македонски филм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-film/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Jul 2024 10:47:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски филм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-film/ 32 32 Македонската историска драма „Најдолгиот пат“ вечер во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/scena/film/makedonskata-istoriska-drama-najdolgiot-pat-vecher-vo-kinoteka/ Wed, 10 Jul 2024 10:47:54 +0000 https://republika.mk/?p=795293

Во среда, на 10 јули 2024 година, во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:30 часот, ќе може да го погледнете македонскиот игран филм „Најдолгиот пат“.

НАЈДОЛГИОТ ПАТ

(The Longest Road)

Игран филм, Македонија

1976, 126 мин., колор, 35 мм

Режија: Бранко Гапо

Сценарио: Петре М. Андреевски

Улоги: Ристо Шишков, Данчо Чевревски, Дарко Дамески, Душан Јаниќиевиќ, Мето Јовановски

„Најдолгиот пат“ е четвртиот игран филм на Бранко Гапо, кој е заснован врз вистински настани од почетокот на XX век, објавени во зборникот на Петре М. Андреевски „Темни кажувања“. Речиси целиот филм е снимен во екстериери.

Режисерот Бранко Гапо успева да создаде автентична и длабоко впечатлива атмосфера преку внимателно осмислената кинематографија и реалистичната приказна. Користењето на природните пејзажи на Македонија, како и деталното внимание на историските и културните елементи, додаваат на автентичноста и емотивната тежина на филмот.

Актерските изведби во „Најдолгиот пат“ се извонредни. Главниот актер, Ристо Шишков дава силна и трогателна изведба, прикажувајќи ги сложените емоции и моралните дилеми со кои се соочува неговиот лик. Неговата хемија со останатите актери е очигледна, што придонесува за длабочината и комплексноста на наративот.

„Најдолгиот пат“ е значаен не само како историска драма, туку и како длабока човечка приказна за борбата, за надежта и за издржливоста. Бранко Гапо успева да создаде филм кој е и интимен и епски, прикажувајќи ги предизвиците и храброста на македонските револуционери на начин кој е истовремено и универзален и специфичен за македонското искуство.

Награди:

1976 ФЈИФ, Пула, Голема сребрена арена за филм

1976 ФЈИФ, Пула, Сребрена арена за камера на Киро Билбиловски

1976 ФЈИФ, Пула, Диплома за успешна дебитантска улога на Петар Темелковски

1976 ФФ, Ниш, Награда за најхумана улога за Петар Арсовски

1976 ФФ, Ниш, Повелба за машка улога за Ристо Шишков

1977 ФЕСТ, Диплома за најдобра камера на Киро Билбиловски

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

The post Македонската историска драма „Најдолгиот пат“ вечер во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Во среда, на 10 јули 2024 година, во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:30 часот, ќе може да го погледнете македонскиот игран филм „Најдолгиот пат“. НАЈДОЛГИОТ ПАТ (The Longest Road) Игран филм, Македонија 1976, 126 мин., колор, 35 мм Режија: Бранко Гапо Сценарио: Петре М. Андреевски Улоги: Ристо Шишков, Данчо Чевревски, Дарко Дамески, Душан Јаниќиевиќ, Мето Јовановски „Најдолгиот пат“ е четвртиот игран филм на Бранко Гапо, кој е заснован врз вистински настани од почетокот на XX век, објавени во зборникот на Петре М. Андреевски „Темни кажувања“. Речиси целиот филм е снимен во екстериери. Режисерот Бранко Гапо успева да создаде автентична и длабоко впечатлива атмосфера преку внимателно осмислената кинематографија и реалистичната приказна. Користењето на природните пејзажи на Македонија, како и деталното внимание на историските и културните елементи, додаваат на автентичноста и емотивната тежина на филмот. Актерските изведби во „Најдолгиот пат“ се извонредни. Главниот актер, Ристо Шишков дава силна и трогателна изведба, прикажувајќи ги сложените емоции и моралните дилеми со кои се соочува неговиот лик. Неговата хемија со останатите актери е очигледна, што придонесува за длабочината и комплексноста на наративот. „Најдолгиот пат“ е значаен не само како историска драма, туку и како длабока човечка приказна за борбата, за надежта и за издржливоста. Бранко Гапо успева да создаде филм кој е и интимен и епски, прикажувајќи ги предизвиците и храброста на македонските револуционери на начин кој е истовремено и универзален и специфичен за македонското искуство. Награди: 1976 ФЈИФ, Пула, Голема сребрена арена за филм 1976 ФЈИФ, Пула, Сребрена арена за камера на Киро Билбиловски 1976 ФЈИФ, Пула, Диплома за успешна дебитантска улога на Петар Темелковски 1976 ФФ, Ниш, Награда за најхумана улога за Петар Арсовски 1976 ФФ, Ниш, Повелба за машка улога за Ристо Шишков 1977 ФЕСТ, Диплома за најдобра камера на Киро Билбиловски Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари

The post Македонската историска драма „Најдолгиот пат“ вечер во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Македонскиот филм во фокусот на летната сцена на Кинотека https://arhiva3.republika.mk/scena/film/makedonskiot-film-vo-fokusot-na-letnata-stsena-na-kinoteka/ Thu, 27 Jun 2024 08:43:14 +0000 https://republika.mk/?p=791184

Легендарните ЛЕБ И СОЛ имаат композиција која никако не се заборава. Станува збор за вечната хит нумера од нивната дискографија СКОПЈЕ. Скопје има микро клима – изгор лето, кочан зима. Стихот изгор и тоа како го чуствуваме. Токму затоа КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА нуди релаксација, а истовремено и интелектуален стимул. На летната кино сцена, во добропознатиот манир на МИРНО ЛЕТО, месецов ќе бидат прикажани остварувања од нашата национална кинематографија, со постар, но и со понов датум на реализација.

Ќе се прикаже и филмот ЖЕД, на исто така легендарниот и наш филмски и театарски режисер, Димитрие Османли. Тоа е втор долгометражен игран филм во продукција на Филмско студио – Скопје и на дистрибутерската куќа „Македонија филм“. Еден од најугледните филмски критичари во светот, Роналд Холовеј, во специјалното издание на Кинотеката на Македонија на англиски јазик „Kino – Macedonian film“, за ЖЕД оценува дека се работи за „пофален одговор“ на македонската кинематографија на интернационалниот успех на југословенскиот „црн бран“… Не смее да се изостави ниту проекцијата на ВОЛЧЈА НОЌ, во режија на Франце Штиглиц и според сценарио на македонскиот писател Славко Јаневски. Токму ова остварување е вториот гран филм во историјата на седмата уметност кај нас.

Во рамките на месечнава понуда, на летната кино сцена МИРНО ЛЕТО, ќе се прикажат и квалитетните современи остварувања како фестивалскиот миленик ИСЦЕЛИТЕЛ, ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ, РУГАЊЕ СО ХРИСТА, хитот на кино благајните БАЛ-КАН-КАН, култниот постмодерен омнибус СКОПЈЕ РЕМИКС.

Средината на овој месец е резервирана за содржините селектирани од филмскиот фестивал СИНЕДЕЈС.

Репертоарската понуда се заокружува со прикажувањето на филмските материјали кои се однесуваат на земјотресот што го зафати нашиот главен град во 1963-та, како и со промоцијата на „Македониум: Драматургија на недовршеното“. Тоа е колаборативен филм на режисерката Теона Стругар Митевска и уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски, работен врз основа на истоимената книгата на Иваноска и Чаловски, која се фокусира на приказната за „Македониум“, најистакнатиот меморијален комплекс изграден во социјалистичка Македонија.

Токму оваа месечна понуда на КИНОТЕКА покажува дека нашата кинематографија и тоа како има значајни дела, наслови кои предизвикуваат своевиден земјотрес, на емоции, на впечатоци. Пред сè, тие претставуваат извор на инспирација за помладите, а благопријатен флешбек за постарите кино-проследувачи.

The post Македонскиот филм во фокусот на летната сцена на Кинотека appeared first on Република.

]]>

Легендарните ЛЕБ И СОЛ имаат композиција која никако не се заборава. Станува збор за вечната хит нумера од нивната дискографија СКОПЈЕ. Скопје има микро клима – изгор лето, кочан зима. Стихот изгор и тоа како го чуствуваме. Токму затоа КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА нуди релаксација, а истовремено и интелектуален стимул. На летната кино сцена, во добропознатиот манир на МИРНО ЛЕТО, месецов ќе бидат прикажани остварувања од нашата национална кинематографија, со постар, но и со понов датум на реализација. Ќе се прикаже и филмот ЖЕД, на исто така легендарниот и наш филмски и театарски режисер, Димитрие Османли. Тоа е втор долгометражен игран филм во продукција на Филмско студио – Скопје и на дистрибутерската куќа „Македонија филм“. Еден од најугледните филмски критичари во светот, Роналд Холовеј, во специјалното издание на Кинотеката на Македонија на англиски јазик „Kino – Macedonian film“, за ЖЕД оценува дека се работи за „пофален одговор“ на македонската кинематографија на интернационалниот успех на југословенскиот „црн бран“… Не смее да се изостави ниту проекцијата на ВОЛЧЈА НОЌ, во режија на Франце Штиглиц и според сценарио на македонскиот писател Славко Јаневски. Токму ова остварување е вториот гран филм во историјата на седмата уметност кај нас. Во рамките на месечнава понуда, на летната кино сцена МИРНО ЛЕТО, ќе се прикажат и квалитетните современи остварувања како фестивалскиот миленик ИСЦЕЛИТЕЛ, ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ, РУГАЊЕ СО ХРИСТА, хитот на кино благајните БАЛ-КАН-КАН, култниот постмодерен омнибус СКОПЈЕ РЕМИКС. Средината на овој месец е резервирана за содржините селектирани од филмскиот фестивал СИНЕДЕЈС. Репертоарската понуда се заокружува со прикажувањето на филмските материјали кои се однесуваат на земјотресот што го зафати нашиот главен град во 1963-та, како и со промоцијата на „Македониум: Драматургија на недовршеното“. Тоа е колаборативен филм на режисерката Теона Стругар Митевска и уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски, работен врз основа на истоимената книгата на Иваноска и Чаловски, која се фокусира на приказната за „Македониум“, најистакнатиот меморијален комплекс изграден во социјалистичка Македонија. Токму оваа месечна понуда на КИНОТЕКА покажува дека нашата кинематографија и тоа како има значајни дела, наслови кои предизвикуваат своевиден земјотрес, на емоции, на впечатоци. Пред сè, тие претставуваат извор на инспирација за помладите, а благопријатен флешбек за постарите кино-проследувачи.  

The post Македонскиот филм во фокусот на летната сцена на Кинотека appeared first on Република.

]]>
Тамара, Теона и Горан – триумф на македонскиот филм во Венеција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tamara-teona-i-goran-triumf-na-makedonskiot-film-vo-venetsija/ Fri, 08 Sep 2023 12:41:38 +0000 https://republika.mk/?p=679957

После премиерата на Горан Столевски, а во рамки на најсмелата и најпровокативна програма на Венециски филмски фестивал, „Авторски денови“, вчера, на 6 септември, својата светска премиера ја имаше и најновото филмско остварување на Теона Стругар Митевска „21 ден до крајот на светот“. Возбудената публика уживаше и во плодната дебата за суштинските прашања за слобода, слобода на израз, феминизмот денес, која се разви за време на сесијата за прашања и одговори по прикажувањето на филмот, соопштија од Агенцијата за филм.

Македонскиот филм доминираше на најстариот фестивал на филмот во Венеција, претставен преку тројца наши автори. Секој успех и секој автор говори сам за себе, но ваквото силно присуство во различни програми на тројцата наши режисери, остава национален печат и јас сум премногу горд што го доживувам овој значаен момент. Уште еднаш честитки за сите тројца, но и за екипите со кои ги сработија проектите, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.

Тамара Котевска на Венецискиот флмски фестивал како една од тројцата светски автори чии филмови влијаат на општеството и ја менуваат свеста на луѓето за важни социјални теми.

Таа ја раскажува приказната за создавањето на нејзиниот нов документарен филм „The Walk“, филм кој го следи пеколниот пат на бегалците од Сирија до Англија и кој го открива лицемерието на Европа во тој процес на “одење” од земја во земја.

Тамара Котевска е првиот режисер од Македонија која е поканета да биде говорник на овој исклучително важен настан во рамките на Венецискиот Филмски фестивал

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција вчера ја имаше својата светска премиера, токму на на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција. Премиерата заврши со овации и со честитки, а филмските критики се фантастични.

The post Тамара, Теона и Горан – триумф на македонскиот филм во Венеција appeared first on Република.

]]>

После премиерата на Горан Столевски, а во рамки на најсмелата и најпровокативна програма на Венециски филмски фестивал, „Авторски денови“, вчера, на 6 септември, својата светска премиера ја имаше и најновото филмско остварување на Теона Стругар Митевска „21 ден до крајот на светот“. Возбудената публика уживаше и во плодната дебата за суштинските прашања за слобода, слобода на израз, феминизмот денес, која се разви за време на сесијата за прашања и одговори по прикажувањето на филмот, соопштија од Агенцијата за филм.
Македонскиот филм доминираше на најстариот фестивал на филмот во Венеција, претставен преку тројца наши автори. Секој успех и секој автор говори сам за себе, но ваквото силно присуство во различни програми на тројцата наши режисери, остава национален печат и јас сум премногу горд што го доживувам овој значаен момент. Уште еднаш честитки за сите тројца, но и за екипите со кои ги сработија проектите, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.
Тамара Котевска на Венецискиот флмски фестивал како една од тројцата светски автори чии филмови влијаат на општеството и ја менуваат свеста на луѓето за важни социјални теми. Таа ја раскажува приказната за создавањето на нејзиниот нов документарен филм „The Walk“, филм кој го следи пеколниот пат на бегалците од Сирија до Англија и кој го открива лицемерието на Европа во тој процес на “одење” од земја во земја. Тамара Котевска е првиот режисер од Македонија која е поканета да биде говорник на овој исклучително важен настан во рамките на Венецискиот Филмски фестивал Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција вчера ја имаше својата светска премиера, токму на на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција. Премиерата заврши со овации и со честитки, а филмските критики се фантастични.

The post Тамара, Теона и Горан – триумф на македонскиот филм во Венеција appeared first on Република.

]]>
Македонија на филмскиот маркет во Кан https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonija-na-filmskiot-market-vo-kan/ Mon, 16 May 2022 15:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=503007

Агенцијата за филм на Македонија и оваа година ќе биде присутна на филмскиот маркет кој се одржува од 17. до 25. мај во рамки на Канскиот филмски фестивал каде ќе биде промовирана македонската кинематографија.

Од најновата филмска продукција поддржана од Агенцијата за филм, проекции на маркетот на Канскиот филмски фестивал ќе имаат и долгометражните филмови „Мими“ во режија на Даријан Пејовски и продукција на Скопје филм студио, „Кома“ во режија на Агим Абдула, а во продукција на Галактика филм, и „Преекспонирано“ во режија на Елеонора Венинова и продукција на ДНФ филм, информираат од Агенцијата за филм.

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски (Сузи Кју продукција) е селектиран во Каталогот на Канскиот филмски маркет за краткометражни филмови (Short film corner / Cannes court metrage / rendez vous industry). Проекцијата во рамките на филмскиот маркет е закажана на 26 мај (четврток) во PALAIS H во 16:30 часот.

Меѓудругото, нашата продуцентка Марија Димитрова е избрана меѓу 20-те Producers on the move, програма на European Film promotion, меѓународна мрежа за филмска промоција каде Агенцијата за филм е членка. Воедно, режисерката Дина Дума ќе биде присутна во резиденцијалната програма Residence du Festival која се одржува во соработка со француското CNC, каде на 18. мај ќе го презентира новиот проект во развој Skateboarding is not for girls, известуваат од Агенцијата за филм.

Оттаму истакнуваат дека освен ова успешно претставување на нашата кинематографија на престижниот Кански филмски фестивал, Агенцијата за филм ќе реализира низа активности во насока на афирмација на македонскиот филм на еден од најважните филмски фестивали во светот.

Македонскиот штанд во SEE павиљонот ќе биде место на кое македонската делегација од Агенцијата за филм ќе ги претстави најновите случувања во нашата кинематографија и ќе реализира средби за идни копродукциски соработки. За оваа цел е подготвен обемен каталогизиран и промотивен материјал, велат од Агенцијата.

Сите присутни на Филмскиот маркет кои ќе го посетат павилијонот на земјите од Југоисточна Европа (SEE pavilion), а се заинтересирани за потенцијални идни соработки и иницијативи ќе имаат можност да остварат состаноци со претставници од Агенцијата.

Покрај промотивниот штанд Агенцијата за филм ќе биде присутна и на он-лајн платформата на маркетот каде сите оние кои не се во можност да присуствуваат на физичкото издание на маркетот ќе имаат можност да ги проследат сите активности и информации преку виртуелната платформа Marche du film online, известуваат од Агенцијата за филм.

The post Македонија на филмскиот маркет во Кан appeared first on Република.