Македонски Брод Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-brod/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Nov 2024 14:41:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонски Брод Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-brod/ 32 32 Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување за поранешен директор на Здравствен дом – Македонски Брод https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-sluzhbenata-polozhba-i-ovlastuvane-za-poraneshen-direktor-na-zdravstven-dom-makedonski-brod/ Fri, 29 Nov 2024 17:38:41 +0000 https://republika.mk/?p=843153

СВР Битола - ОВР Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Кичево поднел кривична пријава против С.Ж.(51) од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во периодот од почетокот на 2019 година до 02.10.2024, пријавениот во својство на директор на ЈЗУ Здравствен дом -Македонски Брод, соопштија денеска од МВР, лично потпишувал одлуки за јавни набавки и набавувал опрема и потрошен материјал за детска превентивна стоматологија за заштита на деца до 14 годишна возраст, кои не требало да се набавуваат и да се користат, бидејќи во детската превентивна стоматологија, освен за залевање на заби на деца до 14 години и вршење превентивни систематски прегледи, не се вршат други услуги и интервенции на пациенти како поправка, лекување и вадење на заби како на деца до 14 години, така и на возрасни, согласно насоката од Фондот за здравствено осигурување.

Исто така, во текот на 2022, 2020 и 2019 година, пријавениот постапил спротивно на Законот за сметководство во буџетите и буџетските корисници член 21 и Правилникот за сметководство за буџети и буџетски корисници член 29 и член 30-а и ја оштетил здравствената установа Здравствен дом - Македонски Брод на начин што доделените субвенции за користење мобилни услуги од мобилен оператор како набавени уреди, ги присвоил за своја корист. Во текот на 2022 и 2023 година, пријавениот постапил спротивно на Законот за користење и располагање со предмети во државна сопственост член 22, член 23 и член 24 и го оштетил буџетот на ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод така што од оштетеното санитетско возило „тојота“, претходно добиено како донација од Јапонија, дозволил да се вадат делови и истите да се даваат на трајно користење на Здравствен дом Крушево, иако претходно немало доставено позитивен одговор од Влада на РСМ за отуѓување или продажба на делови, согласно претходно нивно испратено барање од Здравствениот дом, се појаснува во соопштението.

Во периодот од 25.06.2021, заклучно со 15.08.2024, пријавениот дозволил да се изготвуваат фиктивни налози за службени патувања на патничко возило „дачија дастер", со што овозможувал службеното возило да се користи за приватни потреби, а притоа да нема уредна евиденција.

The post Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување за поранешен директор на Здравствен дом – Македонски Брод appeared first on Република.

]]>

СВР Битола - ОВР Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Кичево поднел кривична пријава против С.Ж.(51) од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од почетокот на 2019 година до 02.10.2024, пријавениот во својство на директор на ЈЗУ Здравствен дом -Македонски Брод, соопштија денеска од МВР, лично потпишувал одлуки за јавни набавки и набавувал опрема и потрошен материјал за детска превентивна стоматологија за заштита на деца до 14 годишна возраст, кои не требало да се набавуваат и да се користат, бидејќи во детската превентивна стоматологија, освен за залевање на заби на деца до 14 години и вршење превентивни систематски прегледи, не се вршат други услуги и интервенции на пациенти како поправка, лекување и вадење на заби како на деца до 14 години, така и на возрасни, согласно насоката од Фондот за здравствено осигурување.
Исто така, во текот на 2022, 2020 и 2019 година, пријавениот постапил спротивно на Законот за сметководство во буџетите и буџетските корисници член 21 и Правилникот за сметководство за буџети и буџетски корисници член 29 и член 30-а и ја оштетил здравствената установа Здравствен дом - Македонски Брод на начин што доделените субвенции за користење мобилни услуги од мобилен оператор како набавени уреди, ги присвоил за своја корист. Во текот на 2022 и 2023 година, пријавениот постапил спротивно на Законот за користење и располагање со предмети во државна сопственост член 22, член 23 и член 24 и го оштетил буџетот на ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод така што од оштетеното санитетско возило „тојота“, претходно добиено како донација од Јапонија, дозволил да се вадат делови и истите да се даваат на трајно користење на Здравствен дом Крушево, иако претходно немало доставено позитивен одговор од Влада на РСМ за отуѓување или продажба на делови, согласно претходно нивно испратено барање од Здравствениот дом, се појаснува во соопштението.
Во периодот од 25.06.2021, заклучно со 15.08.2024, пријавениот дозволил да се изготвуваат фиктивни налози за службени патувања на патничко возило „дачија дастер", со што овозможувал службеното возило да се користи за приватни потреби, а притоа да нема уредна евиденција.  

The post Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување за поранешен директор на Здравствен дом – Македонски Брод appeared first on Република.

]]>
Ристески: Централното градско подрачје добива ново сообраќајно решение https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/risteski-tsentralnoto-gradsko-podrachje-dobiva-novo-soobrakajno-reshenie/ Sat, 25 May 2024 14:14:39 +0000 https://republika.mk/?p=781657

Централното градско подрачје добива ново сообраќајно решение, со што ќе се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот! , пишува на Фејсбук градоначалникот на Македонски Брод Жарко Ристески.

The post Ристески: Централното градско подрачје добива ново сообраќајно решение appeared first on Република.

Мицкоски: Ова се избори на кои граѓаните ќе изберат дали ја сакаат Македонија или не, Силјановска Давкова е вистинскиот избор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ova-se-izbori-na-koi-graganite-ke-izberat-dali-ja-sakaat-makedonija-ili-ne-siljanovska-davkova-e-vistinskiot-izbor/ Thu, 11 Apr 2024 17:58:51 +0000 https://republika.mk/?p=765063

Секогаш кога во Македонија имаме влада на СДС македонскиот народ, граѓаните на Македонија и самата Македонија губат, се удира директно врз македонскиот идентитет. Секогаш кога имаме влада на СДС секогаш имаме по нешто коешто идентитетски губиме - изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешното негово обраќање во Македонски Брод во рамките на претседателска кампања.

Мицкоски во текот на своето обраќање потенцираше дека на овие избори се бира за и против Македонија односно дека на овие избори се бира дали ја сакаме Македонија и ја бираме професорката Гордана Силјановска Давкова.

СДС се обидува да ги претстави овие избори кои следат како избори за ЕУ или против ЕУ. Они биле за ЕУ, а ние според нив сме биле против ЕУ и тоа е погрешна теза. Ова се избори на кои бирате за и против Македонија, нема трета опција. На овие избори бираме дали ја сакаме Македонија и ја бираме Гордана Силјановска Давкова и коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ или сме против Македонија, а тоа е Стево Пендаровски и коалицијата што ја предводи СДСМ - рече тој.

Мицкоски се осврна и на кандидатот за претседател Стево Пендаровски каде укажа дека Пендаровски е патрон и главен измеќар на ДУИ на чело со Али Ахмети.

Стево Пендаровски кој што е патрон и главниот измеќар на политиките водени од неколкумина кои што се дел од раководството на Демократската унија за интеграција на чело со Али Ахмети. Главен измеќар и подизведувач на политиките на ДУИ е Стево Пендаровски. А кои се политиките на ДУИ, а тие се опишани со три збора „Како до сега“, потсети Мицкоски.

Мицкоски во врска со Пендаровски посочи две главни работи кои не треба да се заборават.

Две работи кои се значајни и не треба да се заборават за Стево Пендаровски, тоа се, првата и најзначајна а тоа е дека според Стево Пендаровски, Гоце Делчев бил Бугарин. Втората и многу значајна работа е дека ако не бил избран за претседател тогаш Стево ќе се иселел од Македонија. Па ајде да му помогнеме на 24 Април да почне со пакувањето на куферите и на 8ми Мај да се исели - порача Мицкоски.

На крај Мицкоски порача:Ова се избори на кои треба да одлучиме дали ќе постои Македонија онаква и во оваа форма во која што ја знаеме или нема да постои. Ова сериозно го мислам и го знам врз основа на информациите со кои располагам.

The post Мицкоски: Ова се избори на кои граѓаните ќе изберат дали ја сакаат Македонија или не, Силјановска Давкова е вистинскиот избор appeared first on Република.

]]>

Секогаш кога во Македонија имаме влада на СДС македонскиот народ, граѓаните на Македонија и самата Македонија губат, се удира директно врз македонскиот идентитет. Секогаш кога имаме влада на СДС секогаш имаме по нешто коешто идентитетски губиме - изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешното негово обраќање во Македонски Брод во рамките на претседателска кампања.
Мицкоски во текот на своето обраќање потенцираше дека на овие избори се бира за и против Македонија односно дека на овие избори се бира дали ја сакаме Македонија и ја бираме професорката Гордана Силјановска Давкова.
СДС се обидува да ги претстави овие избори кои следат како избори за ЕУ или против ЕУ. Они биле за ЕУ, а ние според нив сме биле против ЕУ и тоа е погрешна теза. Ова се избори на кои бирате за и против Македонија, нема трета опција. На овие избори бираме дали ја сакаме Македонија и ја бираме Гордана Силјановска Давкова и коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ или сме против Македонија, а тоа е Стево Пендаровски и коалицијата што ја предводи СДСМ - рече тој.
Мицкоски се осврна и на кандидатот за претседател Стево Пендаровски каде укажа дека Пендаровски е патрон и главен измеќар на ДУИ на чело со Али Ахмети. Стево Пендаровски кој што е патрон и главниот измеќар на политиките водени од неколкумина кои што се дел од раководството на Демократската унија за интеграција на чело со Али Ахмети. Главен измеќар и подизведувач на политиките на ДУИ е Стево Пендаровски. А кои се политиките на ДУИ, а тие се опишани со три збора „Како до сега“, потсети Мицкоски. Мицкоски во врска со Пендаровски посочи две главни работи кои не треба да се заборават.
Две работи кои се значајни и не треба да се заборават за Стево Пендаровски, тоа се, првата и најзначајна а тоа е дека според Стево Пендаровски, Гоце Делчев бил Бугарин. Втората и многу значајна работа е дека ако не бил избран за претседател тогаш Стево ќе се иселел од Македонија. Па ајде да му помогнеме на 24 Април да почне со пакувањето на куферите и на 8ми Мај да се исели - порача Мицкоски.
На крај Мицкоски порача:Ова се избори на кои треба да одлучиме дали ќе постои Македонија онаква и во оваа форма во која што ја знаеме или нема да постои. Ова сериозно го мислам и го знам врз основа на информациите со кои располагам.

The post Мицкоски: Ова се избори на кои граѓаните ќе изберат дали ја сакаат Македонија или не, Силјановска Давкова е вистинскиот избор appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ го презема мнозинството во Советот во Македонски Брод https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-go-prezema-mnozinstvoto-vo-sovetot-vo-makedonski-brod/ Wed, 21 Feb 2024 16:01:15 +0000 https://republika.mk/?p=746652

ВМРО-ДПМНЕ го презема мнозинството во Советот во Македонски Брод, објавено е на официјалната фејсбук страница на ОК на ВМРО ДПМНЕ Македонски Брод.

Европскиот фронт за кој СДС и коалицијата заедно со ЛДП беа многу гласни дека со преземање на мнозинството во Советот на општина Македонски Брод на пролет ќе оди на сигурна победа, траеше многу кратко. На денешната седница на Советот на Македонски Брод е разрешен претседателот Дијана Јованоска од СДС, заедно со коалицијата и ЛДП! За нов претседател е избран независниот советник Марјан Алампиоски, со поддршка од двајца советници на ВМРО-ДПМНЕ, еден од Левица, еден од Единствена Македонија и двајца независни советници. Коалицијата на СДС и ЛДП од денеска повторно се во опозиција во Советот на Македонски Брод!, пишува во објавата на Фејсбук.

The post ВМРО-ДПМНЕ го презема мнозинството во Советот во Македонски Брод appeared first on Република.

Силен пожар во близина на Македонски Брод https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/silen-pozhar-vo-blizina-na-makedonski-brod/ Fri, 08 Sep 2023 13:51:39 +0000 https://republika.mk/?p=679981

Силен пожар изби денеска околу пладне на територијата на Општина Македонски Брод во атарот на село Латово, месност наречена „Лозје“, информираат од Центарот за управување со кризи.

- Над селото продолжува дабова и букова шума. За да се спречи ширење на пожарот во квалитетна шума како и да се превенира загрозување на с. Латово, на гаснењето на пожарот покрај локалните пожарникари како и пожарникари од Национални шуми, ќе се приклучат и еден ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Тој потенцира дека ер-тракторот има исклучително дејство со кое е постигнат голем ефект во гаснењето на пожарот. 

The post Силен пожар во близина на Македонски Брод appeared first on Република.

Зечевиќ од Македонски Брод: Социјалдемократска вредност е зачувување на националниот и етнички идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zechevikj-od-makedonski-brod-socijaldemokratska-vrednost-e-zachuvuvanje-na-nacionalniot-i-etnichki-identitet/ Sat, 03 Dec 2022 15:00:33 +0000 https://republika.mk/?p=581392

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, денеска ги продолжува интензивните теренски активности во повеќе општини и населени места.

Социјалдемократска вредност е заштитата на националниот и на етничкиот идентитет, кои се само едни од низата идентитети што ги има секој поединец во едно општество, порача Зечевиќ на работен состанок со партиските членови и симпатизери на СДСМ во Македонски Брод.

Генералниот секретар додаде дека во оваа насока е поставена и политиката на државотворната партијата СДСМ за европска интеграција, врз основа на највисоките национални и државни интереси.

Во оваа смисла го гледам и европскиот стремеж на македонскиот граѓанин кој се бори за прифаќање и интеграција на македонскиот во комплексниот европскиот идентитет. Тоа е наша социјалдемократска вредност и политика, да обезбедиме суштинска интеграција во Унијата за подобар живот со почитувањето на сите обележја што го прават Македонецот тоа шти бил низ историјата, тоа што е сега и тоа што ќе биде во иднина, рече Зечевиќ.

The post Зечевиќ од Македонски Брод: Социјалдемократска вредност е зачувување на националниот и етнички идентитет appeared first on Република.

Првачињата од Македонски Брод ќе добијат бесплатен ранец од општината https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prvachinjata-od-makedonski-brod-kje-dobijat-besplaten-ranec-od-opshtinata/ Mon, 29 Aug 2022 15:40:03 +0000 https://republika.mk/?p=545351

Општина Македонски Брод и ООУ „Св Климент Охридски'' Македонски Брод за почеток на новата учебна година од својот скромен буџет обезбедија училишен ранец за секој ученик во прво одделение и маичка со апликација, „Јас сум прваче“, Среќно првачиња!.

The post Првачињата од Македонски Брод ќе добијат бесплатен ранец од општината appeared first on Република.

Јаневски: Валоризирање на туристичките потенцијали на општина Македонски Брод во насока на развој на рурален, спелеолошки, еко и адреналински туризам https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/janevski-valoriziranje-na-turistichkite-potencijali-na-opshtina-makedonski-brod-vo-nasoka-na-razvoj-na-ruralen-speleoloshki-eko-i-adrenalinski-turizam/ Wed, 16 Mar 2022 13:17:46 +0000 https://republika.mk/?p=473795

Во просториите АППТ во Струга, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Општина Македонски Брод, потпишаа меморандум за соработка со кој се заложија за поголема кооперативност на полето на туризмот.

Меморандумот го потпишаа директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски и градоначалникот на општина Македонски Брод, г-дин Жарко Ристески.

Потпишаниот меморандум опфаќа бројни заеднички активности во поглед на дефинирање на видовите на туризам кои имаат потенцијал за развој на територијата на општина Македонски Брод, развој на нови туристички форми, изработка на промотивен материјал, мапирање на туристичките знаменитости, градење на капацитети за аплицирање и искористување на средствата од меѓународни проекти, размена на информации за современите трендови во туристичкиот сектор, како и континуирано подигање на квалитетот на човечките ресурси со асистенција на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – АППТ.

Валоризирање на туристичките потенцијали на општина Македонски Брод во насока на развој на рурален, спелеолошки, еко и адреналински туризам, претставува можност за збогатување на македонската туристичка понуда и зголемување на приливот по основ на туризмот во општината” – изјави д-р. Јаневски, директор на АППТ.

Македонски Брод го карактеризира извонредно зачувана, чиста животна средина, со развиено производство на органска храна, природни реткости од кои пештерата со најголем отвор на Балканот, Пешна, е потенцијал кој треба да биде искористен во туристички цели.

Развојот на нашата општина го гледаме во напредокот на туризмот, преку соодветно валоризирање на потенцијалите и градење на капацитетите во функција на туризмот, за што од особено големо значење ни е искуството кое го препознаваме во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот”- изјави г-дин Ристески, градоначалник на Македонски Брод.

Со зајакнување на соработката помеѓу нашите институци, очекуваме ова да биде нов предизвик за започнување на нови бизнис идеи во сферата на развојот на руралниот и еко-туризмот, што ќе придонесе кон економско зајакнување на локалното население на Македонски Брод и искористување на предностите кои со себе ги носи туризмот.

The post Јаневски: Валоризирање на туристичките потенцијали на општина Македонски Брод во насока на развој на рурален, спелеолошки, еко и адреналински туризам appeared first on Република.

]]>

Во просториите АППТ во Струга, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Општина Македонски Брод, потпишаа меморандум за соработка со кој се заложија за поголема кооперативност на полето на туризмот. Меморандумот го потпишаа директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски и градоначалникот на општина Македонски Брод, г-дин Жарко Ристески. Потпишаниот меморандум опфаќа бројни заеднички активности во поглед на дефинирање на видовите на туризам кои имаат потенцијал за развој на територијата на општина Македонски Брод, развој на нови туристички форми, изработка на промотивен материјал, мапирање на туристичките знаменитости, градење на капацитети за аплицирање и искористување на средствата од меѓународни проекти, размена на информации за современите трендови во туристичкиот сектор, како и континуирано подигање на квалитетот на човечките ресурси со асистенција на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – АППТ.