македонистика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonistika/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Nov 2022 08:36:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонистика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonistika/ 32 32 Предавања на Славчо Ковилоски и Марина Цветаноска на Катедрата за македонски јазик при Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/predavanja-na-slavcho-koviloski-i-marina-cvetanoska-na-katedrata-za-makedonski-jazik-pri-fakultetot-za-literatura-na-istanbulskiot-univerzitet/ Sat, 19 Nov 2022 10:47:09 +0000 https://republika.mk/?p=575749

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ соопшти дека продолжуваат активностите со кои се вложува во афирмацијата и развојот на македонистиката во Турција.

На Катедрата за македонски јазик при Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет, пред студентите кои го посетуваат напредниот курс по македонски јазик кај лекторката по македонски јазик, Габриела Ивановска, предавања одржаа проф. д-р Славчо Ковилоски и м-р Марина Цветаноска од Одделението за македонска литература во XIX век на Институтот за македонска литература.

Предавањето на Ковилоски беше на тема „Ликовите на Итар Пејо и Насредин Оџа во македонскиот фолклор и литература“, додека Цветаноска се осврна на османлиските рефлексии во македонската култура (архитектура, литература, кујна).

Ковилоски и Цветаноска остварија и средба со раководителката на Катедрата за македонски јазик на истанбулскиот Факултет за литература, проф. д-р Туркан Олџај и со раководителката на Катедрата за славистика, проф. д-р Емине Инанир. На средбата се говореше и за добрата соработка меѓу Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) и Факултетот за литература во Истанбул, со решеност за натамошни нови вложувања во афирмацијата на македонистиката.

На Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет, македонскиот јазик, литература и култура се изучуваат веќе 36 години во кои непрекинато работи Катедрата за македонски јазик, а од оваа академска година, македонскиот јазик е на листата на предмети што можат да ги изучуваат сите студенти на Универзитетот. Минатата недела, започна со работа и Катедрата за македонски јазик на Анкарскиот универзитет, под раководство на проф. д-р Мелахат Парс, во чии рамки е и Лекторатот по македонски јазик, со што македонистиката веќе е присутна на два водечки универзитета во Турција.

Со активностите што се преземаат, продолжуваат вложувањата во перспективите за континуирано остварување на мисијата на МСМЈЛК при УКИМ, во соработка со институциите да се унапредува изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура на универзитетските центри во светот.

The post Предавања на Славчо Ковилоски и Марина Цветаноска на Катедрата за македонски јазик при Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ соопшти дека продолжуваат активностите со кои се вложува во афирмацијата и развојот на македонистиката во Турција. На Катедрата за македонски јазик при Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет, пред студентите кои го посетуваат напредниот курс по македонски јазик кај лекторката по македонски јазик, Габриела Ивановска, предавања одржаа проф. д-р Славчо Ковилоски и м-р Марина Цветаноска од Одделението за македонска литература во XIX век на Институтот за македонска литература. Предавањето на Ковилоски беше на тема „Ликовите на Итар Пејо и Насредин Оџа во македонскиот фолклор и литература“, додека Цветаноска се осврна на османлиските рефлексии во македонската култура (архитектура, литература, кујна). Ковилоски и Цветаноска остварија и средба со раководителката на Катедрата за македонски јазик на истанбулскиот Факултет за литература, проф. д-р Туркан Олџај и со раководителката на Катедрата за славистика, проф. д-р Емине Инанир. На средбата се говореше и за добрата соработка меѓу Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) и Факултетот за литература во Истанбул, со решеност за натамошни нови вложувања во афирмацијата на македонистиката. На Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет, македонскиот јазик, литература и култура се изучуваат веќе 36 години во кои непрекинато работи Катедрата за македонски јазик, а од оваа академска година, македонскиот јазик е на листата на предмети што можат да ги изучуваат сите студенти на Универзитетот. Минатата недела, започна со работа и Катедрата за македонски јазик на Анкарскиот универзитет, под раководство на проф. д-р Мелахат Парс, во чии рамки е и Лекторатот по македонски јазик, со што македонистиката веќе е присутна на два водечки универзитета во Турција. Со активностите што се преземаат, продолжуваат вложувањата во перспективите за континуирано остварување на мисијата на МСМЈЛК при УКИМ, во соработка со институциите да се унапредува изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура на универзитетските центри во светот.

The post Предавања на Славчо Ковилоски и Марина Цветаноска на Катедрата за македонски јазик при Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет appeared first on Република.

]]>
Почнува јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-jubilejnata-55-letna-shkola-na-megjunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik/ Fri, 19 Aug 2022 07:01:19 +0000 https://republika.mk/?p=541835

Во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид денеска на пладне свечено ќе биде отворена јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, што ќе трае до 2 септември.

Како што информираат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Уиниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Школата се пристигнати шеесетина семинаристи од седумнаесет држави, што е најголем број учесници изминативе неколку години и ќе учествуват семинаристи од универзитетските центри од Австрија, Германија, Грција, Италија, Полска, Кореја, Романија, Руската Федерација, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешка.

На свеченото отворање на Школата, предвидено е обраќања да имаат претседателот на државата Стево Пендаровски и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, а пригодно обраќање ќе има директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Во рамките на отворањето на Школата ќе се одржи промоција на новите изданија на учебниците за странци – „Тешкото“ (македонски јазик, почетно рамниште) од проф. д-р Симон Саздов, „Лозје“ (македонски јазик, средно рамниште) од доц. д-р Гордана Алексова и „Везилка“ (македонска литература и култура) од проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Промоторка на изданијата коишто ќе се користат на јубилејната 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а потоа и на странските универзитети ќе биде проф. д-р Анета Дучевска, деканка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Традицинално, на отворањето ќе биде промовиран и зборникот од предавања од претходната летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а промотор ќе биде проф. д-р Борче Арсов, долгогодишен лектор на школите на Семинарот.

Семинаристите на Школата ќе следат лекторска настава за сите нивоа на познавање на македонскиот јазик – почетно, средно и напредно, и тоа напредно со две поднивоа, за јазик, и за литература. На Школата ќе се одржат и единаесет предавања на еминентни истражувачи од УКИМ, за важни теми за македонскиот јазик, литература и култура, а ќе биде организирана и преведувачка работилница за сите заинтересирани семинаристи. Во рамките на Школата ќе се одржат и промоции на значајни книги, книжевни средби и интерактивни настани. За семинаристите коишто потемелито се интересираат за македонскиот фолклор, на Школата ќе се одржи и курс по македонски ора.

Инаку, ова јубилејно издание на Школата е со најголем број семинаристи – странски македонисти и слависти изминативе години. По неколку години, на Школата, повторно има семинаристи и од САД, Република Кореја и Романија, а по неколку години интерес за учество пројавија и семинаристи од Австрија, Германија и Италија, како и од Универзитетот во Анкара, Турција на којшто се очекува од следната академска година да започне со работа и нов лекторат по македонски јазик. Според бројот на семинаристите, евидентно е зголемување на интересот за македонистиката и во Грција.

Најголем број семинаристи на Школата има од Полска, меѓу коишто се и студенти на Факултетот за хуманистика во Сосновјец на Шлезискиот универзитет во Катовице, на којшто следната година ќе се одбележат 35 години од отворањето на лекторатот по македонски јазик. Значајно е и што на Школата ќе има семинаристи и од високообразовните центри на коишто следната академска година, исто така ќе се случат значајни јубилеи за македонистиката – Институтот за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, Франција, на којшто ќе се одбележи половина век од отворањето на лекторатот по македонски јазик и Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека на којшто лекторатот по македонски јазик е отворен пред 15 години, соопштуваат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Уиниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

The post Почнува јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид денеска на пладне свечено ќе биде отворена јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, што ќе трае до 2 септември. Како што информираат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Уиниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Школата се пристигнати шеесетина семинаристи од седумнаесет држави, што е најголем број учесници изминативе неколку години и ќе учествуват семинаристи од универзитетските центри од Австрија, Германија, Грција, Италија, Полска, Кореја, Романија, Руската Федерација, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешка. На свеченото отворање на Школата, предвидено е обраќања да имаат претседателот на државата Стево Пендаровски и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, а пригодно обраќање ќе има директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Во рамките на отворањето на Школата ќе се одржи промоција на новите изданија на учебниците за странци – „Тешкото“ (македонски јазик, почетно рамниште) од проф. д-р Симон Саздов, „Лозје“ (македонски јазик, средно рамниште) од доц. д-р Гордана Алексова и „Везилка“ (македонска литература и култура) од проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Промоторка на изданијата коишто ќе се користат на јубилејната 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а потоа и на странските универзитети ќе биде проф. д-р Анета Дучевска, деканка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Традицинално, на отворањето ќе биде промовиран и зборникот од предавања од претходната летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а промотор ќе биде проф. д-р Борче Арсов, долгогодишен лектор на школите на Семинарот. Семинаристите на Школата ќе следат лекторска настава за сите нивоа на познавање на македонскиот јазик – почетно, средно и напредно, и тоа напредно со две поднивоа, за јазик, и за литература. На Школата ќе се одржат и единаесет предавања на еминентни истражувачи од УКИМ, за важни теми за македонскиот јазик, литература и култура, а ќе биде организирана и преведувачка работилница за сите заинтересирани семинаристи. Во рамките на Школата ќе се одржат и промоции на значајни книги, книжевни средби и интерактивни настани. За семинаристите коишто потемелито се интересираат за македонскиот фолклор, на Школата ќе се одржи и курс по македонски ора. Инаку, ова јубилејно издание на Школата е со најголем број семинаристи – странски македонисти и слависти изминативе години. По неколку години, на Школата, повторно има семинаристи и од САД, Република Кореја и Романија, а по неколку години интерес за учество пројавија и семинаристи од Австрија, Германија и Италија, како и од Универзитетот во Анкара, Турција на којшто се очекува од следната академска година да започне со работа и нов лекторат по македонски јазик. Според бројот на семинаристите, евидентно е зголемување на интересот за македонистиката и во Грција.
Најголем број семинаристи на Школата има од Полска, меѓу коишто се и студенти на Факултетот за хуманистика во Сосновјец на Шлезискиот универзитет во Катовице, на којшто следната година ќе се одбележат 35 години од отворањето на лекторатот по македонски јазик. Значајно е и што на Школата ќе има семинаристи и од високообразовните центри на коишто следната академска година, исто така ќе се случат значајни јубилеи за македонистиката – Институтот за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, Франција, на којшто ќе се одбележи половина век од отворањето на лекторатот по македонски јазик и Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека на којшто лекторатот по македонски јазик е отворен пред 15 години, соопштуваат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Уиниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

The post Почнува јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик appeared first on Република.

]]>
35 години македонистика на Шлезискиот универзитет: Полските студенти восхитени од автентичноста на македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/35-godini-makedonistika-na-shleziskiot-univerzitet-polskite-studenti-voshiteni-od-avtentichnosta-na-makedonskiot-jazik/ Sat, 09 Jul 2022 08:55:24 +0000 https://republika.mk/?p=526197

Полските студенти се восхитени од автентичноста на македонскиот јазик, кој на Шлезискиот универзитет можат да го изучуваат од најосновното рамниште, а еден дел од нив продолжуваат со изучувањето на повисоки рамништа. Затоа, на вториот циклус студии, часовите по македонски јазик се одвиваат интензивно, на значително високо рамниште, а на Универзитетот има и докторанти по македонски јазик. Но, веќе се создаваат и нови перспективи – со заеднички проект за модерни славистички студии на Шлезискиот универзитет (Полска), Остравскиот универзитет (Чешка) и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), поддржан со програмата Еразмус Плус, соопшти Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ.

Како резултат на овој проект, како што се посочува, веќе ќе може да се очекува и зголемување на интересот за македонскиот јазик, литература и култура на вториот циклус студии на Шлезискиот универзитет.

Од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура потенцираат дека овие информации доаѓаат од лекторатот по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец, Полска, по повод значајниот јубилеј што ќе се одбележи во текот на претстојната академска година – 35 години македонистика на Шлезискиот универзитет во Катовице.

Овој јубилеј е конкретен показател и за повеќедецениската соработка на Шлезискиот универзитет и УКИМ, важна и за македонистиката и за полонистиката. Проектот кој отвора и нови перспективи, а на кој се носители и двата универзитета (полскиот и македонскиот) има за цел да се зголеми бројот на студенти на втор циклус студии преку интегрирани програми во кои се вклучени и македонскиот јазик, литература и култура. Инаку, според информациите од лекторатот по македонски јазик на Шлезискиот универзитет, полските студенти искажуваат интерес и за дополнителните активности во сферата на македонистиката. Меѓу нив се вбројува и настанот „Читајќи го Конески на полски“, со кој полските студенти имаа можност подобро да се запознаат со поетскиот опус на Блаже Конески и дел од него да препејат на полски јазик. Досега покажаниот интерес е поттик и обврска на лекторатот по македонски јазик, веќе да се осмислуваат и нови активности за уште поактивна вклученост на младите полски филолози кои искажуваат интерес за македонскиот јазик, литература и култура, информираат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

На претстојната 55. Летна школа што ќе се одржи од 17 август до 2 септември во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид, се очекуваат и тројца студенти од Шлезискиот универзитет и тоа токму од овој лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец, овозможувајќи им не само следење лекторска настава и предавања, туку и учество на низа настани со коишто ќе можат подобро да ја запознаат македонската култура. Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, како што потенцираат, ќе иницира и нови форми на соработка кои ќе претставуваат и нејзино продлабочување, особено во релацијата со Факултетот за хуманистика во Сосновјец, во чии рамки, на Катедрата за славистика функционира лекторатот по македонски јазик.

Податоците говорат дека изминатите години, соработката меѓу македонските и полските филолози, во научната дејност се одвива на ислучително високо ниво. Јубилејот 35 години македонистиката на Шлезискиот универзитет, во текот на претстојната академска година се очекува да биде одбележан и со одделен настан, со учество на повеќе македонски и полски слависти и македонисти, при што клучно е свое учеството да оствари и академскиот кадар од Факултетот за хуманистика во Сосновјец, на кој повеќе професори предаваат и македонска литература и држат настава по превод. Покрај активностите по повод овој јубилеј, веќе се планираат активности и за одбележување половина век македонистика на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, како и 15 години од лекторатот по македонски јазик на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека. Лекторатот по македонски јазик на Шлезискиот универзитет функционира од академската 1987/88 година, на Катедрата за славистика при Факултетот за хуманистика во Сосновјец, а во моментов лекторската настава ја изведува Никола Илиевски, истакнуваат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ.

The post 35 години македонистика на Шлезискиот универзитет: Полските студенти восхитени од автентичноста на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Полските студенти се восхитени од автентичноста на македонскиот јазик, кој на Шлезискиот универзитет можат да го изучуваат од најосновното рамниште, а еден дел од нив продолжуваат со изучувањето на повисоки рамништа. Затоа, на вториот циклус студии, часовите по македонски јазик се одвиваат интензивно, на значително високо рамниште, а на Универзитетот има и докторанти по македонски јазик. Но, веќе се создаваат и нови перспективи – со заеднички проект за модерни славистички студии на Шлезискиот универзитет (Полска), Остравскиот универзитет (Чешка) и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), поддржан со програмата Еразмус Плус, соопшти Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ. Како резултат на овој проект, како што се посочува, веќе ќе може да се очекува и зголемување на интересот за македонскиот јазик, литература и култура на вториот циклус студии на Шлезискиот универзитет. Од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура потенцираат дека овие информации доаѓаат од лекторатот по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец, Полска, по повод значајниот јубилеј што ќе се одбележи во текот на претстојната академска година – 35 години македонистика на Шлезискиот универзитет во Катовице.
Овој јубилеј е конкретен показател и за повеќедецениската соработка на Шлезискиот универзитет и УКИМ, важна и за македонистиката и за полонистиката. Проектот кој отвора и нови перспективи, а на кој се носители и двата универзитета (полскиот и македонскиот) има за цел да се зголеми бројот на студенти на втор циклус студии преку интегрирани програми во кои се вклучени и македонскиот јазик, литература и култура. Инаку, според информациите од лекторатот по македонски јазик на Шлезискиот универзитет, полските студенти искажуваат интерес и за дополнителните активности во сферата на македонистиката. Меѓу нив се вбројува и настанот „Читајќи го Конески на полски“, со кој полските студенти имаа можност подобро да се запознаат со поетскиот опус на Блаже Конески и дел од него да препејат на полски јазик. Досега покажаниот интерес е поттик и обврска на лекторатот по македонски јазик, веќе да се осмислуваат и нови активности за уште поактивна вклученост на младите полски филолози кои искажуваат интерес за македонскиот јазик, литература и култура, информираат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
На претстојната 55. Летна школа што ќе се одржи од 17 август до 2 септември во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид, се очекуваат и тројца студенти од Шлезискиот универзитет и тоа токму од овој лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец, овозможувајќи им не само следење лекторска настава и предавања, туку и учество на низа настани со коишто ќе можат подобро да ја запознаат македонската култура. Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, како што потенцираат, ќе иницира и нови форми на соработка кои ќе претставуваат и нејзино продлабочување, особено во релацијата со Факултетот за хуманистика во Сосновјец, во чии рамки, на Катедрата за славистика функционира лекторатот по македонски јазик. Податоците говорат дека изминатите години, соработката меѓу македонските и полските филолози, во научната дејност се одвива на ислучително високо ниво. Јубилејот 35 години македонистиката на Шлезискиот универзитет, во текот на претстојната академска година се очекува да биде одбележан и со одделен настан, со учество на повеќе македонски и полски слависти и македонисти, при што клучно е свое учеството да оствари и академскиот кадар од Факултетот за хуманистика во Сосновјец, на кој повеќе професори предаваат и македонска литература и држат настава по превод. Покрај активностите по повод овој јубилеј, веќе се планираат активности и за одбележување половина век македонистика на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, како и 15 години од лекторатот по македонски јазик на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека. Лекторатот по македонски јазик на Шлезискиот универзитет функционира од академската 1987/88 година, на Катедрата за славистика при Факултетот за хуманистика во Сосновјец, а во моментов лекторската настава ја изведува Никола Илиевски, истакнуваат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ.

The post 35 години македонистика на Шлезискиот универзитет: Полските студенти восхитени од автентичноста на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>
Македонистиката вклучена меѓу ретките научни дисциплини во Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonistikata-vkluchena-megju-retkite-nauchni-disciplini-vo-francija/ Sat, 02 Jul 2022 13:04:08 +0000 https://republika.mk/?p=522598

Во изминатите години се постигнати значајни резултати во зајакнувањето и афирмацијата на македонистиката во Франција, на реномираниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, во чии рамки функционира лекторатот по македонски јазик. Но, сега се создаваат и нови перспективи за изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура – исклучително голем успех е вклучувањето на македонистиката меѓу ретките научни дисциплини во Франција!

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) ја поздравува одлуката за прифаќање на иницијативата за вклучување на македонистиката во француско-германскиот проект којшто има за цел да ги мапира ретките дисциплини во Франција и Германија. Со ова, на реномираниот ИНАЛКО во Париз, македонистиката доби статус со којшто е гарантирана нејзината заштита и зачувување, но и нејзината самостојност – со неможност да се спои со други студии. Едновремено, ова подразбира и можно проширување на студиите по македонистика, со обезбедена финансиска помош. МСМЈЛК при УКИМ, како и досега, постојано, преку лекторатот по македонски јазик на ИНАЛКО ќе го остварува својот максимум за изучувањето на македонистиката во Франција, како и за вложување во сите можности коишто ќе претставуваат нови перспективи за афирмација на македонскиот јазик, литература и култура.

Во период кога веќе ги планираме активностите за одбележување половина век изучување на македонистиката на ИНАЛКО во текот на следната година, од Париз пристигна оваа значајна вест, којашто радува, но и обврзува на уште поинтензивни натамошни активности. На ИНАЛКО, македонистиката се изучува во рамките на сите циклуси академски студии – од лиценца до докторат. Веќе неколку години функционира и одделна професорска катедра за македонистички студии – првата професорска катедра за македонистика надвор од нашата земја. Но, вклучувањето на македонистиката во олку важен проект и добивањето статус којшто дава гаранции и за нејзината иднина на ИНАЛКО е посебен успех – уште еден показател и на поддршката којашто македонистиката ја добива на оваа врвна образовна и научна институција во Франција, истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Едновремено, таа упатува и одделна благодарност.

Од името на МСМЈЛК при УКИМ, одделно упатувам голема благодарност и изразувам голема почит до проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро од ИНАЛКО, којашто ја покрена и се залагаше за прифаќање на иницијативата македонистиката да биде препознаена како ретка дисциплина од страна на француското Министерство за високо образование и истражување и да биде вклучена во овој голем проект со одлука на научна комисија. Но и не само за тоа, туку и за сите нејзини загалагања години наназад, со коишто се остварија низата успеси за македонистиката на ИНАЛКО, како и за севкупната поддршка за лекторатот по македонски јазик во остварувањето на неговата мисија. Соработката со проф. д-р Пејоска-Бушро и нејзините залагања се еден од примерите коишто покажуваат дека содејството со поддржувачите и посветениците на македонистиката коишто се дел од академската средина на големите образовни и научни центри ширум Европа и светот е гаранцијата за перспективите на македонистиката на меѓународен план,  посочува директорката на МСМЈЛК при УКИМ.

Инаку, на ИНАЛКО, македонскиот јазик се изучува како главен предмет – три години додипломска настава, две години на вториот циклус студии, како и на школата за докторски студии. Лекторатот по македонски јазик работи од 1973 година, а во моментот лекторската настава ја изведува м-р Ѓоко Здравески. Од париската Катедра за македонистика, МСМЈЛК при УКИМ очекува и тројца учесници на претстојната 55. Летна школа што ќе се одржи од 17 август до 2 септември во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид.

Според досега достапните информации, француско-германскиот проект којшто има за цел да ги мапира ретките дисциплини во Франција и Германија се очекува да се прошири во сите европски земји, со што можностите за зајакнување и афирмација на македонистиката на универзитетските центри ширум Европа преку овој проект ќе бидат и поголеми.

 

The post Македонистиката вклучена меѓу ретките научни дисциплини во Франција appeared first on Република.

]]>

Во изминатите години се постигнати значајни резултати во зајакнувањето и афирмацијата на македонистиката во Франција, на реномираниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, во чии рамки функционира лекторатот по македонски јазик. Но, сега се создаваат и нови перспективи за изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура – исклучително голем успех е вклучувањето на македонистиката меѓу ретките научни дисциплини во Франција! Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) ја поздравува одлуката за прифаќање на иницијативата за вклучување на македонистиката во француско-германскиот проект којшто има за цел да ги мапира ретките дисциплини во Франција и Германија. Со ова, на реномираниот ИНАЛКО во Париз, македонистиката доби статус со којшто е гарантирана нејзината заштита и зачувување, но и нејзината самостојност – со неможност да се спои со други студии. Едновремено, ова подразбира и можно проширување на студиите по македонистика, со обезбедена финансиска помош. МСМЈЛК при УКИМ, како и досега, постојано, преку лекторатот по македонски јазик на ИНАЛКО ќе го остварува својот максимум за изучувањето на македонистиката во Франција, како и за вложување во сите можности коишто ќе претставуваат нови перспективи за афирмација на македонскиот јазик, литература и култура.
Во период кога веќе ги планираме активностите за одбележување половина век изучување на македонистиката на ИНАЛКО во текот на следната година, од Париз пристигна оваа значајна вест, којашто радува, но и обврзува на уште поинтензивни натамошни активности. На ИНАЛКО, македонистиката се изучува во рамките на сите циклуси академски студии – од лиценца до докторат. Веќе неколку години функционира и одделна професорска катедра за македонистички студии – првата професорска катедра за македонистика надвор од нашата земја. Но, вклучувањето на македонистиката во олку важен проект и добивањето статус којшто дава гаранции и за нејзината иднина на ИНАЛКО е посебен успех – уште еден показател и на поддршката којашто македонистиката ја добива на оваа врвна образовна и научна институција во Франција, истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.
Едновремено, таа упатува и одделна благодарност.
Од името на МСМЈЛК при УКИМ, одделно упатувам голема благодарност и изразувам голема почит до проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро од ИНАЛКО, којашто ја покрена и се залагаше за прифаќање на иницијативата македонистиката да биде препознаена како ретка дисциплина од страна на француското Министерство за високо образование и истражување и да биде вклучена во овој голем проект со одлука на научна комисија. Но и не само за тоа, туку и за сите нејзини загалагања години наназад, со коишто се остварија низата успеси за македонистиката на ИНАЛКО, како и за севкупната поддршка за лекторатот по македонски јазик во остварувањето на неговата мисија. Соработката со проф. д-р Пејоска-Бушро и нејзините залагања се еден од примерите коишто покажуваат дека содејството со поддржувачите и посветениците на македонистиката коишто се дел од академската средина на големите образовни и научни центри ширум Европа и светот е гаранцијата за перспективите на македонистиката на меѓународен план,  посочува директорката на МСМЈЛК при УКИМ.
Инаку, на ИНАЛКО, македонскиот јазик се изучува како главен предмет – три години додипломска настава, две години на вториот циклус студии, како и на школата за докторски студии. Лекторатот по македонски јазик работи од 1973 година, а во моментот лекторската настава ја изведува м-р Ѓоко Здравески. Од париската Катедра за македонистика, МСМЈЛК при УКИМ очекува и тројца учесници на претстојната 55. Летна школа што ќе се одржи од 17 август до 2 септември во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. Според досега достапните информации, француско-германскиот проект којшто има за цел да ги мапира ретките дисциплини во Франција и Германија се очекува да се прошири во сите европски земји, со што можностите за зајакнување и афирмација на македонистиката на универзитетските центри ширум Европа преку овој проект ќе бидат и поголеми.  

The post Македонистиката вклучена меѓу ретките научни дисциплини во Франција appeared first on Република.

]]>
Студентите на Истанбулскиот универзитет ќе може да го изучуваат македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentite-na-istanbulskiot-univerzitet-kje-moze-da-go-izuchuvaat-makedonskiot-jazik/ Sat, 25 Jun 2022 09:32:08 +0000 https://republika.mk/?p=519546

Со заложби на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) од следната академска година, македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет, коишто се заинтересирани за македонистиката. До сега, македонскиот јазик можеа да го изучуваат само студентите на Факултетот за литература, а од есен, преку нови предмети во четири семестри, македонистиката ќе можат да ја изучуваат студентите од сите факултети.

Минатата година, кога одбележавме 35 години од отворањето на лекторатот по македонски јазик во Истанбул, сè обврзавме дека соработката ќе ја продлабочиме и дека ќе продолжат вложувањата во зајакнувањето и афирмацијата на македонистиката на Истанбулскиот универзитет. Драго ми е што годинава, она на што се обврзавме следејќи го и заветот на Блаже Конески, веќе се остварува. Со можноста македонистиката да ја изучуваат студентите од сите факултети на Истанбулскиот универзитет, се покажува дека искажаната взаемна решеност не е само формална, туку суштинска, втемелена на одличната повеќедецениска соработка помеѓу двата универзитета, пред сè во сферата на македонистиката - истакна директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, по повод новите перспективи за македонистиката на Истанбулскиот универзитет.

Таа упати благодарност до своите колеги од Истанбул.

Од името на МСМЈЛК при УКИМ, искажувам благодарност до раководителката на Одделот за словенски јазици, проф. д-р Емине Инанир и до раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Туркан Олџај, затоа што застанаа зад иницијативата, со тоа потврдувајќи дека поддршката за афирмација на македонскиот јазик, литература и култура е непрекината и се зголемува. Но, морам да го истакнам и влогот на новата лекторка, д-р Габриела Ивановска, којашто и ги подготви предметните програми за новите предмети. Радува фактот што за неколку месеци, преку новите предмети, на Истанбулскиот универзитет, заинтересираните студенти од сите факултети не само што ќе можат да го изучуваат и надрадуваат знаењето на македонскиот јазик, туку на соодветно академско ниво потемелно да се запознаат и со севкупната македонска култура. Уверена сум дека нема да запреме тука - нагласува Мојсова-Чепишевска.

Програмите по новите предмети од областа на македонистиката се осмислени во насока на промоција и популаризација на македонистиката, при што сите заинтересирани студенти ќе можат потемелито да се запознаат и со македонската книжевност, филм, музика итн., во еден поширок културолошки контекст. Истовремено, на Факултетот за литература ќе продолжи наставата и по предметите коишто се изучуваа и досега, при што како учебници се користат изданија подготвени од МСМЈЛК при УКИМ.

Инаку, годинава, во текот на летниот семестар, повеќе од 50 студенти на Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет следеа предмети од областа на македонистиката. Имајќи ги предвид новите можности од следната академска година, се очекува бројот да биде поголем. Но, клучно, радува што интересот за македонистиката не запира само во рамките на студиите, туку продолжува и понатаму, што се потврдува и преку интересот на студентите на Истанбулскиот универзитет и за учество на претстојната 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ.

Активностите на МСМЈЛК при УКИМ за зајакнување и афирмација на македонистиката на големите универзитетски центри продолжуваат.

The post Студентите на Истанбулскиот универзитет ќе може да го изучуваат македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Со заложби на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) од следната академска година, македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет, коишто се заинтересирани за македонистиката. До сега, македонскиот јазик можеа да го изучуваат само студентите на Факултетот за литература, а од есен, преку нови предмети во четири семестри, македонистиката ќе можат да ја изучуваат студентите од сите факултети.
Минатата година, кога одбележавме 35 години од отворањето на лекторатот по македонски јазик во Истанбул, сè обврзавме дека соработката ќе ја продлабочиме и дека ќе продолжат вложувањата во зајакнувањето и афирмацијата на македонистиката на Истанбулскиот универзитет. Драго ми е што годинава, она на што се обврзавме следејќи го и заветот на Блаже Конески, веќе се остварува. Со можноста македонистиката да ја изучуваат студентите од сите факултети на Истанбулскиот универзитет, се покажува дека искажаната взаемна решеност не е само формална, туку суштинска, втемелена на одличната повеќедецениска соработка помеѓу двата универзитета, пред сè во сферата на македонистиката - истакна директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, по повод новите перспективи за македонистиката на Истанбулскиот универзитет.
Таа упати благодарност до своите колеги од Истанбул.
Од името на МСМЈЛК при УКИМ, искажувам благодарност до раководителката на Одделот за словенски јазици, проф. д-р Емине Инанир и до раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Туркан Олџај, затоа што застанаа зад иницијативата, со тоа потврдувајќи дека поддршката за афирмација на македонскиот јазик, литература и култура е непрекината и се зголемува. Но, морам да го истакнам и влогот на новата лекторка, д-р Габриела Ивановска, којашто и ги подготви предметните програми за новите предмети. Радува фактот што за неколку месеци, преку новите предмети, на Истанбулскиот универзитет, заинтересираните студенти од сите факултети не само што ќе можат да го изучуваат и надрадуваат знаењето на македонскиот јазик, туку на соодветно академско ниво потемелно да се запознаат и со севкупната македонска култура. Уверена сум дека нема да запреме тука - нагласува Мојсова-Чепишевска.
Програмите по новите предмети од областа на македонистиката се осмислени во насока на промоција и популаризација на македонистиката, при што сите заинтересирани студенти ќе можат потемелито да се запознаат и со македонската книжевност, филм, музика итн., во еден поширок културолошки контекст. Истовремено, на Факултетот за литература ќе продолжи наставата и по предметите коишто се изучуваа и досега, при што како учебници се користат изданија подготвени од МСМЈЛК при УКИМ. Инаку, годинава, во текот на летниот семестар, повеќе од 50 студенти на Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет следеа предмети од областа на македонистиката. Имајќи ги предвид новите можности од следната академска година, се очекува бројот да биде поголем. Но, клучно, радува што интересот за македонистиката не запира само во рамките на студиите, туку продолжува и понатаму, што се потврдува и преку интересот на студентите на Истанбулскиот универзитет и за учество на претстојната 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ. Активностите на МСМЈЛК при УКИМ за зајакнување и афирмација на македонистиката на големите универзитетски центри продолжуваат.

The post Студентите на Истанбулскиот универзитет ќе може да го изучуваат македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>