македонска армија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-armija/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Aug 2023 06:41:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонска армија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-armija/ 32 32 31 година македонска Армија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/31-godina-makedonska-armija/ Fri, 18 Aug 2023 06:41:51 +0000 https://republika.mk/?p=673186

Армијата на Македонија денеска одбележува 31 година од своето формирање. По тој повод, на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи свечена церемонија на која ќе присуствува државниот и армискиот врв.

Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски за првпат ќе одликува 13 припадници на Армијата со медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територија на државата. Станува збор за признание кое за првпат ќе се додели во нашата држава.

Со медал за храброст ќе бидат одликувани 60 армиски припадници кои учествуваа во справувањето со последиците од катастрофалниот земјотрес во Република Турција.

Исто така, ќе бидат соопштени Укази за унапедување во генералски чин, а од страна на министерката Петровска ќе се доделат чинови на унапредени старешини во чин полковник.

Како што е најавено, обраќања на настанот ќе имаат претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и премиерот Димитар Ковачевски.

На градските гробишта во Бутел во Скопје со воени почести ќе биде положено цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски. Цвеќе ќе положат делегации од Кабинетот на претседателот, од Собранието, Владата, Министерството за одбрана, Генералштабот, Сојузот на борци, Организацијата на резервни воени старешини, Град Скопје.

Армиска делегација ќе положи венец со цвеќе на спомен одбележјето на Славеј Планина.

The post 31 година македонска Армија appeared first on Република.

]]>

Армијата на Македонија денеска одбележува 31 година од своето формирање. По тој повод, на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи свечена церемонија на која ќе присуствува државниот и армискиот врв. Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски за првпат ќе одликува 13 припадници на Армијата со медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територија на државата. Станува збор за признание кое за првпат ќе се додели во нашата држава. Со медал за храброст ќе бидат одликувани 60 армиски припадници кои учествуваа во справувањето со последиците од катастрофалниот земјотрес во Република Турција. Исто така, ќе бидат соопштени Укази за унапедување во генералски чин, а од страна на министерката Петровска ќе се доделат чинови на унапредени старешини во чин полковник. Како што е најавено, обраќања на настанот ќе имаат претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и премиерот Димитар Ковачевски. На градските гробишта во Бутел во Скопје со воени почести ќе биде положено цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски. Цвеќе ќе положат делегации од Кабинетот на претседателот, од Собранието, Владата, Министерството за одбрана, Генералштабот, Сојузот на борци, Организацијата на резервни воени старешини, Град Скопје. Армиска делегација ќе положи венец со цвеќе на спомен одбележјето на Славеј Планина.

The post 31 година македонска Армија appeared first on Република.

]]>
АРМ испраќа војници на вежбата „SIRA EX“ во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arm-ispraka-vojnitsi-na-vezhbata-sira-ex-vo-germanija/ Tue, 02 May 2023 20:20:51 +0000 https://republika.mk/?p=636150

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество на вежбата „SIRA EX“ во Сојузна Република Германија, согласно Планот за организација и учество на Армијата на вежби од меѓународен карактер за 2023 година.

Вежбата „SIRA EX“, според образложението од Министерството за одбрана, ќе допринесе за стекнување со знаења и обнова на веќе стекнатите знаења при процесот на донесување воена одлука на ниво баталјон и бригада. Целта на вежбата е лидерите и останатиот персонал да ги применуваат постапките при процесот на донесување на воена одлука на механизирано пешадиски и пешадиски единици во мултинационални команди и штабови на национално и меѓународно рамниште, а споделените искуства и научените лекции се неопходни за персоналот на Армијата за извршување на мултинационални операции.

The post АРМ испраќа војници на вежбата „SIRA EX“ во Германија appeared first on Република.

]]>

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество на вежбата „SIRA EX“ во Сојузна Република Германија, согласно Планот за организација и учество на Армијата на вежби од меѓународен карактер за 2023 година. Вежбата „SIRA EX“, според образложението од Министерството за одбрана, ќе допринесе за стекнување со знаења и обнова на веќе стекнатите знаења при процесот на донесување воена одлука на ниво баталјон и бригада. Целта на вежбата е лидерите и останатиот персонал да ги применуваат постапките при процесот на донесување на воена одлука на механизирано пешадиски и пешадиски единици во мултинационални команди и штабови на национално и меѓународно рамниште, а споделените искуства и научените лекции се неопходни за персоналот на Армијата за извршување на мултинационални операции.

The post АРМ испраќа војници на вежбата „SIRA EX“ во Германија appeared first on Република.

]]>
Македонските војници сведоци на катастрофата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-vojnitsi-svedotsi-na-katastrofata/ Mon, 13 Feb 2023 07:28:07 +0000 https://republika.mk/?p=608185

Aрмискиte тимови без заддршка го пребаруваат секој сантиметар од урнатините на зградите во Караманмараш, во Турција.

Припадниците од вториот тим од Баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување се обидува на повеќе локации, изборувајќи се со времето и тешките услови да спасат бесценети човечки животи.

Напорите и надежта за пронаоѓање живи луѓе од страна на тимовите за пребарување на теренот се несмалени.

Од страна на нашите армиски тимови без заддршка се пребарува секој сантиметар од урнатините на зградите во Караманмараш. Припадниците од вториот тим од баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување заеднички со тимови од Велика Британија, Франција и Германија и со непрекината подршка од спасувачките екипи од Туркије и нивната Армија се обидуваат на повеќе локации, изборувајќи се со времето и тешките услови да спасат бесценети човечки животи.

Помагаме на секој можен начин на населението од сојузничка Турција погодено од катастрофалните земјотреси. Армијата и Министерството за одбрана испратија шлепер со хуманитарна помош , пратката од 5.000 ќебиња и 200 санитетски носилки за прва помош ќе биде доставена до градот Батман во југоисточниот дел на Турција.
Благодарност до Македонско-Турската стопанска комора, која се погрижи за пакувањето и транспортот на хуманитарната помош, велат од Армијата.

The post Македонските војници сведоци на катастрофата appeared first on Република.

]]>

Aрмискиte тимови без заддршка го пребаруваат секој сантиметар од урнатините на зградите во Караманмараш, во Турција. Припадниците од вториот тим од Баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување се обидува на повеќе локации, изборувајќи се со времето и тешките услови да спасат бесценети човечки животи. Напорите и надежта за пронаоѓање живи луѓе од страна на тимовите за пребарување на теренот се несмалени. Од страна на нашите армиски тимови без заддршка се пребарува секој сантиметар од урнатините на зградите во Караманмараш. Припадниците од вториот тим од баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување заеднички со тимови од Велика Британија, Франција и Германија и со непрекината подршка од спасувачките екипи од Туркије и нивната Армија се обидуваат на повеќе локации, изборувајќи се со времето и тешките услови да спасат бесценети човечки животи. Помагаме на секој можен начин на населението од сојузничка Турција погодено од катастрофалните земјотреси. Армијата и Министерството за одбрана испратија шлепер со хуманитарна помош , пратката од 5.000 ќебиња и 200 санитетски носилки за прва помош ќе биде доставена до градот Батман во југоисточниот дел на Турција. Благодарност до Македонско-Турската стопанска комора, која се погрижи за пакувањето и транспортот на хуманитарната помош, велат од Армијата.

The post Македонските војници сведоци на катастрофата appeared first on Република.

]]>
И војниците ќе добијат поголеми плати, погодности и за пензионирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-vojnicite-kje-dobijat-pogolemi-plati-pogodnosti-i-za-penzioniranje/ Wed, 25 May 2022 18:15:14 +0000 https://republika.mk/?p=506896

Владата на Република Македонија на денешната редовна 48 седница го утврди текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија.

Согласно предложениот текст на законот на Министерството за одбрана е предвидено усогласување со минималната плата, а тоа значи линеарно  зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал, како и утврдување на правото на остварување на пензија со навршување на 40 години работен стаж, односно 38 за жените без оглед на возраста.

Со измените и дополнувањата е предвидено и проширување на најповолните услови за пензионирање на сите припадници на воениот и цивилен персонал кои правото на пензија го стекнале од денот на формирање на Армијата во висина од 80% во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж.

Во однос на отпремнината како можност за професионалните војници со навршени 45 години возраст, во износ од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата, новиот предлог согласно барањето на Синдикатите е износот да биде две просечни плати но не помалку од 1.000 евра, со што е оставен простор за повисок износ.

Со новопредложените  измени и дополнувања е предвидена и можност правото за земање отпремнина да се прошири на професионалните војници со навршени 45 години кои се задржани како помошно технички персонал во Министерството.

Со новите измени и дополнувања, како резултат на инклузивниот процес и дијалог меѓу  Министерството за одбрана, Генералштабот и синдикатите на одбраната, текстот на Предлог-законот за служба во Армијата на Република Македонија  е испратен на усвојување во Собранието.

The post И војниците ќе добијат поголеми плати, погодности и за пензионирање appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија на денешната редовна 48 седница го утврди текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија. Согласно предложениот текст на законот на Министерството за одбрана е предвидено усогласување со минималната плата, а тоа значи линеарно  зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал, како и утврдување на правото на остварување на пензија со навршување на 40 години работен стаж, односно 38 за жените без оглед на возраста. Со измените и дополнувањата е предвидено и проширување на најповолните услови за пензионирање на сите припадници на воениот и цивилен персонал кои правото на пензија го стекнале од денот на формирање на Армијата во висина од 80% во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж. Во однос на отпремнината како можност за професионалните војници со навршени 45 години возраст, во износ од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата, новиот предлог согласно барањето на Синдикатите е износот да биде две просечни плати но не помалку од 1.000 евра, со што е оставен простор за повисок износ. Со новопредложените  измени и дополнувања е предвидена и можност правото за земање отпремнина да се прошири на професионалните војници со навршени 45 години кои се задржани како помошно технички персонал во Министерството. Со новите измени и дополнувања, како резултат на инклузивниот процес и дијалог меѓу  Министерството за одбрана, Генералштабот и синдикатите на одбраната, текстот на Предлог-законот за служба во Армијата на Република Македонија  е испратен на усвојување во Собранието.

The post И војниците ќе добијат поголеми плати, погодности и за пензионирање appeared first on Република.

]]>
Македонската армија меѓу 10-те најлоши армии во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskata-armija-megju-10-te-najloshi-armii-vo-svetot/ Wed, 26 Jan 2022 09:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=449618

Последниот извештај на „Global Firepower“ покажува дека македонската армија е на 134 место од 140 држави во светот.

Индексот за „Global firepower“(статистичка веб страница) ги рангира армиите на 140 земји годишно. Излегоа и резултатите за 2022 година, кои се засновани според многу фактори поврзани со одбранбена воена кампања или продолжена офанзива.

Според податоците Србија ја има најмоќната армија од државите на поранешна Југославија, како и една година порано, и е пред Хрватска по армиска сила, пишува загрепски Вечерњи лист.

Весникот наведува дека Србија е рангирана на 61. место од 140 земји во 2022 година, а Хрватска е чекор поназад, на 62. место и додава дека со оглед на тоа што оваа листа се креира од година во година, може да се земе како релевантна.

Факт е дека Србија во последните неколку години интензивно се вооружува и годишно го зголемува воениот буџет за 40 отсто, наведува хрватскиот весник и посочува дека во 2017 година Хрватска била на 68, а Србија на 89 место.

Се додава дека големиот скок на Србија на оваа воена листа за само пет години, бидејќи се проби од 89. на 61. место, не е изненадување, со оглед на тоа што во меѓувреме, како што велат, Србија ја модернизирала целата ескадрила од 12 МИГ 29 набави околу 20 тенкови Т-72, ​​нов противвоздушен ракетен систем Панцир С-1, потоа борбени хеликоптери МИ-35, како и нов противтенковски ракетен систем, сите од Русија.

Вечерњи лист додава дека од Кина пристигнува копија од системот за противвоздушна одбрана со долг дострел ФК-3 (копија на рускиот С-300), а веќе се пристигнати кинески борбени беспилотни летала, како и дека слични доаѓаат од Турција.

Весникот исто така посочува дека Хрватска не се одлучила за единствената најголема воена набавка во својата историја, купувањето на 12 повеќенаменски воени авиони од Франција за една милијарда евра, од кои повеќе од една третина е веќе платена.

Од земјите на поранешна Југославија, по Србија и Хрватска, Словенија е следна по воена моќ, на 86 место, БиХ на 123, додека Црна Гора воопшто не е на оваа листа, иако има војска.

Убедливо најмоќна армија на Балканот има Грција која се наоѓа на 27 место во светот, Бугарија е на 67 место, а Албанија на 115 место.

Инаку, според податоците, Global Firepower, т.н. Косовските безбедносни сили се претпоследно рангирани и се поместени за една позиција погоре од минатата година, што значи дека минатата година беа најлошо оценети. Во текот на 2022 година, Косово е рангирано на 139-то место од 140 учесници кои се разгледуваат при годишната ревизија на оваа листа.

Само Бутан има послаба вооружена сила од Косово, а САД се први на листата. Следуваат Русија, Кина, Индија и Јапонија.

The post Македонската армија меѓу 10-те најлоши армии во светот appeared first on Република.

]]>

Последниот извештај на „Global Firepower“ покажува дека македонската армија е на 134 место од 140 држави во светот. Индексот за „Global firepower“(статистичка веб страница) ги рангира армиите на 140 земји годишно. Излегоа и резултатите за 2022 година, кои се засновани според многу фактори поврзани со одбранбена воена кампања или продолжена офанзива. Според податоците Србија ја има најмоќната армија од државите на поранешна Југославија, како и една година порано, и е пред Хрватска по армиска сила, пишува загрепски Вечерњи лист. Весникот наведува дека Србија е рангирана на 61. место од 140 земји во 2022 година, а Хрватска е чекор поназад, на 62. место и додава дека со оглед на тоа што оваа листа се креира од година во година, може да се земе како релевантна. Факт е дека Србија во последните неколку години интензивно се вооружува и годишно го зголемува воениот буџет за 40 отсто, наведува хрватскиот весник и посочува дека во 2017 година Хрватска била на 68, а Србија на 89 место. Се додава дека големиот скок на Србија на оваа воена листа за само пет години, бидејќи се проби од 89. на 61. место, не е изненадување, со оглед на тоа што во меѓувреме, како што велат, Србија ја модернизирала целата ескадрила од 12 МИГ 29 набави околу 20 тенкови Т-72, ​​нов противвоздушен ракетен систем Панцир С-1, потоа борбени хеликоптери МИ-35, како и нов противтенковски ракетен систем, сите од Русија. Вечерњи лист додава дека од Кина пристигнува копија од системот за противвоздушна одбрана со долг дострел ФК-3 (копија на рускиот С-300), а веќе се пристигнати кинески борбени беспилотни летала, како и дека слични доаѓаат од Турција. Весникот исто така посочува дека Хрватска не се одлучила за единствената најголема воена набавка во својата историја, купувањето на 12 повеќенаменски воени авиони од Франција за една милијарда евра, од кои повеќе од една третина е веќе платена. Од земјите на поранешна Југославија, по Србија и Хрватска, Словенија е следна по воена моќ, на 86 место, БиХ на 123, додека Црна Гора воопшто не е на оваа листа, иако има војска. Убедливо најмоќна армија на Балканот има Грција која се наоѓа на 27 место во светот, Бугарија е на 67 место, а Албанија на 115 место. Инаку, според податоците, Global Firepower, т.н. Косовските безбедносни сили се претпоследно рангирани и се поместени за една позиција погоре од минатата година, што значи дека минатата година беа најлошо оценети. Во текот на 2022 година, Косово е рангирано на 139-то место од 140 учесници кои се разгледуваат при годишната ревизија на оваа листа. Само Бутан има послаба вооружена сила од Косово, а САД се први на листата. Следуваат Русија, Кина, Индија и Јапонија.

The post Македонската армија меѓу 10-те најлоши армии во светот appeared first on Република.

]]>