македонски државјани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-drzavjani/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 10:06:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски државјани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-drzavjani/ 32 32 Затворски казни во Грција за четворица државјани на Македонија кои краделе луксузни автомобили на Халкидики https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zatvorski-kazni-vo-grtsija-za-chetvoritsa-drzhavjani-na-makedonija-koi-kradele-luksuzni-avtomobili-na-halkidiki/ Thu, 05 Sep 2024 10:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=813423

Грчкиот суд осуди четворица државјани на Македонија откако лани беа уапсени и обвинети дека се членови на криминална група која крадела луксузни автомобили од странски туристи на Халкидики, пренесува МИА.

Како што објави МИА на почетокот на септември минатата година, грчката полиција разби криминална организација во која биле вклучени шест лица, сите македонски државјани, кои се товарат за 19 кражби на луксузни автомобили на Халкидики, во вредност од над еден милион евра, при што двајца од обвинетите сè уште не се уапсени, но се идентификувани.

Тричлениот кривичен суд во Солун, на тројца од обвинетите им одредил казна од 12 и 14 месеци затвор, додека пак четвртиот добил затворска казна од осум години и десет месеци, кој според пресудата бил задолжен да влегува во туристичките објекти и да ги краде клучевите од автомобилите.

За учество во иста криминална група се гонат уште две лица, а меѓу нив, според АНА-МПА е и „мозокот“, но со оглед на тоа што не се уапсени, ќе им се суди откако ќе бидат фатени.

Грчката новинска агенција пишува дека според судската одлука, осудените ги носеле украдените возила во областа Еордеја кај Кожани, од каде друг соучесник ги преземал и преку скриени премини ги пренесувал во Македонија. Токму затоа, судот ги ослободил тројцата „возачи“ од делото тешка кражба и побарал да се гонат за прекршокот примање производ од кривично дело.

„Фативте погрешен човек“, рекол, според АНА-МПА, обвинетиот на кој му беше изречена највисоката казна, а останатите негирале вмешаност во случајот.

Како што лани објави МИА, едниот од уапсените бил откриен во регионот на Халкидики од полицајци од станицата во Полигирос, додека возел украдено возило од странски државјанин, одземено по провала во туристички објект на Халкидики, по што започнала истрага при која биле откриени и другите уапсени лица, кои се обиделе да преземат украдено возило кое нивни соучесник во претходниот период го украл од регионот на Халкидики, а намерата била да го пренесат во странство.

Во однос на методологијата, од грчката полиција тогаш објаснија дека членовите на организацијата првично ги лоцирале луксузните возила на туристи на Халкидики, потоа упаѓале во куќите со цел да ги земат клучевите за потоа да ги украдат возилата.

Секој од членовите имал конкретна улога, што се однесува на координација на криминалната организација, лоцирање на возилата, вршење на кражбите и транспортирање на автомобилите во странство.

The post Затворски казни во Грција за четворица државјани на Македонија кои краделе луксузни автомобили на Халкидики appeared first on Република.

]]>

Грчкиот суд осуди четворица државјани на Македонија откако лани беа уапсени и обвинети дека се членови на криминална група која крадела луксузни автомобили од странски туристи на Халкидики, пренесува МИА. Како што објави МИА на почетокот на септември минатата година, грчката полиција разби криминална организација во која биле вклучени шест лица, сите македонски државјани, кои се товарат за 19 кражби на луксузни автомобили на Халкидики, во вредност од над еден милион евра, при што двајца од обвинетите сè уште не се уапсени, но се идентификувани. Тричлениот кривичен суд во Солун, на тројца од обвинетите им одредил казна од 12 и 14 месеци затвор, додека пак четвртиот добил затворска казна од осум години и десет месеци, кој според пресудата бил задолжен да влегува во туристичките објекти и да ги краде клучевите од автомобилите. За учество во иста криминална група се гонат уште две лица, а меѓу нив, според АНА-МПА е и „мозокот“, но со оглед на тоа што не се уапсени, ќе им се суди откако ќе бидат фатени. Грчката новинска агенција пишува дека според судската одлука, осудените ги носеле украдените возила во областа Еордеја кај Кожани, од каде друг соучесник ги преземал и преку скриени премини ги пренесувал во Македонија. Токму затоа, судот ги ослободил тројцата „возачи“ од делото тешка кражба и побарал да се гонат за прекршокот примање производ од кривично дело.
„Фативте погрешен човек“, рекол, според АНА-МПА, обвинетиот на кој му беше изречена највисоката казна, а останатите негирале вмешаност во случајот.
Како што лани објави МИА, едниот од уапсените бил откриен во регионот на Халкидики од полицајци од станицата во Полигирос, додека возел украдено возило од странски државјанин, одземено по провала во туристички објект на Халкидики, по што започнала истрага при која биле откриени и другите уапсени лица, кои се обиделе да преземат украдено возило кое нивни соучесник во претходниот период го украл од регионот на Халкидики, а намерата била да го пренесат во странство. Во однос на методологијата, од грчката полиција тогаш објаснија дека членовите на организацијата првично ги лоцирале луксузните возила на туристи на Халкидики, потоа упаѓале во куќите со цел да ги земат клучевите за потоа да ги украдат возилата. Секој од членовите имал конкретна улога, што се однесува на координација на криминалната организација, лоцирање на возилата, вршење на кражбите и транспортирање на автомобилите во странство.

The post Затворски казни во Грција за четворица државјани на Македонија кои краделе луксузни автомобили на Халкидики appeared first on Република.

]]>
МНР: Патување во Израел само со одобрение од ЕТА https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/mnr-patuvane-vo-izrael-samo-so-odobrenie-od-eta/ Mon, 03 Jun 2024 17:50:21 +0000 https://republika.mk/?p=784475

Почнувајќи од 1 август 2024 година, македонските државјани кои планираат патување во Израел, задолжително ќе треба да пополнат формулар преку Системот за електронска авторизација (Electronic Authorization System – ETA). Системот ќе биде отворен за аплицирање, почнувајќи од 1 јули и нема да биде овозможен влез во Израел од 1 август, без претходно одобрение од ЕТА.

На патниците без пополнета апликација и добиена авторизација нема да им биде дозволено качување на авиони кои летаат за Израел. Апликацијата ќе чини 25 израелски шекели (околу 6.25 ЕУР) а авторизацијата ќе има важност меѓу 90 дена и 2 години. Самата авторизација не подразбира дека се овозможува престој во Израел подолго од 90 дена.

Во случај на евентуални технички проблеми при аплицирање, отворена е електронска меил адреса, на која може директно да се упати молба за појаснување: eta@piba.gov.il

На овој линк може да се најдат практични информации за самиот систем и аплицирањето.

The post МНР: Патување во Израел само со одобрение од ЕТА appeared first on Република.

]]>

Почнувајќи од 1 август 2024 година, македонските државјани кои планираат патување во Израел, задолжително ќе треба да пополнат формулар преку Системот за електронска авторизација (Electronic Authorization System – ETA). Системот ќе биде отворен за аплицирање, почнувајќи од 1 јули и нема да биде овозможен влез во Израел од 1 август, без претходно одобрение од ЕТА. На патниците без пополнета апликација и добиена авторизација нема да им биде дозволено качување на авиони кои летаат за Израел. Апликацијата ќе чини 25 израелски шекели (околу 6.25 ЕУР) а авторизацијата ќе има важност меѓу 90 дена и 2 години. Самата авторизација не подразбира дека се овозможува престој во Израел подолго од 90 дена. Во случај на евентуални технички проблеми при аплицирање, отворена е електронска меил адреса, на која може директно да се упати молба за појаснување: eta@piba.gov.il На овој линк може да се најдат практични информации за самиот систем и аплицирањето.

The post МНР: Патување во Израел само со одобрение од ЕТА appeared first on Република.

]]>
Еден македонски државјанин побарал евакуација од Израел, од Иран ниту еден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eden-makedonski-drzhavjanin-pobaral-evakuatsija-od-izrael-od-iran-nitu-eden/ Mon, 15 Apr 2024 11:06:41 +0000 https://republika.mk/?p=766286

Досега еден наш државјанин побарал евакуација од Израел, а една компанија се пријавила да биде евидентирана.

Од Иран досега не стигнало такво барања, ситуацијата е смирена, училиштата работат и засега останува таму и семејството на амбасадорот, велат од македонското МНР од каде апелираат сите нашинци кои живеат или престојуваат на териториите на овие земји да се пријават со цел да се направи евиденција.

The post Еден македонски државјанин побарал евакуација од Израел, од Иран ниту еден appeared first on Република.

]]>

Досега еден наш државјанин побарал евакуација од Израел, а една компанија се пријавила да биде евидентирана. Од Иран досега не стигнало такво барања, ситуацијата е смирена, училиштата работат и засега останува таму и семејството на амбасадорот, велат од македонското МНР од каде апелираат сите нашинци кои живеат или престојуваат на териториите на овие земји да се пријават со цел да се направи евиденција.

The post Еден македонски државјанин побарал евакуација од Израел, од Иран ниту еден appeared first on Република.

]]>
Четворица македонски државјани ќе заминат од Газа преку преминот Рафа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chetvoritsa-makedonski-drzhavjani-ke-zaminat-od-gaza-preku-preminot-rafa/ Thu, 02 Nov 2023 09:12:46 +0000 https://republika.mk/?p=697304

Пограничните власти на Газа објавија листа со 596 странски државјани и лица со двојно државјанство од 15 земји на кои им е дозволено денеска да ја напуштат Газа, меѓу нив и на четворица македонски државјани.

На повеќе од 500 лица им беше дозволено да заминат вчера, кога прв пат после неколку недели беше отворен преминот.

Палестинските власти ја објавија новата листа со имиња пред 2 часот утрово по локално време, со укажување дека лицата треба да бидат на граничниот премин во 7 часот утрината.

Министерството за надворешни работи на  Македонија вчера ја поздрави одлуката за отворање на граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет, со што се овозможува евакуација на странските државјани, вклучително и петте државјани на Република  Македонија.

Како што претходно информиравме, нашите државјани кои се наоѓаат во Газа веќе се вклучени во списоците за евакуација и истото очекуваме наскоро да се реализира согласно околностите на терен и динамиката на евакуација, имајќи го предвид големиот број странски државјани во Газа кои се дел од оваа операција. Преку тесна и континуирана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани, Министерството за надворешни работи е непосредно и континуирано активно вклучено, со цел нашите државјани да бидат безбедно и навремено евакуирани, соопшти МНР.

Лицата кои се наоѓаат на листата на странци и со двојно државјанство, објавена од пограничните власти на Газа, покрај четворицата македонски државајани се и од Азербејџан (8), Белгија (50), Бахреин(6), Чад (2), Хрватска (23), Грција (24), Унгарија (20), Италија/ОН (4), Мексико (2), Холандија (20), Јужна Кореа (5), Шри Ланка (17), Швајцарија (11) и од САД (400).

The post Четворица македонски државјани ќе заминат од Газа преку преминот Рафа appeared first on Република.

]]>

Пограничните власти на Газа објавија листа со 596 странски државјани и лица со двојно државјанство од 15 земји на кои им е дозволено денеска да ја напуштат Газа, меѓу нив и на четворица македонски државјани. На повеќе од 500 лица им беше дозволено да заминат вчера, кога прв пат после неколку недели беше отворен преминот. Палестинските власти ја објавија новата листа со имиња пред 2 часот утрово по локално време, со укажување дека лицата треба да бидат на граничниот премин во 7 часот утрината. Министерството за надворешни работи на  Македонија вчера ја поздрави одлуката за отворање на граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет, со што се овозможува евакуација на странските државјани, вклучително и петте државјани на Република  Македонија. Како што претходно информиравме, нашите државјани кои се наоѓаат во Газа веќе се вклучени во списоците за евакуација и истото очекуваме наскоро да се реализира согласно околностите на терен и динамиката на евакуација, имајќи го предвид големиот број странски државјани во Газа кои се дел од оваа операција. Преку тесна и континуирана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани, Министерството за надворешни работи е непосредно и континуирано активно вклучено, со цел нашите државјани да бидат безбедно и навремено евакуирани, соопшти МНР. Лицата кои се наоѓаат на листата на странци и со двојно државјанство, објавена од пограничните власти на Газа, покрај четворицата македонски државајани се и од Азербејџан (8), Белгија (50), Бахреин(6), Чад (2), Хрватска (23), Грција (24), Унгарија (20), Италија/ОН (4), Мексико (2), Холандија (20), Јужна Кореа (5), Шри Ланка (17), Швајцарија (11) и од САД (400).

The post Четворица македонски државјани ќе заминат од Газа преку преминот Рафа appeared first on Република.

]]>
Засилени подготовки за организирање на евакуацијата на македонските државјани од Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zasileni-podgotovki-za-organizirane-na-evakuatsijata-na-makedonskite-drzhavjani-od-izrael/ Wed, 11 Oct 2023 13:38:03 +0000 https://republika.mk/?p=690189

Со оглед на актуелната состојба во Израел, Владата на Македонија и Министерството за надворешни работи преземаат мерки со цел да се организира безбедно враќање на македонските државјани дома. Во моментов се разгледуваат сите расположливи можности за најбрзо враќање на нашите државјани во земјава, кои изразиле желба да се вратат и кои немаат други можности тоа да го остварат, соопшти владината прес-служба.

Имајќи предвид дека во Израел престојуваат поголем број државјани на Македонија, МНР веќе презема мерки, преку формираниот Кризен штаб, за евакуација на сите наши државјани кои сакаат да го напуштат Израел, а немаат или не можат да купат карти за комерцијалните авионски летови, или да ја напуштат територијата на Израел по копнен пат, преку Јордан.

Амбасадата во Тел Авив, како што се наведува во соопштението, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Сверена Македонија. Според проценки на Кризниот штаб, на територијата на Израел и загрозените подрачја се проценува дека престојуваат меѓу 100 и 200 наши државјани, од кои преку половината се прецизно мапирани и редовно се одржува контакт со нив.

Некои од нив се вратени во земјата со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија, некои имаат купени авионски карти за комерцијални летови во наредните денови, а има и македонски државјани кои во моментов, не можат да излезат од Израел и очекуваат тоа да им се овозможи.

За повеќе информации, на располагање се СОС дежурните телефони на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732 и 075/268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378.

-Уште еднаш ги повикуваме нашите граѓани кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел, како и да се пријават во амбасадата во Тел Авив или на дежурните телефони во централата во Скопје, се потенцира во соопштението од Владата

The post Засилени подготовки за организирање на евакуацијата на македонските државјани од Израел appeared first on Република.

]]>

Со оглед на актуелната состојба во Израел, Владата на Македонија и Министерството за надворешни работи преземаат мерки со цел да се организира безбедно враќање на македонските државјани дома. Во моментов се разгледуваат сите расположливи можности за најбрзо враќање на нашите државјани во земјава, кои изразиле желба да се вратат и кои немаат други можности тоа да го остварат, соопшти владината прес-служба. Имајќи предвид дека во Израел престојуваат поголем број државјани на Македонија, МНР веќе презема мерки, преку формираниот Кризен штаб, за евакуација на сите наши државјани кои сакаат да го напуштат Израел, а немаат или не можат да купат карти за комерцијалните авионски летови, или да ја напуштат територијата на Израел по копнен пат, преку Јордан. Амбасадата во Тел Авив, како што се наведува во соопштението, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Сверена Македонија. Според проценки на Кризниот штаб, на територијата на Израел и загрозените подрачја се проценува дека престојуваат меѓу 100 и 200 наши државјани, од кои преку половината се прецизно мапирани и редовно се одржува контакт со нив. Некои од нив се вратени во земјата со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија, некои имаат купени авионски карти за комерцијални летови во наредните денови, а има и македонски државјани кои во моментов, не можат да излезат од Израел и очекуваат тоа да им се овозможи. За повеќе информации, на располагање се СОС дежурните телефони на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732 и 075/268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378. -Уште еднаш ги повикуваме нашите граѓани кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел, како и да се пријават во амбасадата во Тел Авив или на дежурните телефони во централата во Скопје, се потенцира во соопштението од Владата

The post Засилени подготовки за организирање на евакуацијата на македонските државјани од Израел appeared first on Република.

]]>
Македонските државјани кои беа во Бањска утрово безбедно се упатени кон дома придружувани од косовската полиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-drzhavjani-koi-bea-vo-banska-utrovo-bezbedno-se-upateni-kon-doma-pridruzhuvani-od-kosovskata-politsija/ Mon, 25 Sep 2023 09:14:47 +0000 https://republika.mk/?p=684917

Македонските државјани сместени во хотел во непосредна близина на манастирот во селото Бањска на северот од Косово, каде вчера имаше оружен напад, утрово безбедно се упатени кон дома, придружувани од косовската полиција.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук објави дека тие се упатени кон дома откако биле извршени интервјуата и анализата од страна на косовската полиција.

По извршените вообичаеното интервју и анализа од страна на полицијата на Република Косово, утрово нашите државјани безбедно се упатени кон дома, придружувани од косовската полиција. Околностите во кои тие се најдоа беа сложени, имајќи предвид дека беа сместени во хотел, во непосредна близина од каде се случи оружениот напад врз полицијата, објави Османи.

Шефот на дипломатијата наведува дека косовската полиција вчера веднаш била известена „за оваа ситуација по редовните канали“, а тој лично разговарал и со неговата колешка Доника Гервала-Шварц.

Низ целиот процес, косовските служби ја гарантираа безбедноста на нашите државјани, а нашата амбасада во Приштина беше во постојан контакт со нив, додава Османи во објавата на фејсбук-профилот.

Министерството за надворешни работи вчера информираше дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на МНР, добиена е информација за седум државјани на Македонија, од кои едно дете, кои се сместени во хотел, во непосредна близина на манастирот во селото Бањска, каде беше извршен оружен напад врз косовските полициски сили.

The post Македонските државјани кои беа во Бањска утрово безбедно се упатени кон дома придружувани од косовската полиција appeared first on Република.

]]>

Македонските државјани сместени во хотел во непосредна близина на манастирот во селото Бањска на северот од Косово, каде вчера имаше оружен напад, утрово безбедно се упатени кон дома, придружувани од косовската полиција. Министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук објави дека тие се упатени кон дома откако биле извршени интервјуата и анализата од страна на косовската полиција.
По извршените вообичаеното интервју и анализа од страна на полицијата на Република Косово, утрово нашите државјани безбедно се упатени кон дома, придружувани од косовската полиција. Околностите во кои тие се најдоа беа сложени, имајќи предвид дека беа сместени во хотел, во непосредна близина од каде се случи оружениот напад врз полицијата, објави Османи.
Шефот на дипломатијата наведува дека косовската полиција вчера веднаш била известена „за оваа ситуација по редовните канали“, а тој лично разговарал и со неговата колешка Доника Гервала-Шварц.
Низ целиот процес, косовските служби ја гарантираа безбедноста на нашите државјани, а нашата амбасада во Приштина беше во постојан контакт со нив, додава Османи во објавата на фејсбук-профилот.
Министерството за надворешни работи вчера информираше дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на МНР, добиена е информација за седум државјани на Македонија, од кои едно дете, кои се сместени во хотел, во непосредна близина на манастирот во селото Бањска, каде беше извршен оружен напад врз косовските полициски сили.

The post Македонските државјани кои беа во Бањска утрово безбедно се упатени кон дома придружувани од косовската полиција appeared first on Република.

]]>
Mакедонски државјани заглавени меѓу престрелките во Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-drzhavjani-zaglaveni-megu-prestrelkite-vo-kosovo/ Sun, 24 Sep 2023 17:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=684783

Група македонски граѓани се исто така заглавени во српското село Бањска, каде цел ден трае вооружебниот судир помеѓу сѐ уште непозната група и косовската полиција. Како што објави 4news тие им се обратиле барајќи помош за нивно извлекување од селото. Велат дека се многу исплашени затоа што ситуацијата од час во час се влошува.

Станува збор за шест возрасни лица и едно малолетно дете.

Според нивните зборови, тие уште од утрото контактирале со македонската амбасада во Приштина, од каде што им била ветена помош, но таа до сега не пристигнала. Тие исто така се во комуникација и со косовската полиција, но засега остануваат заглавени во опсаденото село.

Покрај нашите граѓани, во селото исто така заглавена е и група од 50-на верници од Нови Сад. Според српските медиуми, тие се заклучиле во манастирот, околу кој постојано се слушаат истрели.

The post Mакедонски државјани заглавени меѓу престрелките во Косово appeared first on Република.

]]>

Група македонски граѓани се исто така заглавени во српското село Бањска, каде цел ден трае вооружебниот судир помеѓу сѐ уште непозната група и косовската полиција. Како што објави 4news тие им се обратиле барајќи помош за нивно извлекување од селото. Велат дека се многу исплашени затоа што ситуацијата од час во час се влошува. Станува збор за шест возрасни лица и едно малолетно дете. Според нивните зборови, тие уште од утрото контактирале со македонската амбасада во Приштина, од каде што им била ветена помош, но таа до сега не пристигнала. Тие исто така се во комуникација и со косовската полиција, но засега остануваат заглавени во опсаденото село. Покрај нашите граѓани, во селото исто така заглавена е и група од 50-на верници од Нови Сад. Според српските медиуми, тие се заклучиле во манастирот, околу кој постојано се слушаат истрели.

The post Mакедонски државјани заглавени меѓу престрелките во Косово appeared first on Република.

]]>
Тројца македонски државјани евакуирани од пожарите во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trojtsa-makedonski-drzhavjani-evakuirani-od-pozharite-vo-grtsija/ Thu, 24 Aug 2023 12:38:42 +0000 https://republika.mk/?p=675432

Во пожарите во Грција, според досегашните информации добиени од надлежните институции на земјата, меѓу загинатите нема државјани на Македонија. Има еден повреден државјанин на Македонија, возач на камион чија приколка била опожарена додека поминувал преку подрачје зафатено со пожари, во близина на Александропулис, соопшти Министерството за надворешни работи.

-Возачот добил изгореници, кои се третирани во локалната болница. Во непосредна близина, се наоѓа и втор камион со македонски регистарски таблички, кој поради механички дефект, не е во возна состојба. Тројцата наши државјани, кои се наоѓале во двата камиона, на време биле евакуирани и на пат се кон Македонија, се наведува во соопштението од нашето МНР.

Министерството за надворешни работи воедно, посочува дека со загриженост и внимание ја следи актуелната вонредна состојба во Грција, настаната како разултат на последните шумски пожари, кои резултираа со човечки жртви и други големи загуби.

Грчките власти од вчера наредија нова евакуација на островот Евбоја, во близина на Атина, а пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот во близина на местото на древните Олимписки игри, во з

-Во оваа прилика, би сакале да изразиме сочувство до семејствата на загинатите и да им посакаме брзо закрепнување на повредените, наведуваат од МНР.

Министерството преку својата Амбасада во Атина и Генералниот конзулат во Солун, се посочува, одблиску ги следи состојбите и останува во тесна комуникација со грчките надлежни институции и нашите државјани. Доколку има нови информации, дополнително ќе ја известиме јавноста.

Воедно, апелираат до нашите државјани, доколку се наоѓаат во погодените подрачја и имaaт потреба за помош, да ја контактираат нашата Амбасадата во Атина, преку следните СОС телефонски броеви:  00302106749585 / 00306944743071, Генералниот конзулат во Солун на +30 698 720 0410 или Министерството во Скопје на +389 75 273 732.

The post Тројца македонски државјани евакуирани од пожарите во Грција appeared first on Република.

]]>

Во пожарите во Грција, според досегашните информации добиени од надлежните институции на земјата, меѓу загинатите нема државјани на Македонија. Има еден повреден државјанин на Македонија, возач на камион чија приколка била опожарена додека поминувал преку подрачје зафатено со пожари, во близина на Александропулис, соопшти Министерството за надворешни работи. -Возачот добил изгореници, кои се третирани во локалната болница. Во непосредна близина, се наоѓа и втор камион со македонски регистарски таблички, кој поради механички дефект, не е во возна состојба. Тројцата наши државјани, кои се наоѓале во двата камиона, на време биле евакуирани и на пат се кон Македонија, се наведува во соопштението од нашето МНР. Министерството за надворешни работи воедно, посочува дека со загриженост и внимание ја следи актуелната вонредна состојба во Грција, настаната како разултат на последните шумски пожари, кои резултираа со човечки жртви и други големи загуби. Грчките власти од вчера наредија нова евакуација на островот Евбоја, во близина на Атина, а пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот во близина на местото на древните Олимписки игри, во з -Во оваа прилика, би сакале да изразиме сочувство до семејствата на загинатите и да им посакаме брзо закрепнување на повредените, наведуваат од МНР. Министерството преку својата Амбасада во Атина и Генералниот конзулат во Солун, се посочува, одблиску ги следи состојбите и останува во тесна комуникација со грчките надлежни институции и нашите државјани. Доколку има нови информации, дополнително ќе ја известиме јавноста. Воедно, апелираат до нашите државјани, доколку се наоѓаат во погодените подрачја и имaaт потреба за помош, да ја контактираат нашата Амбасадата во Атина, преку следните СОС телефонски броеви:  00302106749585 / 00306944743071, Генералниот конзулат во Солун на +30 698 720 0410 или Министерството во Скопје на +389 75 273 732.

The post Тројца македонски државјани евакуирани од пожарите во Грција appeared first on Република.

]]>
МНР: Тројца македонски државјaни се на безбедно на Родос https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-trojtsa-makedonski-drzhavjani-se-na-bezbedno-na-rodos/ Mon, 24 Jul 2023 15:02:43 +0000 https://republika.mk/?p=664840

Во врска со пожарите кои ја зафатија Грција, информираме дека заклучно со денешниот ден, тројца државјани на Република Македонија ја контактирале нашата Амбасада во Атина. Истите се наоѓаат на безбедно место, на грчкиот остров Родос, велат од МНР.

Дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во Грција, продолжуваат да бидат во постојана комуникација со надлежните институции на Грција.

 Уште еднаш упатуваме апел да се избегнува туристичко или било какво друго патување во загрозените подрачја.  

За повеќе информации, на располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.

 

 

The post МНР: Тројца македонски државјaни се на безбедно на Родос appeared first on Република.

]]>

Во врска со пожарите кои ја зафатија Грција, информираме дека заклучно со денешниот ден, тројца државјани на Република Македонија ја контактирале нашата Амбасада во Атина. Истите се наоѓаат на безбедно место, на грчкиот остров Родос, велат од МНР.

Дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во Грција, продолжуваат да бидат во постојана комуникација со надлежните институции на Грција.

 Уште еднаш упатуваме апел да се избегнува туристичко или било какво друго патување во загрозените подрачја.  

За повеќе информации, на располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.

 

 

The post МНР: Тројца македонски државјaни се на безбедно на Родос appeared first on Република.

]]>
Убиениот македонски државјанин во Ханиоти бил сопственик на казино https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ubieniot-makedonski-drzhavjanin-vo-hanioti-bil-sopstvenik-na-kazino/ Sat, 15 Jul 2023 09:14:04 +0000 https://republika.mk/?p=661596

39-годишниот македонски државјанин, кој бил бизнисмен кој поседувал казино во земјава, добил десетици куршуми – најмалку 20 – и веројатно се работи за професионално убиство, откако пред неколку дена непознати лица го погубиле неговиот деловен партнер, исто така од соседната земја, објави iefimerida.gr откако ноќеска две лица биле нападнати со истрели во дворот пред изнајмената соба во која престојувале во Ханиоти, Халкидики, при што едното од нив им подлегнало на повредите.

Повреден е и 45-годишен македонски државјанин. Крвавиот инцидент се случил во саботата околу 3.30 часот. Двајцата странци – кои биле на одмор во Ханиоти – биле со поголема група надвор од куќата што ја изнајмиле кога биле застрелани од непознати лица. Насилниците им пришле со покриени лица и почнале да пукаат.

Непознато лице се јавило на 112 и пријавило дека некој бара помош. Кога екипажот на патролното возило пристигнало на лице место, констатирале дека двајцата веќе биле пренесени во Здравствениот дом Касандра Халкидики каде било констатирано дека бизнисменот починал, додека вториот маж е повреден.

Повредениот е згрижен во болница на Халкидики. Прелиминарна истрага врши Полициското одделение Полигирос, додека полицијата почнала потрага за апсење на сторителите.

Убиен е Охран Бајрами попознат под прекарот Оки , а повреден е Сеад Слезовиќ (1978), двајцата бизнисмени кои биле активни во Македонија со казина и фабрики за пијалоци, посочуваат грчките медиуми.

The post Убиениот македонски државјанин во Ханиоти бил сопственик на казино appeared first on Република.

]]>

39-годишниот македонски државјанин, кој бил бизнисмен кој поседувал казино во земјава, добил десетици куршуми – најмалку 20 – и веројатно се работи за професионално убиство, откако пред неколку дена непознати лица го погубиле неговиот деловен партнер, исто така од соседната земја, објави iefimerida.gr откако ноќеска две лица биле нападнати со истрели во дворот пред изнајмената соба во која престојувале во Ханиоти, Халкидики, при што едното од нив им подлегнало на повредите. Повреден е и 45-годишен македонски државјанин. Крвавиот инцидент се случил во саботата околу 3.30 часот. Двајцата странци – кои биле на одмор во Ханиоти – биле со поголема група надвор од куќата што ја изнајмиле кога биле застрелани од непознати лица. Насилниците им пришле со покриени лица и почнале да пукаат. Непознато лице се јавило на 112 и пријавило дека некој бара помош. Кога екипажот на патролното возило пристигнало на лице место, констатирале дека двајцата веќе биле пренесени во Здравствениот дом Касандра Халкидики каде било констатирано дека бизнисменот починал, додека вториот маж е повреден. Повредениот е згрижен во болница на Халкидики. Прелиминарна истрага врши Полициското одделение Полигирос, додека полицијата почнала потрага за апсење на сторителите. Убиен е Охран Бајрами попознат под прекарот Оки , а повреден е Сеад Слезовиќ (1978), двајцата бизнисмени кои биле активни во Македонија со казина и фабрики за пијалоци, посочуваат грчките медиуми.

The post Убиениот македонски државјанин во Ханиоти бил сопственик на казино appeared first on Република.

]]>
Тројца македонски државјани загинаале во сообраќајна несреќа во Ница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-makedonski-drzhavjani-zaginaale-vo-soobrakajna-nesreka-vo-nitsa/ Mon, 10 Apr 2023 09:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=629367

Тројца македонски и еден италијански државјани загинаа синоќа во сообраќајна несреќа во Ница, јави италијанскиот медиуми „Ла Воче ди Асти“.

Според медиумот, до несреќата дошло кога возилото во кое се наоѓале тројцата македонски државјани на возраст од околу 30 години, се судрило со автомобил со кој патувал 23-годишниот Италијанец од местото Асти во северозападна Италија.

Истрагата за причините за несреќата е во тек, а на местото на настанот увид извршиле припадници на сообраќајната полиција.

Извори од полицијата во Асти за медимиуот изјавиле дека засега немаат детела за сообраќајната несреќа, но дека „со сигурност само знаат“ дека станува збор за фронтален судир.

The post Тројца македонски државјани загинаале во сообраќајна несреќа во Ница appeared first on Република.

]]>

Тројца македонски и еден италијански државјани загинаа синоќа во сообраќајна несреќа во Ница, јави италијанскиот медиуми „Ла Воче ди Асти“. Според медиумот, до несреќата дошло кога возилото во кое се наоѓале тројцата македонски државјани на возраст од околу 30 години, се судрило со автомобил со кој патувал 23-годишниот Италијанец од местото Асти во северозападна Италија. Истрагата за причините за несреќата е во тек, а на местото на настанот увид извршиле припадници на сообраќајната полиција. Извори од полицијата во Асти за медимиуот изјавиле дека засега немаат детела за сообраќајната несреќа, но дека „со сигурност само знаат“ дека станува збор за фронтален судир.

The post Тројца македонски државјани загинаале во сообраќајна несреќа во Ница appeared first on Република.

]]>
МНР: Десетте државјани во погоденото подрачје се на безбедно и не се во животозагрозувачка состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-desette-drzhavjani-vo-pogodenoto-podrachje-se-na-bezbedno-i-ne-se-vo-zhivotozagrozuvachka-sostojba/ Mon, 06 Feb 2023 18:07:30 +0000 https://republika.mk/?p=605615

Деветте државјани на Република Македонија, кои беа затекнати во загрозеното подрачје (осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Турција), според последните информации се на безбедно и не се во животно – загрозувачка состојба. Се работи за ученици во средно училиште од Гостивар, при што учениците доаѓаат од поширокото соседство – Маврово, Тетово итн, соопшти МНР.

По инструкција на МНР, Амбасадата во Анкара испрати дипломат заедно со дополнително возило – комби – со кое загрозените граѓани ќе бидат упатени на безбедна локација од каде ќе го продолжат патот кон земјава. Последните информации говорат дека за едно од децата кое има скршеница, направена е првична медицинска санација, и истото е подготвено за патување и заедно со групата ќе биде упатено назад кон земјава, штом дипломатот од Амбасадата во Анкара пристигне на лице место, информира МНР.

Како што наведува Министерството, според последните информации од Амбасадата во Анкара, и Генералниот конзулат во Истанбул добиени во 18:30 часот (16:30 по македонско време) нема други наши државјани кои се наоѓаат во загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција, а нашите претставништва остануваат отворени за евентуална интервенција доколку се појави потреба.

Ја користиме приликата уште еднаш да посочиме дека нашите дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732, информира МНР.

Министерството додава дека според последните информации кои доаѓаат од состојбите во подрачјето на југоисточниот дел до Турција, бројот на загинати граѓани, потврдени од турските надлежни институции, надмина 1.500, додека бројот на повредени засега е околу 10 илјади. Како последица на земјотресот уништени се над 3.700 објекти.

Најтешко се погодени десет града, меѓу кои: Газиентеп, Кахраманмарас, Хатаи, Османије, Адијаман, Малатија, Санлиурфа, Адана, Дијарбакир и Килис. Во овој регион нарушена е нормалната комуникација, а сложените временски услови проследени со исклучително ниска температура, снежни врнежи и намалена видливост, дополнително го отежнуваат справувањето со последиците.

The post МНР: Десетте државјани во погоденото подрачје се на безбедно и не се во животозагрозувачка состојба appeared first on Република.

]]>

Деветте државјани на Република Македонија, кои беа затекнати во загрозеното подрачје (осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Турција), според последните информации се на безбедно и не се во животно – загрозувачка состојба. Се работи за ученици во средно училиште од Гостивар, при што учениците доаѓаат од поширокото соседство – Маврово, Тетово итн, соопшти МНР.
По инструкција на МНР, Амбасадата во Анкара испрати дипломат заедно со дополнително возило – комби – со кое загрозените граѓани ќе бидат упатени на безбедна локација од каде ќе го продолжат патот кон земјава. Последните информации говорат дека за едно од децата кое има скршеница, направена е првична медицинска санација, и истото е подготвено за патување и заедно со групата ќе биде упатено назад кон земјава, штом дипломатот од Амбасадата во Анкара пристигне на лице место, информира МНР.
Како што наведува Министерството, според последните информации од Амбасадата во Анкара, и Генералниот конзулат во Истанбул добиени во 18:30 часот (16:30 по македонско време) нема други наши државјани кои се наоѓаат во загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција, а нашите претставништва остануваат отворени за евентуална интервенција доколку се појави потреба.
Ја користиме приликата уште еднаш да посочиме дека нашите дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732, информира МНР.
Министерството додава дека според последните информации кои доаѓаат од состојбите во подрачјето на југоисточниот дел до Турција, бројот на загинати граѓани, потврдени од турските надлежни институции, надмина 1.500, додека бројот на повредени засега е околу 10 илјади. Како последица на земјотресот уништени се над 3.700 објекти. Најтешко се погодени десет града, меѓу кои: Газиентеп, Кахраманмарас, Хатаи, Османије, Адијаман, Малатија, Санлиурфа, Адана, Дијарбакир и Килис. Во овој регион нарушена е нормалната комуникација, а сложените временски услови проследени со исклучително ниска температура, снежни врнежи и намалена видливост, дополнително го отежнуваат справувањето со последиците.

The post МНР: Десетте државјани во погоденото подрачје се на безбедно и не се во животозагрозувачка состојба appeared first on Република.

]]>
Владата објави листа на македонски државјани што се бореле во Сирија како дел од ИСИС https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-objavi-lista-na-makedonski-drzavjani-shto-se-borele-vo-sirija-kako-del-od-isis/ Wed, 05 Oct 2022 19:23:20 +0000 https://republika.mk/?p=557737

Владата за првпат објави список на 15 македонски државјани кои учествувале во паравоени формации во Сирија и „Исламска држава“ (ИСИС). Ним им се воведени финансиски санкции поради учество во војната во Сирија и финансирање други за учество во војната.

Имињата на 15 мажи на возраст од околу 30 години, кои ја напуштиле Македонија за да се приклучат на милитантната организација „Исламска држава“ во војната во Сирија, за првпат се појавија на списокот објавен од македонската влада во Службен весник и на веб-страницата на Управата за финансиско разузнавање.

Тие финансиски се казнети со одлуката на Владата за учество во војната во Сирија која трае 11 години и обезбедување пари за други да учествуваат во војната како дел од ИСИС. Станува збор за лица кои не се во земјава и против нив веќе е спроведена истрага и распишана е меѓународна потерница.

Одлуката на Владата за рестриктивни финансиски мерки значи дека на овие лица им се забранува користење, пренесување или на друг начин да располагаат со имот, забрана за ставање на располагање на кој било имот, директно или индиректно, и забрана за воспоставување или продолжување на деловен однос.

Петнаесет лица од финансиската „црна листа“ ја напуштиле земјата во 2014 и 2015 година како членови на ИСИС за да се борат во Сирија. Некои од нив беа кривично гонети за обезбедување пари за луѓето кои заминуваат или присутни во Сирија, додека друг дел ги охрабрува другите луѓе со семејства да заминат во Сирија.

The post Владата објави листа на македонски државјани што се бореле во Сирија како дел од ИСИС appeared first on Република.

]]>

Владата за првпат објави список на 15 македонски државјани кои учествувале во паравоени формации во Сирија и „Исламска држава“ (ИСИС). Ним им се воведени финансиски санкции поради учество во војната во Сирија и финансирање други за учество во војната. Имињата на 15 мажи на возраст од околу 30 години, кои ја напуштиле Македонија за да се приклучат на милитантната организација „Исламска држава“ во војната во Сирија, за првпат се појавија на списокот објавен од македонската влада во Службен весник и на веб-страницата на Управата за финансиско разузнавање. Тие финансиски се казнети со одлуката на Владата за учество во војната во Сирија која трае 11 години и обезбедување пари за други да учествуваат во војната како дел од ИСИС. Станува збор за лица кои не се во земјава и против нив веќе е спроведена истрага и распишана е меѓународна потерница. Одлуката на Владата за рестриктивни финансиски мерки значи дека на овие лица им се забранува користење, пренесување или на друг начин да располагаат со имот, забрана за ставање на располагање на кој било имот, директно или индиректно, и забрана за воспоставување или продолжување на деловен однос. Петнаесет лица од финансиската „црна листа“ ја напуштиле земјата во 2014 и 2015 година како членови на ИСИС за да се борат во Сирија. Некои од нив беа кривично гонети за обезбедување пари за луѓето кои заминуваат или присутни во Сирија, додека друг дел ги охрабрува другите луѓе со семејства да заминат во Сирија.

The post Владата објави листа на македонски државјани што се бореле во Сирија како дел од ИСИС appeared first on Република.

]]>
Неславен рекорд: На списокот за депортации од Германија најмногу има македонски државјани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/neslaven-rekord-na-spisokot-za-deportacii-od-germanija-najmnogu-ima-makedonski-drzavjani/ Fri, 26 Aug 2022 06:59:25 +0000 https://republika.mk/?p=544232

Во првата половина од 2022 година, германските власти депортирале вкупно 6.198 странски државјани од земјата. Најбројни меѓу нив биле државјаните на Македонија и Албанија, пишува Дојче веле.

Спред податоците на германското МНР во првата половина од годинава најмногу депортации се направени кон Македонија вкупно 454.

Македонските државјани го држат неславниот рекорд според бројот на депортации од Германија во првите шест месеци од годинава, покажуваат податоците на германската влада. Меѓу 6.198 странски државјани кои биле депортирани од Германија во првата половина од годината, најбројни се оние кои присилно биле упатени кон Македонија- 454.

Втора најчеста дестинација за депортациите била Албанија со вкупно 402, а следуваат Грузија и Турција.

Податоците беа откриени на барање на пратеничката група на Левицата во германскиот Бундестаг, која забележува дека германските покраини трошат многу пари за организирање летови за депортации.

За половина година властите депортирале вкупно 35 лица од Германија во единаесет „мини чартер летови“ во првата половина на 2022 година. Вкупно 167 полицајци дежурале за обезбедување на депортациите. Трошоците за овие летови ја чинеле државата вкупно 580.000 евра.

Коалицискиот договор меѓу СПД, Зелените и Либералите кои ја сочинуваат германската влада, предвидува „офанзива за депортација со цел поконзистентно да се спроведе обврската за напуштање на земјата, соопшти германското МВР на барање на тамошните медиуми.

 

The post Неславен рекорд: На списокот за депортации од Германија најмногу има македонски државјани appeared first on Република.

]]>

Во првата половина од 2022 година, германските власти депортирале вкупно 6.198 странски државјани од земјата. Најбројни меѓу нив биле државјаните на Македонија и Албанија, пишува Дојче веле. Спред податоците на германското МНР во првата половина од годинава најмногу депортации се направени кон Македонија вкупно 454. Македонските државјани го држат неславниот рекорд според бројот на депортации од Германија во првите шест месеци од годинава, покажуваат податоците на германската влада. Меѓу 6.198 странски државјани кои биле депортирани од Германија во првата половина од годината, најбројни се оние кои присилно биле упатени кон Македонија- 454. Втора најчеста дестинација за депортациите била Албанија со вкупно 402, а следуваат Грузија и Турција. Податоците беа откриени на барање на пратеничката група на Левицата во германскиот Бундестаг, која забележува дека германските покраини трошат многу пари за организирање летови за депортации. За половина година властите депортирале вкупно 35 лица од Германија во единаесет „мини чартер летови“ во првата половина на 2022 година. Вкупно 167 полицајци дежурале за обезбедување на депортациите. Трошоците за овие летови ја чинеле државата вкупно 580.000 евра.
Коалицискиот договор меѓу СПД, Зелените и Либералите кои ја сочинуваат германската влада, предвидува „офанзива за депортација со цел поконзистентно да се спроведе обврската за напуштање на земјата, соопшти германското МВР на барање на тамошните медиуми.
 

The post Неславен рекорд: На списокот за депортации од Германија најмногу има македонски државјани appeared first on Република.

]]>
Корумпирани политичари и бизнисмени переле пари преку купување имоти во Дубаи, меѓу нив и 45 Македонци https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/korumpirani-politichari-i-biznismeni-perele-pari-preku-kupuvanje-imoti-vo-dubai-megju-niv-i-45-makedonci/ Tue, 03 May 2022 20:45:29 +0000 https://republika.mk/?p=497173

Македонски државјани поседуваат вкупно 55 имоти во Дубаи, вредни 14 милиони евра, покажува истражувањето на норвешката веб-страница Е24, базирана на „протечени“ документи за имотите на странци во блискоисточната метропола, објавено денеска.

Во документите е наведен бројот на сопствениците на луксузни вили, станови и фирми во Дубаи. Многумина од сопствениците на скапите имоти се луѓе кои во своите земји, но и пошироко, се барани за сериозен криминал, се вели во извештајот, изготвен со помош на стотици новинари, професори и истражувачи од цела Европа. Податоците и табелата со бројот на сопственици на имоти во Дубаи од сите земји се објавени од Центарот за напредни одбранбени студии од САД и се однесуваат на 2020 година.

Не е невообичаено, ниту незаконски странски државјани да поседуваат имот во Дубаи, но кога станува збор за „офшор“ инвестиции, тогаш работите се менуваат, се вели во извештајот. Според ова истражување, многу граѓани во светот купуваат имоти во Дубаи за да избегнат данок или да перат пари заработени на незаконски начин.

Косовски државјани, според извештајот, имаат „помалку од пет имоти“, кои се во сопственост на „помалку од петмина сопственици“, а вредноста е околу еден милион евра. 17 луѓе од Албанија во Дубаи имаат регистрирано 19 „офшор“ имоти со вкупна вредност од 7 милиони долари. Од соседните земји, Србија има најмногу имоти: вкупно 287. Тие се во сопственост на 237 сопственици, а вкупната вредност е 74 милиони евра.

Дубаи станува сѐ популарна дестинација за перење пари на балканските криминалци
Организираните криминалци од Западен Балкан, а особено од Албанија, сѐ повеќе ги користат Обединетите Арапски Емирати како засолниште за да се сокријат себеси и своите пари од органите на прогонот, откри неодамна Глобалната иницијатива за транснационален организиран криминал (GI-TOC) во својата нова анализа, пренесува албанскиот портал „Абц њуз“.

„Се чини дека нивната способност да останат во земјата е олеснета со купување недвижен имот и инвестирање во локалната економија“, велат од Организацијата.

„Земјата се покажа и привлечна за подземјето бидејќи до неодамна беше многу тешко да се екстрадираат бараните криминалци од оваа заливска држава. Тие се чувствуваат толку сигурни што често ги покануваат пријателите и семејството да им се придружат таму, притоа покажувајќи го своето непречено недозволено богатство“, се вели во анализата.

Познати се албанските личности од организираниот криминал, но тие не се единствените кои нашле засолниште во оваа држава. Во земјата се забележани крупни криминални фигури од Босна и Херцеговина, како што е Един Гачанин, водачот на озлогласениот картел „Тито и Дино“. Гачанин е наречен „европски Ескобар“ поради неговата улога во трговијата со кокаин по балканската рута и пласманот на профитабилните западноевропски пазари.

„Одлуката на балканските криминални босови да се преселат во ОАЕ е дел од поширок тренд“, велат од GI-TOC.

„Преселувањето на оддалечените пазари за перење приходи од криминал ја покажува зголемената софистицираност на балканските криминалци и е показател за тоа колку овие организации станаа флексибилни и бизнис-ориентирани. Агенциите за спроведување на законот треба да работат со Обединетите Арапски Емирати за да го решат ова прашање, вклучително и долгорочен пристап“, се вели во анализата. „Понатаму, треба да се направи повеќе за да се одговори на ризиците од враќање на парите од прекуокеанскиот криминал во кревката политичка економија на Западен Балкан“, додаваат од организацијата.

The post Корумпирани политичари и бизнисмени переле пари преку купување имоти во Дубаи, меѓу нив и 45 Македонци appeared first on Република.

]]>

Македонски државјани поседуваат вкупно 55 имоти во Дубаи, вредни 14 милиони евра, покажува истражувањето на норвешката веб-страница Е24, базирана на „протечени“ документи за имотите на странци во блискоисточната метропола, објавено денеска.
Во документите е наведен бројот на сопствениците на луксузни вили, станови и фирми во Дубаи. Многумина од сопствениците на скапите имоти се луѓе кои во своите земји, но и пошироко, се барани за сериозен криминал, се вели во извештајот, изготвен со помош на стотици новинари, професори и истражувачи од цела Европа. Податоците и табелата со бројот на сопственици на имоти во Дубаи од сите земји се објавени од Центарот за напредни одбранбени студии од САД и се однесуваат на 2020 година. Не е невообичаено, ниту незаконски странски државјани да поседуваат имот во Дубаи, но кога станува збор за „офшор“ инвестиции, тогаш работите се менуваат, се вели во извештајот. Според ова истражување, многу граѓани во светот купуваат имоти во Дубаи за да избегнат данок или да перат пари заработени на незаконски начин. Косовски државјани, според извештајот, имаат „помалку од пет имоти“, кои се во сопственост на „помалку од петмина сопственици“, а вредноста е околу еден милион евра. 17 луѓе од Албанија во Дубаи имаат регистрирано 19 „офшор“ имоти со вкупна вредност од 7 милиони долари. Од соседните земји, Србија има најмногу имоти: вкупно 287. Тие се во сопственост на 237 сопственици, а вкупната вредност е 74 милиони евра. Дубаи станува сѐ популарна дестинација за перење пари на балканските криминалци Организираните криминалци од Западен Балкан, а особено од Албанија, сѐ повеќе ги користат Обединетите Арапски Емирати како засолниште за да се сокријат себеси и своите пари од органите на прогонот, откри неодамна Глобалната иницијатива за транснационален организиран криминал (GI-TOC) во својата нова анализа, пренесува албанскиот портал „Абц њуз“.
„Се чини дека нивната способност да останат во земјата е олеснета со купување недвижен имот и инвестирање во локалната економија“, велат од Организацијата.
„Земјата се покажа и привлечна за подземјето бидејќи до неодамна беше многу тешко да се екстрадираат бараните криминалци од оваа заливска држава. Тие се чувствуваат толку сигурни што често ги покануваат пријателите и семејството да им се придружат таму, притоа покажувајќи го своето непречено недозволено богатство“, се вели во анализата. Познати се албанските личности од организираниот криминал, но тие не се единствените кои нашле засолниште во оваа држава. Во земјата се забележани крупни криминални фигури од Босна и Херцеговина, како што е Един Гачанин, водачот на озлогласениот картел „Тито и Дино“. Гачанин е наречен „европски Ескобар“ поради неговата улога во трговијата со кокаин по балканската рута и пласманот на профитабилните западноевропски пазари.
„Одлуката на балканските криминални босови да се преселат во ОАЕ е дел од поширок тренд“, велат од GI-TOC.
„Преселувањето на оддалечените пазари за перење приходи од криминал ја покажува зголемената софистицираност на балканските криминалци и е показател за тоа колку овие организации станаа флексибилни и бизнис-ориентирани. Агенциите за спроведување на законот треба да работат со Обединетите Арапски Емирати за да го решат ова прашање, вклучително и долгорочен пристап“, се вели во анализата. „Понатаму, треба да се направи повеќе за да се одговори на ризиците од враќање на парите од прекуокеанскиот криминал во кревката политичка економија на Западен Балкан“, додаваат од организацијата.

The post Корумпирани политичари и бизнисмени переле пари преку купување имоти во Дубаи, меѓу нив и 45 Македонци appeared first on Република.

]]>
Од Украина досега се евакуирани околу 120 македонски граѓани, меѓу кои има и неколку украински државјани со семејствата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-ukraina-dosega-se-evakuirani-okolu-120-makedonski-gragjani-megju-koi-ima-i-nekolku-ukrainski-drzavjani-so-semejstvata/ Mon, 07 Mar 2022 11:44:56 +0000 https://republika.mk/?p=468851

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека од Украина досега вкупно се евакуирани 120 лица, од кои дел се украински државјани со нивни семејства.

Тој соопшти дека во текот на денешниот ден, на граничниот премин Деве Баир ќе пристигнат група граѓани, меѓу кои и семејството со новороденчето.

Од нив, 20 го искористија нашиот апел да ја напуштат државата пред 24 февруари, пред започнување на конфликтот. Во активна евакуација се 43 наши граѓани, што значи дека ги напуштиле живеалиштата и се на пат да излезат од Украина, пред еден час седум граѓани ја напуштија државата - соопшти Османи.

Тој додаде дека има дел од наши граѓани кои ја напуштиle Украина, нo заминале во Полска и решиле да останат таму, со намера во прва прилика да се вратат повторно во Украина. Има и граѓани кои во Македонија немаат ништо, освен македонско државјанство кои решиле да останат во Полска или соседните земји.

Минатата недела, МНР испрати дипломатска мисија во Украина со цел да ја олеснат евакуацијата на македонските граѓани. Околу 38 граѓани сè уште се во нивните живеалишта во Украина, од кои 11 во Киев, седум во Запорожје и 20 по другите градови - вели Османи.

Во однос на повторното заминување на македонскиот амбасадор Крум Ефремов во Украина, министерот изјави дека неколку дена пред евакуацијата, амбасадата се наоѓала во скривница поради бомбардирањето, поради што морале да бидат извлечени од Киев на побезбедно место во Украина.

Османи појасни дека по нивната евакуација, повторно продолжил процесот на евакуација на македонските граѓани и оти сме една од ретките држави што повторно ја врати амбасадата во Украина, сè додека и последниот граѓанин не биде евакуиран од таму.

The post Од Украина досега се евакуирани околу 120 македонски граѓани, меѓу кои има и неколку украински државјани со семејствата appeared first on Република.

]]>

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека од Украина досега вкупно се евакуирани 120 лица, од кои дел се украински државјани со нивни семејства. Тој соопшти дека во текот на денешниот ден, на граничниот премин Деве Баир ќе пристигнат група граѓани, меѓу кои и семејството со новороденчето.
Од нив, 20 го искористија нашиот апел да ја напуштат државата пред 24 февруари, пред започнување на конфликтот. Во активна евакуација се 43 наши граѓани, што значи дека ги напуштиле живеалиштата и се на пат да излезат од Украина, пред еден час седум граѓани ја напуштија државата - соопшти Османи.
Тој додаде дека има дел од наши граѓани кои ја напуштиle Украина, нo заминале во Полска и решиле да останат таму, со намера во прва прилика да се вратат повторно во Украина. Има и граѓани кои во Македонија немаат ништо, освен македонско државјанство кои решиле да останат во Полска или соседните земји.
Минатата недела, МНР испрати дипломатска мисија во Украина со цел да ја олеснат евакуацијата на македонските граѓани. Околу 38 граѓани сè уште се во нивните живеалишта во Украина, од кои 11 во Киев, седум во Запорожје и 20 по другите градови - вели Османи.
Во однос на повторното заминување на македонскиот амбасадор Крум Ефремов во Украина, министерот изјави дека неколку дена пред евакуацијата, амбасадата се наоѓала во скривница поради бомбардирањето, поради што морале да бидат извлечени од Киев на побезбедно место во Украина. Османи појасни дека по нивната евакуација, повторно продолжил процесот на евакуација на македонските граѓани и оти сме една од ретките држави што повторно ја врати амбасадата во Украина, сè додека и последниот граѓанин не биде евакуиран од таму.

The post Од Украина досега се евакуирани околу 120 македонски граѓани, меѓу кои има и неколку украински државјани со семејствата appeared first on Република.

]]>
МНР: Обезбеден транспорт на наши државјани во Одеса, итно да го контактираат министерството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-obezbeden-transport-na-nashi-drzavjani-vo-odesa-itno-da-go-kontaktiraat-ministerstvoto/ Sat, 26 Feb 2022 21:25:30 +0000 https://republika.mk/?p=464525

Од Министерството за надворешни работи информираат дека во соработка со партнерски земји обезбедиле транспорт за евакуација на нашите државјани кои во моментот се наоѓаат во Одеса, Украина.

„Поради тоа, апелираме нашите државјани кои се наоѓаат во Одеса, итно да го контактираат министерството, со цел достава на податоци и координација на процесот за евакуација на дежурниот телефонски број +389 75 273 732. Воедно, министерството остварува комуникација со нашите државјани со чии податоци располага, со цел достава на насоки за постапување.

 

Дополнително, министерството за надворешни работи прави напори да обезбеди начини за евакуација и за нашите државјани кои во моментот се наоѓаат во Харков и Киев, за што дополнително ќе информираме.

 

Дополнително, во текот на денот, Министерството за надворешни работи имаше неколку јавувања од наши граѓани, транспортери на камиони, кои заради воените дејствија во Украина беа заглавени на украинско-полската и украинско-романската граница. Амбасадите во Букурешт и Варшава, цел ден активно комуницираат со полските и романските власти, а се обидуваат и преку украинските конзулати во Романија и Полска да им помогнат на овие наши превозници за да ја напуштат украинската територија без да претрпат економски последици. Истовремено апелираме до сите транспортни превозници да се воздржат од проток и патувања кон Украина затоа што состојбите се крајно непредвидливи и нашите институции не можат да им ја гарантираат нивната безбедност“, се вели во соопштението од МНР.

The post МНР: Обезбеден транспорт на наши државјани во Одеса, итно да го контактираат министерството appeared first on Република.

]]>

Од Министерството за надворешни работи информираат дека во соработка со партнерски земји обезбедиле транспорт за евакуација на нашите државјани кои во моментот се наоѓаат во Одеса, Украина.
„Поради тоа, апелираме нашите државјани кои се наоѓаат во Одеса, итно да го контактираат министерството, со цел достава на податоци и координација на процесот за евакуација на дежурниот телефонски број +389 75 273 732. Воедно, министерството остварува комуникација со нашите државјани со чии податоци располага, со цел достава на насоки за постапување.   Дополнително, министерството за надворешни работи прави напори да обезбеди начини за евакуација и за нашите државјани кои во моментот се наоѓаат во Харков и Киев, за што дополнително ќе информираме.   Дополнително, во текот на денот, Министерството за надворешни работи имаше неколку јавувања од наши граѓани, транспортери на камиони, кои заради воените дејствија во Украина беа заглавени на украинско-полската и украинско-романската граница. Амбасадите во Букурешт и Варшава, цел ден активно комуницираат со полските и романските власти, а се обидуваат и преку украинските конзулати во Романија и Полска да им помогнат на овие наши превозници за да ја напуштат украинската територија без да претрпат економски последици. Истовремено апелираме до сите транспортни превозници да се воздржат од проток и патувања кон Украина затоа што состојбите се крајно непредвидливи и нашите институции не можат да им ја гарантираат нивната безбедност“, се вели во соопштението од МНР.

The post МНР: Обезбеден транспорт на наши државјани во Одеса, итно да го контактираат министерството appeared first on Република.

]]>