македонска музика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-muzika/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jan 2024 07:51:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонска музика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-muzika/ 32 32 Македонска музика се слуша во дискотека во Лерин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedonska-muzika-se-slusha-vo-diskoteka-vo-lerin/ Sun, 07 Jan 2024 11:24:36 +0000 https://republika.mk/?p=730636

Младите Македонци во Егејска Македонија го негуваат македонскиот мелос дури и на забавите во дискотеките.

На Јутјуб каналот Егејски глас објавено е видео од дискотека во Лерин, од забава на која ечи македонска музика.

The post Македонска музика се слуша во дискотека во Лерин appeared first on Република.

]]>

Младите Македонци во Егејска Македонија го негуваат македонскиот мелос дури и на забавите во дискотеките. На Јутјуб каналот Егејски глас објавено е видео од дискотека во Лерин, од забава на која ечи македонска музика.

The post Македонска музика се слуша во дискотека во Лерин appeared first on Република.

]]>
Португалија го има „фадо“, Чешка „полката“… Зошто се срамиме од нашата традиционална музика кога имаме фантастична основа да доминираме? https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/portugalija-go-ima-fado-cheshka-polkata-zoshto-se-sramime-od-nashata-traditsionalna-muzika-koga-imame-fantastichna-osnova-da-dominirame/ Tue, 04 Apr 2023 09:19:23 +0000 https://republika.mk/?p=627042

Кларинет, хармоника и фрула се инструментите кои се споија во една нова композиција „Извор“, а извонредните балкански академски музичари Благојче Трајковски, Александар Софронијевиќ и Неда Николиќ ги здружија своите докажани таленти на маестрален начин.

Иницијатор на оваа соработка е македонскиот познат кларинетист, кој две децении ја негува традиционалната музика преку нови форми на етно жанрот, со елементи на импровизации и современ аранжерски пристап. Неговата цел е фолклорот да го преточи во современа уметност, а давањето на модерен звук инспириран од изворната музика претставува автентичен придонес за домашното, но и светското културно богатство.

Трајковски е академски музичар и неговиот пристап во создавање и интерпретирање на музика, секогаш се одвива низ процесот на истражување, а изборот да соработува со врвни музичари од Балканот е негова определба која дава визибилност на нашите традиции во светски рамки.

Португалија го има Фадото, Чешка ја има Полката, Ирска ја има својата традиционална музика…зошто ние често се срамиме од нашата традиционална музика, кога имаме фантастична основа да доминираме на светската музичка сцена која уште во далечната 1983 година тргна во сериозна кампања за афирмирање на традиционалната музика на светот. Се родија специјализирани емисии кои ги промовираа традиционалните ритми на различни народи, истото се случи и со издавање на магазини кои беа специјализирани за World music, како што е британскиот “Songlinesa” кој и денес е највлијателен печатен медиум за традиционална музика. Денес, жанрот World music е моќна музичка индустрија. Тоа е шанса традицијата на еден народ, преку нова квалитетна музика да му се претстави на светот на најдобар можен начин. Од искуство знам, кога сум гостувал на светски сцени, публиката одлично реагира на звуците на македонската и на музиката од Балканот и ја почитува таа музичка матрица. Па така се роди и „Извор“, вели Трајковски за овој негов најнов проект.

„Извор“ е инструментална композиција која е создадена во духот на македонската музичка традиција, но со еден урабан и современ пристап во аранжерското обликување, кој ѝ дава една свежа и современа боја.

Во оваа композиција солистичката улога ја имаат кларинетот, хармониката и фрулата. Сите три инструменти даваат една своја посебна емоција, боја и интерпретација, проследена со неверојатна виртуозност.

Музиката ја создавав специјално за оваа комбинација на инструменти и секако за овие врвни музичари. Чест ми беше да соработувам со Александар Софронијевиќ и Неда Николиќ. Тие имаат беспрекорен професионален пристап кога работат, а за нивниот неверојатен музички талент добро знае и светот. Тие се значајни луѓе за Балканската музика и мојата желба да ги имам за соработници се исполни, истакнува Трајковски.

Александар Софронијевиќ и Неда Николиќ специјално допатуваа до Скопје за снимањето на видео спотот, кој е одлична визуелна приказна која веќе се врти на балканските ТВ канали.

Извор е дело на кларинетистот Благојче Трајковски кој се јавува како композитор, аранжманот го направи Димитар Христов. Позади аудио продукцијата стои Дејан Момироски, а видеото го режираше Ханис Багашов. Издавач и дистрибутер на ова парче музика е продукцијата на Александар Софронијевиќ АС СТУДИОТОН од Белград.

https://youtu.be/GrSyg9oOkZ4

The post Португалија го има „фадо“, Чешка „полката“… Зошто се срамиме од нашата традиционална музика кога имаме фантастична основа да доминираме? appeared first on Република.

]]>

Кларинет, хармоника и фрула се инструментите кои се споија во една нова композиција „Извор“, а извонредните балкански академски музичари Благојче Трајковски, Александар Софронијевиќ и Неда Николиќ ги здружија своите докажани таленти на маестрален начин. Иницијатор на оваа соработка е македонскиот познат кларинетист, кој две децении ја негува традиционалната музика преку нови форми на етно жанрот, со елементи на импровизации и современ аранжерски пристап. Неговата цел е фолклорот да го преточи во современа уметност, а давањето на модерен звук инспириран од изворната музика претставува автентичен придонес за домашното, но и светското културно богатство. Трајковски е академски музичар и неговиот пристап во создавање и интерпретирање на музика, секогаш се одвива низ процесот на истражување, а изборот да соработува со врвни музичари од Балканот е негова определба која дава визибилност на нашите традиции во светски рамки.
Португалија го има Фадото, Чешка ја има Полката, Ирска ја има својата традиционална музика…зошто ние често се срамиме од нашата традиционална музика, кога имаме фантастична основа да доминираме на светската музичка сцена која уште во далечната 1983 година тргна во сериозна кампања за афирмирање на традиционалната музика на светот. Се родија специјализирани емисии кои ги промовираа традиционалните ритми на различни народи, истото се случи и со издавање на магазини кои беа специјализирани за World music, како што е британскиот “Songlinesa” кој и денес е највлијателен печатен медиум за традиционална музика. Денес, жанрот World music е моќна музичка индустрија. Тоа е шанса традицијата на еден народ, преку нова квалитетна музика да му се претстави на светот на најдобар можен начин. Од искуство знам, кога сум гостувал на светски сцени, публиката одлично реагира на звуците на македонската и на музиката од Балканот и ја почитува таа музичка матрица. Па така се роди и „Извор“, вели Трајковски за овој негов најнов проект.
„Извор“ е инструментална композиција која е создадена во духот на македонската музичка традиција, но со еден урабан и современ пристап во аранжерското обликување, кој ѝ дава една свежа и современа боја. Во оваа композиција солистичката улога ја имаат кларинетот, хармониката и фрулата. Сите три инструменти даваат една своја посебна емоција, боја и интерпретација, проследена со неверојатна виртуозност.
Музиката ја создавав специјално за оваа комбинација на инструменти и секако за овие врвни музичари. Чест ми беше да соработувам со Александар Софронијевиќ и Неда Николиќ. Тие имаат беспрекорен професионален пристап кога работат, а за нивниот неверојатен музички талент добро знае и светот. Тие се значајни луѓе за Балканската музика и мојата желба да ги имам за соработници се исполни, истакнува Трајковски.
Александар Софронијевиќ и Неда Николиќ специјално допатуваа до Скопје за снимањето на видео спотот, кој е одлична визуелна приказна која веќе се врти на балканските ТВ канали. Извор е дело на кларинетистот Благојче Трајковски кој се јавува како композитор, аранжманот го направи Димитар Христов. Позади аудио продукцијата стои Дејан Момироски, а видеото го режираше Ханис Багашов. Издавач и дистрибутер на ова парче музика е продукцијата на Александар Софронијевиќ АС СТУДИОТОН од Белград. https://youtu.be/GrSyg9oOkZ4

The post Португалија го има „фадо“, Чешка „полката“… Зошто се срамиме од нашата традиционална музика кога имаме фантастична основа да доминираме? appeared first on Република.

]]>