македонска амбасада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-ambasada/ За подобро да се разбереме Wed, 01 May 2024 11:36:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонска амбасада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-ambasada/ 32 32 Македонската амбасада во Тирана за нашите државјани кои ќе летуваат во Албанија објави телефонски броеви за итни случаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskata-ambasada-vo-tirana-za-nashite-drzhavjani-koi-ke-letuvaat-vo-albanija-objavi-telefonski-broevi-za-itni-sluchai/ Wed, 01 May 2024 11:36:17 +0000 https://republika.mk/?p=772989

Пред почетокот на главната туристичка сезона во Албанија, а имајќи го предвид фактот дека голем број македонски граѓани летуваат на тамошното крајбрежје, Македонската амбасада во Тирана  информира за телефонските броеви, на кои може да се јават во случај на потреба.

-И оваа сезона потсетуваме на важните телефонски броеви на кои македонските државјани кои ќе летуваат во земјата ќе може да се јават доколку имаат потреба. Дежурен телефон за итни случаи на македонската амбасада во Тирана: (Global Sos): +355 6890 19198 (+Viber+Whatsapp) амбуланта 127, полиција 129, итна служба 112, стои во соопштението на македонската амбасада во Тирана, објавено на Фејсбук страната на амбасадата.

Македонските туристи се меѓу најбројните, по косовските, кои летните одмори ги минуваат на албанското крајбрежје, пред сè во Валона, Драч и Шенѓин. Во просек годишно, главно во летната сезона одмараат над 300 илјади македонски граѓани.

The post Македонската амбасада во Тирана за нашите државјани кои ќе летуваат во Албанија објави телефонски броеви за итни случаи appeared first on Република.

]]>

Македонската амбасада во Тел Авив: Постојано се зголемува бројот на наши државјани кои се пријавуваат дека се затечени во и околу загрозените подрачја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskata-ambasada-vo-tel-aviv-postojano-se-zgolemuva-brojot-na-nashi-drzhavjani-koi-se-prijavuvaat-deka-se-zatecheni-vo-i-okolu-zagrozenite-podrachja/ Sun, 08 Oct 2023 09:54:44 +0000 https://republika.mk/?p=689170

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на својот колега од Израел, Ели Коен, му изразил сочувство за жртвите и последиците, притоа силно осудувајќи ги континуираните напади врз Израел, кои почнаа со вчерашниот напад од страна на Хамас. Османи го реафирмираше ставот на Министерството, за итно ослободување на сите цивили кои се држат во заложништво од страна на Хамас, како и итно прекинување на било какви насилни дејствија врз Израел.

Со оглед на влошената безбедносна состојба, утрово Османи по итна постапка оформил кризен штаб во рамките на Министерството, чија задача е да ги следи, координира и систематизира сите постапки поврзани со нашите државјани кои се наоѓаат во и околу загрозените подрачја, и на кои им биде потребна помош или асистенција за нивно безбедно евакуирање.

Според информациите на Амбасадата на Македонија во Тел Авив, како и според јавувањата на СОС телефонот во Министерството за надворешни работи во Скопје, во Израел и на Западниот Брег постојано се зголемува бројот на наши државјани кои се пријавуваат дека се затечени во и околу загрозените подрачја. Со сите пријавени наши државјани се одржува постојан контакт од страна на Амбасадата, при што се преземаат подготвителни мерки за евентуална асистенција за нивната безбедна евакуација.

Покрај активностите на Амбасадата во Израел, утрово е испратена итна инструкција до дипломатско-конзуларната мрежа на Република Македонија во околните земји, за нивна посебна подготовка за евентуални активности и нивна 24 часовна достапност како за централата во Скопје, така и за евентуалната комуникација со граѓаните. Дипломатската мрежа е во контакт и со колегите од дипломатските претставништва на пријателските земји, кои исто така се во подготовка за организирана асистенција на затекнатите граѓани во и околу загрозените подрачја.

Уште еднаш ги повикуваме нашите граѓани кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел, како и да се пријават во амбасадата во Тел Авив или на дежурните телефони во централата во Скопје, порачуваат од МНР.

Подетални информации околу актуелните состојби можат да се најдат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx

За повеќе информации, на располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378

The post Македонската амбасада во Тел Авив: Постојано се зголемува бројот на наши државјани кои се пријавуваат дека се затечени во и околу загрозените подрачја appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на својот колега од Израел, Ели Коен, му изразил сочувство за жртвите и последиците, притоа силно осудувајќи ги континуираните напади врз Израел, кои почнаа со вчерашниот напад од страна на Хамас. Османи го реафирмираше ставот на Министерството, за итно ослободување на сите цивили кои се држат во заложништво од страна на Хамас, како и итно прекинување на било какви насилни дејствија врз Израел. Со оглед на влошената безбедносна состојба, утрово Османи по итна постапка оформил кризен штаб во рамките на Министерството, чија задача е да ги следи, координира и систематизира сите постапки поврзани со нашите државјани кои се наоѓаат во и околу загрозените подрачја, и на кои им биде потребна помош или асистенција за нивно безбедно евакуирање. Според информациите на Амбасадата на Македонија во Тел Авив, како и според јавувањата на СОС телефонот во Министерството за надворешни работи во Скопје, во Израел и на Западниот Брег постојано се зголемува бројот на наши државјани кои се пријавуваат дека се затечени во и околу загрозените подрачја. Со сите пријавени наши државјани се одржува постојан контакт од страна на Амбасадата, при што се преземаат подготвителни мерки за евентуална асистенција за нивната безбедна евакуација. Покрај активностите на Амбасадата во Израел, утрово е испратена итна инструкција до дипломатско-конзуларната мрежа на Република Македонија во околните земји, за нивна посебна подготовка за евентуални активности и нивна 24 часовна достапност како за централата во Скопје, така и за евентуалната комуникација со граѓаните. Дипломатската мрежа е во контакт и со колегите од дипломатските претставништва на пријателските земји, кои исто така се во подготовка за организирана асистенција на затекнатите граѓани во и околу загрозените подрачја.
Уште еднаш ги повикуваме нашите граѓани кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел, како и да се пријават во амбасадата во Тел Авив или на дежурните телефони во централата во Скопје, порачуваат од МНР.
Подетални информации околу актуелните состојби можат да се најдат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx За повеќе информации, на располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378

The post Македонската амбасада во Тел Авив: Постојано се зголемува бројот на наши државјани кои се пријавуваат дека се затечени во и околу загрозените подрачја appeared first on Република.

]]>