македонска премиера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-premiera/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 19:00:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонска премиера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-premiera/ 32 32 Со македонска премира на дебитантскиот филм на Димитар Оровчанец „Убиј ги прво децата“ вечерва се затвора ИФФК „Браќа Манаки“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/so-makedonska-premira-na-debitantskiot-film-na-dimitar-orovchanets-ubij-gi-prvo-detsata-vecherva-se-zatvora-iffk-braka-manaki/ Fri, 27 Sep 2024 08:31:47 +0000 https://republika.mk/?p=820124

Со македонската премиера на дебитанскиот филм на Димитар Оровчанец „ Убиј ги прво децата“, вечерва во Битола се затвора 45. издание на Интернационалниот фестивал на камера (ИФФК) „Браќа Манаки“. Светската премиера филмот ја доживеа на Саревскиот филмски фестивал во август.

Филмот е во продукција на „Трис филмс“ и ДМФ Филмс.

„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео

. Главните улоги ги играат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов.

Продуценти се Атанас Георгиев, Дејан Илиев и Корнелија Ристовска. Музиката за филмот ја направи Дарко Спасовски и Игор Василев – Новоградска.

Димитар Оровчанец има искуство како сценарист и режисер на краткометражни и долгометражни
филмови. Има работено на голем број ТВ реклами, кампањи, музички спотови, документарни
филмови, телевизиски документарни филмови и ТВ емисии. Освен со режија и сценарио,
Димитар има и долгогодишно искуство со фотографија кое вклучува ангажмани како директор
на фотографија на еден игран филм, на повеќето од своите кратки филмови како и на на
својот долгометражен документарен филм „Олга”. Покрај искуство во филмската, видео, ТВ
и радио продукција, повеќето од својата кариера ја има поминато работејќи како креативен
ум и режисер за неколку продукциски и адвертајзинг куќи и како и режисер на неколку
театарски претстави.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.

 

The post Со македонска премира на дебитантскиот филм на Димитар Оровчанец „Убиј ги прво децата“ вечерва се затвора ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

Со македонската премиера на дебитанскиот филм на Димитар Оровчанец „ Убиј ги прво децата“, вечерва во Битола се затвора 45. издание на Интернационалниот фестивал на камера (ИФФК) „Браќа Манаки“. Светската премиера филмот ја доживеа на Саревскиот филмски фестивал во август. Филмот е во продукција на „Трис филмс“ и ДМФ Филмс. „Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео . Главните улоги ги играат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов. Продуценти се Атанас Георгиев, Дејан Илиев и Корнелија Ристовска. Музиката за филмот ја направи Дарко Спасовски и Игор Василев – Новоградска. Димитар Оровчанец има искуство како сценарист и режисер на краткометражни и долгометражни филмови. Има работено на голем број ТВ реклами, кампањи, музички спотови, документарни филмови, телевизиски документарни филмови и ТВ емисии. Освен со режија и сценарио, Димитар има и долгогодишно искуство со фотографија кое вклучува ангажмани како директор на фотографија на еден игран филм, на повеќето од своите кратки филмови како и на на својот долгометражен документарен филм „Олга”. Покрај искуство во филмската, видео, ТВ и радио продукција, повеќето од својата кариера ја има поминато работејќи како креативен ум и режисер за неколку продукциски и адвертајзинг куќи и како и режисер на неколку театарски претстави. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.  

The post Со македонска премира на дебитантскиот филм на Димитар Оровчанец „Убиј ги прво децата“ вечерва се затвора ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>
Не смееме да останаме слепи на проблемот со бегалците, рече режисерката Тамара Котевска на македонската премиера на „Патување пеш“ со кој се затвори „МакеДокс“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/ne-smeeme-da-ostaname-slepi-na-problemot-so-begaltsite-reche-rezhiserkata-tamara-kotevska-na-makedonskata-premiera-na-patuvane-pesh-so-koj-se-zatvori-makedoks/ Fri, 23 Aug 2024 09:17:54 +0000 https://republika.mk/?p=809271

Со македонска премиера на документарниот филм „Патување пеш“ на режисерката Тамара Котевска синоќа во „Куршумли ан“ во Скопје се затвори 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.

Светската премиера на филмот на Котевска се одржа на 9 ноември минатата година во Њујорк, на Њујоршкиот фестивал на документарни филмови (Doc NYC), најголемиот американски фестивал за документарци.

Котевска синоќа не беше на промоцијата поради нови проефесионални обврски и имаше видео-обраќање до присутните на премиерата.

За жал, не можев да присуствувам и пораката ја снимив малку порано. Многу ми е тешко што не сум таму на сопствената премиера, со сите вас и да ги почувствувам сите емоции коишто вие ги чувствувате. Лично, бев многу интимно мотивирана да го направам филмот, токму поради тоа што потекнувам од земја во којашто бегалците се невидливи и тоа сите ние го знаеме и го сведочиме. Ние не смееме да останеме слепи на овој проблем. Овој филм е гласот кој се надевам ќе ја разбуди македонската публика да сфати дека бегалците не се невидиливи и постојат во секоја земја. Ова е сериозен проблем кој допрва ќе станува на светско ниво и ние може многу да направиме, пред сè со тоа што нема да имаме предрасуди. Се надевам дека допре до сите вас и ќе направи промена, рече Котевска во нејзиното видео-обраќање.

Филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, во обид да си најде дом. Филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, разоткривајќи ја одисејата на Амал, преку два континента, симболот на бегалците низ цел свет. Филмот се снимаше две години, на територија на повеќе од 10 земји.

Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, Греин Медиа (GRAIN MEDIA), македонски ко-продуцент е ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенција за филм. Во филмот учествуваат и актерите Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија.

Филмот имаше европска премиера во конкуренција на најголемиот фестивал за човекови права, во срцето на Женева, Швајцарија – FIFDH, каде имаше две проекции.

Ова е втор долгометражен документарен филм на Котевска и следи после големиот успех на „Медена земја“ за кој доби три големи награди на филмскиот фестивал Санденс во САД во 2019 год, а имаше и две номинации за Оскар следната 2020 година.

По проекцијата на филмот, концерт одржа македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев, кој е автор на музиката во филмот „Патување пеш“.

The post Не смееме да останаме слепи на проблемот со бегалците, рече режисерката Тамара Котевска на македонската премиера на „Патување пеш“ со кој се затвори „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>

Со македонска премиера на документарниот филм „Патување пеш“ на режисерката Тамара Котевска синоќа во „Куршумли ан“ во Скопје се затвори 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Светската премиера на филмот на Котевска се одржа на 9 ноември минатата година во Њујорк, на Њујоршкиот фестивал на документарни филмови (Doc NYC), најголемиот американски фестивал за документарци. Котевска синоќа не беше на промоцијата поради нови проефесионални обврски и имаше видео-обраќање до присутните на премиерата.
За жал, не можев да присуствувам и пораката ја снимив малку порано. Многу ми е тешко што не сум таму на сопствената премиера, со сите вас и да ги почувствувам сите емоции коишто вие ги чувствувате. Лично, бев многу интимно мотивирана да го направам филмот, токму поради тоа што потекнувам од земја во којашто бегалците се невидливи и тоа сите ние го знаеме и го сведочиме. Ние не смееме да останеме слепи на овој проблем. Овој филм е гласот кој се надевам ќе ја разбуди македонската публика да сфати дека бегалците не се невидиливи и постојат во секоја земја. Ова е сериозен проблем кој допрва ќе станува на светско ниво и ние може многу да направиме, пред сè со тоа што нема да имаме предрасуди. Се надевам дека допре до сите вас и ќе направи промена, рече Котевска во нејзиното видео-обраќање.
Филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, во обид да си најде дом. Филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, разоткривајќи ја одисејата на Амал, преку два континента, симболот на бегалците низ цел свет. Филмот се снимаше две години, на територија на повеќе од 10 земји. Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, Греин Медиа (GRAIN MEDIA), македонски ко-продуцент е ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенција за филм. Во филмот учествуваат и актерите Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија. Филмот имаше европска премиера во конкуренција на најголемиот фестивал за човекови права, во срцето на Женева, Швајцарија – FIFDH, каде имаше две проекции. Ова е втор долгометражен документарен филм на Котевска и следи после големиот успех на „Медена земја“ за кој доби три големи награди на филмскиот фестивал Санденс во САД во 2019 год, а имаше и две номинации за Оскар следната 2020 година. По проекцијата на филмот, концерт одржа македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев, кој е автор на музиката во филмот „Патување пеш“.

The post Не смееме да останаме слепи на проблемот со бегалците, рече режисерката Тамара Котевска на македонската премиера на „Патување пеш“ со кој се затвори „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>
Македонска премиера на „Живи и здрави“ на Бич филм фестивал во Охрид https://arhiva3.republika.mk/scena/film/makedonska-premiera-na-zhivi-i-zdravi-na-bich-film-festival-vo-ohrid/ Sun, 16 Jun 2024 11:23:48 +0000 https://republika.mk/?p=788113

Од 17. до 23. јули во Охрид ќе се одржи 6-то издание на Beach Film Festival под отворено небо.

„Живи и здрави” е првиот филм од официјалната селекција на долгометражни филмови со македонска премиера на официјално отворање првата фестивалска вечер. Филмот е македонска копродукција со „Круг Филм“ со Никола Ристановски во една од улогите и со музика од Тони Китановски.

На фестивалот ќе бидат прикажани филмови од Франција, Холандија, Германија, Унгарија на локации Плажа Славија и Брод Армада.

Четиричленото жири на 7. издание на БФФ во состав Julián Génisson, Karla Šola, Agim Abdula и Jenńi Ƶyĺka ќе ги додели наградите: Голем бран за најдобар долгометражен филм и Стефан Сидовски Сидо за најдобро актерско остварување.

Во склоп на Фестивалот ќе се одржи и Филмска работилница наменета за сите средношколци и студенти кои имаат интерес за како изгледа еден процес позади секој филм и чекор по чекор ќе се покаже како од идеја до реализација се работи еден филм, вклучувајќи пишување на сценарио, снимање и монтажа.

Оваа работилница „Филмски Колаж” ја организира @charade_film_production во соработка со БФФ и е поддржана од Министерството за Култура.

 

The post Македонска премиера на „Живи и здрави“ на Бич филм фестивал во Охрид appeared first on Република.

]]>

Од 17. до 23. јули во Охрид ќе се одржи 6-то издание на Beach Film Festival под отворено небо. „Живи и здрави” е првиот филм од официјалната селекција на долгометражни филмови со македонска премиера на официјално отворање првата фестивалска вечер. Филмот е македонска копродукција со „Круг Филм“ со Никола Ристановски во една од улогите и со музика од Тони Китановски. На фестивалот ќе бидат прикажани филмови од Франција, Холандија, Германија, Унгарија на локации Плажа Славија и Брод Армада. Четиричленото жири на 7. издание на БФФ во состав Julián Génisson, Karla Šola, Agim Abdula и Jenńi Ƶyĺka ќе ги додели наградите: Голем бран за најдобар долгометражен филм и Стефан Сидовски Сидо за најдобро актерско остварување. Во склоп на Фестивалот ќе се одржи и Филмска работилница наменета за сите средношколци и студенти кои имаат интерес за како изгледа еден процес позади секој филм и чекор по чекор ќе се покаже како од идеја до реализација се работи еден филм, вклучувајќи пишување на сценарио, снимање и монтажа. Оваа работилница „Филмски Колаж” ја организира @charade_film_production во соработка со БФФ и е поддржана од Министерството за Култура.  

The post Македонска премиера на „Живи и здрави“ на Бич филм фестивал во Охрид appeared first on Република.

]]>
Македонската премиера на „FTERKLANG: MAKEDONIUM BAND” на 11 јули го отвора Синедејс https://arhiva3.republika.mk/scena/film/makedonskata-premiera-na-fterklang-makedonium-band-na-11-juli-go-otvora-sinedejs/ Fri, 31 May 2024 11:44:21 +0000 https://republika.mk/?p=783548

На 11 јули, во 20. 30 часот, фестивалот Синедејс ја најави македонската премиера на филмот „EFTERKLANG: MAKEDONIUM BAND”, во режија на Андреас Јонсен, а во продукција на МКЦ Скопје, Росфорт и Румракет од Данска.

Филмот ќе биде прикажан на свеченото отварање на 23 тото издание на фестивалот на европски филм CINEDAYS.

Музичкиот документарен филм “EFTERKLANG: MAKEDONIUM BAND”, кој се снимаше во текот на април 2023, претставува шармантен увид во дарежливата и културна размена која премостува граници, меѓу македонскиот музички свет и данскиот бенд Ефтеркланг. Идејата на ова комично и себеспознавачко патешествие е со цел составување на мега ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот “Македониум”, во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност. Бендот е сочинет од 22 музичари, од кои покрај данскиот состав Efterklang членува и Женскиот младински хор при МКЦ со 16 хористки, како и истакнатите музичари Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Дина Јашари, Ива Дамјановски, Мартина Баракоска и Јане Трајковски.

Фантастичните 2 распродадени проекции на најголемиот фестивал за документарен филм CPH:Dox во Копенхаген, Данска беа уште поголема мотивација да успееме во намерата и покрај прикажувањето на самиот филм, да го одржиме и концертот на целосниот состав на Efterklang: Makedonium Band веднаш по проекцијата! Во паркот зад МКЦ, повторно ќе ја реоживееме магијата која остана да лебди како ѕвездена прашина над македонското музичко небо. По концертот, свечено ќе се забавуваме и на диџеј сетот на Fitz from Earth или диџеј STROGO POP до раните утрински часови, најавуваат организаторите.

The post Македонската премиера на „FTERKLANG: MAKEDONIUM BAND” на 11 јули го отвора Синедејс appeared first on Република.

]]>

На 11 јули, во 20. 30 часот, фестивалот Синедејс ја најави македонската премиера на филмот „EFTERKLANG: MAKEDONIUM BAND”, во режија на Андреас Јонсен, а во продукција на МКЦ Скопје, Росфорт и Румракет од Данска. Филмот ќе биде прикажан на свеченото отварање на 23 тото издание на фестивалот на европски филм CINEDAYS. Музичкиот документарен филм “EFTERKLANG: MAKEDONIUM BAND”, кој се снимаше во текот на април 2023, претставува шармантен увид во дарежливата и културна размена која премостува граници, меѓу македонскиот музички свет и данскиот бенд Ефтеркланг. Идејата на ова комично и себеспознавачко патешествие е со цел составување на мега ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот “Македониум”, во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност. Бендот е сочинет од 22 музичари, од кои покрај данскиот состав Efterklang членува и Женскиот младински хор при МКЦ со 16 хористки, како и истакнатите музичари Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Дина Јашари, Ива Дамјановски, Мартина Баракоска и Јане Трајковски.
Фантастичните 2 распродадени проекции на најголемиот фестивал за документарен филм CPH:Dox во Копенхаген, Данска беа уште поголема мотивација да успееме во намерата и покрај прикажувањето на самиот филм, да го одржиме и концертот на целосниот состав на Efterklang: Makedonium Band веднаш по проекцијата! Во паркот зад МКЦ, повторно ќе ја реоживееме магијата која остана да лебди како ѕвездена прашина над македонското музичко небо. По концертот, свечено ќе се забавуваме и на диџеј сетот на Fitz from Earth или диџеј STROGO POP до раните утрински часови, најавуваат организаторите.

The post Македонската премиера на „FTERKLANG: MAKEDONIUM BAND” на 11 јули го отвора Синедејс appeared first on Република.

]]>
Македонска премиера на оркестарска верзија на „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonska-premiera-na-orkestarska-verzija-na-makedonisimo-na-simon-trpcheski-i-prijatelite/ Sat, 09 Mar 2024 11:14:03 +0000 https://republika.mk/?p=752948

По исклучително успешната светска оркестарска премиера на проектот Македонисимо минатата година во, веројатно најпрестижната концертна сала во светот, Музикферајн (Musikverein) во Виена, заедно со Тонкунстлер оркестарот од Австрија под диригентската палка на нивниот шеф-диригент Маестро Јутака Садо, нашиот Камерен оркестар „АЈГА“ во соработка со КултурОп  ја претставуваат македонската, а воедно и балканска премиера на оркестарската верзија на проектот Македонисимо .

Македонисимо  / оркестарска верзија, потсетуваме, базира врз транскрипции на македонска традиционална музика од нашиот композитор Панде Шахов, во соработка со Симон Трпчески

Како што истакна екипата уште од почеток на реализацијата, овој проект му го посвети на македонскиот народ. Дека почитта е взаемна, публиката покажа и на квинтет-изведбите на проектот низ земјава, на отворено, почнувајќи од с. Збажди на планината Караорман, преку Скопје, Битола и Штип, заклучно со струмичкото село Секирник, на кои овациите кажуваа се’.

Овој пат, финесите на филигрански осмислениот и изведен проект, во оркестарското концертно исчитување нудат уште повозвишен приказ на богатството на македонската музичка традиција. За тоа, на сцената на Македонската филхармонија ќе се погрижи Квинтет МАКЕДОНИСИМО (во состав: Симон Трпчески на пијано, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело и Влатко Нушев на удиралки заедно со Камерниот оркестар АЈГА, под диригентската палка на Ана Спасовска.

Специјални гости на вечерта ќе бидат и Владимир Крстев на виолина, Александар Димитров и Паскал Краповски на виолончело.

Концертот ќе се одржи на 1 април 2024 година од 20 часот на големата сцена на Македонската филхармонија. Билетите веќе се во продажба на платформата МКтикетс.

The post Македонска премиера на оркестарска верзија на „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите appeared first on Република.

]]>

По исклучително успешната светска оркестарска премиера на проектот Македонисимо минатата година во, веројатно најпрестижната концертна сала во светот, Музикферајн (Musikverein) во Виена, заедно со Тонкунстлер оркестарот од Австрија под диригентската палка на нивниот шеф-диригент Маестро Јутака Садо, нашиот Камерен оркестар „АЈГА“ во соработка со КултурОп  ја претставуваат македонската, а воедно и балканска премиера на оркестарската верзија на проектот Македонисимо . Македонисимо  / оркестарска верзија, потсетуваме, базира врз транскрипции на македонска традиционална музика од нашиот композитор Панде Шахов, во соработка со Симон Трпчески Како што истакна екипата уште од почеток на реализацијата, овој проект му го посвети на македонскиот народ. Дека почитта е взаемна, публиката покажа и на квинтет-изведбите на проектот низ земјава, на отворено, почнувајќи од с. Збажди на планината Караорман, преку Скопје, Битола и Штип, заклучно со струмичкото село Секирник, на кои овациите кажуваа се’. Овој пат, финесите на филигрански осмислениот и изведен проект, во оркестарското концертно исчитување нудат уште повозвишен приказ на богатството на македонската музичка традиција. За тоа, на сцената на Македонската филхармонија ќе се погрижи Квинтет МАКЕДОНИСИМО (во состав: Симон Трпчески на пијано, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело и Влатко Нушев на удиралки заедно со Камерниот оркестар АЈГА, под диригентската палка на Ана Спасовска. Специјални гости на вечерта ќе бидат и Владимир Крстев на виолина, Александар Димитров и Паскал Краповски на виолончело. Концертот ќе се одржи на 1 април 2024 година од 20 часот на големата сцена на Македонската филхармонија. Билетите веќе се во продажба на платформата МКтикетс.

The post Македонска премиера на оркестарска верзија на „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите appeared first on Република.

]]>
Овој филм го посветувам на неколку мои луѓе кои прерано заминаа, се надевам гледаат од некаде и се смешкаат, рече режисерот Вардан Тозија на премиерата на „М“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ovoj-film-go-posvetuvam-na-nekolku-moi-luge-koi-prerano-zaminaa-se-nadevam-gledaat-od-nekade-i-se-smeshkaat-reche-rezhiserot-vardan-tozija-na-premierata-na-m/ Fri, 14 Jul 2023 07:17:01 +0000 https://republika.mk/?p=661125

Со македонска премиера на „М“ на режисерот Вардан Тозија синоќа, во паркот зад Младонски културен центар (МКЦ) беше отворен 22. Меѓународен сестивал на европски филм „Синедејс“.

Овој филм го посветувам на тие неколку мои луѓе кои прерано заминаа и не дочекаа да ја видат премиерата. Се надевам дека од некаде гледаат и се смешкаат. Се надевам им е ок, рече Тозија по проекцијата на филмот.

Вардан Тозија е син на актерка Сабина Ајрула и режисерот и амбасадор Љупчо, и внук на филмскиот продуцент Горјан Тозија, кои починаа во период од неколку години.

Повеќе од илјада гледачи го следеа филмот „М“, бидејќи имаше две проекции - во паркот зад МКЦ и во киното „Фросина“.

„М“ е втор долгометражен филм на Тозија, по успешниот „Џган“ во 2016 година.

Тозија и Даријан Пејовски се автори на сценариото на „М“, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек.

Улогите ги толкуваат: Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Оливер Митковски, Владимир Тулиев… Продуцент на „М“ е „Фокус покус филмс“ од Скопје во копродукција меѓу Хрватска, Косово, Луксембург и Франција.

Благодарност до режисерот Тозија и продуцентот Дарко Попов кои ни овозможија Скопје вечерва да ја добие посакуваната фестивалска атмосфера и заедно со комплетната авторска и актерска екипа да го имаме ова задоволство. Ние како тим се трудиме вечерашниот фестивалски филмски шарм и содржина да ги одржиме низ целото издание на „Синедејс“ затоа што имаме одлична програма која витешки ја сработивме со драстично намален буџет. Се надевам дека годинешниов исклучок нема да биде практика, изјави  Маргарита Арсова програмски координатор на „Синедејс“ на отворањето.

[caption id="attachment_661133" align="alignnone" width="717"] Александар Ничовски, Сашко Коцев и Матеј Сиваков / Фото: МКЦ[/caption]

Под слоганот „Муви најт“, Скопје до 18 јули ќе живее во филмот на „Синедејс“, за жал со редуциран број на локации и филмови на репертоар, но доволно атрактивни да ги задоволи и најпребирливите филмофили.

[caption id="attachment_661131" align="alignnone" width="820"] Дарко Попов, продуцент/ Фото: МКЦ[/caption]

На годинашното издание на „Синедејс“ се најавени 40 филмови во неколку селекции, уникатни работилници, мастер клас и панел дискусија, како и неколку концерти.

Со македонска премиера на „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски, на 18 јули се затвора годинашното издание на „Синедејс“.

Билетите за „Синедејс“ ќе бидат по цена од 200 денари, за сите филмови.

 

The post Овој филм го посветувам на неколку мои луѓе кои прерано заминаа, се надевам гледаат од некаде и се смешкаат, рече режисерот Вардан Тозија на премиерата на „М“ appeared first on Република.

]]>

Со македонска премиера на „М“ на режисерот Вардан Тозија синоќа, во паркот зад Младонски културен центар (МКЦ) беше отворен 22. Меѓународен сестивал на европски филм „Синедејс“.
Овој филм го посветувам на тие неколку мои луѓе кои прерано заминаа и не дочекаа да ја видат премиерата. Се надевам дека од некаде гледаат и се смешкаат. Се надевам им е ок, рече Тозија по проекцијата на филмот.
Вардан Тозија е син на актерка Сабина Ајрула и режисерот и амбасадор Љупчо, и внук на филмскиот продуцент Горјан Тозија, кои починаа во период од неколку години. Повеќе од илјада гледачи го следеа филмот „М“, бидејќи имаше две проекции - во паркот зад МКЦ и во киното „Фросина“. „М“ е втор долгометражен филм на Тозија, по успешниот „Џган“ во 2016 година. Тозија и Даријан Пејовски се автори на сценариото на „М“, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек. Улогите ги толкуваат: Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Оливер Митковски, Владимир Тулиев… Продуцент на „М“ е „Фокус покус филмс“ од Скопје во копродукција меѓу Хрватска, Косово, Луксембург и Франција.
Благодарност до режисерот Тозија и продуцентот Дарко Попов кои ни овозможија Скопје вечерва да ја добие посакуваната фестивалска атмосфера и заедно со комплетната авторска и актерска екипа да го имаме ова задоволство. Ние како тим се трудиме вечерашниот фестивалски филмски шарм и содржина да ги одржиме низ целото издание на „Синедејс“ затоа што имаме одлична програма која витешки ја сработивме со драстично намален буџет. Се надевам дека годинешниов исклучок нема да биде практика, изјави  Маргарита Арсова програмски координатор на „Синедејс“ на отворањето.
[caption id="attachment_661133" align="alignnone" width="717"] Александар Ничовски, Сашко Коцев и Матеј Сиваков / Фото: МКЦ[/caption] Под слоганот „Муви најт“, Скопје до 18 јули ќе живее во филмот на „Синедејс“, за жал со редуциран број на локации и филмови на репертоар, но доволно атрактивни да ги задоволи и најпребирливите филмофили. [caption id="attachment_661131" align="alignnone" width="820"] Дарко Попов, продуцент/ Фото: МКЦ[/caption] На годинашното издание на „Синедејс“ се најавени 40 филмови во неколку селекции, уникатни работилници, мастер клас и панел дискусија, како и неколку концерти. Со македонска премиера на „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски, на 18 јули се затвора годинашното издание на „Синедејс“. Билетите за „Синедејс“ ќе бидат по цена од 200 денари, за сите филмови.  

The post Овој филм го посветувам на неколку мои луѓе кои прерано заминаа, се надевам гледаат од некаде и се смешкаат, рече режисерот Вардан Тозија на премиерата на „М“ appeared first on Република.

]]>
Филмот денес не може да го промени светот, но таа идеја е силен креативен двигател за еден автор https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/filmot-denes-ne-mozhe-da-go-promeni-svetot-no-taa-ideja-e-silen-kreativen-dvigatel-za-eden-avtor/ Wed, 12 Jul 2023 08:01:23 +0000 https://republika.mk/?p=659795

На 13 јули, во 21 часот, во паркот зад Младинскиот културен центар (МКЦ) премиерно ќе биде прикажан „М“, втор долгометражен филм на режисерот Вардан Тозија. Со овој филм се отвора 22. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ во Скопје.

Тозија и Даријан Пејовски се автори на сценариото, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек.

Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Оливер Митковски, Владимир Тулиев... Продуцент на „М“ е „Фокус покус филмс“ од Скопје во копродукција меѓу Хрватска, Косово, Луксембург и Франција.

Тозија, првиот, мошне успешен долгометражен филм „Џган“ го сними во 2016 година, а беше режисер и на дел од тв-сериите „Преспав“, „Куќен притвор“, „Инсајдер“, „На терапија“, „Радуис“... По­крај кра­тко­ме­траж­ни­от „Чо­ве­кот со чуд­на на­ви­ка да ме уди­ра со ча­дор по гла­ва“, автор е и на „Свир­ка­чот“, кој е дел од „Скоп­је ре­микс“.

[caption id="attachment_659796" align="alignnone" width="1600"] Дел од екипата на „М“. Фото: Александар Ивановски[/caption]

Филмот „М“ е најавен како дистописка бајка во која главниот лик, осумгодишниот Марко е во потрага по својата мајка, во време кога во светот владее опасен вирус. Кога го пишувавте сценариото? Пред почетокот на ковид-19?

ТОЗИЈА: За жал, премногу се оддолжи премиерата на „М“ и некако се добива впечаток дека филмот е инспириран од случувањата пред неколку години. Меѓутоа, не е така. Сценариото е напишано пред пет години, а тоа што се случи понатаму со човештвото беше коинциденција. Филмот е една антиципација на она што е можно да ни се случи со човештвото ако продолжиме да го чекориме овој пат на самоуништување. Ме фасцинирале тие мрачни предвидувања на нашата блиска иднина и отсекогаш сум сакал да направам нешто во жанровски дух, каде што ќе го претставам мојот страв, моите несигурности и моите исчекувања на претстоечките предизвици.

Живееме во 2023 година, помина пандемијата со коронавирусот. Дали имате чувство дека живееме во дистописко општество?

ТОЗИЈА: Нашата земја можеби се наоѓа во нејзината најранлива и најтешка фаза од нејзиното постоење. Иако не можам да кажам дека живееме во некаква дистопија, затоа што сме уште далеку од такво нешто, сепак, го чувствувам стравот дека нешто такво е извесно да се случи, и на овие простори и во светот. И тука мислам на целото лудило во последниве години – од пандемии до војни. Чувствувам како да постои некоја стихија којашто е посилна од нашата индивидуална мисла и дека таа стихија не носи кон некакви непосакувани времиња.

[caption id="attachment_659798" align="alignnone" width="1600"] Вардан Тозија: Со овој филм завршувам една многу тешка етапа во мојот живот. Фото: Александар Ивановски[/caption]

Ако дистопиското општество е опасно, застрашувачко, во кое лошите страни на денешната цивилизација се сведени на максимум, дали има излез? Дали се приближува крај?

ТОЗИЈА: Не знам дали би можел да дефинирам дали постои излез. Не знам дали кој било може да го каже тоа. Но, нам ни останува, секој од нас да води постојана, вечна борба во својот животен век, за да ги смени работите кон кои нè води некаква инерција. Знам дека помина времето во кое филмот навистина можеше радикално да ги смени нештата во општеството. Сега живееме во време на мас-медиуми, бескраен проток на информации каде што филмот е само една капка на информација и на мисла. Го нема оној пиедестал што го имал порано, како еден силен авторски коментар врз актуелните случувања. Овде пред сè, мислам на 70-те и 80-те години на минатиот век. Денес, можеби, филмот не може да го промени светот, но јас сè што правам, го правам со убедување дека може да го променам светот, иако знам дека е тоа заблуда. Тоа е нешто што ме движи напред.

Зошто дистопијата е толку популарна во уметноста? Дали е тоа така бидејќи отвора прашања како што е слободата, љубовта, кој е човекот?

ТОЗИЈА: Јас пораснав со дистописки новели, романи. Уште од најраните години се хранев со Станислав Лем, Евгениј Замјатин, Филип Дик, Артур Кларк. Сите тие автори доживеаја свои екранизации во тој период. И тогаш постоеја тие мрачни, Орвеловски предвидувања, за 1984 година, за таа контрола. И гледаме дека денес, многу од тие работи се остварија. Но, сега, што понатаму? Сега е малку потешко да се направи нешто што е визионерско, затоа што од времето кога постоеле тие големи умови, литературата денес е падната на многу ниски гранки. А филмот почива на квалитетот на таа литература. Денес немаме издаваштво, а во Македонија се херои тие неколку издвачки куќи коишто успеваат да објават книга или роман. Не може точно да се предвиди што не чека, меѓутоа може да се предвиди атмосферата и духот на тоа што не очекува. А тоа е една празнотија, борба за егзистенција, уништување...Но, мора да се бориме тоа да не се случи, секој на свој начин и да знаеме дека сме направиме се што било во наша моќ.

Филмот во мај беше прикажан на Канскиот маркет за филмски професионлаци и на годинашното издание на Берлинскиот фестивал. Колку е важно за една филм да се најде во Кан и Берлин и што значи тоа за неговиот понатамошен живот?

ТОЗИЈА: Наскоро, верувам, ќе имаме добри информации од тоа што се случи на тие индустриски проекции и тоа ќе го објавиме во најбрзо време. Важно е да се напомене дека не треба да се кажува дека филмот бил дел од Канскиот или Берлинскиот фестивал. Да, тој бил, но не треба да постои спинување дека бил во некаква селекција, како што многу често слушаме за одредени филмски остварувања. Тоа се индустриски проекции, таму се собираат секаков тип дистрибутери, продажни агенти, фестивалски селектори кои понатаму го изразуваат својот интерес за понатамошната иднина на филмот. Засега, нашиот филм е воден од американската компанија „One-two-three“ и агентот Алан Грин кои ја раководат целата понатамошна дистрибуција на филмот.

[caption id="attachment_659797" align="alignnone" width="1600"] Вардарн Тозија со актерите Александар Ничовски, Сашко Коцев и продуцентот Дарко Попов. фото: Александар Ивановски[/caption]

На „Синедејс“ ова е македонска премиера на „М“. Дали и каде на кои други фестивали ќе биде прикажан филмот?

ТОЗИЈА: Имаме неколку примарни цели за фестивалскиот живот на филмот. Се надевам дека тие ќе се случат на крајот на летото.

За кога е закажано кино-прикажувањето на филмот?

ТОЗИЈА: Со задоволство го очекувам кино-прикажувањето и реакциите на пошироката публика. „М“ во македонските кина би требало да почне да прикажува на 4 или 5 октомври.

Кои се идните проекти на кои ќе работите?

ТОЗИЈА: Со овој филм завршувам една многу тешка, значајна и болна етапа во мојот живот. Постојат проекти за кои се подготвувам, кои врзуваат соработка и работа на филмски и телевизиски сериски проекти надвор од Македонија. Со минимален буџет и домашна поддршка тргнавме во една голема авантура на снимањето на „М“. Немаше да успееме да го реализираме филмот на овој начин доколку немав поддршка од целосната екипа која работеше на филмот, посебно од актерите. Работевме со две деца кои првпат се појавуваат на филм, седумгодишниот Матеј Сиваков и Александар Ничовски (12). Се изненадив колку сила и волја постои во едно дете. Тие беа посветени и одговорни 12 часа на ден, во сите денови на снимањето на филмот. За мене тоа беше откровение. Многу сум им благодарен за се што направија. Покажа дека иако се деца, може да се носат со предизвикот како одговорни и возрасни луѓе.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

 

The post Филмот денес не може да го промени светот, но таа идеја е силен креативен двигател за еден автор appeared first on Република.

]]>

На 13 јули, во 21 часот, во паркот зад Младинскиот културен центар (МКЦ) премиерно ќе биде прикажан „М“, втор долгометражен филм на режисерот Вардан Тозија. Со овој филм се отвора 22. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ во Скопје. Тозија и Даријан Пејовски се автори на сценариото, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек. Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Оливер Митковски, Владимир Тулиев... Продуцент на „М“ е „Фокус покус филмс“ од Скопје во копродукција меѓу Хрватска, Косово, Луксембург и Франција. Тозија, првиот, мошне успешен долгометражен филм „Џган“ го сними во 2016 година, а беше режисер и на дел од тв-сериите „Преспав“, „Куќен притвор“, „Инсајдер“, „На терапија“, „Радуис“... По­крај кра­тко­ме­траж­ни­от „Чо­ве­кот со чуд­на на­ви­ка да ме уди­ра со ча­дор по гла­ва“, автор е и на „Свир­ка­чот“, кој е дел од „Скоп­је ре­микс“. [caption id="attachment_659796" align="alignnone" width="1600"] Дел од екипата на „М“. Фото: Александар Ивановски[/caption] Филмот „М“ е најавен како дистописка бајка во која главниот лик, осумгодишниот Марко е во потрага по својата мајка, во време кога во светот владее опасен вирус. Кога го пишувавте сценариото? Пред почетокот на ковид-19? ТОЗИЈА: За жал, премногу се оддолжи премиерата на „М“ и некако се добива впечаток дека филмот е инспириран од случувањата пред неколку години. Меѓутоа, не е така. Сценариото е напишано пред пет години, а тоа што се случи понатаму со човештвото беше коинциденција. Филмот е една антиципација на она што е можно да ни се случи со човештвото ако продолжиме да го чекориме овој пат на самоуништување. Ме фасцинирале тие мрачни предвидувања на нашата блиска иднина и отсекогаш сум сакал да направам нешто во жанровски дух, каде што ќе го претставам мојот страв, моите несигурности и моите исчекувања на претстоечките предизвици. Живееме во 2023 година, помина пандемијата со коронавирусот. Дали имате чувство дека живееме во дистописко општество? ТОЗИЈА: Нашата земја можеби се наоѓа во нејзината најранлива и најтешка фаза од нејзиното постоење. Иако не можам да кажам дека живееме во некаква дистопија, затоа што сме уште далеку од такво нешто, сепак, го чувствувам стравот дека нешто такво е извесно да се случи, и на овие простори и во светот. И тука мислам на целото лудило во последниве години – од пандемии до војни. Чувствувам како да постои некоја стихија којашто е посилна од нашата индивидуална мисла и дека таа стихија не носи кон некакви непосакувани времиња. [caption id="attachment_659798" align="alignnone" width="1600"] Вардан Тозија: Со овој филм завршувам една многу тешка етапа во мојот живот. Фото: Александар Ивановски[/caption] Ако дистопиското општество е опасно, застрашувачко, во кое лошите страни на денешната цивилизација се сведени на максимум, дали има излез? Дали се приближува крај? ТОЗИЈА: Не знам дали би можел да дефинирам дали постои излез. Не знам дали кој било може да го каже тоа. Но, нам ни останува, секој од нас да води постојана, вечна борба во својот животен век, за да ги смени работите кон кои нè води некаква инерција. Знам дека помина времето во кое филмот навистина можеше радикално да ги смени нештата во општеството. Сега живееме во време на мас-медиуми, бескраен проток на информации каде што филмот е само една капка на информација и на мисла. Го нема оној пиедестал што го имал порано, како еден силен авторски коментар врз актуелните случувања. Овде пред сè, мислам на 70-те и 80-те години на минатиот век. Денес, можеби, филмот не може да го промени светот, но јас сè што правам, го правам со убедување дека може да го променам светот, иако знам дека е тоа заблуда. Тоа е нешто што ме движи напред. Зошто дистопијата е толку популарна во уметноста? Дали е тоа така бидејќи отвора прашања како што е слободата, љубовта, кој е човекот? ТОЗИЈА: Јас пораснав со дистописки новели, романи. Уште од најраните години се хранев со Станислав Лем, Евгениј Замјатин, Филип Дик, Артур Кларк. Сите тие автори доживеаја свои екранизации во тој период. И тогаш постоеја тие мрачни, Орвеловски предвидувања, за 1984 година, за таа контрола. И гледаме дека денес, многу од тие работи се остварија. Но, сега, што понатаму? Сега е малку потешко да се направи нешто што е визионерско, затоа што од времето кога постоеле тие големи умови, литературата денес е падната на многу ниски гранки. А филмот почива на квалитетот на таа литература. Денес немаме издаваштво, а во Македонија се херои тие неколку издвачки куќи коишто успеваат да објават книга или роман. Не може точно да се предвиди што не чека, меѓутоа може да се предвиди атмосферата и духот на тоа што не очекува. А тоа е една празнотија, борба за егзистенција, уништување...Но, мора да се бориме тоа да не се случи, секој на свој начин и да знаеме дека сме направиме се што било во наша моќ. Филмот во мај беше прикажан на Канскиот маркет за филмски професионлаци и на годинашното издание на Берлинскиот фестивал. Колку е важно за една филм да се најде во Кан и Берлин и што значи тоа за неговиот понатамошен живот? ТОЗИЈА: Наскоро, верувам, ќе имаме добри информации од тоа што се случи на тие индустриски проекции и тоа ќе го објавиме во најбрзо време. Важно е да се напомене дека не треба да се кажува дека филмот бил дел од Канскиот или Берлинскиот фестивал. Да, тој бил, но не треба да постои спинување дека бил во некаква селекција, како што многу често слушаме за одредени филмски остварувања. Тоа се индустриски проекции, таму се собираат секаков тип дистрибутери, продажни агенти, фестивалски селектори кои понатаму го изразуваат својот интерес за понатамошната иднина на филмот. Засега, нашиот филм е воден од американската компанија „One-two-three“ и агентот Алан Грин кои ја раководат целата понатамошна дистрибуција на филмот. [caption id="attachment_659797" align="alignnone" width="1600"] Вардарн Тозија со актерите Александар Ничовски, Сашко Коцев и продуцентот Дарко Попов. фото: Александар Ивановски[/caption] На „Синедејс“ ова е македонска премиера на „М“. Дали и каде на кои други фестивали ќе биде прикажан филмот? ТОЗИЈА: Имаме неколку примарни цели за фестивалскиот живот на филмот. Се надевам дека тие ќе се случат на крајот на летото. За кога е закажано кино-прикажувањето на филмот? ТОЗИЈА: Со задоволство го очекувам кино-прикажувањето и реакциите на пошироката публика. „М“ во македонските кина би требало да почне да прикажува на 4 или 5 октомври. Кои се идните проекти на кои ќе работите? ТОЗИЈА: Со овој филм завршувам една многу тешка, значајна и болна етапа во мојот живот. Постојат проекти за кои се подготвувам, кои врзуваат соработка и работа на филмски и телевизиски сериски проекти надвор од Македонија. Со минимален буџет и домашна поддршка тргнавме во една голема авантура на снимањето на „М“. Немаше да успееме да го реализираме филмот на овој начин доколку немав поддршка од целосната екипа која работеше на филмот, посебно од актерите. Работевме со две деца кои првпат се појавуваат на филм, седумгодишниот Матеј Сиваков и Александар Ничовски (12). Се изненадив колку сила и волја постои во едно дете. Тие беа посветени и одговорни 12 часа на ден, во сите денови на снимањето на филмот. За мене тоа беше откровение. Многу сум им благодарен за се што направија. Покажа дека иако се деца, може да се носат со предизвикот како одговорни и возрасни луѓе. Разговараше: Александра М. Бундалевска  

The post Филмот денес не може да го промени светот, но таа идеја е силен креативен двигател за еден автор appeared first on Република.

]]>
Македонска премиера на „Најсреќниот човек на светот“ во скопското кино „Милениум“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonska-premiera-na-najsrekjniot-chovek-na-svetot-vo-skopskoto-kino-milenium/ Sat, 22 Oct 2022 14:42:31 +0000 https://republika.mk/?p=564354

„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска продолжува да го освојува светот, по светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција и Торонто и по одличниот прием од страна на светската критика и големиот интерес за интернационална кинодистрибуција.

Македонската премиера на националниот претставник за „оскар“ е закажана за 27 октомври, во киното „Милениум“.

Во текот на месеците што следуваат промоцијата на филмот низ светот ќе се одвива во силен ритам, собирајќи нови признанија, од селекција на престижни фестивали до ексклузивни прикажувања и започнување на редовно киноприкажување во многу земји.

 

The post Македонска премиера на „Најсреќниот човек на светот“ во скопското кино „Милениум“ appeared first on Република.

]]>

„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска продолжува да го освојува светот, по светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција и Торонто и по одличниот прием од страна на светската критика и големиот интерес за интернационална кинодистрибуција. Македонската премиера на националниот претставник за „оскар“ е закажана за 27 октомври, во киното „Милениум“. Во текот на месеците што следуваат промоцијата на филмот низ светот ќе се одвива во силен ритам, собирајќи нови признанија, од селекција на престижни фестивали до ексклузивни прикажувања и започнување на редовно киноприкажување во многу земји.  

The post Македонска премиера на „Најсреќниот човек на светот“ во скопското кино „Милениум“ appeared first on Република.

]]>
Животниот музички проект на Симон Трпчески „Македонисимо“ на 14 септември пред македонската публика https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zivotniot-muzichki-proekt-na-simon-trpcheski-makedonisimo-na-14-septemvri-pred-makedonskata-publika/ Fri, 02 Sep 2022 11:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=546721

Пет години по светската премиера во германскиот град Лудвигсбург, животниот музички проект на Симон Трпчески, „Македонисимо“, конечно ќе се изведе и пред македонската публика на 14 септември во 20 часот пред платото на Националната опера и балет.

Следните две избедби се во Штип на 25 септември и ден подоцна во Битола, на 26 септември. Влезот за сите настани ќе биде бесплатен. Во случај временските услови да не бидат поволни, концертот пред платото на НОБ ќе се изведе во салата на „Филхармонија“.

„Македонисимо“ е проект во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов. „Македонисимо“ ја спојува македонската народна музика со влијанијата на џезот и класичната музика. На концертот ќе бидат изведени 23 нумери, главно ора и по некоја песна.

Проектот „Македонисимо“ зачна одамна во мојата глава, можам слободно да кажам и во моето срце, бидејќи јас сум задоен, па пораснат со народната музика. Имено, мојата прва љубов е хармониката и на тој начин секогаш била вткаена дури и во целосното мое образование како музичка личност, целосното музичко образование кое што јас го стекнав во Македонија и отсекогаш верував дека потенцијалот што нашата народна музика го има доколку се преточи во еден поинаков музички јазик, да речам првенствено којшто доаѓа од класичниот музички свет може да се носи рамо до рамо и со самата класична музика на која што јас сум претставник, изјави маестро Трпчески на денешната прес-конференција.

Тимот на „Македонисимо“ квинтетот го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело, на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев. Албумот „Македонисимо“ го издаде британската „Лин Рекордс“.

Трпески кажа дека пред светската премиера, тој работел четири години на овој проект, а креативниот процес со композиторот Панде Шахов траел една година.

Со Шахов соработувавме многу блиску во процесот на создавањето на овој проект, за кој нескромно можам да кажам дека претставува нов музички стил. Се консултирав со Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и со ансамблот „Танец“. Со овој проект ја претставуваме огромната разноликост на огромното фолклорно богатство од сите страни на Македонија, рече Трпчески.

Со оваа домашна турнеја ќе се одбележи и 15-годишнината на Здружението за култура и уметност „КултурОп“, чија основна задача е токму поддршката на нашиот пијанист од светски глас.

Светската премиера на оркестарската верзија на „Македонисимо“ како што информираа ќе биде на виенскиот „Музикферајн“, сцената на која се одржува традиционалниот Новогодишен концерт. „Македонисимо“ квинтетот предводен од Трпчески на оваа престижна сцена на 2 март 2023 година од 20 часот ќе го придружува австрискиот Тонкунстлер оркестар, а под палката на нивниот шеф-диригент, маестро Јутака Садо од Јапонија, информираат од КултурОп.

 

The post Животниот музички проект на Симон Трпчески „Македонисимо“ на 14 септември пред македонската публика appeared first on Република.

]]>

Пет години по светската премиера во германскиот град Лудвигсбург, животниот музички проект на Симон Трпчески, „Македонисимо“, конечно ќе се изведе и пред македонската публика на 14 септември во 20 часот пред платото на Националната опера и балет. Следните две избедби се во Штип на 25 септември и ден подоцна во Битола, на 26 септември. Влезот за сите настани ќе биде бесплатен. Во случај временските услови да не бидат поволни, концертот пред платото на НОБ ќе се изведе во салата на „Филхармонија“. „Македонисимо“ е проект во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов. „Македонисимо“ ја спојува македонската народна музика со влијанијата на џезот и класичната музика. На концертот ќе бидат изведени 23 нумери, главно ора и по некоја песна.
Проектот „Македонисимо“ зачна одамна во мојата глава, можам слободно да кажам и во моето срце, бидејќи јас сум задоен, па пораснат со народната музика. Имено, мојата прва љубов е хармониката и на тој начин секогаш била вткаена дури и во целосното мое образование како музичка личност, целосното музичко образование кое што јас го стекнав во Македонија и отсекогаш верував дека потенцијалот што нашата народна музика го има доколку се преточи во еден поинаков музички јазик, да речам првенствено којшто доаѓа од класичниот музички свет може да се носи рамо до рамо и со самата класична музика на која што јас сум претставник, изјави маестро Трпчески на денешната прес-конференција.
Тимот на „Македонисимо“ квинтетот го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело, на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев. Албумот „Македонисимо“ го издаде британската „Лин Рекордс“. Трпески кажа дека пред светската премиера, тој работел четири години на овој проект, а креативниот процес со композиторот Панде Шахов траел една година.
Со Шахов соработувавме многу блиску во процесот на создавањето на овој проект, за кој нескромно можам да кажам дека претставува нов музички стил. Се консултирав со Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и со ансамблот „Танец“. Со овој проект ја претставуваме огромната разноликост на огромното фолклорно богатство од сите страни на Македонија, рече Трпчески.
Со оваа домашна турнеја ќе се одбележи и 15-годишнината на Здружението за култура и уметност „КултурОп“, чија основна задача е токму поддршката на нашиот пијанист од светски глас.
Светската премиера на оркестарската верзија на „Македонисимо“ како што информираа ќе биде на виенскиот „Музикферајн“, сцената на која се одржува традиционалниот Новогодишен концерт. „Македонисимо“ квинтетот предводен од Трпчески на оваа престижна сцена на 2 март 2023 година од 20 часот ќе го придружува австрискиот Тонкунстлер оркестар, а под палката на нивниот шеф-диригент, маестро Јутака Садо од Јапонија, информираат од КултурОп.
 

The post Животниот музички проект на Симон Трпчески „Македонисимо“ на 14 септември пред македонската публика appeared first on Република.

]]>
Македонска премиера на краткиот игран филм „Еко-скоп“ на режисерот и сликар Коле Манев во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonska-premiera-na-kratkiot-igran-film-eko-skop-na-reziserot-i-slikar-kole-manev-vo-kinoteka/ Mon, 04 Apr 2022 12:16:31 +0000 https://republika.mk/?p=483121

Во вторник (5 април) со почеток во 12 часот ќе се одржи македонска премиера на краткиот игран филм „ЕКО-СКОП“ на режисерот и сликар, Коле Манев.

Краток игран филм, Македонија

2021, 15 мин., колор, ХДД

Режија: Коле Манев

Сценарио: Коле Манев

Улога: Александар Шехтански

Македонска премиера на краткиот игран филм на режисерот и сликар Коле Манев нé воведува во светот на собирачот на картонски отпад. Секојдневието, дневниот ритам на овој собирач,  авторот на филмот го доживува како мултиуметничко дело, како колаж од слики раздвижени од звуците на окарината на Драган Даутовски.

The post Македонска премиера на краткиот игран филм „Еко-скоп“ на режисерот и сликар Коле Манев во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Во вторник (5 април) со почеток во 12 часот ќе се одржи македонска премиера на краткиот игран филм „ЕКО-СКОП“ на режисерот и сликар, Коле Манев. Краток игран филм, Македонија 2021, 15 мин., колор, ХДД Режија: Коле Манев Сценарио: Коле Манев Улога: Александар Шехтански Македонска премиера на краткиот игран филм на режисерот и сликар Коле Манев нé воведува во светот на собирачот на картонски отпад. Секојдневието, дневниот ритам на овој собирач,  авторот на филмот го доживува како мултиуметничко дело, како колаж од слики раздвижени од звуците на окарината на Драган Даутовски.

The post Македонска премиера на краткиот игран филм „Еко-скоп“ на режисерот и сликар Коле Манев во Кинотека appeared first on Република.

]]>