македонска заедница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-zaednica/ За подобро да се разбереме Fri, 24 May 2024 12:17:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонска заедница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-zaednica/ 32 32 Македонците во Србија го чествуваа Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedontsite-vo-srbija-go-chestvuvaa-denot-na-seslovenskite-prosvetiteli-sv-kiril-i-metodij/ Fri, 24 May 2024 12:17:01 +0000 https://republika.mk/?p=781393

Традиционално како и изминатите години македонската заедница во Србија и годинава го одбелжа  24 мај-Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, пред споменик на Св.Кирил и Методиј кој е подарок на академскиот вајар Томе Серафимовски на градот Белград, венци положија македонскиот амбасадор Никола Тупанчески заедно со српските власти и амбасадорите на Словачка, Украина, Бугарија и на ЕУ, како и преставници на Националниот совет на македонското национално малцинство и здруженијата од Белград.

Вечерва во Педагошкиот музеј во организација на здружението Македониум ќе се одржи свечена академија на која д-р Анита Ангелевска ќе говори на темата „Кирилометодиевистика-траење низ вековите“ и Ангел Василковски на темата „Просветителството на Св.Кирил и Методиј како par excellence рамноапостолство“, придружувани со ансамблот „Македониум“ и хорот на ОУ „Доситеј Обрадовиќ“ од Белград.

Од 2019 година, 24 мај во Србија се слави како национален празник - Денот на словенската писменост и култура.

The post Македонците во Србија го чествуваа Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>

Традиционално како и изминатите години македонската заедница во Србија и годинава го одбелжа  24 мај-Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Како што јави дописникот на МИА од Белград, пред споменик на Св.Кирил и Методиј кој е подарок на академскиот вајар Томе Серафимовски на градот Белград, венци положија македонскиот амбасадор Никола Тупанчески заедно со српските власти и амбасадорите на Словачка, Украина, Бугарија и на ЕУ, како и преставници на Националниот совет на македонското национално малцинство и здруженијата од Белград. Вечерва во Педагошкиот музеј во организација на здружението Македониум ќе се одржи свечена академија на која д-р Анита Ангелевска ќе говори на темата „Кирилометодиевистика-траење низ вековите“ и Ангел Василковски на темата „Просветителството на Св.Кирил и Методиј како par excellence рамноапостолство“, придружувани со ансамблот „Македониум“ и хорот на ОУ „Доситеј Обрадовиќ“ од Белград. Од 2019 година, 24 мај во Србија се слави како национален празник - Денот на словенската писменост и култура.

The post Македонците во Србија го чествуваа Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>
Разговори за соработката во образованието како и за размена на студенти и наставен кадар помеѓу Македонија и Австралија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/razgovori-za-sorabotkata-vo-obrazovanieto-kako-i-za-razmena-na-studenti-i-nastaven-kadar-pomegju-makedonija-i-avstralija/ Wed, 16 Nov 2022 18:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=574634

Амбасадорката Билјана Стефановска-Сековска заедно со македонскиот почесен конзул во Западна Австралија, Зоран Ќосески, одржале средба со министерот за образование и младина на Австралија Ан Али при што разговарале за продлабочување на соработката на полето на образованието како и размена на студенти и наставен кадар помеѓу Македонија и Австралија.

Како што соопшти Ќосески, на средбата се разговарало и за културниот развој на македонската заедница во Австралија, за зачувување на јазичниот и културниот идентитет во рамките на мултикултурна Австралија, како и за интензивирање на севкупните политичи и економски односи помеѓу Македонија и Австралија при што министерката Али и амбасадорката Стефановска-Сековска изразиле обострано задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји.

Министерката Али, истакнала дека во рамките на својата мултикултурна политика, Владата на Австралија ќе продолжи и во иднина, како и досега, да ја почитува македонската заедница како и сите други етнички заедници кои живеат во Австралија и да дава поддршка на македонската заедница за нејзините проекти за развој и зачувување на македонскиот јазик и идентитет во Австралија.

The post Разговори за соработката во образованието како и за размена на студенти и наставен кадар помеѓу Македонија и Австралија appeared first on Република.

]]>

Амбасадорката Билјана Стефановска-Сековска заедно со македонскиот почесен конзул во Западна Австралија, Зоран Ќосески, одржале средба со министерот за образование и младина на Австралија Ан Али при што разговарале за продлабочување на соработката на полето на образованието како и размена на студенти и наставен кадар помеѓу Македонија и Австралија. Како што соопшти Ќосески, на средбата се разговарало и за културниот развој на македонската заедница во Австралија, за зачувување на јазичниот и културниот идентитет во рамките на мултикултурна Австралија, како и за интензивирање на севкупните политичи и економски односи помеѓу Македонија и Австралија при што министерката Али и амбасадорката Стефановска-Сековска изразиле обострано задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји. Министерката Али, истакнала дека во рамките на својата мултикултурна политика, Владата на Австралија ќе продолжи и во иднина, како и досега, да ја почитува македонската заедница како и сите други етнички заедници кои живеат во Австралија и да дава поддршка на македонската заедница за нејзините проекти за развој и зачувување на македонскиот јазик и идентитет во Австралија.

The post Разговори за соработката во образованието како и за размена на студенти и наставен кадар помеѓу Македонија и Австралија appeared first on Република.

]]>