Македонска алијанса за европска интеграција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-alijansa-za-evropska-integratsija/ За подобро да се разбереме Thu, 30 May 2024 16:15:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонска алијанса за европска интеграција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonska-alijansa-za-evropska-integratsija/ 32 32 Стерјовски за албанската МЦН: Македонското и сите малцинства мора да имаат загарантрани места во албанскиот парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sterjovski-za-albanskata-mtsn-makedonskoto-i-site-maltsinstva-mora-da-imaat-zagarantrani-mesta-vo-albanskiot-parlament/ Thu, 30 May 2024 16:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=783283

Лидерот на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, за албанската МЦН оценува дека „актуелниот пропорционален изборен систем е дискриминаторски и малцинствата мора да имаат загарантирани места за да се слушне нивниот глас“.

-Најдобар систем е преземање на најдобрите европски практики од европските земји кои го решија проблемот со застапеноста на малцинствата како Хрватска, Словенија, Косово, Романија, скандинавските држави, Руската Федерација, итн., кои имаат различни модели, но кои имаат загарантирани места за малцинствата. За првпат минатата година една меѓународна организација како што е Советот на Европа во петтиот мониторинг извештај за Албанија на Советодавниот комитет за спроведување на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства ја скенира ситуацијата во Албанија и бара нашата земја да преземе позитивни мерки за гарантирана застапеност на малцинствата во парламентот, вели Стерјовски во однос на изборната реформа и барањата на малцинствата.

Точно е, додава, дека не можат подобро да ги штитат интересите, да ги покренуваат проблемите на малцинствата отколку самите нивни претставници во парламентот и тоа се покажа во последните 30 години.

Потсетува дека македонската, ромската, влашката и египтјанската заедница, упатиле барања до Специјалната комисија за изборната реформа, за загарантирани места во парламентот, за што мора да има има политичка волја, особено од власта и парламентарната опозиција.

-На пример, во Хрватска, Албанците, Македонците, Бошњаците, Црногорците имаат загарантирано место. Има и други модели како во Романија и покрај бројот на малцинствата, на пример, официјално има 500 регистрирани Албанци, нивниот број сигурно е поголем, но официјално според статистиките се 500 луѓе, но имаат загарантирано место. Македонците се запишани 5.000 луѓе и тие имаат загарантирано место во парламентот. Значи, постојат различни модели. Главно, суштината е да постои политичка волја, да се согласат и власта и опозицијата, посочува тој.

Со постојниот пропорционален регионален систем, нагласува Стерјовски, е многу тешко директно да имаат пратеници, да бидеме избрани во парламентот.

- Тоа бидејќи ние како малцинства живееме на целата територија на Република Албанија, не само во посебни области и оние посебни области каде што ние сме традиционално, особено по 90-тите се преселивме во големите градови на Албанија за подобар живот и затоа е навистина тешко со овој систем да бидеме претставени во парламентот. Ние секогаш како мали партии се трудиме да правиме различни коалиции со поголемите партии, нагласува тој.

Додава дека благодарение на овие различни коалиции, како партија која ја претставува македонската заедница успеале пред две години тој да биде пратеник во албанскиот законодавен дом.

-Секогаш се трудиме да ја најдеме коалицијата што ќе ни гарантира подобро место на листите за да бидеме претставени, но секогаш е тешко со големите партии кои ни нудат места во долниот дел од листите. Затоа, токму за ова наше барање ја имаме поддршката од Советот на Европа што ни препорачува, дека во крајна линија е меѓународна обврска да ние имаме наш глас во парламентот, одговара Стерјовски.

На прашањето во однос на коалицирање на МАЕИ на парламентарните избори во мај 2025 година, вели дека очекуваат одговор од Специјалната комисија за изборната реформа во однос на барањата по што како партија, ќе одлучат како ќе постапат, посочувајќи дека „нашата главна цел што сакаме да ја постигнеме е да бидеме претставени во Собранието“.

Фото: Принтскрин

The post Стерјовски за албанската МЦН: Македонското и сите малцинства мора да имаат загарантрани места во албанскиот парламент appeared first on Република.

]]>

Лидерот на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, за албанската МЦН оценува дека „актуелниот пропорционален изборен систем е дискриминаторски и малцинствата мора да имаат загарантирани места за да се слушне нивниот глас“.
-Најдобар систем е преземање на најдобрите европски практики од европските земји кои го решија проблемот со застапеноста на малцинствата како Хрватска, Словенија, Косово, Романија, скандинавските држави, Руската Федерација, итн., кои имаат различни модели, но кои имаат загарантирани места за малцинствата. За првпат минатата година една меѓународна организација како што е Советот на Европа во петтиот мониторинг извештај за Албанија на Советодавниот комитет за спроведување на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства ја скенира ситуацијата во Албанија и бара нашата земја да преземе позитивни мерки за гарантирана застапеност на малцинствата во парламентот, вели Стерјовски во однос на изборната реформа и барањата на малцинствата.
Точно е, додава, дека не можат подобро да ги штитат интересите, да ги покренуваат проблемите на малцинствата отколку самите нивни претставници во парламентот и тоа се покажа во последните 30 години. Потсетува дека македонската, ромската, влашката и египтјанската заедница, упатиле барања до Специјалната комисија за изборната реформа, за загарантирани места во парламентот, за што мора да има има политичка волја, особено од власта и парламентарната опозиција.
-На пример, во Хрватска, Албанците, Македонците, Бошњаците, Црногорците имаат загарантирано место. Има и други модели како во Романија и покрај бројот на малцинствата, на пример, официјално има 500 регистрирани Албанци, нивниот број сигурно е поголем, но официјално според статистиките се 500 луѓе, но имаат загарантирано место. Македонците се запишани 5.000 луѓе и тие имаат загарантирано место во парламентот. Значи, постојат различни модели. Главно, суштината е да постои политичка волја, да се согласат и власта и опозицијата, посочува тој.
Со постојниот пропорционален регионален систем, нагласува Стерјовски, е многу тешко директно да имаат пратеници, да бидеме избрани во парламентот.
- Тоа бидејќи ние како малцинства живееме на целата територија на Република Албанија, не само во посебни области и оние посебни области каде што ние сме традиционално, особено по 90-тите се преселивме во големите градови на Албанија за подобар живот и затоа е навистина тешко со овој систем да бидеме претставени во парламентот. Ние секогаш како мали партии се трудиме да правиме различни коалиции со поголемите партии, нагласува тој.
Додава дека благодарение на овие различни коалиции, како партија која ја претставува македонската заедница успеале пред две години тој да биде пратеник во албанскиот законодавен дом.
-Секогаш се трудиме да ја најдеме коалицијата што ќе ни гарантира подобро место на листите за да бидеме претставени, но секогаш е тешко со големите партии кои ни нудат места во долниот дел од листите. Затоа, токму за ова наше барање ја имаме поддршката од Советот на Европа што ни препорачува, дека во крајна линија е меѓународна обврска да ние имаме наш глас во парламентот, одговара Стерјовски.
На прашањето во однос на коалицирање на МАЕИ на парламентарните избори во мај 2025 година, вели дека очекуваат одговор од Специјалната комисија за изборната реформа во однос на барањата по што како партија, ќе одлучат како ќе постапат, посочувајќи дека „нашата главна цел што сакаме да ја постигнеме е да бидеме претставени во Собранието“. Фото: Принтскрин

The post Стерјовски за албанската МЦН: Македонското и сите малцинства мора да имаат загарантрани места во албанскиот парламент appeared first on Република.

]]>
Стерјовски ги повика Македонците од Албанија масовно да излезат на гласање https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sterjovski-gi-povika-makedontsite-od-albanija-masovno-da-izlezat-na-glasane/ Wed, 19 Apr 2023 15:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=632176

Во рамки на определениот термин за претставување на политичките партии кои учествуваат на локалните избори, што во Албанија ќе се одржат на 14 мај, попладнево се претстави единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, преку лидерот Васил Стерјовски.

Тој кажа дека на претстојните локални избори МАЕИ настапува во коалиција со Социјалистичка партија, на премиерот Еди Рама и оти според договорот меѓу двете партии, Македонска алијанса за европска интеграција ќе ги подржи кандидатите за градоначалници на Социјалистичка партија.

Членови на МАЕИ се на кандидатските листи за советници на Социјалистичка партија во повеќе општини во Албанија каде што живеат Македонци, додека во општина Пустец која е населена со 100 отсто македонско население, македонската партија ќе настапи со своја советничка листа под реден број 29.

Нашите кандидати на листите на Социјалистичка партија и советничката листа на Македонска алијанса за европска интеграција во Општина Пустец, оценува тој, се лица со интегритет, почитувани во општеството и ќе бидат најсилните гласови за заштита на правата на Македонците во Албанија. МАЕИ е политичка партија на сите Македонци кои живеат на целата територија на Албанија, без разлика на вера, подрачје, култура, економија и социјален состав. Основна цел на ова партија е зачувување на правата, социјалните, политичките и етно културните интереси на сите државјани на Албанија кои по националност се Македонци, кои се идентификуваат преку мајчиниот македонски јазик, преку обичаите и традициите наследени и зачувани со векови, вели Стерјовски.

Додава дека тамошните Македонци се лојални државјани на Република Албанија, но „остануваат горди и достојни Македонци, мајчин јазик им е македонскиот јазик, ја сакаат и државата Македонија, бидејќи се нераскинлив и неотуѓив дел од македонскиот народ“.

Македонска алијанса за европска интеграција е партија од центарот и нејзина главна цел е заштита на македонскиот идентитет, култура, јазик и традиции во Република Албанија. Ниту една друга партија во Република Албанија во својот статут или програма нема ниту една точка за заштита на македонската заедница во Албанија. Македонска алијанса за европска интеграција од самото нејзино формирање во 2005 година е единствениот глас на Македонците и се бори за интеграција во албанското општеството и унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија, посочува Стерјоски.

Тој нагласува дека во периодот кој измина, биле исправени пред многу искушенија и предизвици, некогаш заради нивни слабости, некогаш поради притисоци и подметнувања со кои биле соочени и се уште се соочуваат, но никогаш не отстапиле да се борат за правата и слободите на Македонците, во Преспа, Голо Брдо, Гора, Врбник и во цела Албанија.

Успеавме да го одржиме курсот на македонската партија во согласност со барањата и потребите на Македонците во Република Албанија, а резултатите се видливи и бројни, и додава, дека „се разбира, секогаш може и повеќе и подобро. Од права и слободи никогаш доста.

Почитувани Македонци и Македонки во Општина Пустец. Со новата територијална реформа на локалната самоуправа од 2015 година, општина Пустец остана единствена општина населена со 100 отсто Македонци, признати од Република Албанија.

Како партија во општина Пустец ќе настапи со своја советничка листа. Кандидатите за советници на нашата листа се избрани да бидат пред се чесни луѓе и со интегритет, кои доследно ќе ја следат нашата политика за заштита на македонскиот идентитет во Општина Пустец. Тие ќе работат во интерес на Македонците и ќе бидат нивниот глас во Советот на општината, вети Стерјовски.

Според него, локалната самоуправа во Пустец, врз основа на важечката законска регулатива, има надлежности за зачувување и унапредување на македонскиот идентитет, јазик, култура, фолклор и традиции.

Стерјовски вети дека советниците на Македонска алијанса за европска интеграција таму ќе „бидат бранители на интересите на Македонците. Ќе се спротивстават на неправедните одлуки, и ќе го поддржат секој проект кој им служи на интересите на Македонците. Тие ќе бидат промотори на прашањата за заштита на правата на македонската заедница, економскиот развој, развој на туризмот, промоција на подрачјето, управување со отпадот итн“.

Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, од исклучителна важност е, на овие избори Македонците во општина Пустец да излезат масовно и да гласаат за редниот број 29 за кандидатската листа за членови на Советот на општината Пустец од Македонската алијанса и заедно да продолжиме за доброто на Македонците. Со вашиот глас, ние ќе можеме да продолжиме да се бориме за заштита на македонскиот идентитет и за развој на општината. Има многу нешта за кои треба да се избориме, има многу работа сето тоа да го оствариме, порачува лидерот на МАЕИ, Васил Стерјовски во изборното претставување на албанската државна телевизија.

The post Стерјовски ги повика Македонците од Албанија масовно да излезат на гласање appeared first on Република.

]]>

Во рамки на определениот термин за претставување на политичките партии кои учествуваат на локалните избори, што во Албанија ќе се одржат на 14 мај, попладнево се претстави единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, преку лидерот Васил Стерјовски. Тој кажа дека на претстојните локални избори МАЕИ настапува во коалиција со Социјалистичка партија, на премиерот Еди Рама и оти според договорот меѓу двете партии, Македонска алијанса за европска интеграција ќе ги подржи кандидатите за градоначалници на Социјалистичка партија. Членови на МАЕИ се на кандидатските листи за советници на Социјалистичка партија во повеќе општини во Албанија каде што живеат Македонци, додека во општина Пустец која е населена со 100 отсто македонско население, македонската партија ќе настапи со своја советничка листа под реден број 29.
Нашите кандидати на листите на Социјалистичка партија и советничката листа на Македонска алијанса за европска интеграција во Општина Пустец, оценува тој, се лица со интегритет, почитувани во општеството и ќе бидат најсилните гласови за заштита на правата на Македонците во Албанија. МАЕИ е политичка партија на сите Македонци кои живеат на целата територија на Албанија, без разлика на вера, подрачје, култура, економија и социјален состав. Основна цел на ова партија е зачувување на правата, социјалните, политичките и етно културните интереси на сите државјани на Албанија кои по националност се Македонци, кои се идентификуваат преку мајчиниот македонски јазик, преку обичаите и традициите наследени и зачувани со векови, вели Стерјовски.
Додава дека тамошните Македонци се лојални државјани на Република Албанија, но „остануваат горди и достојни Македонци, мајчин јазик им е македонскиот јазик, ја сакаат и државата Македонија, бидејќи се нераскинлив и неотуѓив дел од македонскиот народ“.
Македонска алијанса за европска интеграција е партија од центарот и нејзина главна цел е заштита на македонскиот идентитет, култура, јазик и традиции во Република Албанија. Ниту една друга партија во Република Албанија во својот статут или програма нема ниту една точка за заштита на македонската заедница во Албанија. Македонска алијанса за европска интеграција од самото нејзино формирање во 2005 година е единствениот глас на Македонците и се бори за интеграција во албанското општеството и унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија, посочува Стерјоски.
Тој нагласува дека во периодот кој измина, биле исправени пред многу искушенија и предизвици, некогаш заради нивни слабости, некогаш поради притисоци и подметнувања со кои биле соочени и се уште се соочуваат, но никогаш не отстапиле да се борат за правата и слободите на Македонците, во Преспа, Голо Брдо, Гора, Врбник и во цела Албанија.
Успеавме да го одржиме курсот на македонската партија во согласност со барањата и потребите на Македонците во Република Албанија, а резултатите се видливи и бројни, и додава, дека „се разбира, секогаш може и повеќе и подобро. Од права и слободи никогаш доста.   Почитувани Македонци и Македонки во Општина Пустец. Со новата територијална реформа на локалната самоуправа од 2015 година, општина Пустец остана единствена општина населена со 100 отсто Македонци, признати од Република Албанија.   Како партија во општина Пустец ќе настапи со своја советничка листа. Кандидатите за советници на нашата листа се избрани да бидат пред се чесни луѓе и со интегритет, кои доследно ќе ја следат нашата политика за заштита на македонскиот идентитет во Општина Пустец. Тие ќе работат во интерес на Македонците и ќе бидат нивниот глас во Советот на општината, вети Стерјовски.
Според него, локалната самоуправа во Пустец, врз основа на важечката законска регулатива, има надлежности за зачувување и унапредување на македонскиот идентитет, јазик, култура, фолклор и традиции. Стерјовски вети дека советниците на Македонска алијанса за европска интеграција таму ќе „бидат бранители на интересите на Македонците. Ќе се спротивстават на неправедните одлуки, и ќе го поддржат секој проект кој им служи на интересите на Македонците. Тие ќе бидат промотори на прашањата за заштита на правата на македонската заедница, економскиот развој, развој на туризмот, промоција на подрачјето, управување со отпадот итн“.