македонски автобус Бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-avtobus-bugarija/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Nov 2022 08:31:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски автобус Бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-avtobus-bugarija/ 32 32 „Го фатив за коса, сега си мислам како не успеав да го фатам за рака“ – сведоштвото на преживеаните од македонскиот автобус во нов документарен филм https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/go-fativ-za-kosa-sega-si-mislam-kako-ne-uspeav-da-go-fatam-za-raka-svedoshtvoto-na-preziveanite-od-makedonskiot-avtobus-vo-nov-dokumentaren-film/ Fri, 04 Nov 2022 08:31:05 +0000 https://republika.mk/?p=569421

На 23 ноември се навршува една година од тешката несреќа на автопатот Струма во Бугарија, кога во раните утрински часови македонски автобус се запали и 45 лица изгореа. Бугарската БТВ се сретна со преживеаните и роднините на загинатите во трагедијата. Нивните приказни  ги собра репортерката Владислава Тричкова, а целиот филм ќе биде прикажан оваа сабота.

Ова се само дел од сведоштвата:

4-годишните близнаци Луан и Албан се меѓу загинатите во трагедијата на автопатот Струма.

Тие штотуку почнаа да зборуваат, толку им бил животот, вели вујкото на близнаците Јусуф Назиас.

Меѓу жртвите се и 16-годишниот Елмедин и неговата мајка Гулизар.

Многу беше добар, симпатичен, многу ме слушаше, вели со солзи во очите неговиот татко.

Возач на автобусот, 61-годишниот Љупчо.

Јас уште не можам да се помирам со тоа. Само ми се појавува пред очи – зад возачкото седиште, нема каде да мрда и жив гори, вели неговата пријателка Лидија.

Ебиб е меѓу 52-та патници во автобусот. Се сеќава на секоја секунда од трагедијата. Успева да се спаси. Но, неговата сопруга Гулизар и нивното дете Елмедин.

Колку повеќе минува времето, толку ми е потешко, вели Ебиб.

Моето дете од Истанбул беше покрај прозорецот и на последната пауза ме праша: „Тато, седни до прозорецот. Ќе седнам на средина и ќе ги истегнам нозете“. Не заспа. Ставаше слушалки и слушаше песни на телефон, вели Ебиб.

Тоа е последното што се сеќава на неговиот син. Неколку секунди подоцна следува удар.

Кога удри, имаше чад. Автобусот се затвори, со вакумира. Ни вратите не се отвораа. Не знам колку минути седев без здив, вели Ебиб.

Во тој момент, еден од патниците успева да го скрши задното стакло во автобусот.

Почувствував дека доаѓа воздух, но без дишење. Скокнав и зедов воздух. Се вратив во автобусот. Викав „Елмедин скокни, биди Елмедин“. Сакав да влезам внатре, но вратите беа затворени. Ја пуштив раката низ прозорецот. Го фатив Елмедин за коса. Сега си мислам како не успеав да го фатам за рака. И јас се борев за живот, не можев да дишам, се сеќава таткото.

The post „Го фатив за коса, сега си мислам како не успеав да го фатам за рака“ – сведоштвото на преживеаните од македонскиот автобус во нов документарен филм appeared first on Република.

]]>

На 23 ноември се навршува една година од тешката несреќа на автопатот Струма во Бугарија, кога во раните утрински часови македонски автобус се запали и 45 лица изгореа. Бугарската БТВ се сретна со преживеаните и роднините на загинатите во трагедијата. Нивните приказни  ги собра репортерката Владислава Тричкова, а целиот филм ќе биде прикажан оваа сабота. Ова се само дел од сведоштвата: 4-годишните близнаци Луан и Албан се меѓу загинатите во трагедијата на автопатот Струма.
Тие штотуку почнаа да зборуваат, толку им бил животот, вели вујкото на близнаците Јусуф Назиас.
Меѓу жртвите се и 16-годишниот Елмедин и неговата мајка Гулизар.
Многу беше добар, симпатичен, многу ме слушаше, вели со солзи во очите неговиот татко.
Возач на автобусот, 61-годишниот Љупчо.
Јас уште не можам да се помирам со тоа. Само ми се појавува пред очи – зад возачкото седиште, нема каде да мрда и жив гори, вели неговата пријателка Лидија.
Ебиб е меѓу 52-та патници во автобусот. Се сеќава на секоја секунда од трагедијата. Успева да се спаси. Но, неговата сопруга Гулизар и нивното дете Елмедин.
Колку повеќе минува времето, толку ми е потешко, вели Ебиб.
Моето дете од Истанбул беше покрај прозорецот и на последната пауза ме праша: „Тато, седни до прозорецот. Ќе седнам на средина и ќе ги истегнам нозете“. Не заспа. Ставаше слушалки и слушаше песни на телефон, вели Ебиб.
Тоа е последното што се сеќава на неговиот син. Неколку секунди подоцна следува удар.
Кога удри, имаше чад. Автобусот се затвори, со вакумира. Ни вратите не се отвораа. Не знам колку минути седев без здив, вели Ебиб.
Во тој момент, еден од патниците успева да го скрши задното стакло во автобусот.
Почувствував дека доаѓа воздух, но без дишење. Скокнав и зедов воздух. Се вратив во автобусот. Викав „Елмедин скокни, биди Елмедин“. Сакав да влезам внатре, но вратите беа затворени. Ја пуштив раката низ прозорецот. Го фатив Елмедин за коса. Сега си мислам како не успеав да го фатам за рака. И јас се борев за живот, не можев да дишам, се сеќава таткото.
 
The post „Го фатив за коса, сега си мислам како не успеав да го фатам за рака“ – сведоштвото на преживеаните од македонскиот автобус во нов документарен филм appeared first on Република.

]]>
Лошо одржување на автопатот „Струма“ една од причините за смртта на 45-те Македонци во автобусот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/losho-odrzuvanje-na-avtopatot-struma-edna-od-prichinite-za-smrtta-na-45-te-makedonci-vo-avtobusot/ Sun, 16 Oct 2022 19:19:26 +0000 https://republika.mk/?p=561799

За трагичната автобуска несреќа во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани, меѓу нив и 13 деца, не е виновен само возачот на автобусот туку и државната агенција Патна инфраструктура.

Вештачењето на спроведената предистражна постапка за трагичната автобуска несреќа кога во ноември минатата година на автопатот Струма во Бугарија се запали македонски автобус и изгореа 45 македонски државјани, докажува лошо одржување или целосно отсуство и на ознаките на патиштата и на патната сигнализација, изјави еден од адвокатите во случајот – Николај Димитров, кој застапува дел од жртвите во автобуската несреќа.

Трагедијата се случи кон крајот на ноември минатата година кога од Турција, преку Бугарија до Скопје патуваше македонскиот автобус на превозникот Беса Транс. Непосредно пред клучката Бошнек, тој излета од коловозната лента, удри во заштитната ограда, а потоа се запали при што загинаа 45 лица, од кои 13 беа деца.

Вештачењето ја докажува вината и на вработените во АПИ (Агенција за патна инфраструктура) и на возачот на автобусот.

„Вештакот изврши увид на критичниот дел, како и неколку километри пред него, и констатирал 2 вида нарушувања, едното нарушување се однесува на тоа што не е изградено од патната инфраструктура, а другиот недостаток е во тоа што и да биле изградени, не биле соодветни“, рече адвокатот Георги Радков.

-Затоа, во понеделник, ќе поднесеме тужба во софискиот градски суд, а самата постапка веќе влегува во судска фаза. Вкупната цена на целата оштета е повеќе од 2 милиони лева. Зборувам само за оние луѓе кои ние ги застапуваме. Посебно има и многу други повредени, посочи адвокатот Николај Димитров.

Предистражната постапка за случајот продолжува. Пред само еден месец на истото место се преврте камион. За среќа немало жртви.

The post Лошо одржување на автопатот „Струма“ една од причините за смртта на 45-те Македонци во автобусот appeared first on Република.

]]>

За трагичната автобуска несреќа во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани, меѓу нив и 13 деца, не е виновен само возачот на автобусот туку и државната агенција Патна инфраструктура.
Вештачењето на спроведената предистражна постапка за трагичната автобуска несреќа кога во ноември минатата година на автопатот Струма во Бугарија се запали македонски автобус и изгореа 45 македонски државјани, докажува лошо одржување или целосно отсуство и на ознаките на патиштата и на патната сигнализација, изјави еден од адвокатите во случајот – Николај Димитров, кој застапува дел од жртвите во автобуската несреќа.
Трагедијата се случи кон крајот на ноември минатата година кога од Турција, преку Бугарија до Скопје патуваше македонскиот автобус на превозникот Беса Транс. Непосредно пред клучката Бошнек, тој излета од коловозната лента, удри во заштитната ограда, а потоа се запали при што загинаа 45 лица, од кои 13 беа деца. Вештачењето ја докажува вината и на вработените во АПИ (Агенција за патна инфраструктура) и на возачот на автобусот.
„Вештакот изврши увид на критичниот дел, како и неколку километри пред него, и констатирал 2 вида нарушувања, едното нарушување се однесува на тоа што не е изградено од патната инфраструктура, а другиот недостаток е во тоа што и да биле изградени, не биле соодветни“, рече адвокатот Георги Радков.
-Затоа, во понеделник, ќе поднесеме тужба во софискиот градски суд, а самата постапка веќе влегува во судска фаза. Вкупната цена на целата оштета е повеќе од 2 милиони лева. Зборувам само за оние луѓе кои ние ги застапуваме. Посебно има и многу други повредени, посочи адвокатот Николај Димитров. Предистражната постапка за случајот продолжува. Пред само еден месец на истото место се преврте камион. За среќа немало жртви.

The post Лошо одржување на автопатот „Струма“ една од причините за смртта на 45-те Македонци во автобусот appeared first on Република.

]]>
Алиспахиќ: Мора да се прави разлика меѓу несреќата во Бугарија и процесот за „Беса транс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/alispahikj-mora-da-se-pravi-razlika-megju-nesrekjata-vo-bugarija-i-procesot-za-besa-trans/ Fri, 14 Oct 2022 11:22:52 +0000 https://republika.mk/?p=561076

Треба да се направи дистинкција помеѓу немилиот настан што се случи во Бугарија минатата година и овој судски процес, бидејќи тие не се меѓусебно поврзани. Ова е процес исклучиво по поднесен обвинителен предлог во делот на работењето на самото правно лице, изјави денеска адвокатот Асмир Алиспахиќ, застапник на обвинетиот во случајот „Беса Транс“.

Ние веруваме во Судот, оставаме на Судот да одлучи во делот на сето она што ќе биде презентирано од Обвинителството и од одбраната, како теорија на случај и од двете страни, па ќе го знаете и резултатот, рече тој.

Првото рочиште од судењето за „Беса Транс“, компанијата во чиј автобус во ноември минатата година во несреќа загинаа 45 македонски државјани, денеска беше одложено за 15 ноември. Одлагањето уследи бидејќи не беа исполнети условите за одржување на јавна расправа поради тоа што обвинетото правно лице немаше официјален застапник.

Во случајот обвинети се едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.

Oбвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

The post Алиспахиќ: Мора да се прави разлика меѓу несреќата во Бугарија и процесот за „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>

Треба да се направи дистинкција помеѓу немилиот настан што се случи во Бугарија минатата година и овој судски процес, бидејќи тие не се меѓусебно поврзани. Ова е процес исклучиво по поднесен обвинителен предлог во делот на работењето на самото правно лице, изјави денеска адвокатот Асмир Алиспахиќ, застапник на обвинетиот во случајот „Беса Транс“.
Ние веруваме во Судот, оставаме на Судот да одлучи во делот на сето она што ќе биде презентирано од Обвинителството и од одбраната, како теорија на случај и од двете страни, па ќе го знаете и резултатот, рече тој.
Првото рочиште од судењето за „Беса Транс“, компанијата во чиј автобус во ноември минатата година во несреќа загинаа 45 македонски државјани, денеска беше одложено за 15 ноември. Одлагањето уследи бидејќи не беа исполнети условите за одржување на јавна расправа поради тоа што обвинетото правно лице немаше официјален застапник. Во случајот обвинети се едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.
Oбвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.
Процесот го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

The post Алиспахиќ: Мора да се прави разлика меѓу несреќата во Бугарија и процесот за „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>
Четврта година нема абер за процесот Ласкарци, од утре почнува и судењето за „Беса транс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chetvrta-godina-nema-aber-za-procesot-laskarci-od-utre-pochnuva-i-sudenjeto-za-besa-trans/ Fri, 14 Oct 2022 07:25:54 +0000 https://republika.mk/?p=560880

На неодреден рок останува заглавено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи на 13 февруари 2019 година околу 17 часот. Бирото за судски вештачења не сака да лицитира со термин кога ќе биде готова анализата од која зависи разврската за несреќата што одзеде 16 човечки животи. Велат дека активно се работело на супервештачењето, биле вклучени седуммина експерти, но материјалот бил обемен, па неизвесно било кога ќе финишира процесот.

Имајќи го во предвид обемот на материјалите вклучени во судските списи, времето потребно за анализа на списите од страна на тимот на вешти лица и активностите кои произлегуваат од самата анализа, во оваа фаза не може со сигурност да се предвиди рокот за конечно изготување на бараните супервештачења, велат од Бирото за судски вештачења за „Сител“.

Од ноември лани нема судење за сопственикот на „Дурмо турс“, вработените во станицата за технички преглед и возачот на автобусот кои првпат на обвинителна клупа седнаа пред точно три години. Ниту ургенциите на Кривичниот суд не ја забрзале работата на Бирото на судски вештачења, иако редовно се закажуваат судењата.

Во меѓувреме утре почнува и судењето за сопственикот на „Беса транс“, чиј автобус одзеде 45 човечки животи кога на 23 ноември на се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Беким Хаџиу е обвинет дека ја фалсификувал лиценцата за јавен превоз на автобусот кој лани изгоре во Бугарија. Обвинителството води предистрага и за цариниците кои дозволиле возилото со лажни документи да ја минува државната граница..

Надлежен јавен обвинител го очекува постапувањето на Царинската управа во насока на утврдување на фактичката состојба во поглед на инволвираните лица во предметот и нивното дејствување. По анализа на бараните информации, Јавниот обвинител ќе донесе одлука за понатамошно постапување, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за телевизијата.

Бугарија пак ја запре истрагата за несреќата со објаснување дека постојат нови моменти кои дополнително треба да се утврдат..

The post Четврта година нема абер за процесот Ласкарци, од утре почнува и судењето за „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>

На неодреден рок останува заглавено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи на 13 февруари 2019 година околу 17 часот. Бирото за судски вештачења не сака да лицитира со термин кога ќе биде готова анализата од која зависи разврската за несреќата што одзеде 16 човечки животи. Велат дека активно се работело на супервештачењето, биле вклучени седуммина експерти, но материјалот бил обемен, па неизвесно било кога ќе финишира процесот.
Имајќи го во предвид обемот на материјалите вклучени во судските списи, времето потребно за анализа на списите од страна на тимот на вешти лица и активностите кои произлегуваат од самата анализа, во оваа фаза не може со сигурност да се предвиди рокот за конечно изготување на бараните супервештачења, велат од Бирото за судски вештачења за „Сител“.
Од ноември лани нема судење за сопственикот на „Дурмо турс“, вработените во станицата за технички преглед и возачот на автобусот кои првпат на обвинителна клупа седнаа пред точно три години. Ниту ургенциите на Кривичниот суд не ја забрзале работата на Бирото на судски вештачења, иако редовно се закажуваат судењата. Во меѓувреме утре почнува и судењето за сопственикот на „Беса транс“, чиј автобус одзеде 45 човечки животи кога на 23 ноември на се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Беким Хаџиу е обвинет дека ја фалсификувал лиценцата за јавен превоз на автобусот кој лани изгоре во Бугарија. Обвинителството води предистрага и за цариниците кои дозволиле возилото со лажни документи да ја минува државната граница..
Надлежен јавен обвинител го очекува постапувањето на Царинската управа во насока на утврдување на фактичката состојба во поглед на инволвираните лица во предметот и нивното дејствување. По анализа на бараните информации, Јавниот обвинител ќе донесе одлука за понатамошно постапување, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за телевизијата.
Бугарија пак ја запре истрагата за несреќата со објаснување дека постојат нови моменти кои дополнително треба да се утврдат..

The post Четврта година нема абер за процесот Ласкарци, од утре почнува и судењето за „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>
Пендаровски на автопатот „Струма“ ќе положи цвеќе на местото на несреќата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-na-avtopatot-struma-kje-polozi-cvekje-na-mestoto-na-nesrekjata/ Sat, 01 Oct 2022 06:57:37 +0000 https://republika.mk/?p=556188

Претседателот на државата Стево Пендаровски денска ќе престојува во работна посета на Софија, каде на покана на неговиот бугарски колега Румен Радев, ќе присуствува на церемонијата по повод почетокот на комерцијалната работа на гасниот интерконектор Грција – Бугарија.

На церемонијата, што ќе се одржи во Националната палата на културата во Софија, како што е најавено, ќе присуствуваат и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателите на Азербејџан и на Србија, Илхам Алијев и Александар Вучиќ и премиерите на Грција и на Романија, Киријакос Мицотакис и Николае-Јонел Чука.

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, предвидено е претседателот Пендаровски за време на престојот во Софија да има и билатерални средби со Радев и со Фон дер Лајен.

Во рамки на посетата на Бугарија, како што е најавено, претседателот Пендаровски на автопатот „Струма“ ќе положи цвеќе на местото на автобуската несреќа, во која на 23 ноември 2021 година, загинаа 45 македонски граѓани.

Гасниот интерконектор Грција – Бугарија (проект ИГБ) ја поврзува мрежата за пренос на природен гас на Грција во близина на градот Комотини со бугарската преносна мрежа во близина на градот Стара Загора. Имплементацијата на проектот има за цел да обезбеди диверзификација, не само на рутите, туку и на изворите на природен гас за Бугарија и поширокиот регион.

Овој интерконектор за земјава има и дополнително значење, бидејќи ќе ни овозможи пристап и до складиштето за природен гас во Чилен во Бугарија, преку кој може да набавуваме ЛНГ (Liquified Natural Gas) од терминалот во грачкиот град Александрополис, а во текот на летото кога е поевтин и да го складираме во Бугарија, со можност да го користиме на зима кога е најпотребен.

Диверсификацијата на изворите со природен гас, треба да обезбеди сигурност во снабдувањето со природен гас за земјава на среден и долг рок, како и одлична можност за зголемување на перформансите на домашната економија, која може да биде конкурентна со земјите од регионот.

The post Пендаровски на автопатот „Струма“ ќе положи цвеќе на местото на несреќата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата Стево Пендаровски денска ќе престојува во работна посета на Софија, каде на покана на неговиот бугарски колега Румен Радев, ќе присуствува на церемонијата по повод почетокот на комерцијалната работа на гасниот интерконектор Грција – Бугарија. На церемонијата, што ќе се одржи во Националната палата на културата во Софија, како што е најавено, ќе присуствуваат и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателите на Азербејџан и на Србија, Илхам Алијев и Александар Вучиќ и премиерите на Грција и на Романија, Киријакос Мицотакис и Николае-Јонел Чука. Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, предвидено е претседателот Пендаровски за време на престојот во Софија да има и билатерални средби со Радев и со Фон дер Лајен. Во рамки на посетата на Бугарија, како што е најавено, претседателот Пендаровски на автопатот „Струма“ ќе положи цвеќе на местото на автобуската несреќа, во која на 23 ноември 2021 година, загинаа 45 македонски граѓани. Гасниот интерконектор Грција – Бугарија (проект ИГБ) ја поврзува мрежата за пренос на природен гас на Грција во близина на градот Комотини со бугарската преносна мрежа во близина на градот Стара Загора. Имплементацијата на проектот има за цел да обезбеди диверзификација, не само на рутите, туку и на изворите на природен гас за Бугарија и поширокиот регион. Овој интерконектор за земјава има и дополнително значење, бидејќи ќе ни овозможи пристап и до складиштето за природен гас во Чилен во Бугарија, преку кој може да набавуваме ЛНГ (Liquified Natural Gas) од терминалот во грачкиот град Александрополис, а во текот на летото кога е поевтин и да го складираме во Бугарија, со можност да го користиме на зима кога е најпотребен. Диверсификацијата на изворите со природен гас, треба да обезбеди сигурност во снабдувањето со природен гас за земјава на среден и долг рок, како и одлична можност за зголемување на перформансите на домашната економија, која може да биде конкурентна со земјите од регионот.

The post Пендаровски на автопатот „Струма“ ќе положи цвеќе на местото на несреќата appeared first on Република.

]]>
Утре на автопатот „Струма“ ќе се изврши нов увид за несреќата со автобусот на „Беса транс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-na-avtopatot-struma-kje-se-izvrshi-nov-uvid-za-nesrekjata-so-avtobusot-na-besa-trans/ Wed, 24 Aug 2022 16:58:23 +0000 https://republika.mk/?p=543768

Семејствата на загинатите и преживеаните од автобуската несреќа во Бугарија побараа паралелна истрага за утврдување на причините за трагедијата која го потресе регионот. Истражителите од Перник од утре повторно ќе прават увид на местото, ќе го анализираат патот, знаците, кривините и какво било одржувањето на патниот правец.

Според адвокатот, кој ги застапува оштетените, кобната делница од автопатот Струма, каде се случи несреќата, сега изгледа поинаку. во меѓувреме, тој изјави дека агенцијата за патишта направила некои измени во однос на ознаките .Како што вели тој, нема да се испитува само местото туку и неколку километри пред и потоа за да се добие реалната слика за состојбата на патот.

Оштетените семејства велат дека вината не може да биде само кај возачот на автобусот на Беса Транс, а одговорност бараат и кај Агенцијата за патна инфраструктура.

Адвокатот смета дека сето ова точно ќе покаже што претходно недостасувало на оваа делница и дали тие недостатоци биле главна причина за да настане несреќата.

Семејствата исто така поставуваат прашања за тоа што се случило со личните предмети на загинатите, бидејќи како што тврдат тие, патниците на себе носеле вреден златен накит кој никаде не е регистриран ниту пак некој им го предал.

Истрагата од декември покажа дека главна причина за настанатата катастрофа била брзината која не соодвестувала со условите на патот.

Предистрагата во македонското обвинителство кое треба да утврди како автобусот на Беса транс успеал со фалсификат документи да ја мине државната граница повеќе од 120 пати веќе трае со месеци.

The post Утре на автопатот „Струма“ ќе се изврши нов увид за несреќата со автобусот на „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>

Семејствата на загинатите и преживеаните од автобуската несреќа во Бугарија побараа паралелна истрага за утврдување на причините за трагедијата која го потресе регионот. Истражителите од Перник од утре повторно ќе прават увид на местото, ќе го анализираат патот, знаците, кривините и какво било одржувањето на патниот правец. Според адвокатот, кој ги застапува оштетените, кобната делница од автопатот Струма, каде се случи несреќата, сега изгледа поинаку. во меѓувреме, тој изјави дека агенцијата за патишта направила некои измени во однос на ознаките .Како што вели тој, нема да се испитува само местото туку и неколку километри пред и потоа за да се добие реалната слика за состојбата на патот. Оштетените семејства велат дека вината не може да биде само кај возачот на автобусот на Беса Транс, а одговорност бараат и кај Агенцијата за патна инфраструктура. Адвокатот смета дека сето ова точно ќе покаже што претходно недостасувало на оваа делница и дали тие недостатоци биле главна причина за да настане несреќата. Семејствата исто така поставуваат прашања за тоа што се случило со личните предмети на загинатите, бидејќи како што тврдат тие, патниците на себе носеле вреден златен накит кој никаде не е регистриран ниту пак некој им го предал. Истрагата од декември покажа дека главна причина за настанатата катастрофа била брзината која не соодвестувала со условите на патот. Предистрагата во македонското обвинителство кое треба да утврди како автобусот на Беса транс успеал со фалсификат документи да ја мине државната граница повеќе од 120 пати веќе трае со месеци.

The post Утре на автопатот „Струма“ ќе се изврши нов увид за несреќата со автобусот на „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>
СДСМ и ДУИ не присуствуваат на сединцата за трагедиите во Тетово и во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-i-dui-ne-prisustvuvaat-na-sedincata-za-tragediite-vo-tetovo-i-vo-bugarija/ Thu, 09 Jun 2022 11:01:03 +0000 https://republika.mk/?p=513118

Во Собранието попладнево почна седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на чиј дневен ред се Информацијата за автобуската несреќа на превозната компанија „Беса Транс“ што се случи во Бугарија, како и Информацијата за состојбите и преземените активности во врска со расчистување на случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово.

На седницата не присуствуваат пратеници од парламентарното мнозинството. Седницата ја води претседатлот на комисијата Халил Снопче, а присутни се пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, од АА и од Беса.

Информацијата за автобуската несреќа во Бугарија од Министерството за транспорт и врски е добиена по барање на претседателот на Постојаната анкетна комисија, а Информацијата за тетовската модуларна болница е поднесена од пратениците Халил Снопче и Елми Азири.

Пред членовите на Постојаната анкетна комисија се и годишните извештаи на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2021 година, како и на Бирото за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права за 2021 година, а разгледан треба да биде и Годишниот извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2020 година.

The post СДСМ и ДУИ не присуствуваат на сединцата за трагедиите во Тетово и во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Во Собранието попладнево почна седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на чиј дневен ред се Информацијата за автобуската несреќа на превозната компанија „Беса Транс“ што се случи во Бугарија, како и Информацијата за состојбите и преземените активности во врска со расчистување на случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово. На седницата не присуствуваат пратеници од парламентарното мнозинството. Седницата ја води претседатлот на комисијата Халил Снопче, а присутни се пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, од АА и од Беса. Информацијата за автобуската несреќа во Бугарија од Министерството за транспорт и врски е добиена по барање на претседателот на Постојаната анкетна комисија, а Информацијата за тетовската модуларна болница е поднесена од пратениците Халил Снопче и Елми Азири. Пред членовите на Постојаната анкетна комисија се и годишните извештаи на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2021 година, како и на Бирото за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права за 2021 година, а разгледан треба да биде и Годишниот извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2020 година.

The post СДСМ и ДУИ не присуствуваат на сединцата за трагедиите во Тетово и во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Пет месеци по автобуската несреќа во Бугарија, никој во Македонија не презеде кривична одговорност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pet-meseci-po-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija-nikoj-vo-makedonija-ne-prezede-krivichna-odgovornost/ Sun, 01 May 2022 14:39:55 +0000 https://republika.mk/?p=496053

Поминаа повеќе од 5 месеци од трагичната автобуска несреќа во Бугарија при што животот го загубија 45 лица. Бугарското обвинителство ја заврши истрагата за причините за несреќата, но Обвинителството во Македонија сѐ уште продолжува со контрола на севкупната работа на компанијата организатор „Беса транс – Скопје“, како и на надлежните институции за контрола на компанијата, пишува Порталб.мк.

Никој сѐ уште не е кривично гонет, и покрај тоа што автобусот кој доживеа несреќа во Бугарија само во 2021 година 113 пати ја поминал границата на Македонија без лиценца за превоз. Од Обвинителството велат дека се работи на утврдување на фактите и доколку се констатира прекршок ќе има одговорност, без разлика дали е кривична или прекршочна.

„Основното јавно обвинителство Скопје оформи посебен предмет со цел да изврши проверка на целокупното работење на фирмата – организатор на патувањето, како и постапувањето на институциите надлежни да ја контролираат работата на таа фирма. Тие проверки се во тек. Обезбедена е обемна материјална документација и сослушани се повеќе лица со цел да се утврдат фактите. Доколку се утврди дека во овој дел е сторено кривично дело, Јавното обвинителство ќе постапи согласно своите надлежности и ќе преземе кривичен прогон. Ако пак, се утврди дека има основ за прекршочна одговорност или друг вид прекршување на законите, постапувањето ќе го преземат други надлежни институции “, велат за Порталб.мк од Обвинителството.

На крајот на јануари, Царината ја заврши истрагата за „Беса транс“ и според наодите сите автобуси кои минале транзит за Истанбул биле без дозвола. Според Царина, на патувањето на трагичната несреќа автобусите не ја поминале границата давајќи мито. Како резултат на истрагата, двајца вработени се суспендирани од работа, а нивниот шеф е казнет со глоба.

Од друга страна, бугарското обвинителство ја заврши истрагата за причините за несреќата. Според шефот на истражната служба на бугарското обвинителство, Борислав Сарафов, причина за трагедијата е тоа што возачот изгубил контрола над автобусот кој не се движел со брзина над дозволената, туку со брзина несоодветна за патот.

„Тоа е човечка трагедија без преседан според бројот на жртви, но и без преседан според интензитетот на работата што ја завршивме. Впрочем, истрагата е завршена и останува само да се информираат властите во Македонија преку судот, имајќи предвид дека и семејствата на жртвите имаат право да бидат запознаени со материјалите од истрагата“, рече Серафов, заменик главен обвинител на Бугарија, во јануари.

Во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, што се случи на 23 ноември 2021 година, животот го загубија 45 лица, од кои 12 деца, а седум беа повредени. Тие се враќале од туристичко патување од Истанбул.

The post Пет месеци по автобуската несреќа во Бугарија, никој во Македонија не презеде кривична одговорност appeared first on Република.

]]>

Поминаа повеќе од 5 месеци од трагичната автобуска несреќа во Бугарија при што животот го загубија 45 лица. Бугарското обвинителство ја заврши истрагата за причините за несреќата, но Обвинителството во Македонија сѐ уште продолжува со контрола на севкупната работа на компанијата организатор „Беса транс – Скопје“, како и на надлежните институции за контрола на компанијата, пишува Порталб.мк.
Никој сѐ уште не е кривично гонет, и покрај тоа што автобусот кој доживеа несреќа во Бугарија само во 2021 година 113 пати ја поминал границата на Македонија без лиценца за превоз. Од Обвинителството велат дека се работи на утврдување на фактите и доколку се констатира прекршок ќе има одговорност, без разлика дали е кривична или прекршочна.
„Основното јавно обвинителство Скопје оформи посебен предмет со цел да изврши проверка на целокупното работење на фирмата – организатор на патувањето, како и постапувањето на институциите надлежни да ја контролираат работата на таа фирма. Тие проверки се во тек. Обезбедена е обемна материјална документација и сослушани се повеќе лица со цел да се утврдат фактите. Доколку се утврди дека во овој дел е сторено кривично дело, Јавното обвинителство ќе постапи согласно своите надлежности и ќе преземе кривичен прогон. Ако пак, се утврди дека има основ за прекршочна одговорност или друг вид прекршување на законите, постапувањето ќе го преземат други надлежни институции “, велат за Порталб.мк од Обвинителството.
На крајот на јануари, Царината ја заврши истрагата за „Беса транс“ и според наодите сите автобуси кои минале транзит за Истанбул биле без дозвола. Според Царина, на патувањето на трагичната несреќа автобусите не ја поминале границата давајќи мито. Како резултат на истрагата, двајца вработени се суспендирани од работа, а нивниот шеф е казнет со глоба. Од друга страна, бугарското обвинителство ја заврши истрагата за причините за несреќата. Според шефот на истражната служба на бугарското обвинителство, Борислав Сарафов, причина за трагедијата е тоа што возачот изгубил контрола над автобусот кој не се движел со брзина над дозволената, туку со брзина несоодветна за патот.
„Тоа е човечка трагедија без преседан според бројот на жртви, но и без преседан според интензитетот на работата што ја завршивме. Впрочем, истрагата е завршена и останува само да се информираат властите во Македонија преку судот, имајќи предвид дека и семејствата на жртвите имаат право да бидат запознаени со материјалите од истрагата“, рече Серафов, заменик главен обвинител на Бугарија, во јануари.
Во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, што се случи на 23 ноември 2021 година, животот го загубија 45 лица, од кои 12 деца, а седум беа повредени. Тие се враќале од туристичко патување од Истанбул.

The post Пет месеци по автобуската несреќа во Бугарија, никој во Македонија не презеде кривична одговорност appeared first on Република.

]]>
Koго штити Џафери и зошто трагедиите од Бугарија и Тетово никако да стигнат на дневен ред? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kogo-shtiti-dzaferi-i-zoshto-tragediite-od-bugarija-i-tetovo-nikako-da-stignat-na-dneven-red/ Wed, 06 Apr 2022 07:16:03 +0000 https://republika.mk/?p=483859

Семејствата на жртвите кои ги загубија животите во автобуската трагедија во Бугарија, денеска во допис до медиумите јавно прашуваат кого сака да заштити претседателот на Собранитео, Талат Џафери и зошто не дозволува собраниска истрага за случајот.

Сега кога веќе ги немаме нашите најблиски, ја бараме само вистината и правдата. За таа цел побаравме Анкетната комисија во Собранието да одржи состанок за човековите права и слободи. Но, денеска добивме одговор дека оваа средба, иако ја свика претседателот на Комисијата, Халил Снопче, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја откажа, се наведува во дописот.

Семејствата на жртвите во трагичната несреќа нагласуваат дека пратениците се народни претставници во Собранието и тие треба да бидат глас и поддршка за граѓаните.

Ние ја бараме само вистината и правдата, а таквите одлуки ги цениме како обид да се сокрие истото. Денес, господинот Џафери уште повеќе ни ја отежна болката и јавно го прашуваме зошто му смета вистината, кого сака да заштити и зошто не дозволува собраниска истрага, стои во дописот до медиумите.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја откажа седницата на Постојаната анкетна комисија во Собранието. На дневен ред беа точките за тетовската модуларна болница, трагедијата во Бугарија и жалбата на вработен во Министерството за одбрана. Според првиот човек на комисијата, Халил Снопче, откажувањето на седницата е прекршок за кој ќе следи одговорност.

The post Koго штити Џафери и зошто трагедиите од Бугарија и Тетово никако да стигнат на дневен ред? appeared first on Република.

Најмалку две грешки на возачот биле причина за автобуската трагедија во Бугаријa https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/najmalku-dve-greshki-na-vozachot-bile-prichina-za-avtobuskata-tragedija-vo-bugarija/ Sun, 06 Feb 2022 21:06:55 +0000 https://republika.mk/?p=454844

Барем две грешки на возачот се причина за автобуската несреќа на автопатот Струма, во која загинаа 45 лица, изјавија во гостување на бугарската телевизија „Нова“, раководителот на истрагата Мариaн Маринов и професорот Станимир Карапетков.

„Нема предуслови за поведување кривична одговорност за друго лице кое е причинско-последично поврзано со ова. Главната одговорност е на возачот на автобусот. Од страна на возачот констатирани се најмалку два прекршоци – брзината и контролата на возилото -изјави Маринов во емисијата „Во фокус“.

Докажавме дека автобусот се движел со околу 108 километри на час д дозволени 90. Патот бил влажен. Имаме забелешки на патната инфраструктура, но таа не била пресудна за оваа несреќа – изјави професорот Карапетков.

Тој категорично ја отфрли верзијата дека возачот згрешил и свртел кон исклучувањето од патот.

„Почетното движење на автобусот беше од нормалната десна активна лента -категоричен е Карапетков.

Сепак, тој објасни дека на околу 100 метри пред исклучувањето, возачот нагло свртел десно.

„Тогаш автобусот удира во заштитната ограда, која продира околу осум метри во внатрешноста на автобусот. Возачот веднаш почнува да кочи и има долга трага на кочење. Возачот го врти воланот кон лево и се упатува кон заштитните огради меѓу двете ленти. Автобусот ја скинал едната лента и продолжил да се движи околу 30 метри меѓу двете. Автобусот се запалил веднаш откако удрил во првата заштитна ограда – објасни Карапетков, додавајќи дека тој бил свесен и напрaвил се што е возможно.

Можеби грешката е во тоа што не свртил малку кон десно. Инаку, оваа брзина не е причина за несреќата -додава тој.

Маринов објасни дека вратите на автобусот не се отвориле веднаш, туку вратата кај возачот била откорната и воздухот што влегол оттаму придонел за пожарот.

Според истражителите, луѓето на првите седишта починале веднаш. Покрај тоа, утврдено е дека автобусот бил постар отколку што првично се тврдеше и немало никакви канти со бензин во него.

The post Најмалку две грешки на возачот биле причина за автобуската трагедија во Бугаријa appeared first on Република.

]]>

Барем две грешки на возачот се причина за автобуската несреќа на автопатот Струма, во која загинаа 45 лица, изјавија во гостување на бугарската телевизија „Нова“, раководителот на истрагата Мариaн Маринов и професорот Станимир Карапетков.
„Нема предуслови за поведување кривична одговорност за друго лице кое е причинско-последично поврзано со ова. Главната одговорност е на возачот на автобусот. Од страна на возачот констатирани се најмалку два прекршоци – брзината и контролата на возилото -изјави Маринов во емисијата „Во фокус“.
Докажавме дека автобусот се движел со околу 108 километри на час д дозволени 90. Патот бил влажен. Имаме забелешки на патната инфраструктура, но таа не била пресудна за оваа несреќа – изјави професорот Карапетков. Тој категорично ја отфрли верзијата дека возачот згрешил и свртел кон исклучувањето од патот.
„Почетното движење на автобусот беше од нормалната десна активна лента -категоричен е Карапетков.
Сепак, тој објасни дека на околу 100 метри пред исклучувањето, возачот нагло свртел десно.
„Тогаш автобусот удира во заштитната ограда, која продира околу осум метри во внатрешноста на автобусот. Возачот веднаш почнува да кочи и има долга трага на кочење. Возачот го врти воланот кон лево и се упатува кон заштитните огради меѓу двете ленти. Автобусот ја скинал едната лента и продолжил да се движи околу 30 метри меѓу двете. Автобусот се запалил веднаш откако удрил во првата заштитна ограда – објасни Карапетков, додавајќи дека тој бил свесен и напрaвил се што е возможно.
Можеби грешката е во тоа што не свртил малку кон десно. Инаку, оваа брзина не е причина за несреќата -додава тој. Маринов објасни дека вратите на автобусот не се отвориле веднаш, туку вратата кај возачот била откорната и воздухот што влегол оттаму придонел за пожарот. Според истражителите, луѓето на првите седишта починале веднаш. Покрај тоа, утврдено е дека автобусот бил постар отколку што првично се тврдеше и немало никакви канти со бензин во него.

The post Најмалку две грешки на возачот биле причина за автобуската трагедија во Бугаријa appeared first on Република.

]]>
Снаата ми носеше накит вреден 7.000 евра, златото не гори, каде е?, прашува роднина на загинатите во несреќата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/snaata-mi-noseshe-nakit-vreden-7-000-evra-zlatoto-ne-gori-kade-e-prashuva-rodnina-na-zaginatite-vo-nesrekjata/ Thu, 20 Jan 2022 08:58:28 +0000 https://republika.mk/?p=446966

Роднини на загинатите и преживеаните во автобуската несреќа на „Беса транс“ на магистралата Струма пред Окружниот суд во Перник побараа паралелна истрага за несреќата, јави БНТ.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, тие бараат повеќе информации за накитот вреден неколку илјади евра кој го имале жртвите во изгорениот автобус на „Беса транс“.

Семејствата на загинатите се уште ги чекаат предметите, во сопственост на нивните блиски, кои биле сочувани во несреќата. Тие се вратени од бугарските истражни органи во Македонија, но процедурата за идентификација на предметите се уште не е почната.

Кјамуран Пајазитовски изјавил дека има докази дека неговата снаа за време на патувањето со себе имала накит вреден седум илјади евра.

Златото не гори, Нашите власти треба да ни кажат дали имаме злато, сочуван багаж или пари, изјавил Пајазитовски за БНТ.

Преживеаните и роднини на загинатите исто така бараат паралелна истрага за причините за несреќата, освен кривичната постапка што ја покрена Обвинителството на Бугарија.

Предметот за обезбедување на доказите е поднесен пред Окружниот суд во Перник. Во случајот во Перник, експертите повторно ќе ги испитуваат свиоците, ознаките, патната ифраструктура.

Од Националната истражна служба на Бугарија минатиот месец како главна верзија за несреќата ја утврдија неусогласената брзина со постоечките услови на патот и нагласија дека патната инфраструктура ги исполнува стандардите. Доколку се утврди дека единствениот виновник е возачот, тогаш кривичната постапка ќе биде прекината. Роднините на загинатите ќе имаат право на побарувања од осигурувањето на возачот. Побарувањата ќе бидат поднесени во Бугарија, каде лимитите се согласно европските стандарди и се речиси 20 пати повисоки од тие во Македонија, објави БНТ.

The post Снаата ми носеше накит вреден 7.000 евра, златото не гори, каде е?, прашува роднина на загинатите во несреќата appeared first on Република.

]]>

Роднини на загинатите и преживеаните во автобуската несреќа на „Беса транс“ на магистралата Струма пред Окружниот суд во Перник побараа паралелна истрага за несреќата, јави БНТ. Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, тие бараат повеќе информации за накитот вреден неколку илјади евра кој го имале жртвите во изгорениот автобус на „Беса транс“. Семејствата на загинатите се уште ги чекаат предметите, во сопственост на нивните блиски, кои биле сочувани во несреќата. Тие се вратени од бугарските истражни органи во Македонија, но процедурата за идентификација на предметите се уште не е почната. Кјамуран Пајазитовски изјавил дека има докази дека неговата снаа за време на патувањето со себе имала накит вреден седум илјади евра.
Златото не гори, Нашите власти треба да ни кажат дали имаме злато, сочуван багаж или пари, изјавил Пајазитовски за БНТ.
Преживеаните и роднини на загинатите исто така бараат паралелна истрага за причините за несреќата, освен кривичната постапка што ја покрена Обвинителството на Бугарија. Предметот за обезбедување на доказите е поднесен пред Окружниот суд во Перник. Во случајот во Перник, експертите повторно ќе ги испитуваат свиоците, ознаките, патната ифраструктура. Од Националната истражна служба на Бугарија минатиот месец како главна верзија за несреќата ја утврдија неусогласената брзина со постоечките услови на патот и нагласија дека патната инфраструктура ги исполнува стандардите. Доколку се утврди дека единствениот виновник е возачот, тогаш кривичната постапка ќе биде прекината. Роднините на загинатите ќе имаат право на побарувања од осигурувањето на возачот. Побарувањата ќе бидат поднесени во Бугарија, каде лимитите се согласно европските стандарди и се речиси 20 пати повисоки од тие во Македонија, објави БНТ.

The post Снаата ми носеше накит вреден 7.000 евра, златото не гори, каде е?, прашува роднина на загинатите во несреќата appeared first on Република.

]]>
Роднини на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија бараат паралелна истрага https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rodnini-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija-baraat-paralelna-istraga/ Wed, 19 Jan 2022 22:17:53 +0000 https://republika.mk/?p=446858

Роднини на загинатите и преживеаните во автобуската несреќа на „Беса транс“ на магистралата Струма пред Окружниот суд во Перник побараа паралелна истрага за несреќата, јави БНТ.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, тие бараат повеќе информации за накитот вреден неколку илјади евра кој го имале жртвите во изгорениот автобус на „Беса транс“.

Семејствата на загинатите се уште ги чекаат предметите, во сопственост на нивните блиски, кои биле сочувани во несреќата. Тие се вратени од бугарските истражни органи во Македонија, но процедурата за идентификација на предметите се уште не е почната.

Кјамуран Пајазитовски изјавил дека има докази дека неговата снаа за време на патувањето со себе имала накит вреден седум илјади евра. – Златото не гори, Нашите власти треба да ни кажат дали имаме злато, сочуван багаж или пари, изјавил Пајазитовски за БНТ.

Преживеаните и роднини на загинатите исто така бараат паралелна истрага за причините за несреќата, освен кривичната постапка што ја покрена Обвинителството на Бугарија.

Предметот за обезбедување на доказите е поднесен пред Окружниот суд во Перник. Во случајот во Перник, експертите повторно ќе ги испитуваат свиоците, ознаките, патната ифраструктура.

Од Националната истражна служба на Бугарија минатиот месец како главна верзија за несреќата ја утврдија неусогласената брзина со постоечките услови на патот и нагласија дека патната инфраструктура ги исполнува стандардите. Доколку се утврди дека единствениот виновник е возачот, тогаш кривичната постапка ќе биде прекината.  Роднините на загинатите ќе имаат право на побарувања од осигурувањето на возачот. Побарувањата ќе бидат поднесени во Бугарија, каде лимитите се согласно европските стандарди и се речиси 20 пати повисоки од тие во Македонија, објави БНТ.

The post Роднини на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија бараат паралелна истрага appeared first on Република.

]]>

Роднини на загинатите и преживеаните во автобуската несреќа на „Беса транс“ на магистралата Струма пред Окружниот суд во Перник побараа паралелна истрага за несреќата, јави БНТ. Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, тие бараат повеќе информации за накитот вреден неколку илјади евра кој го имале жртвите во изгорениот автобус на „Беса транс“. Семејствата на загинатите се уште ги чекаат предметите, во сопственост на нивните блиски, кои биле сочувани во несреќата. Тие се вратени од бугарските истражни органи во Македонија, но процедурата за идентификација на предметите се уште не е почната. Кјамуран Пајазитовски изјавил дека има докази дека неговата снаа за време на патувањето со себе имала накит вреден седум илјади евра. – Златото не гори, Нашите власти треба да ни кажат дали имаме злато, сочуван багаж или пари, изјавил Пајазитовски за БНТ. Преживеаните и роднини на загинатите исто така бараат паралелна истрага за причините за несреќата, освен кривичната постапка што ја покрена Обвинителството на Бугарија. Предметот за обезбедување на доказите е поднесен пред Окружниот суд во Перник. Во случајот во Перник, експертите повторно ќе ги испитуваат свиоците, ознаките, патната ифраструктура. Од Националната истражна служба на Бугарија минатиот месец како главна верзија за несреќата ја утврдија неусогласената брзина со постоечките услови на патот и нагласија дека патната инфраструктура ги исполнува стандардите. Доколку се утврди дека единствениот виновник е возачот, тогаш кривичната постапка ќе биде прекината.  Роднините на загинатите ќе имаат право на побарувања од осигурувањето на возачот. Побарувањата ќе бидат поднесени во Бугарија, каде лимитите се согласно европските стандарди и се речиси 20 пати повисоки од тие во Македонија, објави БНТ.

The post Роднини на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија бараат паралелна истрага appeared first on Република.

]]>
Завршено собирањето докази за автобуската несреќа во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zavrsheno-sobiranjeto-dokazi-za-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija/ Wed, 19 Jan 2022 15:26:22 +0000 https://republika.mk/?p=446750

Завршено е собирањето докази за тешката сообраќајна несреќа на македонскиот автобус на автопатот „Струма“ во Бугарија, што се случи во ноември минатата година, со што истрагата е при крај. Собрани се огромен број докази неопходни за расветлување на објективната вистина, изјави Сијка Милева, портпаролката на главниот бугарски обвинител, за БТА.

– Останува да се испрати молба за правна помош до Скопје, со цел да се информираат роднините на жртвите. Според бугарското законодавство, тие имаат право да поднесат граѓанска тужба во судската постапка и да се запознаат со материјалите од предистражната постапка – додаде Милева.

Во автобуската несреќа во Бугарија што се случи на автопатот „Струма“ на 23 ноември загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени.

The post Завршено собирањето докази за автобуската несреќа во Бугарија appeared first on Република.

Емотивно сведоштво на пожарникарите кои го гаснеа запалениот автобус на „Беса транс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/emotivno-svedoshtvo-na-pozarnikarite-koi-go-gasnea-zapaleniot-avtobus-na-besa-trans/ Sun, 09 Jan 2022 20:02:25 +0000 https://republika.mk/?p=442260

Бугарската ТВ Нова објави ексклузивна сторија во која за првпат говорат пожарникарите кои први пристигнале на местото каде гореше автобусот на македонската компанија „Беса Транс“.

Според нивното раскажување, тие се соочиле со нешто што не може да им излезе од сеќавањата и се надеваат дека никому повеќе нема да му се случи таква трагедија.

– За мене 23 ноември е многу тежок ден. Не би сакал такво нешто да се повтори. Навистина е многу тешко за блиските на загинатите, но беше тешко и за нас, вели пожарникарот Николај Иванов.

Првата екипа која пристигнала на местото на несреќата била од гратчето Перник.

– Ние не гасневме автобус за првпат. Но, ние навистина не бевме подготвени за тоа што беше. Никој од нас не очекуваше дека во автобусот ќе има толку многу луѓе, вели пожарникарот Пламен Николов.

Како што велат пожарникарите, тие постапиле како што дејствуваат вообичаено.

– Најбргу што можевме дојдовме до местото, но трагедијата беше голема и немавме никаква шанса да им помогнеме на луѓето, велат пожарникарите.

The post Емотивно сведоштво на пожарникарите кои го гаснеа запалениот автобус на „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>

Бугарската ТВ Нова објави ексклузивна сторија во која за првпат говорат пожарникарите кои први пристигнале на местото каде гореше автобусот на македонската компанија „Беса Транс“. Според нивното раскажување, тие се соочиле со нешто што не може да им излезе од сеќавањата и се надеваат дека никому повеќе нема да му се случи таква трагедија.