Македонски Дипломатски Синдикат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-diplomatski-sindikat/ За подобро да се разбереме Tue, 09 May 2023 09:30:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонски Дипломатски Синдикат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-diplomatski-sindikat/ 32 32 Македонскиот дипломатски синдикат го поздравува отповикување на амбасадорот Тодоровски од Прага https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskiot-diplomatski-sindikat-go-pozdravuva-otpovikuvane-na-ambasadorot-todorovski-od-praga/ Tue, 09 May 2023 09:30:29 +0000 https://republika.mk/?p=638686

Македонскиот дипломатски синдикат топло го поздравува потегот на претседателот Пендаровски и министерот за надворешни работи Османи за предвремено отповикување на амбасадорот Тодоровски од Прага.

Иако сметаме дека отповикувањето е задоцнето и донесено со големи калкулации имајќи го во предвид неговото политичко и непрофесионално делување како претседател на синдикална организација, како и фактот дека именуваниот и претходно е предвремено отповикан за слични нерегуларности. Сепак е добро што најпосле свеста за нужноста од „прочистувањето“ на македонската дипломатија, почнува да резултира со конкретна акција. Акцијата требаше да биде изведена многу потранспарентно и обзнанета изворно и навремено, а не изнудено со повеќемесечно задоцнување, дури откако е направен изборот на кандидат за нов амбасадор, при веќе постоечки амбасадор во Прага, кој е само на половина од својот мандат.

Имајќи ги предвид причините за отповикувањето, ќе констатираме дека непочитувањето на Виенската дипломатска конвенција претставува сериозен проблем за секоја дипломатска служба и дека со такви ситуации Mинистерството треба да е справува брзо и ефикасно, без никакви калкулации.

Со оглед на горенаведеното, го охрабруваме министерот Османи со иста енергија и со ист аршин да продолжи да се справува со секаква недисциплина, неодговорност, малверзации, неспособност и недостатокот на исполнителност и на другинаши амбасадори, за кои има сознанија за вакви и посериозни прекршувања.

Министерот Османи и неговиот претходник Димитров немаа желба да соработуваат со Македонскиот дипломатски синдикат, уште помалку да ги слушнат наши сугестии во однос на лошата кадровска политика во највисокиот ешалон на дипломатијата. Поради тоа, порачуваме дека како Синдикат ќе вложиме голем напор со следниот министер за надворешни работи да воспоставиме силна двонасочна соработка, која ќе биде заснована пред се на професионални стандарди и нема да имаме толеранција за неквалитет, индолентност или неспособност на нашите најважни дипломатски претставници во светот, амбасадори.

The post Македонскиот дипломатски синдикат го поздравува отповикување на амбасадорот Тодоровски од Прага appeared first on Република.

]]>

Македонскиот дипломатски синдикат топло го поздравува потегот на претседателот Пендаровски и министерот за надворешни работи Османи за предвремено отповикување на амбасадорот Тодоровски од Прага. Иако сметаме дека отповикувањето е задоцнето и донесено со големи калкулации имајќи го во предвид неговото политичко и непрофесионално делување како претседател на синдикална организација, како и фактот дека именуваниот и претходно е предвремено отповикан за слични нерегуларности. Сепак е добро што најпосле свеста за нужноста од „прочистувањето“ на македонската дипломатија, почнува да резултира со конкретна акција. Акцијата требаше да биде изведена многу потранспарентно и обзнанета изворно и навремено, а не изнудено со повеќемесечно задоцнување, дури откако е направен изборот на кандидат за нов амбасадор, при веќе постоечки амбасадор во Прага, кој е само на половина од својот мандат. Имајќи ги предвид причините за отповикувањето, ќе констатираме дека непочитувањето на Виенската дипломатска конвенција претставува сериозен проблем за секоја дипломатска служба и дека со такви ситуации Mинистерството треба да е справува брзо и ефикасно, без никакви калкулации. Со оглед на горенаведеното, го охрабруваме министерот Османи со иста енергија и со ист аршин да продолжи да се справува со секаква недисциплина, неодговорност, малверзации, неспособност и недостатокот на исполнителност и на другинаши амбасадори, за кои има сознанија за вакви и посериозни прекршувања. Министерот Османи и неговиот претходник Димитров немаа желба да соработуваат со Македонскиот дипломатски синдикат, уште помалку да ги слушнат наши сугестии во однос на лошата кадровска политика во највисокиот ешалон на дипломатијата. Поради тоа, порачуваме дека како Синдикат ќе вложиме голем напор со следниот министер за надворешни работи да воспоставиме силна двонасочна соработка, која ќе биде заснована пред се на професионални стандарди и нема да имаме толеранција за неквалитет, индолентност или неспособност на нашите најважни дипломатски претставници во светот, амбасадори.

The post Македонскиот дипломатски синдикат го поздравува отповикување на амбасадорот Тодоровски од Прага appeared first on Република.

]]>
Бујар Османи се обидува да го замолкне дипломатот Зоран Дабиќ вршејќи притисок врз Апелација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bujar-osmani-se-obiduva-da-go-zamolkne-diplomatot-zoran-dabik-vrshejki-pritisok-vrz-apelatsija/ Tue, 07 Mar 2023 15:44:10 +0000 https://republika.mk/?p=616970

Апелацискиот суд ја вратил на повторно судење во Основниот суд тужбата од претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат Зоран Дабиќ.

Во соопштението до јавноста МДС обвинува дека МНР и министерот Бујар Османи вршат притисок врз Апелацискиот суд за предметите во кои десетина дипломати приватно да го тужат МНР за деградирање и мобинг.

Министерството за надворешни работи последните неколку години брутално деградираше триесетина дипломати, вклучително и дел со највисок, амбасадорски ранг, на најниски можни позиции. Дипломатите се распоредени на пониски позиции без никакво објаснување, незаконски, под закрила на нова систематизација.

Како тоа изгледа во пракса? Замислете судија по 30 години стаж да биде вратен на работа во писарница. Или генерал во поручник. Или професор во асистент. Такво самоволие, шиканирање и мобинг МНР претходно немаше видено. Патот до правдата во нашите судови е долга. Во наведениот случај 4 години, до сега. Десетина дипломати се решија приватно да го тужат МНР еден по еден ги добиваат споровите. Но, трошењето државни пари за судски трошоци, а во заштита на неговиот каприц, не го обесхрабри министерот Бујар Османи, кој даде наредба сите судски одлуки да се обжалат до апелација. Еден по еден, сите колеги ги добиваат случаите и на Апелациониот суд. Не е ни чудо, бидејќи сите случаи се идентични како јајце на јајце и сите со очигледна злоупотреба на позицијата на моќ и овластување од страна на министер, велат од МДС.

Во соопштението стои дека единствено тужбата на претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Зоран Дабиќ, како исклучок, Апелациониот суд ја врати на повторно судење во Основен суд како „нејасна“.

Синдикатот смета дека Дабиќ е трн во окото на раководството на МНР каконајактивен борец за подобрување на професионализмот во дипломатијата и за почитување на работничките права

Очигледно, тој многу му пречи на раководството на МНР кое со сите сили се обидува да го замолкне. Се поведуваа монтирани дисциплински постапки, го изолираа, му одземаа работни обврски, се обидуваа да го заплашат.

На крај, кога ништо од тоа не им успеа, „проработеа“ телефоните на релација МНР – Апелационен суд, па тужбата на „бунтовниот“ амбасадор се врати на почеток. Нека се плетка по судските ходници уште барем четири години. А до тогаш ќе дојде и нов министер.

Каде е во оваа приказната судството? Четири години се води едноставна постапка каде што повеќе од очигледна е злоупотребата на овластувањата на министерот и пресметувањето со неистомислениците од редот на највисоките дипломати.

Наместо да биде последна и најсилна инстанца на заштита на вработените, Апелациониот суд се согласи да биде маша на поединци на врвот на извршната власт.

Мизерно и бедно, како од министерот така и од судиите кои „му излегле во пресрет“. Затоа, не три, туку наскоро ниту еден процент доверба нема да остане во судството, велат од Македонскиот дипломатски синдикат.

The post Бујар Османи се обидува да го замолкне дипломатот Зоран Дабиќ вршејќи притисок врз Апелација appeared first on Република.

]]>

Апелацискиот суд ја вратил на повторно судење во Основниот суд тужбата од претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат Зоран Дабиќ. Во соопштението до јавноста МДС обвинува дека МНР и министерот Бујар Османи вршат притисок врз Апелацискиот суд за предметите во кои десетина дипломати приватно да го тужат МНР за деградирање и мобинг. Министерството за надворешни работи последните неколку години брутално деградираше триесетина дипломати, вклучително и дел со највисок, амбасадорски ранг, на најниски можни позиции. Дипломатите се распоредени на пониски позиции без никакво објаснување, незаконски, под закрила на нова систематизација.
Како тоа изгледа во пракса? Замислете судија по 30 години стаж да биде вратен на работа во писарница. Или генерал во поручник. Или професор во асистент. Такво самоволие, шиканирање и мобинг МНР претходно немаше видено. Патот до правдата во нашите судови е долга. Во наведениот случај 4 години, до сега. Десетина дипломати се решија приватно да го тужат МНР еден по еден ги добиваат споровите. Но, трошењето државни пари за судски трошоци, а во заштита на неговиот каприц, не го обесхрабри министерот Бујар Османи, кој даде наредба сите судски одлуки да се обжалат до апелација. Еден по еден, сите колеги ги добиваат случаите и на Апелациониот суд. Не е ни чудо, бидејќи сите случаи се идентични како јајце на јајце и сите со очигледна злоупотреба на позицијата на моќ и овластување од страна на министер, велат од МДС.
Во соопштението стои дека единствено тужбата на претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Зоран Дабиќ, како исклучок, Апелациониот суд ја врати на повторно судење во Основен суд како „нејасна“. Синдикатот смета дека Дабиќ е трн во окото на раководството на МНР каконајактивен борец за подобрување на професионализмот во дипломатијата и за почитување на работничките права
Очигледно, тој многу му пречи на раководството на МНР кое со сите сили се обидува да го замолкне. Се поведуваа монтирани дисциплински постапки, го изолираа, му одземаа работни обврски, се обидуваа да го заплашат. На крај, кога ништо од тоа не им успеа, „проработеа“ телефоните на релација МНР – Апелационен суд, па тужбата на „бунтовниот“ амбасадор се врати на почеток. Нека се плетка по судските ходници уште барем четири години. А до тогаш ќе дојде и нов министер.
Каде е во оваа приказната судството? Четири години се води едноставна постапка каде што повеќе од очигледна е злоупотребата на овластувањата на министерот и пресметувањето со неистомислениците од редот на највисоките дипломати. Наместо да биде последна и најсилна инстанца на заштита на вработените, Апелациониот суд се согласи да биде маша на поединци на врвот на извршната власт.
Мизерно и бедно, како од министерот така и од судиите кои „му излегле во пресрет“. Затоа, не три, туку наскоро ниту еден процент доверба нема да остане во судството, велат од Македонскиот дипломатски синдикат.
 
The post Бујар Османи се обидува да го замолкне дипломатот Зоран Дабиќ вршејќи притисок врз Апелација appeared first on Република.

]]>
Македонскиот дипломатски синдикат со поддршка за студентите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskiot-diplomatski-sindikat-so-poddrshka-za-studentite/ Tue, 15 Nov 2022 13:36:25 +0000 https://republika.mk/?p=574086

Македонскиот дипломатски синдикат дава силна поддршка на студентите во борбата за зачувување на нивниот животнен стандард и достоинство. Недозволиво е на грбот на една од најранливите категории да се спроведува штедење на исхрана, греење и хигиена.

Oттаму велат дека се работи за наши деца, наши синови и ќерки, но и наши идни колешки и колеги. Зарем треба да поминат низ пекол на сиромаштија и понижувања за да станат академски граѓани?

Студентските денови треба да останат во нивната меморија како најубав период во животот, период на стекнување нови знаења, нови пријателства и подготовка за идниот професионален живот, а не како мрачен период на изгладнување, смрзнување и нечистотија.Жално е кога ќе погледнеме какви се студентските домови низ регионот и низ Европа, кои најчесто се користат преку лето и како хотели, а какви се нашите.МДС ги охрабрува студентите да продолжат со своите најлегитимни можни барања за хумани услови за живот и достоинство

The post Македонскиот дипломатски синдикат со поддршка за студентите appeared first on Република.

]]>

Македонскиот дипломатски синдикат дава силна поддршка на студентите во борбата за зачувување на нивниот животнен стандард и достоинство. Недозволиво е на грбот на една од најранливите категории да се спроведува штедење на исхрана, греење и хигиена. Oттаму велат дека се работи за наши деца, наши синови и ќерки, но и наши идни колешки и колеги. Зарем треба да поминат низ пекол на сиромаштија и понижувања за да станат академски граѓани?
Студентските денови треба да останат во нивната меморија како најубав период во животот, период на стекнување нови знаења, нови пријателства и подготовка за идниот професионален живот, а не како мрачен период на изгладнување, смрзнување и нечистотија.Жално е кога ќе погледнеме какви се студентските домови низ регионот и низ Европа, кои најчесто се користат преку лето и како хотели, а какви се нашите.МДС ги охрабрува студентите да продолжат со своите најлегитимни можни барања за хумани услови за живот и достоинство

The post Македонскиот дипломатски синдикат со поддршка за студентите appeared first on Република.

]]>
МДС го обвини Османи за нелегални паралелни структури во МНР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mds-go-obvini-osmani-za-nelegalni-paralelni-strukturi-vo-mnr/ Wed, 02 Nov 2022 13:33:47 +0000 https://republika.mk/?p=568809

Целосно сме разочарани од вчерашната реакција на г-нот Османи во врска критиките на Македонскиот дипломатски синдикат кон неговата работа, велат од МДС во реакција на прес-конференцијата на министерот за надворешни работи, која ви ја пренесуваме во целост:

Османи продолжува да запаѓа од лага во лага со тврдењето дека критиките кон него биле субјективни, односно биле упатени од страна „на еден човек, а не цела организација“, како и дека тој со двата синдикати во МНР имал соработка „на дневна основа“.

За информирање на г-нот Османи, Македонскиот дипломатски синдикат е законски регистриран во Централен регистер и е дел од Синдикатот на администрацијата и државната управа (САДУ) и Конференцијата на слободни синдикати (КСС), а преку нив и во Меѓународната конфедерација на синдикати со седиште во Брисел (International Trade Union Confederation – ITUC).

Не само што целото членство на МДС стои зад критиките кон Османи, туку и САДУ и КСС целосно ги поддржуваат ставовите на МДС, а тоа се многу луѓе, не еден човек.

Поголема невистина од тврдењето дека Османи имал добра соработка со двата синдикати во МНР и тоа „на дневна основа“ нема, бидејќи тој од почеток целосно ги игнорира нашите барања и прашања и никогаш, ама никогаш, не одговарал на нашата комуникација. Сме интервенирале за Ковид вакцини за вработените, за одржување систематски прегледи, сме барале разговори за платите во МНР кои се далеку под просекот во државата, речиси на ниво на кожарската и дрвна индустрија, сме интервенирале за исплата на К-15 за 2022 година и многу други нешта. Одговор никогаш не сме добиле. Господинот Османи упорно не исклучува од сите текови во МНР, па така веќе две години како се изготвува Законот за надворешни работи одбива да го сподели нацрт текстот со МДС, како би не спречил да дадеме свое мислење до Работната група за изготвување на предлогот, што инаку е законска обврска.

Господине Османи, Македонскиот дипломатски синдикат никогаш немал некаква политичка агенда. Патетичен е обидот да не прилепувате за било каква политичка опција. Погледнете ги сите наши соопштенија, такво нешто не можете да најдете. Од членовите на МДС, но и пошироко, од голем број вработени, секојдневно добиваме поддршка и охрабрување да продолжиме со борбата за подобра положба на вработените и обелоденување на неправилностите во МНР. Во таа борба нема да не заплашат бројните притисоци и деградации на сениорски дипломати и централизацијата на моќта во рацете на министерот и неговиот кабинет преку нелегални паралелни структури поради кои легалните структури на министерството се осудени на одумирање. Ќе се бориме со сите расположливи средства да ја вратиме киднапираната дипломатија и да го возобновиме нејзиниот некогашен сјај.

The post МДС го обвини Османи за нелегални паралелни структури во МНР appeared first on Република.

]]>

Целосно сме разочарани од вчерашната реакција на г-нот Османи во врска критиките на Македонскиот дипломатски синдикат кон неговата работа, велат од МДС во реакција на прес-конференцијата на министерот за надворешни работи, која ви ја пренесуваме во целост: Османи продолжува да запаѓа од лага во лага со тврдењето дека критиките кон него биле субјективни, односно биле упатени од страна „на еден човек, а не цела организација“, како и дека тој со двата синдикати во МНР имал соработка „на дневна основа“. За информирање на г-нот Османи, Македонскиот дипломатски синдикат е законски регистриран во Централен регистер и е дел од Синдикатот на администрацијата и државната управа (САДУ) и Конференцијата на слободни синдикати (КСС), а преку нив и во Меѓународната конфедерација на синдикати со седиште во Брисел (International Trade Union Confederation – ITUC). Не само што целото членство на МДС стои зад критиките кон Османи, туку и САДУ и КСС целосно ги поддржуваат ставовите на МДС, а тоа се многу луѓе, не еден човек. Поголема невистина од тврдењето дека Османи имал добра соработка со двата синдикати во МНР и тоа „на дневна основа“ нема, бидејќи тој од почеток целосно ги игнорира нашите барања и прашања и никогаш, ама никогаш, не одговарал на нашата комуникација. Сме интервенирале за Ковид вакцини за вработените, за одржување систематски прегледи, сме барале разговори за платите во МНР кои се далеку под просекот во државата, речиси на ниво на кожарската и дрвна индустрија, сме интервенирале за исплата на К-15 за 2022 година и многу други нешта. Одговор никогаш не сме добиле. Господинот Османи упорно не исклучува од сите текови во МНР, па така веќе две години како се изготвува Законот за надворешни работи одбива да го сподели нацрт текстот со МДС, како би не спречил да дадеме свое мислење до Работната група за изготвување на предлогот, што инаку е законска обврска. Господине Османи, Македонскиот дипломатски синдикат никогаш немал некаква политичка агенда. Патетичен е обидот да не прилепувате за било каква политичка опција. Погледнете ги сите наши соопштенија, такво нешто не можете да најдете. Од членовите на МДС, но и пошироко, од голем број вработени, секојдневно добиваме поддршка и охрабрување да продолжиме со борбата за подобра положба на вработените и обелоденување на неправилностите во МНР. Во таа борба нема да не заплашат бројните притисоци и деградации на сениорски дипломати и централизацијата на моќта во рацете на министерот и неговиот кабинет преку нелегални паралелни структури поради кои легалните структури на министерството се осудени на одумирање. Ќе се бориме со сите расположливи средства да ја вратиме киднапираната дипломатија и да го возобновиме нејзиниот некогашен сјај.

The post МДС го обвини Османи за нелегални паралелни структури во МНР appeared first on Република.

]]>
Македонски дипломатски синдикат: Не е вистина дека директорот на протокол во МНР си дал оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-diplomatski-sindikat-ne-e-vistina-deka-direktorot-na-protokol-vo-mnr-si-dal-ostavka/ Tue, 01 Nov 2022 12:10:34 +0000 https://republika.mk/?p=568276

Македонскиот дипломатски синдикат денеска реагираше на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека поради грешка со поставување знамиња, оставка поднел директорот на Протоколот во МНР,  тврдејќи дека ваквата информацијата не е вистинита.

Според Синдикатот, механизам оставка на државен службеник не постои, посочувајќи дека директорот на протоколот во МНР за една недела треба да замине како „амбасадор во една голема земја“ и оти за таму картите му биле извадени уште пред „грешката со знамињата“.

– До кога Османи ќе го жртвува угледот на дипломати за да се заштитите себе си од одговорност? Каква е таа оставка од државен службеник? Такво нешто не постои. Дали измислил некаков механизам за депонирање оставки на државни службеници? Тој многу добро знае дека оставки може да поднесуваат само функционери, како што е впрочем тој, кои се избрани или назначени на определен временски мандат. Службеници никако. Лагата околу наводната оставка да биде уште побескрупулозна, споменатиот колега за една недела заминува на амбасадорска позиција во една голема земја, за каде што картите му се извадени уште пред инцидентот со знамињата, се вели во денешното соопштение од Македонскиот дипломатски синдикат

The post Македонски дипломатски синдикат: Не е вистина дека директорот на протокол во МНР си дал оставка appeared first on Република.

]]>

Македонскиот дипломатски синдикат денеска реагираше на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека поради грешка со поставување знамиња, оставка поднел директорот на Протоколот во МНР,  тврдејќи дека ваквата информацијата не е вистинита. Според Синдикатот, механизам оставка на државен службеник не постои, посочувајќи дека директорот на протоколот во МНР за една недела треба да замине како „амбасадор во една голема земја“ и оти за таму картите му биле извадени уште пред „грешката со знамињата“.
– До кога Османи ќе го жртвува угледот на дипломати за да се заштитите себе си од одговорност? Каква е таа оставка од државен службеник? Такво нешто не постои. Дали измислил некаков механизам за депонирање оставки на државни службеници? Тој многу добро знае дека оставки може да поднесуваат само функционери, како што е впрочем тој, кои се избрани или назначени на определен временски мандат. Службеници никако. Лагата околу наводната оставка да биде уште побескрупулозна, споменатиот колега за една недела заминува на амбасадорска позиција во една голема земја, за каде што картите му се извадени уште пред инцидентот со знамињата, се вели во денешното соопштение од Македонскиот дипломатски синдикат

The post Македонски дипломатски синдикат: Не е вистина дека директорот на протокол во МНР си дал оставка appeared first on Република.

]]>
МДС: Со парите од продавањето на недвижноста во Њујорк на поранешна Југославија, Македонија да купи станови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mds-so-parite-od-prodavanjeto-na-nedviznosta-vo-njujork-na-poraneshna-jugoslavija-makedonija-da-kupi-stanovi/ Thu, 29 Sep 2022 13:09:49 +0000 https://republika.mk/?p=555681

Македонскиот дипломатски синдикат го поздравува успешното продавање на недвижноста на поранешна Југославија на Петата авенија во Њујорк, во рамки на
процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ.

Апелираме до раководството на МНР и до Владата добиените средства во висина од околу 4 милиони американски долари веднаш да се реинвестираат во купување на недвижнини односно дипломатски станови во Њујорк. Имајќи предвид дека законските прописи предвидуваат уплата на овие средства во државниот буџет, сметаме дека постои реална опасност овие средства да се разводнат и потрошат ненаменски.

Со вакво реинвестирање на средствата, значително ќе се збогати станбениот фонд на Македонија во странство, со што барем делумно ќе се намалат огромните трошоци кои се исплаќаат за кирии на нашите дипломати во странство. Патем, вакви се и искуствата во земјите од поранешна Југославија.

https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/prodadena-zgradata-na-misijata-na-sfrj-vo-njujork-za-50-milioni-dolari-sukcesor-e-i-severna-makedonija/

The post МДС: Со парите од продавањето на недвижноста во Њујорк на поранешна Југославија, Македонија да купи станови appeared first on Република.

]]>

Македонскиот дипломатски синдикат го поздравува успешното продавање на недвижноста на поранешна Југославија на Петата авенија во Њујорк, во рамки на процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ. Апелираме до раководството на МНР и до Владата добиените средства во висина од околу 4 милиони американски долари веднаш да се реинвестираат во купување на недвижнини односно дипломатски станови во Њујорк. Имајќи предвид дека законските прописи предвидуваат уплата на овие средства во државниот буџет, сметаме дека постои реална опасност овие средства да се разводнат и потрошат ненаменски. Со вакво реинвестирање на средствата, значително ќе се збогати станбениот фонд на Македонија во странство, со што барем делумно ќе се намалат огромните трошоци кои се исплаќаат за кирии на нашите дипломати во странство. Патем, вакви се и искуствата во земјите од поранешна Југославија.   https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/prodadena-zgradata-na-misijata-na-sfrj-vo-njujork-za-50-milioni-dolari-sukcesor-e-i-severna-makedonija/

The post МДС: Со парите од продавањето на недвижноста во Њујорк на поранешна Југославија, Македонија да купи станови appeared first on Република.

]]>
Македонскиот дипломатски синдикат бара итно запирање на незаконската постапка против претседателот Дабиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskiot-diplomatski-sindikat-bara-itno-zapiranje-na-nezakonskata-postapka-protiv-pretsedatelot-dabikj/ Mon, 25 Jul 2022 13:56:20 +0000 https://republika.mk/?p=533005

Најостро се спротивставуваме наповедувањето дисциплинска постапка против нашиот претседател, амбасадорот Зоран Дабиќ. Веќе три години, од основањето на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Дабиќ е наш претседател и бескомпромисен борец за остварување на принципите и заложбите зад кои стои МДС, а тоа се пред се подобрување на социјалните, економските, здравствените и професионални права на вработените во МНР. Со своите активности и резултати во насока на реализирање на принципите и заложбите на МДС и пред се враќањето на дигнитетот на дипломатската професија тој ужива висок углед во нашето членство, стои во отвореното писмо на Извршниот одбор на Македонскиот дипломатски синдикат.

Имајќи ја предвид законската заштита на синдикатите, како и на претставниците на синдикатите за искажан став или мислење, која е, согласно основните демократски принципи, насочена токму кон овозможување на слободно дејствување на синдикатите, тие го информираат за следното:

– Со Одлука на Извршниот одбор на МДС, претседателот Зоран Дабиќ е задолжен да ги афирмира ставовите на МДС во самото министерство, но и во пошироката јавност и е овластен тоа да го прави преку директно комуницирање со министерот за надворешни работи и раководството на МНР, преку соопштенија за јавност, јавни написи, предавања, учество на конференции, јавни настапи, интервјуа, присуство во медиуми, социјални мрежи и други форми на обраќање до јавноста кои што ќе имаат ефект на доближување на нашите пораки до широката јавност.

Согласно ова, нашиот претседател, амбасадорот Зоран Дабиќ не може, ниту смее да биде предмет на лична дисциплинска постапка, поради тоа што како Претседател на МДС ги застапува ставовите на МДС. Сите ставови изнесени на неговото обраќање пред Собранието на 5 јули 2022 година се ставови на Македонскиот дипломатски синдикат. Сите забелешки „околу начинот на работењето на министерот за надворешни работи Бујар Османи и функционирањето на Министерството за надворешни работи“ се исто така забелешки на Македонскиот дипломатски синдикат. Овие забелешки не се нови и се однесуваат на супер-централизираниот начин на неговото раководење преку создавање „мини МНР“ во Кабинетот на министерот, одн.двојни паралелни структури за веќе постоечки области. На тој начин директно се запоставува 90% од редовните работни единици врз кои дипломатијата како структура почива, преку нивно маргинализирање или целосно невклучување во активностите. Ваквата пракса непосредно доведе до релативизирање на највисоките дипломатски структури, а со тоа и до атрофирање на целосната дипломатската служба, која станува „одвишна и непотребна“. Долгорочно, ваквата поставеност води кон јакнење на клиентелизмот ипартизираноставо МНР, какои појава на тешки дефекти во процесот на градење квалитетни дипломати. Оттаму нашата загриженост за иднината на нашата куќа, се појаснува во писмото.

Извршниот одбор на МДС истакна дека како претседател на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Дабиќ на нивно барање јавно го изнесл нивниот став против злоупотреба на нивните имиња и професии од страна на министерот Османи, кога неточно изјавил во јавноста дека „францускиот предлог го разгледуваат и анализираат најискусните дипломати во МНР“.

– И на крај, како МДС сметаме дека несмасната изјава на МНР Османи дека неприфаќањето на францускиот предлог може да доведе до етнички тензии е целосно несоодветна за еден министер за надворешни работи и заради тоа го овластивме нашиот претседател јавно да побара одговорност од министерот Осамни. Како што гледате, вистинскиот субјектот на дисциплинска постапка што се предлага да се поведе е всушност Македонскиот дипломатски синдикат. МДС е доброволно здружение на граѓани и нема некакви институционални или финансиски можности за некакво влијание, освен преку изнесување на вистината. А за вистината да допре, таа треба да излезе во јавност. Никој, па макар бил и министер или друг висок раководител не може да биде однапред амнестиран од одговорност за штетни последици. Нашиот законски претставник, амбасадорот Зоран Дабиќ ги афирмира нашите познати ставови во јавноста, кои ставови ги градиме сите подеднакво и тоа се наши заеднички ставови, па согласно тоа не гледаме поради што некој треба поединечно да одговара, се појаснува во писмото, децидни се.

Од Извршниот одбор се надеваат дека ќе се препознае дека дисциплинска постапка против нашиот претставник амбасадорот Дабиќ, поради тоа што изнесува наши ставови, не е законски дозволена и дека соодветно на тоа, ќе донесете исправна одлука да не ја поведете постапката.

– Доколку сепак се решите да поведете незаконска постапка, бидете сигурни дека до крај ќе ги браниме нашиот интегритет и нашите законски права како синдикална организација, јавно и гласно. За ваквиот незаконски преседан веднаш ќе ги информираме нашите повисоки структури, и тоа: Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) и Синдикатот на администрацијата и државната управа (САДУ) на домашен, како и Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC – International Trade Union Confederation) и Светската работна организација(ILO – International Labor Organization)од системот на Обединетите нации, на меѓународен план. Исто така, ќе продолжиме да ги известуваме медиумите за авторитарниот недемократски третман на синдикатот во Министерството за надворешни работи и за обиди за негово замолкнување преку застрашување на неговото членство, одн. самиот претседател. Доколку биде потребно, нема да исклучиме и поведување приватни судски постапки против одговорни лица во МНР, вклучително и членови на Дисциплинската комисија.

The post Македонскиот дипломатски синдикат бара итно запирање на незаконската постапка против претседателот Дабиќ appeared first on Република.

]]>

Најостро се спротивставуваме наповедувањето дисциплинска постапка против нашиот претседател, амбасадорот Зоран Дабиќ. Веќе три години, од основањето на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Дабиќ е наш претседател и бескомпромисен борец за остварување на принципите и заложбите зад кои стои МДС, а тоа се пред се подобрување на социјалните, економските, здравствените и професионални права на вработените во МНР. Со своите активности и резултати во насока на реализирање на принципите и заложбите на МДС и пред се враќањето на дигнитетот на дипломатската професија тој ужива висок углед во нашето членство, стои во отвореното писмо на Извршниот одбор на Македонскиот дипломатски синдикат. Имајќи ја предвид законската заштита на синдикатите, како и на претставниците на синдикатите за искажан став или мислење, која е, согласно основните демократски принципи, насочена токму кон овозможување на слободно дејствување на синдикатите, тие го информираат за следното:
– Со Одлука на Извршниот одбор на МДС, претседателот Зоран Дабиќ е задолжен да ги афирмира ставовите на МДС во самото министерство, но и во пошироката јавност и е овластен тоа да го прави преку директно комуницирање со министерот за надворешни работи и раководството на МНР, преку соопштенија за јавност, јавни написи, предавања, учество на конференции, јавни настапи, интервјуа, присуство во медиуми, социјални мрежи и други форми на обраќање до јавноста кои што ќе имаат ефект на доближување на нашите пораки до широката јавност. Согласно ова, нашиот претседател, амбасадорот Зоран Дабиќ не може, ниту смее да биде предмет на лична дисциплинска постапка, поради тоа што како Претседател на МДС ги застапува ставовите на МДС. Сите ставови изнесени на неговото обраќање пред Собранието на 5 јули 2022 година се ставови на Македонскиот дипломатски синдикат. Сите забелешки „околу начинот на работењето на министерот за надворешни работи Бујар Османи и функционирањето на Министерството за надворешни работи“ се исто така забелешки на Македонскиот дипломатски синдикат. Овие забелешки не се нови и се однесуваат на супер-централизираниот начин на неговото раководење преку создавање „мини МНР“ во Кабинетот на министерот, одн.двојни паралелни структури за веќе постоечки области. На тој начин директно се запоставува 90% од редовните работни единици врз кои дипломатијата како структура почива, преку нивно маргинализирање или целосно невклучување во активностите. Ваквата пракса непосредно доведе до релативизирање на највисоките дипломатски структури, а со тоа и до атрофирање на целосната дипломатската служба, која станува „одвишна и непотребна“. Долгорочно, ваквата поставеност води кон јакнење на клиентелизмот ипартизираноставо МНР, какои појава на тешки дефекти во процесот на градење квалитетни дипломати. Оттаму нашата загриженост за иднината на нашата куќа, се појаснува во писмото.
Извршниот одбор на МДС истакна дека како претседател на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Дабиќ на нивно барање јавно го изнесл нивниот став против злоупотреба на нивните имиња и професии од страна на министерот Османи, кога неточно изјавил во јавноста дека „францускиот предлог го разгледуваат и анализираат најискусните дипломати во МНР“.
– И на крај, како МДС сметаме дека несмасната изјава на МНР Османи дека неприфаќањето на францускиот предлог може да доведе до етнички тензии е целосно несоодветна за еден министер за надворешни работи и заради тоа го овластивме нашиот претседател јавно да побара одговорност од министерот Осамни. Како што гледате, вистинскиот субјектот на дисциплинска постапка што се предлага да се поведе е всушност Македонскиот дипломатски синдикат. МДС е доброволно здружение на граѓани и нема некакви институционални или финансиски можности за некакво влијание, освен преку изнесување на вистината. А за вистината да допре, таа треба да излезе во јавност. Никој, па макар бил и министер или друг висок раководител не може да биде однапред амнестиран од одговорност за штетни последици. Нашиот законски претставник, амбасадорот Зоран Дабиќ ги афирмира нашите познати ставови во јавноста, кои ставови ги градиме сите подеднакво и тоа се наши заеднички ставови, па согласно тоа не гледаме поради што некој треба поединечно да одговара, се појаснува во писмото, децидни се.
Од Извршниот одбор се надеваат дека ќе се препознае дека дисциплинска постапка против нашиот претставник амбасадорот Дабиќ, поради тоа што изнесува наши ставови, не е законски дозволена и дека соодветно на тоа, ќе донесете исправна одлука да не ја поведете постапката.
– Доколку сепак се решите да поведете незаконска постапка, бидете сигурни дека до крај ќе ги браниме нашиот интегритет и нашите законски права како синдикална организација, јавно и гласно. За ваквиот незаконски преседан веднаш ќе ги информираме нашите повисоки структури, и тоа: Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) и Синдикатот на администрацијата и државната управа (САДУ) на домашен, како и Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC – International Trade Union Confederation) и Светската работна организација(ILO – International Labor Organization)од системот на Обединетите нации, на меѓународен план. Исто така, ќе продолжиме да ги известуваме медиумите за авторитарниот недемократски третман на синдикатот во Министерството за надворешни работи и за обиди за негово замолкнување преку застрашување на неговото членство, одн. самиот претседател. Доколку биде потребно, нема да исклучиме и поведување приватни судски постапки против одговорни лица во МНР, вклучително и членови на Дисциплинската комисија.

The post Македонскиот дипломатски синдикат бара итно запирање на незаконската постапка против претседателот Дабиќ appeared first on Република.

]]>
Македонскиот дипломатски синдикат бара оставка од Османи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskiot-diplomatski-sindikat-bara-ostavka-od-osmani/ Mon, 04 Jul 2022 09:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=523497

Поради свесно уништување на македонската дипломатија, бараме ваша најитна оставка, министре Османи!. бара Македонскиот дипломатски синдикат.

Македонските дипломати не го имаат ниту видено ниту анализирано францускиот предлог, како што вие тврдевте. Тоа го имаат направено само еден-двајца ваши најблиски соработници, кои патем како награда си добија мандати во странство. Не дозволуваме македонските дипломати да се злоупотребуваат и израмнуваат со неколкумина поединци на кои личната добивка им е пред државата. Молиме да си побарате друг начин да го оправдате наметнувањето на предлогот и рамката - ние не сме и нема да бидеме ничиј параван.

Уште полошо, си дозволивте да се заканите со нарушување на меѓуетнички немири, доколку францускиот предлог бил одбиен, враќајќи не во едно темно минато кое мислевме дека остана далеку зад нас. Ваквите закани во најмала мерка ве прават недостоен за прв човек на дипломатијата.

Според дипломатите долга е листата на  гревови на Османи.

Следната година Република Македонија ќе претседава со ОБСЕ, што се смета за круна на мултилатералните активности. Сите држави во ваква ситуација ги ангажираат своите најдобри ресурси, само вие не, иако тоа го ветувавте минатата година. Во дипломатскиот тим кој ќе биде ангажиран, помеѓу повеќе од дваесетина дипломати, само еден (1) има претходно искуство во работењето со ОБСЕ во Виена, а останатите се аматери кога е во прашање најголемата регионална безбедносна организација во светот. Истовремено, голем број високи дипломати вклучително и релевантни амбасадори  се или упатени на други должности во странство или воопшто не се ангажирани.  Во чиј интерес е компромитирањето на нашето претседавање, господине Османи?

Исто така, прашуваме по кој основ го испративте колегата Миле Миленковски во Виена, на место заменик шеф на мисијата, едно од клучните места во претстојното претседавање, за да само после една недела од упатувањето заврши во притвор во Врање? Господинот Миленковски воопште не се ни пријавил на интерниот конкурс за Виена, туку вон процедурите и без негово барање беше избран со ваша одлука.

Еден од приоритетите на секоја дипломатија е поставување свои луѓе на високи и највисоки позиции во меѓународните организации. Тоа се смета за успех и дава можност за поголемо влијание на државата во меѓународните односи. Која е причината зошто блокирате кандидатури на наши амбасадори, оневозможувајќи им да дојдат на високи меѓународни позиции?  Дали сте свесен дека со тоа правите штета по угледот на Република Македонија?

Со дуплирање на организациони единици во МНР и претворање на вашиот кабинет во феудална тврдина, систематски го разградувате МНР само со една цел – да имате апсолутна контрола врз се што се случува во Министерството.

Господине Османи, пред две години, кога дојдовте во МНР ве предупредивме дека една од главните задачи што стои пред вас е да го вратите сјајот и дигнитетот на министерството, девастирано од самоволието и арогантноста на Никола Димитров. За жал, вие не го сватифте предупредувањето сериозно и не мрднавте со малиот прст да ги поправите состојбите.

Поради сето ова, а и многу други причини за кои ќе информираме дополнително, ние дипломатите од МДС не стоиме зад вас и очекуваме да имате минимум доблест што поскоро да си поднесете неотповиклива оставка, за добро на она малку што остана од дипломатијата.

The post Македонскиот дипломатски синдикат бара оставка од Османи appeared first on Република.

]]>

Поради свесно уништување на македонската дипломатија, бараме ваша најитна оставка, министре Османи!. бара Македонскиот дипломатски синдикат.
Македонските дипломати не го имаат ниту видено ниту анализирано францускиот предлог, како што вие тврдевте. Тоа го имаат направено само еден-двајца ваши најблиски соработници, кои патем како награда си добија мандати во странство. Не дозволуваме македонските дипломати да се злоупотребуваат и израмнуваат со неколкумина поединци на кои личната добивка им е пред државата. Молиме да си побарате друг начин да го оправдате наметнувањето на предлогот и рамката - ние не сме и нема да бидеме ничиј параван.
Уште полошо, си дозволивте да се заканите со нарушување на меѓуетнички немири, доколку францускиот предлог бил одбиен, враќајќи не во едно темно минато кое мислевме дека остана далеку зад нас. Ваквите закани во најмала мерка ве прават недостоен за прв човек на дипломатијата. Според дипломатите долга е листата на  гревови на Османи.
Следната година Република Македонија ќе претседава со ОБСЕ, што се смета за круна на мултилатералните активности. Сите држави во ваква ситуација ги ангажираат своите најдобри ресурси, само вие не, иако тоа го ветувавте минатата година. Во дипломатскиот тим кој ќе биде ангажиран, помеѓу повеќе од дваесетина дипломати, само еден (1) има претходно искуство во работењето со ОБСЕ во Виена, а останатите се аматери кога е во прашање најголемата регионална безбедносна организација во светот. Истовремено, голем број високи дипломати вклучително и релевантни амбасадори  се или упатени на други должности во странство или воопшто не се ангажирани.  Во чиј интерес е компромитирањето на нашето претседавање, господине Османи?
Исто така, прашуваме по кој основ го испративте колегата Миле Миленковски во Виена, на место заменик шеф на мисијата, едно од клучните места во претстојното претседавање, за да само после една недела од упатувањето заврши во притвор во Врање? Господинот Миленковски воопште не се ни пријавил на интерниот конкурс за Виена, туку вон процедурите и без негово барање беше избран со ваша одлука. Еден од приоритетите на секоја дипломатија е поставување свои луѓе на високи и највисоки позиции во меѓународните организации. Тоа се смета за успех и дава можност за поголемо влијание на државата во меѓународните односи. Која е причината зошто блокирате кандидатури на наши амбасадори, оневозможувајќи им да дојдат на високи меѓународни позиции?  Дали сте свесен дека со тоа правите штета по угледот на Република Македонија? Со дуплирање на организациони единици во МНР и претворање на вашиот кабинет во феудална тврдина, систематски го разградувате МНР само со една цел – да имате апсолутна контрола врз се што се случува во Министерството. Господине Османи, пред две години, кога дојдовте во МНР ве предупредивме дека една од главните задачи што стои пред вас е да го вратите сјајот и дигнитетот на министерството, девастирано од самоволието и арогантноста на Никола Димитров. За жал, вие не го сватифте предупредувањето сериозно и не мрднавте со малиот прст да ги поправите состојбите. Поради сето ова, а и многу други причини за кои ќе информираме дополнително, ние дипломатите од МДС не стоиме зад вас и очекуваме да имате минимум доблест што поскоро да си поднесете неотповиклива оставка, за добро на она малку што остана од дипломатијата.

The post Македонскиот дипломатски синдикат бара оставка од Османи appeared first on Република.

]]>
Македонскиот дипломатски синдикат се оградува од Бујар Османи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskiot-diplomatski-sindikat-se-ograduva-od-bujar-osmani/ Fri, 24 Jun 2022 13:20:39 +0000 https://republika.mk/?p=519350

Македонскиот дипломатски синдикат се оградува од сите активности на министерот Османи и неговиот кабинет во врска со урнисувањето на угледот на македонската дипломатија околу францускиот предлог, велат од МДС.

-Исто како и претходно во случајот со Преспанскиот договор, раководното малцинство во МНР како Преторијанска гарда го чуваше министерот од комуникација со дипломатите претворајќи го неговиот кабинет во феудална тврдина, со една цел – самостојно донесување одлуки без притоа предметите да поминат низ дипломатски филтри и обсервација. Не е вистина тврдењето на МНР Османи дека францускиот предлог бил предмет на анализа на најискусните дипломати. Предлогот вооопшто не искомунициран со никого, освен можеби со најтесен круг на личните соработници на Османи. Споменувањето на инволвирање на „искусните дипломати“ служи само како параван за избегнување на евентуалната одговорност за непрофесионалното и неспособно преговарање, кое беше сокриено од дипломатијата, се наведува во нивното соопштение.

The post Македонскиот дипломатски синдикат се оградува од Бујар Османи appeared first on Република.

Поддршка за СОНК од Македонскиот дипломатски синдикат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poddrshka-za-sonk-od-makedonskiot-diplomatski-sindikat/ Fri, 15 Apr 2022 12:18:20 +0000 https://republika.mk/?p=488973

Македонскиот дипломатски синдикат, како грански синдикат на КСС, силно ги поддржува протестите на работниците од областите на образование и предучилишно згрижување и воспитување на децата. Без достоинствени примања и соодветно почитување, како и исплата на платите во согласност со законот и колективните договори, во услови на актуелната рецесија, натамошно осиромашување на вработените и паѓање на квалитетот на образованието е неизбежно, стои во соопштението на Македонскиот дипломатски синдикат.

Тие во овие тешки моменти ја споделуваат солидарноста со просветните работници, им порачуваат да издржат и опстојат на своите барања, бидејќи само луѓе со достоинство и самопочит можат да изнедрат нови, достоинствени и самосвесни генерации.

И македонската дипломатија, како и образованието, е падната на ниски гранки поради феудалниот однос на политиката кон струката и уништувањето на вистинските вредности за сметка на јакнење на клиентелизмот како главен предуслов за работење и напредување. Сите очекуваме едно министерство што не застапува во меѓународните односи, да биде репрезентативно во секој поглед. Меѓутоа, во ситуација кога просечната плата во МНР е пониска од просечната плата во државата, тоа едноставно не е реално очекување, се додава во соопштението.

The post Поддршка за СОНК од Македонскиот дипломатски синдикат appeared first on Република.

]]>

Македонскиот дипломатски синдикат, како грански синдикат на КСС, силно ги поддржува протестите на работниците од областите на образование и предучилишно згрижување и воспитување на децата. Без достоинствени примања и соодветно почитување, како и исплата на платите во согласност со законот и колективните договори, во услови на актуелната рецесија, натамошно осиромашување на вработените и паѓање на квалитетот на образованието е неизбежно, стои во соопштението на Македонскиот дипломатски синдикат. Тие во овие тешки моменти ја споделуваат солидарноста со просветните работници, им порачуваат да издржат и опстојат на своите барања, бидејќи само луѓе со достоинство и самопочит можат да изнедрат нови, достоинствени и самосвесни генерации.
И македонската дипломатија, како и образованието, е падната на ниски гранки поради феудалниот однос на политиката кон струката и уништувањето на вистинските вредности за сметка на јакнење на клиентелизмот како главен предуслов за работење и напредување. Сите очекуваме едно министерство што не застапува во меѓународните односи, да биде репрезентативно во секој поглед. Меѓутоа, во ситуација кога просечната плата во МНР е пониска од просечната плата во државата, тоа едноставно не е реално очекување, се додава во соопштението.
 
The post Поддршка за СОНК од Македонскиот дипломатски синдикат appeared first on Република.

]]>
Македонски дипломатски синдикат: Збогум Никола, ќе те паметиме по пустошот кој го направи во МНР и феудалниот манир на владеење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-diplomatski-sindikat-zbogum-nikola-kje-te-pametime-po-pustoshot-koj-go-napravi-vo-mnr-i-feudalniot-manir-na-vladeenje/ Thu, 13 Jan 2022 14:23:29 +0000 https://republika.mk/?p=444201

Македонскиот дипломатски синдикат преку писмо до медиумите го поздрави заминувањето на Никола Димитров од македонската дипломатија. Оттаму додаваат дека имаат чест и задоволство да го поздрават фактот дека Димитров никогаш повеќе немало да се врати во МНР.

Ви го пренесуваме соопштението во целост:

Никола Димитров, Македонскиот дипломатски синдикат веќе го има поздравено твоето заминување од МНР претходно, а сега повторно, имаме чест и задоволство да го поздравиме фактот дека никогаш повеќе нема да се вратиш во куќата на македонската дипломатија.

Пустошот што го остави во твојата матична куќа тешко дека ќе можат да се поправи следните неколку години. Ќе бидеме многу благи кога ќе речеме дека твоето владеење во МНР (без наводници) беше во чист феудален манир, наспроти толку многу ветуваните европски стандарди.

Веќе во првите денови од твоето владеење спречи упатување на дваесет наши млади колеги кои ги поминале сите законски процедури за упатување на работа во странство и беа пред заминување, само затоа што не биле според твоите афинитети. За кратко време, заедно со неколкумина твои трабанти, успеа да ги поделиш колегите на „наши“ и „ваши“ и да ја вгнездиш рак раната на поделбите во нашето општество во твоето некогашно министерство. Твојата тактика на раскарај па владеј имаше единствена цел со посејување на семето на клиентелизам да го зајакнеш твоето владеење и да си купиш поддршка од внатре на патот кон повисоките дострели. Тоа што остана позади тебе најладнокрвно не те интересираше.

По спречувањето на младите колеги да заминат во странство, го зајакна своето владеење со бркање тројца колеги од работа (кое што патем не успеа, бидејќи судот ги врати на работа, па МНР мораше да плати големи судски трошоци). Тоа не беше доволно, папристапи кон масовен мобинг кон сите тие што не беа според тоите афинитети, а покрена и повеќе дисциплински постапки против свои поранешни колеги без никаква основа, сèсо цел тие да бидат дискредитирани, казнети или избркани од работа. Се разбира, ваквите монтирани постапки не ти поминаа, меѓу другото затоа што во МНР сепак не е изгубена свеста за професионализам и праведност, а и ние како синдикална солидарна организација дадовме солиден придонес воправната битка со твојот систем.

Сакаше да го исприватизираш МНР со тогаш нов предлог на Закон за надворешни работи, кој исто така ти го срушивме, бидејќи беше изготвен во интерес на мала група на дипломати. Се прослави со недостапност и соработка само со десетина проценти од вработените, ги замрзна кариерите на голем број млади дипломати без унапредување согласно мерит системот, а фаворизираше само свои блиски според критериуми на лојалност.

Долга е листата на твоите „достигнувања“и „високи“ морални вредности со кои се прослави во МНР па и пошироко. Нашата куќа нема да има лесна задача да го врати министерството од заробено во слободно. Но тоа нема да не поколеба, бидејќи е неприфатливо согласувањето за работење во корумпирана, непрофесионална и неспособна служба.Како професионалци кои секој за себе има вградено по некоја цигла во нашиот заеднички дом, заслужуваме многу повеќе од арогантен, нарцисоиден и најслаб министер за надворешни работи до сега. Поради тоа продолжуваме да бидеме очи, уши и совест на своите колеги.

Збогум Никола.

The post Македонски дипломатски синдикат: Збогум Никола, ќе те паметиме по пустошот кој го направи во МНР и феудалниот манир на владеење appeared first on Република.

]]>

Македонскиот дипломатски синдикат преку писмо до медиумите го поздрави заминувањето на Никола Димитров од македонската дипломатија. Оттаму додаваат дека имаат чест и задоволство да го поздрават фактот дека Димитров никогаш повеќе немало да се врати во МНР. Ви го пренесуваме соопштението во целост: Никола Димитров, Македонскиот дипломатски синдикат веќе го има поздравено твоето заминување од МНР претходно, а сега повторно, имаме чест и задоволство да го поздравиме фактот дека никогаш повеќе нема да се вратиш во куќата на македонската дипломатија. Пустошот што го остави во твојата матична куќа тешко дека ќе можат да се поправи следните неколку години. Ќе бидеме многу благи кога ќе речеме дека твоето владеење во МНР (без наводници) беше во чист феудален манир, наспроти толку многу ветуваните европски стандарди. Веќе во првите денови од твоето владеење спречи упатување на дваесет наши млади колеги кои ги поминале сите законски процедури за упатување на работа во странство и беа пред заминување, само затоа што не биле според твоите афинитети. За кратко време, заедно со неколкумина твои трабанти, успеа да ги поделиш колегите на „наши“ и „ваши“ и да ја вгнездиш рак раната на поделбите во нашето општество во твоето некогашно министерство. Твојата тактика на раскарај па владеј имаше единствена цел со посејување на семето на клиентелизам да го зајакнеш твоето владеење и да си купиш поддршка од внатре на патот кон повисоките дострели. Тоа што остана позади тебе најладнокрвно не те интересираше. По спречувањето на младите колеги да заминат во странство, го зајакна своето владеење со бркање тројца колеги од работа (кое што патем не успеа, бидејќи судот ги врати на работа, па МНР мораше да плати големи судски трошоци). Тоа не беше доволно, папристапи кон масовен мобинг кон сите тие што не беа според тоите афинитети, а покрена и повеќе дисциплински постапки против свои поранешни колеги без никаква основа, сèсо цел тие да бидат дискредитирани, казнети или избркани од работа. Се разбира, ваквите монтирани постапки не ти поминаа, меѓу другото затоа што во МНР сепак не е изгубена свеста за професионализам и праведност, а и ние како синдикална солидарна организација дадовме солиден придонес воправната битка со твојот систем. Сакаше да го исприватизираш МНР со тогаш нов предлог на Закон за надворешни работи, кој исто така ти го срушивме, бидејќи беше изготвен во интерес на мала група на дипломати. Се прослави со недостапност и соработка само со десетина проценти од вработените, ги замрзна кариерите на голем број млади дипломати без унапредување согласно мерит системот, а фаворизираше само свои блиски според критериуми на лојалност. Долга е листата на твоите „достигнувања“и „високи“ морални вредности со кои се прослави во МНР па и пошироко. Нашата куќа нема да има лесна задача да го врати министерството од заробено во слободно. Но тоа нема да не поколеба, бидејќи е неприфатливо согласувањето за работење во корумпирана, непрофесионална и неспособна служба.Како професионалци кои секој за себе има вградено по некоја цигла во нашиот заеднички дом, заслужуваме многу повеќе од арогантен, нарцисоиден и најслаб министер за надворешни работи до сега. Поради тоа продолжуваме да бидеме очи, уши и совест на своите колеги. Збогум Никола.

The post Македонски дипломатски синдикат: Збогум Никола, ќе те паметиме по пустошот кој го направи во МНР и феудалниот манир на владеење appeared first on Република.

]]>