македонија - шведска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-shvedska/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Aug 2024 11:59:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонија - шведска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-shvedska/ 32 32 Мисајловски со шведската амбасадорка разговараше за интензивирање на заедничката билатерална одбранбена соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-so-shvedskata-ambasadorka-razgovarashe-za-intenzivirane-na-zaednichkata-bilateralna-odbranbena-sorabotka/ Wed, 21 Aug 2024 11:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=808659

Денеска во Министерството за одбрана министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Н.Е. Ами Ларсон Џејн на која се разговараше за идните иницијативи кои ќе придонесат за унапредување и интензивирање на билатерална соработка меѓу двете земји.

Како што соопштуваат од МО, на средбата министерот изрази благодарност до Кралството Шведска за континуираната поддршка во процесот на интеграција на нашата држава во ЕУ и за поддршката при справување со пожарите.

The post Мисајловски со шведската амбасадорка разговараше за интензивирање на заедничката билатерална одбранбена соработка appeared first on Република.

]]>

Денеска во Министерството за одбрана министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Н.Е. Ами Ларсон Џејн на која се разговараше за идните иницијативи кои ќе придонесат за унапредување и интензивирање на билатерална соработка меѓу двете земји. Како што соопштуваат од МО, на средбата министерот изрази благодарност до Кралството Шведска за континуираната поддршка во процесот на интеграција на нашата држава во ЕУ и за поддршката при справување со пожарите.

The post Мисајловски со шведската амбасадорка разговараше за интензивирање на заедничката билатерална одбранбена соработка appeared first on Република.

]]>
Претседателот Пендаровски со Џесика Росвал, министерка за европски прашања на Кралството Шведска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-pendarovski-so-dhesika-rosval-ministerka-za-evropski-prashana-na-kralstvoto-shvedska/ Tue, 02 May 2023 15:16:41 +0000 https://republika.mk/?p=636135

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Џесика Росвал, министерка за европски прашања на Кралството Шведска, која престојува во посета на Република Македонија.

На средбата беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу двете држави кои негуваат пријателство и заемно разбирање, за европските аспирации на Македонија, како и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за доследната политичка и финансиска поддршка од Кралството Шведска за македонските евроинтеграции, истакнувајќи дека пристапните преговори на Македонија со Европската Унија се од клучно значење за забрзување на реформската агенда во земјава и позитивно ќе се одрази врз стабилноста и просперитетот на регионот. Претседателот Пендаровски изрази очекување за продолжување на поддршката и посветеноста на Шведска кон регионот и за време на актуелното шведско претседателство со Советот на Европската Унија.

Претседателот Пендаровски ја реафирмираше поддршката од Македонија за скорешно членство на Шведска во НАТО, што ќе придонесе за севкупната стабилност на европскиот континент.

The post Претседателот Пендаровски со Џесика Росвал, министерка за европски прашања на Кралството Шведска appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Џесика Росвал, министерка за европски прашања на Кралството Шведска, која престојува во посета на Република Македонија.

На средбата беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу двете држави кои негуваат пријателство и заемно разбирање, за европските аспирации на Македонија, како и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за доследната политичка и финансиска поддршка од Кралството Шведска за македонските евроинтеграции, истакнувајќи дека пристапните преговори на Македонија со Европската Унија се од клучно значење за забрзување на реформската агенда во земјава и позитивно ќе се одрази врз стабилноста и просперитетот на регионот. Претседателот Пендаровски изрази очекување за продолжување на поддршката и посветеноста на Шведска кон регионот и за време на актуелното шведско претседателство со Советот на Европската Унија.

Претседателот Пендаровски ја реафирмираше поддршката од Македонија за скорешно членство на Шведска во НАТО, што ќе придонесе за севкупната стабилност на европскиот континент.

The post Претседателот Пендаровски со Џесика Росвал, министерка за европски прашања на Кралството Шведска appeared first on Република.

]]>
Шведска многу ја поддржува интрграцијата на Западен Балкан во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/shvedska-mnogu-ja-poddrzhuva-intrgratsijata-na-zapaden-balkan-vo-eu/ Sun, 05 Feb 2023 14:44:04 +0000 https://republika.mk/?p=605013

Амбасадорката на Шведска во Тирана, Елса Хастад, изјави дека проширувањето на Европската унија е еден од приоритетите на шведското претседателство, додавајќи дека процесот на интеграција бара многу посветеност и ќе трае долго.

Таа во телевизиско интервју го потенцираше продолжувањето на спроведувањето на реформата во правосудниот систем во Албанија, како и изборите на 14 мај.

-За нас почетокот на преговорите е многу важен момент и важен камен-темелник во процесот кој ќе трае долго. За Шведска тоа траеше долго време. Значи, знаеме дека е потребно многу работа и многу, многу години. Но, сега кога Албанија ги отвори преговорите, ќе започне вистинската работа. Шведска ја подготвува Албанија 20 години за овој процес и вашиот успех е наш успех, бидејќи чекавме да се случи тоа, изајвила амбасадорката, јави државната агенција, АТА.

Амбасадорката нагласила дека „Шведска 20 години и помага на Албанија, бидејќи наш приоритет е проширувањето“.

-Го поддржавме целиот Западен Балкан. Ставивме на располагање 500 милиони евра за период од седум години само како подготовка за членство во ЕУ. Шведска ќе ја заврши напорната работа заедно со вас. Работиме со агенции и влади за животната средина. Ја подготвивме Албанија за отворањето на поглавјето 27, кое се однесува на животната средина и климатските промени. Ние придонесуваме со нашите експерти. Работиме многу на регионално ниво со медиумите, истражувачкото новинарство, слободата на изразување, што е многу важно да се стане членка на ЕУ. Го поддржуваме и граѓанското општество кое е многу важен дел.

Значи нашата поддршка е политичка, што Шведска ќе го направи за време на своето претседателство, но и со финансирање проекти преку конкретна поддршка, посочила таа.

Откако високо го оценила фактот дека Албанија е меѓу првите земји кои го поддржаа членството на Шведска во НАТО, Хастад рекла дека „среќни сме што ќе и помогнеме на Албанија да стане членка на Европската унија, бидејќи во наш интерес е да ви помогнеме“.

Фокусирајќи се на напредокот на реформите во албанското правосудство, Хастад вели дека „многу работи се направени во реформите во правосудството“.

-Тоа е многу амбициозна реформа. Процесот на проверка, новите агенции, формирањето на СПАК се завршени. Но, мислам дека во очите на јавноста, обичните Албанци, перцепцијата е дека не се случило многу. Мислам дека е многу важно обичните граѓани да имаат пристап до правосудниот систем. Мислам дека не е доволно да се прават реформи кои се многу важни, туку мора да се создаде доверба кај граѓаните. Ја поддржавме реформата во правосудството! Има работа, но мора да се каже дека е многу направено, додаде таа.

Задржувајќи се на локалните избори, што ќе се одржат на 14 мај, амбасадорката оценува дека „изборите се во срцето на демократијата и сите сега ја набљудуваат Албанија“.

-Европа набљудува, Шведска набљудува, бидејќи вашиот напредок е наш напредок. Изборите се исклучително важни. Мојата порака е: Гласајте! Не продавајте го гласот, не купувајте го гласот, не трошете го! Користете го! Локалните избори се многу важни, бидејќи важните одлуки се носат на локално ниво. Во демократијата, потребна ви е активна опозиција, партија во владата, да работиме заедно, за работите да се сменат. Едвај ги чекам овие избори и посветеноста на младите, изјавила шведската амбасадорка во Тирана, Елса Хастад

The post Шведска многу ја поддржува интрграцијата на Западен Балкан во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Амбасадорката на Шведска во Тирана, Елса Хастад, изјави дека проширувањето на Европската унија е еден од приоритетите на шведското претседателство, додавајќи дека процесот на интеграција бара многу посветеност и ќе трае долго. Таа во телевизиско интервју го потенцираше продолжувањето на спроведувањето на реформата во правосудниот систем во Албанија, како и изборите на 14 мај. -За нас почетокот на преговорите е многу важен момент и важен камен-темелник во процесот кој ќе трае долго. За Шведска тоа траеше долго време. Значи, знаеме дека е потребно многу работа и многу, многу години. Но, сега кога Албанија ги отвори преговорите, ќе започне вистинската работа. Шведска ја подготвува Албанија 20 години за овој процес и вашиот успех е наш успех, бидејќи чекавме да се случи тоа, изајвила амбасадорката, јави државната агенција, АТА. Амбасадорката нагласила дека „Шведска 20 години и помага на Албанија, бидејќи наш приоритет е проширувањето“. -Го поддржавме целиот Западен Балкан. Ставивме на располагање 500 милиони евра за период од седум години само како подготовка за членство во ЕУ. Шведска ќе ја заврши напорната работа заедно со вас. Работиме со агенции и влади за животната средина. Ја подготвивме Албанија за отворањето на поглавјето 27, кое се однесува на животната средина и климатските промени. Ние придонесуваме со нашите експерти. Работиме многу на регионално ниво со медиумите, истражувачкото новинарство, слободата на изразување, што е многу важно да се стане членка на ЕУ. Го поддржуваме и граѓанското општество кое е многу важен дел. Значи нашата поддршка е политичка, што Шведска ќе го направи за време на своето претседателство, но и со финансирање проекти преку конкретна поддршка, посочила таа. Откако високо го оценила фактот дека Албанија е меѓу првите земји кои го поддржаа членството на Шведска во НАТО, Хастад рекла дека „среќни сме што ќе и помогнеме на Албанија да стане членка на Европската унија, бидејќи во наш интерес е да ви помогнеме“. Фокусирајќи се на напредокот на реформите во албанското правосудство, Хастад вели дека „многу работи се направени во реформите во правосудството“.
-Тоа е многу амбициозна реформа. Процесот на проверка, новите агенции, формирањето на СПАК се завршени. Но, мислам дека во очите на јавноста, обичните Албанци, перцепцијата е дека не се случило многу. Мислам дека е многу важно обичните граѓани да имаат пристап до правосудниот систем. Мислам дека не е доволно да се прават реформи кои се многу важни, туку мора да се создаде доверба кај граѓаните. Ја поддржавме реформата во правосудството! Има работа, но мора да се каже дека е многу направено, додаде таа.
Задржувајќи се на локалните избори, што ќе се одржат на 14 мај, амбасадорката оценува дека „изборите се во срцето на демократијата и сите сега ја набљудуваат Албанија“. -Европа набљудува, Шведска набљудува, бидејќи вашиот напредок е наш напредок. Изборите се исклучително важни. Мојата порака е: Гласајте! Не продавајте го гласот, не купувајте го гласот, не трошете го! Користете го! Локалните избори се многу важни, бидејќи важните одлуки се носат на локално ниво. Во демократијата, потребна ви е активна опозиција, партија во владата, да работиме заедно, за работите да се сменат. Едвај ги чекам овие избори и посветеноста на младите, изјавила шведската амбасадорка во Тирана, Елса Хастад

The post Шведска многу ја поддржува интрграцијата на Западен Балкан во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Шведска донираше опрема за мерење на загадувањето на воздухот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shvedska-donirashe-oprema-za-merenje-na-zagaduvanjeto-na-vozduhot/ Thu, 03 Mar 2022 16:49:50 +0000 https://republika.mk/?p=467240

Министерството за животна средина доби донација од Шведска во опрема за мерење на квалитетот на воздухот, вредна повеќе од 300.000 евра. Преку соработката на Шведската агенција за заштита на животната средина и Министерството во проектот „Поддршка на Македонија во пристапувањето во ЕУ на полето на животната средина“, обезбедена е високопрецизна лабораториска опрема за мерење на квалитетот на воздухот.

Со тоа, како што велат од министерството, се подобрија капацитетите за мерење на осумте мерни станици распоредени низ земјата, каде што беа заменети 14 застарени мерни инструменти за РМ10, азотни оксиди и озон и беа инсталирани осум нови за следење на концентрацијата на РМ2.5. Овие параметри претставуваат стандарден сет на загадувачки супстанции што се следат и што имаат големо влијание врз човековото здравје.

Министерот Насер Нуредини, заедно со амбасадорката на Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон и претставниците на  Шведската агенција за заштита на животната средина денеска ја посетија мерната станица „Ректорат“, како една од осумте мерни станици во кои е заменета старата опрема за мерење на квалитет на амбиентниот воздух.

„Замената на старите мерни инструменти и поставувањето нови во мониторинг-станиците во рамките на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух беше голем предизвик, особено затоа што тоа значи подобрување на системот, кој е единствениот официјален извор на податоци за квалитетот на воздухот на национално ниво“, изјави министерот за животна средина, Насер Нуредини.

Амбасадорката на Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон, истакна дека загадувањето на воздухот претставува глобална здравствена криза и потребно е да ги насочиме напорите за нејзино решавање во најкраток можен рок.

„Добро е познато дека нивоата на загадување на воздухот во македонските градови, голем број денови, особено во текот на студениот период од годината, ги надминуваат препораките на СЗО. Токму затоа, Шведска е горда што може да ги поддржи напорите за решавање на ваквата ситуација“, изјави амбасадорката Бенгтсон, нагласувајќи дека новите мерни инструменти ќе овозможат подобри податоци за квалитетот на воздухот и ќе им помогнат на луѓето да носат одлуки врз основа на информации.

„Со оваа донација на инструменти ќе им се помогне на јавноста и на лицата одговорни за носење одлуки во Македонија подобро да разберат кои загадувачки супстанции се наоѓаат во воздухот“, рече Кристијан Силвер, раководител на проектот од Шведската ЕПА. Исто така, истакна дека на лицата одговорни за носење одлуки им се потребни сигурни податоци со цел примена на ефикасни мерки за борба против загадувањето на воздухот.

The post Шведска донираше опрема за мерење на загадувањето на воздухот appeared first on Република.

]]>

Министерството за животна средина доби донација од Шведска во опрема за мерење на квалитетот на воздухот, вредна повеќе од 300.000 евра. Преку соработката на Шведската агенција за заштита на животната средина и Министерството во проектот „Поддршка на Македонија во пристапувањето во ЕУ на полето на животната средина“, обезбедена е високопрецизна лабораториска опрема за мерење на квалитетот на воздухот. Со тоа, како што велат од министерството, се подобрија капацитетите за мерење на осумте мерни станици распоредени низ земјата, каде што беа заменети 14 застарени мерни инструменти за РМ10, азотни оксиди и озон и беа инсталирани осум нови за следење на концентрацијата на РМ2.5. Овие параметри претставуваат стандарден сет на загадувачки супстанции што се следат и што имаат големо влијание врз човековото здравје. Министерот Насер Нуредини, заедно со амбасадорката на Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон и претставниците на  Шведската агенција за заштита на животната средина денеска ја посетија мерната станица „Ректорат“, како една од осумте мерни станици во кои е заменета старата опрема за мерење на квалитет на амбиентниот воздух.
„Замената на старите мерни инструменти и поставувањето нови во мониторинг-станиците во рамките на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух беше голем предизвик, особено затоа што тоа значи подобрување на системот, кој е единствениот официјален извор на податоци за квалитетот на воздухот на национално ниво“, изјави министерот за животна средина, Насер Нуредини.
Амбасадорката на Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон, истакна дека загадувањето на воздухот претставува глобална здравствена криза и потребно е да ги насочиме напорите за нејзино решавање во најкраток можен рок.
„Добро е познато дека нивоата на загадување на воздухот во македонските градови, голем број денови, особено во текот на студениот период од годината, ги надминуваат препораките на СЗО. Токму затоа, Шведска е горда што може да ги поддржи напорите за решавање на ваквата ситуација“, изјави амбасадорката Бенгтсон, нагласувајќи дека новите мерни инструменти ќе овозможат подобри податоци за квалитетот на воздухот и ќе им помогнат на луѓето да носат одлуки врз основа на информации. „Со оваа донација на инструменти ќе им се помогне на јавноста и на лицата одговорни за носење одлуки во Македонија подобро да разберат кои загадувачки супстанции се наоѓаат во воздухот“, рече Кристијан Силвер, раководител на проектот од Шведската ЕПА. Исто така, истакна дека на лицата одговорни за носење одлуки им се потребни сигурни податоци со цел примена на ефикасни мерки за борба против загадувањето на воздухот.

The post Шведска донираше опрема за мерење на загадувањето на воздухот appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Определбата на Шведска и понатаму да остане најголем билатерален донатор во нашата земја е признание за нашите политики https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-opredelbata-na-shvedska-i-ponatamu-da-ostane-najgolem-bilateralen-donator-vo-nashata-zemja-e-priznanie-za-nashite-politiki/ Fri, 28 Jan 2022 08:18:32 +0000 https://republika.mk/?p=450534

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски ја прими амбасадорката на Шведска во нашата земја Кристин Форсгрен Бенгтсон.

Амбасадорката Кристин Форсгрен Бенгтсон на премиерот Ковачевски му го врачи личното писмо на претседателката на Владата на Шведска Магдалена Андерсон во кое таа му го честита изборот на претседател на Владата на Македонија и му посакува нему, и на членовите на неговиот кабинет успех во реализацијата на зацртаните програмски приоритети.

Претседателот на Владата Ковачевски на средбата се заблагодари за поддршката на Кралството Шведска низ сите години на независност на Македонија, уште од воспоставувањето на дипломатските односи во 1993 година.

Ковачевски во разговорот се задржа на прашањата од приоритет на Владата на Македонија меѓу кои во врвот се политиките за справување на енергетската и здравствената криза и мерките за елиминирање на последиците по економијата во чиј фокус се поддршката на инвестициите во реалниот сектор за зачувување на работните места и имплементацијата на реформите.

Во однос на процесот за интеграција на Македонија во ЕУ, премиерот Ковачевски го истакна напредокот на односите со Бугарија кои се повторно вратени на највисоко политичко ниво, и додаде дека воспоставениот дијалог и акциски план на работните групи во повеќе области ветува добра основа за политички решенија на отворените прашања прифатливи за двете страни.

Амбасадорката на Кралството Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон нагласи дека нејзината земја останува силен поддржувач на Македонија и дека и понатаму ќе го афирмира ставот дека преговорите за членство во ЕУ треба да започнат без натамошно одлагање согласно одлуката на Европскиот совет од март 2020 година.

Амбасадорката Форсгрен Бенгтсон додаде дека Шведска, како најголем билатерален донатор од земјите на ЕУ во земјата ќе продолжи со поддршка на Македонија во повеќе области и дека во претстојниот период ќе се активираат повеќе планирани иницијативи за поголема трговска размена и за дополнителен поттик на компаниите од Шведска да инвестираат во земјата.

The post Ковачевски: Определбата на Шведска и понатаму да остане најголем билатерален донатор во нашата земја е признание за нашите политики appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски ја прими амбасадорката на Шведска во нашата земја Кристин Форсгрен Бенгтсон. Амбасадорката Кристин Форсгрен Бенгтсон на премиерот Ковачевски му го врачи личното писмо на претседателката на Владата на Шведска Магдалена Андерсон во кое таа му го честита изборот на претседател на Владата на Македонија и му посакува нему, и на членовите на неговиот кабинет успех во реализацијата на зацртаните програмски приоритети. Претседателот на Владата Ковачевски на средбата се заблагодари за поддршката на Кралството Шведска низ сите години на независност на Македонија, уште од воспоставувањето на дипломатските односи во 1993 година. Ковачевски во разговорот се задржа на прашањата од приоритет на Владата на Македонија меѓу кои во врвот се политиките за справување на енергетската и здравствената криза и мерките за елиминирање на последиците по економијата во чиј фокус се поддршката на инвестициите во реалниот сектор за зачувување на работните места и имплементацијата на реформите. Во однос на процесот за интеграција на Македонија во ЕУ, премиерот Ковачевски го истакна напредокот на односите со Бугарија кои се повторно вратени на највисоко политичко ниво, и додаде дека воспоставениот дијалог и акциски план на работните групи во повеќе области ветува добра основа за политички решенија на отворените прашања прифатливи за двете страни. Амбасадорката на Кралството Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон нагласи дека нејзината земја останува силен поддржувач на Македонија и дека и понатаму ќе го афирмира ставот дека преговорите за членство во ЕУ треба да започнат без натамошно одлагање согласно одлуката на Европскиот совет од март 2020 година. Амбасадорката Форсгрен Бенгтсон додаде дека Шведска, како најголем билатерален донатор од земјите на ЕУ во земјата ќе продолжи со поддршка на Македонија во повеќе области и дека во претстојниот период ќе се активираат повеќе планирани иницијативи за поголема трговска размена и за дополнителен поттик на компаниите од Шведска да инвестираат во земјата.

The post Ковачевски: Определбата на Шведска и понатаму да остане најголем билатерален донатор во нашата земја е признание за нашите политики appeared first on Република.

]]>