како „посебен“ или „уникатен“.

 Затоа еден ден сигурна сум дека ќе ја пречекаме Македонија со нејзиниот уникатен идентитет и сопствен јазик. Денеска веќе имаме 24 различни јазици во ЕУ, а еден ден ќе го вброиме и македонскиот јазик во нив.

 

 

The post Фон дер Лајен повторно не кажа кој е тој „посебен“ идентитет што го имаме appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен на прес конференцијата со премиерот Ковачевски го повтори она што претходно го „твитна“ дека граѓаните имаат „посебен“ идентитет но без да каже како тој се нарекува. Со тоа потврдува дека ЕУ не е на чисто со зборот „македонски идентиет“ и затоа се употребуваат формулации како „посебен“ или „уникатен“.
 Затоа еден ден сигурна сум дека ќе ја пречекаме Македонија со нејзиниот уникатен идентитет и сопствен јазик. Денеска веќе имаме 24 различни јазици во ЕУ, а еден ден ќе го вброиме и македонскиот јазик во нив.
   

The post Фон дер Лајен повторно не кажа кој е тој „посебен“ идентитет што го имаме appeared first on Република.

]]>
Архиепископот г.г. Стефан: Синодот не е против францускиот предлог, ниту имаме територијални претензии, ниту ја бараме славата на историската Охридска архиепископија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arhiepiskopot-g-g-stefan-sinodot-ne-e-protiv-francuskiot-predlog-nitu-imame-teritorijalni-pretenzii-nitu-ja-barame-slavata-na-istoriskata-ohridska-arhiepiskopija/ Sat, 08 Oct 2022 15:39:24 +0000 https://republika.mk/?p=558835

Се очекува наскоро коресподенција, па и средба со Вселенската патријаршија за да се договори обзнанувањето на Томосот. Архиепископот Господин Господин Стефан во интервјуто за Радио Слободна Европа на македонски јазик зборува и дека името на една црква никогаш не изразува етничка припадност, но и дека правата на малцинствата во некои од соседните земји треба да се третираат според европските стандарди.

-Станува збор за еклисиолошкото име со кое секоја Помесна Црква е заведена во општиот православен список, наречен диптих. Вообичаено тоа е името на центарот, или на градот-полис на територија што ја зазема Црквата, или на историската катедра, со посочување на современата територија каде што се простира јурисдикцијата во дадениот момент. Секако, историски, јурисдикциската територија се менувала во зависност од околностите, што исто така требало да е потврдено и озваничено со документ од меродавниот орган, а не со еднострана иницијатива. Во оваа смисла, Грчката православна црква е заведена со еклисолошкото име – Атинска Архиепископија и нејзината територија се протегала во границите на тогашната Грчка држава. И друго појаснување во оваа насока: името на Црквата никогаш не изразува етничка припадност. Православието не познава „ни Елини, ни Јудејци…, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен, а сѐ и во сѐ е Христос“ (Кол. 3,11). Всушност, Христос сите „нѐ откупи за Бога од секое колено, јазик, народ и племе“ (Откр. 5,9). Верувам, во овој контекст, дека никој нема потреба ниту интерес за мешање во нашите внатрешни работи и внатрешното уредување, особено ако јасно се изразени и потврдени позициите – вели меѓу другото Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија во интервјуто.

На прашањето како ќе биде заведена нашата Црква во диптихот на православните цркви додава и дека „Верувам, во овој контекст, дека никој нема потреба ниту интерес за мешање во нашите внатрешни работи и внатрешното уредување, особено ако јасно се изразени и потврдени позициите“.

Во интервјуто за Радио Слободна Европа на македонски, Архиепископот Стефан изразува надеж дека обзнанувањето на Томосот за автокефалност ќе биде доделен во многу блиско време. Објаснува и дека Синодот не бил против Францускиот предлог, само апелираат да се сочува македонскиот идентитет.

The post Архиепископот г.г. Стефан: Синодот не е против францускиот предлог, ниту имаме територијални претензии, ниту ја бараме славата на историската Охридска архиепископија appeared first on Република.

]]>

Се очекува наскоро коресподенција, па и средба со Вселенската патријаршија за да се договори обзнанувањето на Томосот. Архиепископот Господин Господин Стефан во интервјуто за Радио Слободна Европа на македонски јазик зборува и дека името на една црква никогаш не изразува етничка припадност, но и дека правата на малцинствата во некои од соседните земји треба да се третираат според европските стандарди. -Станува збор за еклисиолошкото име со кое секоја Помесна Црква е заведена во општиот православен список, наречен диптих. Вообичаено тоа е името на центарот, или на градот-полис на територија што ја зазема Црквата, или на историската катедра, со посочување на современата територија каде што се простира јурисдикцијата во дадениот момент. Секако, историски, јурисдикциската територија се менувала во зависност од околностите, што исто така требало да е потврдено и озваничено со документ од меродавниот орган, а не со еднострана иницијатива. Во оваа смисла, Грчката православна црква е заведена со еклисолошкото име – Атинска Архиепископија и нејзината територија се протегала во границите на тогашната Грчка држава. И друго појаснување во оваа насока: името на Црквата никогаш не изразува етничка припадност. Православието не познава „ни Елини, ни Јудејци…, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен, а сѐ и во сѐ е Христос“ (Кол. 3,11). Всушност, Христос сите „нѐ откупи за Бога од секое колено, јазик, народ и племе“ (Откр. 5,9). Верувам, во овој контекст, дека никој нема потреба ниту интерес за мешање во нашите внатрешни работи и внатрешното уредување, особено ако јасно се изразени и потврдени позициите – вели меѓу другото Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија во интервјуто. На прашањето како ќе биде заведена нашата Црква во диптихот на православните цркви додава и дека „Верувам, во овој контекст, дека никој нема потреба ниту интерес за мешање во нашите внатрешни работи и внатрешното уредување, особено ако јасно се изразени и потврдени позициите“. Во интервјуто за Радио Слободна Европа на македонски, Архиепископот Стефан изразува надеж дека обзнанувањето на Томосот за автокефалност ќе биде доделен во многу блиско време. Објаснува и дека Синодот не бил против Францускиот предлог, само апелираат да се сочува македонскиот идентитет.

The post Архиепископот г.г. Стефан: Синодот не е против францускиот предлог, ниту имаме територијални претензии, ниту ја бараме славата на историската Охридска архиепископија appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Го штитиме македонскиот идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-go-shtitime-makedonskiot-identitet/ Wed, 17 Aug 2022 08:29:23 +0000 https://republika.mk/?p=541230

Со усвоените и јавно објавени Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања како меур од сапуница се распрснаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за менување и бришење на историјата, за историја по бугарски терк. Препораките во кои нема ништо и спорно и скриено, се усвоени од стручна и независна комисија, без какви било политички влијанија и воопшто не ги допираат идентитетските прашања, се вели во соопштението од СДСМ.Од партијата додаваат дека станува збор за две групи препораки – за заедничко чествување на пет личности и пет препораки за учебниците по историја за петти клас во Бугарија и за шесто одделение во Македонија.

Усвоените препораки за учебниците во основното образование се на база на реципроцитет и ќе бидат доставени и до македонската и до бугарската влада.

Уште еднаш се покажа дека лагите на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните за наводна асимилација и бугаризација се со единствена цел да се наруши процесот на решавање на отворените прашања.

За разлика од антидржавничкото и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, Владата предводена од СДСМ го штити македонскиот идентитет, јазик, историја и посебност и ја реализира стратешката цел за полноправно членство во ЕУ, се вели во соопштението.

The post СДСМ: Го штитиме македонскиот идентитет appeared first on Република.

]]>

Со усвоените и јавно објавени Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања како меур од сапуница се распрснаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за менување и бришење на историјата, за историја по бугарски терк. Препораките во кои нема ништо и спорно и скриено, се усвоени од стручна и независна комисија, без какви било политички влијанија и воопшто не ги допираат идентитетските прашања, се вели во соопштението од СДСМ.Од партијата додаваат дека станува збор за две групи препораки – за заедничко чествување на пет личности и пет препораки за учебниците по историја за петти клас во Бугарија и за шесто одделение во Македонија. Усвоените препораки за учебниците во основното образование се на база на реципроцитет и ќе бидат доставени и до македонската и до бугарската влада. Уште еднаш се покажа дека лагите на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните за наводна асимилација и бугаризација се со единствена цел да се наруши процесот на решавање на отворените прашања. За разлика од антидржавничкото и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, Владата предводена од СДСМ го штити македонскиот идентитет, јазик, историја и посебност и ја реализира стратешката цел за полноправно членство во ЕУ, се вели во соопштението.

The post СДСМ: Го штитиме македонскиот идентитет appeared first on Република.

]]>
Ковачевски со иста „мантра“ за јазикот и идентитетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-so-ista-mantra-za-jazikot-i-identitetot/ Thu, 28 Jul 2022 12:39:02 +0000 https://republika.mk/?p=534289

 Преговорите за полноправно членство со ЕУ ги почнавме со целосно сочуван идентитет и македонски јазик, кои воопшто не се дел од преговарчката рамка туку билатералните прашања се дел од билатераланиот протокол со Бугарија. Благодарение на координирана и посветена работа на повеќе чинители во изминатите речиси две децении, ние сега имаме преговарачка рамка во која македонскиот јазик и идентитет се заштитени, а историските прашања се надвор од истатата, ова денеска од собраниската говорница го порача премиерот Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на пратеничко прашање, Ковачевски рече дека македонскиот јазик ќе е еден од службените јазици во ЕУ без било какви објаснувања, додавки и фусноти.

-И колку и да сака некој да ја искривува вистината, да го изманипулира народот со црни сценарија, започнувањето на преговорите за полноправно членство во ЕУ значат зачувување и зацврстување на македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура, историско минато, засебност и посебност, и дома и насекаде во светот, нагласи Ковачевски.

The post Ковачевски со иста „мантра“ за јазикот и идентитетот appeared first on Република.

]]>

 Преговорите за полноправно членство со ЕУ ги почнавме со целосно сочуван идентитет и македонски јазик, кои воопшто не се дел од преговарчката рамка туку билатералните прашања се дел од билатераланиот протокол со Бугарија. Благодарение на координирана и посветена работа на повеќе чинители во изминатите речиси две децении, ние сега имаме преговарачка рамка во која македонскиот јазик и идентитет се заштитени, а историските прашања се надвор од истатата, ова денеска од собраниската говорница го порача премиерот Димитар Ковачевски.
Одговарајќи на пратеничко прашање, Ковачевски рече дека македонскиот јазик ќе е еден од службените јазици во ЕУ без било какви објаснувања, додавки и фусноти.
-И колку и да сака некој да ја искривува вистината, да го изманипулира народот со црни сценарија, започнувањето на преговорите за полноправно членство во ЕУ значат зачувување и зацврстување на македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура, историско минато, засебност и посебност, и дома и насекаде во светот, нагласи Ковачевски.

The post Ковачевски со иста „мантра“ за јазикот и идентитетот appeared first on Република.

]]>
Грчкиот мнистер за одбрана: Мега грешка беше безусловното доделување на македонски јазик и идентитет на соседите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchkiot-mnister-za-odbrana-mega-greshka-beshe-bezuslovnoto-dodeluvanje-na-makedonski-jazik-i-identitet-na-sosedite/ Thu, 07 Jul 2022 19:58:11 +0000 https://republika.mk/?p=525684

Министерот за одбрана на Грција, Никос Панајотопулос смета дека „безусловното доделување на македонски идентитет и македонски јазик на соседите, беше мега грешка“, но сепак истакнува дека Договорот од Преспа не може да се ревидира и односите меѓу двете земји треба да се развиваат, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на посетата на Лерин, заедно со членови на неговата партија Нова демократија, Панајотопулос одржа прес-конференција и меѓу другото, детално одговори на прашањето за односите со Македонија, како и за Договорот од Преспа.

Тој потсети дека лично бил меѓу оние кои „многу гласно во Парламентот говореа против Договорот од Преспа“ и посочи дека останува на неговото мислење дека документот има сериозни проблеми.

– Мега грешка беше безусловното доделување на македонски идентитет и македонски јазик на соседите, нешто што во овој момент создава проблеми на интегративната перспектива на Македонија со приговорите искажани од соседите, Бугарите, кои секогаш поддржуваа дека не постои македонски јазик, туку говориме за словенски дијалект, локален идиом, рече министерот за одбрана на Грција.

Сепак, тој објасни дека „како што е случај и во трговијата, по оддалечувањето од касата, никаква грешка нема да се признае, така и еден меѓународен договор е многу тешко да се ревидира особено кога се поврзува со влез во НАТО“.

Панајотопулос додаде дека „е многу тешко да се смени и еден договор за закуп на трафика, ако веќе е потпишан, а не пак меѓународен договор“.

Говорејќи за односите меѓу двете земји тој рече дека има остварено средби и со претходната и со сегашната министерка за одбрана на Македонија.

– Последната моја средба беше на Делфи форумот, со новата министерка за одбрана на Македонија Славјанка Петровска. Факт е дека како земја сојузник во НАТО, посакуваат да постои тесна одбранбена соработка. Мислам дека ова не е нешто лошо, напротив е корисно за меѓународните односи на земјава и за промоција и влијание на одбранбената дипломатија и на вооружените сили, рече Панајотопулос.

Тој го спомена и надзорот на воздушниот простор на Албанија и Македонија од грчките воени авиони, објаснувајќи дека ако не го стореше тоа Грција, ќе го стореа Бугарија или Турција.

– Некои се прашуваат дали тоа е добар потег, а јас ќе ви го кажам следното. Ако не го сторевме тоа ние, ако не побрзавме да ја преземеме оваа мисија, тоа ќе го стореа Бугарите, кои сега ги градат своите воздухопловни сили со нови набавки на борбени авиони, истакна министерот за одбрана на Грција и додаде дека ако не можеа Бугарите, бидејќи немаа доволно воени воздушни средства, „секако ќе побрзаа Турците“.

The post Грчкиот мнистер за одбрана: Мега грешка беше безусловното доделување на македонски јазик и идентитет на соседите appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана на Грција, Никос Панајотопулос смета дека „безусловното доделување на македонски идентитет и македонски јазик на соседите, беше мега грешка“, но сепак истакнува дека Договорот од Преспа не може да се ревидира и односите меѓу двете земји треба да се развиваат, јави дописничката на МИА од Атина. За време на посетата на Лерин, заедно со членови на неговата партија Нова демократија, Панајотопулос одржа прес-конференција и меѓу другото, детално одговори на прашањето за односите со Македонија, како и за Договорот од Преспа. Тој потсети дека лично бил меѓу оние кои „многу гласно во Парламентот говореа против Договорот од Преспа“ и посочи дека останува на неговото мислење дека документот има сериозни проблеми.
– Мега грешка беше безусловното доделување на македонски идентитет и македонски јазик на соседите, нешто што во овој момент создава проблеми на интегративната перспектива на Македонија со приговорите искажани од соседите, Бугарите, кои секогаш поддржуваа дека не постои македонски јазик, туку говориме за словенски дијалект, локален идиом, рече министерот за одбрана на Грција.
Сепак, тој објасни дека „како што е случај и во трговијата, по оддалечувањето од касата, никаква грешка нема да се признае, така и еден меѓународен договор е многу тешко да се ревидира особено кога се поврзува со влез во НАТО“. Панајотопулос додаде дека „е многу тешко да се смени и еден договор за закуп на трафика, ако веќе е потпишан, а не пак меѓународен договор“. Говорејќи за односите меѓу двете земји тој рече дека има остварено средби и со претходната и со сегашната министерка за одбрана на Македонија.
– Последната моја средба беше на Делфи форумот, со новата министерка за одбрана на Македонија Славјанка Петровска. Факт е дека како земја сојузник во НАТО, посакуваат да постои тесна одбранбена соработка. Мислам дека ова не е нешто лошо, напротив е корисно за меѓународните односи на земјава и за промоција и влијание на одбранбената дипломатија и на вооружените сили, рече Панајотопулос.
Тој го спомена и надзорот на воздушниот простор на Албанија и Македонија од грчките воени авиони, објаснувајќи дека ако не го стореше тоа Грција, ќе го стореа Бугарија или Турција.
– Некои се прашуваат дали тоа е добар потег, а јас ќе ви го кажам следното. Ако не го сторевме тоа ние, ако не побрзавме да ја преземеме оваа мисија, тоа ќе го стореа Бугарите, кои сега ги градат своите воздухопловни сили со нови набавки на борбени авиони, истакна министерот за одбрана на Грција и додаде дека ако не можеа Бугарите, бидејќи немаа доволно воени воздушни средства, „секако ќе побрзаа Турците“.

The post Грчкиот мнистер за одбрана: Мега грешка беше безусловното доделување на македонски јазик и идентитет на соседите appeared first on Република.

]]>
Идентитетски идиотизам мерен во проценти! https://arhiva3.republika.mk/kolumni/identitetski-idiotizam-meren-vo-procenti/ Wed, 29 Jun 2022 12:12:04 +0000 https://republika.mk/?p=521124

Предраг Димитровски

Секое чудо за три дена. Така било, така и ќе остане. А, некогаш и таа временска дистанца е долга, па по потреба може и да се скрати. На пример, како ова со насилството или подобро речено со дивјаштвото на Арбр Адеми во Парламентот и заканите за кршење коски и раце на пратениците од опозицијата протежирани од неговиот пулен од Министерството за култура, Валмир Азири. Два дена беа доволни, па веста и реакциите речиси да ги снема од медиумите. Особено од оние провладините.

Ништо. А, беше прекрасна можност да му се излезе пресрет на лидерот на ДУИ и премиер во сенка, Али Ахмети. Зашто, не така одамна самиот ги повика правосудните органи да преземат мерки ако неговите сопартијци прекршат некој закон, посебно ако се дел од корупцијата, што неговата партија ја издигна на институционално ниво. Ама остави ти правосуден систем, кога за пример служи спикерот Талат Џафери. Само тој и Арбр можат да прават што сакаат, ама виновни за сѐ да бидат други. Ем те навредуваат, те пцујат, те тепаат, те кршат ем не ти даваат да плачеш. Типично за тоталитарен ментален склоп, што сега треба да се продаде како некаква „зелена агенда“.

Можеби и лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов е во право. Ама само делумно. Зашто, дилемата е дали само алкохолот е во прашање за ваквите состојби во највисокиот законодавен дом? Да не е и водата за пиење или како се вика она што се шмрка? Она, де, што се купува и како „полче“?

Деновиве бевме сведоци и на „пресметката“ на двајца наши „врвни“ дипломати. Од една страна актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи, а од друга ексминистерот од истиот ресор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров.

Османи и Димитров се фатија во костец околу францускиот предлог за кревање на бугарското вето за официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во Европската Унија. И како прави јатрви на селска чешма почнаа да си го вадат валканиот веш. Димитров вели дека е спротивен на националните и државните интереси, а Османи, пак, му префрла со објавување документ за тоа на што ставил потпис на досега единствениот потпишан протокол меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија.

Ама скараниве дипломатски јатрви, за жал двете, колку и да се оградуваат од грешките, не можат да избегаат од вистината. А, за да се дојде до неа, потребни се неколку чекори.

Прво, обајцата да го објават бугарскиот список од 25 непожелни македонски интелектуалци, професори и експерти од различни области, кои на бугарско барање не смееја ни случајно да бидат членови на македонскиот дел од заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците. Зашто, нивното присуство, но пред сѐ научното познавање на историјата и на историските процеси од различните епохи ќе претставуваше пречка за остварување на бугарските историчари. Ама, не, на двете дипломатски јатрви не им требаа експерти, туку обични послушници, па ги тргнаа и тие што покажаа национална и државничка свест, бидејќи им стана јасно кој ги влече конците и каде води работата на мешовитата комисија.

Второ, не е работата во потпишаниот протокол. Суштината е зошто во и онака асиметричниот Договор за доброоседство, соработка и пријателство се прифати терминот „заедничка историја“ и отсуството на каква било анализа и антиципација како тој термин ќе биде толкуван од бугарска страна! А, за да се дознае тоа, треба да се обелоденат стенограмите од затворената седница на собраниската Комисија за надворешна политика. Кога ќе се прочитаат тие, многу работи ќе станат појасни.

Трето, Бујар Османи се брани од „пенавењето“ на Димитров, ама истовремено и самиот се „пенави“ во одбрана на своите постапки. Работата е едноставна. Наместо и тој да се „пенави“, нека ни објасни како тој го подразбира и толкува терминот „заедничка историја“, да ги објави содржините на протоколите за личностите за кои досега заедничката комисија постигна согласност за заедничко чествување. Значи, да видиме врз која основа ќе треба заеднички да ги чествуваме светите Кирил и Методиј, исто така светите Климент и Наум и царот Самоил. Чисто за да видиме какви „бели мечки“ се кријат во нив. А, повеќе од сигурно дека се кријат.

И четврто, и можеби најзначајно, е прашањето дали Бујар Османи е свесен дека со своето раководење на ресорот и односот кон Димитров претствува целосна копија на бугарската политика и спрема Република Македонија и спрема Никола Димитров?! Ако самиот не верува во ова, нека ја ангажира малку неговата пи-ар служба за да му извадат клипови од бугарските медиуми од времето кога Димитров беше на двете функции. Па, ќе види колку и неговата актуелна реторика е копија на бугарската.

А, Димитров самиот е приказна за себе.

Исто како што приказна за себе стана и проф. Нано Ружин. Да не беше неговото гостување на ТВ 21, немаше да знаеме дека, замислете, идентитетот се мерел во проценти! Па, власта на СДСМ и на ДУИ со прифаќање на францускиот предлог ќе изгубела само 10% од идентитетот, зашто останатите 90% да ти биле јазикот!

Богами, ваков идентитетски идиотизам мерен во проценти одамна не е виден, ниту слушнат во јавноста!!!

Да не бидам погрешно сфатен, според Дигиталниот речник на македонскиот јазик, идиотизам е именка од машки род, која има две значења. Првото е дека идиотизам значи најтежок степен на ментална заостанатост, вродена или стекната во раното детство, а второто дека значи глупост или бесмислица.

Фала му на Бога, проф. Ружин не го манифестира првото, туку второто значење. Според кои критериуми и мерки проф. Ружин (пр)оценил дека 90% од идентитетот на македонскиот народ се состои само во македонскиот јазик? И на кој македонски јазик, на оној некодифицираниот или на оној кодифицираниот од 1945 година? А, по колку од останатите проценти, на пример, отпаѓаат на чувствата, на историјата, на културната меморија, на гробовите исполнети со нашите најблиски и подалечни предци, на откорнатите корени, на 7/8 такт, на народниот фолклор, на народните преданија и приказни…?

Проф. Ружин не така одамна го предложи експремиерот Зоран Заев за Нобелова награда за мир, а неговиот син беше поставен за дипломатски советник за економска, социјална и културна соработка со земјите од Бенелукс и Франција, за надомест од 50.000 денари месечно. Ако „француската мисија“ заврши неуспешно за Македонија, аман никој нека не му ги бара парите за да ги врати. Белким тоа ќе биде доволно да бидеме поштедени од идентитескиот идиотизам на проф. Нано Ружин.

И не дај Боже да почне да ни држи лекции за секс. Баш ќе ме интересира, според него, со колку проценти се губи невиност? За да не живеам во заблуди во својата седма деценија од животот.

The post Идентитетски идиотизам мерен во проценти! appeared first on Република.

]]>

Предраг Димитровски

Секое чудо за три дена. Така било, така и ќе остане. А, некогаш и таа временска дистанца е долга, па по потреба може и да се скрати. На пример, како ова со насилството или подобро речено со дивјаштвото на Арбр Адеми во Парламентот и заканите за кршење коски и раце на пратениците од опозицијата протежирани од неговиот пулен од Министерството за култура, Валмир Азири. Два дена беа доволни, па веста и реакциите речиси да ги снема од медиумите. Особено од оние провладините. Ништо. А, беше прекрасна можност да му се излезе пресрет на лидерот на ДУИ и премиер во сенка, Али Ахмети. Зашто, не така одамна самиот ги повика правосудните органи да преземат мерки ако неговите сопартијци прекршат некој закон, посебно ако се дел од корупцијата, што неговата партија ја издигна на институционално ниво. Ама остави ти правосуден систем, кога за пример служи спикерот Талат Џафери. Само тој и Арбр можат да прават што сакаат, ама виновни за сѐ да бидат други. Ем те навредуваат, те пцујат, те тепаат, те кршат ем не ти даваат да плачеш. Типично за тоталитарен ментален склоп, што сега треба да се продаде како некаква „зелена агенда“. Можеби и лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов е во право. Ама само делумно. Зашто, дилемата е дали само алкохолот е во прашање за ваквите состојби во највисокиот законодавен дом? Да не е и водата за пиење или како се вика она што се шмрка? Она, де, што се купува и како „полче“? Деновиве бевме сведоци и на „пресметката“ на двајца наши „врвни“ дипломати. Од една страна актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи, а од друга ексминистерот од истиот ресор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров. Османи и Димитров се фатија во костец околу францускиот предлог за кревање на бугарското вето за официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во Европската Унија. И како прави јатрви на селска чешма почнаа да си го вадат валканиот веш. Димитров вели дека е спротивен на националните и државните интереси, а Османи, пак, му префрла со објавување документ за тоа на што ставил потпис на досега единствениот потпишан протокол меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија. Ама скараниве дипломатски јатрви, за жал двете, колку и да се оградуваат од грешките, не можат да избегаат од вистината. А, за да се дојде до неа, потребни се неколку чекори. Прво, обајцата да го објават бугарскиот список од 25 непожелни македонски интелектуалци, професори и експерти од различни области, кои на бугарско барање не смееја ни случајно да бидат членови на македонскиот дел од заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците. Зашто, нивното присуство, но пред сѐ научното познавање на историјата и на историските процеси од различните епохи ќе претставуваше пречка за остварување на бугарските историчари. Ама, не, на двете дипломатски јатрви не им требаа експерти, туку обични послушници, па ги тргнаа и тие што покажаа национална и државничка свест, бидејќи им стана јасно кој ги влече конците и каде води работата на мешовитата комисија. Второ, не е работата во потпишаниот протокол. Суштината е зошто во и онака асиметричниот Договор за доброоседство, соработка и пријателство се прифати терминот „заедничка историја“ и отсуството на каква било анализа и антиципација како тој термин ќе биде толкуван од бугарска страна! А, за да се дознае тоа, треба да се обелоденат стенограмите од затворената седница на собраниската Комисија за надворешна политика. Кога ќе се прочитаат тие, многу работи ќе станат појасни. Трето, Бујар Османи се брани од „пенавењето“ на Димитров, ама истовремено и самиот се „пенави“ во одбрана на своите постапки. Работата е едноставна. Наместо и тој да се „пенави“, нека ни објасни како тој го подразбира и толкува терминот „заедничка историја“, да ги објави содржините на протоколите за личностите за кои досега заедничката комисија постигна согласност за заедничко чествување. Значи, да видиме врз која основа ќе треба заеднички да ги чествуваме светите Кирил и Методиј, исто така светите Климент и Наум и царот Самоил. Чисто за да видиме какви „бели мечки“ се кријат во нив. А, повеќе од сигурно дека се кријат. И четврто, и можеби најзначајно, е прашањето дали Бујар Османи е свесен дека со своето раководење на ресорот и односот кон Димитров претствува целосна копија на бугарската политика и спрема Република Македонија и спрема Никола Димитров?! Ако самиот не верува во ова, нека ја ангажира малку неговата пи-ар служба за да му извадат клипови од бугарските медиуми од времето кога Димитров беше на двете функции. Па, ќе види колку и неговата актуелна реторика е копија на бугарската. А, Димитров самиот е приказна за себе. Исто како што приказна за себе стана и проф. Нано Ружин. Да не беше неговото гостување на ТВ 21, немаше да знаеме дека, замислете, идентитетот се мерел во проценти! Па, власта на СДСМ и на ДУИ со прифаќање на францускиот предлог ќе изгубела само 10% од идентитетот, зашто останатите 90% да ти биле јазикот! Богами, ваков идентитетски идиотизам мерен во проценти одамна не е виден, ниту слушнат во јавноста!!! Да не бидам погрешно сфатен, според Дигиталниот речник на македонскиот јазик, идиотизам е именка од машки род, која има две значења. Првото е дека идиотизам значи најтежок степен на ментална заостанатост, вродена или стекната во раното детство, а второто дека значи глупост или бесмислица. Фала му на Бога, проф. Ружин не го манифестира првото, туку второто значење. Според кои критериуми и мерки проф. Ружин (пр)оценил дека 90% од идентитетот на македонскиот народ се состои само во македонскиот јазик? И на кој македонски јазик, на оној некодифицираниот или на оној кодифицираниот од 1945 година? А, по колку од останатите проценти, на пример, отпаѓаат на чувствата, на историјата, на културната меморија, на гробовите исполнети со нашите најблиски и подалечни предци, на откорнатите корени, на 7/8 такт, на народниот фолклор, на народните преданија и приказни…? Проф. Ружин не така одамна го предложи експремиерот Зоран Заев за Нобелова награда за мир, а неговиот син беше поставен за дипломатски советник за економска, социјална и културна соработка со земјите од Бенелукс и Франција, за надомест од 50.000 денари месечно. Ако „француската мисија“ заврши неуспешно за Македонија, аман никој нека не му ги бара парите за да ги врати. Белким тоа ќе биде доволно да бидеме поштедени од идентитескиот идиотизам на проф. Нано Ружин. И не дај Боже да почне да ни држи лекции за секс. Баш ќе ме интересира, според него, со колку проценти се губи невиност? За да не живеам во заблуди во својата седма деценија од животот.

The post Идентитетски идиотизам мерен во проценти! appeared first on Република.

]]>
Де, нема разговори за македонскиот идентитет, де македонскиот идентитет и јазикот не се засегнати, па резолуции и декларации… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/de-nema-razgovori-za-makedonskiot-identitet-de-makedonskiot-identitet-i-jazikot-ne-se-zasegnati-pa-rezolucii-i-deklaracii/ Sat, 29 Jan 2022 11:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=451121

Професорката Наташа Котлар јавно се огласи за случувањата околу преговорите со Бугарија во кое е засегнат македонскиот национален идентитет.

Обраќањето го пренесуваме во целост.

ДО НЕПОЗНАТОТО ДРУГАРЧЕ ОД „CЕВЕРНА“!

Значи, усул да се немало! Де, нема разговори за македонскиот идентитет, де македонскиот идентитет и јазикот не се засегнати, па резолуции и декларации...! Но, ова значи, токму обратно, толку многу ја истакнуваат „северниве“ темава, што има нешто гнило во оваа работа...! Се прашувам, дали северново владеачко пучанство има барем основно поимање на зборот и д е н т и т е т, затоа што читајќи му ги изјавите, се чини дека се работи за намерно замајување на останато, потиснато пучанство.

Еве, да помогнам во целава ситуација! Ние Македонците, под поимот – македонски идентитет (или само идентитет) подразбираме определени својства, особини или карактеристики по кои се издвојуваме и се разликуваме како посебни од другите народи (Грците, Бугарите, Србите, Албанците, Турците)! Накратко, тие карактеристики за нас се: македонскиот именски и колективен идентитет, културниот идентитет (јазик, литература, музика, уметност, фолклор), религиозениот идентитет, етничкиот и национален идентитет, односно, македонската и с т о р и с к а содржина.

Македонскиот историски и народен идентитет е присутен во низата на процеси и случувања во времето (децении и векови) и во просторот (македонски), во низата на идеи и стремежи на поединци и групи, во низата на успеси и неуспеси во борбата м а к е д о н с к а.

П.С. Гоце Делчев е олицетворение на македонскиот идентитет и се чествува како Македонец!

The post Де, нема разговори за македонскиот идентитет, де македонскиот идентитет и јазикот не се засегнати, па резолуции и декларации… appeared first on Република.

]]>

Професорката Наташа Котлар јавно се огласи за случувањата околу преговорите со Бугарија во кое е засегнат македонскиот национален идентитет. Обраќањето го пренесуваме во целост. ДО НЕПОЗНАТОТО ДРУГАРЧЕ ОД „CЕВЕРНА“! Значи, усул да се немало! Де, нема разговори за македонскиот идентитет, де македонскиот идентитет и јазикот не се засегнати, па резолуции и декларации...! Но, ова значи, токму обратно, толку многу ја истакнуваат „северниве“ темава, што има нешто гнило во оваа работа...! Се прашувам, дали северново владеачко пучанство има барем основно поимање на зборот и д е н т и т е т, затоа што читајќи му ги изјавите, се чини дека се работи за намерно замајување на останато, потиснато пучанство. Еве, да помогнам во целава ситуација! Ние Македонците, под поимот – македонски идентитет (или само идентитет) подразбираме определени својства, особини или карактеристики по кои се издвојуваме и се разликуваме како посебни од другите народи (Грците, Бугарите, Србите, Албанците, Турците)! Накратко, тие карактеристики за нас се: македонскиот именски и колективен идентитет, културниот идентитет (јазик, литература, музика, уметност, фолклор), религиозениот идентитет, етничкиот и национален идентитет, односно, македонската и с т о р и с к а содржина. Македонскиот историски и народен идентитет е присутен во низата на процеси и случувања во времето (децении и векови) и во просторот (македонски), во низата на идеи и стремежи на поединци и групи, во низата на успеси и неуспеси во борбата м а к е д о н с к а. П.С. Гоце Делчев е олицетворение на македонскиот идентитет и се чествува како Македонец!

The post Де, нема разговори за македонскиот идентитет, де македонскиот идентитет и јазикот не се засегнати, па резолуции и декларации… appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ни милиметар да се чепка во македонскиот национален идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-vmro-dpmne-nema-da-dozvoli-ni-milimetar-da-se-chepka-vo-makedonskiot-nacionalen-identitet/ Sat, 01 Jan 2022 18:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=439394

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за Алфа телевизија изјави дека не очекува динамична година на промени, додавајќи дека на полето на евроинтеграциите ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се чепка во македонскиот идентитет и да се прифати бугарската Резолуција да биде дел од преговарачка рамка.

– Кога зборуваме за европерспектива, не очекувам дека нешто би можело драматично да се смени. Длабоко сум убеден дека не постои план 5+1 или како сакаат нека ги нарекуваат, затоа што постои Резолуција на бугарскиот Парламент. Во таа резолуција има точки кои што се неприфатливи за нас како народ, па дури и за политичари како и Зоран Заев, затоа што преставува сериозно негаторска и асимилаторска политика. Се додека таа резолуција постои, договор нема. Ќе имаме закочен евроинтегративен процес, рече Мицкоски.

Тој истакна дека првиот момент кога таа резолуција ќе биде повлечена или заменета со некоја друга, тогаш може да имаме договор.

Ако направат таков будалест чекор и да ја прифатат таа резолуција, да биде дел од евентуална преговарачка рамка, тоа ќе биде конечна асимилација или блокирање на евроинтеграциите, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нема намера да преговара за Резолуцијата на бугарскиот Парламент и таа да стане дел од преговарачката рамка и тоа да им е јасно на сите. Нема намера ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ниту една точка да смени во македонскиот идентитет, каков сака нека е тој притисок. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ни милиметар да се чепка во македонскиот национален идентитет, потенцираше Мицкоски.

Говорејќи за што не очекува во 2022 година, тој рече дека следи динамична година во која ќе се стави крај на заевизмот.

Јас очекувам да биде подинамична и потурбулентна година и мислам дека ќе има многу промени во Македонија во многу области и сметам дека сето ова што сме го зборувале ќе излезе дека сме во право и очекувам предвремени парламентарни избори и конечно да падне заевизмот, нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ни милиметар да се чепка во македонскиот национален идентитет appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за Алфа телевизија изјави дека не очекува динамична година на промени, додавајќи дека на полето на евроинтеграциите ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се чепка во македонскиот идентитет и да се прифати бугарската Резолуција да биде дел од преговарачка рамка.
– Кога зборуваме за европерспектива, не очекувам дека нешто би можело драматично да се смени. Длабоко сум убеден дека не постои план 5+1 или како сакаат нека ги нарекуваат, затоа што постои Резолуција на бугарскиот Парламент. Во таа резолуција има точки кои што се неприфатливи за нас како народ, па дури и за политичари како и Зоран Заев, затоа што преставува сериозно негаторска и асимилаторска политика. Се додека таа резолуција постои, договор нема. Ќе имаме закочен евроинтегративен процес, рече Мицкоски.
Тој истакна дека првиот момент кога таа резолуција ќе биде повлечена или заменета со некоја друга, тогаш може да имаме договор.
Ако направат таков будалест чекор и да ја прифатат таа резолуција, да биде дел од евентуална преговарачка рамка, тоа ќе биде конечна асимилација или блокирање на евроинтеграциите, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нема намера да преговара за Резолуцијата на бугарскиот Парламент и таа да стане дел од преговарачката рамка и тоа да им е јасно на сите. Нема намера ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ниту една точка да смени во македонскиот идентитет, каков сака нека е тој притисок. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ни милиметар да се чепка во македонскиот национален идентитет, потенцираше Мицкоски.
Говорејќи за што не очекува во 2022 година, тој рече дека следи динамична година во која ќе се стави крај на заевизмот.
Јас очекувам да биде подинамична и потурбулентна година и мислам дека ќе има многу промени во Македонија во многу области и сметам дека сето ова што сме го зборувале ќе излезе дека сме во право и очекувам предвремени парламентарни избори и конечно да падне заевизмот, нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ни милиметар да се чепка во македонскиот национален идентитет appeared first on Република.

]]>