македонска култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-kultura/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Sep 2023 15:12:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонска култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-kultura/ 32 32 Мичиген го прогласи септември 2023-та за месец на македонската култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/michigen-go-proglasi-septemvri-2023-ta-za-mesets-na-makedonskata-kultura/ Sat, 02 Sep 2023 15:12:41 +0000 https://republika.mk/?p=678161

Американската сојузна држава Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура.

Гувернерката на Мичиген Гречен Витмер изјави дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци.

-Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и нејзините трајни врски со македонско-американската заедница, се вели во известувањето на гувернерката.

Во него се вели дека Американците со македонско потекло придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“.

Викендов, во Детроит, се очекуваат активности и програми поврзани со македонската култура, а ќе се одржи и 49. национален црковен собир во организација на Македонската православна црква-Охридска архиепископија

Оваа прокламација е на барање од Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

-ОМД активно работи секоја држава и град каде има Македонци да прогласи месец на македонско наследство. Ваквата иницијатива почна од 2020 година и ќе продолжи во иднина, рече коосновачот и волонтерски претседател на ОМД Мето Колоски.

The post Мичиген го прогласи септември 2023-та за месец на македонската култура appeared first on Република.

]]>

Американската сојузна држава Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура. Гувернерката на Мичиген Гречен Витмер изјави дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци.
-Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и нејзините трајни врски со македонско-американската заедница, се вели во известувањето на гувернерката.
Во него се вели дека Американците со македонско потекло придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“. Викендов, во Детроит, се очекуваат активности и програми поврзани со македонската култура, а ќе се одржи и 49. национален црковен собир во организација на Македонската православна црква-Охридска архиепископија Оваа прокламација е на барање од Обединетата македонска дијаспора (ОМД). -ОМД активно работи секоја држава и град каде има Македонци да прогласи месец на македонско наследство. Ваквата иницијатива почна од 2020 година и ќе продолжи во иднина, рече коосновачот и волонтерски претседател на ОМД Мето Колоски.

The post Мичиген го прогласи септември 2023-та за месец на македонската култура appeared first on Република.

]]>
Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/michigen-go-proglasi-septemvri-2023-za-mesets-na-makedonskata-kultura-vo-sad/ Sat, 02 Sep 2023 06:31:31 +0000 https://republika.mk/?p=678036

Гувернерката на Мичиген Гречен Витмер го прогласи септември оваа година за месец на македонско-американското наследство.

Витмер вели дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци, пренесе Гласот на Америка.

Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и нејзините трајни врски со македонско-американската заедница, се вели во известувањето на гувернерката.

Во него се посочува дека Американците со македонско потекло придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“.

Викендов, во Детроит се планирани активности и програми поврзани со македонската култура, а ќе се одржи и 49. национален црковен собир во организација на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

Витмер вели дека македонските имигранти почнале да доаѓаат во САД од пред повеќе од еден век, а денес има над половина милион Американци со македонско потекло во државата.

Нејзината прокламација е на барање од Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

ОМД активно работи секоја држава и град каде има Македонци да прогласи месец на македонско наследство. Ваквата иницијатива почна од 2020 година и ќе продолжи во иднина, изјави коосновачот и волонтерски претседател на ОМД Мето Колоски.

Мичиген во 2020 година, го прогласи 8 септември за ден на македонските бизниси, а во 2021 година и Претставничкиот дом на Мичиген донесе резолуција со која го прогласи септември за месец на македонско-американско наследство.

Во оваа сојузна држава живеат околу 125 илјади Американци со македонско потекло.

Во јули годинава, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во американскиот Сенат да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци.

Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат.

The post Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура во САД appeared first on Република.

]]>

Гувернерката на Мичиген Гречен Витмер го прогласи септември оваа година за месец на македонско-американското наследство. Витмер вели дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци, пренесе Гласот на Америка.
Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и нејзините трајни врски со македонско-американската заедница, се вели во известувањето на гувернерката.
Во него се посочува дека Американците со македонско потекло придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“. Викендов, во Детроит се планирани активности и програми поврзани со македонската култура, а ќе се одржи и 49. национален црковен собир во организација на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Витмер вели дека македонските имигранти почнале да доаѓаат во САД од пред повеќе од еден век, а денес има над половина милион Американци со македонско потекло во државата. Нејзината прокламација е на барање од Обединетата македонска дијаспора (ОМД).
ОМД активно работи секоја држава и град каде има Македонци да прогласи месец на македонско наследство. Ваквата иницијатива почна од 2020 година и ќе продолжи во иднина, изјави коосновачот и волонтерски претседател на ОМД Мето Колоски.
Мичиген во 2020 година, го прогласи 8 септември за ден на македонските бизниси, а во 2021 година и Претставничкиот дом на Мичиген донесе резолуција со која го прогласи септември за месец на македонско-американско наследство. Во оваа сојузна држава живеат околу 125 илјади Американци со македонско потекло. Во јули годинава, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во американскиот Сенат да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци. Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат.

The post Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура во САД appeared first on Република.

]]>
Три дена Корча пулсираше во духот на македонската култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tri-dena-korcha-pulsirashe-vo-duhot-na-makedonskata-kultura/ Mon, 31 Oct 2022 08:37:04 +0000 https://republika.mk/?p=567641

Албанскиот град Корча три дена пулсираше во духот на македонската култура, каде што во организација на македонската амбасада и Културно-информативен центар во Тирана се одржаа „Денови на македонска култура“.

На Универзитетот „Фан Ноли“ беа одржани часови по македонски јазик. Интенцијата е овој настан да се заокружи со отворање лекторат по македонски јазик на Филолошкиот факултет во овој град.

Во Градската библиотека градоначалникот на Корча, Сотираќ Фило, и неговите соработници, заедно со амбасадорот Данчо Марковски, и директорот на КИЦ – Тирана, Златко Ориѓански, отворија изложба на Зоран Кардула, на која настапи блуз-бендот „In the mood“.

Следниот ден во Куќата на знамето, Заводот и музеј од Битола ја отвори изложбата „Невестински соништа – касели и ковчези од Битола и Битолско” на авторката Мери Стојанова.

Уникатноста на поставката во која се преставени ковчези од крајот на 18 и почетокот на 19 век побуди голем интерес и внимание меѓу граѓаните на Корча.

Во театарот „Андон З. Чајупи“ на 29 октомври настапи хорот „Менада“ од Тетово, чиј настап беше проследен со силен аплауз. Веднаш по концертот беше прикажан филмот „Медена земја“.

На сите активности присуствуваше и Васил Стерјовски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и прв човек на друштвото „Сонце”.

Трите дена македонска култура во Корча имаат историско значење за двете пријателски земји. Плакатот, кој беше поставен на Корчанскиот театар, беше отпечатен на македонски и на албански јазик.

Вчера хорот „Менада“ настапи и пред Македонците во Пустец, при што Министерството за култура на Република Македонија му подари на тамошното население книги и библија за деца напишани на македонски јазик.

 

The post Три дена Корча пулсираше во духот на македонската култура appeared first on Република.

]]>

Албанскиот град Корча три дена пулсираше во духот на македонската култура, каде што во организација на македонската амбасада и Културно-информативен центар во Тирана се одржаа „Денови на македонска култура“. На Универзитетот „Фан Ноли“ беа одржани часови по македонски јазик. Интенцијата е овој настан да се заокружи со отворање лекторат по македонски јазик на Филолошкиот факултет во овој град. Во Градската библиотека градоначалникот на Корча, Сотираќ Фило, и неговите соработници, заедно со амбасадорот Данчо Марковски, и директорот на КИЦ – Тирана, Златко Ориѓански, отворија изложба на Зоран Кардула, на која настапи блуз-бендот „In the mood“. Следниот ден во Куќата на знамето, Заводот и музеј од Битола ја отвори изложбата „Невестински соништа – касели и ковчези од Битола и Битолско” на авторката Мери Стојанова. Уникатноста на поставката во која се преставени ковчези од крајот на 18 и почетокот на 19 век побуди голем интерес и внимание меѓу граѓаните на Корча. Во театарот „Андон З. Чајупи“ на 29 октомври настапи хорот „Менада“ од Тетово, чиј настап беше проследен со силен аплауз. Веднаш по концертот беше прикажан филмот „Медена земја“. На сите активности присуствуваше и Васил Стерјовски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и прв човек на друштвото „Сонце”. Трите дена македонска култура во Корча имаат историско значење за двете пријателски земји. Плакатот, кој беше поставен на Корчанскиот театар, беше отпечатен на македонски и на албански јазик. Вчера хорот „Менада“ настапи и пред Македонците во Пустец, при што Министерството за култура на Република Македонија му подари на тамошното население книги и библија за деца напишани на македонски јазик.  

The post Три дена Корча пулсираше во духот на македонската култура appeared first on Република.

]]>
Денови на македонската култура во Шибеник https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/denovi-na-makedonskata-kultura-vo-shibenik-2/ Sat, 10 Sep 2022 16:56:20 +0000 https://republika.mk/?p=549514

Невладината организација Хрватско-македонска тангента организираше културен маратон со голем број содржини за третите Денови на македонската култура во Шибеник, по повод Денот на независноста – 8 Септември.

-Вљубениците во културата имаа можност во текот на четири дена, од 2 до 5 септември, да проследат цела лепеза на настани преку кои се претставува македонската култура, се развиваат нови можности за соработка, се продлабочуваат и прошируваат врските, не само меѓу Хрватска и Македонија, туку пошироко во регионот. Допирите на пријателство, по одржаниот настан, стануваат се појаки и пошироки, а вистинско задоволство е за Македонците во Хрватска кои имаат можност да претстават дел од својот културен идентитет во Хрватска, соопшти организаторот на манифестацијата.

Таа опфати промоција на книга, книжевни разговори, поетски читања, предавања, изложба…со учесници од Загреб, Шибеник, Задар, Сплит, Скопје, Белград…

Меѓу гостите беше и третиот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, кој е почесен член на Хрватско-македонската тангента.

На свеченото отворање на Деновите на македонската култура во Музејот на град Шибеник,  на проф. д-р Иво Јосиповиќ му беше доделено признанието „Пријател на Македонија“ кое му го врачи претседателот на Тангентата, Сашо Георгиевски.

Во рамки на манифестацијата во тек е изложбата „Тангано плавон“  на сплитскиот Македонец, Зоран Стоилов. Како што соопшти организаторот, изложбата, која предизвикала голем инстерс во јавноста, ќе биде отворена до 13 септември. Организирана во соработка со Македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит.

Хрватско-македонска тангента ги организира Деновите на македонската култура со поддршка од Советот за национални малцинства во Хрватска, Градот Шибеник и туристичките заедници на Град Шибеник и Зларин. Покровител е градоначалникот на Шибеник  Жељко Буриќ.

The post Денови на македонската култура во Шибеник appeared first on Република.

]]>

Невладината организација Хрватско-македонска тангента организираше културен маратон со голем број содржини за третите Денови на македонската култура во Шибеник, по повод Денот на независноста – 8 Септември. -Вљубениците во културата имаа можност во текот на четири дена, од 2 до 5 септември, да проследат цела лепеза на настани преку кои се претставува македонската култура, се развиваат нови можности за соработка, се продлабочуваат и прошируваат врските, не само меѓу Хрватска и Македонија, туку пошироко во регионот. Допирите на пријателство, по одржаниот настан, стануваат се појаки и пошироки, а вистинско задоволство е за Македонците во Хрватска кои имаат можност да претстават дел од својот културен идентитет во Хрватска, соопшти организаторот на манифестацијата. Таа опфати промоција на книга, книжевни разговори, поетски читања, предавања, изложба…со учесници од Загреб, Шибеник, Задар, Сплит, Скопје, Белград… Меѓу гостите беше и третиот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, кој е почесен член на Хрватско-македонската тангента. На свеченото отворање на Деновите на македонската култура во Музејот на град Шибеник,  на проф. д-р Иво Јосиповиќ му беше доделено признанието „Пријател на Македонија“ кое му го врачи претседателот на Тангентата, Сашо Георгиевски. Во рамки на манифестацијата во тек е изложбата „Тангано плавон“  на сплитскиот Македонец, Зоран Стоилов. Како што соопшти организаторот, изложбата, која предизвикала голем инстерс во јавноста, ќе биде отворена до 13 септември. Организирана во соработка со Македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит. Хрватско-македонска тангента ги организира Деновите на македонската култура со поддршка од Советот за национални малцинства во Хрватска, Градот Шибеник и туристичките заедници на Град Шибеник и Зларин. Покровител е градоначалникот на Шибеник  Жељко Буриќ.

The post Денови на македонската култура во Шибеник appeared first on Република.

]]>