македонски граѓани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-gragjani/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Oct 2023 18:04:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски граѓани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-gragjani/ 32 32 Македонски граѓани затечени во загрозените подрачја во Израел, чекаат инструкции како да се евакуираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-gragani-zatecheni-vo-zagrozenite-podrachja-vo-izrael-chekaat-instruktsii-kako-da-se-evakuiraat/ Sun, 08 Oct 2023 18:04:08 +0000 https://republika.mk/?p=689264

Околу 200 македонски граѓани во моментов се во и околу загрозените подрачја во Израел каде што вчера утро почнаа напади од страна на Хамас. Тие чекаат инструкции од Амбасадата на Македонија во Тел Авив или од Министерството за надворешни работи (МНР) како и кога да се евакуираат и безбедно да го напуштат Израел. Освен туристи, семејства има и работници кои имале ангажман во Тел Авив или во Бирзајт, град кој е северно од Рамалах, во Западниот брег.

Министерството соопшти дека утрово Бујар Османи по итна постапка оформил кризен штаб во рамките на МНР, чија задача е да ги следи, координира и систематизира сите постапки поврзани со нашите државјани кои се наоѓаат таму и на кои им е потребна помош или асистенција за нивно безбедно евакуирање.

Помина цел ден откако МНР соопшти дека освен седумте македонски државјани во Израел има и други на кои им е потребна помош при евакуација. Работниците сами почнаа да се јавуваат и да се пријавуваат во Амбасадата на Македонија во Тел Авив.

Меѓу тие што се во Израел има и група од 11 македонски државјани кои се во Бирзајт, град кој се наоѓа северно од Рамалах.

Нам не ми е првпат да сме тука, имаме професионален ангажман, работиме на изградба на фабрика за фармација. Во постојан контакт сме се амбасадата на Македонија и ги следиме нивните инструкции. Кога почна се, веднаш ги информиравме дека има македонски државјани. Ние сме 11, но знаеме дека има и поголема група работници во Тел Авив, велат македонските работници во Бирзајт.

Според нивните кажувања, тие се наоѓаат во безбедна зона, нема пукотници во Бирзајт, но, секако е непријатно да престојуваат во земја во која се води војна.

Тие добиле повик од МНР кој бил повеќе протоколарен, информативен, за тоа каде се наоѓаат, колкумина се, но за некое организирано заминување не станало збор.

Според информациите на Амбасадата на Македонија во Тел Авив, како и според јавувањата на СОС телефонот во Министерството за надворешни работи во Скопје, во Израел и на Западниот Брег постојано се зголемува бројот на наши државјани кои се пријавуваат дека се затечени во и околу загрозените подрачја. Со сите пријавени наши државјани се одржува постојан контакт од страна на Амбасадата, при што се преземаат подготвителни мерки за евентуална асистенција за нивната безбедна евакуација, велат од МНР.

Уште еднаш ги повикуваме нашите граѓани кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел, како и да се пријават во амбасадата во Тел Авив или на дежурните телефони во централата во Скопје, порачуваат од МНР.

Подетални информации околу актуелните состојби можат да се најдат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx

За повеќе информации, на располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378.

Според израелските медиуми, бројот на загинатите во нападот на исламската екстремистичка организација Хамас врз Израел и ракетниот истрел во јужниот и централниот дел на земјата надмина 500. Меѓу жртвите има и десетици војници и полицајци.

Министерството за здравство потврди дека бројот на повредени во болниците достигна 2.048, од кои 20 се во критична состојба и 330 тешко повредени.

The post Македонски граѓани затечени во загрозените подрачја во Израел, чекаат инструкции како да се евакуираат appeared first on Република.

]]>

Околу 200 македонски граѓани во моментов се во и околу загрозените подрачја во Израел каде што вчера утро почнаа напади од страна на Хамас. Тие чекаат инструкции од Амбасадата на Македонија во Тел Авив или од Министерството за надворешни работи (МНР) како и кога да се евакуираат и безбедно да го напуштат Израел. Освен туристи, семејства има и работници кои имале ангажман во Тел Авив или во Бирзајт, град кој е северно од Рамалах, во Западниот брег. Министерството соопшти дека утрово Бујар Османи по итна постапка оформил кризен штаб во рамките на МНР, чија задача е да ги следи, координира и систематизира сите постапки поврзани со нашите државјани кои се наоѓаат таму и на кои им е потребна помош или асистенција за нивно безбедно евакуирање. Помина цел ден откако МНР соопшти дека освен седумте македонски државјани во Израел има и други на кои им е потребна помош при евакуација. Работниците сами почнаа да се јавуваат и да се пријавуваат во Амбасадата на Македонија во Тел Авив. Меѓу тие што се во Израел има и група од 11 македонски државјани кои се во Бирзајт, град кој се наоѓа северно од Рамалах.
Нам не ми е првпат да сме тука, имаме професионален ангажман, работиме на изградба на фабрика за фармација. Во постојан контакт сме се амбасадата на Македонија и ги следиме нивните инструкции. Кога почна се, веднаш ги информиравме дека има македонски државјани. Ние сме 11, но знаеме дека има и поголема група работници во Тел Авив, велат македонските работници во Бирзајт.
Според нивните кажувања, тие се наоѓаат во безбедна зона, нема пукотници во Бирзајт, но, секако е непријатно да престојуваат во земја во која се води војна. Тие добиле повик од МНР кој бил повеќе протоколарен, информативен, за тоа каде се наоѓаат, колкумина се, но за некое организирано заминување не станало збор.
Според информациите на Амбасадата на Македонија во Тел Авив, како и според јавувањата на СОС телефонот во Министерството за надворешни работи во Скопје, во Израел и на Западниот Брег постојано се зголемува бројот на наши државјани кои се пријавуваат дека се затечени во и околу загрозените подрачја. Со сите пријавени наши државјани се одржува постојан контакт од страна на Амбасадата, при што се преземаат подготвителни мерки за евентуална асистенција за нивната безбедна евакуација, велат од МНР.
Уште еднаш ги повикуваме нашите граѓани кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел, како и да се пријават во амбасадата во Тел Авив или на дежурните телефони во централата во Скопје, порачуваат од МНР. Подетални информации околу актуелните состојби можат да се најдат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx За повеќе информации, на располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378. Според израелските медиуми, бројот на загинатите во нападот на исламската екстремистичка организација Хамас врз Израел и ракетниот истрел во јужниот и централниот дел на земјата надмина 500. Меѓу жртвите има и десетици војници и полицајци. Министерството за здравство потврди дека бројот на повредени во болниците достигна 2.048, од кои 20 се во критична состојба и 330 тешко повредени.  

The post Македонски граѓани затечени во загрозените подрачја во Израел, чекаат инструкции како да се евакуираат appeared first on Република.

]]>
Македонските граѓани сметаат дека власта е неспособна да ги реши актуелните проблеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-gragani-smetaat-deka-vlasta-e-nesposobna-da-gi-reshi-aktuelnite-problemi/ Sat, 07 Oct 2023 15:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=688964

Во однос на актуелните прашања, како на пример скандалот во Клиниката за онкологија, проблемите со учебниците, измените во Кривичниот законик, уставните измени… македонските граѓани немаат доверба во тоа како власта ги разрешува овие проблеми. Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 25 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

Над 60% од испитаниците сметаат дека надлежните органи не ја водат професионално и одговорно истрагата за случајот во Клиниката за онкологија.

Повеќе од половина од испитаниците (60%) сметаат дека недостигот на учебници во училиштата се должи на неодговорноста на надлежните институции.

Речиси половина од испитаниците (49%) сметаат дека измените во Кривичниот законик се направени со цел да се минимизираат казните за политичарите од сегашната власт во врска со постоечки или идни можни обвиненија.

Две третини од испитаниците не ги одобруваат честите измени во Уставот и не го оправдуваат начинот на кој беше направена уставната измена за промена на името на Македонија.

Речиси исто толку испитаници (65%) сметаат дека за секоја уставна измена треба да се одлучува преку референдум.

Анкетирањето беше спроведено од 18 до 25 септември 2023 година со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%..

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

извор: МКД.мк

The post Македонските граѓани сметаат дека власта е неспособна да ги реши актуелните проблеми appeared first on Република.

]]>

Во однос на актуелните прашања, како на пример скандалот во Клиниката за онкологија, проблемите со учебниците, измените во Кривичниот законик, уставните измени… македонските граѓани немаат доверба во тоа како власта ги разрешува овие проблеми. Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 25 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк. Над 60% од испитаниците сметаат дека надлежните органи не ја водат професионално и одговорно истрагата за случајот во Клиниката за онкологија. Повеќе од половина од испитаниците (60%) сметаат дека недостигот на учебници во училиштата се должи на неодговорноста на надлежните институции. Речиси половина од испитаниците (49%) сметаат дека измените во Кривичниот законик се направени со цел да се минимизираат казните за политичарите од сегашната власт во врска со постоечки или идни можни обвиненија. Две третини од испитаниците не ги одобруваат честите измени во Уставот и не го оправдуваат начинот на кој беше направена уставната измена за промена на името на Македонија. Речиси исто толку испитаници (65%) сметаат дека за секоја уставна измена треба да се одлучува преку референдум. Анкетирањето беше спроведено од 18 до 25 септември 2023 година со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%.. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година. извор: МКД.мк

The post Македонските граѓани сметаат дека власта е неспособна да ги реши актуелните проблеми appeared first on Република.

]]>
МНР: Седум наши државјани се наоѓаат во градот Витлеем, кој не е погоден од актуелните случувања во Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-sedum-nashi-drzhavjani-se-naogaat-vo-gradot-vitleem-koj-ne-e-pogoden-od-aktuelnite-sluchuvana-vo-izrael/ Sat, 07 Oct 2023 12:34:35 +0000 https://republika.mk/?p=688901

Седум државјани на Република Македонија се наоѓаат во градот Витлеем, на Западниот Брег кој што не е погоден од актуелните случувања во Израел, според информациите на нашата амбасада во Тел Авив, соопшти Министерството за надворешни работи.

Во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел, Министерството за надворешни работи ги повикува граѓаните на Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел.

За подетални информации околу актуелните состојби од МНР посочуваат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx

На располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Израел +972-54-926-7378.

The post МНР: Седум наши државјани се наоѓаат во градот Витлеем, кој не е погоден од актуелните случувања во Израел appeared first on Република.

]]>

Седум државјани на Република Македонија се наоѓаат во градот Витлеем, на Западниот Брег кој што не е погоден од актуелните случувања во Израел, според информациите на нашата амбасада во Тел Авив, соопшти Министерството за надворешни работи. Во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел, Министерството за надворешни работи ги повикува граѓаните на Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел. За подетални информации околу актуелните состојби од МНР посочуваат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx На располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Израел +972-54-926-7378.

The post МНР: Седум наши државјани се наоѓаат во градот Витлеем, кој не е погоден од актуелните случувања во Израел appeared first on Република.

]]>
МНР: Нашите државјани во погодените места од невремето во Грција се на безбедно и во добра состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-nashite-drzhavjani-vo-pogodenite-mesta-od-nevremeto-vo-grtsija-se-na-bezbedno-i-vo-dobra-sostojba/ Fri, 08 Sep 2023 18:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=680053

Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Атина и Генералниот конзул во Солун е во постојана комуникација со нашите државјани кои се најдоа затекнати во погодените места од невремето во Грција, односно во регионот Агиос Иоанис, на источната страна на Пелион во Магнезија, југоисточна Тесалија.

Се работи за 15 нашите државјани, сите на безбедно и во добра состојба. Нашите дипломати се во контакт и со претставниците на локалната самоуправа каде се информираат за локациите каде се наоѓаат нашите државјани.

Во Грција институциите информираат дека интензивно се работи на расчистување на патиштата; надлежните  ги преземаат сите мерки за снабдување на регионите со храна и вода, а веќе е саниран и проблемот со снабдување со електрична енергија.

The post МНР: Нашите државјани во погодените места од невремето во Грција се на безбедно и во добра состојба appeared first on Република.

Мицкоски со бројки ја разголи власта: Македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-so-brojki-ja-razgoli-vlasta-makedonskite-gragjani-plakjaat-najskapa-struja-vo-regionot/ Mon, 17 Oct 2022 19:20:17 +0000 https://republika.mk/?p=562257

Некогаш од Владата сакаат да се споредуваат, па јас ќе направам една споредба, се спремав за оваа денешна емисија. Еве нема да зборувам субјективно, туку ќе ги зборувам податоците кои што ги објавува Еуростат, нели сите веруваме дека Еуростат објавува точни податоци. Ако тоа го земеме како апсолутна вистина, тогаш да речеме оние компании, малите компании или средните компании кои што трошат помеѓу 500 или 2.000 мегават часови годишно, а тоа се најголем дел од компаниите во Македонија, во првата половина од 2017-тата година во Македонија тие компании плаќале најевтина струја, споредено со сите држави во регионот. А, во споредбата се вклучени седум држави, Турција, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора и Македонија. Во првата половина според Еуростат, не според мене, во 2017-тата година македонските компании плаќале 52,4 евра по мегават час, па следи Босна и Херцеговина со 58, па Србија со 58,7, па Турција итн.“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Отворено студио“.

Мицкоски додаде дека денеска во првата половина 2022 година македонските компании од овој обем плаќаат најскапа струја. Односно плаќаат 168 ипол евра за мегават час, па Турција со 117 евра, Албанија 105, Србија 89, Црна Гора 76, Босна и Херцеговина 71 и Косово 65,9 односно 66 евра за мегават час.

Затоа велам кажав што е вложено, што не е вложено и што е ефектот. Еве ова е ефектот од тоа што не е вложувано. Граѓаните бидејќи често ги слушаме како велат граѓаните ги субвенционирале, еве за истите овие седум држави, денеска македонските граѓани според Еуростат повторно ќе кажам не според Христијан, не според ВМРО-ДПМНЕ туку според Еуростат, ако прифатиме дека тие ја зборуваат вистината, граѓаните и домаќинствата во првата половина од 2022 година во Македонија плаќаат убедливо најскапа струја, па потоа следи Црна Гора, па Албанија, па Турција, па Босна и Херцеговина, Србија и во Косово плаќаат најевтина струја. Во Косово плаќаат 55,5 евра, а во Македонија 89,5 евра или би рекол 34 евра по мегават час поевтино плаќаат во Косово, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека во првата половина од 2017-тата година само домаќинствата во Србија и Косово плаќале поевтина струја од Македонија. Додека пак Црна Гора, Албанија, Турција и Босна и Херцеговина плаќале поскапа струја за домаќинствата.

The post Мицкоски со бројки ја разголи власта: Македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот appeared first on Република.

]]>

Некогаш од Владата сакаат да се споредуваат, па јас ќе направам една споредба, се спремав за оваа денешна емисија. Еве нема да зборувам субјективно, туку ќе ги зборувам податоците кои што ги објавува Еуростат, нели сите веруваме дека Еуростат објавува точни податоци. Ако тоа го земеме како апсолутна вистина, тогаш да речеме оние компании, малите компании или средните компании кои што трошат помеѓу 500 или 2.000 мегават часови годишно, а тоа се најголем дел од компаниите во Македонија, во првата половина од 2017-тата година во Македонија тие компании плаќале најевтина струја, споредено со сите држави во регионот. А, во споредбата се вклучени седум држави, Турција, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора и Македонија. Во првата половина според Еуростат, не според мене, во 2017-тата година македонските компании плаќале 52,4 евра по мегават час, па следи Босна и Херцеговина со 58, па Србија со 58,7, па Турција итн.“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Отворено студио“. Мицкоски додаде дека денеска во првата половина 2022 година македонските компании од овој обем плаќаат најскапа струја. Односно плаќаат 168 ипол евра за мегават час, па Турција со 117 евра, Албанија 105, Србија 89, Црна Гора 76, Босна и Херцеговина 71 и Косово 65,9 односно 66 евра за мегават час.
Затоа велам кажав што е вложено, што не е вложено и што е ефектот. Еве ова е ефектот од тоа што не е вложувано. Граѓаните бидејќи често ги слушаме како велат граѓаните ги субвенционирале, еве за истите овие седум држави, денеска македонските граѓани според Еуростат повторно ќе кажам не според Христијан, не според ВМРО-ДПМНЕ туку според Еуростат, ако прифатиме дека тие ја зборуваат вистината, граѓаните и домаќинствата во првата половина од 2022 година во Македонија плаќаат убедливо најскапа струја, па потоа следи Црна Гора, па Албанија, па Турција, па Босна и Херцеговина, Србија и во Косово плаќаат најевтина струја. Во Косово плаќаат 55,5 евра, а во Македонија 89,5 евра или би рекол 34 евра по мегават час поевтино плаќаат во Косово, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека во првата половина од 2017-тата година само домаќинствата во Србија и Косово плаќале поевтина струја од Македонија. Додека пак Црна Гора, Албанија, Турција и Босна и Херцеговина плаќале поскапа струја за домаќинствата.  

The post Мицкоски со бројки ја разголи власта: Македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот appeared first on Република.

]]>
Македонските граѓани ќе можат да влезат во Италија со сертификат или негативен ковид-тест https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-gragjani-kje-mozat-da-vlezat-vo-italija-so-sertifikat-ili-negativen-kovid-test/ Tue, 01 Mar 2022 09:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=465686

Амбасадата на Италија информира дека почнувајќи од денес, 1. март, па сѐ до 31 март, кога се очекува да заврши вонредната состојба во Италија, нема да има повеќе ограничувања за влез во земјата.

Ќе може да се влезе и за туристички патувања, со приложување на Европскиот ковид сертификат, добиен по извршена вакцинација со една од вакцините одобрени од ЕМА. Во оваа насока, амбасадата потсетува дека Италија донираше во Македонија 250.000 дози од вакцината Фајзер, што им овозможува на оние кои сè уште не го сториле тоа да го завршат циклусот, зголемувајќи ја заштитата на населението.

Алтернативно, ќе може да се влезе во Италија и со потврда/сертификат за оздравување или со прикажување негативен молекуларен или антигенски тест (од кој во секој случај се ослободени децата на возраст под 6 години). Конечно, Италијанската амбасада известува дека при влез во земјата задолжително треба да се приложи и дигиталниот формулар за лоцирање на патници (PLF – Passenger Location Form).

The post Македонските граѓани ќе можат да влезат во Италија со сертификат или негативен ковид-тест appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Италија информира дека почнувајќи од денес, 1. март, па сѐ до 31 март, кога се очекува да заврши вонредната состојба во Италија, нема да има повеќе ограничувања за влез во земјата. Ќе може да се влезе и за туристички патувања, со приложување на Европскиот ковид сертификат, добиен по извршена вакцинација со една од вакцините одобрени од ЕМА. Во оваа насока, амбасадата потсетува дека Италија донираше во Македонија 250.000 дози од вакцината Фајзер, што им овозможува на оние кои сè уште не го сториле тоа да го завршат циклусот, зголемувајќи ја заштитата на населението. Алтернативно, ќе може да се влезе во Италија и со потврда/сертификат за оздравување или со прикажување негативен молекуларен или антигенски тест (од кој во секој случај се ослободени децата на возраст под 6 години). Конечно, Италијанската амбасада известува дека при влез во земјата задолжително треба да се приложи и дигиталниот формулар за лоцирање на патници (PLF – Passenger Location Form).

The post Македонските граѓани ќе можат да влезат во Италија со сертификат или негативен ковид-тест appeared first on Република.

]]>
Македонско семејство со петдневно новороденче заглавено во Харков https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonsko-semejstvo-so-petdnevno-novorodenche-zaglaveno-vo-harkov/ Tue, 01 Mar 2022 08:37:22 +0000 https://republika.mk/?p=465644

Министерството за надвореншни работи е во постојана комуникација со македонските граѓани во Украина, соопшти на денешниот брифинг министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Според него околностите во Украина ќе се влошуваат, па затоа внимателно се работи на безбедно извлекување на македонските граѓани, се чека на сигурни коридори и конвои.

Само 20 граѓани заминале од Украина пред да почне војната. Низ безбедносни коридори, извлечени се уште 30 граѓани. Вкупно 50 граѓани биле таму. 15 се монитори во специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ. 15 наши граѓани, цивили, се извлечени, во партнерска соработка со други држави, пред се со Бугарија. Шестмина од нив од ЕСА, а десет преку конвои на Бугарија, кои извлегкуваа 200 нивни граѓани. Очекуваме денеска да ги извлечеме и остантите монитори. Има семејство со петдневно бебе во Харков каде се одвиваат најголемите воени дејствија. Во постојана комуникација сме со нив. Не можеле да одговорат на повикот, бидејќи чекале породување. Имаме комуникација со многу држави, за тие кои имаат пристап до тој град, кој се наоѓа до границата со Русија, да го извлечеме тоа семејството, рече Османи.

The post Македонско семејство со петдневно новороденче заглавено во Харков appeared first on Република.

Бугарија евакуира 200 лица од Украина, меѓу нив и македонски граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-evakuira-200-lica-od-ukraina-megju-niv-i-makedonski-gragjani/ Mon, 28 Feb 2022 19:04:40 +0000 https://republika.mk/?p=465476

Бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска на вонреден брифинг соопшти дека денеска сите бугарски државјани кои се наоѓаат во Украина и изразиле желба за евакуација од Киев и околината, имаат можност за итна евакуација. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во моментов Украина ја напуштаат четири автобуси и сите автомобили на бугарскиот конзулат во Одеса и амбасадата во Киев.

Во автобусите и автомобилите има околу 200 лица – бугарски, американски, македонски и украински државјани, еден државјанин на Грузија, како и персоналот на бугарската амбасада во Киев и генералниот конзулат во Одеса.

Министерката Генчовска и македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи се во постојана комуникација за извлекувањето на македонските државјани, изјави за МИА портпаролот на бугарското МНР, Митко Димитров.

Димитров потсети дека вчера бугарски дипломати помогнале на 22 македонски државјани на украинско-молдавската и романската граница, а двајца Македонци ја напуштиле Одеса со автобус.

The post Бугарија евакуира 200 лица од Украина, меѓу нив и македонски граѓани appeared first on Република.

]]>

Бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска на вонреден брифинг соопшти дека денеска сите бугарски државјани кои се наоѓаат во Украина и изразиле желба за евакуација од Киев и околината, имаат можност за итна евакуација. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во моментов Украина ја напуштаат четири автобуси и сите автомобили на бугарскиот конзулат во Одеса и амбасадата во Киев. Во автобусите и автомобилите има околу 200 лица – бугарски, американски, македонски и украински државјани, еден државјанин на Грузија, како и персоналот на бугарската амбасада во Киев и генералниот конзулат во Одеса. Министерката Генчовска и македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи се во постојана комуникација за извлекувањето на македонските државјани, изјави за МИА портпаролот на бугарското МНР, Митко Димитров. Димитров потсети дека вчера бугарски дипломати помогнале на 22 македонски државјани на украинско-молдавската и романската граница, а двајца Македонци ја напуштиле Одеса со автобус.

The post Бугарија евакуира 200 лица од Украина, меѓу нив и македонски граѓани appeared first on Република.

]]>
Македонски граѓани од Украина се евакуираат преку коридор од Одеса https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-gragjani-od-ukraina-se-evakuiraat-preku-koridor-od-odesa/ Mon, 28 Feb 2022 08:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=464969

Македонски граѓани кои се уште се наоѓаат во Украина се евакуираат преку безбедни коридори. Од Министерството за надворешни работи апелираат сите македонски државјани кои се уште не оставиле свои податоци, веднаш да се јават на телефонскиот број +389 75 273 732, кој е постојано активен и да остават прецизни податоци за нивната локација и состојба.

Вчера, две семејства од Одеса преку коридор обезбеден во координација со Владата на Бугарија се евакуирани, а шест други македонски граѓани се наоѓаат на безбедно во Молдавија од каде треба да продолжат кон Бугарија, а оттаму кон земјава.

Активностите продолжуваат, се прават сите напори за да бидат евакирани сите граѓани кои ќе побараат помош - напиша вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи на „Фејсбук“.

Од МНР апелираат оние македонски граѓани, кои се во можност, да се упатат кон Одеса и да се јават во просториите на Генералниот конзулат на Бугарија од каде се уште има активни коридори за евакуација.

Остварена е соработка и со властите на Романија и Унгарија и се апелира до граѓаните, кои се во можност, да се упатат во западниот дел на Украина, кон конзулатите на Романија во Солотвино и Чернаути, како и кон конзулатите на Унгарија во Узгород, Берегове и Мукачево.

Kако што соопшти вчера МНР, nа овие локации ќе им биде пружена дополнителна помош и асистенција во насока на нивна евакуација од Украина кон овие земји.

Во постојан контакт сме и со властите во Молдавија, од каде исто така имаме добиено потврда за вклучување на нашите државјани во евентуалните нивни коридори за евакуација - информираше МНР.

Оттаму посочија дека се прават напори да се обезбедат и други безбедносни коридори за евакуација на наши државјани за што дополнително ќе информираат.

Во саботата беа евакуирани и македонските дипломати од Киев и беше почнат процес за евакуација на 30 наши монитори во рамки на Специјалната мониторинг мисија. Дел од нив беа упатени кон Молдавија, а дел кон Полска.

Одлука за евакуација на нашите дипломати имаме донесено на денот на руската агресија во Украина, но поради отежнатите околности тие не беа во состојба да ја напуштат Амбасадата. Целиот овој период беа во скривница. Потоа преземавме неколку координации со наши партнери и успеавме пред половина час да ги извлечеме нашите дипломати преку безбедносен коридор и тие се веќе тргнати кон Молдавија - изјави шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во саботата.

Од МНР во саботата информираа дека имале јавувања и од македонски превозници кои се заглавени на украинско-полската и украинско-романската граница и дека се прават напори да им се помогне да ја напуштат украинската територија без да трпат економски последици. МНР апелира и до сите транспортни превозници да се воздржат од проток и патувања кон Украина затоа што, како што наведуваат, состојбите се крајно непредвидливи и нашите институции не можат да ја гарантираат нивната безбедност.

Kако што соопшти УНИЦЕФ, oд почетокот на воениот конфликт во Украина, во соседните држави избегале околу 368.000 бегалци и нивниот број продолжува да расте.

Тој број се заснова на податоците што ни ги дадоа националните власти - соопшти вчера УНХЦР во порака на Твитер.

Претходно, агенцијата на ОН објави дека во соседните земји има повеќе од 200.000 бегалци.

The post Македонски граѓани од Украина се евакуираат преку коридор од Одеса appeared first on Република.

]]>

Македонски граѓани кои се уште се наоѓаат во Украина се евакуираат преку безбедни коридори. Од Министерството за надворешни работи апелираат сите македонски државјани кои се уште не оставиле свои податоци, веднаш да се јават на телефонскиот број +389 75 273 732, кој е постојано активен и да остават прецизни податоци за нивната локација и состојба. Вчера, две семејства од Одеса преку коридор обезбеден во координација со Владата на Бугарија се евакуирани, а шест други македонски граѓани се наоѓаат на безбедно во Молдавија од каде треба да продолжат кон Бугарија, а оттаму кон земјава.
Активностите продолжуваат, се прават сите напори за да бидат евакирани сите граѓани кои ќе побараат помош - напиша вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи на „Фејсбук“.
Од МНР апелираат оние македонски граѓани, кои се во можност, да се упатат кон Одеса и да се јават во просториите на Генералниот конзулат на Бугарија од каде се уште има активни коридори за евакуација. Остварена е соработка и со властите на Романија и Унгарија и се апелира до граѓаните, кои се во можност, да се упатат во западниот дел на Украина, кон конзулатите на Романија во Солотвино и Чернаути, како и кон конзулатите на Унгарија во Узгород, Берегове и Мукачево. Kако што соопшти вчера МНР, nа овие локации ќе им биде пружена дополнителна помош и асистенција во насока на нивна евакуација од Украина кон овие земји.
Во постојан контакт сме и со властите во Молдавија, од каде исто така имаме добиено потврда за вклучување на нашите државјани во евентуалните нивни коридори за евакуација - информираше МНР.
Оттаму посочија дека се прават напори да се обезбедат и други безбедносни коридори за евакуација на наши државјани за што дополнително ќе информираат. Во саботата беа евакуирани и македонските дипломати од Киев и беше почнат процес за евакуација на 30 наши монитори во рамки на Специјалната мониторинг мисија. Дел од нив беа упатени кон Молдавија, а дел кон Полска.
Одлука за евакуација на нашите дипломати имаме донесено на денот на руската агресија во Украина, но поради отежнатите околности тие не беа во состојба да ја напуштат Амбасадата. Целиот овој период беа во скривница. Потоа преземавме неколку координации со наши партнери и успеавме пред половина час да ги извлечеме нашите дипломати преку безбедносен коридор и тие се веќе тргнати кон Молдавија - изјави шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во саботата.
Од МНР во саботата информираа дека имале јавувања и од македонски превозници кои се заглавени на украинско-полската и украинско-романската граница и дека се прават напори да им се помогне да ја напуштат украинската територија без да трпат економски последици. МНР апелира и до сите транспортни превозници да се воздржат од проток и патувања кон Украина затоа што, како што наведуваат, состојбите се крајно непредвидливи и нашите институции не можат да ја гарантираат нивната безбедност. Kако што соопшти УНИЦЕФ, oд почетокот на воениот конфликт во Украина, во соседните држави избегале околу 368.000 бегалци и нивниот број продолжува да расте.
Тој број се заснова на податоците што ни ги дадоа националните власти - соопшти вчера УНХЦР во порака на Твитер.
Претходно, агенцијата на ОН објави дека во соседните земји има повеќе од 200.000 бегалци.

The post Македонски граѓани од Украина се евакуираат преку коридор од Одеса appeared first on Република.

]]>
Шест наши граѓани ја напуштија Украина: Од Молдавија патуваат кон Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shest-nashi-gragjani-ja-napushtija-ukraina-od-moldavija-patuvaat-kon-bugarija/ Sun, 27 Feb 2022 15:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=464757

МНР претходно побара од оние кои не оставиле свои податоци веднаш да се јават во Министерството за да дадат прецизни информации за нивната локација со цел да се овозможи и нивна побрза евакуација. Дежурниот телефонски број кој постојано е активен во МНР е: +389 75 273 732

Шест наши граѓани тукушто ја поминаа границата на Украина и се наоѓаат на безбедно во Молдавија од каде продолжуваат кон Бугарија и потоа на пат кон земјава, објави шефот на дипломатијата Бујар Османи.

„Активностите продолжуваат, се прават сите напори за да бидат евакуирани сите граѓани кои ќе побараат помош“, додава министерот.

The post Шест наши граѓани ја напуштија Украина: Од Молдавија патуваат кон Бугарија appeared first on Република.

]]>

МНР претходно побара од оние кои не оставиле свои податоци веднаш да се јават во Министерството за да дадат прецизни информации за нивната локација со цел да се овозможи и нивна побрза евакуација. Дежурниот телефонски број кој постојано е активен во МНР е: +389 75 273 732 Шест наши граѓани тукушто ја поминаа границата на Украина и се наоѓаат на безбедно во Молдавија од каде продолжуваат кон Бугарија и потоа на пат кон земјава, објави шефот на дипломатијата Бујар Османи.
„Активностите продолжуваат, се прават сите напори за да бидат евакуирани сите граѓани кои ќе побараат помош“, додава министерот.

The post Шест наши граѓани ја напуштија Украина: Од Молдавија патуваат кон Бугарија appeared first on Република.

]]>
МНР: Нема повредени или загрозени македонски граѓани во Казахстан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-nema-povredeni-ili-zagrozeni-makedonski-gragjani-vo-kazahstan/ Fri, 07 Jan 2022 08:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=441557

Министерството за надворешни работи известува дека согласно остварените комуникации со дел од граѓаните на Македонија кои во моментов се наоѓаат во Казахстан, тие се безбедни и засега не е регистриран ниту еден наш граѓанин кој е повреден или загрозен.

МНР продолжува континуирано да ја следи состојбата во Казахстан и е во постојан контакт со Амбасадата на Македонија во Нур Султан, како и со соодветните институции од земјите во регионот, со цел обезбедување соодветни информации за македонските граѓани.

Од МНР апелираат до сите наши граѓани кои во овој момент се наоѓаат во Казахстан да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации.

За сите прашања поврзани со безбедноста на граѓаните на Македонија кои во моментот се наоѓаат во Казахстан молиме да се обратите на отворените телефони во нашето дипломатско-конзуларно претставништва во Нур Султан или во Министерството за надворешни работи. За сите наши граѓани кои планираат патување во Казахстан, апелираме да се одложи истото доколку е можно.

Амбасада на Македонија во Нур Султан
Телефон: +7771 103 7070 / +7775 257 3322. Молиме да се има во предвид дека има повремени прекиди на интернетот во Казахстан.
Е-пошта: nursultan@mfa.gov.mk
Адреса: Ul. “Tashenov” No3, Nur-Sultan 010000, Republic of Kazakhstan

Министерство за надворешни работи на Македонија: Дежурен телефон активен 24 часа +389 75 273 732 и е-маил: globalsos@mfa.gov.mk , наведуваат од македонското МНР.

The post МНР: Нема повредени или загрозени македонски граѓани во Казахстан appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи известува дека согласно остварените комуникации со дел од граѓаните на Македонија кои во моментов се наоѓаат во Казахстан, тие се безбедни и засега не е регистриран ниту еден наш граѓанин кој е повреден или загрозен. МНР продолжува континуирано да ја следи состојбата во Казахстан и е во постојан контакт со Амбасадата на Македонија во Нур Султан, како и со соодветните институции од земјите во регионот, со цел обезбедување соодветни информации за македонските граѓани. Од МНР апелираат до сите наши граѓани кои во овој момент се наоѓаат во Казахстан да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации.
За сите прашања поврзани со безбедноста на граѓаните на Македонија кои во моментот се наоѓаат во Казахстан молиме да се обратите на отворените телефони во нашето дипломатско-конзуларно претставништва во Нур Султан или во Министерството за надворешни работи. За сите наши граѓани кои планираат патување во Казахстан, апелираме да се одложи истото доколку е можно.
Амбасада на Македонија во Нур Султан Телефон: +7771 103 7070 / +7775 257 3322. Молиме да се има во предвид дека има повремени прекиди на интернетот во Казахстан. Е-пошта: nursultan@mfa.gov.mk Адреса: Ul. “Tashenov” No3, Nur-Sultan 010000, Republic of Kazakhstan Министерство за надворешни работи на Македонија: Дежурен телефон активен 24 часа +389 75 273 732 и е-маил: globalsos@mfa.gov.mk , наведуваат од македонското МНР.  

The post МНР: Нема повредени или загрозени македонски граѓани во Казахстан appeared first on Република.

]]>