македонска новинарка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-novinarka/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Sep 2023 09:37:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонска новинарка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-novinarka/ 32 32 На 26 години ѝ дијагностицирале рак, пред три години примала хемотерапија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/na-26-godini-dijagnostitsirale-rak-pred-tri-godini-primala-hemoterapija/ Tue, 05 Sep 2023 09:37:15 +0000 https://republika.mk/?p=678918

На новинарката Вања Мицевска на 26 години ѝ бил дијагностициран канцер. Пред три години примала хемотерапија. Во изјава за МРТ објасни дека случувањата на Клиниката за онкологија ја вознемириле, дека ова е премногу стресно за пациентите, за семејствата, но и за чесните здравствени работници.

Таа сега објави и статус на „Фејсбук“ кој масовно се споделува. Истиот ви го пренесуваме во продолжение.

Тежок понеделник, еден од низата тешки денови во кои е комплицирано да се сварат сите информации за случувањата на установата во која ги полагаме сите надежи за нашиот живот..

Ова веќе не е ни дно, дното е пробиено! Ние (онколошките пациенти) и нашите семејства со ноќи не спиеме, со денови размислуваме-дали нашите соборци ќе беа овде ако некој одлучеше да биде човек? Дали заедно ќе шетавме по улиците наместо сега на нив да бараме правда?

Додека на Клиниката за онкологија работат прекрасни луѓе, професионалци кои чесно си го заработуваат лебот, некои решиле да го извисат достоинството на белиот мантил. Кои се нивните имиња, како изгледаат, дали некогаш и јас сум комуницирала со нив-тоа не го знам, но во најмала рака јавно би ги прашала:

Како воопшто, во вашите умови се роди идеја така да си поигрувате со човечките животи?

Како ги гледавте во очи луѓето кои тонеле по ваша вина, додека во вас гледале сламка за спас?

Дали никогаш не ве вознемири крвта која течела од забодените ножеви во грб, на оние чие рамо сте го тапкале?

Како ги гледавте во очи вашите родители и дали ова се вредностите кои ви ги оставија во аманет?

Дали размисливте дека нечии родители засекогаш ќе ги разделите од нивните потомоства и зошто мислевте дека вие треба да донесете одлука за тоа?

Што направивте со нечесните пари? Дали се гоштевавте и немавте ли кнедла во грлото од залчињата храна купени со пари кои сте ги „заработиле“ на сметка на тоа некој да го испушти последниот здив?

Како си легнувавте во ноќите, кога некој не ни знаел дали ќе го дочека утрото?

Кога престанавте да се плашите од Господ и дали никогаш не воочивте какви грешници сте станале?

The post На 26 години ѝ дијагностицирале рак, пред три години примала хемотерапија appeared first on Република.

]]>

На новинарката Вања Мицевска на 26 години ѝ бил дијагностициран канцер. Пред три години примала хемотерапија. Во изјава за МРТ објасни дека случувањата на Клиниката за онкологија ја вознемириле, дека ова е премногу стресно за пациентите, за семејствата, но и за чесните здравствени работници. Таа сега објави и статус на „Фејсбук“ кој масовно се споделува. Истиот ви го пренесуваме во продолжение.
Тежок понеделник, еден од низата тешки денови во кои е комплицирано да се сварат сите информации за случувањата на установата во која ги полагаме сите надежи за нашиот живот.. Ова веќе не е ни дно, дното е пробиено! Ние (онколошките пациенти) и нашите семејства со ноќи не спиеме, со денови размислуваме-дали нашите соборци ќе беа овде ако некој одлучеше да биде човек? Дали заедно ќе шетавме по улиците наместо сега на нив да бараме правда? Додека на Клиниката за онкологија работат прекрасни луѓе, професионалци кои чесно си го заработуваат лебот, некои решиле да го извисат достоинството на белиот мантил. Кои се нивните имиња, како изгледаат, дали некогаш и јас сум комуницирала со нив-тоа не го знам, но во најмала рака јавно би ги прашала: Како воопшто, во вашите умови се роди идеја така да си поигрувате со човечките животи? Како ги гледавте во очи луѓето кои тонеле по ваша вина, додека во вас гледале сламка за спас? Дали никогаш не ве вознемири крвта која течела од забодените ножеви во грб, на оние чие рамо сте го тапкале? Како ги гледавте во очи вашите родители и дали ова се вредностите кои ви ги оставија во аманет? Дали размисливте дека нечии родители засекогаш ќе ги разделите од нивните потомоства и зошто мислевте дека вие треба да донесете одлука за тоа? Што направивте со нечесните пари? Дали се гоштевавте и немавте ли кнедла во грлото од залчињата храна купени со пари кои сте ги „заработиле“ на сметка на тоа некој да го испушти последниот здив? Како си легнувавте во ноќите, кога некој не ни знаел дали ќе го дочека утрото? Кога престанавте да се плашите од Господ и дали никогаш не воочивте какви грешници сте станале?

The post На 26 години ѝ дијагностицирале рак, пред три години примала хемотерапија appeared first on Република.

]]>