македонска азбука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-azbuka/ За подобро да се разбереме Mon, 23 May 2022 12:33:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонска азбука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-azbuka/ 32 32 Изложбата „Македонската азбука“ на Сергеј Андреевски отпатува во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozbata-makedonskata-azbuka-na-sergej-andreevski-otpatuva-vo-belgrad/ Mon, 23 May 2022 12:33:01 +0000 https://republika.mk/?p=505971

Ликовната поставка „Македонската азбука“ на македонскиот сликар Сергеј Андреевски ќе биде отворена утре, на Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, во Конакот на кнегињата Љубица.

Изложбата ќе биде отворена до 29 мај годинава. Таа е дел од традиционалната манифестација „Денови на македонската култура – Допир на Македонија“ што по 11-ти пат ја организира Здружението на Македонците во Белград – Македониум.

Овој циклусот слики на платно на Андреевски, каде секоја буква има своја приказна, свој свет, беше првпат изложен минатата година во излозите на Широк Сокак во Битола. Тоа беше поддршка од уметникот кон славењето на името и делото на научникот, творецот и создателот на македонското современо писмо – Блаже Конески, во годината кога се одбележуваа 100 години од неговото раѓање.

Според уметникот, целта и тогаш, а и сега е исто така актуелна: да се разбуди јавноста за значењето на македонската кирилична азбука и нашиот јазик, особено во време-невреме, кога секојдневно е оспоруван.

Изложбата ќе ја отвори скулпторот Синиша Новески.

The post Изложбата „Македонската азбука“ на Сергеј Андреевски отпатува во Белград appeared first on Република.

]]>

Ликовната поставка „Македонската азбука“ на македонскиот сликар Сергеј Андреевски ќе биде отворена утре, на Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, во Конакот на кнегињата Љубица. Изложбата ќе биде отворена до 29 мај годинава. Таа е дел од традиционалната манифестација „Денови на македонската култура – Допир на Македонија“ што по 11-ти пат ја организира Здружението на Македонците во Белград – Македониум. Овој циклусот слики на платно на Андреевски, каде секоја буква има своја приказна, свој свет, беше првпат изложен минатата година во излозите на Широк Сокак во Битола. Тоа беше поддршка од уметникот кон славењето на името и делото на научникот, творецот и создателот на македонското современо писмо – Блаже Конески, во годината кога се одбележуваа 100 години од неговото раѓање. Според уметникот, целта и тогаш, а и сега е исто така актуелна: да се разбуди јавноста за значењето на македонската кирилична азбука и нашиот јазик, особено во време-невреме, кога секојдневно е оспоруван. Изложбата ќе ја отвори скулпторот Синиша Новески.

The post Изложбата „Македонската азбука“ на Сергеј Андреевски отпатува во Белград appeared first on Република.

]]>