македонски државјанин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-drzavjanin/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 11:08:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски државјанин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-drzavjanin/ 32 32 Германија: Македонски државјанин со нож ја убил сопругата пред очите на малолетните деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-makedonski-drzhavjanin-so-nozh-ja-ubil-soprugata-pred-ochite-na-maloletnite-detsa/ Wed, 06 Nov 2024 15:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=834681

30-годишна жена била убиена во Дортмунд, Германија, а насилникот бил македонски државјанин. Како што соопшти Билд ја избодел со месарски нож пред трите малолетни деца. После настанот мажот побегнал и ја оставил жената да крвари во ходникот. Малите деца го пријавиле случајот кај соседите. Децата биле на возраст од 3, 4 и 6 години.

Жената сакала да се раздели од насилниот сопруг и да почне нов живот. Долго време трпела семејно насислтво, а на крајот на октомври се преселила со нејзините три деца во нов стан во Дортмунд.

Сторителот потоа бил фатен на автопат во Вирцбург, а се претпоставува дека тргнал да бега на пат кон Македонија. Моментално е во притвор во Нирнберг, од каде ќе биде префрлен во Дортмунд, соопштуваат германските медиуми.

The post Германија: Македонски државјанин со нож ја убил сопругата пред очите на малолетните деца appeared first on Република.

]]>

30-годишна жена била убиена во Дортмунд, Германија, а насилникот бил македонски државјанин. Како што соопшти Билд ја избодел со месарски нож пред трите малолетни деца. После настанот мажот побегнал и ја оставил жената да крвари во ходникот. Малите деца го пријавиле случајот кај соседите. Децата биле на возраст од 3, 4 и 6 години. Жената сакала да се раздели од насилниот сопруг и да почне нов живот. Долго време трпела семејно насислтво, а на крајот на октомври се преселила со нејзините три деца во нов стан во Дортмунд. Сторителот потоа бил фатен на автопат во Вирцбург, а се претпоставува дека тргнал да бега на пат кон Македонија. Моментално е во притвор во Нирнберг, од каде ќе биде префрлен во Дортмунд, соопштуваат германските медиуми.

The post Германија: Македонски државјанин со нож ја убил сопругата пред очите на малолетните деца appeared first on Република.

]]>
Македонски државјанин во Германија избодел жена до смрт пред трите деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/makedonski-drzhavjanin-vo-germanija-izbodel-zhena-do-smrt-pred-trite-detsa/ Wed, 06 Nov 2024 11:06:46 +0000 https://republika.mk/?p=834683

30-годишна жена била убиена во Дортмунд, Германија. Насилникот кој бил од Македонија ја избодел со месарски нож и тоа пред трите малолетни деца, соопштува Билд.

Жената сакала да се раздели од насилниот сопруг, и да почне нов живот. После настанот мажот побегнал и ја оставил жената да крвари во ходникот. Малите деца го пријавиле случајот кај соседите. Децата биле на возраст од 3, 4 и 6 години.

Билд пренесува дека жената неодамна се разделила од сопругот кој бил македонски државјанин. Жената долго време трпела семејно насислтво, а на крајот на октомври се преселила со нејзините три деца во нов стан во Дортмунд.

Сторителот потоа бил фатен на автопат во Вирцбург, а се претпоставува дека тргнал да бега на пат кон Македонија. Моментално е во притвор во Нирнберг, од каде ќе биде префрлен во Дортмунд.

Децата првично биле згрижени од Канцеларијата за заштита на младите и прегледани во детска клиника.

The post Македонски државјанин во Германија избодел жена до смрт пред трите деца appeared first on Република.

]]>

30-годишна жена била убиена во Дортмунд, Германија. Насилникот кој бил од Македонија ја избодел со месарски нож и тоа пред трите малолетни деца, соопштува Билд.

Жената сакала да се раздели од насилниот сопруг, и да почне нов живот. После настанот мажот побегнал и ја оставил жената да крвари во ходникот. Малите деца го пријавиле случајот кај соседите. Децата биле на возраст од 3, 4 и 6 години.

Билд пренесува дека жената неодамна се разделила од сопругот кој бил македонски државјанин. Жената долго време трпела семејно насислтво, а на крајот на октомври се преселила со нејзините три деца во нов стан во Дортмунд.

Сторителот потоа бил фатен на автопат во Вирцбург, а се претпоставува дека тргнал да бега на пат кон Македонија. Моментално е во притвор во Нирнберг, од каде ќе биде префрлен во Дортмунд.

Децата првично биле згрижени од Канцеларијата за заштита на младите и прегледани во детска клиника.

The post Македонски државјанин во Германија избодел жена до смрт пред трите деца appeared first on Република.

]]>
Македонски државјанин баран по потерница од Интерпол уапсен во Солун https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedonski-drzhavjanin-baran-po-poternitsa-od-interpol-uapsen-vo-solun/ Fri, 18 Oct 2024 09:56:16 +0000 https://republika.mk/?p=828399

41-годишен македонски државјанин е уапсен од страна на грчката полиција во Солун. Против него била распишана црвена потерница од Интерпол. Потерницата била издадена затоа што додека издржувал вкупно 14 години и 9 месеци затвор за измама, разбојништво, тешки телесни повреди и трговија со дрога, добил неколкудневно отсуство од затворот и не се вратил.

– 41-годишен странски државјанин приложил лажен идентитет. При полициската проверка е утврдено дека организирал и нелегално повторно влегување на свој сограѓанин во земјата. Интерпол против него издала црвена потерница бидејќи додека отслужувал вкупна затворска казна од 14 години и 9 месеци за измама, разбојништво, тешки телесни повреди и трговија со дрога, добил неколкудневно отсуство од затворот на соседната земја и не се вратил – соопшти Генералната полициска управа на Солун.

При извршените полициски проверки во текот на вчерашниот ден во Солун грчката полиција уапси вкупно седум лица за различни кривични и прекршочни дела, објавија грчките медиуми.

Уапсените ќе бидат спроведени до надлежните судски органи, а полициските проверки продолжуваат систематски и секојдневно.

The post Македонски државјанин баран по потерница од Интерпол уапсен во Солун appeared first on Република.

]]>

41-годишен македонски државјанин е уапсен од страна на грчката полиција во Солун. Против него била распишана црвена потерница од Интерпол. Потерницата била издадена затоа што додека издржувал вкупно 14 години и 9 месеци затвор за измама, разбојништво, тешки телесни повреди и трговија со дрога, добил неколкудневно отсуство од затворот и не се вратил.
– 41-годишен странски државјанин приложил лажен идентитет. При полициската проверка е утврдено дека организирал и нелегално повторно влегување на свој сограѓанин во земјата. Интерпол против него издала црвена потерница бидејќи додека отслужувал вкупна затворска казна од 14 години и 9 месеци за измама, разбојништво, тешки телесни повреди и трговија со дрога, добил неколкудневно отсуство од затворот на соседната земја и не се вратил – соопшти Генералната полициска управа на Солун.
При извршените полициски проверки во текот на вчерашниот ден во Солун грчката полиција уапси вкупно седум лица за различни кривични и прекршочни дела, објавија грчките медиуми. Уапсените ќе бидат спроведени до надлежните судски органи, а полициските проверки продолжуваат систематски и секојдневно.

The post Македонски државјанин баран по потерница од Интерпол уапсен во Солун appeared first on Република.

]]>
Тело на македонски државјанин е пронајдено на гробишта во Бремен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/telo-na-makedonski-drzhavjanin-e-pronajdeno-na-grobishta-vo-bremen/ Wed, 25 Sep 2024 10:24:05 +0000 https://republika.mk/?p=819520

Безживотното тело на македонски државјанин било пронајдено минатата недела на гробишта во Бремен, Германија а бидејќи по телото имало убодни рани, било утврдено дека несреќниот маж бил жртва на убиство.

Според информациите на „БИЛД“, усмртен е И. Д. (41), кој и бил од претходно познат на полицијата, бидејќи ја демнел својата поранешна партнерка со која има и малолетно дете.

Посетителите на гробиштата го пронашле неговото тело во локва крв меѓу гробовите и веднаш повикале полиција. Според очевидците, мажот бил облечен во сиви панталони, впечатлива црвена јакна и црни влечки.

The post Тело на македонски државјанин е пронајдено на гробишта во Бремен appeared first on Република.

]]>

Безживотното тело на македонски државјанин било пронајдено минатата недела на гробишта во Бремен, Германија а бидејќи по телото имало убодни рани, било утврдено дека несреќниот маж бил жртва на убиство. Според информациите на „БИЛД“, усмртен е И. Д. (41), кој и бил од претходно познат на полицијата, бидејќи ја демнел својата поранешна партнерка со која има и малолетно дете. Посетителите на гробиштата го пронашле неговото тело во локва крв меѓу гробовите и веднаш повикале полиција. Според очевидците, мажот бил облечен во сиви панталони, впечатлива црвена јакна и црни влечки.

The post Тело на македонски државјанин е пронајдено на гробишта во Бремен appeared first on Република.

]]>
Македонски државјанин уапсен поради обид за грабеж во пензионерски дом во Швајцарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/makedonski-drzhavjanin-uapsen-poradi-obid-za-grabezh-vo-penzionerski-dom-vo-shvajtsarija/ Tue, 10 Sep 2024 09:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=814866

24-годишен македонски државјанин во вторникот вечерта влегол во пензионерски дом во швајцарскиот град Гамс, во близина на границата со Лихтенштајн. Тој им рекол дека мора да ја провери касата, меѓутоа неговата немара била да ги земе парите.

Персоналот реаљгирал и повикал полиција, откако ограбувачот се решил насилно да ја отвори касата. Тој бил задржан во просториите додека не пристигнала локалната полиција во Сент Гален.

Потоа бил уапсен, и била поднесена пријава во јавното обвинителство.

The post Македонски државјанин уапсен поради обид за грабеж во пензионерски дом во Швајцарија appeared first on Република.

]]>

24-годишен македонски државјанин во вторникот вечерта влегол во пензионерски дом во швајцарскиот град Гамс, во близина на границата со Лихтенштајн. Тој им рекол дека мора да ја провери касата, меѓутоа неговата немара била да ги земе парите. Персоналот реаљгирал и повикал полиција, откако ограбувачот се решил насилно да ја отвори касата. Тој бил задржан во просториите додека не пристигнала локалната полиција во Сент Гален. Потоа бил уапсен, и била поднесена пријава во јавното обвинителство.

The post Македонски државјанин уапсен поради обид за грабеж во пензионерски дом во Швајцарија appeared first on Република.

]]>
Македонски државјанин загина во тешка сообраќајка во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/makedonski-drzhavjanin-zagina-vo-teshka-soobrakajka-vo-grtsija/ Mon, 26 Aug 2024 06:51:23 +0000 https://republika.mk/?p=810117

Во сообраќајна несреќа што се случила во близина на Килкис (Кукуш) во северниот дел на Грција, при судир на два автомобила животот го загубил 55-годишен државјанин на Македонија, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, автомобилот со кој управувал 55-годишниот директно се судрил со друг автомобил управуван од 44-годишна жена.

На местото на несреќата пристигнале и пожарникари, кои интервенирале за да го извлечат возачот, кој бил пренесен во болница во Солун, каде што била констатирана смрт.

Во вториот автомобил заедно со 44-годишната, се превезувале и 38-годишен маж и две тригодишни девојчиња, а сите биле пренесени во болница

Причините за несреќата засега не се познати, а почната е прелиминарна истрага.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека осум пожарникари со четири возила интервенирале за извлекување на маж во безживотна состојба и повредена жена од две возила по сообраќајна несреќа кај Неа Санта во пошироката област на Килкис (Кукуш).

 

The post Македонски државјанин загина во тешка сообраќајка во Грција appeared first on Република.

]]>

Во сообраќајна несреќа што се случила во близина на Килкис (Кукуш) во северниот дел на Грција, при судир на два автомобила животот го загубил 55-годишен државјанин на Македонија, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, автомобилот со кој управувал 55-годишниот директно се судрил со друг автомобил управуван од 44-годишна жена. На местото на несреќата пристигнале и пожарникари, кои интервенирале за да го извлечат возачот, кој бил пренесен во болница во Солун, каде што била констатирана смрт. Во вториот автомобил заедно со 44-годишната, се превезувале и 38-годишен маж и две тригодишни девојчиња, а сите биле пренесени во болница Причините за несреќата засега не се познати, а почната е прелиминарна истрага. Од противпожарната служба на Грција соопштија дека осум пожарникари со четири возила интервенирале за извлекување на маж во безживотна состојба и повредена жена од две возила по сообраќајна несреќа кај Неа Санта во пошироката област на Килкис (Кукуш).  

The post Македонски државјанин загина во тешка сообраќајка во Грција appeared first on Република.

]]>
Македонски државјанин уапсен во Австрија поради дрога во вредност од 700.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/makedonski-drzhavjanin-uapsen-vo-avstrija-poradi-droga-vo-vrednost-od-700-000-evra/ Wed, 26 Jun 2024 13:05:42 +0000 https://republika.mk/?p=790976

Полициски службеници од оперативната група за борба против уличен криминал од Виена, Австрија, во интернзивни истраги уапсија 30-годишен македонски државјанин осомничен за шверц на дрога. Тој е уапсен во акција заедно со 25-годишен државјанин на Сирија.

Полицајците успеале најпрво да го уапсат Сириецот, а два часа подоцна бил уапсен и македонскиот државјанин во неговиот стан во областа Отакрин.

Полицајците заплениле поголемо количевство на дрога, која според полицијата е со вредност од 700.000 евра.

Двајцата завршиле во притвор.

 

The post Македонски државјанин уапсен во Австрија поради дрога во вредност од 700.000 евра appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од оперативната група за борба против уличен криминал од Виена, Австрија, во интернзивни истраги уапсија 30-годишен македонски државјанин осомничен за шверц на дрога. Тој е уапсен во акција заедно со 25-годишен државјанин на Сирија. Полицајците успеале најпрво да го уапсат Сириецот, а два часа подоцна бил уапсен и македонскиот државјанин во неговиот стан во областа Отакрин. Полицајците заплениле поголемо количевство на дрога, која според полицијата е со вредност од 700.000 евра. Двајцата завршиле во притвор.  

The post Македонски државјанин уапсен во Австрија поради дрога во вредност од 700.000 евра appeared first on Република.

]]>
Притвор од 40 дена за македонскиот државјанин баран со меѓународна потерница уапсен во Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pritvor-od-40-dena-za-makedonskiot-drzhavjanin-baran-so-megunarodna-poternitsa-uapsen-vo-kosovo/ Sun, 05 May 2024 17:10:22 +0000 https://republika.mk/?p=774577

Основниот суд во Урошевац денеска соопшти дека му изрекол мерка притвор во траење од 40 дена на македонски државјанин, кој е уапсен од косовската полиција на 3 мај, врз основа на меѓународна потерница, издадена на барање на Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на судот во Урошевац, против лицето, идентификувано со иницијалите Б.К., е покрената потерница од Интерпол, поради сомневање дека е сторител на кривични дела „подготовка на терористички дела и разбојништво“.

Против обвинетиот е распишана меѓународна потерница од Интерпол, со барања од 2 април 2005 година и 9 мај 2008 година од државата Македонија. Обвинетиот Б.К. е осомничен дека ги сторил казнените дела во државата Македонија и на 03.05.2024 година е приведен и уапсен од Единицата за брзи интервенции и Единицата за борба против наркотици во Урошевац, се вели во соопштението.

Во него се наведува дека странките се известени оти жалбата против ова решение не го одлага неговото извршување.

Од македонското Министерство за внатрешни работи за МИА информираат дека се известени за апсењето од косовските колеги.

Медиумите во земјава јавуваат дека станува збор за Агим Красниќи, неговиот брат Бесим Красниќи, Сехат Рамадани и Фадиљ Точи кои се уапсени во Урошевац. За нив се распишани меѓународни потерници од страна на македонската полиција. Агим Красниќи е во бегство од февруари во 2020 година, кога не се врати во штипскиот затвор по слободен викенд. За доиздржување на казната затвор има уште 3 години и 3 месеци.

 

The post Притвор од 40 дена за македонскиот државјанин баран со меѓународна потерница уапсен во Косово appeared first on Република.

]]>

Основниот суд во Урошевац денеска соопшти дека му изрекол мерка притвор во траење од 40 дена на македонски државјанин, кој е уапсен од косовската полиција на 3 мај, врз основа на меѓународна потерница, издадена на барање на Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на судот во Урошевац, против лицето, идентификувано со иницијалите Б.К., е покрената потерница од Интерпол, поради сомневање дека е сторител на кривични дела „подготовка на терористички дела и разбојништво“.
Против обвинетиот е распишана меѓународна потерница од Интерпол, со барања од 2 април 2005 година и 9 мај 2008 година од државата Македонија. Обвинетиот Б.К. е осомничен дека ги сторил казнените дела во државата Македонија и на 03.05.2024 година е приведен и уапсен од Единицата за брзи интервенции и Единицата за борба против наркотици во Урошевац, се вели во соопштението.
Во него се наведува дека странките се известени оти жалбата против ова решение не го одлага неговото извршување. Од македонското Министерство за внатрешни работи за МИА информираат дека се известени за апсењето од косовските колеги. Медиумите во земјава јавуваат дека станува збор за Агим Красниќи, неговиот брат Бесим Красниќи, Сехат Рамадани и Фадиљ Точи кои се уапсени во Урошевац. За нив се распишани меѓународни потерници од страна на македонската полиција. Агим Красниќи е во бегство од февруари во 2020 година, кога не се врати во штипскиот затвор по слободен викенд. За доиздржување на казната затвор има уште 3 години и 3 месеци.  

The post Притвор од 40 дена за македонскиот државјанин баран со меѓународна потерница уапсен во Косово appeared first on Република.

]]>
Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница за тешко убиство https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-kosovo-priveden-makedonski-drzhavjanin-po-kogo-e-raspishana-megunarodna-poternitsa-za-teshko-ubistvo/ Sun, 21 Apr 2024 14:33:38 +0000 https://republika.mk/?p=768910

Во Косово е приведен државјанин на Република Македонија, по кого Интерпол, на барање на македонската полиција, распишал меѓународна потерница, затоа што како осуден за тешко убиство не се вратил на издржување на казната откако бил пуштен на викенд.

Основниот суд во Урошевац денеска соопшти дека го одобрил барањето на Основното обвинителство од истиот град за определување мерка притвор против лицето идентификувано со иницијали Н.Е., побарано од властите на Република Македонија, врз основа на меѓународна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешко убиство, кое кривично дело е предвидено и со Кривичниот законик на Република Косово.

Според соопштението, по одржување на распит и анализа на списите на случајот, судијата во претходна постапка на Одделот за тешки кривични дела, оценил дека постои основано сомнение дека е распишана меѓународна потерница по истото лице од Интерпол, со барање од 7 март 2022 година на Република Македонија, поради кривично дело тешко убиство, кое кривично дело е предвидено и со Кривичниот законик на Република Косово.

Во врска со ова, обвинетиот Н.Е., е осуден на затворска казна од страна на Судот во Скопје, каде што ја издржува казната веќе неколку години, така што уште без да ја издржи казната во целост, во моментот кога бил пуштен на слобода за на посета, избегал од Република Македонија. Судијата во претходна постапка го одобри барањето на државниот обвинител за определување мерка притвор против обвинетиот согласно член 22 став 1 од Законот за меѓународна правна соработка во кривична материја (Закон бр.04/Л -213) и на истиот му е одредена мерка притвор во траење од четириесет дена. Во овој случај се известуваат странките дека жалбата против ова решение не го одложува неговото извршување, се наведува во соопштението.

Засега нема информации за тоа кога, каде и во кои околности е уапсен во Косово македонскиот државјанин.

 

The post Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница за тешко убиство appeared first on Република.

]]>

Во Косово е приведен државјанин на Република Македонија, по кого Интерпол, на барање на македонската полиција, распишал меѓународна потерница, затоа што како осуден за тешко убиство не се вратил на издржување на казната откако бил пуштен на викенд. Основниот суд во Урошевац денеска соопшти дека го одобрил барањето на Основното обвинителство од истиот град за определување мерка притвор против лицето идентификувано со иницијали Н.Е., побарано од властите на Република Македонија, врз основа на меѓународна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешко убиство, кое кривично дело е предвидено и со Кривичниот законик на Република Косово. Според соопштението, по одржување на распит и анализа на списите на случајот, судијата во претходна постапка на Одделот за тешки кривични дела, оценил дека постои основано сомнение дека е распишана меѓународна потерница по истото лице од Интерпол, со барање од 7 март 2022 година на Република Македонија, поради кривично дело тешко убиство, кое кривично дело е предвидено и со Кривичниот законик на Република Косово.
Во врска со ова, обвинетиот Н.Е., е осуден на затворска казна од страна на Судот во Скопје, каде што ја издржува казната веќе неколку години, така што уште без да ја издржи казната во целост, во моментот кога бил пуштен на слобода за на посета, избегал од Република Македонија. Судијата во претходна постапка го одобри барањето на државниот обвинител за определување мерка притвор против обвинетиот согласно член 22 став 1 од Законот за меѓународна правна соработка во кривична материја (Закон бр.04/Л -213) и на истиот му е одредена мерка притвор во траење од четириесет дена. Во овој случај се известуваат странките дека жалбата против ова решение не го одложува неговото извршување, се наведува во соопштението.
Засега нема информации за тоа кога, каде и во кои околности е уапсен во Косово македонскиот државјанин.  

The post Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница за тешко убиство appeared first on Република.

]]>
Македонски државјанин пронајден мртов во мотел во Урошевац https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/makedonski-drzhavjanin-pronajden-mrtov-vo-motel-vo-uroshevats/ Fri, 16 Feb 2024 07:43:34 +0000 https://republika.mk/?p=744640

Маж на 61-годишна возраст, македонски државјанин, е пронајден вчера попладне мртов во мотел во областа на градот Урошевац во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Портпаролот на полицијата за регионот на Урошевац, Канун Весели, во изјава за медиумите информира дека телото на македонскиот државјанин било пронајдено во четвртокот околу 16:35 часот.

На 15.02.2024 година, околу 16,35 часот, добивме информација дека на автопатот Урошевац-Приштина, во мотел во Урошевац, без знаци на живот е пронајден 61-годишен маж, државјанин на Македонија. Неговата смрт е констатирана од страна на лекарски тим, изјави Весели.

Тој рече дека полицијата излегла на местото на настанот, додека по налог на надлежен обвинител, телото на починатиот е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Приштина. Случајот се води како „истрага за смртен случај“.

The post Македонски државјанин пронајден мртов во мотел во Урошевац appeared first on Република.

]]>

Маж на 61-годишна возраст, македонски државјанин, е пронајден вчера попладне мртов во мотел во областа на градот Урошевац во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Портпаролот на полицијата за регионот на Урошевац, Канун Весели, во изјава за медиумите информира дека телото на македонскиот државјанин било пронајдено во четвртокот околу 16:35 часот.
На 15.02.2024 година, околу 16,35 часот, добивме информација дека на автопатот Урошевац-Приштина, во мотел во Урошевац, без знаци на живот е пронајден 61-годишен маж, државјанин на Македонија. Неговата смрт е констатирана од страна на лекарски тим, изјави Весели.
Тој рече дека полицијата излегла на местото на настанот, додека по налог на надлежен обвинител, телото на починатиот е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Приштина. Случајот се води како „истрага за смртен случај“.

The post Македонски државјанин пронајден мртов во мотел во Урошевац appeared first on Република.

]]>
Македонски државјанин загина во сообраќајка во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-drzhavjanin-zagina-vo-soobrakajka-vo-hrvatska/ Thu, 12 Oct 2023 08:14:06 +0000 https://republika.mk/?p=690387

Во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат А3 Брегана-Липовац, еден маж загина, а уште еден е повреден, јавуваат хрватските медиуми.

Од СВР Брод-Посавина, се дознава дека еден од двајцата патници починал и бил државјанин на Македонија, роден 1972 година. Бил сопатник во автомобил со италијански регистарски таблички.

Според објавеното несреќата се случила вчера во 19.10 часот, откако автомобилот излетал од патот.

Засега не е објавен идентитетот на двајцата патници во автомобилот, но хрватската полиција соопштила дека и двајцата биле странски државјани.

The post Македонски државјанин загина во сообраќајка во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат А3 Брегана-Липовац, еден маж загина, а уште еден е повреден, јавуваат хрватските медиуми. Од СВР Брод-Посавина, се дознава дека еден од двајцата патници починал и бил државјанин на Македонија, роден 1972 година. Бил сопатник во автомобил со италијански регистарски таблички. Според објавеното несреќата се случила вчера во 19.10 часот, откако автомобилот излетал од патот. Засега не е објавен идентитетот на двајцата патници во автомобилот, но хрватската полиција соопштила дека и двајцата биле странски државјани.

The post Македонски државјанин загина во сообраќајка во Хрватска appeared first on Република.

]]>
Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/makedonski-drzhavjanin-zagina-vo-soobrakajna-nesreka-vo-hrvatska/ Thu, 12 Oct 2023 08:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=690386

Во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат А3 Брегана-Липовац, на јужната коловозна лента, еден маж загина, а уште еден е повреден, јавуваат хрватските медиуми.

Според нив, известувањето за несреќата било примено во Центарот за оперативни комуникации на Полициската управа Брод-Посавина околу 19:10 часот.

Од Томислав Ковачевиќ, полициски службеник за односи со јавноста на СВР Брод-Посавина, се дознава дека починатиот (51) бил државјанин на Македонија, кој бил сопатник во автомобил со италијански регистарски таблички.

Другиот патник, кој е повреден во несреќата, исто така е македонски државјанин, а се наоѓал во автомобил кој излетал од патот.

Увидот на полицијата е во тек, по завршување на истрагата ќе се знаат сите околности поврзани со несреќата и причината за слетувањето од коловозот.

The post Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат А3 Брегана-Липовац, на јужната коловозна лента, еден маж загина, а уште еден е повреден, јавуваат хрватските медиуми. Според нив, известувањето за несреќата било примено во Центарот за оперативни комуникации на Полициската управа Брод-Посавина околу 19:10 часот. Од Томислав Ковачевиќ, полициски службеник за односи со јавноста на СВР Брод-Посавина, се дознава дека починатиот (51) бил државјанин на Македонија, кој бил сопатник во автомобил со италијански регистарски таблички. Другиот патник, кој е повреден во несреќата, исто така е македонски државјанин, а се наоѓал во автомобил кој излетал од патот. Увидот на полицијата е во тек, по завршување на истрагата ќе се знаат сите околности поврзани со несреќата и причината за слетувањето од коловозот.

The post Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Хрватска appeared first on Република.

]]>
Македонец шверцувал Турци во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedonets-shvertsuval-turtsi-vo-hrvatska/ Sat, 12 Aug 2023 19:19:51 +0000 https://republika.mk/?p=671484

Сплитско-далматинската полиција уапси 23-годишен Македонец на подрачјето на Врлика, обвинувајќи го за шверц на осум турски државјани.

Возило во кое внатре биле осум турски државјани било сопрено од полицијата во петокот на подрачјето на општина Врлика, при што се покажало дека патниците илегално влегле во Хрватска.

Осомничениот, кој управувал со автомобилот, се товари дека од личен интерес им помагал на странски државјани во противзаконски движење откако ги презел на подрачјето на Врлика откако тие илегално влегле на територијата на Хрватска.

Од полицијата наведуваат дека кон странските државјани постапувале согласно Законот за странци, додека 23-годишниот со кривична пријава е во притвор.

The post Македонец шверцувал Турци во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Сплитско-далматинската полиција уапси 23-годишен Македонец на подрачјето на Врлика, обвинувајќи го за шверц на осум турски државјани. Возило во кое внатре биле осум турски државјани било сопрено од полицијата во петокот на подрачјето на општина Врлика, при што се покажало дека патниците илегално влегле во Хрватска.
Осомничениот, кој управувал со автомобилот, се товари дека од личен интерес им помагал на странски државјани во противзаконски движење откако ги презел на подрачјето на Врлика откако тие илегално влегле на територијата на Хрватска. Од полицијата наведуваат дека кон странските државјани постапувале согласно Законот за странци, додека 23-годишниот со кривична пријава е во притвор.

The post Македонец шверцувал Турци во Хрватска appeared first on Република.

]]>
Нападната група од пет макеоднски државјани: Грчката полиција трага по двајцата сторители на убиството на Халкидики, пронајдени 19 чаури https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/napadnata-grupa-od-pet-makeodnski-drzhavjani-grchkata-politsija-traga-po-dvajtsata-storiteli-na-ubistvoto-na-halkidiki-pronajdeni-19-chauri/ Sat, 15 Jul 2023 18:34:08 +0000 https://republika.mk/?p=661767

Грчката полиција трага по две непознати, маскирани лица кои утрово отворија оган против неколку лица во Ханиоти на Халкидики, при што беше убиен 39-годишен, а повреден 45-годишен маж, двајцата државјани на Македонија, додека пак на местото на убиството биле принајдени 19 чаури и еден куршум, јави дописничката на МИА од Атина.

Непознатите лица по кои трага полицијата се товарат за убиство, обид за убиство и прекршување на законот за оружје.

Според извори од грчката полиција, во изнајмен апартман во Сани Вилас во Ханиоти се наоѓале пет лица на возраст од 19 до 45 години, сите од Македонија, а непознатите сторители смртно го раниле 39-годишниот, додека пак 45-годишниот бил повреден во десниот дел на градниот кош.

Повредениот бил пренесен во болница во Полигирос, каде што е хоспитализиран и е вон животна опасност.

На местото на убиството во надворешниот дел од изнајмениот апартман, според истите информации на МИА, полицијата пронашла 19 чаури, еден куршум и шарже

The post Нападната група од пет макеоднски државјани: Грчката полиција трага по двајцата сторители на убиството на Халкидики, пронајдени 19 чаури appeared first on Република.

]]>

Грчката полиција трага по две непознати, маскирани лица кои утрово отворија оган против неколку лица во Ханиоти на Халкидики, при што беше убиен 39-годишен, а повреден 45-годишен маж, двајцата државјани на Македонија, додека пак на местото на убиството биле принајдени 19 чаури и еден куршум, јави дописничката на МИА од Атина. Непознатите лица по кои трага полицијата се товарат за убиство, обид за убиство и прекршување на законот за оружје. Според извори од грчката полиција, во изнајмен апартман во Сани Вилас во Ханиоти се наоѓале пет лица на возраст од 19 до 45 години, сите од Македонија, а непознатите сторители смртно го раниле 39-годишниот, додека пак 45-годишниот бил повреден во десниот дел на градниот кош. Повредениот бил пренесен во болница во Полигирос, каде што е хоспитализиран и е вон животна опасност. На местото на убиството во надворешниот дел од изнајмениот апартман, според истите информации на МИА, полицијата пронашла 19 чаури, еден куршум и шарже

The post Нападната група од пет макеоднски државјани: Грчката полиција трага по двајцата сторители на убиството на Халкидики, пронајдени 19 чаури appeared first on Република.

]]>
65 годишен македонски државјанин осуден во Швајцарија за убиство извршено пред 24 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/65-godishen-makedonski-drzhavjanin-osuden-vo-shvajtsarija-za-ubistvo-izvrsheno-pred-24-godini/ Thu, 08 Jun 2023 10:03:27 +0000 https://republika.mk/?p=649178

Повозрасен човек по потекло од Македонија е осуден во швајцарскиот град Бил за убиство извршено пред 24 години, пишуваат швајцарските медиуми.

Тамошниот суд го осудил македонскиот државјанин (65) на 18 години и три месеци затвор за убиство и обид за убиство при грабеж во јуни 1999 година.

Швајцарските медиуми потсетуваат дека група од четворица мажи кобната вечер, пред 24 години, упаднале во куќата на едно семејство и им ставиле лисици на брачниот пар и нивниот син, кој тогаш имал 14 години. Двата постари сина на парот во тој момент не биле дома. Напаѓачите биле маскирани и вооружени, а еден од нив ги мачел врзаните родители и нивниот син.

Осомничениот од самиот почеток негирал вмешаност во грабежот, а неговиот адвокат побарал ослободителна пресуда.

 

The post 65 годишен македонски државјанин осуден во Швајцарија за убиство извршено пред 24 години appeared first on Република.

]]>

Повозрасен човек по потекло од Македонија е осуден во швајцарскиот град Бил за убиство извршено пред 24 години, пишуваат швајцарските медиуми. Тамошниот суд го осудил македонскиот државјанин (65) на 18 години и три месеци затвор за убиство и обид за убиство при грабеж во јуни 1999 година. Швајцарските медиуми потсетуваат дека група од четворица мажи кобната вечер, пред 24 години, упаднале во куќата на едно семејство и им ставиле лисици на брачниот пар и нивниот син, кој тогаш имал 14 години. Двата постари сина на парот во тој момент не биле дома. Напаѓачите биле маскирани и вооружени, а еден од нив ги мачел врзаните родители и нивниот син. Осомничениот од самиот почеток негирал вмешаност во грабежот, а неговиот адвокат побарал ослободителна пресуда.  

The post 65 годишен македонски државјанин осуден во Швајцарија за убиство извршено пред 24 години appeared first on Република.

]]>
Уапсен е пукачот кој вчера рани македонски граѓанин во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapsen-e-pukachot-koj-vchera-rani-makedonski-graganin-vo-belgrad/ Tue, 23 May 2023 08:01:07 +0000 https://republika.mk/?p=643825

Српската полиција три часа по инцидентот го уапси  Н.Ѓ. (20) осомничен дека вчера во 19.40 часот рани две лица во белградската населба Врачар. По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград му е одредена мерка притвор до 48 часа, пишува „Блиц“.

Како што вчера пренесоа српските медиуми, две лица беа ранети во претрелката, од кои едното лице е 21-годишниот македонски државјанин Д.Л. за кој медиумите пишуваат дека бил случајно ранет. По престрелката полицијата затекла една повредена особа на улицата „Максим Горки“, и второ повредено лице на блиската улица „Новопазарска“, кои биле пренесени во Ургентниот центар.

https://republika.mk/vesti/balkan/makedonski-drzhavjanin-eden-od-ranetite-vo-pukotnitsite-vo-belgrad-vecherva/

И додека за првото лице А.П (26) кое е повредено со два проектила во ногата, медиумите соопштија дека има криминално досие со 12 кривични пријави поради наркотици, оружје и разбојништво, за македонскиот државјанин Д.Л (21) кој е повреден во грбот, пишуваат дека најверојатно е случајна жртва.

Ранетиот Д.Л., го донесе негов пријател на влез во соседната улица Новопазарска. Таму го тргнал и повикал полиција и брза помош. Тој и ранетиот другар се движеле од Његошева кон улицата Максим Горки, кога пред позната обложувалница дошло до пукање. Кога некако го донесе неговиот пријател до влезот, тој одеше и од мака се фаќаше за главата, изјави соговорникот за порталот „Мондо“.

Набрзо пристигнале Брзата помош и полицијата, а кога ранетиот македонски државјанин бил внесен во автомобилот, на грбот биле видливи две крвави рани од куршуми.

Истрагата треба да утврди дали македонскиот државјанин е случајно ранет.

 

The post Уапсен е пукачот кој вчера рани македонски граѓанин во Белград appeared first on Република.

]]>

Српската полиција три часа по инцидентот го уапси  Н.Ѓ. (20) осомничен дека вчера во 19.40 часот рани две лица во белградската населба Врачар. По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград му е одредена мерка притвор до 48 часа, пишува „Блиц“. Како што вчера пренесоа српските медиуми, две лица беа ранети во претрелката, од кои едното лице е 21-годишниот македонски државјанин Д.Л. за кој медиумите пишуваат дека бил случајно ранет. По престрелката полицијата затекла една повредена особа на улицата „Максим Горки“, и второ повредено лице на блиската улица „Новопазарска“, кои биле пренесени во Ургентниот центар. https://republika.mk/vesti/balkan/makedonski-drzhavjanin-eden-od-ranetite-vo-pukotnitsite-vo-belgrad-vecherva/ И додека за првото лице А.П (26) кое е повредено со два проектила во ногата, медиумите соопштија дека има криминално досие со 12 кривични пријави поради наркотици, оружје и разбојништво, за македонскиот државјанин Д.Л (21) кој е повреден во грбот, пишуваат дека најверојатно е случајна жртва.
Ранетиот Д.Л., го донесе негов пријател на влез во соседната улица Новопазарска. Таму го тргнал и повикал полиција и брза помош. Тој и ранетиот другар се движеле од Његошева кон улицата Максим Горки, кога пред позната обложувалница дошло до пукање. Кога некако го донесе неговиот пријател до влезот, тој одеше и од мака се фаќаше за главата, изјави соговорникот за порталот „Мондо“.
Набрзо пристигнале Брзата помош и полицијата, а кога ранетиот македонски државјанин бил внесен во автомобилот, на грбот биле видливи две крвави рани од куршуми. Истрагата треба да утврди дали македонскиот државјанин е случајно ранет.  

The post Уапсен е пукачот кој вчера рани македонски граѓанин во Белград appeared first on Република.

]]>
Шеесетгодишниот гевгеличанец е првиот Македонец уапсен за шверц на мигранти во Бугарија: Детали за приведувањето во Бургас https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sheesetgodishniot-gevgelichanec-e-prviot-makedonec-uapsen-za-shverc-na-migranti-vo-bugarija-detali-za-priveduvanjeto-vo-burgas/ Sun, 28 Aug 2022 16:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=545000

Ова ни е прв случај македонски државјани да биде приведен поради илегален транспорт на мигранти, вели за МИА портпаролката на Регионалната управа на бугарското Министерство за внатрешни работи во Бургас, Цветелина Рандева, коментирајќи го денешното приведување на 60-годишен возач од земјава под сомнеж за шверц на мигранти од Авганистан.

Досега имало државјани од многу други земји кои се занимавале со шверц на мигранти, но немало македонски државјанин - додаде Рандева.

Таа наведе дека приведениот македонски државјанин е идентификуван како Зоран Камилов и според податоците од неговата лична карта има 60 години и е од Гевгелија.

Тој е задржан од страна на бугарската полиција во 24-часовен притвор, а по истекот на овој период се очекува Јавното обвинителство во Бургас да му го продолжи притворот за уште 72 часа.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-burgas-uapsen-makedonski-drzavjanin-koj-shveruval-100-migranti/

Истрагата за случајот е веќе почната, а судењето би можело да заврши до крајот на следната неделата.

Според изворите на дописникот на МИА од Софија, приведениот македонски државјанин со камин со скопски регистарски таблички влегол во Бугарија од Турција преку еден од двата премини на бугарско-турската граница „Капитан Андреево“ или „Лесово“.

Тој, по приведувањето во полициската станица изјавил дека со него не контактирале шверцери на мигранти, туку дека тој ги качил Авганистанците затоа што му ветиле дека ќе му платат за превозот.

Како што претходно јави дописникот на МИА од Софија, македонскиот државјанин беше приведен откако полицијата во бугарскиот град Бургас во камионот што го управувал открила најмалку 88 мажи од Авганистан.

Тие се качиле во багажниот простор на камионот во областа Дебелт, од каде возилото се упатило кон Бургас, при што било запрено од полициска патрола. Камионот бил пресретнат околу 06:45 часот по локално време (05:45 часот по македонско време) во близина на бензинска пумпа во бургаската населба „Меден Рудник“, низ која минува главниот пат од Средец до Бургас.

Полициската акција следувала откако полицијата добила информација од двајца очевидци дека во камионот кај Дебелт се натовариле мигранти, по што полициските службеници го пресретнале во Бургас. Авганистанците во текот на ноќта илегално ја преминале бугарско-турската граница и рано утрово се качиле во камионот.

The post Шеесетгодишниот гевгеличанец е првиот Македонец уапсен за шверц на мигранти во Бугарија: Детали за приведувањето во Бургас appeared first on Република.

]]>

Ова ни е прв случај македонски државјани да биде приведен поради илегален транспорт на мигранти, вели за МИА портпаролката на Регионалната управа на бугарското Министерство за внатрешни работи во Бургас, Цветелина Рандева, коментирајќи го денешното приведување на 60-годишен возач од земјава под сомнеж за шверц на мигранти од Авганистан.
Досега имало државјани од многу други земји кои се занимавале со шверц на мигранти, но немало македонски државјанин - додаде Рандева.
Таа наведе дека приведениот македонски државјанин е идентификуван како Зоран Камилов и според податоците од неговата лична карта има 60 години и е од Гевгелија. Тој е задржан од страна на бугарската полиција во 24-часовен притвор, а по истекот на овој период се очекува Јавното обвинителство во Бургас да му го продолжи притворот за уште 72 часа. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-burgas-uapsen-makedonski-drzavjanin-koj-shveruval-100-migranti/ Истрагата за случајот е веќе почната, а судењето би можело да заврши до крајот на следната неделата. Според изворите на дописникот на МИА од Софија, приведениот македонски државјанин со камин со скопски регистарски таблички влегол во Бугарија од Турција преку еден од двата премини на бугарско-турската граница „Капитан Андреево“ или „Лесово“. Тој, по приведувањето во полициската станица изјавил дека со него не контактирале шверцери на мигранти, туку дека тој ги качил Авганистанците затоа што му ветиле дека ќе му платат за превозот. Како што претходно јави дописникот на МИА од Софија, македонскиот државјанин беше приведен откако полицијата во бугарскиот град Бургас во камионот што го управувал открила најмалку 88 мажи од Авганистан. Тие се качиле во багажниот простор на камионот во областа Дебелт, од каде возилото се упатило кон Бургас, при што било запрено од полициска патрола. Камионот бил пресретнат околу 06:45 часот по локално време (05:45 часот по македонско време) во близина на бензинска пумпа во бургаската населба „Меден Рудник“, низ која минува главниот пат од Средец до Бургас. Полициската акција следувала откако полицијата добила информација од двајца очевидци дека во камионот кај Дебелт се натовариле мигранти, по што полициските службеници го пресретнале во Бургас. Авганистанците во текот на ноќта илегално ја преминале бугарско-турската граница и рано утрово се качиле во камионот.

The post Шеесетгодишниот гевгеличанец е првиот Македонец уапсен за шверц на мигранти во Бугарија: Детали за приведувањето во Бургас appeared first on Република.

]]>