македонски бранители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-braniteli/ За подобро да се разбереме Fri, 24 May 2024 16:04:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски бранители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-braniteli/ 32 32 Јане загина со куршум во грб, Горан и Момир во заседа: Во Крива Паланка оддадена почит на тројцата загинати бранители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jane-zagina-so-kurshum-vo-grb-goran-i-momir-vo-zaseda-vo-kriva-palanka-oddadena-pochit-na-trojtsata-zaginati-braniteli/ Fri, 24 May 2024 16:04:56 +0000 https://republika.mk/?p=781458

Со едноминутно молчење и полагање на свежо цвеќе пред споменикот на тројцата загинати бранители Јане Јакимовски, Горан Стојановски и Момир Стојановски, денеска во Крива Паланка во организација на Здружението на бранители „Херои на Македонија“ им беше оддадена почит на македонските херои.

На спомен-обележјето пред полициската станица во Крива Паланка цвеќе положија семејствата на загинатите бранители, делегации од Општина Крива Паланка, од СВР Куманово, од полициските единици за брзо распоредување, за специјални задачи, за обука и поддршка, од ОВР Крива Паланка , ПС граничен премин Деве Баир, ПС за граничен премин и граничен надзор, од Советот на Општина Крива Паланка, делегации од политички партии, здружение на бранителите, здруженија на пензионери, институции и граѓани.

Во таа чест денеска во Крива Паланка се одржува и традиционалниот меморијален локален турнир во мал фудбал.

По положувањето на цвеќе, продолжи официјалното отворање на 22 Меморијален турнир во мал фудбал во спортската сала што го носи името „Бранители 2001"

Пред присутните се обрати претседателот на Здружението на бранители, Владе Стојановски, кој истакна дека институциите и на локално и на централно ниво секогаш излегуваат во пресрет на нивните барања, а ваквиот начин на изразување пиетет кон бранителите, преку спортски средби, кој веќе 22 години се негува, е нешто што го чува нивното име од заборав.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, се обрати пред присутните, истакнувајќи дека влогот на бранителите во нашата денешна слобода, за која ги положија животите, е незаборавен.

Нивното херојство е свет аманет пред нас, го чуваме од заборавот и најмалку што можеме да направиме е преку ваквите настани да го оживуваме споменот и за Јане, Горан и Момир, но и за сите македонски херои што се вградија во вечниот паметник на македонската историја. Годините што изминуваат не ја намалуваат болката по изгубените македонски синови и се потсетник дека херојството во име на татковината е највисок идеал на секој човек, рече Митовски.

Општина Крива Паланка секогаш го поддржува локалниот меморијален турнир што го одржува споменот за хероите.

Јане Јакимовски

Јане Јакимовски (Крива Паланка, 6 јули 1966 – Чаир, Скопје, 21 март 2001) бил македонски бранител, полицаец на СВР Крива Паланка, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 21 март 2001 во трговскиот центар „Чаирчанка“ во скопската населба Чаир откако е пукан во грб.

Горан Стојановски

Горан Стојановски (Крива Паланка, 27 мај 1973 – Брест, Скопска Црна Гора, 8 март 2001) бил македонски бранител, припадник на посебната единица ПЕП, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Убиен е на кукавички начин на 8 март 2001 година откако налетал на нагазна мина во придружба на конвојот со хуманитарна помош. Потоа бил гранатиран од минофрлач од страна на терористите од ОНА.

Момир Стојановски

Момир Стојановски (Добровница, Крива Паланка, 1970 – Теарце, Тетовско, 22 јануари 2001) бил македонски бранител, припадник на СВР Крива Паланка, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 22 јануари 2001 при минофрлачки напад на полициската станица во Теарце, извршена од страна на терористите на ОНА. Момир Стојановски е првата жртва во воениот конфликт во Македонија, 2001 година.

The post Јане загина со куршум во грб, Горан и Момир во заседа: Во Крива Паланка оддадена почит на тројцата загинати бранители appeared first on Република.

]]>

Со едноминутно молчење и полагање на свежо цвеќе пред споменикот на тројцата загинати бранители Јане Јакимовски, Горан Стојановски и Момир Стојановски, денеска во Крива Паланка во организација на Здружението на бранители „Херои на Македонија“ им беше оддадена почит на македонските херои. На спомен-обележјето пред полициската станица во Крива Паланка цвеќе положија семејствата на загинатите бранители, делегации од Општина Крива Паланка, од СВР Куманово, од полициските единици за брзо распоредување, за специјални задачи, за обука и поддршка, од ОВР Крива Паланка , ПС граничен премин Деве Баир, ПС за граничен премин и граничен надзор, од Советот на Општина Крива Паланка, делегации од политички партии, здружение на бранителите, здруженија на пензионери, институции и граѓани. Во таа чест денеска во Крива Паланка се одржува и традиционалниот меморијален локален турнир во мал фудбал. По положувањето на цвеќе, продолжи официјалното отворање на 22 Меморијален турнир во мал фудбал во спортската сала што го носи името „Бранители 2001" Пред присутните се обрати претседателот на Здружението на бранители, Владе Стојановски, кој истакна дека институциите и на локално и на централно ниво секогаш излегуваат во пресрет на нивните барања, а ваквиот начин на изразување пиетет кон бранителите, преку спортски средби, кој веќе 22 години се негува, е нешто што го чува нивното име од заборав. Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, се обрати пред присутните, истакнувајќи дека влогот на бранителите во нашата денешна слобода, за која ги положија животите, е незаборавен.
Нивното херојство е свет аманет пред нас, го чуваме од заборавот и најмалку што можеме да направиме е преку ваквите настани да го оживуваме споменот и за Јане, Горан и Момир, но и за сите македонски херои што се вградија во вечниот паметник на македонската историја. Годините што изминуваат не ја намалуваат болката по изгубените македонски синови и се потсетник дека херојството во име на татковината е највисок идеал на секој човек, рече Митовски.
Општина Крива Паланка секогаш го поддржува локалниот меморијален турнир што го одржува споменот за хероите.

Јане Јакимовски

Јане Јакимовски (Крива Паланка, 6 јули 1966 – Чаир, Скопје, 21 март 2001) бил македонски бранител, полицаец на СВР Крива Паланка, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 21 март 2001 во трговскиот центар „Чаирчанка“ во скопската населба Чаир откако е пукан во грб.

Горан Стојановски

Горан Стојановски (Крива Паланка, 27 мај 1973 – Брест, Скопска Црна Гора, 8 март 2001) бил македонски бранител, припадник на посебната единица ПЕП, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Убиен е на кукавички начин на 8 март 2001 година откако налетал на нагазна мина во придружба на конвојот со хуманитарна помош. Потоа бил гранатиран од минофрлач од страна на терористите од ОНА.

Момир Стојановски

Момир Стојановски (Добровница, Крива Паланка, 1970 – Теарце, Тетовско, 22 јануари 2001) бил македонски бранител, припадник на СВР Крива Паланка, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 22 јануари 2001 при минофрлачки напад на полициската станица во Теарце, извршена од страна на терористите на ОНА. Момир Стојановски е првата жртва во воениот конфликт во Македонија, 2001 година.

The post Јане загина со куршум во грб, Горан и Момир во заседа: Во Крива Паланка оддадена почит на тројцата загинати бранители appeared first on Република.

]]>
Ангелов: Огорчен сум што СДСМ гласаа против, можеа барем да се воздржани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/angelov-ogorchen-sum-shto-sdsm-glasaa-protiv-mozhea-barem-da-se-vozdrzhani/ Thu, 18 May 2023 09:18:20 +0000 https://republika.mk/?p=642173

Од формирањето на партијата Достоинство јас сум во политиката и бев огорчен од неинтересот на јавноста за реакцијата на Достоинство поради одбивањето на законот за помош на бранителите. Затоа одржав прес-конференција во која изразив огорченост поради тоа што пратениците на СДСМ гласаа против законот, а можеа барем да гласаат воздржано, рече утрово Стојанче Ангелов, директор на ЦУК и лидер на Достоинство во „Студио 10“ на ТВ 24.

Нашата намера беше да ја информираме Владата за длабочината на овој проблем. Не е проблем онаа мала сума што треба да им се исплати на ранетите и семејствата на загинатите колку што е проблем ДУИ. Сметам дека ДУИ како наследник на УЧК не би требало да прави проблем за тоа. Од друга страна од премиерот Ковачевски и министерката за одбрана Петровска имавме поддршка. Оттука пратениците на СДСМ можеа да гласаат за потреба од донесување на ваков закон, значи зборуваме за прва фаза, вели Ангелов.

Тој додаде дека премиерот Ковачевски потоа излезе и рече дека ќе разговара со Достоинство за овој проблем и дека не ја губи надежта.

Ниедна мајка не сака да земе пари за смрт на свое дете, но ние како држава сме должни да им помогнеме на другите деца и семејствата на загинатите бранители, вели Ангелов.

Ангелов вели дека си стои на зборот дека ќе ја напушти владината коалиција доколку Владата не одговори на барањето на бранителите, но, вели Ангелов, свесен е дека со излегувањето од коалицијата нема да се случи ни политички земјотрес ни каква било конкретна реакција, но бранителите ќе загубат можност да се изборат за она што им следува.

Ние како Достоинство не можеме да се согласиме еднаков третман да имаат бранителите и оние кои ја нападнаа нашата татковина. Верувам дека треба да им се помогне на децата на загинатите од УЧК, но тоа треба да го направат нивните невладини организации, а на бранителите мора да им помогне државата, вели Ангелов.

Според него, ДУИ покажа како треба да се грижат за своите оти членови на семејствата на нивните загинати се одамна вработени во администрацијата.

The post Ангелов: Огорчен сум што СДСМ гласаа против, можеа барем да се воздржани appeared first on Република.

Стојанче Ангелов го повика државниот врв да оддаде почит за македонските бранители на денот кога тие извојуваа победа над УЧК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanche-angelov-go-povika-drzhavniot-vrv-da-oddade-pochit-za-makedonskite-braniteli-na-denot-koga-tie-izvojuvaa-pobeda-nad-uchk/ Tue, 14 Mar 2023 15:40:10 +0000 https://republika.mk/?p=619633

По положувањето цвеќе на споменикот на бранителите, претседателот на партијата „Достоинство“ Стојанче Ангелов денеска упати повик до државниот и политичкиот врв на државата на 26 март да им оддадат почит на бранителите од 2001 година.

Го покануваме претседателот на државата Стево Пендаровски како врховен командант на вооружените сили, претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата Димитар Ковачевски, другите клучни министри, но воедно и лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, лидерот на Левица Димитар Апасиев и претседателите на помалите политички парламентарни и вон парламентарни партии на 26 март во 12 часот, денот кога македонските безбедносни сили извојуваа победа над УЧК, да дојдат овде и да оддадат почит на македонските бранители, рече Ангелов.

Според Ангелов, ова нивно барање до државниот и политичкиот врв не треба да предизвика, како што рече, никакво влошување на меѓуетничките односи.

The post Стојанче Ангелов го повика државниот врв да оддаде почит за македонските бранители на денот кога тие извојуваа победа над УЧК appeared first on Република.

СПМ побара поддршка од пратениците за изградба на споменик за македонските бранители во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spm-pobara-poddrshka-od-pratenicite-za-izgradba-na-spomenik-za-makedonskite-braniteli-vo-kumanovo/ Tue, 17 May 2022 11:29:18 +0000 https://republika.mk/?p=503324

На средбата со градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски Синдикатот на полицијата во Македонија побара нивната иницијатива за изградба на спомен обележје да се стави во мирување.

До ваква одлука дојдовме водени од фактот дека на територија на Општина Липково во меѓувреме е изграден монументален споменик со грандиозни големини во чест на паднатите борци на ОНА од воениот конфликт во 2001 којшто кај сите нас генерира негативни чувства, несоодветно ја отсликува реалноста што дополнитенлно буди негативни чувствата и кај сите бранители, семејствата на загинатите бранители, граѓаните и нашите членови кои што ги претставуваме, велат од СПМ.

Од таму додаваат дека веќе поднеле нова Иницијатива/ Барање, но до Собранието и до сите пратенички групи за давање на поддршка за градба на меморијален споменик на територија на Општина Куманово за сите бранители и паднати борци од осамостојување на Република Македонија до денеска кои што својот живот го дале за заштита на уставниот поредок на независна Македонија и нејзините граѓани.

Оваа иницијатива е поднесена од наша страна согласно Законот за меморијални споменици и спомен обележје Сл.весник на РМ бр. 66/04,89/08,152/15 до Собранието, член 5 став 2.
Сметаме дека загинатите бранители во независна Македонија заслужуваат соодветен третман од страна на државата и изградба на меморијален споменик токму на територија на Општина Куманово каде што се водеа голем број од борбените дејствија а воедно очекуваме оваа наша иницијатива да биде поддржана од останатите невладини организации, здруженија, синдикати, индивидуални лица, интелектуалци и целата општествена јавност во Македонија со цел еднаш засекогаш овие наши херои да бидат соодветно третирани и да добијат вистински меморијален споменик со кој ќе се одбележат нивните жртвувања за државата, велат од СПМ.

The post СПМ побара поддршка од пратениците за изградба на споменик за македонските бранители во Куманово appeared first on Република.

]]>

На средбата со градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски Синдикатот на полицијата во Македонија побара нивната иницијатива за изградба на спомен обележје да се стави во мирување.
До ваква одлука дојдовме водени од фактот дека на територија на Општина Липково во меѓувреме е изграден монументален споменик со грандиозни големини во чест на паднатите борци на ОНА од воениот конфликт во 2001 којшто кај сите нас генерира негативни чувства, несоодветно ја отсликува реалноста што дополнитенлно буди негативни чувствата и кај сите бранители, семејствата на загинатите бранители, граѓаните и нашите членови кои што ги претставуваме, велат од СПМ.
Од таму додаваат дека веќе поднеле нова Иницијатива/ Барање, но до Собранието и до сите пратенички групи за давање на поддршка за градба на меморијален споменик на територија на Општина Куманово за сите бранители и паднати борци од осамостојување на Република Македонија до денеска кои што својот живот го дале за заштита на уставниот поредок на независна Македонија и нејзините граѓани.
Оваа иницијатива е поднесена од наша страна согласно Законот за меморијални споменици и спомен обележје Сл.весник на РМ бр. 66/04,89/08,152/15 до Собранието, член 5 став 2. Сметаме дека загинатите бранители во независна Македонија заслужуваат соодветен третман од страна на државата и изградба на меморијален споменик токму на територија на Општина Куманово каде што се водеа голем број од борбените дејствија а воедно очекуваме оваа наша иницијатива да биде поддржана од останатите невладини организации, здруженија, синдикати, индивидуални лица, интелектуалци и целата општествена јавност во Македонија со цел еднаш засекогаш овие наши херои да бидат соодветно третирани и да добијат вистински меморијален споменик со кој ќе се одбележат нивните жртвувања за државата, велат од СПМ.