македонски амбасадори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-ambasadori/ За подобро да се разбереме Sun, 07 Jul 2024 19:05:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски амбасадори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-ambasadori/ 32 32 Досега повикани тројца македонски амбасадори на консултации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dosega-povikani-trojtsa-makedonski-ambasadori-na-konsultatsii/ Sun, 07 Jul 2024 19:05:04 +0000 https://republika.mk/?p=794339

Освен Љубомир Фрчкоски, македонскиот амбасадор во ОН, новиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, на консултации ги повикал и македонските амбасадори во Албанија и Италија, Данчо Марковски и Весел Мемеди, пренесува МКД.мк.

Амбасадорот од Албанија беше повикан поради скандалозните резултати со пописот и бугарската експанзија меѓу Македонците во Пустец и Голо Брдо.

Весел Мемеди, амбасадорот во Италија, беше повикан од Рим во Скопје на консултации за неговиот самостоен и некоординиран повик за употреба на пасоши со ново име, кога бараше италијанска забрана за употреба на старите пасоши.

Консултациите со Фрчкоски се закажани на 12 јули, а дали досега имало консултации со Марковски и Мемеди и што се договориле, нема информации.

Консултациите се дел од овластувањата на секој шеф на дипломатија и тие може да траат најмногу 60 дена. Во тој рок треба да се заврши постапката на сослушување и утврдување на околностите поради кои бил повикан амбасадорот. После тој рок, амбасадорот може да биде отповикан или да ја продолжи својата дипломатската мисија.

The post Досега повикани тројца македонски амбасадори на консултации appeared first on Република.

]]>

Освен Љубомир Фрчкоски, македонскиот амбасадор во ОН, новиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, на консултации ги повикал и македонските амбасадори во Албанија и Италија, Данчо Марковски и Весел Мемеди, пренесува МКД.мк. Амбасадорот од Албанија беше повикан поради скандалозните резултати со пописот и бугарската експанзија меѓу Македонците во Пустец и Голо Брдо. Весел Мемеди, амбасадорот во Италија, беше повикан од Рим во Скопје на консултации за неговиот самостоен и некоординиран повик за употреба на пасоши со ново име, кога бараше италијанска забрана за употреба на старите пасоши. Консултациите со Фрчкоски се закажани на 12 јули, а дали досега имало консултации со Марковски и Мемеди и што се договориле, нема информации. Консултациите се дел од овластувањата на секој шеф на дипломатија и тие може да траат најмногу 60 дена. Во тој рок треба да се заврши постапката на сослушување и утврдување на околностите поради кои бил повикан амбасадорот. После тој рок, амбасадорот може да биде отповикан или да ја продолжи својата дипломатската мисија.

The post Досега повикани тројца македонски амбасадори на консултации appeared first on Република.

]]>