македонска берза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-berza/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Dec 2023 10:43:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонска берза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-berza/ 32 32 Акциите на УНИБанка АД Скопје се најпосакуваните акции во земјава во 2023 година! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/aktsiite-na-unibanka-ad-skopje-se-najposakuvanite-aktsii-vo-zemjava-vo-2023-godina/ Mon, 25 Dec 2023 09:45:57 +0000 https://republika.mk/?p=726440

Успешната 2023 година и доброто работење на УНИБанка години наназад, одличниот имиџ и репутација кои ги ужива во јавноста и во деловниот свет, придонесоа Банката да биде добитник на две значајни признанија од Македонска берза за 2023 година.

Првата награда е во категорија „Акција со најголем промет во 2023 година“ , а втората за „Акција со најголем пораст на цената во 2023 година“ и двете во сегментотакционерски друштва под 50 милиони евра пазарна капитализација.

Наградите во име на УНИБанка ги прими Владислав Хаџидинев, Извршен директор на УНИБанка АД Скопје, кој изјави дека е ова резултат на добрата стратегија за развој на Банката, како и на одличниот тим на врвни финансиски професионалци и експерти кои работат во Банката.

Акциите на УНИБанка во 2023 година беа едни од најпосакуваните хартии од вредност во земјава, што е потврда за стабилноста и сигурноста на Банката, на довербата која ја ужива во земјава од акционерите инвеститори, како и од штедачите и деловните субјекти. Тоа е сигнал за инвеститорите дека и во иднина акциите на УНИБанка ќе бидат исплатлива инвестиција, додаде Хаџидинев.

Наградите се добиваат врз основа на квантитативни податоци, како што се берзанскиот промет, цените, истргуваната количина на ХВ и бројот на трансакции во тековната година, а ги доделува Одборот на директори на Берзата.

УНИБанка АД Скопје и во 2022 година беше наградена од Македонска берза во категорија “Годишна награда за придонес во областа на едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност“.

Настанот за доделување на годишните награди го отвори Министерот за финансии во Владата на РСМ, г-динот Фатмир Бесими, заедно со Главниот извршен директор на Македонска берза, г-дин Иван Штериев.

Комерцијален текст

The post Акциите на УНИБанка АД Скопје се најпосакуваните акции во земјава во 2023 година! appeared first on Република.

]]>

Успешната 2023 година и доброто работење на УНИБанка години наназад, одличниот имиџ и репутација кои ги ужива во јавноста и во деловниот свет, придонесоа Банката да биде добитник на две значајни признанија од Македонска берза за 2023 година. Првата награда е во категорија „Акција со најголем промет во 2023 година“ , а втората за „Акција со најголем пораст на цената во 2023 година“ и двете во сегментотакционерски друштва под 50 милиони евра пазарна капитализација. Наградите во име на УНИБанка ги прими Владислав Хаџидинев, Извршен директор на УНИБанка АД Скопје, кој изјави дека е ова резултат на добрата стратегија за развој на Банката, како и на одличниот тим на врвни финансиски професионалци и експерти кои работат во Банката. Акциите на УНИБанка во 2023 година беа едни од најпосакуваните хартии од вредност во земјава, што е потврда за стабилноста и сигурноста на Банката, на довербата која ја ужива во земјава од акционерите инвеститори, како и од штедачите и деловните субјекти. Тоа е сигнал за инвеститорите дека и во иднина акциите на УНИБанка ќе бидат исплатлива инвестиција, додаде Хаџидинев. Наградите се добиваат врз основа на квантитативни податоци, како што се берзанскиот промет, цените, истргуваната количина на ХВ и бројот на трансакции во тековната година, а ги доделува Одборот на директори на Берзата. УНИБанка АД Скопје и во 2022 година беше наградена од Македонска берза во категорија “Годишна награда за придонес во областа на едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност“. Настанот за доделување на годишните награди го отвори Министерот за финансии во Владата на РСМ, г-динот Фатмир Бесими, заедно со Главниот извршен директор на Македонска берза, г-дин Иван Штериев. Комерцијален текст

The post Акциите на УНИБанка АД Скопје се најпосакуваните акции во земјава во 2023 година! appeared first on Република.

]]>
Македонска берза втора година се приклучува кон иницијативата „Да заѕвониме за финансиска писменост“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonska-berza-vtora-godina-se-prikluchuva-kon-inicijativata-da-zadzvonime-za-finansiska-pismenost/ Fri, 07 Oct 2022 16:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=558518

Македонска берза втора година по ред се приклучува кон глобалната иницијатива „Да заѕвониме за финансиска писменост“ на Светската федерација на берзи (World Federation of Exchanges – WFE), како поддршка на глобалната кампања „Светска недела на инвеститорот“ во организација на Меѓународната организација на комисиите за хартии од вредност.

Како што информира Македонска берза, оваа година „Светската недела на инвеститорот“ трае од 3 до 9 октомври и кон неа се приклучија рекордни 79 берзи на шест континенти. Берзите оваа недела одржуваат церемонии на ѕвонење на берзанските ѕвона, со цел зголемување на свеста за потребата од финансиска едукација, со нагласок на инвестирањето во хартии од вредност.

По овој повод, деканот на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Предраг Трпески, во просториите на Македонска берза симболично го заѕвони берзанското ѕвоно и изјави дека финансиската писменост денес е високо на агендите на сите релевантни носители на економски политики.

-Економскиот факултет Скопје, од своето постоење, а особено во последната декада, индивидуално или во партнерство со националните финансиски институции, континуирано придонесува во подигнување на сите нивоа на писменоста. Дополнителна потврда за тие заложби е и потпишаниот Меморандум за соработка со Македонската берза, кој опфаќа повеќе полиња на делување, а посебен акцент е ставен на организирање неколкудневни обуки кои ќе ги покријат областите од: пазарот на капитал, личните финансии, финансиското сметководство, функционирањето на Македонската берза на хартии од вредност и слични теми, рече Трпески.

Воедно, во рамките на иницијативата „Да заѕвониме за финансиска писменост“ и одбележувањето на „Светската недела на инвеститорот“, главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, одржа предавање пред студентите на Економскиот факултет. На студентите им беше презентиран македонскиот пазар на хартии од вредност и улогата на сите пазарни институции и учесници.

-Една од највпечатливите промени насекаде на берзите во последно време е нагласената генерациска промена во структурата на инвеститорите – тие се сè помлади, посмели и поактивни без да користат финансиски посредници. Токму затоа нивната финансиска едукација и длабинско познавање на проблематиката е уште поважна од порано и сите општествени чинители треба да направат максимални напори за подобрување на финансиската писменост, изјави Штериев. 

The post Македонска берза втора година се приклучува кон иницијативата „Да заѕвониме за финансиска писменост“ appeared first on Република.

]]>

Македонска берза втора година по ред се приклучува кон глобалната иницијатива „Да заѕвониме за финансиска писменост“ на Светската федерација на берзи (World Federation of Exchanges – WFE), како поддршка на глобалната кампања „Светска недела на инвеститорот“ во организација на Меѓународната организација на комисиите за хартии од вредност. Како што информира Македонска берза, оваа година „Светската недела на инвеститорот“ трае од 3 до 9 октомври и кон неа се приклучија рекордни 79 берзи на шест континенти. Берзите оваа недела одржуваат церемонии на ѕвонење на берзанските ѕвона, со цел зголемување на свеста за потребата од финансиска едукација, со нагласок на инвестирањето во хартии од вредност. По овој повод, деканот на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Предраг Трпески, во просториите на Македонска берза симболично го заѕвони берзанското ѕвоно и изјави дека финансиската писменост денес е високо на агендите на сите релевантни носители на економски политики.
-Економскиот факултет Скопје, од своето постоење, а особено во последната декада, индивидуално или во партнерство со националните финансиски институции, континуирано придонесува во подигнување на сите нивоа на писменоста. Дополнителна потврда за тие заложби е и потпишаниот Меморандум за соработка со Македонската берза, кој опфаќа повеќе полиња на делување, а посебен акцент е ставен на организирање неколкудневни обуки кои ќе ги покријат областите од: пазарот на капитал, личните финансии, финансиското сметководство, функционирањето на Македонската берза на хартии од вредност и слични теми, рече Трпески.
Воедно, во рамките на иницијативата „Да заѕвониме за финансиска писменост“ и одбележувањето на „Светската недела на инвеститорот“, главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, одржа предавање пред студентите на Економскиот факултет. На студентите им беше презентиран македонскиот пазар на хартии од вредност и улогата на сите пазарни институции и учесници. -Една од највпечатливите промени насекаде на берзите во последно време е нагласената генерациска промена во структурата на инвеститорите – тие се сè помлади, посмели и поактивни без да користат финансиски посредници. Токму затоа нивната финансиска едукација и длабинско познавање на проблематиката е уште поважна од порано и сите општествени чинители треба да направат максимални напори за подобрување на финансиската писменост, изјави Штериев.   

The post Македонска берза втора година се приклучува кон иницијативата „Да заѕвониме за финансиска писменост“ appeared first on Република.

]]>
Половина час прекин на тргувањето на македонската берза https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/polovina-chas-prekin-na-trguvanjeto-na-makedonskata-berza/ Thu, 24 Feb 2022 14:55:36 +0000 https://republika.mk/?p=463269

Тргувањето на Македонска берза беше запрено на половина час по галопирачкиот пад на вредноста на МБИ10 индексот, откако утрово Русија ја започна инвазијата на Украина. Но потоа продолжи тругувњето.

Инвеститорите по информацијата за инвазијата побрзаа да ги продадат своите хартии од вредност, а тоа придонесе за пад од 8,39 отсто индексите.

Ве известуваме дека согласно член 58а од Правилата за тргување, Македонска берза во 12.23.05 часот го прекина тргувањето на сите пазари на Берзата во траење од 30 минути. Прекинот на тргување е направен со оглед на тоа што индексот забележа пад од 8,39 отсто, имајќи предвид дека статичките ценовни лимити изнесуваат +-10%. За продолжувањето на тргувањето ќе бидете дополнително известени“, соопшти Берзата.

Потоа берзата го продолжи тругувањето.

Согласно член 58а од Правилата за тргување на Берзата, беше прекинато тргувањето на Берзата во 12.23.05 часот во времетраење од 30 минути. Тргувањето продолжи во 12.54 часот. Официјализација на денот на тргување ќе биде во 14.30 часот“ соопшти Берзата.

Што регулира членот 58а од Правилникот за тргување:

Доколку почетната продажна цена на акциите наведена во поднесеното барање отстапува за повеќе или помалку од 10 отсто од последната просечната цена на тргување на редовното тргување, во прилог кон барањето, членката на Берзата која ги застапува продавачите на акции задолжително го доставува и налогот за продажба на акциите даден од продавачите на акциите, како и изјава од продавачите на акциите во која тие изјавуваат дека се запознаени дека цената наведена во налогот за продажба на акциите отстапува за повеќе или помалку од 10% од последната просечната цена на тргување со предметните акции”, се наведено во Правилникот за тргување на Македонска берза.

Експертите велат дека овој потег на берзата ќе ги смири инвеститорите, бидејќи нивните хартии од вредност нема вртоглаво да ја губат вредноста.

The post Половина час прекин на тргувањето на македонската берза appeared first on Република.

]]>

Тргувањето на Македонска берза беше запрено на половина час по галопирачкиот пад на вредноста на МБИ10 индексот, откако утрово Русија ја започна инвазијата на Украина. Но потоа продолжи тругувњето. Инвеститорите по информацијата за инвазијата побрзаа да ги продадат своите хартии од вредност, а тоа придонесе за пад од 8,39 отсто индексите.