македонска историја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-istorija/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Jan 2023 14:14:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонска историја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-istorija/ 32 32 Бугарската влада верува дека може да диктира како да се пишува македонската историја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskata-vlada-veruva-deka-mozhe-da-diktira-kako-da-se-pishuva-makedonskata-istorija/ Mon, 16 Jan 2023 14:14:02 +0000 https://republika.mk/?p=597582

Универзитетските професори, аналитичарите и историчарите во еден подолг временски период укажуваат дека обидите на Софија да го наметне своето видување на историјата преку политизирање на мешаната комисија за историски и образовни прашања фундаментално ги нарушуваат македонско-бугарските односи. Токму овој сегмент беше предмет на особена анализа од страна на проф. д-р Улф Брунбауер, историчар и директор на институтот „Лајбниц“ за Источна и Југоисточна Европа во Регенсбург, Германија.

Тој нагласува дека работата на мешаната комисија стана главен аргумент во обвинувањето на Бугарија дека Македонија не ги исполнила своите обврски според Договорот за пријателство и затоа не е подготвена за членство во Европската Унија. Ова беше чудно оправдување, кое не беше покриено ниту со копенхашките критериуми ниту со европските закони, пишува „Нова Макдонија“.

– Тоа значеше дека има големи очекувања и голем притисок врз академиците испратени во комисијата, кои практично станаа судии во билатерален спор, нагласува професорот од институтот за Источна и Југоисточна Европа.

Бугарија не ги штити слободата на мислењето и академската слобода

Проф. д-р Улф Брунбауер во својата опсежна анализа забележува дека Бугарија како држава и општество бара од македонската страна да го промени изучувањето на историјата, географијата и литературата, како и третманот на македонските историски споменици во согласност со заклучоците на заедничката експертска комисија. Според Улф Брунбауер, во „хармонизирањето“ на наставата по историја и литература, бугарската влада побара изворните текстови од 19 и 20 век во учебниците да бидат „претставени и изучени според јазичните норми во кои тие првично биле напишани, во согласност со одлуката на Советот на министри на Република Бугарија од 2019 година, односно бугарската влада.

– Се чини дека бугарската влада верувала дека државата може да диктира што им е дозволено да пишуваат на историчарите или другите творци на историјата. Толку од Бугарија што ги штити слободата на мислењето и академската слобода – нагласува Брунбауер.

Видувањето на професорот од институтот за Источна и Југоисточна Европа за ова прашање кореспондира со укажувањата на неколкумина македонски универзитетски професори и историчари. Во овој контекст, проф. д-р Наташа Котлар-Трајкова од Институтот за национална историја истакна дека во научниот свет нема компромиси, во научниот свет има само докажување, различни ставови за да се дојде до вистината.

– Компромиси или редење во еден ред на нештата има само во политиката. Сметам дека јавноста треба да знае дека комисијата ниту може ниту ќе донесе нешто што е правилно, тоа ќе биде фалсификат, тоа ќе биде узурпација и тоа ќе биде смрт за сето она што значи слободно творење – рече Котлар-Трајкова.

Главен аргумент на историската комисија (бугарските членови) стана обвинувањето дека Македонија не ги исполнила своите обврски според Договорот за пријателство

Анализирајќи го составот, односно членовите на комисијата за историски и образовни прашања, Улф Брунбауер вели дека довербата на бугарската влада во заедничката комисија најверојатно е вкоренета во составот на членовите од бугарска страна. Според Брунбауер, македонската влада не покажа многу ентузијазам за создавањето на оваа комисија, бидејќи нејзината агенда беше поттикната од бугарската опседнатост со македонската историја. Сепак, како што вели Улф Брунбауер, се согласи со надеж дека тоа ќе помогне за нормализирање на односите меѓу двете земји.

Професорот и директор на институтот „Лајбниц“ за Источна и Југоисточна Европа во Регенсбург заклучува дека работата на комисијата стана главен аргумент во обвинувањето на Бугарија дека Македонија не ги исполнила своите обврски според Договорот за пријателство и затоа не се квалификувала за прием во ЕУ.

– Ова беше чудно оправдување, кое не беше покриено ниту со копенхашките критериуми ниту со европските закони. Тоа значеше дека има големи очекувања и голем притисок врз академиците испратени во комисијата, кои практично станаа судии во билатерален спор. Тоа очигледно ја попречи задачата што всушност ѝ беше доделена на комисијата, која во членот 8 од Договорот за пријателство дефинираше како да ги толкува историските настани „објективно“ врз основа на „автентични историски извори“,нагласува Улф Брунбауер.

Според Брунбауер, комисијата е создадена по моделот на билатералните комисии на историчари формирани меѓу други земји со тешко заедничко минато. Најважни примери се оние меѓу Сојузна Република Германија и земјите што беа нападнати и окупирани од Германија за време на Втората светска војна. Главната разлика е во тоа што овие комисии се занимаваат со германската окупација и воените злосторства, холокаустот и геноцидот и повоената одмазда, како што е протерувањето на германските малцинства. Во случајот со Бугарија и Македонија, според анализата на Брунбауер, комисијата треба реши такви земјотресни проблеми како што е прашањето дали Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец.

– Ваквите прашања ретко создаваат иновативни истражувања, наместо тоа имаат тенденција да предизвикаат анахрони контроверзии за националниот карактер на настаните што се случиле долго пред да се измислат нациите, заклучува германскиот професор во својата анализа.

Повеќе на Нова Македонија.мк“

The post Бугарската влада верува дека може да диктира како да се пишува македонската историја appeared first on Република.

]]>

Универзитетските професори, аналитичарите и историчарите во еден подолг временски период укажуваат дека обидите на Софија да го наметне своето видување на историјата преку политизирање на мешаната комисија за историски и образовни прашања фундаментално ги нарушуваат македонско-бугарските односи. Токму овој сегмент беше предмет на особена анализа од страна на проф. д-р Улф Брунбауер, историчар и директор на институтот „Лајбниц“ за Источна и Југоисточна Европа во Регенсбург, Германија. Тој нагласува дека работата на мешаната комисија стана главен аргумент во обвинувањето на Бугарија дека Македонија не ги исполнила своите обврски според Договорот за пријателство и затоа не е подготвена за членство во Европската Унија. Ова беше чудно оправдување, кое не беше покриено ниту со копенхашките критериуми ниту со европските закони, пишува „Нова Макдонија“.
– Тоа значеше дека има големи очекувања и голем притисок врз академиците испратени во комисијата, кои практично станаа судии во билатерален спор, нагласува професорот од институтот за Источна и Југоисточна Европа.
Бугарија не ги штити слободата на мислењето и академската слобода Проф. д-р Улф Брунбауер во својата опсежна анализа забележува дека Бугарија како држава и општество бара од македонската страна да го промени изучувањето на историјата, географијата и литературата, како и третманот на македонските историски споменици во согласност со заклучоците на заедничката експертска комисија. Според Улф Брунбауер, во „хармонизирањето“ на наставата по историја и литература, бугарската влада побара изворните текстови од 19 и 20 век во учебниците да бидат „претставени и изучени според јазичните норми во кои тие првично биле напишани, во согласност со одлуката на Советот на министри на Република Бугарија од 2019 година, односно бугарската влада.
– Се чини дека бугарската влада верувала дека државата може да диктира што им е дозволено да пишуваат на историчарите или другите творци на историјата. Толку од Бугарија што ги штити слободата на мислењето и академската слобода – нагласува Брунбауер.
Видувањето на професорот од институтот за Источна и Југоисточна Европа за ова прашање кореспондира со укажувањата на неколкумина македонски универзитетски професори и историчари. Во овој контекст, проф. д-р Наташа Котлар-Трајкова од Институтот за национална историја истакна дека во научниот свет нема компромиси, во научниот свет има само докажување, различни ставови за да се дојде до вистината.
– Компромиси или редење во еден ред на нештата има само во политиката. Сметам дека јавноста треба да знае дека комисијата ниту може ниту ќе донесе нешто што е правилно, тоа ќе биде фалсификат, тоа ќе биде узурпација и тоа ќе биде смрт за сето она што значи слободно творење – рече Котлар-Трајкова.
Главен аргумент на историската комисија (бугарските членови) стана обвинувањето дека Македонија не ги исполнила своите обврски според Договорот за пријателство Анализирајќи го составот, односно членовите на комисијата за историски и образовни прашања, Улф Брунбауер вели дека довербата на бугарската влада во заедничката комисија најверојатно е вкоренета во составот на членовите од бугарска страна. Според Брунбауер, македонската влада не покажа многу ентузијазам за создавањето на оваа комисија, бидејќи нејзината агенда беше поттикната од бугарската опседнатост со македонската историја. Сепак, како што вели Улф Брунбауер, се согласи со надеж дека тоа ќе помогне за нормализирање на односите меѓу двете земји. Професорот и директор на институтот „Лајбниц“ за Источна и Југоисточна Европа во Регенсбург заклучува дека работата на комисијата стана главен аргумент во обвинувањето на Бугарија дека Македонија не ги исполнила своите обврски според Договорот за пријателство и затоа не се квалификувала за прием во ЕУ.