Македоника литера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonika-litera/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 11:04:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македоника литера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonika-litera/ 32 32 Објавен романот „Конформист“ од Алберто Моравија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/objaven-romanot-konformist-od-alberto-moravija/ Wed, 09 Oct 2024 11:04:09 +0000 https://republika.mk/?p=824583

„Македоника литера“ неодамна го објави романот „Конформист“ на познатиот италијански писател Алберто Моравија, во превод од италијански на македонски јазик на Анета Симовска.

Романот „Конформист“, првпат објавен во 1947 година, е едно од најзначајните дела на Моравија. Овој роман го направи еден од најчитаните повоени писатели во Европа.

Истражувајќи ја врската меѓу потиснатите емоции и тоталитарното општество, како и човечката подготвеност да се потчини на менталитетот на конформизам и послушност во потрага по „нормален живот“, овој голем мајстор на стилот пишува возбудлив наратив. Благодарение на длабокиот увид во човековата природа, овој маркантен роман останува свеж и релевантен дури и денес.

Во романот детално се прикажани животот и желбата за нормалност на еден владин функционер за време на италијанскиот фашистички период. Главниот лик Марчело постојано е во потрага по тоа што тој го смета за нормален живот – нормални активности, нормален изглед, нормални емоции итн. Сепак, тој ја меша нормалноста со усогласеноста, и во својата потрага да се усогласи, ги потчинува своите веќе потиснати емоции. Кога природниот тек на неговиот живот му поставува етички дилеми – задачата да го предаде професорот Квадри, привлечноста кон други жени освен сопругата – тој е лошо подготвен да се справи со нив. Моравија во
овој роман ја интимизира врската меѓу сексуалната репресија и фашизмот.

„Конформист“ се смета за антифашистички роман и во 1970 година доживеа филмска адаптација во режија на Бернардо Бертолучи.

Алберто Моравија (Рим, 1907 – Рим, 1990) е италијански писател, есеист, сценарист и критичар, чии дела проникнуваат во разни аспекти од современиот живот, како што се сексуалноста, отуѓувањето и егзистенцијализмот. Неговото вистинско име е Алберто Пинчерле (по потекло Евреин од Моравија, по што го зема псевдонимот). Цел живот бил критичен спрема фашизмот. Покрај политичките прашања, ги зафаќа и темите за отуѓувањето, лицемерието и малограѓанството. Поради неговата отвореност и критичко пишување, тој бил цензуриран и од
фашистите и од Ватикан.

За повеќе од шеесет години писателска кариера, објавил над четириесет книги, за кои ги добил најпрестижните италијански книжевни награди, меѓу кои и наградите „Стрега“ и Виареџо“. Беше вечен кандидат за Нобеловата награда за литература, номиниран 13 пати меѓу 1949 и 1965година. Неколку негови романи се филмувани.
Негови најпознати дела се: „Рамнодушни луѓе“ (1929), „Промашени амбиции“ (1935), „Маскарада“ (1941), „Агостино“ (1944), „Несреќниот љубовник (1946), „Римјанка“ (1947), „Конформист“ (1947), „Брачна љубов“ (1949), „Непослушност“ (1950), „Римски раскази“ (1954), „Чочара“ (1957), „Здодевност“ (1961), „Автомат“ (1962), „Презир“ (1954), „Нови римски раскази“ (1959), Внимание“ (1965), „Рај“ (1970) „Воајер (1985) итн.

„Македоника литера“ наскоро ќе објави уште едно дело на Моравија – романот „Досада“.

 

The post Објавен романот „Конформист“ од Алберто Моравија appeared first on Република.

]]>

„Македоника литера“ неодамна го објави романот „Конформист“ на познатиот италијански писател Алберто Моравија, во превод од италијански на македонски јазик на Анета Симовска. Романот „Конформист“, првпат објавен во 1947 година, е едно од најзначајните дела на Моравија. Овој роман го направи еден од најчитаните повоени писатели во Европа. Истражувајќи ја врската меѓу потиснатите емоции и тоталитарното општество, како и човечката подготвеност да се потчини на менталитетот на конформизам и послушност во потрага по „нормален живот“, овој голем мајстор на стилот пишува возбудлив наратив. Благодарение на длабокиот увид во човековата природа, овој маркантен роман останува свеж и релевантен дури и денес. Во романот детално се прикажани животот и желбата за нормалност на еден владин функционер за време на италијанскиот фашистички период. Главниот лик Марчело постојано е во потрага по тоа што тој го смета за нормален живот – нормални активности, нормален изглед, нормални емоции итн. Сепак, тој ја меша нормалноста со усогласеноста, и во својата потрага да се усогласи, ги потчинува своите веќе потиснати емоции. Кога природниот тек на неговиот живот му поставува етички дилеми – задачата да го предаде професорот Квадри, привлечноста кон други жени освен сопругата – тој е лошо подготвен да се справи со нив. Моравија во овој роман ја интимизира врската меѓу сексуалната репресија и фашизмот. „Конформист“ се смета за антифашистички роман и во 1970 година доживеа филмска адаптација во режија на Бернардо Бертолучи. Алберто Моравија (Рим, 1907 – Рим, 1990) е италијански писател, есеист, сценарист и критичар, чии дела проникнуваат во разни аспекти од современиот живот, како што се сексуалноста, отуѓувањето и егзистенцијализмот. Неговото вистинско име е Алберто Пинчерле (по потекло Евреин од Моравија, по што го зема псевдонимот). Цел живот бил критичен спрема фашизмот. Покрај политичките прашања, ги зафаќа и темите за отуѓувањето, лицемерието и малограѓанството. Поради неговата отвореност и критичко пишување, тој бил цензуриран и од фашистите и од Ватикан. За повеќе од шеесет години писателска кариера, објавил над четириесет книги, за кои ги добил најпрестижните италијански книжевни награди, меѓу кои и наградите „Стрега“ и Виареџо“. Беше вечен кандидат за Нобеловата награда за литература, номиниран 13 пати меѓу 1949 и 1965година. Неколку негови романи се филмувани. Негови најпознати дела се: „Рамнодушни луѓе“ (1929), „Промашени амбиции“ (1935), „Маскарада“ (1941), „Агостино“ (1944), „Несреќниот љубовник (1946), „Римјанка“ (1947), „Конформист“ (1947), „Брачна љубов“ (1949), „Непослушност“ (1950), „Римски раскази“ (1954), „Чочара“ (1957), „Здодевност“ (1961), „Автомат“ (1962), „Презир“ (1954), „Нови римски раскази“ (1959), Внимание“ (1965), „Рај“ (1970) „Воајер (1985) итн. „Македоника литера“ наскоро ќе објави уште едно дело на Моравија – романот „Досада“.  

The post Објавен романот „Конформист“ од Алберто Моравија appeared first on Република.

]]>
„Македоника литера“ го објави најновиот роман за деца на Киро Донев „Дневникот од штрковото гнездо“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonika-litera-go-objavi-najnoviot-roman-za-detsa-na-kiro-donev-dnevnikot-od-shtrkovoto-gnezdo/ Tue, 30 Jul 2024 07:30:41 +0000 https://republika.mk/?p=801537

„Македоника литера“ деновиве го објави најновиот роман за деца на Киро Донев „Дневникот од штрковото гнездо“, со илустрации на Славица Купенкова и со поговор на Ацо Ѓоргиев.

Приказната во романот се случува меѓу сонот и јавето. Се одвива во едно планинско село во коешто кај своите баба и дедо доаѓаат две внучиња за да го минат летниот распуст. Еден ден, играјќи тенис, топчето малку посилно удрено одлетува во напуштено штрково гнездо. Дедото е принуден да им го симне „непослушното“ топче. И, токму од тука, почнува и нивната авантура. Покрај топчето наоѓа и една – училишна тетратка, која всушност е дневник на некое дете по име Добре Лошиот. За тој пишувач на дневникот со такво име и чудно презиме - дедото нема слушнато. За да го откријат авторот на дневникот, дедото и децата наизменично го читаат и откриваат дека тоа дете раскажува речиси неверојатни нешта. Но и загатката станува сè понерешлива...

Во поговорот Ацо Ѓоргиев пишува:

„Како и вообичаено, и овојпат Киро Донев настаните во приказната тој ги сместува во кругот на семејството, каде е неминовна хиерархијата, посочувајќи му на детето – читател, дека сè во животот започнува и завршува со семејното огниште.

Стилот и јазикот, облеката на зборовите, хумористичната интонација и гледајќи на сè околу себе со очите на детето – Донев и овојпат како и многу пати пред тоа, од дело до дело, од книга до книга, се надминува себеси, внесувајќи нешто ново, што досега не им го кажал на своите читатели, па овојпат со `Дневникот од штрковото гнездо`, тој воведува нова игра што се одвива меѓу сонот и јавето...“

Киро Донев (1942, Моноспитово, Струмичко) е автор на педесетина книги за деца: романи, раскази, гатанки, повести, пиески, стихозбирки и сликовници. Тој е еден од најпопуларните и најчитаните македонски автори, не само кај писателите за деца, туку воопшто во македонската литература. За своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди. Неколку негови книги се објавени во повеќе изданија. Негови дела се преведени на десетина јазиции тој е меѓу најпреведуваните македонски писатели за деца.

 

The post „Македоника литера“ го објави најновиот роман за деца на Киро Донев „Дневникот од штрковото гнездо“ appeared first on Република.

]]>

„Македоника литера“ деновиве го објави најновиот роман за деца на Киро Донев „Дневникот од штрковото гнездо“, со илустрации на Славица Купенкова и со поговор на Ацо Ѓоргиев. Приказната во романот се случува меѓу сонот и јавето. Се одвива во едно планинско село во коешто кај своите баба и дедо доаѓаат две внучиња за да го минат летниот распуст. Еден ден, играјќи тенис, топчето малку посилно удрено одлетува во напуштено штрково гнездо. Дедото е принуден да им го симне „непослушното“ топче. И, токму од тука, почнува и нивната авантура. Покрај топчето наоѓа и една – училишна тетратка, која всушност е дневник на некое дете по име Добре Лошиот. За тој пишувач на дневникот со такво име и чудно презиме - дедото нема слушнато. За да го откријат авторот на дневникот, дедото и децата наизменично го читаат и откриваат дека тоа дете раскажува речиси неверојатни нешта. Но и загатката станува сè понерешлива... Во поговорот Ацо Ѓоргиев пишува: „Како и вообичаено, и овојпат Киро Донев настаните во приказната тој ги сместува во кругот на семејството, каде е неминовна хиерархијата, посочувајќи му на детето – читател, дека сè во животот започнува и завршува со семејното огниште. Стилот и јазикот, облеката на зборовите, хумористичната интонација и гледајќи на сè околу себе со очите на детето – Донев и овојпат како и многу пати пред тоа, од дело до дело, од книга до книга, се надминува себеси, внесувајќи нешто ново, што досега не им го кажал на своите читатели, па овојпат со `Дневникот од штрковото гнездо`, тој воведува нова игра што се одвива меѓу сонот и јавето...“ Киро Донев (1942, Моноспитово, Струмичко) е автор на педесетина книги за деца: романи, раскази, гатанки, повести, пиески, стихозбирки и сликовници. Тој е еден од најпопуларните и најчитаните македонски автори, не само кај писателите за деца, туку воопшто во македонската литература. За своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди. Неколку негови книги се објавени во повеќе изданија. Негови дела се преведени на десетина јазиции тој е меѓу најпреведуваните македонски писатели за деца.  

The post „Македоника литера“ го објави најновиот роман за деца на Киро Донев „Дневникот од штрковото гнездо“ appeared first on Република.

]]>
Македоника литера“ го објави романот за деца „Леон во Стаклената Гора“ од Жарко Милениќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonika-litera-go-objavi-romanot-za-detsa-leon-vo-staklenata-gora-od-zharko-milenik/ Wed, 15 May 2024 14:31:13 +0000 https://republika.mk/?p=778289

„Македоника литера“ неодамна го објави романот за деца „Леон во Стаклената Гора“ од босанско-хрватскиот писател Жарко Милениќ, во превод од хрватски јазик на Елена Саздовска.

Овој сказновиден роман на Милениќ е вториот од трилоги­јата романи за деца во која главниот лик е Леон (1. Леон, ученикот на волшебникот; 2. Леон во Стаклената Гора; 3. Антадор, учителот на Леон). Книгата е напишана со едноставен, лесен и приемлив раскажувачки јазик и стил во духот на народната приказна, односно на бајката, со романизирана структура. Леон треба да стане крал, но тој не го сака тоа. Тој само сака да чита книги, додека пак неговиот помлад брат го интересира само владеењето со кралството. И покрај тоа што Леон своеволно се откажува од круната, неговиот брат во него гледа потенцијална опасност и го заточува во кулата. И така Леон, изолиран од сите, престојува во кулата и чита... Сè до еден ден кога одлучува да побегне и да го запознае светот за кој толку многу ќе научи и ќе спознае од книгите. Го очекуваат безброј возбудливи патешествија и средби со необични лико­ви, а со секоја средба тој станува побогат и поискусен... Така станува и ученик на Антадор, волшебникот со голема моќ, меѓутоа неговите намери секогаш не се добри...

Авантурите на волшебникот Леон од „Леон, ученикот на волшебникот“ продолжуваат во оваа втора книга. Во оваа втора книга добриот мал волшебник оди во Стаклената Гора за да ги спаси затворените жители на Селанија – претворени во Стакленци. На своето патување тој минува низ необични кралства и земји: Арболија, Ликија, Транија, Лонија... и среќа­ва подеднакво необични и интересни ликови... Фантастична приказна за деца и за оние кои сè уште се во срцето.

Првиот роман од трилогијата - „Леон, ученикот на волшебникот“ „Македоника литера“ го објави на македонски јазик пред две години.

 

Жарко Милениќ (1961, Брчко, Босна и Херцеговина) e прозаист, драмски автор, поет, преведувач, уредник. Живеел во Осиек и Риека, а сега живее во Брчко (БиХ) и во Под­мос­ков­је, Русија.

Автор е на повеќе од триесет прозни дела, повеќето романи, четири книги со раскази, исто толку стихозбирки, како и на две книги со критички текстови, една есеистичка, а приредувач е на антологиски и тематски избори. Автор е и на радио­дра­ми. Некои негови дела се преведени на македонски, украин­­ски, ерменски, руски, француски и англиски јазик. На македонски јазик се објавени „Леон, ученикот на волшебникот“ (роман – сказна за деца) „Ги изеде дождот“ (роман), „Од училиште до дома“ (раскази), „Заедно“ (роман), како и Антоло­гијата на хрватски научнофантастични раскази, чиј приредувач е тој. Се занимава и со преведување – преведува од англиски, македонски, руски, бугарски, словенечки и украин­­ски јазик. Наградуван е во Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Ирак и во Кина.

 

The post Македоника литера“ го објави романот за деца „Леон во Стаклената Гора“ од Жарко Милениќ appeared first on Република.

]]>

„Македоника литера“ неодамна го објави романот за деца „Леон во Стаклената Гора“ од босанско-хрватскиот писател Жарко Милениќ, во превод од хрватски јазик на Елена Саздовска. Овој сказновиден роман на Милениќ е вториот од трилоги­јата романи за деца во која главниот лик е Леон (1. Леон, ученикот на волшебникот; 2. Леон во Стаклената Гора; 3. Антадор, учителот на Леон). Книгата е напишана со едноставен, лесен и приемлив раскажувачки јазик и стил во духот на народната приказна, односно на бајката, со романизирана структура. Леон треба да стане крал, но тој не го сака тоа. Тој само сака да чита книги, додека пак неговиот помлад брат го интересира само владеењето со кралството. И покрај тоа што Леон своеволно се откажува од круната, неговиот брат во него гледа потенцијална опасност и го заточува во кулата. И така Леон, изолиран од сите, престојува во кулата и чита... Сè до еден ден кога одлучува да побегне и да го запознае светот за кој толку многу ќе научи и ќе спознае од книгите. Го очекуваат безброј возбудливи патешествија и средби со необични лико­ви, а со секоја средба тој станува побогат и поискусен... Така станува и ученик на Антадор, волшебникот со голема моќ, меѓутоа неговите намери секогаш не се добри... Авантурите на волшебникот Леон од „Леон, ученикот на волшебникот“ продолжуваат во оваа втора книга. Во оваа втора книга добриот мал волшебник оди во Стаклената Гора за да ги спаси затворените жители на Селанија – претворени во Стакленци. На своето патување тој минува низ необични кралства и земји: Арболија, Ликија, Транија, Лонија... и среќа­ва подеднакво необични и интересни ликови... Фантастична приказна за деца и за оние кои сè уште се во срцето. Првиот роман од трилогијата - „Леон, ученикот на волшебникот“ „Македоника литера“ го објави на македонски јазик пред две години.   Жарко Милениќ (1961, Брчко, Босна и Херцеговина) e прозаист, драмски автор, поет, преведувач, уредник. Живеел во Осиек и Риека, а сега живее во Брчко (БиХ) и во Под­мос­ков­је, Русија. Автор е на повеќе од триесет прозни дела, повеќето романи, четири книги со раскази, исто толку стихозбирки, како и на две книги со критички текстови, една есеистичка, а приредувач е на антологиски и тематски избори. Автор е и на радио­дра­ми. Некои негови дела се преведени на македонски, украин­­ски, ерменски, руски, француски и англиски јазик. На македонски јазик се објавени „Леон, ученикот на волшебникот“ (роман – сказна за деца) „Ги изеде дождот“ (роман), „Од училиште до дома“ (раскази), „Заедно“ (роман), како и Антоло­гијата на хрватски научнофантастични раскази, чиј приредувач е тој. Се занимава и со преведување – преведува од англиски, македонски, руски, бугарски, словенечки и украин­­ски јазик. Наградуван е во Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Ирак и во Кина.  

The post Македоника литера“ го објави романот за деца „Леон во Стаклената Гора“ од Жарко Милениќ appeared first on Република.

]]>
„Македоника литера“ ја објави книгата „Животописи“ на Рате Савев https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonika-litera-ja-objavi-knigata-zhivotopisi-na-rate-savev/ Wed, 20 Mar 2024 12:16:01 +0000 https://republika.mk/?p=756707

„Македоника литера“ деновиве ја објави книгата „Животописи“ на Рате Савев, кој содржи стотина песни и обемен поговор од проф. д-р Васил Дрвошанов.

„Животописи“, поделена во два дела, со поднаслов `од Овче Поле до Порече`, е крајно искрена и емотивна лирска автобиографија на авторот. Со исповеден, но повремено и со меланхоличен лирски тон, Рате Савев во стихови ја испишува својата животна приказна проследена во долг временски период – од раната младост до зрелата животна доба, зафаќајќи ги сите за него битни, блиски и неодминливи моменти од приватната и професионалната сфера. Книгата носи богат поетски исказ во мошне широк распон – од социјалниот, емотивниот и љубовниот, па до родољубивиот, поводниот, пригодниот или свечениот пристап во лирската елаборација на темите.

Рате Савев (1951, с. Сопот, Св. Николе) е автор и на книгите: „Дедовите внучиња“ (поезија за деца, 2020), „Подземна тишина“ (поезија, 2020) и „Песна на песната“ (поезија, 2021). Речиси сиот работен век го поминал како професор по македонски јазик и литература. Живее во Македонски Брод.

 

 

The post „Македоника литера“ ја објави книгата „Животописи“ на Рате Савев appeared first on Република.

]]>

„Македоника литера“ деновиве ја објави книгата „Животописи“ на Рате Савев, кој содржи стотина песни и обемен поговор од проф. д-р Васил Дрвошанов. „Животописи“, поделена во два дела, со поднаслов `од Овче Поле до Порече`, е крајно искрена и емотивна лирска автобиографија на авторот. Со исповеден, но повремено и со меланхоличен лирски тон, Рате Савев во стихови ја испишува својата животна приказна проследена во долг временски период – од раната младост до зрелата животна доба, зафаќајќи ги сите за него битни, блиски и неодминливи моменти од приватната и професионалната сфера. Книгата носи богат поетски исказ во мошне широк распон – од социјалниот, емотивниот и љубовниот, па до родољубивиот, поводниот, пригодниот или свечениот пристап во лирската елаборација на темите. Рате Савев (1951, с. Сопот, Св. Николе) е автор и на книгите: „Дедовите внучиња“ (поезија за деца, 2020), „Подземна тишина“ (поезија, 2020) и „Песна на песната“ (поезија, 2021). Речиси сиот работен век го поминал како професор по македонски јазик и литература. Живее во Македонски Брод.    

The post „Македоника литера“ ја објави книгата „Животописи“ на Рате Савев appeared first on Република.

]]>
„Македоника литера“ го објави романот „Доставувачот на пораки“ од кинескиот писател Лиу Лиангченг https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonika-litera-go-objavi-romanot-dostavuvachot-na-poraki-od-kineskiot-pisatel-liu-liangcheng/ Mon, 11 Mar 2024 12:40:31 +0000 https://republika.mk/?p=753650

„Македоника литера“ деновиве го објави романот „Доставувачот на пораки“ од реномираниот кинески писател Лиу Лиангченг, во превод од кинески јазик на Кристина Стаменова.

Лиу Лиангченг се смета за влијателен автор во Кина, посебно во последните две децении, а во декември 2023 г. стана лауреат на највисоката книжевна награда во Кина „Мао Дун“ за најновиот роман „Бомба“, за кој „Македоника литера“ веќе ги има правата за превод на македонски јазик.

Романот „Доставувачот на пораки“ (2019) е егзотична, мисте­риозна и филозофска авантура на доставувач на пораки и магаре. Во него има многу фантастични елементи, и честопати се наведува читателот да се запраша каде е границата меѓу реалноста и заум­носта, дали воопшто постои. Има и пасторални и филозофски елементи, а авторот го опишува односот меѓу луѓето и магарињата, односно најголемиот дел од приказната тече од магарешка, а помал дел од човечка перспектива. Заличува на надреална басна и по малку мистична, главните ликови се магариња, монаси, воини..., а дејството се случува во дамнешно неопределено време.

Преку ономатопејските звуци и метафори кои се застапени во романот, писателот како да ги поставува на исто рамниште природата и душата на сите живи и неживи суштества, земјата и рајот, реалното и нереалното. Овде дури и звукот добива своја форма за која луѓето не се свесни (можат да ја видат само магарињата). Како да не постои никаква разлика ниту меѓу човекот и животните, секој од нив во својот свет, со својот јазик. Во магичниот свет на Лиу Лиангченг лаежот на кучињата, магарешките рикови и песната на петлите имаат моќ да пренесуваат пораки од едно до друго растојание. Главните протагонисти, еден преведувач и едно магаре, исто така имаат задолжение да пренесат порака, патувајќи низ пустината, поминувајќи низ разни премрежиња и сведочејќи за војната меѓу две царства, кои војуваат толку одамна што веќе не се знае зошто почнале да војуваат.

Сместена во царствата Пиша и Хеиле, две завојувани земји без никаква официјална комуникација, оваа необична фантастична басна се фокусира на приказната меѓу Ку, гласник и познат преведувач кој течно зборува неколку јазици и магарето по име Шјие, за кое се вели дека е порака. Ку бил замолен да го предаде магарето во непријателската земја оддалечена илјадници милји, па така двајцата тргнуваат на патување. Заедно минуваат боишта и пустини, и стануваат сведоци на неверојатни случки за животот и смртта.

Фантастична, но и филозофска загатка, „Доставувачот на пораки“ е калеидоскопско патување до раскрсницата на војната, љубовта, верата и моќта. Лиу Лиангченг ја истакнува хармонијата меѓу човекот и природата во оваа чудна и сурова новела, држејќи се до својот писателски концепт „сè има дух“. Светот е полн со духови, но само магарињата можат да ги видат. Во меѓувреме, во човечкиот свет, војната и по сто години нема крај на повидок.

За овој роман нема позитивни реакции само од книжевната критика, туку и позитивни коментари од кинеските читатели, а особено е интересно прашањето за јазикот (главниот протагонист е преведувач/толкувач) и дали и колку можеме да ги искажеме нашите чувства докрај, користејќи го јазикот како алатка.

 

Лиу Лиангченг (1962) е роден во мало село на работ на пустината Гурбан­тонггут во Синѓианг. Работел како земјоделец, сточар (одгле­дувал овци) и администратор за земјоделски машини повеќе од десет години. Во раните години, ја објавил стихозбирката „Сонце на жолтите песочни гребени“. По доаѓањето во Урумчи, активно се занимавал со прозно творештво, а автор е, меѓу другите, на прозните збирки „Дворот на ветрот“, „Селото со еден човек“ и „Куче за бесење“. Го напишал и романот „Празната земја“. Други негови попознати книги се: збирката раскази „Остаток“, романите „Доставувачот на пораки“, „Ровка земја“ и „Длабење“, збирките есеи „Животот под листот“ и „Во Синѓианг“. Позната е и книгата интервју со Лиу Лиангченг од Џим Велдон.

Објавена во 1998 година, книгата „Селото со еден човек“ го прославил и предизвикал жестока дискусија кај критиката. Оваа збирка есеи нема очигледна смисла за времето, но изразува искуство за „природен опстанок“. Неговите дела потоа биле препорачувани од познати писатели и критичари, и оттогаш, негови есеи и коментари се објавуваат во повеќе реномирани весници и периодични изданија.

Во „Село со еден човек“ авторот раскажува за еден вид природен опстанок што на луѓето им недостасува долго време. „Пове­ќемина пишуваат за селото каде што живееле многу години. Во ова село каде што луѓето и животните живеат заедно, ветрот дува стари куќи, сонцето ги старее луѓето и добитокот и сè се шири според волјата на природата.“ Откако била објавена збирката „Село со еден човек“, тој преку ноќ станал многу барана личност од весниците и списанијата, за интервјуа и за авторски текстови.

Познат е како „последниот кинески есеист од 20 век“ и „фило­зоф на природата и селото“.

Освен на наградата „Мао Дун“, добитник е на наградата за најдобра проза Лу Сјун за 2014 година за неговата есеистичка збирка „Во Sинѓианг“. Ги добил и книжевната награда „Фенг Му“ во 2001 година за нова уметност и наградата „Баихуа“.

 

The post „Македоника литера“ го објави романот „Доставувачот на пораки“ од кинескиот писател Лиу Лиангченг appeared first on Република.

]]>

„Македоника литера“ деновиве го објави романот „Доставувачот на пораки“ од реномираниот кинески писател Лиу Лиангченг, во превод од кинески јазик на Кристина Стаменова. Лиу Лиангченг се смета за влијателен автор во Кина, посебно во последните две децении, а во декември 2023 г. стана лауреат на највисоката книжевна награда во Кина „Мао Дун“ за најновиот роман „Бомба“, за кој „Македоника литера“ веќе ги има правата за превод на македонски јазик. Романот „Доставувачот на пораки“ (2019) е егзотична, мисте­риозна и филозофска авантура на доставувач на пораки и магаре. Во него има многу фантастични елементи, и честопати се наведува читателот да се запраша каде е границата меѓу реалноста и заум­носта, дали воопшто постои. Има и пасторални и филозофски елементи, а авторот го опишува односот меѓу луѓето и магарињата, односно најголемиот дел од приказната тече од магарешка, а помал дел од човечка перспектива. Заличува на надреална басна и по малку мистична, главните ликови се магариња, монаси, воини..., а дејството се случува во дамнешно неопределено време. Преку ономатопејските звуци и метафори кои се застапени во романот, писателот како да ги поставува на исто рамниште природата и душата на сите живи и неживи суштества, земјата и рајот, реалното и нереалното. Овде дури и звукот добива своја форма за која луѓето не се свесни (можат да ја видат само магарињата). Како да не постои никаква разлика ниту меѓу човекот и животните, секој од нив во својот свет, со својот јазик. Во магичниот свет на Лиу Лиангченг лаежот на кучињата, магарешките рикови и песната на петлите имаат моќ да пренесуваат пораки од едно до друго растојание. Главните протагонисти, еден преведувач и едно магаре, исто така имаат задолжение да пренесат порака, патувајќи низ пустината, поминувајќи низ разни премрежиња и сведочејќи за војната меѓу две царства, кои војуваат толку одамна што веќе не се знае зошто почнале да војуваат. Сместена во царствата Пиша и Хеиле, две завојувани земји без никаква официјална комуникација, оваа необична фантастична басна се фокусира на приказната меѓу Ку, гласник и познат преведувач кој течно зборува неколку јазици и магарето по име Шјие, за кое се вели дека е порака. Ку бил замолен да го предаде магарето во непријателската земја оддалечена илјадници милји, па така двајцата тргнуваат на патување. Заедно минуваат боишта и пустини, и стануваат сведоци на неверојатни случки за животот и смртта. Фантастична, но и филозофска загатка, „Доставувачот на пораки“ е калеидоскопско патување до раскрсницата на војната, љубовта, верата и моќта. Лиу Лиангченг ја истакнува хармонијата меѓу човекот и природата во оваа чудна и сурова новела, држејќи се до својот писателски концепт „сè има дух“. Светот е полн со духови, но само магарињата можат да ги видат. Во меѓувреме, во човечкиот свет, војната и по сто години нема крај на повидок. За овој роман нема позитивни реакции само од книжевната критика, туку и позитивни коментари од кинеските читатели, а особено е интересно прашањето за јазикот (главниот протагонист е преведувач/толкувач) и дали и колку можеме да ги искажеме нашите чувства докрај, користејќи го јазикот како алатка.   Лиу Лиангченг (1962) е роден во мало село на работ на пустината Гурбан­тонггут во Синѓианг. Работел како земјоделец, сточар (одгле­дувал овци) и администратор за земјоделски машини повеќе од десет години. Во раните години, ја објавил стихозбирката „Сонце на жолтите песочни гребени“. По доаѓањето во Урумчи, активно се занимавал со прозно творештво, а автор е, меѓу другите, на прозните збирки „Дворот на ветрот“, „Селото со еден човек“ и „Куче за бесење“. Го напишал и романот „Празната земја“. Други негови попознати книги се: збирката раскази „Остаток“, романите „Доставувачот на пораки“, „Ровка земја“ и „Длабење“, збирките есеи „Животот под листот“ и „Во Синѓианг“. Позната е и книгата интервју со Лиу Лиангченг од Џим Велдон. Објавена во 1998 година, книгата „Селото со еден човек“ го прославил и предизвикал жестока дискусија кај критиката. Оваа збирка есеи нема очигледна смисла за времето, но изразува искуство за „природен опстанок“. Неговите дела потоа биле препорачувани од познати писатели и критичари, и оттогаш, негови есеи и коментари се објавуваат во повеќе реномирани весници и периодични изданија. Во „Село со еден човек“ авторот раскажува за еден вид природен опстанок што на луѓето им недостасува долго време. „Пове­ќемина пишуваат за селото каде што живееле многу години. Во ова село каде што луѓето и животните живеат заедно, ветрот дува стари куќи, сонцето ги старее луѓето и добитокот и сè се шири според волјата на природата.“ Откако била објавена збирката „Село со еден човек“, тој преку ноќ станал многу барана личност од весниците и списанијата, за интервјуа и за авторски текстови. Познат е како „последниот кинески есеист од 20 век“ и „фило­зоф на природата и селото“. Освен на наградата „Мао Дун“, добитник е на наградата за најдобра проза Лу Сјун за 2014 година за неговата есеистичка збирка „Во Sинѓианг“. Ги добил и книжевната награда „Фенг Му“ во 2001 година за нова уметност и наградата „Баихуа“.  

The post „Македоника литера“ го објави романот „Доставувачот на пораки“ од кинескиот писател Лиу Лиангченг appeared first on Република.

]]>
„Македоника литера“ ја објави книгата „Клучните концепти во кинескиот традиционален спорт“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonika-litera-ja-objavi-knigata-kluchnite-kontsepti-vo-kineskiot-traditsionalen-sport/ Fri, 10 Mar 2023 08:53:42 +0000 https://republika.mk/?p=618002

„Македоника литера“ неодамна ја публикуваше книгата „Клучните концепти во кинескиот традиционален спорт“ од авторите Ченг Хон, Сие Веи и Ванг Чен, која претставува запознавање на традиционалната кинеска физичка култура од аспект на филозофската и животната мудрост и култура на живеење.

Оваа книга содржи 95 клучни концепти поделени во четири категории: филозофија на спортовите, здравјето и спортовите, забавата и спортовите, и натпреварувачките спортови. Душата на кинеските традиционални спортови лежи во нивните филозофски концепти и мисли, кои одиграле огромна улога во долгата историја на нивниот развој и ја покажуваат уникатната убавина на кинеската спортска култура.

За секој концепт се изложени неговата дефиниција, потеклото, еволуцијата, објаснувањето, културното значење и денешната вредност, со неколку варијации според специфичната содржина.

Традиционалните спортски активности на народот Хан и на етничките групи во Кина се значаен дел од кинеската спортска и национална култура. Тие се содржани и во кинеската традиционална филозофија, како и во разните размислувања за природата на животот, за одржувањето на динамичната рамнотежа меѓу човекот и природата, меѓу луѓето и внатре во самата индивидуа.

На крајот, книгата содржи два прилога – преглед на спортовите на зимските олимписки и параолимписки игри во Пекинг во 2022 година и куса хронологија на кинеската историја.

 

The post „Македоника литера“ ја објави книгата „Клучните концепти во кинескиот традиционален спорт“ appeared first on Република.

]]>

„Македоника литера“ неодамна ја публикуваше книгата „Клучните концепти во кинескиот традиционален спорт“ од авторите Ченг Хон, Сие Веи и Ванг Чен, која претставува запознавање на традиционалната кинеска физичка култура од аспект на филозофската и животната мудрост и култура на живеење. Оваа книга содржи 95 клучни концепти поделени во четири категории: филозофија на спортовите, здравјето и спортовите, забавата и спортовите, и натпреварувачките спортови. Душата на кинеските традиционални спортови лежи во нивните филозофски концепти и мисли, кои одиграле огромна улога во долгата историја на нивниот развој и ја покажуваат уникатната убавина на кинеската спортска култура. За секој концепт се изложени неговата дефиниција, потеклото, еволуцијата, објаснувањето, културното значење и денешната вредност, со неколку варијации според специфичната содржина. Традиционалните спортски активности на народот Хан и на етничките групи во Кина се значаен дел од кинеската спортска и национална култура. Тие се содржани и во кинеската традиционална филозофија, како и во разните размислувања за природата на животот, за одржувањето на динамичната рамнотежа меѓу човекот и природата, меѓу луѓето и внатре во самата индивидуа. На крајот, книгата содржи два прилога – преглед на спортовите на зимските олимписки и параолимписки игри во Пекинг во 2022 година и куса хронологија на кинеската историја.  

The post „Македоника литера“ ја објави книгата „Клучните концепти во кинескиот традиционален спорт“ appeared first on Република.

]]>
„Македоника литера“ ја објави книгата „Разбирање на Кина: 100 клучни термини“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonika-litera-ja-objavi-knigata-razbirane-na-kina-100-kluchni-termini/ Thu, 02 Mar 2023 09:34:53 +0000 https://republika.mk/?p=614985

„Македоника литера“ деновиве ја публикуваше книгата „Разбирање на Кина: 100 клучни термини“, која претставува толкување на кинеската мисла и култура од аспект на филозофската, историската и животната мудрост.

Книгата содржи 21 термини филозофска мудрост, 34 историска мудрост и 45 термини од традиционалната кинеска медицина. За полесно да се разбере „современа Кина“ треба продлабочено да се познава „традиционална Кина“, односно кинеските филозофски мисли, хуманистичкиот дух, начините на размислување и вредностите. Кинескиот народ се потпира на мудроста на своите предци и учи од нивниот дискурс, а странските читатели може да ја разберат современата Кина од аспект на кинеската мудрост.

Сите термини доаѓаат од проектот „Клучните концепти во кинеската мисла и култура“, серија во девет тома објавена двојазично (на македонски и англиски јазик) од „Македоника литера“ и од двотомното издание „Клучните концепти во традиционалната медицина“ составена од Ли Џаогуо, Ву Ќинг и Синг Јуруи, исто така неодамна публикувана од „Македоника литера“.

Опфаќајќи ги филозофијата, историјата и животот, секој термин е претставен со неговото основно значење и конотација. Книгата е поделена во три дела: филозофска мудрост, историска мудрост и животна мудрост.

Со стоте суштински термини се објаснети културата, традицијата, филозофијата на Кина и овозможува полесно да се разбере и културата на живеење на современа Кина.

На крајот, книгата содржи и куса хронологија на кинеската историја.

 

The post „Македоника литера“ ја објави книгата „Разбирање на Кина: 100 клучни термини“ appeared first on Република.

]]>

„Македоника литера“ деновиве ја публикуваше книгата „Разбирање на Кина: 100 клучни термини“, која претставува толкување на кинеската мисла и култура од аспект на филозофската, историската и животната мудрост. Книгата содржи 21 термини филозофска мудрост, 34 историска мудрост и 45 термини од традиционалната кинеска медицина. За полесно да се разбере „современа Кина“ треба продлабочено да се познава „традиционална Кина“, односно кинеските филозофски мисли, хуманистичкиот дух, начините на размислување и вредностите. Кинескиот народ се потпира на мудроста на своите предци и учи од нивниот дискурс, а странските читатели може да ја разберат современата Кина од аспект на кинеската мудрост. Сите термини доаѓаат од проектот „Клучните концепти во кинеската мисла и култура“, серија во девет тома објавена двојазично (на македонски и англиски јазик) од „Македоника литера“ и од двотомното издание „Клучните концепти во традиционалната медицина“ составена од Ли Џаогуо, Ву Ќинг и Синг Јуруи, исто така неодамна публикувана од „Македоника литера“. Опфаќајќи ги филозофијата, историјата и животот, секој термин е претставен со неговото основно значење и конотација. Книгата е поделена во три дела: филозофска мудрост, историска мудрост и животна мудрост. Со стоте суштински термини се објаснети културата, традицијата, филозофијата на Кина и овозможува полесно да се разбере и културата на живеење на современа Кина. На крајот, книгата содржи и куса хронологија на кинеската историја.  

The post „Македоника литера“ ја објави книгата „Разбирање на Кина: 100 клучни термини“ appeared first on Република.

]]>
„Македоника литера“ го објави романот „Среќата на волкот“ од Паоло Коњети https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonika-litera-go-objavi-romanot-srekjata-na-volkot-od-paolo-konjeti/ Thu, 21 Jul 2022 11:25:06 +0000 https://republika.mk/?p=531796

„Македоника литера“ деновиве го објави романот „Среќата на волкот“ од современиот италијански писател Паоло Коњети, во превод од италијански јазик на Анета Симовска.

Авторот на романот „Осум планини“ (преведен на 40 јазици и продадени на еден милион примероци) во овој роман создава љубовна приказна чии деликатни дејства се надополнуваат со живописните пејзажи на италијанските Алпи. Групата главни ликови, кои постојано се бараат себеси, се како глутница волци кои бараат блаженство додека се наоѓаат на пресвртница во своите животи откако го напуштиле градот (Милано) и заминале во едно високо алпско село сместено во дивите и фасцинантни предели. Во „Среќата на волкот“ Коњети ги истражува човечките односи, нивните пукнатини, празнини и недостатоци преку постојан дијалог меѓу човекот и природата. Оваа проза е како медитација за планината и за љубовта.

Префрлувајќи го погледот од надежите и соништата на младоста кон противречностите на зрелоста, Коњети оформува извонредна група ликови кои постојано се бараат себеси: Фаусто, Силвија, Санторзо, Бабет кои се како глутница волци кои бараат блаженство додека се на пресвртница во своите животи која ќе ги натера да ги изберат своите патишта. Тие го напуштиле градот (Милано) и а да се пронајдат себеси заминале во едно високо алпско село сместено во дивите и фасцинантни предели. Во оваа прекрасна проза Паоло Коњети за своите јунаци го гради светот на малото планинско село Фонтана Фреда. „Среќата на волкот“ ги истражува човечките односи, нивните пукнатини, празнини и недостатоци преку постојан дијалог меѓу човекот и природата. Оваа проза е како медитација за планината и за љубовта.

Романот на италијански јазик е објавен во октомври 2021 година, но истовремено со подготовка за печатење на италијанското издание, правата за преведување веќе беа продадени во 16 земји, односно две недели од публикувањето – во 20 земји. Само неколку дена по италијанското издание романот веќе беше објавен во Франција, Германија, Холандија, Шпанија, вклучувајќи го и каталонското издание. Во некои земји е публикуван со насловот „Љубовници“. До ова, македонско, издание, правата за превод и публикување на романот беа продадени во 27 земји.  Овие податоци најдобро говорат за големиот интерес што го предизвикува овој автор по неговиот роман „Осум планини“, за кој ја доби европската награда „Стрега“ и доживеа светски успех.

По „Осум планини“ и „Никогаш на врвот“, „Среќата на волкот“ е трета книга на Паоло Коњети публикувана на македонски јазик – трите во издание на „Македоника литера“ и во превод на Анета Симовска.

Паоло Коњети (Милано, 1978) дебитирал со збирката раскази „Прирачник за успешни девојки“ по што следи збирката „Една мала работа што ќе експлодира“, за која ги добил наградите „Сетембрини“ и „Кјара“. Автор е и на „Њујорк е прозорец без завеси“, „Дивото момче“ (2013, преведен на 18 јазици), „Пливачот“, „Сите мои молитви гледаат кон запад“, „На лов во најдлабоките мочуришта“, „Софија секогаш се облекува во црно“ (селектирана за наградата „Стре­га“ и преведена на повеќе јазици), „Осум планини“ (ноември 2016, добитник е на неколку награди, меѓу кои и наградата „Стрега“ во 2017 година) и патописната проза „Никогаш на врвот“ (2018).

Врз основа на романот „Осум планини“ беше снимен игран филм, во режија на Феликс ван Гренинген (претходно номиниран за Оскар), со ѕвездена актерска екипа, снимен во Естул, пла­нин­ското село северно од Милано, каде што живее Паоло Коњети. Филмот беше прикажан во официјалната програма на Филмскиот фестивал во Кан, во 2022 година и доби една од наградите на жирито.

Паоло Коњети е познат и како голем приврзаник за планините, а таа опсесија доминира во неговото книжевно творештво и е причината што заминал да живее на италијанските Алпи.

 

The post „Македоника литера“ го објави романот „Среќата на волкот“ од Паоло Коњети appeared first on Република.

]]>

„Македоника литера“ деновиве го објави романот „Среќата на волкот“ од современиот италијански писател Паоло Коњети, во превод од италијански јазик на Анета Симовска. Авторот на романот „Осум планини“ (преведен на 40 јазици и продадени на еден милион примероци) во овој роман создава љубовна приказна чии деликатни дејства се надополнуваат со живописните пејзажи на италијанските Алпи. Групата главни ликови, кои постојано се бараат себеси, се како глутница волци кои бараат блаженство додека се наоѓаат на пресвртница во своите животи откако го напуштиле градот (Милано) и заминале во едно високо алпско село сместено во дивите и фасцинантни предели. Во „Среќата на волкот“ Коњети ги истражува човечките односи, нивните пукнатини, празнини и недостатоци преку постојан дијалог меѓу човекот и природата. Оваа проза е како медитација за планината и за љубовта. Префрлувајќи го погледот од надежите и соништата на младоста кон противречностите на зрелоста, Коњети оформува извонредна група ликови кои постојано се бараат себеси: Фаусто, Силвија, Санторзо, Бабет кои се како глутница волци кои бараат блаженство додека се на пресвртница во своите животи која ќе ги натера да ги изберат своите патишта. Тие го напуштиле градот (Милано) и а да се пронајдат себеси заминале во едно високо алпско село сместено во дивите и фасцинантни предели. Во оваа прекрасна проза Паоло Коњети за своите јунаци го гради светот на малото планинско село Фонтана Фреда. „Среќата на волкот“ ги истражува човечките односи, нивните пукнатини, празнини и недостатоци преку постојан дијалог меѓу човекот и природата. Оваа проза е како медитација за планината и за љубовта. Романот на италијански јазик е објавен во октомври 2021 година, но истовремено со подготовка за печатење на италијанското издание, правата за преведување веќе беа продадени во 16 земји, односно две недели од публикувањето – во 20 земји. Само неколку дена по италијанското издание романот веќе беше објавен во Франција, Германија, Холандија, Шпанија, вклучувајќи го и каталонското издание. Во некои земји е публикуван со насловот „Љубовници“. До ова, македонско, издание, правата за превод и публикување на романот беа продадени во 27 земји.  Овие податоци најдобро говорат за големиот интерес што го предизвикува овој автор по неговиот роман „Осум планини“, за кој ја доби европската награда „Стрега“ и доживеа светски успех. По „Осум планини“ и „Никогаш на врвот“, „Среќата на волкот“ е трета книга на Паоло Коњети публикувана на македонски јазик – трите во издание на „Македоника литера“ и во превод на Анета Симовска. Паоло Коњети (Милано, 1978) дебитирал со збирката раскази „Прирачник за успешни девојки“ по што следи збирката „Една мала работа што ќе експлодира“, за која ги добил наградите „Сетембрини“ и „Кјара“. Автор е и на „Њујорк е прозорец без завеси“, „Дивото момче“ (2013, преведен на 18 јазици), „Пливачот“, „Сите мои молитви гледаат кон запад“, „На лов во најдлабоките мочуришта“, „Софија секогаш се облекува во црно“ (селектирана за наградата „Стре­га“ и преведена на повеќе јазици), „Осум планини“ (ноември 2016, добитник е на неколку награди, меѓу кои и наградата „Стрега“ во 2017 година) и патописната проза „Никогаш на врвот“ (2018). Врз основа на романот „Осум планини“ беше снимен игран филм, во режија на Феликс ван Гренинген (претходно номиниран за Оскар), со ѕвездена актерска екипа, снимен во Естул, пла­нин­ското село северно од Милано, каде што живее Паоло Коњети. Филмот беше прикажан во официјалната програма на Филмскиот фестивал во Кан, во 2022 година и доби една од наградите на жирито. Паоло Коњети е познат и како голем приврзаник за планините, а таа опсесија доминира во неговото книжевно творештво и е причината што заминал да живее на италијанските Алпи.  

The post „Македоника литера“ го објави романот „Среќата на волкот“ од Паоло Коњети appeared first on Република.

]]>
„Македоника литера“ го објави романот „Дона Алба“ од еден до најголемите романски писатели на ХХ век – Џиб Михаеску https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonika-litera-go-objavi-romanot-dona-alba-od-eden-do-najgolemite-romanski-pisateli-na-hh-vek-dzib-mihaesku/ Fri, 20 May 2022 08:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=504700

„Македоника литера“ деновиве го објави романот „Дона Алба“ од еден до најголемите романски писатели на ХХ век – Џиб Михаеску, во превод од романски јазик на Ирина Кроткова.

Книжевната критика има укажано на очигледни сличности меѓу „Дона Алба“ и „Црвено и црно“ на Стендал, „Бел ами“ на Мопасан и целото творештво на Достоевски. Главните ликови во ова дело што не избледува се фатална жена и вљубен млад човек, подготвен на сè заради неа. Но, тоа е модерен урбан роман, извонреден по својата мистична атмосфера на Букурешт во тоа време.

Во споредба со Достоевски и Мопасан, романскиот писател Џиб Михаеску успеал да ги прекрши влијанијата на руските и на француските класици низ призмата на животот во Букурешт меѓу двете светски војни во дваесеттиот век. Тој вешто го води читателот низ улиците на магнетниот свет на декадентната и мистериозна романска престолнина за да ги открие неговите тајни и да раскаже модерна приказна за принцовите и просјаците. Ова е модерна урбана сторија за жените, парите и кариерите, сместена меѓу двете светски војни. Се смета за голем љубовен роман во романската литература меѓу двете светски војни, но тој е повеќе од љубовен роман.

Блескаво убавата принцеза Алба Ипсилант го привлекува вниманието на минувачите на декадентниот Букурешт. Животот на еден од нив ќе се промени засекогаш. Решен да се искачи високо во редовите на општеството, но и да ја открие романтиката на своето време, младиот Михаи Аспру е подготвен да биде како витезите од старите времиња и да прави големи дела во името на својата принцеза. Но, што значи тоа во светот на новите буржоаски односи во кои змејот што дише со оган го има обликот на мажот на принцезата? Одговорот на ова прашање не е ниту лесен ниту предвидлив...

Џиб Михаеску (роден во 1894 година во Драгашани, Романија), чие вистинско име е Георге Михаеску, е еден од најзначајните романски писатели во првата половина на ХХ век. „Дона Алба“ е неговиот  последен и најзначаен роман и првпат е објавен во истата година кога умрел авторот (1935, на 41-годишна возраст). Учествувал во Првата светска војна, бил адвокат во Кишињев и во родниот град.

Џиб Михаеску напишал пет романи: „Раката на Андромеда“ (1930), „Русинката“ (1933), „Чоколадна жена“ (1933), „Деновите и ноќите на задоцнетиот студент“ (1934) и „Дона Алба“ (1935). Автор е на три книги со раскази: „Грандифлора“ (1928 – неговата прва книга), „Ведениа“ (1929) и „Сонот“ (1935), како и на збирката драми „Павилјонот во сенка“ (1928).

„Дона Алба“ е првото дело на Џиб Михаеску преведено на македонски јазик.

 

The post „Македоника литера“ го објави романот „Дона Алба“ од еден до најголемите романски писатели на ХХ век – Џиб Михаеску appeared first on Република.

]]>

„Македоника литера“ деновиве го објави романот „Дона Алба“ од еден до најголемите романски писатели на ХХ век – Џиб Михаеску, во превод од романски јазик на Ирина Кроткова. Книжевната критика има укажано на очигледни сличности меѓу „Дона Алба“ и „Црвено и црно“ на Стендал, „Бел ами“ на Мопасан и целото творештво на Достоевски. Главните ликови во ова дело што не избледува се фатална жена и вљубен млад човек, подготвен на сè заради неа. Но, тоа е модерен урбан роман, извонреден по својата мистична атмосфера на Букурешт во тоа време. Во споредба со Достоевски и Мопасан, романскиот писател Џиб Михаеску успеал да ги прекрши влијанијата на руските и на француските класици низ призмата на животот во Букурешт меѓу двете светски војни во дваесеттиот век. Тој вешто го води читателот низ улиците на магнетниот свет на декадентната и мистериозна романска престолнина за да ги открие неговите тајни и да раскаже модерна приказна за принцовите и просјаците. Ова е модерна урбана сторија за жените, парите и кариерите, сместена меѓу двете светски војни. Се смета за голем љубовен роман во романската литература меѓу двете светски војни, но тој е повеќе од љубовен роман. Блескаво убавата принцеза Алба Ипсилант го привлекува вниманието на минувачите на декадентниот Букурешт. Животот на еден од нив ќе се промени засекогаш. Решен да се искачи високо во редовите на општеството, но и да ја открие романтиката на своето време, младиот Михаи Аспру е подготвен да биде како витезите од старите времиња и да прави големи дела во името на својата принцеза. Но, што значи тоа во светот на новите буржоаски односи во кои змејот што дише со оган го има обликот на мажот на принцезата? Одговорот на ова прашање не е ниту лесен ниту предвидлив... Џиб Михаеску (роден во 1894 година во Драгашани, Романија), чие вистинско име е Георге Михаеску, е еден од најзначајните романски писатели во првата половина на ХХ век. „Дона Алба“ е неговиот  последен и најзначаен роман и првпат е објавен во истата година кога умрел авторот (1935, на 41-годишна возраст). Учествувал во Првата светска војна, бил адвокат во Кишињев и во родниот град. Џиб Михаеску напишал пет романи: „Раката на Андромеда“ (1930), „Русинката“ (1933), „Чоколадна жена“ (1933), „Деновите и ноќите на задоцнетиот студент“ (1934) и „Дона Алба“ (1935). Автор е на три книги со раскази: „Грандифлора“ (1928 – неговата прва книга), „Ведениа“ (1929) и „Сонот“ (1935), како и на збирката драми „Павилјонот во сенка“ (1928). „Дона Алба“ е првото дело на Џиб Михаеску преведено на македонски јазик.  

The post „Македоника литера“ го објави романот „Дона Алба“ од еден до најголемите романски писатели на ХХ век – Џиб Михаеску appeared first on Република.

]]>
„Македоника литера“ ја објави книгата „На север од егејскиот свет“ од Драги Митревски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonika-litera-ja-objavi-knigata-na-sever-od-egejskiot-svet-od-dragi-mitrevski/ Tue, 11 Jan 2022 09:35:01 +0000 https://republika.mk/?p=442993

„Македоника литера“ неодамна ја објави книгата „На север од егејскиот свет“ од Драги Митревски.

Книгата претставува сублимат на досегашните научни сознанија од истражувањата на авторот за бронзеното и железното време на територијата непосредно на север од Егејското Море, од јадранскиот брег во Албанија до Црното Море во Бугарија. Таа е една целосно заокружена слика за културниот развиток на заедниците од таа територија, до нивното организирање во првите антички држави.
Книгата е базирана на севкупните досегашни археолошки откритија од териториите на денешните модерни држави на тој простор, обединувајќи ги на едно место во цврсто документирана научна целина, која преставува драгоцен прилог за балканската археологија и културна историја. Таа е плод на тридецениското проучување и документирање на сите архео¬лош¬ки податоци што произлегуваат од теренските истражувања на локалитетите од бронзеното и железното време на територијата на целата т.н. среднобалканска зона.

Белезите на материјалната и духовна култура на заедниците на север од егејскиот свет, според археолошките наоди, во многу сегменти се блиски меѓу себе, но и во речиси ист однос, како кон истовремените појави на југ во егејскиот басен, така и кон културите на север, во карпатско-подунавскиот басен. Оттаму се поставува прашањето дали тој регион да се посматра како северна периферија на т.н. егејски свет, како јужна периферија на карпатско-подунавскиот свет или како засебна етно-културна структура. За одговор на ова прашање неопходно е да се сумираат сите податоци што произлегуваат од археолошките истражувања во последните 100 години, од денешните територии на Јужна Албанија, Македонија, Северна Грција и Јужна Бугарија, пишува Митревски во предговорот.

Книгата е илустрирана со стотина фотографии.
Д-р Драги Митревски е редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје – Институт за археологија. Ги предава предметите Праисториска археологија, Протоисториска археологија и Методологија на археолошките истражувања. Автор е на десет книги – монографии и 80 трудови публикувани во различни домашни и странски стручни списанија. Реализирал триесетина археолошки проекти меѓу кои најзначајни се повеќегодишните истражувања на локалитети: Вардарски Рид – Гевгелија, Скопско кале, Уланци – Градско и Билазора – Свети Николе. Корисник е на странски стипендии како Фулбрајтова стипендија за постдокторска работа на Бостонскиот универзитет, САД и германска стипендија за истражувања во Ромиш – Германскиот централен музеј во Мајнц. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и највисоката државна награда за дострели во науката и образованието „Св. Климент Охридски“, како и промоцијата во почесен член на Бугарската академија на науките. Тој е еден од најавторитетните археолози на Балканот за периодот на бронзеното и железното време. Тој лично учествувал во најголем број од истражувањата во последните 35 години во споменатиот регион од Балканот, било како непосреден раководител, како стручен консултант или како гостин во стручната екипа, особено на локалитетите во Република Македонија. Сето тоа му овозможува научна и стручна компетенција за овој проект, со кој се заокружува доволно документирана слика за културниот развиток на наведената територија во споменатиот период.

The post „Македоника литера“ ја објави книгата „На север од егејскиот свет“ од Драги Митревски appeared first on Република.

]]>

„Македоника литера“ неодамна ја објави книгата „На север од егејскиот свет“ од Драги Митревски. Книгата претставува сублимат на досегашните научни сознанија од истражувањата на авторот за бронзеното и железното време на територијата непосредно на север од Егејското Море, од јадранскиот брег во Албанија до Црното Море во Бугарија. Таа е една целосно заокружена слика за културниот развиток на заедниците од таа територија, до нивното организирање во првите антички држави. Книгата е базирана на севкупните досегашни археолошки откритија од териториите на денешните модерни држави на тој простор, обединувајќи ги на едно место во цврсто документирана научна целина, која преставува драгоцен прилог за балканската археологија и културна историја. Таа е плод на тридецениското проучување и документирање на сите архео¬лош¬ки податоци што произлегуваат од теренските истражувања на локалитетите од бронзеното и железното време на територијата на целата т.н. среднобалканска зона.
Белезите на материјалната и духовна култура на заедниците на север од егејскиот свет, според археолошките наоди, во многу сегменти се блиски меѓу себе, но и во речиси ист однос, како кон истовремените појави на југ во егејскиот басен, така и кон културите на север, во карпатско-подунавскиот басен. Оттаму се поставува прашањето дали тој регион да се посматра како северна периферија на т.н. егејски свет, како јужна периферија на карпатско-подунавскиот свет или како засебна етно-културна структура. За одговор на ова прашање неопходно е да се сумираат сите податоци што произлегуваат од археолошките истражувања во последните 100 години, од денешните територии на Јужна Албанија, Македонија, Северна Грција и Јужна Бугарија, пишува Митревски во предговорот.
Книгата е илустрирана со стотина фотографии. Д-р Драги Митревски е редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје – Институт за археологија. Ги предава предметите Праисториска археологија, Протоисториска археологија и Методологија на археолошките истражувања. Автор е на десет книги – монографии и 80 трудови публикувани во различни домашни и странски стручни списанија. Реализирал триесетина археолошки проекти меѓу кои најзначајни се повеќегодишните истражувања на локалитети: Вардарски Рид – Гевгелија, Скопско кале, Уланци – Градско и Билазора – Свети Николе. Корисник е на странски стипендии како Фулбрајтова стипендија за постдокторска работа на Бостонскиот универзитет, САД и германска стипендија за истражувања во Ромиш – Германскиот централен музеј во Мајнц. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и највисоката државна награда за дострели во науката и образованието „Св. Климент Охридски“, како и промоцијата во почесен член на Бугарската академија на науките. Тој е еден од најавторитетните археолози на Балканот за периодот на бронзеното и железното време. Тој лично учествувал во најголем број од истражувањата во последните 35 години во споменатиот регион од Балканот, било како непосреден раководител, како стручен консултант или како гостин во стручната екипа, особено на локалитетите во Република Македонија. Сето тоа му овозможува научна и стручна компетенција за овој проект, со кој се заокружува доволно документирана слика за културниот развиток на наведената територија во споменатиот период.

The post „Македоника литера“ ја објави книгата „На север од егејскиот свет“ од Драги Митревски appeared first on Република.

]]>