македонија - словачка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-slovachka/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Sep 2022 10:52:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонија - словачка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-slovachka/ 32 32 Пендаровски: Очекуваме принципиелна поддршка како словачката и од другите членки на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ochekuvame-principielna-poddrshka-kako-slovachkata-i-od-drugite-chlenki-na-eu/ Wed, 07 Sep 2022 10:52:10 +0000 https://republika.mk/?p=548269

Претседателот Стерво Пендаровски денеска, по тет-а-тет средбата со претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, порача дека земјава за евроинтегративниот процес очекува принципиелна поддршка како словачката и од другите членки на ЕУ.

Пендаровски на заедничката прес-конференција по средбата се заблагодари за „постојаната и исклучително гласна“ поддршка на Словачка, нарекувајќи ја вистински пријател.

Посетата на Чапутова, оцени шефот на државата, го потврдува позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, дотолку повеќе што се реализира кога нашиот пристапен процес кон ЕУ е веќе почнат.

Кога беше најтешко, Словачка, како вистински пријател, без калкукалции, не поддржуваше во сите ситуации. Искрено, се надеваме на сличен пристап во иднина од сите земји членки на ЕУ, следејќи го принципиелниот однос на Словачка како една од движечки сили на Вишеградската група, потенцира Пендаровски.

Според него, Македонија чекаше 17 години со статус на кандидат за да почне преговори и тоа е, за жал, како што рече, еден од ретките негативни преседани во процесот на европските интеграции.

ЕУ долги години со право се фали со тој процес, дека е веројатно најдобрата надворешна политика на целата Унија, но во тој дел, не само кон нас, туку и кон цел Западен Балкан не покажа високи или исклучителни резултати. Добро е што конечно, по серија направени компромиси од нашата страна и постоење неспорна политичка волја од страна на Брисел почнавме преговори. Сакам посебно да се заблагодарам на Словачката република која ни даваше поддршка во сите овие години додека чекавме да ги почнеме заслужените преговори. Поддршката беше на принципиелна основа, немаше политизирање на ниту едно прашање било да се работи за некој сегашен проблем или за некакво толкување на историјата. Словачка беше еден од нашите најдобри адвокати додека чекавме да ги разрешиме преостанатите пречки и да ги почнеме преговорите, а овој месец ќе почне и скринингот, напомена Пендаровски, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој информира дека со Чапутова размениле мислења и за зајакнување на регионалната соработка, како и за успешниот модел на Вишеградската група чие искуство, како што рече, може да биде корисен пример и за земјите од Западен Балкан.

Разговаравме и за безбедноста на континетот, за војната во Украина и последиците од кризата. Посебен фокус беше ставен на интензивирањето на економската соработка која го нема постигнато својот реален потенцијал, иако трговската размена бележи константен раст во последните пет-шест години. Изразив очекување дека ќе видиме поголеми инвестиции на словачките компании кај нас, особено сега, откако ги почнавме преговорите со ЕУ, потенцира Пендаровски.

Претседателот изрази и уверување дека во следниот период односите меѓу двете змеји ќе бидат кренати на уште повисоко ниво за што придонес ќе има и нашата амбасада во Братислава.

Во текот на овој месец очекувам нашиот ополномоштен амбасадор да ја преземе должноста во главниот град на Словачката Република, истакна Пендаровски.

The post Пендаровски: Очекуваме принципиелна поддршка како словачката и од другите членки на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стерво Пендаровски денеска, по тет-а-тет средбата со претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, порача дека земјава за евроинтегративниот процес очекува принципиелна поддршка како словачката и од другите членки на ЕУ. Пендаровски на заедничката прес-конференција по средбата се заблагодари за „постојаната и исклучително гласна“ поддршка на Словачка, нарекувајќи ја вистински пријател. Посетата на Чапутова, оцени шефот на државата, го потврдува позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, дотолку повеќе што се реализира кога нашиот пристапен процес кон ЕУ е веќе почнат.
Кога беше најтешко, Словачка, како вистински пријател, без калкукалции, не поддржуваше во сите ситуации. Искрено, се надеваме на сличен пристап во иднина од сите земји членки на ЕУ, следејќи го принципиелниот однос на Словачка како една од движечки сили на Вишеградската група, потенцира Пендаровски.
Според него, Македонија чекаше 17 години со статус на кандидат за да почне преговори и тоа е, за жал, како што рече, еден од ретките негативни преседани во процесот на европските интеграции.
ЕУ долги години со право се фали со тој процес, дека е веројатно најдобрата надворешна политика на целата Унија, но во тој дел, не само кон нас, туку и кон цел Западен Балкан не покажа високи или исклучителни резултати. Добро е што конечно, по серија направени компромиси од нашата страна и постоење неспорна политичка волја од страна на Брисел почнавме преговори. Сакам посебно да се заблагодарам на Словачката република која ни даваше поддршка во сите овие години додека чекавме да ги почнеме заслужените преговори. Поддршката беше на принципиелна основа, немаше политизирање на ниту едно прашање било да се работи за некој сегашен проблем или за некакво толкување на историјата. Словачка беше еден од нашите најдобри адвокати додека чекавме да ги разрешиме преостанатите пречки и да ги почнеме преговорите, а овој месец ќе почне и скринингот, напомена Пендаровски, одговорајќи на новинарско прашање.
Тој информира дека со Чапутова размениле мислења и за зајакнување на регионалната соработка, како и за успешниот модел на Вишеградската група чие искуство, како што рече, може да биде корисен пример и за земјите од Западен Балкан.
Разговаравме и за безбедноста на континетот, за војната во Украина и последиците од кризата. Посебен фокус беше ставен на интензивирањето на економската соработка која го нема постигнато својот реален потенцијал, иако трговската размена бележи константен раст во последните пет-шест години. Изразив очекување дека ќе видиме поголеми инвестиции на словачките компании кај нас, особено сега, откако ги почнавме преговорите со ЕУ, потенцира Пендаровски.
Претседателот изрази и уверување дека во следниот период односите меѓу двете змеји ќе бидат кренати на уште повисоко ниво за што придонес ќе има и нашата амбасада во Братислава.
Во текот на овој месец очекувам нашиот ополномоштен амбасадор да ја преземе должноста во главниот град на Словачката Република, истакна Пендаровски.

The post Пендаровски: Очекуваме принципиелна поддршка како словачката и од другите членки на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Чапутова: Oчекувам дека многу скоро ќе бидеме заедно и во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chaputova-ochekuvam-deka-mnogu-skoro-kje-bideme-zaedno-i-vo-eu/ Wed, 07 Sep 2022 10:17:57 +0000 https://republika.mk/?p=548248

Ги поздравувам сите чекори на вашата земја за приближување кон ЕУ. Словачка, која помина низ тој процес, ќе продолжи со континуираната, несмалена поддршка. Потребни се големи напори и политичка храброст. Подобрувањето во јавните институции и услугите за граѓаните е нешто што секогаш е важно и треба да се унапредува, порача претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова по денешната средба со нејзиниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски.

На заедничката прес-конференција со Пендаровски, Чапутова истакна дека во овој момент енергетската криза е најголемиот проблем поради што треба да се наоѓаат најдобрите и најефикасни решенија за негово надминување. Притоа, напомена дека Словачка нема да остпаи од амбициите за „зелена транзиција“.

Чапутова и Пендаровски, како што соопштија, разговарале за интензивирање на економската соработка, како и за унапредување на билатералните односи во повеќе области, меѓу кои и науката и културата.

Пред неколку месеци, за среќа, преговорите беа почнати, а очекувам дека многу скоро ќе бидеме заедно и во ЕУ. Словачка постојано ги поддржува вашите напори за пристапување и подготвени сме да ги споделиме сите наши искуства во тој дел. Ние го минавме тој пат, но подобрувањето во јавните институции, услугите за граѓаните е нешто што секогаш е важно и треба да се унапредува. Многу работи не врзуваат, имаме одлични билатерални односи и заедничка историја, рече Чапутова.

Таа посебно ја поздрави позицијата на Македонија во однос на руско-украинскиот конфликт.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за „постојаната и гласна“ поддршката на Словачка, нарекувајќи ја вистински пријател. Оваа посета, истакна шефот на државата, го потврдува позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, дотолку повеќе што се реализира кога нашиот пристапен процес кон ЕУ е веќе почнат.

Кога беше најтешко, Словачка, како вистински пријател, без калкукалции, нè поддржуваше во сите ситуации. искрено, се надеваме на сличен пристап во иднина од сите земји членки на ЕУ, следејќи го принципиелниот однос на Словачка како еден од движечки сили на Вишеградската група, потенцира Пендаровски.

Чапутова и претседателот Пендаровски по заедничката прес-конференција ќе заминат во црквата „Св. Спас“ и ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.

За словачката претседателка напладне ќе биде организиран пречек на платото пред Владата каде ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, неговите заменици и други владини претставници. Чапутова и Ковачевски потоа ќе имаат билатерална средба.

Претседателката на Словачка која престојува во дводневна официјална посета на земјава, утрово беше пречекана со највисоки државни и воени почести, по што следуваше тет-а-тет средбата со домаќинот, претседателот Пендаровски, а се одржа и пленарен состанок на делегациите од двете земји.

The post Чапутова: Oчекувам дека многу скоро ќе бидеме заедно и во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Ги поздравувам сите чекори на вашата земја за приближување кон ЕУ. Словачка, која помина низ тој процес, ќе продолжи со континуираната, несмалена поддршка. Потребни се големи напори и политичка храброст. Подобрувањето во јавните институции и услугите за граѓаните е нешто што секогаш е важно и треба да се унапредува, порача претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова по денешната средба со нејзиниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски. На заедничката прес-конференција со Пендаровски, Чапутова истакна дека во овој момент енергетската криза е најголемиот проблем поради што треба да се наоѓаат најдобрите и најефикасни решенија за негово надминување. Притоа, напомена дека Словачка нема да остпаи од амбициите за „зелена транзиција“. Чапутова и Пендаровски, како што соопштија, разговарале за интензивирање на економската соработка, како и за унапредување на билатералните односи во повеќе области, меѓу кои и науката и културата.
Пред неколку месеци, за среќа, преговорите беа почнати, а очекувам дека многу скоро ќе бидеме заедно и во ЕУ. Словачка постојано ги поддржува вашите напори за пристапување и подготвени сме да ги споделиме сите наши искуства во тој дел. Ние го минавме тој пат, но подобрувањето во јавните институции, услугите за граѓаните е нешто што секогаш е важно и треба да се унапредува. Многу работи не врзуваат, имаме одлични билатерални односи и заедничка историја, рече Чапутова.
Таа посебно ја поздрави позицијата на Македонија во однос на руско-украинскиот конфликт. Претседателот Пендаровски се заблагодари за „постојаната и гласна“ поддршката на Словачка, нарекувајќи ја вистински пријател. Оваа посета, истакна шефот на државата, го потврдува позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, дотолку повеќе што се реализира кога нашиот пристапен процес кон ЕУ е веќе почнат.
Кога беше најтешко, Словачка, како вистински пријател, без калкукалции, нè поддржуваше во сите ситуации. искрено, се надеваме на сличен пристап во иднина од сите земји членки на ЕУ, следејќи го принципиелниот однос на Словачка како еден од движечки сили на Вишеградската група, потенцира Пендаровски.
Чапутова и претседателот Пендаровски по заедничката прес-конференција ќе заминат во црквата „Св. Спас“ и ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“. За словачката претседателка напладне ќе биде организиран пречек на платото пред Владата каде ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, неговите заменици и други владини претставници. Чапутова и Ковачевски потоа ќе имаат билатерална средба. Претседателката на Словачка која престојува во дводневна официјална посета на земјава, утрово беше пречекана со највисоки државни и воени почести, по што следуваше тет-а-тет средбата со домаќинот, претседателот Пендаровски, а се одржа и пленарен состанок на делегациите од двете земји.

The post Чапутова: Oчекувам дека многу скоро ќе бидеме заедно и во ЕУ appeared first on Република.

]]>