македонски автобус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-avtobus/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Nov 2024 07:40:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски автобус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-avtobus/ 32 32 Македонски автобус се излизга и удри во банкина во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/makedonski-avtobus-se-izlizga-i-udri-vo-bankina-vo-srbija/ Sat, 23 Nov 2024 07:37:32 +0000 https://republika.mk/?p=840997

Македонски автобус останал заглавен во снежните наноси откако се излизгал и удрил во банкината вчеравечер на автопатот А5 кај Појате во Србија, пренесуваат српските медиуми. За среќа, нема информации за повредени патници, но причинета е значителна материјална штета.

View this post on Instagram

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Обилните снежни врнежи предизвикаа сериозни проблеми низ Србија. Патиштата се многу лизгави, а снежните наноси доведоа до затворање и ограничување на одредени патни правци. На автопатот „Милош Велики“ сообраќајот е речиси во колапс, при што на возачите им се препорачува максимална внимателност и користење зимска опрема.

https://republika.mk/vesti/balkan/prviot-sneg-donese-haos-na-balkanot-izlizgani-vozila-zaveani-patishta-prekin-na-struja/

Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ соопшти дека главните патишта се проодни, но на делови од некои патни правци има слоеви снег до 10 сантиметри. Се апелира до сите граѓани кои патуваат низ Србија да ги следат препораките за безбедност и да се информираат за состојбата на патиштата пред да тргнат на пат.

The post Македонски автобус се излизга и удри во банкина во Србија appeared first on Република.

]]>

Македонски автобус останал заглавен во снежните наноси откако се излизгал и удрил во банкината вчеравечер на автопатот А5 кај Појате во Србија, пренесуваат српските медиуми. За среќа, нема информации за повредени патници, но причинета е значителна материјална штета.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by 192.RS (@192_rs)

Обилните снежни врнежи предизвикаа сериозни проблеми низ Србија. Патиштата се многу лизгави, а снежните наноси доведоа до затворање и ограничување на одредени патни правци. На автопатот „Милош Велики“ сообраќајот е речиси во колапс, при што на возачите им се препорачува максимална внимателност и користење зимска опрема. https://republika.mk/vesti/balkan/prviot-sneg-donese-haos-na-balkanot-izlizgani-vozila-zaveani-patishta-prekin-na-struja/ Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ соопшти дека главните патишта се проодни, но на делови од некои патни правци има слоеви снег до 10 сантиметри. Се апелира до сите граѓани кои патуваат низ Србија да ги следат препораките за безбедност и да се информираат за состојбата на патиштата пред да тргнат на пат.

The post Македонски автобус се излизга и удри во банкина во Србија appeared first on Република.

]]>
Иако имало забрана, бил решен да премине: Македонски автобус запрен во последен момент пред да се урне мостот на Морава https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/iako-imalo-zabrana-bil-reshen-da-premine-makedonski-avtobus-zapren-vo-posleden-moment-pred-da-se-urne-mostot-na-morava/ Sat, 17 Jun 2023 09:54:56 +0000 https://republika.mk/?p=652398

Само 20 минути пред надојдената Западна Морава да го уништи мостот што ги поврзува чачанските села Мрчајевце и Слатина, сообраќајната полиција спречи автобус со македонски регистарски таблички полн со патници, кој и покрај одлуката да се запре сообраќајот преку тој мост, се обиде да го премине на другата страна објави српски Курир.

Не се знае што ги навело Македонците до тој пат, можно е да следеле лоши навигациски карти, кои одамна не се ажурирани, но доколку автобусот се појавел на и онака небезбедниот мост во моментот кога неговите столбови биле силно еродиран од поројот – тоа би било огромна трагедија, пишуваат српските медиуми.

Мостот на Западна Морава рано утринава пред изливот на надојдената река беше целосно уништен поради обилните врнежи што го зафатија Чачак и околината. Поплавите се смируваат, но се уште прават големи проблеми. Припадниците на Цивилната заштита во текот на ноќта работеа на испумпување на водата на каналот за наводнување за да не се излее и да не се поплави населбата Кеј.

The post Иако имало забрана, бил решен да премине: Македонски автобус запрен во последен момент пред да се урне мостот на Морава appeared first on Република.

Предметот за изгорениот македонски автобус во Бугарија пред конечна одлука https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/predmetot-za-izgoreniot-makedonski-avtobus-vo-bugarija-pred-konechna-odluka/ Fri, 07 Apr 2023 19:01:46 +0000 https://republika.mk/?p=628481

Државниот обвинител, Љубомир Јовески, соопшти дека предметот за трагедијата во Бугарија кога изгоре автобусот на „Беса транс“ при што имаше 40 жртви, е пред конечна одлука на Обвинителството.

Според Јовески, сите дејства се привршени, единствено се чека вештачење во делот на сообраќајната незгода од бугарските надлежни органи по што ќе има одлука.

Државниот обвинител не кажа за кого се води предистрагата и дали можеби таа се однесува и на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Мислам дека овој предмет е пред конечна одлука на Обвинителството. Сите дејства се привршени, единствено се чека само известување, вештачење во делот на сообраќајната незгода од бугарските надлежни органи и ќе има одлука. Не прејудицирам никаква одлука, одлуката ќе ја донесе јавниот обвинител кој постапува по предметот. Предистрагата да не ја отвораме со оглед дека е во таа фаза. Мислам дека не е добро да се спомнуваат имиња, истакна Јовески.

Тој напомена дека до денес, ниту еден доказ и ниту едно вештачење не упатуваат на техничка неисправност на автобусот.

Станува збор за извршен инспекциски надзор во станицата за технички преглед при кој е констатирано дека само сообраќајното решение - влегувањето и излегувањето во станицата има некои проблеми, а не внатре во делот каде се вршат техничките прегледи – дали станицата не е доволно опремена или нема доволно вработени. Значи, станува збор само за проблеми на сообраќајното решение. Тоа е едниот аспект. Вториот е дека од првиот момент на трагедијата, бугарските надлежни органи во ниту едно вештачење, ниту еден доказ и околност не упатуваа на техничка неисправност на автобусот. И до ден денеска бугарските власти не рекоа дека проблем на таа трагедија е неисправноста на автобусот. Обвинителството спрема оваа фирма, превозникот, отвори предмет, но во Основното обвинителство, бидејќи тоа беше надлежно. Доколку обивнителката во овој предмет била совесна и постапувала совесно, требаше да го достави да се спои во Основното обвинителство во Скопје. Не гледам апсолутно никаква надлежност на Специјалното јавно обвинителство, објасни Јовески.

The post Предметот за изгорениот македонски автобус во Бугарија пред конечна одлука appeared first on Република.

]]>

Државниот обвинител, Љубомир Јовески, соопшти дека предметот за трагедијата во Бугарија кога изгоре автобусот на „Беса транс“ при што имаше 40 жртви, е пред конечна одлука на Обвинителството. Според Јовески, сите дејства се привршени, единствено се чека вештачење во делот на сообраќајната незгода од бугарските надлежни органи по што ќе има одлука. Државниот обвинител не кажа за кого се води предистрагата и дали можеби таа се однесува и на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.