македонска економија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-ekonomija/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 13:26:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонска економија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-ekonomija/ 32 32 За македонската економија оваа зима има два предизвика, откри Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-makedonskata-ekonomija-ovaa-zima-ima-dva-predizvika-otkri-mitskoski/ Fri, 15 Nov 2024 13:25:21 +0000 https://republika.mk/?p=838148

Многу важно за Владата состанокот што ќе го имаме в недела со банките да заврши успешно и конечно да почнеме со користење на заемот, во јавноста познат како унгарски заем, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска по годишната конференција на граѓански организации одговараше на новинарско прашање, дали е задоволен од инвестициите во сопанството и дали ќе продолжи инвестицискиот циклус.

Очекуваме тука да се акцелерира еден бран од најмалку 300 милиони евра, тоа е некаде 1,6, 1,7% од нашиот вкупен домашен производ, плус имаме бран инвестиции во општините, кои се финансирани од страна на централната Влада ќе ве потсетам шест милјарди денари во овој циклус, 15 милјарди денари веќе следната година, шест милјарди проекти, коишто преку Министерството за животна средина, знаете дека имавме настани во вицепремиерот, Меџити на оваа тема за проекти кои беа запоставени од претходната Влада сега се реализираат во делот на изградба на водоводи, канализациски системи, системи за третирање на отпадни води и слично и тука очекувам еден огромен бран отприлика 27,28 до 30 милијарди денари, изјави Мицкоски.

Премиерот, Мицкоски забележа дека тоа се многу пари за македонската економија. Но, забележа дека оваа зима чувствува дека ќе имаме два предизвика, од кои првиот ќе биде енергетската стабилност,а вториот ќе биде кризата која се чувствува од Германија, посебно во автомобилската индустрија. Посочи дека за овие предизвици веќе се бараат и решенија, како да се надминат.

За првиот видовте и вчера, месеците претходно, многу внимателно планиравме и мислам дека таму состојбата е стабилна, со потпишување на меморандумот за разбирање меѓу ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ и Сокар азербејџанскиот гигант и ќе имаме стабилно и евтино снабдување со природен гас, што е многу важно за затоплувањето на Скопјани, но и за производството на електрична енергија. Дотурот на јаглен и ископот веќе функционира најнормално, би рекол и повеќе од нормално, веќе Блоковите работат на моменти по 200 мегавати нешто што беше незамисливо во изминатите седум години, вели Мицкоски.

Премиерот истакна дека сепак хидрологијата е проблематична, но какошто рече „очекувам дека со есенските дождови, со зимските снегови тука ќе можеме ситуацијата да ја подобриме“.

Тоа не зависи од нас, тоа зависи од некои други метафизики. Но, како и да е, тој проблем е под контрола и мислам дека ќе имаме, не мислам сигурен сум дека тоа ќе биде успешно и граѓаните не треба да се грижат, изјави Мицкоски.

Што се однесува за вториот предизвик поврзан со економијата на Германија, премиерот Мицкоски смета дека е  можно намалување на економската активност за некои од компаниите, коишто се дел од автомобилскиот сектор. Но, негово мислење е дека овој предизвик може да се совлада со инвестиции.

Затоа овој бран што го кажувам 300 милиони плус 500 милиони евра, околу 800 милиони евра имајќи предвид дека некаде околу 15, 16 милјарди е нашиот БДП, зборуваме за бројка меѓу четири и пет проценти и мислиме дека на тој начин нема да се почувствува таа криза и нема да се афектира негативно на нашиот Бруто домашен производ(БДП), изјави Мицкоски.

Забележа дека тоа се двата генерално суштински проблеми, а какошто рече „покрај многуте стотици коишто ги решаваме на дневна основа, но тоа ни е работата и наша природна задача“.

The post За македонската економија оваа зима има два предизвика, откри Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Фајнанс Тинк: Нереална е проекцијата за раст на македонската економија кога има неизвесност околу руско-украинскиот конфликт https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/fajnans-tink-nerealna-e-proekcijata-za-rast-na-makedonskata-ekonomija-koga-ima-neizvesnost-okolu-rusko-ukrainskiot-konflikt/ Sat, 05 Mar 2022 11:02:47 +0000 https://republika.mk/?p=468123

Во услови на неизвесност околу времетраењето и интензитетот на руско-украинскиот конфликт, како и околу можните ефекти од наметнатите санкции врз Руската Федерација за пазарите на енергенси, изгледите за растот на македонската економија во 2022 година се изразено надолни, односно претходната проекција од 4 отсто станува нереална во новите околности, прачуваат од Фајнанс Тинк и најавуваат дека нова проекција за растот ќе објават во јуни 2022 година.

Неизвесноста во економијата се засили на почетокот на 2022 година, како резултат на зголемените притисоци од цените на храната и енергијата на глобално ниво. Притисоците врз цените и изгледите за растот дополнително се влошија со инвазијата на Руската Федерација врз Украина на 24 февруари 2022, оценува Фајнанс Тинк во Макроекономскиот монитор К4 2021 што го објави денеска.

Во публикацијата истакнуваат дека во четвртиот квартал од 2021 година БДП во земјава се зголеми за 2,3 проценти на годишна основа, со што целата 2021 година заврши со раст на БДП од 4 отсто.

Овој раст е целосно во линија со проекцијата од Фајнанс Тинк од 4,1 отсто. Остварениот раст е резултат на понатамошната пост-пандемиска консолидација на економските текови, остварен на стабилизирана основа од истиот квартал од претходната година. Според дејности, растот произлегува од подобрите остварувања кај услугите, и посебно оние кои беа под директен удар на пандемијата: трговијата, транспортот и хотелиерството (9,2 отсто). Додека, падот на преработувачката индустрија (-4,8 отсто) продолжи (иако на висока споредбена основа), поради изразените неизвесности сврзани со ребалансирањето на глобалните пазари на стоки и импликациите за синџирите на снабдување, се вели во Макроекономскиот монитор К4 2021.

Сврзано со ова, се додава, извозот (1,8 отсто) бележи стагнација, но бруто инвестициите (21,1 отсто) бележат значајно закрепнување.

Порелаксираното трошење во однос на 2020 година и растот на платите ја поддржаа приватната потрошувачка (5,7 отсто), додека јавната потрошувачка (6,5 отсто) го одржа темпото на поддршка на пост-пандемиското заздравување, што е во линија со продлабочувањето на буџетскиот дефицит во однос на привичните проекции (првична проекција 4,9, а остварување од 5,3 отсто од БДП), се посочува во Макроекономскиот монитор К4 2021.

Се нагласува дека невработеноста во четвртиот квартал од 2021 понатамошно благо се намали, на 15,2 отсто од претходните 15,7 отсто (К3-2021). Но, се намали и вработеноста, од 47,4 на 47,3 отсто. Овие остварувања се резултат на повторното пасивизирање на населението (помеѓу два квартала, близу 8.000 лица престанале активно да бараат работа).

The post Фајнанс Тинк: Нереална е проекцијата за раст на македонската економија кога има неизвесност околу руско-украинскиот конфликт appeared first on Република.

]]>

Во услови на неизвесност околу времетраењето и интензитетот на руско-украинскиот конфликт, како и околу можните ефекти од наметнатите санкции врз Руската Федерација за пазарите на енергенси, изгледите за растот на македонската економија во 2022 година се изразено надолни, односно претходната проекција од 4 отсто станува нереална во новите околности, прачуваат од Фајнанс Тинк и најавуваат дека нова проекција за растот ќе објават во јуни 2022 година. Неизвесноста во економијата се засили на почетокот на 2022 година, како резултат на зголемените притисоци од цените на храната и енергијата на глобално ниво. Притисоците врз цените и изгледите за растот дополнително се влошија со инвазијата на Руската Федерација врз Украина на 24 февруари 2022, оценува Фајнанс Тинк во Макроекономскиот монитор К4 2021 што го објави денеска. Во публикацијата истакнуваат дека во четвртиот квартал од 2021 година БДП во земјава се зголеми за 2,3 проценти на годишна основа, со што целата 2021 година заврши со раст на БДП од 4 отсто.
Овој раст е целосно во линија со проекцијата од Фајнанс Тинк од 4,1 отсто. Остварениот раст е резултат на понатамошната пост-пандемиска консолидација на економските текови, остварен на стабилизирана основа од истиот квартал од претходната година. Според дејности, растот произлегува од подобрите остварувања кај услугите, и посебно оние кои беа под директен удар на пандемијата: трговијата, транспортот и хотелиерството (9,2 отсто). Додека, падот на преработувачката индустрија (-4,8 отсто) продолжи (иако на висока споредбена основа), поради изразените неизвесности сврзани со ребалансирањето на глобалните пазари на стоки и импликациите за синџирите на снабдување, се вели во Макроекономскиот монитор К4 2021.
Сврзано со ова, се додава, извозот (1,8 отсто) бележи стагнација, но бруто инвестициите (21,1 отсто) бележат значајно закрепнување.
Порелаксираното трошење во однос на 2020 година и растот на платите ја поддржаа приватната потрошувачка (5,7 отсто), додека јавната потрошувачка (6,5 отсто) го одржа темпото на поддршка на пост-пандемиското заздравување, што е во линија со продлабочувањето на буџетскиот дефицит во однос на привичните проекции (првична проекција 4,9, а остварување од 5,3 отсто од БДП), се посочува во Макроекономскиот монитор К4 2021.
Се нагласува дека невработеноста во четвртиот квартал од 2021 понатамошно благо се намали, на 15,2 отсто од претходните 15,7 отсто (К3-2021). Но, се намали и вработеноста, од 47,4 на 47,3 отсто. Овие остварувања се резултат на повторното пасивизирање на населението (помеѓу два квартала, близу 8.000 лица престанале активно да бараат работа).

The post Фајнанс Тинк: Нереална е проекцијата за раст на македонската економија кога има неизвесност околу руско-украинскиот конфликт appeared first on Република.

]]>
Војната во Украина ќе нè дотолчи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vojnata-vo-ukraina-kje-ne-dotolchi/ Fri, 25 Feb 2022 08:42:31 +0000 https://republika.mk/?p=463633

Воениот конфликт помеѓу Украина и Русија, земји многу енергетски битни и за Европа и за нас, многу негативно ќе се одрази врз македонската економијата.

Дали ќе се нормализира состојбата до крајот на оваа година, или конфликтот ќе трае подолг временски период со можност да ги покрене цените на храната, електричната енергија и нафата на повисоко ниво во еден подолг временски прериод – сѐ додека не дојде до прилагодување на понудата од страна на други држави. Директните ефекти на надворешно-трговската размена на Македонија со Русија и Украина се ниски. Во 2021 година, Русија учествува со 0,7% во нашиот вкупен извоз, а Украина со 0,2%. Русија сочинува 1,7% од нашиот увоз, а Украина 1,5%. Но, индирекните ефекти преку влијанието на конфликтот врз економијата на ЕУ имаат потенцијал да бидат големи за македонската економија, односно да го намалат извозот и инвестициите (кон и од ЕУ), дознаките на нашите иселеници во ЕУ, а со тоа и расположливиот доход на домаќинствата во РМ и личната потрошувачка, која веќе е поткопана заради инфлацијата. Сѐ ова ќе има влијание врз растот на економијата, којшто од крајот на 2021 година веќе стагнира. Македонија е влезена во период на стагфлација (низок раст и инфлација), сметаат економистите.

Македонија извезува 77% од вкупниот извоз во ЕУ и увезува 46% од ЕУ. Шокот врз цените на сметките за струја, гас, растот на цените на нафтените деривати, порастот на цените на храната ја поткопуваат куповната моќ на населението во ЕУ, што при паралелно зголемена воздржаност од потрошувачка заради конфликтот, ќе се рефлектира во помала странска побарувачка за нашите производи, но и услуги (извоз преку туризам итн.).

Првичните анализи велат дека во зависност од силата на шокот, на удар се и дознаките, односно парите на нашите иселеници кои во значаен дел го формираат расположливиот доход на домаќинствата во РМ. Негативниот сентимент на инвеститорите (особено од ЕУ), заедно со намалените профити (во услови на раст на трошоците за производство) ќе значи отсуство на приливи од СДИ (кои вака во подолг период ги нема) и веројатно поголема каматна стапка на планираниот нов пазарен долг (еврообврзницата). Каматите во светски рамки ќе растат и заради затегањето на монетарната политика на глобалните централни банки и од сега па во иднина ќе го рефинансираме долгот со повисоки трошоци.

Непосредниот ефект од разгорување на конфликтот ќе биде растот на цените на нафтените деривати и цена на природниот гас, а со тоа на цената на електрична енергија, кои директно ќе ги погодат домашните бизниси. За домаќинствата, цените на нафтените деривати имаат директен ефект, додека цената на електричната енергија има потенцијал да се зголеми (прво ако се врати ДДВ од 5-10% во јули оваа година) и второ, ако не се обезбедат средства во буџет за покривање на разликата од пазарна до регулирана цена на ЕСМ. Парите за справување со енергетската криза од 5,2 милијарди денари за 2022 година се истрошени. Потребен е ребаланс на буџетот да се обезбедат средства за понатамошно справување со енергетската криза и заради кумулирање на стокови резеви (никој не кажува дали имаме пченица, пченка и сл.).

Цените на нафтените деривати се рефлектираат во следниве категории од индексот на трошоци на живот (преку кои се мери инфлацијата) и тоа: течни горива за домување, горива и мазива за сопствени превозни средства, и транспортни услуги. Грубата пресметка за преносот на повисоките цените на нафтените деривати на инфлацијата (кои имаат пондер од 5,8% заедно) е дека ако цената на суровата нафта од 100 долари за барел се искачи на 120 долари за барел, ефектот на инфлацијата во Македонија е околу 1 процентен поен.

Дополнителниот пораст или заджување на висока цена на електрична енергија е неповолно за бизнис секторот кој е на слободниот пазар, и има потенцијал да ги качи цените на финалните производи и услуги, односно да се рефлектира дополнително врз инфлацијата. Така, секундарните ефекти од растот на цените на енергенсите веќе се отсликаа во базичната инфлација. Иифлацијата со исклучена енергија, течни горива и мазива, непроцесирана храна, тутун и алкохолни пијалаци (базична инфлација) од август 2021 година до јануари 2022 година се зголеми за 2,4%, што значи дека повисоките цени на трошоците за производство (пред сѐ електрична енергија и течни горива) се отсликаа и во другите цени на производите и услугите.
Збирно, сите ефекти од потенцијален раст на цените на храната, тутунот, нафтата, секундарните ефекти од растот на цената на стујата и останатите суровини, би можело да не чини подолнителен раст на општото ценовно ниво од околу 4% од јануари до мај. Тоа е дополнителна инфлација на краток рок, но за подолг рок зависи од прилагодувањето на цените на светските берзи. Но инфлацијата, ќе значи повторно намалување на куповната моќ на населението, во услови кога нема усогласување на плати за инфлација, а со тоа и пониска приватна потрошувачка.

За 2022 година, во отсуство на градежната активност на државата (којашто ја нема подолг временски период), во отсуство на домашни инвестиции кои се поткопани заради ударот од растот на трошоците за производство, во отсуство на СДИ- кои веќе неколку години се само заради реинвестирана добивка на веќе постојните капацитети (која ќе биде намалена оваа година), во отсуство на приватна потрошувачка и раст на извозот, економијата ќе стагнира.

Ова ќе има рефлексија на приходната страна на буџетот (но инфлацијата може да помогне), и со тоа на структурата на трошење на буџетските пари. Тоа што не реализираат капитални инвестиции ќе го правдаат со зголемени трошоци за справување со енергетската криза – за којашто требаше да имаат сценарија уште на крајот од 2021 година со носење на буџетот за оваа година, сметаат економистите.

The post Војната во Украина ќе нè дотолчи appeared first on Република.

]]>

Воениот конфликт помеѓу Украина и Русија, земји многу енергетски битни и за Европа и за нас, многу негативно ќе се одрази врз македонската економијата.
Дали ќе се нормализира состојбата до крајот на оваа година, или конфликтот ќе трае подолг временски период со можност да ги покрене цените на храната, електричната енергија и нафата на повисоко ниво во еден подолг временски прериод – сѐ додека не дојде до прилагодување на понудата од страна на други држави. Директните ефекти на надворешно-трговската размена на Македонија со Русија и Украина се ниски. Во 2021 година, Русија учествува со 0,7% во нашиот вкупен извоз, а Украина со 0,2%. Русија сочинува 1,7% од нашиот увоз, а Украина 1,5%. Но, индирекните ефекти преку влијанието на конфликтот врз економијата на ЕУ имаат потенцијал да бидат големи за македонската економија, односно да го намалат извозот и инвестициите (кон и од ЕУ), дознаките на нашите иселеници во ЕУ, а со тоа и расположливиот доход на домаќинствата во РМ и личната потрошувачка, која веќе е поткопана заради инфлацијата. Сѐ ова ќе има влијание врз растот на економијата, којшто од крајот на 2021 година веќе стагнира. Македонија е влезена во период на стагфлација (низок раст и инфлација), сметаат економистите.
Македонија извезува 77% од вкупниот извоз во ЕУ и увезува 46% од ЕУ. Шокот врз цените на сметките за струја, гас, растот на цените на нафтените деривати, порастот на цените на храната ја поткопуваат куповната моќ на населението во ЕУ, што при паралелно зголемена воздржаност од потрошувачка заради конфликтот, ќе се рефлектира во помала странска побарувачка за нашите производи, но и услуги (извоз преку туризам итн.). Првичните анализи велат дека во зависност од силата на шокот, на удар се и дознаките, односно парите на нашите иселеници кои во значаен дел го формираат расположливиот доход на домаќинствата во РМ. Негативниот сентимент на инвеститорите (особено од ЕУ), заедно со намалените профити (во услови на раст на трошоците за производство) ќе значи отсуство на приливи од СДИ (кои вака во подолг период ги нема) и веројатно поголема каматна стапка на планираниот нов пазарен долг (еврообврзницата). Каматите во светски рамки ќе растат и заради затегањето на монетарната политика на глобалните централни банки и од сега па во иднина ќе го рефинансираме долгот со повисоки трошоци. Непосредниот ефект од разгорување на конфликтот ќе биде растот на цените на нафтените деривати и цена на природниот гас, а со тоа на цената на електрична енергија, кои директно ќе ги погодат домашните бизниси. За домаќинствата, цените на нафтените деривати имаат директен ефект, додека цената на електричната енергија има потенцијал да се зголеми (прво ако се врати ДДВ од 5-10% во јули оваа година) и второ, ако не се обезбедат средства во буџет за покривање на разликата од пазарна до регулирана цена на ЕСМ. Парите за справување со енергетската криза од 5,2 милијарди денари за 2022 година се истрошени. Потребен е ребаланс на буџетот да се обезбедат средства за понатамошно справување со енергетската криза и заради кумулирање на стокови резеви (никој не кажува дали имаме пченица, пченка и сл.). Цените на нафтените деривати се рефлектираат во следниве категории од индексот на трошоци на живот (преку кои се мери инфлацијата) и тоа: течни горива за домување, горива и мазива за сопствени превозни средства, и транспортни услуги. Грубата пресметка за преносот на повисоките цените на нафтените деривати на инфлацијата (кои имаат пондер од 5,8% заедно) е дека ако цената на суровата нафта од 100 долари за барел се искачи на 120 долари за барел, ефектот на инфлацијата во Македонија е околу 1 процентен поен. Дополнителниот пораст или заджување на висока цена на електрична енергија е неповолно за бизнис секторот кој е на слободниот пазар, и има потенцијал да ги качи цените на финалните производи и услуги, односно да се рефлектира дополнително врз инфлацијата. Така, секундарните ефекти од растот на цените на енергенсите веќе се отсликаа во базичната инфлација. Иифлацијата со исклучена енергија, течни горива и мазива, непроцесирана храна, тутун и алкохолни пијалаци (базична инфлација) од август 2021 година до јануари 2022 година се зголеми за 2,4%, што значи дека повисоките цени на трошоците за производство (пред сѐ електрична енергија и течни горива) се отсликаа и во другите цени на производите и услугите. Збирно, сите ефекти од потенцијален раст на цените на храната, тутунот, нафтата, секундарните ефекти од растот на цената на стујата и останатите суровини, би можело да не чини подолнителен раст на општото ценовно ниво од околу 4% од јануари до мај. Тоа е дополнителна инфлација на краток рок, но за подолг рок зависи од прилагодувањето на цените на светските берзи. Но инфлацијата, ќе значи повторно намалување на куповната моќ на населението, во услови кога нема усогласување на плати за инфлација, а со тоа и пониска приватна потрошувачка. За 2022 година, во отсуство на градежната активност на државата (којашто ја нема подолг временски период), во отсуство на домашни инвестиции кои се поткопани заради ударот од растот на трошоците за производство, во отсуство на СДИ- кои веќе неколку години се само заради реинвестирана добивка на веќе постојните капацитети (која ќе биде намалена оваа година), во отсуство на приватна потрошувачка и раст на извозот, економијата ќе стагнира. Ова ќе има рефлексија на приходната страна на буџетот (но инфлацијата може да помогне), и со тоа на структурата на трошење на буџетските пари. Тоа што не реализираат капитални инвестиции ќе го правдаат со зголемени трошоци за справување со енергетската криза – за којашто требаше да имаат сценарија уште на крајот од 2021 година со носење на буџетот за оваа година, сметаат економистите.

The post Војната во Украина ќе нè дотолчи appeared first on Република.

]]>