Македонски Бугари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-bugari/ За подобро да се разбереме Fri, 05 May 2023 09:58:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонски Бугари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-bugari/ 32 32 За терминот „македонски Бугари“ нема место во македонскиот Устав https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-terminot-makedonski-bugari-nema-mesto-vo-makedonskiot-ustav/ Fri, 05 May 2023 09:58:51 +0000 https://republika.mk/?p=637217

Вчерашното одбележување на годишнината од смртта на Гоце Делчев докажа дека договор за великанот помеѓу Македонија и Бугарија не може да има и какви ќе бидат последиците доколку Бугарите влезат во македонскиот Устав.

Бугарските власти и вчера го присвојува Гоце Делчев, посебно претседателот Румен Радев. Тој дури и го спореди Делчев со Васил Левски иако е јасно дека едниот се борел за Македонија а другиот за Бугарија.

Неуморен организатор и надалеку признат водач на Бугарите во Македонија и Одринско, Гоце Делчев инспирираше, водеше и со својот личен пример го исцрта патот кон ослободувањето. Со својата безгранична вера и посветеност на каузата, тој ги освои умовите и срцата на поробените, кои за само неколку години повторно се родија во моќна револуционерна организација. Животниот пат на Гоце Делчев беше краток, но неговото име стана симбол на потрагата по слобода, порача шефот на бугарската држава.

Тој во својот говор го спомена и внесувањето на Бугарите во Уставот.

-Ако денешна Република Македонија тврди дека ги следи заветите на Гоце Делчев, зошто не наоѓа сила да ги вклучи во својот устав неговите сонародници, за чија слобода го жртвуваше својот живот? Верувам дека порано или подоцна ќе се најдат далекувидни политичари кои заветите на Гоце Делчев ќе ги претворат во дела, изјавил меѓу другото Радев.

Бугарија веќе не се задоволува со тоа бугарското малцинство да влезе во Уставот.

 

Во писмото кое неколку здруженија на Бугарите од Македонија до премиерот Ковачевски со барање за партиципирање во комисијата за уставни промени, меѓудругото се забележува употребата на термините „Бугари“, „бугарски народ“ и „македонски Бугари“. Но, најдискутабилен е делот во кој стои: „ македонските Бугари беа најконтруктивниот елемент во опстојувањето на вековната мечта- „независна, демократска и суверена Република Македонија“, држава на сите граѓани кои живеат во неа без разлика на етничката, религиозната, политичката и социјалната и каква и да била друга припадност.

Индикативно е што „конструктивноста“ се сведува на осамостојувањето на Република Македонија но не и самото формирање на Федерална Република Македонија формирана во рамките на поранешната југословенска федерација.

Ова отвора две дилеми. Прво, дека не ја чуствувале како своја Република Македонија во рамките на југословенската федерација и не го дале својот придонес во нејзиното формирање што се обидува да направи дистинкција меѓу нив и Македонците. И второ, на самата Втора светска војна и се дава иделошка димензија за антифашисти и фашисти што гледано во континуитет се провлекува дури до 1991 година. А на ова може да се додаде и уште една димензија дека македонските Бугари ја присвојуваат улогата на ВМРО-ДПНЕ.

Професорката Катерина Тодороска во интервјуто за „Република“ коментирајќи на оваа тема посочи дека Македонија не треба да ги вметне македонските Бугари во Уставот.

https://www.youtube.com/watch?v=LufNr0nTDrQ

-Прво, македонски Бугари како термин не може да влезе во Уставот, затоа што македонски Бугари сме фактички Македонците, тоа е она во нивната глава. Втора работа, вие да отворате Устав за да вметнете некое малцинство, да, јас не сум противник на една таква идеја. Меѓутоа, кога вие мене ми го газите моето малцинство, ги споменавме 17-те пресуди, кога вие на тие луѓе не им дозволувате ни основно образование на нивниот мајчин јазик, иако таму се со векови, тогаш треба дебело да се размисли. Од 1913 година тоа е веќе една шема која што постојано ја работи бугарската политика за обезличување на Македонците и трансферирање во бугарско национално чувство. Така што, кога вие како држава зборувате за права на вашето малцинство, треба да помислите дека ги газите основните човекови права на луѓе чија што држава не стои зад нив.

The post За терминот „македонски Бугари“ нема место во македонскиот Устав appeared first on Република.

]]>

Вчерашното одбележување на годишнината од смртта на Гоце Делчев докажа дека договор за великанот помеѓу Македонија и Бугарија не може да има и какви ќе бидат последиците доколку Бугарите влезат во македонскиот Устав. Бугарските власти и вчера го присвојува Гоце Делчев, посебно претседателот Румен Радев. Тој дури и го спореди Делчев со Васил Левски иако е јасно дека едниот се борел за Македонија а другиот за Бугарија.
Неуморен организатор и надалеку признат водач на Бугарите во Македонија и Одринско, Гоце Делчев инспирираше, водеше и со својот личен пример го исцрта патот кон ослободувањето. Со својата безгранична вера и посветеност на каузата, тој ги освои умовите и срцата на поробените, кои за само неколку години повторно се родија во моќна револуционерна организација. Животниот пат на Гоце Делчев беше краток, но неговото име стана симбол на потрагата по слобода, порача шефот на бугарската држава.
Тој во својот говор го спомена и внесувањето на Бугарите во Уставот.
-Ако денешна Република Македонија тврди дека ги следи заветите на Гоце Делчев, зошто не наоѓа сила да ги вклучи во својот устав неговите сонародници, за чија слобода го жртвуваше својот живот? Верувам дека порано или подоцна ќе се најдат далекувидни политичари кои заветите на Гоце Делчев ќе ги претворат во дела, изјавил меѓу другото Радев.
Бугарија веќе не се задоволува со тоа бугарското малцинство да влезе во Уставот.   Во писмото кое неколку здруженија на Бугарите од Македонија до премиерот Ковачевски со барање за партиципирање во комисијата за уставни промени, меѓудругото се забележува употребата на термините „Бугари“, „бугарски народ“ и „македонски Бугари“. Но, најдискутабилен е делот во кој стои: „ македонските Бугари беа најконтруктивниот елемент во опстојувањето на вековната мечта- „независна, демократска и суверена Република Македонија“, држава на сите граѓани кои живеат во неа без разлика на етничката, религиозната, политичката и социјалната и каква и да била друга припадност. Индикативно е што „конструктивноста“ се сведува на осамостојувањето на Република Македонија но не и самото формирање на Федерална Република Македонија формирана во рамките на поранешната југословенска федерација. Ова отвора две дилеми. Прво, дека не ја чуствувале како своја Република Македонија во рамките на југословенската федерација и не го дале својот придонес во нејзиното формирање што се обидува да направи дистинкција меѓу нив и Македонците. И второ, на самата Втора светска војна и се дава иделошка димензија за антифашисти и фашисти што гледано во континуитет се провлекува дури до 1991 година. А на ова може да се додаде и уште една димензија дека македонските Бугари ја присвојуваат улогата на ВМРО-ДПНЕ. Професорката Катерина Тодороска во интервјуто за „Република“ коментирајќи на оваа тема посочи дека Македонија не треба да ги вметне македонските Бугари во Уставот. https://www.youtube.com/watch?v=LufNr0nTDrQ
-Прво, македонски Бугари како термин не може да влезе во Уставот, затоа што македонски Бугари сме фактички Македонците, тоа е она во нивната глава. Втора работа, вие да отворате Устав за да вметнете некое малцинство, да, јас не сум противник на една таква идеја. Меѓутоа, кога вие мене ми го газите моето малцинство, ги споменавме 17-те пресуди, кога вие на тие луѓе не им дозволувате ни основно образование на нивниот мајчин јазик, иако таму се со векови, тогаш треба дебело да се размисли. Од 1913 година тоа е веќе една шема која што постојано ја работи бугарската политика за обезличување на Македонците и трансферирање во бугарско национално чувство. Така што, кога вие како држава зборувате за права на вашето малцинство, треба да помислите дека ги газите основните човекови права на луѓе чија што држава не стои зад нив.

The post За терминот „македонски Бугари“ нема место во македонскиот Устав appeared first on Република.

]]>
Османи: Нема да има „Македонски Бугари“ во Уставот, Бугарите ќе бидат додадени како сите други https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-nema-da-ima-makedonski-bugari-vo-ustavot-bugarite-ke-bidat-dodadeni-kako-site-drugo/ Fri, 14 Apr 2023 15:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=630832

Уставните измени се точно прецизирани во потпишаниот Протокол со Бугарија, како ќе изгледаат и каде ќе биде позицијата на Бугарите во Уставот. Така што и за Комисијата, што е формирана во Министерството за правда, ќе биде многу лесна работата, затоа што само треба да го земат Протоколот, таму пишува точно каде што се спомнати останатите етнички заедници, после запирката пред други, треба да се впишат и заедниците кои ќе бидат додадени - Хрвати, Бугари, исто како и останатите, не може да има разлика од тоа како се впишани другите.

Ова денеска го изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи на заедничката прес-конференција со неговиот шпански колега Хосе Мануел Албарез Буено во Скопје, во одговор на новинарско прашање во врска со одредени изјави кои доаѓаат од Бугарија, што се толкуваат дека Бугарите треба да бидат впишани како македонски Бугари во Уставот и дали таа опција е прифатлива со оглед дека таков етникум не постои.

-Тука сакам да се надоврзам на тоа дека имаше одредени шпекулации дека Милков во НАТО барал од мене да бидат дел од комисијата. Сакам и тоа да го расчистам бидејќи немав прилика. Тоа што Милков ми го кажа на церемонијата за подигање на финското знаме, беше дека наводно слушнале шпекулации и дека ние сме презентирале на одредени држави формулации за уставните измени бидејќи сакаат и тие да бидат информирани исто така, за да нема недоразбирање. Тоа беше неговиот коментар, на што јас му одговорив дека прво, не е точно дека некому сме презентирале затоа што комисијата се уште не е состаната. Второ, дека не може да има недоразбирање, затоа што точно во Протоколот стои како ќе изгледаат уставните измени, и во кои делови од Уставот, и трето, дека ќе има јавна дебата за тоа, па сите ќе бидат подеднакво информирани, рече Османи.

По однос прашањето во врска со изјавата на шефот на бугарската дипломатија Николај Милков дека нема никаков напредок околу Протоколот и учебниците и дали Бугарија наоѓа нов момент на проблематизирање, Османи рече дека не треба преку медиуми да се прават политички проценки за степенот на реализација на договорот, бидејќи, вели, и за тоа има точно предвиден механизам што прави објективна проценка на реализацијата.

-Тоа се меѓувладините комисии што се состануваат и проценуваат кога ќе дојде време за тоа. Бидејќи ако влеземе во таква политичка проценка на медиуми, мислам дека ќе ја изгубиме намерата и целта на потпишување рамка и институционализирање на односите со Бугарија, дециден е Османи.

https://republika.mk/vesti/novo-barane-bugarite-sakaat-da-bidat-spomenati-vo-ustavot-kako-makedonski-bugari-a-ne-kako-maltsinstvo/

Тој рече дека токму поради изборната кампања во Бугарија не се појавувал во медиумите, бидејќи, нагласи, не сакал да ја внесе државава во нивните изборни ветувања и изборни препукувања, бидејќи после тоа, политичарите стануваат жртва на нивните ставови.

-Немам намера заради овие важни прашања за државата да полемизирам со било кого преку микрофон. Доколку има било која забелешка ние сме тука да седнеме да разговараме. Важно е да се има добра волја во овој пристап. Ако се обидуваме на ваков начин да изнајдеме некој негативен елемент за да создадеме негативна реторика, тоа нема да не води никаде. Ние имаме позитивна агенда, имаме позитивна намера да ги подобриме односите со Бугарија, нашите позиции сме јасни, спремни сме да комуницираме во било која форма, но немаме намера да полемизираме преку јавност за овие важни прашања за нас, нагласи Османи

The post Османи: Нема да има „Македонски Бугари“ во Уставот, Бугарите ќе бидат додадени како сите други appeared first on Република.

]]>

Уставните измени се точно прецизирани во потпишаниот Протокол со Бугарија, како ќе изгледаат и каде ќе биде позицијата на Бугарите во Уставот. Така што и за Комисијата, што е формирана во Министерството за правда, ќе биде многу лесна работата, затоа што само треба да го земат Протоколот, таму пишува точно каде што се спомнати останатите етнички заедници, после запирката пред други, треба да се впишат и заедниците кои ќе бидат додадени - Хрвати, Бугари, исто како и останатите, не може да има разлика од тоа како се впишани другите.
Ова денеска го изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи на заедничката прес-конференција со неговиот шпански колега Хосе Мануел Албарез Буено во Скопје, во одговор на новинарско прашање во врска со одредени изјави кои доаѓаат од Бугарија, што се толкуваат дека Бугарите треба да бидат впишани како македонски Бугари во Уставот и дали таа опција е прифатлива со оглед дека таков етникум не постои.
-Тука сакам да се надоврзам на тоа дека имаше одредени шпекулации дека Милков во НАТО барал од мене да бидат дел од комисијата. Сакам и тоа да го расчистам бидејќи немав прилика. Тоа што Милков ми го кажа на церемонијата за подигање на финското знаме, беше дека наводно слушнале шпекулации и дека ние сме презентирале на одредени држави формулации за уставните измени бидејќи сакаат и тие да бидат информирани исто така, за да нема недоразбирање. Тоа беше неговиот коментар, на што јас му одговорив дека прво, не е точно дека некому сме презентирале затоа што комисијата се уште не е состаната. Второ, дека не може да има недоразбирање, затоа што точно во Протоколот стои како ќе изгледаат уставните измени, и во кои делови од Уставот, и трето, дека ќе има јавна дебата за тоа, па сите ќе бидат подеднакво информирани, рече Османи.
По однос прашањето во врска со изјавата на шефот на бугарската дипломатија Николај Милков дека нема никаков напредок околу Протоколот и учебниците и дали Бугарија наоѓа нов момент на проблематизирање, Османи рече дека не треба преку медиуми да се прават политички проценки за степенот на реализација на договорот, бидејќи, вели, и за тоа има точно предвиден механизам што прави објективна проценка на реализацијата.
-Тоа се меѓувладините комисии што се состануваат и проценуваат кога ќе дојде време за тоа. Бидејќи ако влеземе во таква политичка проценка на медиуми, мислам дека ќе ја изгубиме намерата и целта на потпишување рамка и институционализирање на односите со Бугарија, дециден е Османи.
https://republika.mk/vesti/novo-barane-bugarite-sakaat-da-bidat-spomenati-vo-ustavot-kako-makedonski-bugari-a-ne-kako-maltsinstvo/ Тој рече дека токму поради изборната кампања во Бугарија не се појавувал во медиумите, бидејќи, нагласи, не сакал да ја внесе државава во нивните изборни ветувања и изборни препукувања, бидејќи после тоа, политичарите стануваат жртва на нивните ставови.
-Немам намера заради овие важни прашања за државата да полемизирам со било кого преку микрофон. Доколку има било која забелешка ние сме тука да седнеме да разговараме. Важно е да се има добра волја во овој пристап. Ако се обидуваме на ваков начин да изнајдеме некој негативен елемент за да создадеме негативна реторика, тоа нема да не води никаде. Ние имаме позитивна агенда, имаме позитивна намера да ги подобриме односите со Бугарија, нашите позиции сме јасни, спремни сме да комуницираме во било која форма, но немаме намера да полемизираме преку јавност за овие важни прашања за нас, нагласи Османи

The post Османи: Нема да има „Македонски Бугари“ во Уставот, Бугарите ќе бидат додадени како сите други appeared first on Република.

]]>
Ново барање: Бугарите сакаат да бидат споменати во Уставот како „македонски Бугари“ а не како малцинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novo-barane-bugarite-sakaat-da-bidat-spomenati-vo-ustavot-kako-makedonski-bugari-a-ne-kako-maltsinstvo/ Fri, 14 Apr 2023 13:43:21 +0000 https://republika.mk/?p=630804

Здруженијата на Бугарите во Македонија имаат нови барања за нивно вклучување во Уставот. Тие до претседателот Стево Пендаровски испратиле писмо кое го објави „Експрес.мк“ во кое му напоменуваат дека во никој случај нема да прифатат само да бидат наброени како останатите, а  уште помалку ќе се согласат за нив да се користи терминот  „малцинство“.

Тие сметаат дека се контититивен народ и затоа за нив единствен прифатлив термин е зборот „Македонски Бугари“. Безобразлукот оди дотаму што уште бараат да бидат споменати по азбучен ред веднаш после Македонците.

За овој израз Бугрите имаат поддршка од власите во Софија без разлика која партија ќе формира Влада, и секако од претседетелот Радев.

Доколку Пендаровски и Владата на ДУИ ова го прифати, бидејќи премиерот Ковачевски и онака за ништо не се прашува ќе биде најголем удар по македонскиот идентитет бидејќи практично ќе се изедначат Македонците и Бугарите и бугарската заедница ќе се смета за создавач на државата.

 

The post Ново барање: Бугарите сакаат да бидат споменати во Уставот како „македонски Бугари“ а не како малцинство appeared first on Република.

]]>

Здруженијата на Бугарите во Македонија имаат нови барања за нивно вклучување во Уставот. Тие до претседателот Стево Пендаровски испратиле писмо кое го објави „Експрес.мк“ во кое му напоменуваат дека во никој случај нема да прифатат само да бидат наброени како останатите, а  уште помалку ќе се согласат за нив да се користи терминот  „малцинство“. Тие сметаат дека се контититивен народ и затоа за нив единствен прифатлив термин е зборот „Македонски Бугари“. Безобразлукот оди дотаму што уште бараат да бидат споменати по азбучен ред веднаш после Македонците. За овој израз Бугрите имаат поддршка од власите во Софија без разлика која партија ќе формира Влада, и секако од претседетелот Радев. Доколку Пендаровски и Владата на ДУИ ова го прифати, бидејќи премиерот Ковачевски и онака за ништо не се прашува ќе биде најголем удар по македонскиот идентитет бидејќи практично ќе се изедначат Македонците и Бугарите и бугарската заедница ќе се смета за создавач на државата.  

The post Ново барање: Бугарите сакаат да бидат споменати во Уставот како „македонски Бугари“ а не како малцинство appeared first on Република.

]]>
Ван ден Берг: ЕУ го губи кредибилитетот со двојните аршини кон Бугарите во Македонија и кон Македонците во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/van-den-berg-eu-go-gubi-kredibilitetot-so-dvojnite-arshini-kon-bugarite-vo-makedonija-i-kon-makedontsite-vo-bugarija/ Thu, 02 Feb 2023 07:20:11 +0000 https://republika.mk/?p=603584

Случајот „Пендиков“ ја тресе и Европската Унија и е тест за преиспитување на европските вредности на самата Европа.

Холандскиот експерт за Балканот Ханс ван дер Берг смета дека приемот на македонските Бугари од страна на еврокомесарот Оливер Вархеји е лош знак за кредибелитетот на ЕУ и испраќа порака дека ЕУ има двојни стандарди.

https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-bugari-vo-brisel-na-sredba-so-evrokomesarot-za-proshiruvane-varhej/

Ван ден Берг оценува дека двојните стандарди на Европската унија ги одвраќаат Македонците од неа.

Еден етнички Бугарин во Македонија, бивш вмровец познат во светот на дрогата, поврзан со бугарски центар во Македонија, претепан и еврокомесар се среќава со етнички Бугари? Во децениите кога Македонија беше независна, етничките Македонци во Бугарија беа убивани, исчезнуваа и им беше забрането да имаат македонски центар. Никој не се потресе, коментира Ван ден Берг на Твитер.

Бугарија постојано ги игнорираше пресудите на Европскиот суд за човекови права, бидејќи човековите права на етничките Македонци во Бугарија беа сериозно прекршени. Никој во Европската комисија не се потресе. Бугарија одбива реципроцитет за сè. Никому во ЕК не му пречи. Не е ни чудо што ЕУ го губи целиот кредибилитет во Македонија. Двојни стандарди“, додава тој.

Твитер е премногу ограничен за да се наведат сите прекршувања на човековите права на етничките Македонци во Бугарија (или етничките Македонци во Грција за таа работа), но чувството во Скопје е дека сето тоа е в ред ако сте во ЕУ. Сè помалку Македонци ќе сакаат да бидат во таква ЕУ, заклучува Ван ден Берг.

The post Ван ден Берг: ЕУ го губи кредибилитетот со двојните аршини кон Бугарите во Македонија и кон Македонците во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Случајот „Пендиков“ ја тресе и Европската Унија и е тест за преиспитување на европските вредности на самата Европа. Холандскиот експерт за Балканот Ханс ван дер Берг смета дека приемот на македонските Бугари од страна на еврокомесарот Оливер Вархеји е лош знак за кредибелитетот на ЕУ и испраќа порака дека ЕУ има двојни стандарди. https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-bugari-vo-brisel-na-sredba-so-evrokomesarot-za-proshiruvane-varhej/ Ван ден Берг оценува дека двојните стандарди на Европската унија ги одвраќаат Македонците од неа.
Еден етнички Бугарин во Македонија, бивш вмровец познат во светот на дрогата, поврзан со бугарски центар во Македонија, претепан и еврокомесар се среќава со етнички Бугари? Во децениите кога Македонија беше независна, етничките Македонци во Бугарија беа убивани, исчезнуваа и им беше забрането да имаат македонски центар. Никој не се потресе, коментира Ван ден Берг на Твитер. Бугарија постојано ги игнорираше пресудите на Европскиот суд за човекови права, бидејќи човековите права на етничките Македонци во Бугарија беа сериозно прекршени. Никој во Европската комисија не се потресе. Бугарија одбива реципроцитет за сè. Никому во ЕК не му пречи. Не е ни чудо што ЕУ го губи целиот кредибилитет во Македонија. Двојни стандарди“, додава тој. Твитер е премногу ограничен за да се наведат сите прекршувања на човековите права на етничките Македонци во Бугарија (или етничките Македонци во Грција за таа работа), но чувството во Скопје е дека сето тоа е в ред ако сте во ЕУ. Сè помалку Македонци ќе сакаат да бидат во таква ЕУ, заклучува Ван ден Берг.

The post Ван ден Берг: ЕУ го губи кредибилитетот со двојните аршини кон Бугарите во Македонија и кон Македонците во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Оливер Вархеји денес ќе оствари средба со таканаречените македонски Бугари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/oliver-varheji-denes-ke-ostvari-sredba-so-takanarechenite-makedonski-bugari/ Wed, 01 Feb 2023 10:02:58 +0000 https://republika.mk/?p=603276

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји денеска во Брисел ќе оствари средба со претставниците на таканаречените македонски Бугари, јави бугарската агенција БГНЕС.

Средбата се одржува на барање на таканаречените македонски Бугари поради, како што велат, „институционална омраза и системска дискриминација“ во Македонија, како и по инцидентот во Охрид со Христијан Прендиков, кој моментално е на лекување во Софија.

Таканаречените македонски Бугари ќе ги претставуваат Петар Колев, Георги Трендафилов и Љупчо Георгиевски.

 

The post Оливер Вархеји денес ќе оствари средба со таканаречените македонски Бугари appeared first on Република.

]]>

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји денеска во Брисел ќе оствари средба со претставниците на таканаречените македонски Бугари, јави бугарската агенција БГНЕС. Средбата се одржува на барање на таканаречените македонски Бугари поради, како што велат, „институционална омраза и системска дискриминација“ во Македонија, како и по инцидентот во Охрид со Христијан Прендиков, кој моментално е на лекување во Софија. Таканаречените македонски Бугари ќе ги претставуваат Петар Колев, Георги Трендафилов и Љупчо Георгиевски.  

The post Оливер Вархеји денес ќе оствари средба со таканаречените македонски Бугари appeared first on Република.

]]>
Македонски Бугари во Брисел на средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedonski-bugari-vo-brisel-na-sredba-so-evrokomesarot-za-proshiruvane-oliver-varheji/ Mon, 30 Jan 2023 14:09:13 +0000 https://republika.mk/?p=602684

Претставници на македонските Бугари оваа недела ќе остварат средба со Комесарот за проширување и добрососедство на Европската унија,  Оливер Вархеји, јавува БГНЕС. На средбата еврокомесарот одат Петар Колев и Георги Трендафилов од Граѓанско-демократската унија како и Љупчо Георгиевски од бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола. Тие во своето најавно писмо до еврокомесарот се жалат на притисоци врз бугарската заедница во Република Македонија како и немање дијалог со локалната и централната власт. Најавена тема на средбата, според бугарските медиуми, пишуваат институционална омраза и системска дискриминација кон бугарската заедница во државава.

Секојдневната стигматизација на нашата бугарска заедница и неможноста за воспоставување дијалог со локалните и националните власти создаваат предизвици за нашата заедница кои често ги надминуваат нашите индивидуални и колективни можности. Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас – граѓаните на РСМ, кои не се плашат, и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го браниме нашето македонско бугарско наследство и идентитет“, се вели во писмото.

Најавата за оваа средба доаѓа по инцидентот со охриѓанецот и секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков.

Пред неколку дена бугарскиот претседател Румен Радев во телефонски разговор со Вархеји му порачал дека Европската унија мора да ги гарантира правата и безбедноста на Бугарите во Македонија со истата енергија, според Радев, со која се инсистирало на забрзување на македонските евроинтеграции.

The post Македонски Бугари во Брисел на средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји appeared first on Република.

]]>

Претставници на македонските Бугари оваа недела ќе остварат средба со Комесарот за проширување и добрососедство на Европската унија,  Оливер Вархеји, јавува БГНЕС. На средбата еврокомесарот одат Петар Колев и Георги Трендафилов од Граѓанско-демократската унија како и Љупчо Георгиевски од бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола. Тие во своето најавно писмо до еврокомесарот се жалат на притисоци врз бугарската заедница во Република Македонија како и немање дијалог со локалната и централната власт. Најавена тема на средбата, според бугарските медиуми, пишуваат институционална омраза и системска дискриминација кон бугарската заедница во државава.
Секојдневната стигматизација на нашата бугарска заедница и неможноста за воспоставување дијалог со локалните и националните власти создаваат предизвици за нашата заедница кои често ги надминуваат нашите индивидуални и колективни можности. Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас – граѓаните на РСМ, кои не се плашат, и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го браниме нашето македонско бугарско наследство и идентитет“, се вели во писмото.
Најавата за оваа средба доаѓа по инцидентот со охриѓанецот и секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков. Пред неколку дена бугарскиот претседател Румен Радев во телефонски разговор со Вархеји му порачал дека Европската унија мора да ги гарантира правата и безбедноста на Бугарите во Македонија со истата енергија, според Радев, со која се инсистирало на забрзување на македонските евроинтеграции.

The post Македонски Бугари во Брисел на средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји appeared first on Република.

]]>
Македонските Бугари да бидат вклучени во преговарачкиот процес со Бугарија, бара Колев од ГДУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-bugari-da-bidat-vklucheni-vo-pregovarachkiot-proces-so-bugarija-bara-kolev-od-gdu/ Tue, 22 Mar 2022 09:40:57 +0000 https://republika.mk/?p=476497

Претседателот на Граѓанско Демократска Унија - ГДУ, Петар Колев преку статус на неговиот Фејсбук профил повика Бугарите во Македонија да бидат вклучени во преговарачкиот процес со Бугарија.

Гарантирање во Уставот на рамноправност на македонските Бугари, но и нејзино спроведување во реалноста е клучот кон решавање на отворените прашања. Убеден сум дека таков чекор ќе ја врати довербата, ќе даде нов импулс на односите. Тоа ќе ја отвори и можноста за вклучување на Бугарите во македонскиот државен систем, нивно претставништво во институциите на системот, зошто да не и нивно вклучување во преговарачкиот процес од македонска страна. Кој подобро би можел од македонските Бугари да ја убеди Софија дека нашата држава заслужува почеток на преговори?, пишува Колев.

The post Македонските Бугари да бидат вклучени во преговарачкиот процес со Бугарија, бара Колев од ГДУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Граѓанско Демократска Унија - ГДУ, Петар Колев преку статус на неговиот Фејсбук профил повика Бугарите во Македонија да бидат вклучени во преговарачкиот процес со Бугарија.
Гарантирање во Уставот на рамноправност на македонските Бугари, но и нејзино спроведување во реалноста е клучот кон решавање на отворените прашања. Убеден сум дека таков чекор ќе ја врати довербата, ќе даде нов импулс на односите. Тоа ќе ја отвори и можноста за вклучување на Бугарите во македонскиот државен систем, нивно претставништво во институциите на системот, зошто да не и нивно вклучување во преговарачкиот процес од македонска страна. Кој подобро би можел од македонските Бугари да ја убеди Софија дека нашата држава заслужува почеток на преговори?, пишува Колев.

The post Македонските Бугари да бидат вклучени во преговарачкиот процес со Бугарија, бара Колев од ГДУ appeared first on Република.

]]>
Власта ќе ги става Бугарите во Уставот, а тие за Македонизмот велат дека бил „опасна работа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-kje-gi-stava-bugarite-vo-ustavot-a-tie-za-makedonizmot-velat-deka-bila-opasna-rabota/ Fri, 25 Feb 2022 14:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=463861

За релативно кратко време делагација на организациите на македонските Бугари престојуваше во Софија на средби со бугарскиот политички врв. За време на дводневниот престој и разговорите со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и претставници на парламентарните партии како единствен заклучок може да се изведе ставот дека ставањето на македонските Бугари во Уставот на Македонија е главниот услов за симнување на бугарското вето за официјален почеток на нејзините преговори за членство во ЕУ.

Следејќи го настапот на на македонските Бугари на бугарските медиуми, пак, можеше да се стекне впечатокот дека дури тоа и не им е толку голем приоритет, колку што им е историјата, менувањето на учебниците и заштитата на бугарското културно-историско наследство. Особено забележлив во тој поглед беа настапите на претседателот на Граѓанската демократска унија, Петар Колев, и неговите споредби со тоа што учат и „низ што поминуваат“ неговите деца. Затоа што на некој таму му текнало да пишува дека нивните дедовци биле татари, фашисти, окупатори…

Беспредметно е да се навлегува во било каква полемика со кого и да е кога како заштитен штит и во првите редови се ставаат недолжни деца, без оглед чии биле тие, па било да станува збор и за децата на Колев.

Но, многу интересен беше настапот на новинарот Владо Таневски и помладиот Црномаров на БНТ. Елаборирајќи ги односите меѓу двете држави, како и своите ставови околу тоа дали Бугарија треба да го крене ветото или не, и конечно како македонските Бугари живеат во Македонија, во еден момент Треневски ќе рече:

-Македонизмот е опасна работа!

Додека младиот Црномаров од културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола меѓу другото, парафразирано, ќе забележи дека на македонските политичари не треба многу да им се верува, зашто едно зборуваат за време на нивниот престој во Бугарија, а нешто сосема друго кога ќе се вратат во Македонија. И за ова, ако не е гола пропагандна фраза, веројатно има лично искуство и останува субјективната оценка за тоа дали да му се верува или не.

Со почетокот на агресијата на Русија врз Украина, главниот уредник на агенцијата БГНЕС, Георги Пашкулев, се јави со коментар, чија содржина во најмала рака може да се оцени како скандалозна, загрижувачка и апсолутно спротивна од она што Бугарија постојано го тврди дека „нема ништо против Македонците“. Текстот е насловен како „Украинската драма не повикува да ги заштитиме бугарските национални интереси“, но во него има дел, кој директно се однесува на (зло)употреба на актуелната руско-украинска војна на сметка на Македонија, Македонците и македонизмот.

„…Русија одигра важна улога во нашата модерна историја, но ја загуби Бугарија со своите погрешни одлуки во пресрет и за време на Балканските војни, и со истите ископа ров меѓу нас.

Нашите интереси на Балканот се судираат. Не можеме да прифатиме поддршка и вооружување со руско оружје на криминалниот режим на српскиот претседател Александар Вучиќ, како и континуираната поддршка на Русија за македонизмот и македонистичкиот проект, кој ги затру нашите односи со нашите браќа крај Вардар.

…Да бидеме достојни Бугари, да ја искористиме нашата географска положба како црноморска држава за да ги заштитиме бугарските и евроатлантските интереси во регионот на Западен Балкан, уништувајќи го еднаш засекогаш антибугарскиот проруски македонистички проект и Српскиот свет на диктаторот Вучиќ, помалиот брат на Рускиот свет на Владимир Путин“, пишува меѓу другото Пашкулин.

Толку мешање баби и жаби на мал простор немало одамна. Односите на Бугарија со Русија и Србија се нејзина работа, ама не треба да се заборави дека чисто руската творба Санстефанска Бугарија е основата на денешниот бугарски ревизионизам и шовинизам. И тоа да го заборавиш и вината за сломот на бугарското политичко проституирање со Големите сили во последните век и половина да го припишуваш на македонизмот е само ново политичко проституирање со истите тие Големи сили, се наведува во анализата на „Пресинг ТВ“.

Но, она што е можеби надвор од здравиот разум и вон секоја логика е од една страна барањето за впишување на македонските Бугари во македонскиот Устав, а од друга оценките за македонизмот како опасна работа и неговото стојалиште на антибугарски основи! Ако е така како што велат македонските Бугари и ревизионистичките и шовинистички бугарски политички кругови, тогаш кои се нивните вистински намери и цели? Да го заземат местото на Македонците во него? Или со нивното впишување во Уставот веднаш, по автоматизам ќе се уништи македонизмот и од тој миг ќе ги снема Македонците од овоземниот свет?

Ако ова се нивните намери и цели

Македонија и Бугарија се веќе НАТО сојузници и реакциите на руската агресија врз Украина се горе, долу исти. Ама тоа очигледно не допира ни до македонските Бугари, ни до ревизионистичките шовинистички политички кругови во Софија. Напротив, нивниот однос кон Македонија и Македонците во многу, ако не и во целост наликува на однесувањето на Путин кон Украина како непостоечка нација и држава, па му требаше војна за демилитаризација и денацификација. Да не треба и ние, Македонците, да го очекуваме истото?-анализира „Пресинг ТВ“.

Извор: „Пресинг ТВ“

 

The post Власта ќе ги става Бугарите во Уставот, а тие за Македонизмот велат дека бил „опасна работа“ appeared first on Република.

]]>

За релативно кратко време делагација на организациите на македонските Бугари престојуваше во Софија на средби со бугарскиот политички врв. За време на дводневниот престој и разговорите со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и претставници на парламентарните партии како единствен заклучок може да се изведе ставот дека ставањето на македонските Бугари во Уставот на Македонија е главниот услов за симнување на бугарското вето за официјален почеток на нејзините преговори за членство во ЕУ. Следејќи го настапот на на македонските Бугари на бугарските медиуми, пак, можеше да се стекне впечатокот дека дури тоа и не им е толку голем приоритет, колку што им е историјата, менувањето на учебниците и заштитата на бугарското културно-историско наследство. Особено забележлив во тој поглед беа настапите на претседателот на Граѓанската демократска унија, Петар Колев, и неговите споредби со тоа што учат и „низ што поминуваат“ неговите деца. Затоа што на некој таму му текнало да пишува дека нивните дедовци биле татари, фашисти, окупатори… Беспредметно е да се навлегува во било каква полемика со кого и да е кога како заштитен штит и во првите редови се ставаат недолжни деца, без оглед чии биле тие, па било да станува збор и за децата на Колев. Но, многу интересен беше настапот на новинарот Владо Таневски и помладиот Црномаров на БНТ. Елаборирајќи ги односите меѓу двете држави, како и своите ставови околу тоа дали Бугарија треба да го крене ветото или не, и конечно како македонските Бугари живеат во Македонија, во еден момент Треневски ќе рече:
-Македонизмот е опасна работа!
Додека младиот Црномаров од културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола меѓу другото, парафразирано, ќе забележи дека на македонските политичари не треба многу да им се верува, зашто едно зборуваат за време на нивниот престој во Бугарија, а нешто сосема друго кога ќе се вратат во Македонија. И за ова, ако не е гола пропагандна фраза, веројатно има лично искуство и останува субјективната оценка за тоа дали да му се верува или не. Со почетокот на агресијата на Русија врз Украина, главниот уредник на агенцијата БГНЕС, Георги Пашкулев, се јави со коментар, чија содржина во најмала рака може да се оцени како скандалозна, загрижувачка и апсолутно спротивна од она што Бугарија постојано го тврди дека „нема ништо против Македонците“. Текстот е насловен како „Украинската драма не повикува да ги заштитиме бугарските национални интереси“, но во него има дел, кој директно се однесува на (зло)употреба на актуелната руско-украинска војна на сметка на Македонија, Македонците и македонизмот.
„…Русија одигра важна улога во нашата модерна историја, но ја загуби Бугарија со своите погрешни одлуки во пресрет и за време на Балканските војни, и со истите ископа ров меѓу нас. Нашите интереси на Балканот се судираат. Не можеме да прифатиме поддршка и вооружување со руско оружје на криминалниот режим на српскиот претседател Александар Вучиќ, како и континуираната поддршка на Русија за македонизмот и македонистичкиот проект, кој ги затру нашите односи со нашите браќа крај Вардар. …Да бидеме достојни Бугари, да ја искористиме нашата географска положба како црноморска држава за да ги заштитиме бугарските и евроатлантските интереси во регионот на Западен Балкан, уништувајќи го еднаш засекогаш антибугарскиот проруски македонистички проект и Српскиот свет на диктаторот Вучиќ, помалиот брат на Рускиот свет на Владимир Путин“, пишува меѓу другото Пашкулин. Толку мешање баби и жаби на мал простор немало одамна. Односите на Бугарија со Русија и Србија се нејзина работа, ама не треба да се заборави дека чисто руската творба Санстефанска Бугарија е основата на денешниот бугарски ревизионизам и шовинизам. И тоа да го заборавиш и вината за сломот на бугарското политичко проституирање со Големите сили во последните век и половина да го припишуваш на македонизмот е само ново политичко проституирање со истите тие Големи сили, се наведува во анализата на „Пресинг ТВ“.
Но, она што е можеби надвор од здравиот разум и вон секоја логика е од една страна барањето за впишување на македонските Бугари во македонскиот Устав, а од друга оценките за македонизмот како опасна работа и неговото стојалиште на антибугарски основи! Ако е така како што велат македонските Бугари и ревизионистичките и шовинистички бугарски политички кругови, тогаш кои се нивните вистински намери и цели? Да го заземат местото на Македонците во него? Или со нивното впишување во Уставот веднаш, по автоматизам ќе се уништи македонизмот и од тој миг ќе ги снема Македонците од овоземниот свет? Ако ова се нивните намери и цели
Македонија и Бугарија се веќе НАТО сојузници и реакциите на руската агресија врз Украина се горе, долу исти. Ама тоа очигледно не допира ни до македонските Бугари, ни до ревизионистичките шовинистички политички кругови во Софија. Напротив, нивниот однос кон Македонија и Македонците во многу, ако не и во целост наликува на однесувањето на Путин кон Украина како непостоечка нација и држава, па му требаше војна за демилитаризација и денацификација. Да не треба и ние, Македонците, да го очекуваме истото?-анализира „Пресинг ТВ“.
Извор: „Пресинг ТВ“  

The post Власта ќе ги става Бугарите во Уставот, а тие за Македонизмот велат дека бил „опасна работа“ appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот премиер Петков прими делегација на македонски Бугари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-premier-petkov-primi-delegacija-na-makedonski-bugari/ Tue, 22 Feb 2022 19:30:42 +0000 https://republika.mk/?p=462157

Премиерот Кирил Петков на средба со организации и здруженија на Бугари во Македонија рече дека нивните права му се приоритет нему и на целата бугарска влада, соопшти прес-службата на кабинетот на бугарскиот премиер.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, средбата се одржала на нивна иницијатива, а премиерот Петков ја претставил последната информација за текот на преговорите меѓу Бугарија и Македонија, во чиј фокус е вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија.

Кирил Петков ја запознал делегацијата за неговите разговори со партнерите од Европската Унија во однос на евроинтеграцијата на Западен Балкан.

Претставниците на македонските Бугари изјавиле дека веруваат во новиот пристап инициран од бугарската влада, затоа што се убедени дека проблемите може да се решат единствено со дијалог.

The post Бугарскиот премиер Петков прими делегација на македонски Бугари appeared first on Република.

]]>

Премиерот Кирил Петков на средба со организации и здруженија на Бугари во Македонија рече дека нивните права му се приоритет нему и на целата бугарска влада, соопшти прес-службата на кабинетот на бугарскиот премиер. Како што јави дописникот на МИА од Софија, средбата се одржала на нивна иницијатива, а премиерот Петков ја претставил последната информација за текот на преговорите меѓу Бугарија и Македонија, во чиј фокус е вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија. Кирил Петков ја запознал делегацијата за неговите разговори со партнерите од Европската Унија во однос на евроинтеграцијата на Западен Балкан. Претставниците на македонските Бугари изјавиле дека веруваат во новиот пристап инициран од бугарската влада, затоа што се убедени дека проблемите може да се решат единствено со дијалог.

The post Бугарскиот премиер Петков прими делегација на македонски Бугари appeared first on Република.

]]>
Бугарите реагираат во Конгресот дека се користи „македoнски јазик“ за прославата на „Месец на македонското американско наследство“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarite-reagiraat-vo-kongresot-deka-se-koristi-makedonski-jazik-za-proslavata-na-mesec-na-makedonskoto-amerikansko-nasledstvo/ Fri, 04 Feb 2022 12:00:20 +0000 https://republika.mk/?p=454124

Се отвара ли нов „фронт“ меѓу Македонија и Бугарија, но сега директно во американскиот Конгрес?, дознава „Пресинг ТВ“

Ова прашање се наметнува неизбежно, по најновата реакција на Македонската патриотическа организација (МПО) од САД, а во врска со најавениот „Месец на македонското американско наследство“, што треба да се одржи во септември годинава, во знак на одбележување на историјата, обичаите и културата на македонските Американци и нивниот придонес во развојот на САД.

Соопштението на МПО е испратено само до агенцијата БГНЕС и според него, евидентно е дека се прави обид да се украде целата идеја и настан, а како основа за тоа се користи македонскиот јазик. Предлог-резолуцијата за Месецот на македонското американско наследство е поднесена до Претставничкиот дом од страна на демократот Брендон Бојл од Пенсилванија. Иницијативата е поднесена на разгледување пред Комисијата за надзор и реформи и таа треба да процени дали ќе ја внесе во пленарната сала.

„Нашите американски предци пред 1945 година беа Македонци и се дефинираа како „Македонци“, но го користеа терминот „МАКЕДОНСКИ БУГАРИ“ или „Бугарски Македонци“ за да се разликуваат од другите етнички групи во Македонија. Пред Втората светска војна, „македонски“ не беше етнографски, туку географски поим, а огромното мнозинство Македонци пред 1945 година се изјаснуваа како македонски Бугари.

Кога во сегашната резолуција на американскиот Конгрес се споменува „македонскиот јазик“, се игнорираат огромното мнозинство Македонци кои зборуваат бугарски, кои придонеле за големината на Америка. Оваа резолуција ги признава само етничките Македонци од минатото и сегашноста, кои, сепак, никогаш не биле вистински фактор сè до Втората светска војна“, се вели меѓу другото во обраќањето до Конгресот на САД на Централното раководство на МПО во САД.

Во одредени медиуми МПО се претставува како најстара и најважна македонска и бугарска политичка организација во Америка и како доследна на идеалите на Гоце Делчев, Тодор Александров и Иван Михајлов. Што е интригантно, соопштението на МПО се сведува на „реакција на обидот да се донесе резолуција од проскопските кругови во САД за славење на „македонски идентитет“ различен од бугарскиот“.

„Како македонски Американци, ние сме задоволни да ја видиме резолуцијата на Конгресот (House Resolution 741), со која се предлага септември 2022 година да биде прогласен за Месец на македонското американско наследство. Идејата за почит кон македонските Американци е добра, зашто многу бивши и сегашни членови на нашата македоска американска дијаспора реално дале „вреден придонес“ за квалитетот на живот во Америка.

Меѓутоа, реално се јавува проблем со формулацијата на резолуцијата, зашто го вклучува изразот „чествување на македонскиот јазик“. Употребувајќи го „македонскиот јазик“, резолуцијата целсно го пренебрегнува придонесот на македонските Американци, кои емигрирале во Америка пред Втората светска војна, и придонесот на нивните потомци, родени во Америка, кои се идентификувале и продолжуваат да се идентификуваатг како бугаро-јазични Македонци. „Македонскиот јазик“ е дел од новиот етнички македонски идентитет, кој станува видлив дури по Втората светска војна со создавањето на етничката македонска држава во рамките на југословенската федерација…

…Накратко, има два македонски идентитета-македонско-бугарски и етнички македонски идентитет. Вашата резолуција би го признала само оние, кои се идентификуваат како етнички Македонци,зашто се повикува на „македонскиот“ јазик.

Формулацијата на резолуцијата треба да биде изменета. Повикувањето на „македонскиот јазик“ треба или да се отфрли или да се додаде појаснување за двата македонски идентитета.

За членовите на МПО, кои веруваат во својот бугарско македонски или македонско-бугарски идентитет, отфрлањето на терминот „македонски јазик“ би било важно, зашто бугарските Македонци речиси секогаш се нарекувале едноставно Македонци. Така што сметаме дека една изменета варијанта на споменатата фраза, што би ја прифатиле двете страни, би можела да биде следната: Изразувајќи поддршка за прогласувањето на месец септември 2022 година за „Месец на македонското американско наследство“ и за одбележување на историјата, обичаите и културата на македонските Американци, кои се идентификуваат како етнички Македонци или како Македонски Бугари, и одбележување на нивниот придонес кон Соединетите држави“.

Зачувувањето на фразата во сегашната форма би било „шамар в лице“ на огромното мнозинство од нашите македонски претци и основачи и поддржувачи на МПО, кои во САД дошле пред Втората светска војна и се идентификувале како македонски Бугари!

Ве молиме да размислите за преформулирање на резолуцијата за да може септември 2022 година навистина да биде Месец на македонското американско наследство за сите Македонци, независно од нивниот идентитет, се вели во обраќањето на МПО.

The post Бугарите реагираат во Конгресот дека се користи „македoнски јазик“ за прославата на „Месец на македонското американско наследство“ appeared first on Република.

]]>

Се отвара ли нов „фронт“ меѓу Македонија и Бугарија, но сега директно во американскиот Конгрес?, дознава „Пресинг ТВ“ Ова прашање се наметнува неизбежно, по најновата реакција на Македонската патриотическа организација (МПО) од САД, а во врска со најавениот „Месец на македонското американско наследство“, што треба да се одржи во септември годинава, во знак на одбележување на историјата, обичаите и културата на македонските Американци и нивниот придонес во развојот на САД. Соопштението на МПО е испратено само до агенцијата БГНЕС и според него, евидентно е дека се прави обид да се украде целата идеја и настан, а како основа за тоа се користи македонскиот јазик. Предлог-резолуцијата за Месецот на македонското американско наследство е поднесена до Претставничкиот дом од страна на демократот Брендон Бојл од Пенсилванија. Иницијативата е поднесена на разгледување пред Комисијата за надзор и реформи и таа треба да процени дали ќе ја внесе во пленарната сала. „Нашите американски предци пред 1945 година беа Македонци и се дефинираа како „Македонци“, но го користеа терминот „МАКЕДОНСКИ БУГАРИ“ или „Бугарски Македонци“ за да се разликуваат од другите етнички групи во Македонија. Пред Втората светска војна, „македонски“ не беше етнографски, туку географски поим, а огромното мнозинство Македонци пред 1945 година се изјаснуваа како македонски Бугари.
Кога во сегашната резолуција на американскиот Конгрес се споменува „македонскиот јазик“, се игнорираат огромното мнозинство Македонци кои зборуваат бугарски, кои придонеле за големината на Америка. Оваа резолуција ги признава само етничките Македонци од минатото и сегашноста, кои, сепак, никогаш не биле вистински фактор сè до Втората светска војна“, се вели меѓу другото во обраќањето до Конгресот на САД на Централното раководство на МПО во САД.
Во одредени медиуми МПО се претставува како најстара и најважна македонска и бугарска политичка организација во Америка и како доследна на идеалите на Гоце Делчев, Тодор Александров и Иван Михајлов. Што е интригантно, соопштението на МПО се сведува на „реакција на обидот да се донесе резолуција од проскопските кругови во САД за славење на „македонски идентитет“ различен од бугарскиот“. „Како македонски Американци, ние сме задоволни да ја видиме резолуцијата на Конгресот (House Resolution 741), со која се предлага септември 2022 година да биде прогласен за Месец на македонското американско наследство. Идејата за почит кон македонските Американци е добра, зашто многу бивши и сегашни членови на нашата македоска американска дијаспора реално дале „вреден придонес“ за квалитетот на живот во Америка. Меѓутоа, реално се јавува проблем со формулацијата на резолуцијата, зашто го вклучува изразот „чествување на македонскиот јазик“. Употребувајќи го „македонскиот јазик“, резолуцијата целсно го пренебрегнува придонесот на македонските Американци, кои емигрирале во Америка пред Втората светска војна, и придонесот на нивните потомци, родени во Америка, кои се идентификувале и продолжуваат да се идентификуваатг како бугаро-јазични Македонци. „Македонскиот јазик“ е дел од новиот етнички македонски идентитет, кој станува видлив дури по Втората светска војна со создавањето на етничката македонска држава во рамките на југословенската федерација… …Накратко, има два македонски идентитета-македонско-бугарски и етнички македонски идентитет. Вашата резолуција би го признала само оние, кои се идентификуваат како етнички Македонци,зашто се повикува на „македонскиот“ јазик. Формулацијата на резолуцијата треба да биде изменета. Повикувањето на „македонскиот јазик“ треба или да се отфрли или да се додаде појаснување за двата македонски идентитета. За членовите на МПО, кои веруваат во својот бугарско македонски или македонско-бугарски идентитет, отфрлањето на терминот „македонски јазик“ би било важно, зашто бугарските Македонци речиси секогаш се нарекувале едноставно Македонци. Така што сметаме дека една изменета варијанта на споменатата фраза, што би ја прифатиле двете страни, би можела да биде следната: Изразувајќи поддршка за прогласувањето на месец септември 2022 година за „Месец на македонското американско наследство“ и за одбележување на историјата, обичаите и културата на македонските Американци, кои се идентификуваат како етнички Македонци или како Македонски Бугари, и одбележување на нивниот придонес кон Соединетите држави“. Зачувувањето на фразата во сегашната форма би било „шамар в лице“ на огромното мнозинство од нашите македонски претци и основачи и поддржувачи на МПО, кои во САД дошле пред Втората светска војна и се идентификувале како македонски Бугари! Ве молиме да размислите за преформулирање на резолуцијата за да може септември 2022 година навистина да биде Месец на македонското американско наследство за сите Македонци, независно од нивниот идентитет, се вели во обраќањето на МПО.

The post Бугарите реагираат во Конгресот дека се користи „македoнски јазик“ за прославата на „Месец на македонското американско наследство“ appeared first on Република.

]]>
Како Османи мисли да го урне „митот“ за македонските Бугари? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kako-osmani-misli-da-go-urne-mitot-za-makedonskite-bugari/ Mon, 31 Jan 2022 13:34:05 +0000 https://republika.mk/?p=451998

Во рок од само неколку дена министерот за надворешни работи Бујар Османи даде две различни изјави за една од 4+1 точките од „патната карта“ за кревање на бугарското вето за официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Станува збор за прашањето за рехабилитација на македонските Бугари, жртви на комунистичкиот режим,анализира „Пресинг ТВ“.

Ако се има предвид дека Македонија ги има веќе доставено 4+1 одговорите, тогаш станува повеќе од јасно дека Османи, а со тоа и македонската страна во целина, отворено манипулира и со бугарската и со македонската јавност, притоа целосно отфрлајќи ја транспарентноста.

За волја на вистината, за ова е виновна и бугарската страна, која не кажува која е целта воопшто на ставањето на ова на списокот барања доставени до македонската страна. Дали е целта да се докаже нивната теза дека „србокомунистите“ по Втората светска војна насилно спровеле целосен процес на „дебугаризација“ и „македонизација“ на населението во Република Македонија или, пак, едноставно станува збор за рехабилитација на македонските Бугари како жртви на комунистичкиот тоталитарен режим, иако ни случајно не може и не смее да се занемари фактот дека тие биле жртви и во времето на плуразлизмот. Ова се две сосема различни позиции и работа на македонските власти е да проценат и оценат, што точно навистина се крие зад ова, би се рекло, вештачки наметнато прашање, што изби на површина откако официјална Софија реши да ја смени плочата, па наместо историјата, во центарот на вниманието да ги стави човековите права и слободи.

Но, што кажа Османи?

-Во 2006 година нашиот Парламент има донесено Декларација за извинување на семејствата, на жртвите на комунизмот и ние сме подготвени да влеземе во реафирмација на таа Декларација како позиција на независната држава Македонија, меѓутоа и други практични аспекти, пристапот до архивите и потоа евентуално отворање на сите тие случаи, кои што, доколку има потреба од нив, да се разговара, па зошто да не и да се процесуираат доколку за тоа има законска можност, со цел веќе ова прашање да не биде мит, да не биде прашање кое ќе се користи во политичката агенда на било кој. Мислам дека општеството не бега од еден таков пристап и ние сме подготвени во еден таков процес, изјави Османи за БТВ на 24 јануари годинава.

Гостувајќи во емисијата Само интервју на 27 јануари, Османи не се задржа само на македонските Бугари, туку ја „прошири листата„ на сите заинтересирани граѓани во државата.

Од каде оваа трансформација кај Османи, па од македонските Бугари, одеднаш да бидат заинтересирани и сите македонски граѓани за прашање, што било на дневен ред пред повеќе од 15 години?

Но, она што остана најчудно е дилемата како Бујар Османи сака да урива еден „мит“, а притоа да не го знае точниот назив на Декларацијата!? Во неа никаде не се споменува комунизмот, туку претходниот режим!? На 4 април 2006 година Собранието донесе Декларација за извинување на жртвите на репресија од режимот во периодот од 1945 до 1990 година.

Избегнувањето на терминот комунизам, воопшто, не лежеше само во фактот, што Македонија, односно заедничката СФР Југославија имаше систем на „социјализам со човечки лик“, туку и во отсуството на вистинската желба конечно да се расчисти со комунистичкиот тоталитарен режим.

Како доказ за ова може да послужи фактот дека Република Македонија остана можеби единствената држава во Европа, која не ја прифати Резолуцијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за потребата од меѓународна осуда на злосторствата на тоталитаристичките комунистички режими.

Ова, пак, укажува на тоа дека и покрај сите добри намери, ако воопшто ги има кај бугарската страна, Македонија и сега ќе се направи грешка во чекори. Пред да се направи било каква реафирмација на Декларацијата од 2006 година, прво мора да се усвои Резолуцијата за осуда на комунизмот, потоа во самиот назив на Декларацијата да се стават термините комунизам/социјализам, па дури потоа да се оди натаму.

Зашто, митови, па било тие да се и комунистички/социјалистички не се уриваат само со добри желби и на зборови.

А, кога ќе бидеме подготвени да одиме натаму, ако навистина постои добра волја, треба да се направат и соодветни подготовки. Во тој контекст, најпрво треба да се даде одговор на прашањето кога АНБ ќе му ги предаде на Државниот архив преостанатите политички и историски досиеја и како ќе се изведе целата таа постапка? Ако се прави на начин како што тоа беше претходно направено, тогаш подобро и да не се почнува, а да не говориме за тоа дали треба или не треба на тоа да му претходи ново прочистување, селектирање и нумерација на самите досиеја и посебно на нивната содржина. Потоа мора да следува целосна дигитализација како на веќе предадените политички и историски, така и на евентуално новопредадените досиеја, зашто со оригинали веќе никаде во светот не се работи. Тука мора да се спомене и нивната заштита во самиот Државен архив и достапот до нив.

За добивање на целосна слика за елементарна вистина мора да се исполнат уште две работи. Прво, да се комплетираат и, исто така, дигитализираат судските предмети и досиеја од целиот тој период, особено на предметите опфатени со Законот за заштита на македонската национална чест. Конечно, се друго, што евентуално ќе биде донесено или предадено од Белград ќе биде само добредојдено-анализира „Пресинг ТВ“

The post Како Османи мисли да го урне „митот“ за македонските Бугари? appeared first on Република.

]]>

Во рок од само неколку дена министерот за надворешни работи Бујар Османи даде две различни изјави за една од 4+1 точките од „патната карта“ за кревање на бугарското вето за официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Станува збор за прашањето за рехабилитација на македонските Бугари, жртви на комунистичкиот режим,анализира „Пресинг ТВ“. Ако се има предвид дека Македонија ги има веќе доставено 4+1 одговорите, тогаш станува повеќе од јасно дека Османи, а со тоа и македонската страна во целина, отворено манипулира и со бугарската и со македонската јавност, притоа целосно отфрлајќи ја транспарентноста. За волја на вистината, за ова е виновна и бугарската страна, која не кажува која е целта воопшто на ставањето на ова на списокот барања доставени до македонската страна. Дали е целта да се докаже нивната теза дека „србокомунистите“ по Втората светска војна насилно спровеле целосен процес на „дебугаризација“ и „македонизација“ на населението во Република Македонија или, пак, едноставно станува збор за рехабилитација на македонските Бугари како жртви на комунистичкиот тоталитарен режим, иако ни случајно не може и не смее да се занемари фактот дека тие биле жртви и во времето на плуразлизмот. Ова се две сосема различни позиции и работа на македонските власти е да проценат и оценат, што точно навистина се крие зад ова, би се рекло, вештачки наметнато прашање, што изби на површина откако официјална Софија реши да ја смени плочата, па наместо историјата, во центарот на вниманието да ги стави човековите права и слободи. Но, што кажа Османи?
-Во 2006 година нашиот Парламент има донесено Декларација за извинување на семејствата, на жртвите на комунизмот и ние сме подготвени да влеземе во реафирмација на таа Декларација како позиција на независната држава Македонија, меѓутоа и други практични аспекти, пристапот до архивите и потоа евентуално отворање на сите тие случаи, кои што, доколку има потреба од нив, да се разговара, па зошто да не и да се процесуираат доколку за тоа има законска можност, со цел веќе ова прашање да не биде мит, да не биде прашање кое ќе се користи во политичката агенда на било кој. Мислам дека општеството не бега од еден таков пристап и ние сме подготвени во еден таков процес, изјави Османи за БТВ на 24 јануари годинава.
Гостувајќи во емисијата Само интервју на 27 јануари, Османи не се задржа само на македонските Бугари, туку ја „прошири листата„ на сите заинтересирани граѓани во државата. Од каде оваа трансформација кај Османи, па од македонските Бугари, одеднаш да бидат заинтересирани и сите македонски граѓани за прашање, што било на дневен ред пред повеќе од 15 години? Но, она што остана најчудно е дилемата како Бујар Османи сака да урива еден „мит“, а притоа да не го знае точниот назив на Декларацијата!? Во неа никаде не се споменува комунизмот, туку претходниот режим!? На 4 април 2006 година Собранието донесе Декларација за извинување на жртвите на репресија од режимот во периодот од 1945 до 1990 година. Избегнувањето на терминот комунизам, воопшто, не лежеше само во фактот, што Македонија, односно заедничката СФР Југославија имаше систем на „социјализам со човечки лик“, туку и во отсуството на вистинската желба конечно да се расчисти со комунистичкиот тоталитарен режим. Како доказ за ова може да послужи фактот дека Република Македонија остана можеби единствената држава во Европа, која не ја прифати Резолуцијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за потребата од меѓународна осуда на злосторствата на тоталитаристичките комунистички режими. Ова, пак, укажува на тоа дека и покрај сите добри намери, ако воопшто ги има кај бугарската страна, Македонија и сега ќе се направи грешка во чекори. Пред да се направи било каква реафирмација на Декларацијата од 2006 година, прво мора да се усвои Резолуцијата за осуда на комунизмот, потоа во самиот назив на Декларацијата да се стават термините комунизам/социјализам, па дури потоа да се оди натаму. Зашто, митови, па било тие да се и комунистички/социјалистички не се уриваат само со добри желби и на зборови.
А, кога ќе бидеме подготвени да одиме натаму, ако навистина постои добра волја, треба да се направат и соодветни подготовки. Во тој контекст, најпрво треба да се даде одговор на прашањето кога АНБ ќе му ги предаде на Државниот архив преостанатите политички и историски досиеја и како ќе се изведе целата таа постапка? Ако се прави на начин како што тоа беше претходно направено, тогаш подобро и да не се почнува, а да не говориме за тоа дали треба или не треба на тоа да му претходи ново прочистување, селектирање и нумерација на самите досиеја и посебно на нивната содржина. Потоа мора да следува целосна дигитализација како на веќе предадените политички и историски, така и на евентуално новопредадените досиеја, зашто со оригинали веќе никаде во светот не се работи. Тука мора да се спомене и нивната заштита во самиот Државен архив и достапот до нив. За добивање на целосна слика за елементарна вистина мора да се исполнат уште две работи. Прво, да се комплетираат и, исто така, дигитализираат судските предмети и досиеја од целиот тој период, особено на предметите опфатени со Законот за заштита на македонската национална чест. Конечно, се друго, што евентуално ќе биде донесено или предадено од Белград ќе биде само добредојдено-анализира „Пресинг ТВ“

The post Како Османи мисли да го урне „митот“ за македонските Бугари? appeared first on Република.

]]>
Дали македонските Бугари се ставаат во функција на бугарската длабока држава? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-makedonskite-bugari-se-stavaat-vo-funkcija-na-bugarskata-dlaboka-drzava/ Fri, 14 Jan 2022 13:16:08 +0000 https://republika.mk/?p=444616

Нова декларација, рехабилитација на одредени личности и подготвеност за отворање на политичките досиеја се трите става, што дојдоа од државниот врв во врска со една од точките на формулата 5+1 од патната карта, која треба да биде услов за кревање на бугарското вето за официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

Но, за жал, иако Македонија ги испрати одговорите на сите барања до официјална Софија, ниту политичката, ниту пошироката јавност не ја знае точната содржина на ниту еден, па и на овој одговор. Ова, пак, е причина за отсуство на суштинска дебата, што отвара простор за многу шпекулации, особено за вака чувствително прашање, анализира „Пресинг ТВ“

Прашањето се актуелизира, откако Бугарија сврте нова страница, па наместо акцент на историјата, што не наиде на одѕив и прифаќање кај своите европски партнери, се ориентираше на човековите права и слободи.

За тоа што се крие зад барањето на официјална Софија од овој аспект може да се претпостават неколку работи. Првенствено, официјална Софија бара непобитни докази за своите тврдења дека на крајот и во периодот по Втората светска војна биле убиени околу 23.000, а прогонувани и насилно иселени околу 120.000 македонски Бугари, што ќе значи дека македонизмот бил насилно воспоставен во државата и оти Македонците биле геноциден народ. Потоа, дека македонските Бугари биле изложени на константни репресии на државната тајна комунистичка полиција, па и во времето на плурализмот, дека сите судени и осудени лица за припадноста на ВМРО или за ванчомихајловизам биле исклучиво македонски Бугари и ништо друго, што апсолутно не соодветствува со вистината и реалноста. И конечно, сето ова треба да доведе до негација на македонизмот, ревидирање на врховизмот, рехабилитација на Иван Ванчо Михајлов, алијас „Илегални“, и неговите најблиски соработници, што ќе значи и пишување сосема нова историја-aнализира „Пресинг ТВ“

Сето ова само од една страна, а од друга, целосно да ја обелодени неподготвеноста на Република Македонија да расчисти со своето комунистичко минато, чии последици се чувствуваат до ден денес. Само за потсетување, ние сме единствената држава во Европа, која не ја усвои резолуцијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за осуда на комунизмот како тоталитарно општество. А, тука мора да се споменат и неизбежните глупости, што ги правеле луѓето од тајната полиција и од армиската КОС, особено околу линиите на работа и прогон на лицата, кои им биле на удар.

Колку сме како држава и општество подготвени за сето ова е сосема друга работа. Затоа и загриженоста од нетранспарентноста на власта, зашто постои сериозна опасност повторно да се стави потпис на нешто што може да предизвика длабоки последици, кои повеќе ќе не разделат, отколку што ќе не приближат со Бугарија. Особено ако и по оваа точка не се инсистира на чист реципроцитет, со оглед дека на комунистички, па и плуралистички репресии ништо помалку не биле изложени и Македонците во Бугарија.

Ако се погледнат снимките од последниот прием и разговорите на делегацијата на македонските Бугари кај бугарскиот претседател Румен Радев во настапот на минимум двајца членови може да се препознае типично ставање во функција на бугарската длабока држава. Нивните „жалби“, „поплаки“ и барања се стари најмалку две децении и оттука сомнежот во нивните искрени намери.

Ова, пред се, од фактот дека Република Македонија ги отвори политичките досиеја на тајната полиција уште пред 20 години. И тогаш сите граѓани, без оглед на било каква припадност, имаа можност да ги видат сопствените досиеја под услов да им бидат познати, но не и да ги обелоденуваат имињата на задолжените оперативци и нивните соработници, кои ги кодошеле. И за тоа повеќе од сигурно постои точна евиденција кој го видел, а кој не личното досие.

Оттука и логичното прашање зошто би се правел исклучок за македонските Бугари, на кои токму сега им текнало на досиејата, и по што тие се разликуваат од сите останати граѓани во државата?! Ова му доаѓа нешто слично на оној будалата од Фондацијата Македонија, кој правеше сцени на граница со пренесување книги на бугарски јазик, а меѓу нив и таа со песните на браќата Миладиновци, што беше објавена уште на почетокот на 90-тите години од минатиот век.

Ова, пак, апсолутно не значи дека тие не биле на удар на тајните служби. Напротив, биле и тоа како биле, со тоа што интензитетот бил различен во зависност од историските периоди и услови, па и од односите меѓу некогашна СФРЈ и Република Бугарија, а тоа продолжило и во времето на плурализмот.

Ако веднаш по војната ванчомихајловизмот и припадноста на ВМРО биле основни линии за „пресметка“ со политичките неистомисленици, а не со македонските Бугари, подоцна тоа стануваат врховизмот и македонскиот екстремизам. И тука е главната противречност, зашто не само што негацијата на македонизмот не може да оди заедно со неговиот екстремизам, туку сега по автоматизам создава нееднаквост-ќе се рехабилитираат „врховистите“, а македонските екстремисти не!? За да бидеш македонски екстремист, на пример, било доволно во една песна трипати да ја споменеш само Македонија! Или за нив ќе остане доволна Декларацијата за извинување на жртвите на претходниот режим во која не се споменува ни зборот комунизам, што излегува дека не е доволно и за македонските Бугари!? И по што тие се разликуваат од сите останати граѓани жртви на тајните служби, без оглед на нивната етничка припадност!? По тоа што служат како маша на бугарската длабока држава за да се продолжи политиката на вето кон Македонија!?

И овие не се единствени примери за линии на работа на тајните служби. Веднаш по војната и неколку години по неа, постоеле уште најмалку 11 други, кои не биле водени според етничката припадност. И како меѓу нив ќе се пронајдат токму македонските Бугари или сите ќе мораат да бидат прикажани како такви!? Не чека ли со тоа еден вид нов идентитетски инженеринг!?

The post Дали македонските Бугари се ставаат во функција на бугарската длабока држава? appeared first on Република.

]]>

Нова декларација, рехабилитација на одредени личности и подготвеност за отворање на политичките досиеја се трите става, што дојдоа од државниот врв во врска со една од точките на формулата 5+1 од патната карта, која треба да биде услов за кревање на бугарското вето за официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Но, за жал, иако Македонија ги испрати одговорите на сите барања до официјална Софија, ниту политичката, ниту пошироката јавност не ја знае точната содржина на ниту еден, па и на овој одговор. Ова, пак, е причина за отсуство на суштинска дебата, што отвара простор за многу шпекулации, особено за вака чувствително прашање, анализира „Пресинг ТВ“ Прашањето се актуелизира, откако Бугарија сврте нова страница, па наместо акцент на историјата, што не наиде на одѕив и прифаќање кај своите европски партнери, се ориентираше на човековите права и слободи.
За тоа што се крие зад барањето на официјална Софија од овој аспект може да се претпостават неколку работи. Првенствено, официјална Софија бара непобитни докази за своите тврдења дека на крајот и во периодот по Втората светска војна биле убиени околу 23.000, а прогонувани и насилно иселени околу 120.000 македонски Бугари, што ќе значи дека македонизмот бил насилно воспоставен во државата и оти Македонците биле геноциден народ. Потоа, дека македонските Бугари биле изложени на константни репресии на државната тајна комунистичка полиција, па и во времето на плурализмот, дека сите судени и осудени лица за припадноста на ВМРО или за ванчомихајловизам биле исклучиво македонски Бугари и ништо друго, што апсолутно не соодветствува со вистината и реалноста. И конечно, сето ова треба да доведе до негација на македонизмот, ревидирање на врховизмот, рехабилитација на Иван Ванчо Михајлов, алијас „Илегални“, и неговите најблиски соработници, што ќе значи и пишување сосема нова историја-aнализира „Пресинг ТВ“
Сето ова само од една страна, а од друга, целосно да ја обелодени неподготвеноста на Република Македонија да расчисти со своето комунистичко минато, чии последици се чувствуваат до ден денес. Само за потсетување, ние сме единствената држава во Европа, која не ја усвои резолуцијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за осуда на комунизмот како тоталитарно општество. А, тука мора да се споменат и неизбежните глупости, што ги правеле луѓето од тајната полиција и од армиската КОС, особено околу линиите на работа и прогон на лицата, кои им биле на удар. Колку сме како држава и општество подготвени за сето ова е сосема друга работа. Затоа и загриженоста од нетранспарентноста на власта, зашто постои сериозна опасност повторно да се стави потпис на нешто што може да предизвика длабоки последици, кои повеќе ќе не разделат, отколку што ќе не приближат со Бугарија. Особено ако и по оваа точка не се инсистира на чист реципроцитет, со оглед дека на комунистички, па и плуралистички репресии ништо помалку не биле изложени и Македонците во Бугарија. Ако се погледнат снимките од последниот прием и разговорите на делегацијата на македонските Бугари кај бугарскиот претседател Румен Радев во настапот на минимум двајца членови може да се препознае типично ставање во функција на бугарската длабока држава. Нивните „жалби“, „поплаки“ и барања се стари најмалку две децении и оттука сомнежот во нивните искрени намери. Ова, пред се, од фактот дека Република Македонија ги отвори политичките досиеја на тајната полиција уште пред 20 години. И тогаш сите граѓани, без оглед на било каква припадност, имаа можност да ги видат сопствените досиеја под услов да им бидат познати, но не и да ги обелоденуваат имињата на задолжените оперативци и нивните соработници, кои ги кодошеле. И за тоа повеќе од сигурно постои точна евиденција кој го видел, а кој не личното досие. Оттука и логичното прашање зошто би се правел исклучок за македонските Бугари, на кои токму сега им текнало на досиејата, и по што тие се разликуваат од сите останати граѓани во државата?! Ова му доаѓа нешто слично на оној будалата од Фондацијата Македонија, кој правеше сцени на граница со пренесување книги на бугарски јазик, а меѓу нив и таа со песните на браќата Миладиновци, што беше објавена уште на почетокот на 90-тите години од минатиот век. Ова, пак, апсолутно не значи дека тие не биле на удар на тајните служби. Напротив, биле и тоа како биле, со тоа што интензитетот бил различен во зависност од историските периоди и услови, па и од односите меѓу некогашна СФРЈ и Република Бугарија, а тоа продолжило и во времето на плурализмот. Ако веднаш по војната ванчомихајловизмот и припадноста на ВМРО биле основни линии за „пресметка“ со политичките неистомисленици, а не со македонските Бугари, подоцна тоа стануваат врховизмот и македонскиот екстремизам. И тука е главната противречност, зашто не само што негацијата на македонизмот не може да оди заедно со неговиот екстремизам, туку сега по автоматизам создава нееднаквост-ќе се рехабилитираат „врховистите“, а македонските екстремисти не!? За да бидеш македонски екстремист, на пример, било доволно во една песна трипати да ја споменеш само Македонија! Или за нив ќе остане доволна Декларацијата за извинување на жртвите на претходниот режим во која не се споменува ни зборот комунизам, што излегува дека не е доволно и за македонските Бугари!? И по што тие се разликуваат од сите останати граѓани жртви на тајните служби, без оглед на нивната етничка припадност!? По тоа што служат како маша на бугарската длабока држава за да се продолжи политиката на вето кон Македонија!? И овие не се единствени примери за линии на работа на тајните служби. Веднаш по војната и неколку години по неа, постоеле уште најмалку 11 други, кои не биле водени според етничката припадност. И како меѓу нив ќе се пронајдат токму македонските Бугари или сите ќе мораат да бидат прикажани како такви!? Не чека ли со тоа еден вид нов идентитетски инженеринг!?

The post Дали македонските Бугари се ставаат во функција на бугарската длабока држава? appeared first on Република.

]]>
Само власта молчи: Maкедонските Бугари бараат Петков и Радев да не попуштаат со ветото за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/samo-vlasta-molchi-makedonskite-bugari-baraat-petkov-i-radev-da-ne-popushtaat-so-vetoto-za-makedonija/ Wed, 05 Jan 2022 09:59:38 +0000 https://republika.mk/?p=440858

Организациите на македонските Бугари во писмо до претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков, претседателот на Народното собрание, Никола Минчев, и партиите застапени во собранието бараат Бугарија да ја зачува својата јасна и категорична позиција во однос на почетокот на преговорите за влез во ЕУ на Македонија.

Македонските Бугари од организациите „КЦ Иван Михајлов“-Битола, здружение „Трибуна“- Прилеп, МБП-Скопје, „Коридор 8“-Скопје, „Интеракција“-Охрид, „Единство“-Кочани и партијата Граѓанско демократска унија апелираат да не се прават отстапки по прашањето за нивната рамноправност во Република Македонија, што, според нив, не може да биде предмет на преговори и постапката за промена на Уставот, со цел Бугарите да бидат рамноправни со сите други делови од народи да започне веднаш.

[caption id="attachment_431467" align="alignnone" width="640"] epa09640299 New Bulgarian Prime Minister Kiril Petkov speaks at the Parliament in Sofia, Bulgaria, 13 December 2021. The Bulgarian Parliament approved a new coalition government of four reformist formations and led by the economist, Kiril Petkov, co-founder of the recently created anticorruption formation Let's Continue the Changes (PP), which won the 14 November legislative elections. EPA-EFE/VASSIL DONEV[/caption]

Во пресрет на 30-годишнината од првото признавање на независна Република Македонија од страна на Бугарија, македонските Бугари се надеваат дека политичарите и општествата од двете страни на границата ќе најдат мудрост заеднички да го продолжат својот европски пат.

Во обраќањето меѓу другото се вели:

Ние, македонските Бугари, сакаме целосно и рамноправно да работиме за својата држава, за нејзиниот економски, политички и општествен развој, а не како граѓани од „втора категорија“. Тоа може да се оствари единствено и само ако добиеме уставни гаранции за нашата рамноправност со останатите делови од народи, како што се впишани во Уставот на РС Македонија. Ние не сакаме ништо друго, освен рамноправност. Сакаме како сите останати делови од народи во РС Македонија да се радуваме на својот јазик, традиции, историја, споменици и се останато што е поврзано со нашиот идентитет.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-go-prozva-mnr-zoshto-ne-reagirashe-na-izjavite-na-trifonov-ramchilovikj-skokna-da-ja-brani-bugarskata-strana/

Свикувањето на новото Народно собрание и изборот на новата бугарска влада ни даваат надеж дека овие наши интереси ќе бидат решително заштитени од Вас како државни и политички лидери на Бугарија, имајќи предвид дека над 120.000 од нас се и државјани на Р. Бугарија врз база на докажано бугарско потекло, а други десетици илјади се во процедура за добивање на бугарско државјанство. Од Вас очекуваме до сега манифестираната аргументирана и јасна позиција на Бугарија цврсто и категорично да продолжи и натаму да опстојува.

Апелираме до Вас-не правете никакви отстапки околу прашањето за нашата рамноправност. Тоа не може и не треба да биде предмет на преговори, а гаранциите за него не можат да бидат празно ветување за неодредена иднина. Уставната процедура за впишувањето на македонските Бугари треба да започне сега и веднаш. Бугарите треба да бидат изрично и рамноправно споменати со останатите делови од народи во Уставот на РС Македонија.

Ние не можеме да прифатиме дека додавањето на Бугарите, покрај сите останати народи и делови од народи, како што сега се наброени во Уставот, може да биде проблем за кого и да било во нашата држава. Спротивното би значело продолжување на децениската политика и пракса на дискриминација кон нас.

The post Само власта молчи: Maкедонските Бугари бараат Петков и Радев да не попуштаат со ветото за Македонија appeared first on Република.

]]>

Организациите на македонските Бугари во писмо до претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков, претседателот на Народното собрание, Никола Минчев, и партиите застапени во собранието бараат Бугарија да ја зачува својата јасна и категорична позиција во однос на почетокот на преговорите за влез во ЕУ на Македонија. Македонските Бугари од организациите „КЦ Иван Михајлов“-Битола, здружение „Трибуна“- Прилеп, МБП-Скопје, „Коридор 8“-Скопје, „Интеракција“-Охрид, „Единство“-Кочани и партијата Граѓанско демократска унија апелираат да не се прават отстапки по прашањето за нивната рамноправност во Република Македонија, што, според нив, не може да биде предмет на преговори и постапката за промена на Уставот, со цел Бугарите да бидат рамноправни со сите други делови од народи да започне веднаш. [caption id="attachment_431467" align="alignnone" width="640"] epa09640299 New Bulgarian Prime Minister Kiril Petkov speaks at the Parliament in Sofia, Bulgaria, 13 December 2021. The Bulgarian Parliament approved a new coalition government of four reformist formations and led by the economist, Kiril Petkov, co-founder of the recently created anticorruption formation Let's Continue the Changes (PP), which won the 14 November legislative elections. EPA-EFE/VASSIL DONEV[/caption] Во пресрет на 30-годишнината од првото признавање на независна Република Македонија од страна на Бугарија, македонските Бугари се надеваат дека политичарите и општествата од двете страни на границата ќе најдат мудрост заеднички да го продолжат својот европски пат. Во обраќањето меѓу другото се вели: Ние, македонските Бугари, сакаме целосно и рамноправно да работиме за својата држава, за нејзиниот економски, политички и општествен развој, а не како граѓани од „втора категорија“. Тоа може да се оствари единствено и само ако добиеме уставни гаранции за нашата рамноправност со останатите делови од народи, како што се впишани во Уставот на РС Македонија. Ние не сакаме ништо друго, освен рамноправност. Сакаме како сите останати делови од народи во РС Македонија да се радуваме на својот јазик, традиции, историја, споменици и се останато што е поврзано со нашиот идентитет. https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-go-prozva-mnr-zoshto-ne-reagirashe-na-izjavite-na-trifonov-ramchilovikj-skokna-da-ja-brani-bugarskata-strana/ Свикувањето на новото Народно собрание и изборот на новата бугарска влада ни даваат надеж дека овие наши интереси ќе бидат решително заштитени од Вас како државни и политички лидери на Бугарија, имајќи предвид дека над 120.000 од нас се и државјани на Р. Бугарија врз база на докажано бугарско потекло, а други десетици илјади се во процедура за добивање на бугарско државјанство. Од Вас очекуваме до сега манифестираната аргументирана и јасна позиција на Бугарија цврсто и категорично да продолжи и натаму да опстојува. Апелираме до Вас-не правете никакви отстапки околу прашањето за нашата рамноправност. Тоа не може и не треба да биде предмет на преговори, а гаранциите за него не можат да бидат празно ветување за неодредена иднина. Уставната процедура за впишувањето на македонските Бугари треба да започне сега и веднаш. Бугарите треба да бидат изрично и рамноправно споменати со останатите делови од народи во Уставот на РС Македонија. Ние не можеме да прифатиме дека додавањето на Бугарите, покрај сите останати народи и делови од народи, како што сега се наброени во Уставот, може да биде проблем за кого и да било во нашата држава. Спротивното би значело продолжување на децениската политика и пракса на дискриминација кон нас.

The post Само власта молчи: Maкедонските Бугари бараат Петков и Радев да не попуштаат со ветото за Македонија appeared first on Република.

]]>