македонска пошта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-poshta/ За подобро да се разбереме Wed, 22 May 2024 05:38:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонска пошта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-poshta/ 32 32 Протест на вработените во Пошта низ цела Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/protest-na-vrabotenite-vo-poshta-niz-tsela-makedonija/ Wed, 22 May 2024 05:38:51 +0000 https://republika.mk/?p=780656

Вработените на АД Пошта денеска во сите подружници во земјава ќе одржат протест барајќи исплата на платата за април и итно отпочнување на реформи за реорганизација и оптимизација во работењето.

Поради сериозноста на состојбите во која е доведено опстојувањето на АД Пошта на РСМ, зачувувањето на работните места на вработените и егзистенцијаta на нивните семејства, синдикалните организации и вработените на ден 22.05.2024 год (среда) со почеток на работното време од 08.00 чaсот ќе одржат протест во сите подружници во Македонија, велат од синдикатот на АД Пошта.

Вработените, како што наведуваат од синдикатот, со протестот ја отпочнуваат постапката за штрајк.

The post Протест на вработените во Пошта низ цела Македонија appeared first on Република.

]]>

Вработените на АД Пошта денеска во сите подружници во земјава ќе одржат протест барајќи исплата на платата за април и итно отпочнување на реформи за реорганизација и оптимизација во работењето.
Поради сериозноста на состојбите во која е доведено опстојувањето на АД Пошта на РСМ, зачувувањето на работните места на вработените и егзистенцијаta на нивните семејства, синдикалните организации и вработените на ден 22.05.2024 год (среда) со почеток на работното време од 08.00 чaсот ќе одржат протест во сите подружници во Македонија, велат од синдикатот на АД Пошта.
Вработените, како што наведуваат од синдикатот, со протестот ја отпочнуваат постапката за штрајк.

The post Протест на вработените во Пошта низ цела Македонија appeared first on Република.

]]>
За утре најавен двочасовен протест на вработените во националната Пошта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-utre-najaven-dvochasoven-protest-na-vrabotenite-vo-natsionalnata-poshta/ Sun, 17 Mar 2024 18:38:01 +0000 https://republika.mk/?p=755674

Синдикалните организации на Македонска Пошта најавиуваат дека утре од 08:00 до 10:00 ќе одржат протест пред Дирекцијата и во сите подружници на националната Пошта, преку кој ќе побараат исплата на платата за минатиот месец и  решение за состојбата во поштенското претпријатие.

Според Синдикатот на Македонска пошта, поради алармантноста на состојбите и финансиската криза во која е доведена АД Пошта, вработените се загрижени за опстојување и иднината на Пошта, зачувување на работните места и егзистенција на нивните семејства.

-На протестот вработените ќе го изразат револтот и загриженоста од серизноста на состојбите во која е доведена АД Пошта предизвикани од финансиската криза, крајно лошата организација во работењето, необезбедени услови и средства за работа, а најголемата загриженост и револт кај вработените е предизвикано од грубото непочитување на работничките права од страна на работодавачот. Односно, работодавачот и покрај законската обврска за редовна исплата на плата, не им исплати плата на работниците во законскиот рок до 15-ти во месецот, за февруари 2024 година доведувајќи ги работниците до работ на егзистенција и неможност за обезбедување пристоен живот на нивните семејства, со тоа работодавачот го прекрши елементарното работничко право на плата и непочитување на достоинството на работниците,  наведува во пишана изјава претседателот на Синдикатот на Македонска пошта Боро Велигденов.

Револтот и стравувањата, дополнува Велигденов, се дотолку поизразени од крајно лошата финансиска состојба на друшвото и неизвесноста за редовна исплата на плата во нареден период .

-Комуникацијата со раководството е на многу ниско ниво, немаат слух за проблемите на своите вработени и не се придржуваат до договорените ставови, права и обврски. Сите досегашни средби со менаџментот не вродија со плод, односно немање спремност за реформирање и реорганизање на друштвот кое е повеќе од потребно, токму затоа принудени од актуелната ситуација, огромната неизвесност за иднината на нашата компанија и зачувување на работните места вработените – членови на синдикатите својот револт и незадоволство ќе го искажат на општ протест, стои во најавата за протестот.

Синдикатот најави дека утре во 10 часот по завршувањето на протестот пред Дирекцијата на Поштата ќе одржи прес-конференција.

The post За утре најавен двочасовен протест на вработените во националната Пошта appeared first on Република.

]]>

Синдикалните организации на Македонска Пошта најавиуваат дека утре од 08:00 до 10:00 ќе одржат протест пред Дирекцијата и во сите подружници на националната Пошта, преку кој ќе побараат исплата на платата за минатиот месец и  решение за состојбата во поштенското претпријатие. Според Синдикатот на Македонска пошта, поради алармантноста на состојбите и финансиската криза во која е доведена АД Пошта, вработените се загрижени за опстојување и иднината на Пошта, зачувување на работните места и егзистенција на нивните семејства.
-На протестот вработените ќе го изразат револтот и загриженоста од серизноста на состојбите во која е доведена АД Пошта предизвикани од финансиската криза, крајно лошата организација во работењето, необезбедени услови и средства за работа, а најголемата загриженост и револт кај вработените е предизвикано од грубото непочитување на работничките права од страна на работодавачот. Односно, работодавачот и покрај законската обврска за редовна исплата на плата, не им исплати плата на работниците во законскиот рок до 15-ти во месецот, за февруари 2024 година доведувајќи ги работниците до работ на егзистенција и неможност за обезбедување пристоен живот на нивните семејства, со тоа работодавачот го прекрши елементарното работничко право на плата и непочитување на достоинството на работниците,  наведува во пишана изјава претседателот на Синдикатот на Македонска пошта Боро Велигденов.
Револтот и стравувањата, дополнува Велигденов, се дотолку поизразени од крајно лошата финансиска состојба на друшвото и неизвесноста за редовна исплата на плата во нареден период .
-Комуникацијата со раководството е на многу ниско ниво, немаат слух за проблемите на своите вработени и не се придржуваат до договорените ставови, права и обврски. Сите досегашни средби со менаџментот не вродија со плод, односно немање спремност за реформирање и реорганизање на друштвот кое е повеќе од потребно, токму затоа принудени од актуелната ситуација, огромната неизвесност за иднината на нашата компанија и зачувување на работните места вработените – членови на синдикатите својот револт и незадоволство ќе го искажат на општ протест, стои во најавата за протестот.
Синдикатот најави дека утре во 10 часот по завршувањето на протестот пред Дирекцијата на Поштата ќе одржи прес-конференција.

The post За утре најавен двочасовен протест на вработените во националната Пошта appeared first on Република.

]]>
Пошта повторно прима и испраќа мали пакети и препорачани пратки за САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/poshta-povtorno-prima-i-ispraka-mali-paketi-i-preporachani-pratki-za-sad/ Mon, 20 Mar 2023 16:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=621692

Македонска пошта повторно започна со прием и испраќање на мали пакети и препорачани пратки до два килограми кои содржат предмети/стока за Соединетите Американски Држави.

За навремено пристигнување пратки во одредишните земји во светот од Пошта потсетуваат на обврската за точно и прецизно пополнување на царинската декларација образец CN 22/23.

Авиокомпаниите преку кои се транспортираат поштенските пратки, сé уште вршат промени на летовите на дневна или неделна основа, па со оглед на тоа очекувани се задоцнувања во транспортот, велат од Пошти.

The post Пошта повторно прима и испраќа мали пакети и препорачани пратки за САД appeared first on Република.

]]>

Македонска пошта повторно започна со прием и испраќање на мали пакети и препорачани пратки до два килограми кои содржат предмети/стока за Соединетите Американски Држави. За навремено пристигнување пратки во одредишните земји во светот од Пошта потсетуваат на обврската за точно и прецизно пополнување на царинската декларација образец CN 22/23. Авиокомпаниите преку кои се транспортираат поштенските пратки, сé уште вршат промени на летовите на дневна или неделна основа, па со оглед на тоа очекувани се задоцнувања во транспортот, велат од Пошти.

The post Пошта повторно прима и испраќа мали пакети и препорачани пратки за САД appeared first on Република.

]]>
Некогаш било гордост да се работи таму: „Пошта“ наместо со поштари се трупа со „џаболебари“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nekogash-bilo-gordost-da-se-raboti-tamu-poshta-namesto-so-poshtari-se-trupa-so-dhabolebari/ Fri, 24 Feb 2023 13:47:20 +0000 https://republika.mk/?p=612791

Вработените во „Македонска Пошта“ се жалат за лошите услови за работа, намалените и нередовните плати кои се под просекот, но и за малтретирањето на кои се изложени ако се пожалат кај одговорните.

Тие немајќи каде формирале Фејсбук група во која си кажувале маките но надлежните реагирале и им се заканувале за еден „лајк“ или коментар кои ќе го остават вработените на социјалните мрежи.Имало и казни префрлање 30 километри на работа од местото на живеење.

Тие коментираат дека некогаш било гордост да кажеш дека си вработен во " Македонска Пошта ", но сега не е така.

Претпријатието има превработеност, околу 2100 се ангажирани во моментов, но недостасуваат тие што се најпотребни а тоа се поштари. Но затоа „Пошта“ е преполна со „џаболебари“ директори, соработници,управници,раководители, “шефчиња“,контролори, референти, инспектори-вкупно 530 , колку што има поштораснесувачи како што ги нарекуваат поштарите кои се и најпотребни.

Соња  Дојчиновска Јанакиевска е една од вработените во „Пошта“ која трпи најмногу тортури од надлежните синдикалци. Таа вели дека трпат класичен мобинг и биле принудени да формираат Иницијативен одбор за спас на Пошта" што иницираше Петиција за собирање потписи за недоверба во актуелните Синдикални водачи .

Ние во Пошта сме "привилегирани" да" уживаме " во раритетен тип на мобинг - Синдикален .95% од Синдикалните повереници се со раководни функции и после како да ја биде работата ?Бидува ли ,тој што те тепа и да те брани ?Тој што те тужи, да те суди -вели Јанакиевска.

Тој " Иницијативниот одбор за спас на Пошта" пристапил кон создавање нова "Синдикална Организација на Поштенски Работници  која ималал за цел да се чуе гласот на работникот.

Можеби круцијално за донесување на оваа одлука било незадоволството на членството на еден од двата репрезентативни Синдикати кога се разбрало дека  со години лажно се претставуваат како КСС држејќи го во заблуда членството и при тоа правејќи за себе голема материјална придобивка со 6-7 годишното не плаќање членарина кон матичниот Синдикат.

Иницијативниот одбор за спас на Пошта" пристапи кон создавање нова "Синдикална Организација на Поштенски Работници " која се роди како Феникс, од пепелта во која што пробуваа да не претворат . СОПР - за да се чуе гласот на работникот.
За матична куќа ги одбравме или можеби тие нас не одбраа КСС и Синдикатот за транспорт и врски .Можеби круцијално за донесување на оваа одлука беше незадоволството на членството на еден од двата репрезентативни Синдикати кога се разбра дека веќе со години лажно се претставуваат како КСС

Држејќи го во заблуда членството и при тоа правејќи за себе голема материјална придобивка со 6-7 годишното не плаќање членарина кон матичниот Синдикат.
Експресно после нашето изнесување на овие нивни матни игри на виделина тие направија трансфер и си ја пренесоа Синдикалната черга - ( велам вака бидејќи нивниот однос кон Синдикализмот токму на чергарство потсетува )

При тоа никој од членството не беше запрашан дали се сложува со таа одлука , токму како да се приврзок на дотичниот синдикален челник . Да имаше во овса ситуација барем " С "од Синдикализам ќе беше логично што е и правно последователно - потпишување на нови пристапници бидејќи на старите печатот а верувам и главната мотивација за членство е КСС .

Капак на се  било отварањето на оглас за нови вработувања на 31 административец кои воопшто не биле потребни.Се надевам дека успеав да пренесам барем дел од сивилото што ни е опкружување ,сепак надежта последна умира - вели  Соња  Дојчиновска Јанакиевска за случувањата во „Пошта“.

The post Некогаш било гордост да се работи таму: „Пошта“ наместо со поштари се трупа со „џаболебари“ appeared first on Република.

]]>

Вработените во „Македонска Пошта“ се жалат за лошите услови за работа, намалените и нередовните плати кои се под просекот, но и за малтретирањето на кои се изложени ако се пожалат кај одговорните. Тие немајќи каде формирале Фејсбук група во која си кажувале маките но надлежните реагирале и им се заканувале за еден „лајк“ или коментар кои ќе го остават вработените на социјалните мрежи.Имало и казни префрлање 30 километри на работа од местото на живеење. Тие коментираат дека некогаш било гордост да кажеш дека си вработен во " Македонска Пошта ", но сега не е така. Претпријатието има превработеност, околу 2100 се ангажирани во моментов, но недостасуваат тие што се најпотребни а тоа се поштари. Но затоа „Пошта“ е преполна со „џаболебари“ директори, соработници,управници,раководители, “шефчиња“,контролори, референти, инспектори-вкупно 530 , колку што има поштораснесувачи како што ги нарекуваат поштарите кои се и најпотребни. Соња  Дојчиновска Јанакиевска е една од вработените во „Пошта“ која трпи најмногу тортури од надлежните синдикалци. Таа вели дека трпат класичен мобинг и биле принудени да формираат Иницијативен одбор за спас на Пошта" што иницираше Петиција за собирање потписи за недоверба во актуелните Синдикални водачи .
Ние во Пошта сме "привилегирани" да" уживаме " во раритетен тип на мобинг - Синдикален .95% од Синдикалните повереници се со раководни функции и после како да ја биде работата ?Бидува ли ,тој што те тепа и да те брани ?Тој што те тужи, да те суди -вели Јанакиевска.
Тој " Иницијативниот одбор за спас на Пошта" пристапил кон создавање нова "Синдикална Организација на Поштенски Работници  која ималал за цел да се чуе гласот на работникот. Можеби круцијално за донесување на оваа одлука било незадоволството на членството на еден од двата репрезентативни Синдикати кога се разбрало дека  со години лажно се претставуваат како КСС држејќи го во заблуда членството и при тоа правејќи за себе голема материјална придобивка со 6-7 годишното не плаќање членарина кон матичниот Синдикат. Иницијативниот одбор за спас на Пошта" пристапи кон создавање нова "Синдикална Организација на Поштенски Работници " која се роди како Феникс, од пепелта во која што пробуваа да не претворат . СОПР - за да се чуе гласот на работникот. За матична куќа ги одбравме или можеби тие нас не одбраа КСС и Синдикатот за транспорт и врски .Можеби круцијално за донесување на оваа одлука беше незадоволството на членството на еден од двата репрезентативни Синдикати кога се разбра дека веќе со години лажно се претставуваат како КСС Држејќи го во заблуда членството и при тоа правејќи за себе голема материјална придобивка со 6-7 годишното не плаќање членарина кон матичниот Синдикат. Експресно после нашето изнесување на овие нивни матни игри на виделина тие направија трансфер и си ја пренесоа Синдикалната черга - ( велам вака бидејќи нивниот однос кон Синдикализмот токму на чергарство потсетува ) При тоа никој од членството не беше запрашан дали се сложува со таа одлука , токму како да се приврзок на дотичниот синдикален челник . Да имаше во овса ситуација барем " С "од Синдикализам ќе беше логично што е и правно последователно - потпишување на нови пристапници бидејќи на старите печатот а верувам и главната мотивација за членство е КСС .
Капак на се  било отварањето на оглас за нови вработувања на 31 административец кои воопшто не биле потребни.Се надевам дека успеав да пренесам барем дел од сивилото што ни е опкружување ,сепак надежта последна умира - вели  Соња  Дојчиновска Јанакиевска за случувањата во „Пошта“.

The post Некогаш било гордост да се работи таму: „Пошта“ наместо со поштари се трупа со „џаболебари“ appeared first on Република.

]]>
Синдикатот на Македонска пошта бара да се стопира вработувањето на 31 административен службеник https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sindikatot-na-makedonska-poshta-bara-da-se-stopira-vrabotuvaneto-na-31-administrativen-sluzhbenik/ Fri, 17 Feb 2023 08:00:11 +0000 https://republika.mk/?p=609999

Синдикатот на Македонска пошта бара генералниот директор да ја преиспита и стопира одлуката за распишување јавен оглас за вработување на 31 административен работник поради, имајќи ја во предвид, како што соопштуваат „лошата финансиска состојба со која се доведува во ризик за обезбедување редовна плата за постоечките работници“.

Во овие моменти на сериозна финансиска криза на друштвото, кога вработените во Пошта стравуваат за зачувување на своите работни места и егзистенција на своите семејства, предизвикани од лошата финансиска состојба на Друштвото како последица на намалените приходи и проблемите со кои се соочуваме во организација на работењето, генералниот директор на Пошта на РСМ распишува јавен оглас за нови вработувања во администрација објавен во дневните весници „Слободен печат“ и „Коха“ во изданијата од 16.02.2023, велат во соопштение од Синдикатот на Македонска пошта.

Оттаму потенцираат дека од ден на ден загриженоста и неизвесноста кај вработените е се поголема, особено, како што потенцираат, неизвесноста за редовна исплата на плата во законски рок во нареден период- месеци, а дополнително загрижува фактот што доцни и исплатата на платата за јануари 2023 година во предвидениот законски рок до 15-ти во месецот. – И покрај тоа се распишува оглас за нови вработувања и тоа во админстрација каде што има превработеност а тие работни места може да се пополнат со внатрешно прераспоредување. Сето ова е крајно несериозно и дополнително ја загрозува иднината и егзистенцијата на над 2000 вработени, посочува Синдикатот.

И во оваа состојба на криза и неизвесност на Друштвото, дополнуваат,не би биле против за нови вработувања доколку се во согласност со реалните потреби на Друштвото, а се однесуваат за пополнување испразнети работни места од технолошкиот процес кои ќе допринесат поголема ефикасност и продуктивност во насока на стабилизација и зголемување на приходите на друштвото а со тоа подобрување на услугата кон граѓаните.

Имено, посочените испразнети работни места за кои е распишан јавен оглас може да се пополнат со внатрешно прераспоредување на постоечките кадри имајќи го предвид фактот дека во администрацијата на Друштвото има превработеност и ова е добра прилика да се направи внатрешно прераспоредување согласно нивниот работен стаж, образование, искуство и квалификации, се со цел за поголема продуктивност и ефикасност во работењето, наведува Синдикатот и реагира дека раководството не спровело постапка за информирање и консултирање со синдикатите за ова прашање и оти постапката е спроведена спротивно на Законот за работни односи, конвенциите на МОТ и директивите на ЕУ за информирање и консултирање. 

Синдикатот на Македонска пошта и вработените го повикуваат генералниот директор да ја преиспита одлуката за распишување јавен оглас за вработување на нови административни работници.

The post Синдикатот на Македонска пошта бара да се стопира вработувањето на 31 административен службеник appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на Македонска пошта бара генералниот директор да ја преиспита и стопира одлуката за распишување јавен оглас за вработување на 31 административен работник поради, имајќи ја во предвид, како што соопштуваат „лошата финансиска состојба со која се доведува во ризик за обезбедување редовна плата за постоечките работници“.
Во овие моменти на сериозна финансиска криза на друштвото, кога вработените во Пошта стравуваат за зачувување на своите работни места и егзистенција на своите семејства, предизвикани од лошата финансиска состојба на Друштвото како последица на намалените приходи и проблемите со кои се соочуваме во организација на работењето, генералниот директор на Пошта на РСМ распишува јавен оглас за нови вработувања во администрација објавен во дневните весници „Слободен печат“ и „Коха“ во изданијата од 16.02.2023, велат во соопштение од Синдикатот на Македонска пошта.
Оттаму потенцираат дека од ден на ден загриженоста и неизвесноста кај вработените е се поголема, особено, како што потенцираат, неизвесноста за редовна исплата на плата во законски рок во нареден период- месеци, а дополнително загрижува фактот што доцни и исплатата на платата за јануари 2023 година во предвидениот законски рок до 15-ти во месецот. – И покрај тоа се распишува оглас за нови вработувања и тоа во админстрација каде што има превработеност а тие работни места може да се пополнат со внатрешно прераспоредување. Сето ова е крајно несериозно и дополнително ја загрозува иднината и егзистенцијата на над 2000 вработени, посочува Синдикатот. И во оваа состојба на криза и неизвесност на Друштвото, дополнуваат,не би биле против за нови вработувања доколку се во согласност со реалните потреби на Друштвото, а се однесуваат за пополнување испразнети работни места од технолошкиот процес кои ќе допринесат поголема ефикасност и продуктивност во насока на стабилизација и зголемување на приходите на друштвото а со тоа подобрување на услугата кон граѓаните.
Имено, посочените испразнети работни места за кои е распишан јавен оглас може да се пополнат со внатрешно прераспоредување на постоечките кадри имајќи го предвид фактот дека во администрацијата на Друштвото има превработеност и ова е добра прилика да се направи внатрешно прераспоредување согласно нивниот работен стаж, образование, искуство и квалификации, се со цел за поголема продуктивност и ефикасност во работењето, наведува Синдикатот и реагира дека раководството не спровело постапка за информирање и консултирање со синдикатите за ова прашање и оти постапката е спроведена спротивно на Законот за работни односи, конвенциите на МОТ и директивите на ЕУ за информирање и консултирање. 
Синдикатот на Македонска пошта и вработените го повикуваат генералниот директор да ја преиспита одлуката за распишување јавен оглас за вработување на нови административни работници.

The post Синдикатот на Македонска пошта бара да се стопира вработувањето на 31 административен службеник appeared first on Република.

]]>
Сметките доцнат, граѓаните плаќаат камати и трошат време на административни процедури https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/smetkite-dotsnat-graganite-plakaat-kamati-i-troshat-vreme-na-administrativni-protseduri/ Sun, 12 Feb 2023 17:16:20 +0000 https://republika.mk/?p=608071

Задоцнетата испорака на фактурите по разни основи на граѓаните кои избирале да ги добиваат во хартиена форма ги чини дополнителен износ на сметките поради плаќање камата, како и трошење време за административни процедури за „поправање“ на состојбата. Решение за тој хроничен проблем според компаниите и регулаторите е зголемена информираност на граѓаните за опциите што им се на раслогање и користење онлајн услуги.

За испораката на фактурите преку поштенско сандаче секоја компанија има посебен пристап, преку сопствени инкасанти или преку националната Пошта, како носител на универзалната услуга со монополска позиција во испораката на тој тип услуги.
Од телекомуникацискиот оператор А1 Македонија велат дека редовно ги пријавуваат поплаките за доставата на фактурите.

Поплаките т.е. приговорите за проблемите поврзани со достава на фактурите во печатена форма се пријавуваат редовно до давателот на услуги за достава – Пошта на Македонија електронски по договорен канал, велат за МИА од А1 Македонија.

Опциите за достава на месечните фактури за комуникациски услуги до корисниците на А1 Македонија се во хартиена форма или електронски. Доставата на фактурите до корисниците не се наплаќа т.е. е бесплатна. Електронските фактури се достапни до крајните корисници по електронска пошта или со бесплатно преземање преку активен линк, кој им се испраќа по пат на СМС.
Од ЕВН Македонија посочуваат дека долги години промовираат многубројни онлајн услуги наменети за корисниците, од што дел е и електронската достава на фактурите.

На страницата evnonline.mk на многу брз и едноставен начин корисниците може да се регистрираат за добивање на фактурите за електрична енергија по електронски пат или да креираат кориснички профил „Мој ЕВН Хоме“ и во секое време да бидат во можност да преземат фактури. Со овие услуги фактурите ќе ги добиваат навремено и ќе го избегнуваат моментот на нивното недобивање, велат од ЕВН Македонија за МИА.
За добивање фактура корисниците може да се обратат и во корисничките центри, Контакт центарот на ЕВН Македонија и во Инфо центарот на ЕВН во ГТЦ во Скопје. Компанијата располага со повеќе решенија за плаќање кои корисниците може да ги користат: онлајн плаќање без провизија преку веб страната evnonline.mk, безготовинско плаќање без провизија, преку терминалите на ЕВН поставени во Корисничките енерго центри и Инфо центарот на ЕВН во ГТЦ, електронско плаќање без провизија, користење на траен налог и плаќање во пошта и банки.

Од ЈП „Водовод и канализација“, пак, доставата на фактурите ја вршат преку свои инкасанти и тврдат дека има минорни поплаки. За секоја поплака или рекламација на корисник, усно на шалтерите, телефонски или во електронска форма, според прес-службата на претпријатието, веднаш се реагира и доколку има потреба се доставуваат копии од фактурите. Каматата поради ненавремено подмирување на фактурите се пресметува согласно законските нормативи.

Секој корисник на нашите услуги доколку не добие навремено фактура има обврска да го извести ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. Ние како компанија која е сервис на граѓаните веднаш интервенираме. Сакаме да напоменеме дека минорни се поплаките за нередовна достава на фактурите, а како компанија овозможуваме и електронска достава на фактурите, со што е овозможено и брзо и лесно подмирување на фактурите без пресметка на провизија. Овој начин на достава на фактурите веќе го користат над 50.000 корисници на нашите услуги, посочуваат од ЈП Водовод и канализација за МИА.

Оттаму апелираат до граѓаните доколку имаат проблем со достава на фактурите да се обратат до нивните служби на телефонскиот број или електронската пошта и потенцираат дека остануават отворени за соработка и решавање на сите состојби кои се во нивна надлежност.

Откако ЕСМ Снабдување со топлина ја доби лиценцата за снабдување со топлинска енергија на подрачјето на градот Скопје и започна со издавање фактури за своите потрошувачи, склучи договор со АД Пошта на Македонија за соработка и достава на поштенски пратки и испорака на фактури за топлинска енергија до потрошувачите кои тоа го навеле при потпишување на договорот за снабдување.

Во изминатиот период нема реакции за задоцнета испорака на фактурите за парно греење испратени преку АД Пошта до потрошувачите, изјавија од ЕСМ.

Фактурите за топлинска енергија се доставуваат до потрошувачите во еден примерок, на еден од следните начини: по електронска пошта, со услугата „е-фактура“ по претходна согласност од потрошувачите кои ја активирале услугата „е-фактура“ со достава на “формулар е-фактура” по електронска пошта contact@esm-snabduvanje.mk или во Пункт за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина, како и во поштенско сандаче во печатена форма.

Од Пошта  не одговорија на прашањата што ги упативме во однос на поплаките од граѓаните за ненавремена испорака на фактури, како и бројот на поднесени рекламации по тој основ. Тие од 1 февруари применуваат нови цени за осум поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај во опфатот на универзалната услуга каде имаат монополска позиција. Зголемување на цените има за стандардизирано и за нестандардизирано писмо до 50 грама за што наместо 25 денари се плаќа 36 денари, за стандардизирана картичка до 50 грама – 16 денари, за нестандардизирано писмо oд 50 до 100 грама – 48 денари, а за нестандардизирано писмо од 100 до 250 грама – 60 денари.

Поплаките на кои алармираат граѓаните не се пресликуваат во официјалната статистика со поднесени барања кај регулаторните тела на пазарите за електронски комуникации и за поштенски услуги, кои имаат имаат утврдени правила за постапување во случај на ненавремена испорака.

Во Агенцијата за пошти изминатата година корисниците на поштенски услуги поднеле 29 претставки и два управни приговора, што во споредба со 2021 година бележи намалување, кога во Агенцијата биле поднесени 49 претставки и 2 приговора.  Овој податок, според нив,  укажува дека сепак корисниците за одредени прашања и проблеми поврзани со доставата на пратките, успеваат да добијат одговор и да најдат заедничко решение со давателите на поштенските услуги во прва инстанца.

Во првото полугодие од 2022 година, до давателот на универзалната услуга АД „Пошта на Македонија“ биле поднесени 273 рекламации, наспроти 458 во првото полугодие од 2021 година. Кај давателот на универзалната услуга, 99,63 проценти од рекламациите се однесувале за изгубени препорачани писма. Од АП ги поттикнуваат корисниците на поштенски услуги доколку имаат основани забелешки за услугата која ја користеле, да го искористат своето законско право, и да поднесат писмена рекламација до давателот кој ја обезбедувал поштенската услуга.

Во статистиката која ја води Агенцијата за електронски комуникаци во делот барање за решавање на спор, досега не е забележен случај на приговори од корисници, каде основ за приговор е ненавремена или воопшто недоставена фактура. Во случај кога до АЕК би пристигнало такво барање Агенцијата има обврска да ги утврдува сите факти и околности и решава во рамки на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) и Правилникот за видот и содржината на податоците и информациите за општите услови во однос на пристапот и користењето на јавните комуникациски услуги кои ги објавуваат операторите и за видот и содржината на податоците што ке ги објавува АЕК.

Во Правилникот е утврдена формата и начинот на информирање и комуникација со претплатниците, како и дека „доставувањето на писменото може да се врши и во електронска форма, доколку операторот има потврдена еmail адреса од претплатникот преку која ќе се врши доставата”. Дополнително во член 17 од Правилник со кој е уредена фактурата и начинот на плаќање, е утврдено дека: операторот треба на своите претплатници, да им издава фактура во пишана форма и оти доставата е согласно Законот за данокот на додадена вредност.

Непримањето на фактурата или непоседувањето од која и да било причина не го ослободува претплатникот од обврската да го плати износот што го должи во предвидениот рок, односно претплатникот треба сам да ја побара фактурата, доколку не ја примил на време. Во случај на ненавремено плаќање, операторот има право да пресметува законска казнена камата од денот кога претплатникот задоцнил со плаќањето, објаснуваат од АЕК.

The post Сметките доцнат, граѓаните плаќаат камати и трошат време на административни процедури appeared first on Република.

]]>

Задоцнетата испорака на фактурите по разни основи на граѓаните кои избирале да ги добиваат во хартиена форма ги чини дополнителен износ на сметките поради плаќање камата, како и трошење време за административни процедури за „поправање“ на состојбата. Решение за тој хроничен проблем според компаниите и регулаторите е зголемена информираност на граѓаните за опциите што им се на раслогање и користење онлајн услуги. За испораката на фактурите преку поштенско сандаче секоја компанија има посебен пристап, преку сопствени инкасанти или преку националната Пошта, како носител на универзалната услуга со монополска позиција во испораката на тој тип услуги. Од телекомуникацискиот оператор А1 Македонија велат дека редовно ги пријавуваат поплаките за доставата на фактурите.
Поплаките т.е. приговорите за проблемите поврзани со достава на фактурите во печатена форма се пријавуваат редовно до давателот на услуги за достава – Пошта на Македонија електронски по договорен канал, велат за МИА од А1 Македонија.
Опциите за достава на месечните фактури за комуникациски услуги до корисниците на А1 Македонија се во хартиена форма или електронски. Доставата на фактурите до корисниците не се наплаќа т.е. е бесплатна. Електронските фактури се достапни до крајните корисници по електронска пошта или со бесплатно преземање преку активен линк, кој им се испраќа по пат на СМС. Од ЕВН Македонија посочуваат дека долги години промовираат многубројни онлајн услуги наменети за корисниците, од што дел е и електронската достава на фактурите. На страницата evnonline.mk на многу брз и едноставен начин корисниците може да се регистрираат за добивање на фактурите за електрична енергија по електронски пат или да креираат кориснички профил „Мој ЕВН Хоме“ и во секое време да бидат во можност да преземат фактури. Со овие услуги фактурите ќе ги добиваат навремено и ќе го избегнуваат моментот на нивното недобивање, велат од ЕВН Македонија за МИА. За добивање фактура корисниците може да се обратат и во корисничките центри, Контакт центарот на ЕВН Македонија и во Инфо центарот на ЕВН во ГТЦ во Скопје. Компанијата располага со повеќе решенија за плаќање кои корисниците може да ги користат: онлајн плаќање без провизија преку веб страната evnonline.mk, безготовинско плаќање без провизија, преку терминалите на ЕВН поставени во Корисничките енерго центри и Инфо центарот на ЕВН во ГТЦ, електронско плаќање без провизија, користење на траен налог и плаќање во пошта и банки. Од ЈП „Водовод и канализација“, пак, доставата на фактурите ја вршат преку свои инкасанти и тврдат дека има минорни поплаки. За секоја поплака или рекламација на корисник, усно на шалтерите, телефонски или во електронска форма, според прес-службата на претпријатието, веднаш се реагира и доколку има потреба се доставуваат копии од фактурите. Каматата поради ненавремено подмирување на фактурите се пресметува согласно законските нормативи.
Секој корисник на нашите услуги доколку не добие навремено фактура има обврска да го извести ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. Ние како компанија која е сервис на граѓаните веднаш интервенираме. Сакаме да напоменеме дека минорни се поплаките за нередовна достава на фактурите, а како компанија овозможуваме и електронска достава на фактурите, со што е овозможено и брзо и лесно подмирување на фактурите без пресметка на провизија. Овој начин на достава на фактурите веќе го користат над 50.000 корисници на нашите услуги, посочуваат од ЈП Водовод и канализација за МИА.
Оттаму апелираат до граѓаните доколку имаат проблем со достава на фактурите да се обратат до нивните служби на телефонскиот број или електронската пошта и потенцираат дека остануават отворени за соработка и решавање на сите состојби кои се во нивна надлежност. Откако ЕСМ Снабдување со топлина ја доби лиценцата за снабдување со топлинска енергија на подрачјето на градот Скопје и започна со издавање фактури за своите потрошувачи, склучи договор со АД Пошта на Македонија за соработка и достава на поштенски пратки и испорака на фактури за топлинска енергија до потрошувачите кои тоа го навеле при потпишување на договорот за снабдување.
Во изминатиот период нема реакции за задоцнета испорака на фактурите за парно греење испратени преку АД Пошта до потрошувачите, изјавија од ЕСМ.
Фактурите за топлинска енергија се доставуваат до потрошувачите во еден примерок, на еден од следните начини: по електронска пошта, со услугата „е-фактура“ по претходна согласност од потрошувачите кои ја активирале услугата „е-фактура“ со достава на “формулар е-фактура” по електронска пошта contact@esm-snabduvanje.mk или во Пункт за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина, како и во поштенско сандаче во печатена форма. Од Пошта  не одговорија на прашањата што ги упативме во однос на поплаките од граѓаните за ненавремена испорака на фактури, како и бројот на поднесени рекламации по тој основ. Тие од 1 февруари применуваат нови цени за осум поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај во опфатот на универзалната услуга каде имаат монополска позиција. Зголемување на цените има за стандардизирано и за нестандардизирано писмо до 50 грама за што наместо 25 денари се плаќа 36 денари, за стандардизирана картичка до 50 грама – 16 денари, за нестандардизирано писмо oд 50 до 100 грама – 48 денари, а за нестандардизирано писмо од 100 до 250 грама – 60 денари. Поплаките на кои алармираат граѓаните не се пресликуваат во официјалната статистика со поднесени барања кај регулаторните тела на пазарите за електронски комуникации и за поштенски услуги, кои имаат имаат утврдени правила за постапување во случај на ненавремена испорака. Во Агенцијата за пошти изминатата година корисниците на поштенски услуги поднеле 29 претставки и два управни приговора, што во споредба со 2021 година бележи намалување, кога во Агенцијата биле поднесени 49 претставки и 2 приговора.  Овој податок, според нив,  укажува дека сепак корисниците за одредени прашања и проблеми поврзани со доставата на пратките, успеваат да добијат одговор и да најдат заедничко решение со давателите на поштенските услуги во прва инстанца. Во првото полугодие од 2022 година, до давателот на универзалната услуга АД „Пошта на Македонија“ биле поднесени 273 рекламации, наспроти 458 во првото полугодие од 2021 година. Кај давателот на универзалната услуга, 99,63 проценти од рекламациите се однесувале за изгубени препорачани писма. Од АП ги поттикнуваат корисниците на поштенски услуги доколку имаат основани забелешки за услугата која ја користеле, да го искористат своето законско право, и да поднесат писмена рекламација до давателот кој ја обезбедувал поштенската услуга. Во статистиката која ја води Агенцијата за електронски комуникаци во делот барање за решавање на спор, досега не е забележен случај на приговори од корисници, каде основ за приговор е ненавремена или воопшто недоставена фактура. Во случај кога до АЕК би пристигнало такво барање Агенцијата има обврска да ги утврдува сите факти и околности и решава во рамки на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) и Правилникот за видот и содржината на податоците и информациите за општите услови во однос на пристапот и користењето на јавните комуникациски услуги кои ги објавуваат операторите и за видот и содржината на податоците што ке ги објавува АЕК. Во Правилникот е утврдена формата и начинот на информирање и комуникација со претплатниците, како и дека „доставувањето на писменото може да се врши и во електронска форма, доколку операторот има потврдена еmail адреса од претплатникот преку која ќе се врши доставата”. Дополнително во член 17 од Правилник со кој е уредена фактурата и начинот на плаќање, е утврдено дека: операторот треба на своите претплатници, да им издава фактура во пишана форма и оти доставата е согласно Законот за данокот на додадена вредност. Непримањето на фактурата или непоседувањето од која и да било причина не го ослободува претплатникот од обврската да го плати износот што го должи во предвидениот рок, односно претплатникот треба сам да ја побара фактурата, доколку не ја примил на време. Во случај на ненавремено плаќање, операторот има право да пресметува законска казнена камата од денот кога претплатникот задоцнил со плаќањето, објаснуваат од АЕК.

The post Сметките доцнат, граѓаните плаќаат камати и трошат време на административни процедури appeared first on Република.

]]>
Силјановска: Зошто Сали ги дискриминира колегите? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-zoshto-sali-gi-diskriminira-kolegite/ Thu, 24 Nov 2022 13:52:27 +0000 https://republika.mk/?p=577862

Првото прашање ќе го упатам до министерот за здравство, и се однесува на продолжувањето на работниот однос на здравствените работници и соработници кои наполниле 64 години и имаат 15 години пензиски стаж. Според правен основ, измени и дополни на член 104 од Законот за работни односи во 2021 година, каде се дава можност со посебен закон односно lex specialis во случајот Законот за здравство да се продолжи работата најдолго до 67 години. Општествена оправданост е поради хроничен недостиг на кадар, егзодус на лекарите и соработниците надвор, насушна потреба од високо квалификуван кадар и нужност од добра здравствена заштита наша. Постапката е да директорот на здравствената установа по приемот на претходно изразената согласност од здравствениот соработник односно работник кој што ги исполнил условите за пензија да остане до 67 години, го потврдува тоа и го испраќа до министерот чија единствена надлежност е да го потврди“, истакна Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на денешната собраниска седница по пратенички прашања.

Силјановска Давкова додаде дека нејзино прашање е зошто министерот за здравство постапува спротивно на Законот и се однесува како да од него зависи законското право. Според неа министерот мора да го штити јавниот интерес и здравјето на граѓаните. Не треба министерот да ги дискриминира колегите.

Второто прашање е до премиерот, можеше и да биде до министерот за транспорт и врски, меѓутоа тоа би сакала премиерот и повеќе барам од него мислење одошто што е тоа директно прашање. А, се однесува на Македонски пошти. Поштата е наша, на граѓаните, а не на директорите и на администрацијата. Затоа тие на чело на Поштата треба да се бираат врз основа на конкурс, врз основа на стручност и компетентност. И затоа јас прашувам кога Поштата ќе ни биде вратена нам на граѓаните? Бидејќи тоа е еден огромен објект кој што функционираше со децении и мислам дека час поскоро треба да се отворат портите на Поштата“, укажа Силјановска Давкова.

Третото прашање се однесува на министерот за правда, на мојот колега, и е врзано за т.н. јавнообвинителска трагедија. Како може да се реши проблемот со Јавното обивинителство? По мене и моите два предлози се, прво – оставка од првиот, односно сонцето во јавното обвинителство кое се затемни. А, вториот одговор може да биде барање од предлагачот значи од Владата за разрешување на Јавниот обвинител. Но, прашањето до министерот е повеќе од стручен аспект – Имате ли вие трет предлог? имено, во програмата на СДСМ пишуваше дека предлагаат да се бира Јавен обвинител на предлог на опозицијата. Компаративните искуства покажуваат дека мнозинство за Јавните обвинители е повисоко. Зошто? Заради двотретинското мнозинство да има обединувачка улога. Значи, министре јас не барам од Вас да се мешате во правосудство, меѓутоа многу ме интересира како мислите дека треба да се разреши оваа јавно обвинителска правна трагедија“, нагласи пратеничката.

The post Силјановска: Зошто Сали ги дискриминира колегите? appeared first on Република.

]]>

Првото прашање ќе го упатам до министерот за здравство, и се однесува на продолжувањето на работниот однос на здравствените работници и соработници кои наполниле 64 години и имаат 15 години пензиски стаж. Според правен основ, измени и дополни на член 104 од Законот за работни односи во 2021 година, каде се дава можност со посебен закон односно lex specialis во случајот Законот за здравство да се продолжи работата најдолго до 67 години. Општествена оправданост е поради хроничен недостиг на кадар, егзодус на лекарите и соработниците надвор, насушна потреба од високо квалификуван кадар и нужност од добра здравствена заштита наша. Постапката е да директорот на здравствената установа по приемот на претходно изразената согласност од здравствениот соработник односно работник кој што ги исполнил условите за пензија да остане до 67 години, го потврдува тоа и го испраќа до министерот чија единствена надлежност е да го потврди“, истакна Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на денешната собраниска седница по пратенички прашања.
Силјановска Давкова додаде дека нејзино прашање е зошто министерот за здравство постапува спротивно на Законот и се однесува како да од него зависи законското право. Според неа министерот мора да го штити јавниот интерес и здравјето на граѓаните. Не треба министерот да ги дискриминира колегите.
Второто прашање е до премиерот, можеше и да биде до министерот за транспорт и врски, меѓутоа тоа би сакала премиерот и повеќе барам од него мислење одошто што е тоа директно прашање. А, се однесува на Македонски пошти. Поштата е наша, на граѓаните, а не на директорите и на администрацијата. Затоа тие на чело на Поштата треба да се бираат врз основа на конкурс, врз основа на стручност и компетентност. И затоа јас прашувам кога Поштата ќе ни биде вратена нам на граѓаните? Бидејќи тоа е еден огромен објект кој што функционираше со децении и мислам дека час поскоро треба да се отворат портите на Поштата“, укажа Силјановска Давкова. „Третото прашање се однесува на министерот за правда, на мојот колега, и е врзано за т.н. јавнообвинителска трагедија. Како може да се реши проблемот со Јавното обивинителство? По мене и моите два предлози се, прво – оставка од првиот, односно сонцето во јавното обвинителство кое се затемни. А, вториот одговор може да биде барање од предлагачот значи од Владата за разрешување на Јавниот обвинител. Но, прашањето до министерот е повеќе од стручен аспект – Имате ли вие трет предлог? имено, во програмата на СДСМ пишуваше дека предлагаат да се бира Јавен обвинител на предлог на опозицијата. Компаративните искуства покажуваат дека мнозинство за Јавните обвинители е повисоко. Зошто? Заради двотретинското мнозинство да има обединувачка улога. Значи, министре јас не барам од Вас да се мешате во правосудство, меѓутоа многу ме интересира како мислите дека треба да се разреши оваа јавно обвинителска правна трагедија“, нагласи пратеничката.

The post Силјановска: Зошто Сали ги дискриминира колегите? appeared first on Република.

]]>
Кога луѓето ќе видат дека пратка стигнува за 6-7 дена, прекинуваат да ги користат услугите на Македонски пошти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/koga-lugjeto-kje-vidat-deka-pratka-stignuva-za-6-7-dena-prekinuvaat-da-gi-koristat-uslugite-na-makedonski-poshti/ Thu, 20 Oct 2022 20:17:58 +0000 https://republika.mk/?p=563783

Заменик-премиерот Фатмир Битиќи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека кога граѓаните ќе видат дека пратка стигнува за 6-7 дена, истите прекинуваат да ги користат услугите на Македонски пошти.

„Јас не сум склон секогаш продажба и приватизација. Има други модели, модели на јавно-приватно партнерство кое што ние не сме ги испробале доволно во нашата земја, а можат да го дадат истиот ефект. Сметам дека во Македонски пошти пристапот е многу јасен. Да се постави добар менаџмент и волја од сите страни“, вели Битиќи.

Според него, се знае дека ваков модел не генерира резултат.

The post Кога луѓето ќе видат дека пратка стигнува за 6-7 дена, прекинуваат да ги користат услугите на Македонски пошти appeared first on Република.

]]>

Заменик-премиерот Фатмир Битиќи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека кога граѓаните ќе видат дека пратка стигнува за 6-7 дена, истите прекинуваат да ги користат услугите на Македонски пошти.
„Јас не сум склон секогаш продажба и приватизација. Има други модели, модели на јавно-приватно партнерство кое што ние не сме ги испробале доволно во нашата земја, а можат да го дадат истиот ефект. Сметам дека во Македонски пошти пристапот е многу јасен. Да се постави добар менаџмент и волја од сите страни“, вели Битиќи.
Според него, се знае дека ваков модел не генерира резултат.

The post Кога луѓето ќе видат дека пратка стигнува за 6-7 дена, прекинуваат да ги користат услугите на Македонски пошти appeared first on Република.

]]>
Ќе останеме и без пратки? Незадоволство и кај вработените во Пошта, почнуваат протести https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-ostaneme-i-bez-pratki-nezadovolstvo-i-kaj-vrabotenite-vo-poshta-pochnuvaat-protesti/ Wed, 19 Oct 2022 08:47:56 +0000 https://republika.mk/?p=562855

Вработените во „Пошта“ од денеска ќе одржуваат предупредувачки протести со цел да издејствуваат исплата на платата за септември.

Боро Велигденов, претседател на Синдикатот на Пошта за МИА изјави дека протестите ќе се одвиваат во тек на паузите на вработените во сите подружници на „Поштата“ низ државата.

Предупредувачките протести ќе продолжат и во наредните денови се додека не издејствуваме исплата на платата, изјави Велигденов, најавувајќи дека планираат да одржат и генерален протест пред Владата во наредниот период.

Велигденов вели дека имале средба со раководството на „Пошта“ кое ги информирало дека прави напори да обезбеди финансии и оти се чека поддршка од Владата. Во случај во меѓувреме да не се обезбеди исплата на платата генералниот протест Синдикатот ќе го организира наредниот викенд.

The post Ќе останеме и без пратки? Незадоволство и кај вработените во Пошта, почнуваат протести appeared first on Република.

]]>

Вработените во „Пошта“ од денеска ќе одржуваат предупредувачки протести со цел да издејствуваат исплата на платата за септември. Боро Велигденов, претседател на Синдикатот на Пошта за МИА изјави дека протестите ќе се одвиваат во тек на паузите на вработените во сите подружници на „Поштата“ низ државата.
Предупредувачките протести ќе продолжат и во наредните денови се додека не издејствуваме исплата на платата, изјави Велигденов, најавувајќи дека планираат да одржат и генерален протест пред Владата во наредниот период.
Велигденов вели дека имале средба со раководството на „Пошта“ кое ги информирало дека прави напори да обезбеди финансии и оти се чека поддршка од Владата. Во случај во меѓувреме да не се обезбеди исплата на платата генералниот протест Синдикатот ќе го организира наредниот викенд.

The post Ќе останеме и без пратки? Незадоволство и кај вработените во Пошта, почнуваат протести appeared first on Република.

]]>
Македонски пошти од утре ја прекинуваат работата на половина час, ако не земат плата, ќе протестираат пред Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-poshti-od-utre-ja-prekinuvaat-rabotata-na-polovina-chas-ako-ne-zemat-plata-kje-protestiraat-pred-vlada/ Tue, 18 Oct 2022 13:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=562586

Вработените во Македонски пошти од утре започнуваат со предупредувачки прекини во работата во време траење од половина час, објави „Курир“.

Тие паузата во текот на работните часа ќе ја поминат во предупредувачки прекин во работата бидејќи се уште немаат земено плата за месец септември.

Предупредувачките прекини ќе се одвиваат за време на паузата во времетраење од половина час се со цел за да не бидат оштетени корисниците на нивните услуги, но доколку не земат плата тие најавуваат и протест пред Владата на Република Македонија.

 

The post Македонски пошти од утре ја прекинуваат работата на половина час, ако не земат плата, ќе протестираат пред Влада appeared first on Република.

]]>

Вработените во Македонски пошти од утре започнуваат со предупредувачки прекини во работата во време траење од половина час, објави „Курир“. Тие паузата во текот на работните часа ќе ја поминат во предупредувачки прекин во работата бидејќи се уште немаат земено плата за месец септември. Предупредувачките прекини ќе се одвиваат за време на паузата во времетраење од половина час се со цел за да не бидат оштетени корисниците на нивните услуги, но доколку не земат плата тие најавуваат и протест пред Владата на Република Македонија.  

The post Македонски пошти од утре ја прекинуваат работата на половина час, ако не земат плата, ќе протестираат пред Влада appeared first on Република.

]]>
Над 1.000 вработени во Македонска пошта останаа без пари, директорот „моли“ да не организираат штрајк! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nad-1-000-vraboteni-vo-makedonska-poshta-ostanaa-bez-pari-direktorot-moli-da-ne-organiziraat-shtrajk/ Wed, 21 Sep 2022 09:20:59 +0000 https://republika.mk/?p=552841

Македонска пошта се без плати, ова за КУРИР го сведочи вработен во институцијата кој вели дека директорот ги оставил втора недела без плати.

„Законскиот рок за земање на платите во Македонска пошта е до 15-ти во месецот, но еве втора недела по ред плата се уште немаме“, вели извор за Курир.

Тој додава дека Синдикатот на Македонска пошта бил на состанок со директорот Васко Стефанов, а тој на истиот ги молел да нема штрајк или протест на вработените и дека плата ќе имало до крајот на месецот, за август, а на почеток на октомври (што е речиси следната недела) вработените ќе добијат плата за месец септември.

Во пошта во моментов има над 1.000 вработени, што значи дека сите тие на ниво на целата земја чекаат задоцнета плата која не се знае ниту дали и кога ќе ја земат.

Инаку вработените во месец април бараа линеарно покачување на платите, а тогаш организираа и штрајк со неработење и блокирање на институцијата.

The post Над 1.000 вработени во Македонска пошта останаа без пари, директорот „моли“ да не организираат штрајк! appeared first on Република.

]]>

Македонска пошта се без плати, ова за КУРИР го сведочи вработен во институцијата кој вели дека директорот ги оставил втора недела без плати.
„Законскиот рок за земање на платите во Македонска пошта е до 15-ти во месецот, но еве втора недела по ред плата се уште немаме“, вели извор за Курир.
Тој додава дека Синдикатот на Македонска пошта бил на состанок со директорот Васко Стефанов, а тој на истиот ги молел да нема штрајк или протест на вработените и дека плата ќе имало до крајот на месецот, за август, а на почеток на октомври (што е речиси следната недела) вработените ќе добијат плата за месец септември. Во пошта во моментов има над 1.000 вработени, што значи дека сите тие на ниво на целата земја чекаат задоцнета плата која не се знае ниту дали и кога ќе ја земат. Инаку вработените во месец април бараа линеарно покачување на платите, а тогаш организираа и штрајк со неработење и блокирање на институцијата.

The post Над 1.000 вработени во Македонска пошта останаа без пари, директорот „моли“ да не организираат штрајк! appeared first on Република.

]]>
Уште еден генерален штрајк – вработените во Македонска пошта протестираат од 14 април https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-eden-generalen-shtrajk-vrabotenite-vo-makedonska-poshta-protestiraat-od-14-april/ Tue, 05 Apr 2022 11:55:23 +0000 https://republika.mk/?p=483566

Синдикатот на Македонска пошта и Синдикалната организација на А.Д. Пошта на Македонија на 14 април ќе организираат генерален штрајк, поради неисполнување на нивното барање за покачување на платите на вработените во ова претпријатие, во износ од 3.000 денари.

Причината за штрајкот, како што посочи на денешната прес-конференција претседателот на Синдикатот на Македонска пошта, Боро Велигденов, доаѓа по неуспешниот трипартитен дијалог меѓу Управниот одбор на Пошта на Македонија, Владата и Синдикалните организации на Пошта на Македонија.

На 8 февруари Синдикалните организации на македонска Пошта до Управниот одбор и генералниот директор доставивме барање за линеарно покачување на платите на вработените во висина од 3.000 денари, но ниту добивме одговор, ниту бевме повикани од генералниот директор за реализација на нашето барање. Во меѓувреме, одржавме и средба заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, Управен одбор и синдикални организации за реализација на нашето барање. Договоривме рок од 7 дена да се даде одговор на нашите барања, но по истекот на рокот ниту добивме одговор, ниту бевме повикани на повторна средба, рече Велигденов.

Генералниот штрајк на вработените ќе се одржи со почеток во 8 часот на нивните работни места во македонска Пошта и низ целата држава во сите подружници.

Штрајкот ќе трае се додека не се исполнат нивните барања. Велигденов напомена дека причината за штрајкот е и загриженоста кај над 2.200 вработени за иднината на компанијата и неизвесноста од зачувување на нивните работни места, непокачување на платите повеќе од 30 години, супстандардни услови за работа, повеќегодишно необезбедување на средства за работа, но и незадоволство на вработените од постоечката систематизација, како и нереализирање на дел од барањата на вработените и Синдикалните организации наведени во Заклучоците од 15.10.2021 годиина.

Тој додаде дека согласно Законот за поштенски услуги, имаат обврска да го почитуваат членот 49 и да обезбедат прием, сортирање и дистрибуција на поштенски пратки кои се однесуваат на препорачани судски пратки, препорачани пратки од безбедноста и одбраната и одредени други препорачани пратки кои се наведени во законската регулатива. Сето останато, како што рече, ќе биде во прекин за време на штрајкот.

Дарко Димовски, претседател на Сојуз на синдикати на Македонија на прес-конференцијата напомена дека на 15 октомври заедно со синдикалните организации имале средба со генералниот директор Јани Макрадули каде што, како што рече, јасно и гласно им било кажано дека согласно со порастот на минималната плата, линеарно за 3.000 денари ќе се зголемат сите плати во АД Пошта.

Ете минималната плата е 18.000 денари, но директорот Јани Макрадули не се одзва на неговото ветување и затоа го искажуваме нашето незадоволство, бидејќи не може да се крие позади Законот за минимална плата, при што и тој Закон јасно кажува во членот 8 треба скалесто да се усогласат тие плати, додаде Димовски.

The post Уште еден генерален штрајк – вработените во Македонска пошта протестираат од 14 април appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на Македонска пошта и Синдикалната организација на А.Д. Пошта на Македонија на 14 април ќе организираат генерален штрајк, поради неисполнување на нивното барање за покачување на платите на вработените во ова претпријатие, во износ од 3.000 денари. Причината за штрајкот, како што посочи на денешната прес-конференција претседателот на Синдикатот на Македонска пошта, Боро Велигденов, доаѓа по неуспешниот трипартитен дијалог меѓу Управниот одбор на Пошта на Македонија, Владата и Синдикалните организации на Пошта на Македонија. На 8 февруари Синдикалните организации на македонска Пошта до Управниот одбор и генералниот директор доставивме барање за линеарно покачување на платите на вработените во висина од 3.000 денари, но ниту добивме одговор, ниту бевме повикани од генералниот директор за реализација на нашето барање. Во меѓувреме, одржавме и средба заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, Управен одбор и синдикални организации за реализација на нашето барање. Договоривме рок од 7 дена да се даде одговор на нашите барања, но по истекот на рокот ниту добивме одговор, ниту бевме повикани на повторна средба, рече Велигденов. Генералниот штрајк на вработените ќе се одржи со почеток во 8 часот на нивните работни места во македонска Пошта и низ целата држава во сите подружници. Штрајкот ќе трае се додека не се исполнат нивните барања. Велигденов напомена дека причината за штрајкот е и загриженоста кај над 2.200 вработени за иднината на компанијата и неизвесноста од зачувување на нивните работни места, непокачување на платите повеќе од 30 години, супстандардни услови за работа, повеќегодишно необезбедување на средства за работа, но и незадоволство на вработените од постоечката систематизација, како и нереализирање на дел од барањата на вработените и Синдикалните организации наведени во Заклучоците од 15.10.2021 годиина. Тој додаде дека согласно Законот за поштенски услуги, имаат обврска да го почитуваат членот 49 и да обезбедат прием, сортирање и дистрибуција на поштенски пратки кои се однесуваат на препорачани судски пратки, препорачани пратки од безбедноста и одбраната и одредени други препорачани пратки кои се наведени во законската регулатива. Сето останато, како што рече, ќе биде во прекин за време на штрајкот. Дарко Димовски, претседател на Сојуз на синдикати на Македонија на прес-конференцијата напомена дека на 15 октомври заедно со синдикалните организации имале средба со генералниот директор Јани Макрадули каде што, како што рече, јасно и гласно им било кажано дека согласно со порастот на минималната плата, линеарно за 3.000 денари ќе се зголемат сите плати во АД Пошта. Ете минималната плата е 18.000 денари, но директорот Јани Макрадули не се одзва на неговото ветување и затоа го искажуваме нашето незадоволство, бидејќи не може да се крие позади Законот за минимална плата, при што и тој Закон јасно кажува во членот 8 треба скалесто да се усогласат тие плати, додаде Димовски.

The post Уште еден генерален штрајк – вработените во Македонска пошта протестираат од 14 април appeared first on Република.

]]>
Во мирување протестот на вработените во Македонски пошти, почнати преговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-miruvanje-protestot-na-vrabotenite-vo-makedonski-poshti-pochnati-pregovori/ Sat, 19 Mar 2022 09:37:50 +0000 https://republika.mk/?p=475312

Нема да се одржи протестот што го најавија за утре напладне синдикалните организации од АД Пошта. Одлуката за протестот е ставена времено во мирување поради почнати преговори за сидникалното барање за линеарно покачување на платите на вработените, информираа денеска од Конфедерацијата на слободни синдикати.

Синдикалните претставници вчера одржале состанок со Управниот одбор на Пошта, од каде, како што велат од КСС, беше прифатено барањето на синдикалните организации на Друштвото за линеарно покачување на платите на вработените со почнување на постапка во истиот момент за реализација на барањето. Добиле ветување дека задутре ќе имаат заедничка средба со УО и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Како преставник на Владата во чија 100 процентна сопственост е А.Д Пошта, во постапката за реализација на барањето за линеарно покачување на платите на вработените ќе се вклучи вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, со одржување заеднички состанок на 21 март со претставници на Синдикалните организации и Управниот одбор на А.Д. Пошта. Во таа насока закажаниот протест на Синдикалните организации на 20 март во 12.00 часот, пред Дирекцијата на А.Д. Пошта и пред Владата, нема да се одржи, односно, времено ќе биде во мирување поради отпочнатата постапка за преговори во рамки на трипартитниот дијалог за постигнување договор и реализација на барањето на Синдикалните организации, стои во соопштението.

Доколку не се постигне договор во најбрз рок со Владата и Управниот одбор, синдикалните оргнизации најавуваат дека ќе продолжат со постапката за организација на протест како и поведување постапка за штрајк на вработените во Пошта со цел да се постигне решение на барањето на вработените за линеарно покачување на платите и заштита на работничките права и достоинство.

Синдикалната организација на АД Пошта и Синдикатот на Македонска пошта претходно соопштија дека причина за протестот е незадоволството и револтот на вработените од 30 годишното непокачување на платата, загриженоста за иднината на компанијата и незадоволство од долгогодишните супстандардни услови за работа и необезбедени средства и опрема за работа.

The post Во мирување протестот на вработените во Македонски пошти, почнати преговори appeared first on Република.

]]>

Нема да се одржи протестот што го најавија за утре напладне синдикалните организации од АД Пошта. Одлуката за протестот е ставена времено во мирување поради почнати преговори за сидникалното барање за линеарно покачување на платите на вработените, информираа денеска од Конфедерацијата на слободни синдикати. Синдикалните претставници вчера одржале состанок со Управниот одбор на Пошта, од каде, како што велат од КСС, беше прифатено барањето на синдикалните организации на Друштвото за линеарно покачување на платите на вработените со почнување на постапка во истиот момент за реализација на барањето. Добиле ветување дека задутре ќе имаат заедничка средба со УО и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Како преставник на Владата во чија 100 процентна сопственост е А.Д Пошта, во постапката за реализација на барањето за линеарно покачување на платите на вработените ќе се вклучи вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, со одржување заеднички состанок на 21 март со претставници на Синдикалните организации и Управниот одбор на А.Д. Пошта. Во таа насока закажаниот протест на Синдикалните организации на 20 март во 12.00 часот, пред Дирекцијата на А.Д. Пошта и пред Владата, нема да се одржи, односно, времено ќе биде во мирување поради отпочнатата постапка за преговори во рамки на трипартитниот дијалог за постигнување договор и реализација на барањето на Синдикалните организации, стои во соопштението.
Доколку не се постигне договор во најбрз рок со Владата и Управниот одбор, синдикалните оргнизации најавуваат дека ќе продолжат со постапката за организација на протест како и поведување постапка за штрајк на вработените во Пошта со цел да се постигне решение на барањето на вработените за линеарно покачување на платите и заштита на работничките права и достоинство. Синдикалната организација на АД Пошта и Синдикатот на Македонска пошта претходно соопштија дека причина за протестот е незадоволството и револтот на вработените од 30 годишното непокачување на платата, загриженоста за иднината на компанијата и незадоволство од долгогодишните супстандардни услови за работа и необезбедени средства и опрема за работа.

The post Во мирување протестот на вработените во Македонски пошти, почнати преговори appeared first on Република.

]]>
Македонската и бугарската пошта потпишаа меморандум за соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskata-i-bugarskata-poshta-potpishaa-memorandum-za-sorabotka/ Thu, 10 Mar 2022 18:45:58 +0000 https://republika.mk/?p=470875

Следејќи ги заложбите на двете влади, за зголемена динамика на соработка и имплементација на заеднички проекти, директорите на Бугарски пошти ЕАД и на АД „Пошта на Македонија“, денеска во Софија потпишаа Mеморандум за разбирање за поштенска соработка.

Mеморандумот за разбирање за поштенска соработка се однесува на развој на меѓународни поштенски услуги и е-трговија, омплементација на заеднички проекти во рамки на програмите за прекугранична соработка, претпристапните фондови на ЕУ со кои располага Република Македонија, Фондот за квалитет на услугата на Светскиот поштенски сојуз, меѓусебна поддршка за учество во меѓународни организации и програми од поштенската област и размена на добри практики и знаење за развој на иновативни услуги.

Како што се наведува во соопштението од АД „Пошта на Македонија“, со продлабочувањео на соработката помеѓу Пошта на Македонија и Бугарски пошти се отвора нова страница во односите помеѓу двете поштенски управи, со која во иднина и на граѓаните, и на деловната заедница од двете држави, ќе им се обезбедат поквалитетни и поефикасни поштенски услуги.

– Убеден сум дека секој во рамки на своите институции, со сопствена иницијатива и одговорност, може да придонесе да се отвори нивна страница во односите на двете земји, преку олеснување на комуникацијата помеѓу граѓаните и деловните субјекти, истакнал во своето обраќање генералниот директор на АД „Пошта на Македонија” Јани Макрадули.

Иако денеска се потпишува Mеморандум за разбирање за поштенска соработка меѓу Бугарски пошти ЕАД и АД „Пошта на Македонија“, се посочува во соопштението, двете поштенски управи веќе преземаа активности за практична имплементација. цр/хс/

The post Македонската и бугарската пошта потпишаа меморандум за соработка appeared first on Република.

]]>

Следејќи ги заложбите на двете влади, за зголемена динамика на соработка и имплементација на заеднички проекти, директорите на Бугарски пошти ЕАД и на АД „Пошта на Македонија“, денеска во Софија потпишаа Mеморандум за разбирање за поштенска соработка. Mеморандумот за разбирање за поштенска соработка се однесува на развој на меѓународни поштенски услуги и е-трговија, омплементација на заеднички проекти во рамки на програмите за прекугранична соработка, претпристапните фондови на ЕУ со кои располага Република Македонија, Фондот за квалитет на услугата на Светскиот поштенски сојуз, меѓусебна поддршка за учество во меѓународни организации и програми од поштенската област и размена на добри практики и знаење за развој на иновативни услуги. Како што се наведува во соопштението од АД „Пошта на Македонија“, со продлабочувањео на соработката помеѓу Пошта на Македонија и Бугарски пошти се отвора нова страница во односите помеѓу двете поштенски управи, со која во иднина и на граѓаните, и на деловната заедница од двете држави, ќе им се обезбедат поквалитетни и поефикасни поштенски услуги.
– Убеден сум дека секој во рамки на своите институции, со сопствена иницијатива и одговорност, може да придонесе да се отвори нивна страница во односите на двете земји, преку олеснување на комуникацијата помеѓу граѓаните и деловните субјекти, истакнал во своето обраќање генералниот директор на АД „Пошта на Македонија” Јани Макрадули.
Иако денеска се потпишува Mеморандум за разбирање за поштенска соработка меѓу Бугарски пошти ЕАД и АД „Пошта на Македонија“, се посочува во соопштението, двете поштенски управи веќе преземаа активности за практична имплементација. цр/хс/

The post Македонската и бугарската пошта потпишаа меморандум за соработка appeared first on Република.

]]>
Застарени процедури, цени и достава: Големо незадоволство со поштенските услуги кај граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zastareni-proceduri-ceni-i-dostava-golemo-nezadovolstvo-so-poshtenskite-uslugi-kaj-gragjanite/ Wed, 23 Feb 2022 10:41:04 +0000 https://republika.mk/?p=462359

Главни причини за незадоволство од поштенските услуги кај физичките лица во државава се застарени процедури и цените на поштенските услуги, одговор даден од 58 проценти од испитаниците во истражувањето за потребите на корисниците на поштенските услуги, спроведено за потребите на Агенцијата за пошта. Незадоволство со 42 проценти е искажано и поради проблемите со нередовна односно несоодветна достава.

Брзината на доставата на поштенските пратки е основата за дефинирање на квалитетот на обезбедување на поштенските услуги и за ова прашање се изјасниле исто дури 83 проценти од испитаниците,  по што следи  локацијата на поштенските единици со 64 проценти и 54 проценти цената за поштенската услуга.

Седумдесет проценти од испитаниците не се запознаени со постапката за поднесување на рекламации кај давателот на поштенски услуги за изгубени, оштетени поштенски пратки и  пречекорување на рокот за достава, а само една третина 30 проценти изјавиле дека се запознаени со оваа постапка.

Најкористени поштенски услуги се финансиските трансакции со 64 проценти, по што со 53 проценти следуваат услугата подигање пакет и со 48 проценти подигање препорачани пратки. Локацијата на поштенската единица е основна причина за посета на избраната поштенска единица и таа е пoсетена од 52 проценти од испитаниците еднаш месечно. Дури 64 проценти од корисниците рекле дека немаат предлог како да се подобрат условите за пристап до поштенските услуги.

Педесет и осум проценти од испитаниците се изјасниле дека немаат поштенско сандаче, додека 46 проценти се донекаде задоволни од поставеноста на поштенската единица до нивниот дом. Шеесет и шест проценти од испитаниците сметаат дека е добро и корисно давателот на универзалната услуга да  ги обезбедува своите услуги не само во нивните деловни простории преку нивниот персонал, туку и преку договорни пошти (приватни продавници, продажни места, трговија, бензински пумпи), наведува АП во објавените резултати од истражувањето.

Според истражувањето, 64 проценти од испитаниците воопшто не испраќаат писма на месечна основа, три проценти испраќаат повеќе од пет писма, додека 62 процента не испраќаат пакети, а 46 проценти примаат до два пакета годишно на свое име.

Во однос на типот на писмата 49 проценти од испитаниците изјавиле дека тоа се само сметки. Педесет и два процента од испитаниците рекле дека користат електронска наплата на сметки, 41 процент од корисниците се изјасниле дека не го намалиле користењето на поштенските услуги заради електронската пошта, додека 57 проценти се изјасниле  дека заради електронската пошта помалку користат поштенски услуги.

На прашањето поврзано со цената на писмото кое изнесува од 25 денари 51 процент од испитаниците се многу или донекаде задоволни, 32 проценти ниту се задоволни ниту се незадоволни. Во однос на доставата 53 проценти од испитаниците сметаат дека е доволно доставата да биде три пати во неделата или секој втор работен ден, а 47 проценти сметаат дека достават треба да биде пет дена во неделата.

Што се однесува за прашањето за деновите  51 процент од корисниците сметаат дека е во ред доставата на поштенските пратки на домашна адреса во сабота да се врши што е и оправдано сметајќи дека луѓето се дома во споредба со работните денови.

Дваесет и шест проценти од испитаниците нарачуваат пратки преку интернет и примаат до пет пратки годишно во внатрешен поштенски сообраќај, а преку социјалните мрежи 44 проценти нарачуваат до две пратки во месецот за кои 61 процент плаќаат во готово при прием на пратката.

Во однос на важноста на поштенските услуги за време на пандемија 68 проценти од испитаниците се согласуваат дека поштенските услуги се важна гранка во услови на пандемија, од причина што поштенските услуги се едни од единствените начини на комуникација каде е ограничено движењето.

Истражувањето за задоволството од поштенските услуги кај деловните корисници покажува дека 60 проценти  од испитаниците најчесто користат услуги на прием  и подигање на писма, сметки, на домашна адреса, 62 проценти  за подигање на препорачана пратка, пратка со означена вредност или пакет при посета на поштенска единица.

Генерално деловните корисници се задоволни од поштенските услуги, бидејќи 41 процент изјавиле дека се донекаде, 23 проценти дека се многу задоволни, 26 проценти се неутрални, додека 8 проценти се донекаде незадоволни, а 2 проценти многу незадоволни. Како основни причини за своето незадоволство ги наведуваат проблемите со доставата дури 83 проценти, како и застарените процедури 61 процент.

За разлика од физичките лица, кај деловните корисници е повисок процент (43 проценти) на тие кои изјавиле дека се запознаени со постапката за поднесување рекламации кај давателот на на поштенски услуги за изгубени, оштетени поштенски пратки и  пречекорување на рокот за достава, а 56 проценти од корисниците немаат поднесено рекламација по одредена поштенска услуга.

Триесет и еден процент од деловните испитаници изјавиле дека не нарачуваат преку интернет, ниту преку социјални мрежи, а подеднаков процент од околу 35 проценти услугите ги плаќаат во готово при самиот прием на пратката или електронски со платежна картичка при самото нарачување на пратката. Висок процент од 80 проценти деловните корисници се изјасниле дека користат електронска наплата на сметки, стои во истражувањето.

The post Застарени процедури, цени и достава: Големо незадоволство со поштенските услуги кај граѓаните appeared first on Република.

]]>

Главни причини за незадоволство од поштенските услуги кај физичките лица во државава се застарени процедури и цените на поштенските услуги, одговор даден од 58 проценти од испитаниците во истражувањето за потребите на корисниците на поштенските услуги, спроведено за потребите на Агенцијата за пошта. Незадоволство со 42 проценти е искажано и поради проблемите со нередовна односно несоодветна достава. Брзината на доставата на поштенските пратки е основата за дефинирање на квалитетот на обезбедување на поштенските услуги и за ова прашање се изјасниле исто дури 83 проценти од испитаниците,  по што следи  локацијата на поштенските единици со 64 проценти и 54 проценти цената за поштенската услуга. Седумдесет проценти од испитаниците не се запознаени со постапката за поднесување на рекламации кај давателот на поштенски услуги за изгубени, оштетени поштенски пратки и  пречекорување на рокот за достава, а само една третина 30 проценти изјавиле дека се запознаени со оваа постапка. Најкористени поштенски услуги се финансиските трансакции со 64 проценти, по што со 53 проценти следуваат услугата подигање пакет и со 48 проценти подигање препорачани пратки. Локацијата на поштенската единица е основна причина за посета на избраната поштенска единица и таа е пoсетена од 52 проценти од испитаниците еднаш месечно. Дури 64 проценти од корисниците рекле дека немаат предлог како да се подобрат условите за пристап до поштенските услуги.
Педесет и осум проценти од испитаниците се изјасниле дека немаат поштенско сандаче, додека 46 проценти се донекаде задоволни од поставеноста на поштенската единица до нивниот дом. Шеесет и шест проценти од испитаниците сметаат дека е добро и корисно давателот на универзалната услуга да  ги обезбедува своите услуги не само во нивните деловни простории преку нивниот персонал, туку и преку договорни пошти (приватни продавници, продажни места, трговија, бензински пумпи), наведува АП во објавените резултати од истражувањето.
Според истражувањето, 64 проценти од испитаниците воопшто не испраќаат писма на месечна основа, три проценти испраќаат повеќе од пет писма, додека 62 процента не испраќаат пакети, а 46 проценти примаат до два пакета годишно на свое име. Во однос на типот на писмата 49 проценти од испитаниците изјавиле дека тоа се само сметки. Педесет и два процента од испитаниците рекле дека користат електронска наплата на сметки, 41 процент од корисниците се изјасниле дека не го намалиле користењето на поштенските услуги заради електронската пошта, додека 57 проценти се изјасниле  дека заради електронската пошта помалку користат поштенски услуги. На прашањето поврзано со цената на писмото кое изнесува од 25 денари 51 процент од испитаниците се многу или донекаде задоволни, 32 проценти ниту се задоволни ниту се незадоволни. Во однос на доставата 53 проценти од испитаниците сметаат дека е доволно доставата да биде три пати во неделата или секој втор работен ден, а 47 проценти сметаат дека достават треба да биде пет дена во неделата. Што се однесува за прашањето за деновите  51 процент од корисниците сметаат дека е во ред доставата на поштенските пратки на домашна адреса во сабота да се врши што е и оправдано сметајќи дека луѓето се дома во споредба со работните денови. Дваесет и шест проценти од испитаниците нарачуваат пратки преку интернет и примаат до пет пратки годишно во внатрешен поштенски сообраќај, а преку социјалните мрежи 44 проценти нарачуваат до две пратки во месецот за кои 61 процент плаќаат во готово при прием на пратката. Во однос на важноста на поштенските услуги за време на пандемија 68 проценти од испитаниците се согласуваат дека поштенските услуги се важна гранка во услови на пандемија, од причина што поштенските услуги се едни од единствените начини на комуникација каде е ограничено движењето. Истражувањето за задоволството од поштенските услуги кај деловните корисници покажува дека 60 проценти  од испитаниците најчесто користат услуги на прием  и подигање на писма, сметки, на домашна адреса, 62 проценти  за подигање на препорачана пратка, пратка со означена вредност или пакет при посета на поштенска единица. Генерално деловните корисници се задоволни од поштенските услуги, бидејќи 41 процент изјавиле дека се донекаде, 23 проценти дека се многу задоволни, 26 проценти се неутрални, додека 8 проценти се донекаде незадоволни, а 2 проценти многу незадоволни. Како основни причини за своето незадоволство ги наведуваат проблемите со доставата дури 83 проценти, како и застарените процедури 61 процент. За разлика од физичките лица, кај деловните корисници е повисок процент (43 проценти) на тие кои изјавиле дека се запознаени со постапката за поднесување рекламации кај давателот на на поштенски услуги за изгубени, оштетени поштенски пратки и  пречекорување на рокот за достава, а 56 проценти од корисниците немаат поднесено рекламација по одредена поштенска услуга. Триесет и еден процент од деловните испитаници изјавиле дека не нарачуваат преку интернет, ниту преку социјални мрежи, а подеднаков процент од околу 35 проценти услугите ги плаќаат во готово при самиот прием на пратката или електронски со платежна картичка при самото нарачување на пратката. Висок процент од 80 проценти деловните корисници се изјасниле дека користат електронска наплата на сметки, стои во истражувањето.

The post Застарени процедури, цени и достава: Големо незадоволство со поштенските услуги кај граѓаните appeared first on Република.

]]>