Македонистички час Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonistichki-chas/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Feb 2024 09:28:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонистички час Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonistichki-chas/ 32 32 „Македонистички час“ на Лекторатите по македонски јазик во странство по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonistichki-chas-na-lektoratite-po-makedonski-jazik-vo-stranstvo-po-povod-megunarodniot-den-na-majchiniot-jazik/ Wed, 21 Feb 2024 09:28:47 +0000 https://republika.mk/?p=746447

Во чест на денешниот, Меѓународен ден на мајчиниот јазик – 21 февруари, Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК) организира „Македонистички час“ на Лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот.

Меѓународниот семинар при УКИМ има единаесет Лекторати по македонски јазик, литература и култура во: Р Турција (Инстанбул), Р Унгарија (Будимпешта), Р Полска (Краков и Сосновјец), Руската Федерација (Москва), Р Хрватска (Риека), Анкара (Р Турција), Р Романија (Букурешт), Р Франција (Париз), Пекинг (Народна Република Кина) и Тирана (Р Албанија).

„Во Годината на македонистиката се одржуваат бројни кампањи, школи и активности, со цел афирмација на македонистиката кај нас и во светот“, информираат од МСМЈЛК при УКИМ во Скопје.

„Јазикот е наша суштина, наша највисока претставителност, наш идентитет и убавото лице на нашата култура. Јазикот живее и се прераѓа преку нас, а ние растеме и се возвишуваме преку македонскиот јазик. Мисијата на македонистиката е наш завет, кој го развиваме како високообразовна, научна и културна дејност која има меѓународно значење и непроценлива вонвременска вредност“, изјави директорката на Меѓународниот семинар при УКИМ проф. д-р Кристина Николовска.

The post „Македонистички час“ на Лекторатите по македонски јазик во странство по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик appeared first on Република.

]]>

Во чест на денешниот, Меѓународен ден на мајчиниот јазик – 21 февруари, Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК) организира „Македонистички час“ на Лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот. Меѓународниот семинар при УКИМ има единаесет Лекторати по македонски јазик, литература и култура во: Р Турција (Инстанбул), Р Унгарија (Будимпешта), Р Полска (Краков и Сосновјец), Руската Федерација (Москва), Р Хрватска (Риека), Анкара (Р Турција), Р Романија (Букурешт), Р Франција (Париз), Пекинг (Народна Република Кина) и Тирана (Р Албанија). „Во Годината на македонистиката се одржуваат бројни кампањи, школи и активности, со цел афирмација на македонистиката кај нас и во светот“, информираат од МСМЈЛК при УКИМ во Скопје. „Јазикот е наша суштина, наша највисока претставителност, наш идентитет и убавото лице на нашата култура. Јазикот живее и се прераѓа преку нас, а ние растеме и се возвишуваме преку македонскиот јазик. Мисијата на македонистиката е наш завет, кој го развиваме како високообразовна, научна и културна дејност која има меѓународно значење и непроценлива вонвременска вредност“, изјави директорката на Меѓународниот семинар при УКИМ проф. д-р Кристина Николовска.

The post „Македонистички час“ на Лекторатите по македонски јазик во странство по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик appeared first on Република.

]]>