македонија - ОАЕ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-oae/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 13:12:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонија - ОАЕ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-oae/ 32 32 Тошковски: За пофункционален систем „Сејф сити“ отворена можност да ги искористиме искуствата од ОАЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-za-pofunktsionalen-sistem-sejf-siti-otvorena-mozhnost-da-gi-iskoristime-iskustvata-od-oae/ Wed, 27 Nov 2024 13:12:34 +0000 https://republika.mk/?p=842319

Во рамки на посетата на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати, министерот Панче Тошковски остварил работни посети и на Одделот за менаџирање на сообраќајот, системот „Safe City” и Академијата за цивилна одбрана.

Имав одлична можност одблиску да видам како функционира еден современ систем за побезбеден град во кој се имплементирани највисоките технолошки достигнувања како што е вештачката интелигенција, а во функција на поголема безбедност, помалку криминал, како и помалку жртви од сообраќајни незгоди. Имајќи предвид дека сме во фаза на имплементација на ваков сличен систем и во нашата држава, од особена корист ќе биде поголема соработка со МВР на ОАЕ сѐ со цел користење на искуствата кои ги имаат стекнато во овој дел, потенцираше министерот Тошковски.

Како што соопштуваат од МВР, во Академијата за цивилна одбрана министерот Тошковски се запознал со капацитетите за обука кои ги имаат во делот на справувањето со пожари, особено во делот на специјализирани тренинзи во симулирани ситуации на пожар во различни објекти.

The post Тошковски: За пофункционален систем „Сејф сити“ отворена можност да ги искористиме искуствата од ОАЕ appeared first on Република.

]]>

Тошковски на средба со претседателот на Интерпол, Ахмед Насер Ал-Раиси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-na-sredba-so-pretsedatelot-na-interpol-ahmed-naser-al-raisi/ Tue, 26 Nov 2024 11:53:50 +0000 https://republika.mk/?p=841881

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски работната посета на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати ја искористи за средба со претседателот на Интерпол Ахмед Насер Ал-Раиси.

Како што соопштуваат од МВР, на средбата се разговарало за поефикасно користење на базите на податоци на Интерпол со цел поефикасна борба со транснационалниот криминал во сите негови облици, поддршка на прекуграничните заеднички истраги и континуираност на обуките.

Со претседателот Раиси се сложивме дека заедничка е одговорноста за сериозен пристап во полициското делување и подготвеноста за справување со сите идни предизвици. Изминатите 30 години, преку членство во најголемата светска полициска организација, се сведоштво на нашата посветеност и подготвеност за активна глобална полициска соработка и борба против криминалот и корупцијата, потенцираше министерот Тошковски.

The post Тошковски на средба со претседателот на Интерпол, Ахмед Насер Ал-Раиси appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски работната посета на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати ја искористи за средба со претседателот на Интерпол Ахмед Насер Ал-Раиси. Како што соопштуваат од МВР, на средбата се разговарало за поефикасно користење на базите на податоци на Интерпол со цел поефикасна борба со транснационалниот криминал во сите негови облици, поддршка на прекуграничните заеднички истраги и континуираност на обуките.
Со претседателот Раиси се сложивме дека заедничка е одговорноста за сериозен пристап во полициското делување и подготвеноста за справување со сите идни предизвици. Изминатите 30 години, преку членство во најголемата светска полициска организација, се сведоштво на нашата посветеност и подготвеност за активна глобална полициска соработка и борба против криминалот и корупцијата, потенцираше министерот Тошковски.
 
The post Тошковски на средба со претседателот на Интерпол, Ахмед Насер Ал-Раиси appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-dogovoreno-vzaemno-priznavane-na-vozachkite-dozvoli-so-obedinetite-arapski-emirati/ Tue, 26 Nov 2024 08:09:28 +0000 https://republika.mk/?p=841740

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од 24 до 27 ноември со делегација на министерството е во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати во Абу Даби. Ова е прва официјална посета на ниво на министри за внатрешни работи од осамостојувањето, а како што велат од МВР, е со цел унапредување на билатералната соработка на полето на борбата против тероризмот и брза размена на информации во делот на борба против корупцијата и организираниот криминал и трговијата со луѓе и мигранти.

Во текот на вчерашниот ден на официјалната средба помеѓу министерот Тошковски и министерот за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати шеикот Саиф бин Зајед ал Нахјан биле потпишани два меморандуми за разбирање за безбедносна соработка и борба против тероризмот и за меѓусебно признавање и замена на возачките дозволи помеѓу двете држави.

Со желба за олеснување на движењето на граѓани кои поседуваат возачки дозволи издадени од соодветните надлежни органи на двете земји за време на посета или престој на територија на едната или другата држава веќе нема да имаат потреба од замена на возачките дозволи. Тоа значи дека и двете страни ги ослободуваат подносителите на барање за замена на возачката дозвола од теоретски и практични тестови и потреба од полагање во другата држава во категориите А, Б и БЕ. За повеќе од илјада македонски граѓани кои живеат во ОАЕ ова ќе значи значително намалување на трошоците. Меморандумот за разбирање за безбедносна соработка и борба против тероризмот отвара голем простор за соработка за брза размена на информации и спречување на кривични дела во спектарот од тероризмот преку организираниот криминал и корупција до спречување на трговијата со луѓе и мигранти, потенцираше министерот Тошковски на средбата.

На средбата министерот Тошковски побарал да се разгледа можноста за укинување на визите за македонските граѓани за ОАЕ, со цел развивање на поинтензивна туристичка, економска и културна соработка помеѓу нашите две земји.

Исто така, делегацијата на МВР ги посети Одделот за среќа, Одделот за иновации и Директоратот за операции на МВР на Обединетите Арапски Емирати, каде што непосредно се запознале со нивната работа и иновативните решенија кои ги имаат имплементирано водејќи се пред сѐ од потребите на граѓаните и нивното задоволство од услугите што ги нуди Министерството.

https://youtu.be/_sBc8pN0q88?si=gURw0tFnBYjmbuaR

The post Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од 24 до 27 ноември со делегација на министерството е во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати во Абу Даби. Ова е прва официјална посета на ниво на министри за внатрешни работи од осамостојувањето, а како што велат од МВР, е со цел унапредување на билатералната соработка на полето на борбата против тероризмот и брза размена на информации во делот на борба против корупцијата и организираниот криминал и трговијата со луѓе и мигранти. Во текот на вчерашниот ден на официјалната средба помеѓу министерот Тошковски и министерот за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати шеикот Саиф бин Зајед ал Нахјан биле потпишани два меморандуми за разбирање за безбедносна соработка и борба против тероризмот и за меѓусебно признавање и замена на возачките дозволи помеѓу двете држави.
Со желба за олеснување на движењето на граѓани кои поседуваат возачки дозволи издадени од соодветните надлежни органи на двете земји за време на посета или престој на територија на едната или другата држава веќе нема да имаат потреба од замена на возачките дозволи. Тоа значи дека и двете страни ги ослободуваат подносителите на барање за замена на возачката дозвола од теоретски и практични тестови и потреба од полагање во другата држава во категориите А, Б и БЕ. За повеќе од илјада македонски граѓани кои живеат во ОАЕ ова ќе значи значително намалување на трошоците. Меморандумот за разбирање за безбедносна соработка и борба против тероризмот отвара голем простор за соработка за брза размена на информации и спречување на кривични дела во спектарот од тероризмот преку организираниот криминал и корупција до спречување на трговијата со луѓе и мигранти, потенцираше министерот Тошковски на средбата.
На средбата министерот Тошковски побарал да се разгледа можноста за укинување на визите за македонските граѓани за ОАЕ, со цел развивање на поинтензивна туристичка, економска и културна соработка помеѓу нашите две земји. Исто така, делегацијата на МВР ги посети Одделот за среќа, Одделот за иновации и Директоратот за операции на МВР на Обединетите Арапски Емирати, каде што непосредно се запознале со нивната работа и иновативните решенија кои ги имаат имплементирано водејќи се пред сѐ од потребите на граѓаните и нивното задоволство од услугите што ги нуди Министерството. https://youtu.be/_sBc8pN0q88?si=gURw0tFnBYjmbuaR

The post Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати appeared first on Република.

]]>
Ковачевски во ОАЕ: Фондовите во Абу Даби покажаа интерес за инвестиции во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-vo-oae-fondovite-vo-abu-dabi-pokazaa-interes-za-investicii-vo-severna-makedonija/ Wed, 19 Oct 2022 14:33:00 +0000 https://republika.mk/?p=563150

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати, имаше средба со генералниот директор на „Развојниот холдинг на Абу Даби -ADQ“ Мохамед Хасан Ал Суваиди, како и со останати претставници на раководството на холдингот.

Премиерот Ковачевски, заедно со министрите за финансии Фатмир Бесими, за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ги претставија можностите за финансирање и инвестиции во повеќе сектори.

-Целта е да се зацврстат економските врски меѓу двете земји и да се поттикне значителен интерес за инвестиции во целните сектори, вклучително и обновливите извори на енергија, инфраструктура, туризам,земјоделство, здравство. На состанокот стана збор и за воспоставување на директна линија Скопје – Абу Даби во насока на продлабочување на економската соработка, информира владината прес-служба.

Владината делегација ја истакна важноста од инвестиции и во услови на најголемата светска енергетска криза и воени превирања, се со цел да се даде стимул на економијата.
Двете страни констатираа дека постои голем потенцијал за развој на соработката меѓу двете земји и за реализација на инвестиции од Обединетите Арапски Емирати во земјава со особен фокус на земјоделството и преработката на храна.

Премиерот Ковачевски на состанокот истакна дека минатата година беше потпишан договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за взаемна заштита на инвестиции, кој, како што рече, е многу значаен за поттикнување нови инвестиции од ОАЕ. Владината делегација ги презентираше проектите од различни области кои го привлекоа вниманието на раководството на овој фонд.

На состанокот е заклучено дека од голема важност е зацврстување на соработката и можноста за инвестирање во различни сектори кои имаат за цел да придонесат за зголемена економска соработка и трговија меѓу двете земји.

The post Ковачевски во ОАЕ: Фондовите во Абу Даби покажаа интерес за инвестиции во Македонија appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати, имаше средба со генералниот директор на „Развојниот холдинг на Абу Даби -ADQ“ Мохамед Хасан Ал Суваиди, како и со останати претставници на раководството на холдингот. Премиерот Ковачевски, заедно со министрите за финансии Фатмир Бесими, за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ги претставија можностите за финансирање и инвестиции во повеќе сектори.
-Целта е да се зацврстат економските врски меѓу двете земји и да се поттикне значителен интерес за инвестиции во целните сектори, вклучително и обновливите извори на енергија, инфраструктура, туризам,земјоделство, здравство. На состанокот стана збор и за воспоставување на директна линија Скопје – Абу Даби во насока на продлабочување на економската соработка, информира владината прес-служба.
Владината делегација ја истакна важноста од инвестиции и во услови на најголемата светска енергетска криза и воени превирања, се со цел да се даде стимул на економијата. Двете страни констатираа дека постои голем потенцијал за развој на соработката меѓу двете земји и за реализација на инвестиции од Обединетите Арапски Емирати во земјава со особен фокус на земјоделството и преработката на храна. Премиерот Ковачевски на состанокот истакна дека минатата година беше потпишан договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за взаемна заштита на инвестиции, кој, како што рече, е многу значаен за поттикнување нови инвестиции од ОАЕ. Владината делегација ги презентираше проектите од различни области кои го привлекоа вниманието на раководството на овој фонд. На состанокот е заклучено дека од голема важност е зацврстување на соработката и можноста за инвестирање во различни сектори кои имаат за цел да придонесат за зголемена економска соработка и трговија меѓу двете земји.

The post Ковачевски во ОАЕ: Фондовите во Абу Даби покажаа интерес за инвестиции во Македонија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски денес во Абу Даби, но не по енергенси https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-denes-vo-abu-dabi-no-ne-po-energensi/ Tue, 18 Oct 2022 07:03:19 +0000 https://republika.mk/?p=562334

Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски која денес треба да патува за Обединетите Арапски Емирати ќе биде минимална. Заедно со него ќе патуваат и министерот за финансии, Фатмир Бесими со раководителот на секторот за меѓународни финансии, додека министерите за земјоделство и за транспорт и врски, Љупчо Николовски и Благој Бочварски ќе одат без советниците од своите кабинети.

Од Кабинетот на премиерот ќе патува еден советник задолжен за организација и еден претставник од секторот за односи со јавност.

Владината делегација на Обединетите Арапски Емирати ќе ги претстави макроекономските политики, развојните цели на државата и ќе оствари средби со претставници на неколку фондови.

The post Ковачевски денес во Абу Даби, но не по енергенси appeared first on Република.

]]>

Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски која денес треба да патува за Обединетите Арапски Емирати ќе биде минимална. Заедно со него ќе патуваат и министерот за финансии, Фатмир Бесими со раководителот на секторот за меѓународни финансии, додека министерите за земјоделство и за транспорт и врски, Љупчо Николовски и Благој Бочварски ќе одат без советниците од своите кабинети. Од Кабинетот на премиерот ќе патува еден советник задолжен за организација и еден претставник од секторот за односи со јавност. Владината делегација на Обединетите Арапски Емирати ќе ги претстави макроекономските политики, развојните цели на државата и ќе оствари средби со претставници на неколку фондови.

The post Ковачевски денес во Абу Даби, но не по енергенси appeared first on Република.

]]>