македонија - косово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-kosovo/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 14:37:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонија - косово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-kosovo/ 32 32 Потпишан протокол за заеднички гранични премини со Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/potpishan-protokol-za-zaednichki-granichni-premini-so-kosovo/ Mon, 18 Nov 2024 14:37:50 +0000 https://republika.mk/?p=839266

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на заедничката меѓувладина седница со Владата на Република Косово која се одржа во Приштина.

На оваа седница се потпиша протокол за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини Блаце - Елез Хан и Јажинце - Глобочица.

Со ова направен е уште еден значаен чекор кон целосна имплементација на концептот „One Stop Shop“, кој ќе овозможи побрз, поедноставен и поефикасен проток на патници и стоки. Овој систем ќе го скрати времето на чекање на границите и ќе придонесе за подобро поврзување и олеснување на движењето помеѓу нашите две земји, истакна министерот Тошковски.

Министерот Тошковски во рамките на седницата имаше можност да оствари разговор со министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла на кој се разговараше за наредните конкретни чекори потребни за имплементација на „One Stop Shop“ на овие гранични премини.

The post Потпишан протокол за заеднички гранични премини со Косово appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на заедничката меѓувладина седница со Владата на Република Косово која се одржа во Приштина. На оваа седница се потпиша протокол за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини Блаце - Елез Хан и Јажинце - Глобочица.
Со ова направен е уште еден значаен чекор кон целосна имплементација на концептот „One Stop Shop“, кој ќе овозможи побрз, поедноставен и поефикасен проток на патници и стоки. Овој систем ќе го скрати времето на чекање на границите и ќе придонесе за подобро поврзување и олеснување на движењето помеѓу нашите две земји, истакна министерот Тошковски.
Министерот Тошковски во рамките на седницата имаше можност да оствари разговор со министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла на кој се разговараше за наредните конкретни чекори потребни за имплементација на „One Stop Shop“ на овие гранични премини.

The post Потпишан протокол за заеднички гранични премини со Косово appeared first on Република.

]]>
Стоилковиќ не е на меѓувладината седница во Косово поради неодложни обврски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovik-ne-e-na-meguvladinata-sednitsa-vo-kosovo-poradi-neodlozhni-obvrski/ Mon, 18 Nov 2024 13:36:27 +0000 https://republika.mk/?p=839204

Министерот за политички систем и односи со заедниците, вицепремиерот Иван Стоилковиќ денеска не учествува на заедничката седница на владите на Македонија и Косово во Приштина. Во владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски се сите министри од македонската влада, освен Стоилковиќ.

Иако првата асоцијација за отсуството на Стоилковиќ се ставовите кои тој и неговата Демократска партија на Србите во Македонија ги имаат спрема Косово, сепак, како што објаснуваат од неговиот кабинет за „Република“, тоа не е случај денеска.

Министерот Стоилковиќ денеска е со целосно исполнет ден и единствената причина што не е дел од македонската делегација е поради претходно договорени неодложни обврски, велат од неговиот кабинет.

The post Стоилковиќ не е на меѓувладината седница во Косово поради неодложни обврски appeared first on Република.

]]>

Министерот за политички систем и односи со заедниците, вицепремиерот Иван Стоилковиќ денеска не учествува на заедничката седница на владите на Македонија и Косово во Приштина. Во владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски се сите министри од македонската влада, освен Стоилковиќ. Иако првата асоцијација за отсуството на Стоилковиќ се ставовите кои тој и неговата Демократска партија на Србите во Македонија ги имаат спрема Косово, сепак, како што објаснуваат од неговиот кабинет за „Република“, тоа не е случај денеска.
Министерот Стоилковиќ денеска е со целосно исполнет ден и единствената причина што не е дел од македонската делегација е поради претходно договорени неодложни обврски, велат од неговиот кабинет.

The post Стоилковиќ не е на меѓувладината седница во Косово поради неодложни обврски appeared first on Република.

]]>
Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра, соопшти премиерот Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ekonomskata-sorabotka-so-kosovo-ke-bide-nad-polovina-milijarda-evra-soopshti-premierot-mitskoski/ Mon, 18 Nov 2024 11:55:54 +0000 https://republika.mk/?p=839147

 Премиерот Христијан Мицкоски на денешната меѓувладина седница во Приштина истакна дека очекува следната година економската соработка меѓу двете земји да достигне половина милијарда евра.

Следната година економската соработка ќе биде над половина милијарда евра, вклучително и трговската размена меѓу нашите две земји. Во следните години ќе работиме во насока на тоа економската соработка да биде уште поголема, бидејќи тоа ќе ни донесе придобивки за двете земји, рече Мицкоски, објави државната Радио телевизија на Косово (РТК).

Премиерот потенцира дека и потпишувањето на денешните договори кои се од областа на енергетиката, граничната и на економската област се во таа насока.

Ќе бидам среќен доколку за неколку недели од денеска, имаме еден граничен премин, каде граѓаните ќе застануваат на еден премин, а не на два. На овој начин нема да има метежи на границата и ќе се забрза трансферот на граѓаните, рече тој.

Косовскиот премиер Албин Курти ја истакна важноста на добрососедството и целосното спроведување во пракса на секој договор што ќе биде потпишан.

Република Косово и Република Cеверна Македонија немаат несогласување. Имаме отворена комуникација и опсежна соработка. Ние сме соседи, пријатели и партнери поврзани не само преку трговијата, туку и преку врските меѓу нашите семејства и бизниси кои стануваат се посилни и посилни, потенцира Курти.

Тој рече дека оваа средба доаѓа и во чест на 15-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Додаде дека досега се потпишани повеќе од 50 договори и меморандуми, потенцирајќи го нивното целосно и прецизно спроведување.

Денеска ќе го унапредиме овој напредок со потпишување на два меморандуми и протокол во важни области како што се енергетиката, образованието и олеснувањето на слободното движење, нагласи Курти.

The post Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра, соопшти премиерот Мицкоски appeared first on Република.

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-pristigna-vo-kosovo-vo-tek-meguvladinata-sednitsa/ Mon, 18 Nov 2024 11:45:58 +0000 https://republika.mk/?p=839138

Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски пристигна во Приштина каде денеска заедничка седница имаат двете влади по што ќе бидат потпишани билатерални договори и меморандуми за соработка во повеќе области. По официјалниот пречек, се одржа тет-а-тет средба на двајцата премиери, а во моментот се одржува меѓувладината седница, јави известувачот на МИА од Приштина.

Во 13:45 часот се очекува двјацата премиери да одржат заедничка прес-конференција.

Како што соопшти премиерто Мицкоски, по завршувањето на меѓувладината седница ќе се потпишат протоколи и меморандуми за соработка во три области.

Првиот е меморандум за енергетика, рударство и минерални суровини, каде се дефинираат иницијативи за соработка во полето на енергетиката, гас, јаглен, електрична енергија и на релевантни инфраструктурни проекти за интерконекција за гас и други проектни иницијативи, како и иницирање соработка за испитување на можноста за развој на нова директна врска за гас.
Вториот е информација за склучување на Протокол помеѓу Владите на Македонија и Косово за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини „Блаце - Елез Хан“ и „Јажинце-Глобочица“. Со овој протокол се регулира начинот на проверки и царинска контрола, инфраструктурата на заедничките гранични точки, меѓусебно поврзување на системите на гранично управување и начинот на одржување на објектите.
Третиот документ кој ќе се потпише е меморандум за разбирање и соработка меѓу Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово. Страните се согласни да работат заедно со цел подигање на квалитетот во стручното образование и обука и во образованието на возрасните во двете држави, имајќи ги предвид законските прописи на двете држави, со кои се уредува нивната работа. Страните со меморандумот се согласни за размена на искуства за стручното образование и обука, вклучително размена на информации за начинот на функционирање на регионалните центри за стручно образование и обука.

The post Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница appeared first on Република.

]]>

Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски пристигна во Приштина каде денеска заедничка седница имаат двете влади по што ќе бидат потпишани билатерални договори и меморандуми за соработка во повеќе области. По официјалниот пречек, се одржа тет-а-тет средба на двајцата премиери, а во моментот се одржува меѓувладината седница, јави известувачот на МИА од Приштина. Во 13:45 часот се очекува двјацата премиери да одржат заедничка прес-конференција. Како што соопшти премиерто Мицкоски, по завршувањето на меѓувладината седница ќе се потпишат протоколи и меморандуми за соработка во три области. Првиот е меморандум за енергетика, рударство и минерални суровини, каде се дефинираат иницијативи за соработка во полето на енергетиката, гас, јаглен, електрична енергија и на релевантни инфраструктурни проекти за интерконекција за гас и други проектни иницијативи, како и иницирање соработка за испитување на можноста за развој на нова директна врска за гас. Вториот е информација за склучување на Протокол помеѓу Владите на Македонија и Косово за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини „Блаце - Елез Хан“ и „Јажинце-Глобочица“. Со овој протокол се регулира начинот на проверки и царинска контрола, инфраструктурата на заедничките гранични точки, меѓусебно поврзување на системите на гранично управување и начинот на одржување на објектите. Третиот документ кој ќе се потпише е меморандум за разбирање и соработка меѓу Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово. Страните се согласни да работат заедно со цел подигање на квалитетот во стручното образование и обука и во образованието на возрасните во двете држави, имајќи ги предвид законските прописи на двете држави, со кои се уредува нивната работа. Страните со меморандумот се согласни за размена на искуства за стручното образование и обука, вклучително размена на информации за начинот на функционирање на регионалните центри за стручно образование и обука.

The post Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница appeared first on Република.

]]>
40-годишен македонски државјанин предизвикал сообраќајка при обид да шверцува стока од Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/40-godishen-makedonski-drzhavjanin-predizvikal-soobrakajka-pri-obid-da-shvertsuva-stoka-od-kosovo/ Mon, 23 Sep 2024 07:48:40 +0000 https://republika.mk/?p=818857

Косовската полиција објави дека во саботата вечерта спречила шверц на стока – обувки и облека - од Косово во Македонија, во близина на граничниот премин Генерал Јанковиќ/Блаце меѓу двете држави, при што уапсила македонски државјанин кој се судрил со возилото со кое ја превезувал стоката низ нелеган пат, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во вчерашното соопштение на полицијата се наведува дека прексиниќа околу 20 часот, во атарот на село Сеќиште кај Генерал Јанковиќ, е забележано сомнително возило како се обидува да ја премине граничната линија и веднаш се преземени дејствија за негово сопирање.

Возачот на возилото, со иницијали З.А., македонски државјанин од албанска националнот, на возраст од околу 40 години, откако увидел дека бил забележан од патроли на граничната полиција, при обид да побегне во правец на територијата на Република Македонија, предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета.

Полицијата го извлекла возилото со македонски регистарски таблички и при контрола на истото во него нашла 120 пара обувки (патики) и 260 парчиња облека (дуксери и тренерки).

Се сомнева дека намерата била стоката да се прокриумчари од територијата на Република Косово на територијата на Република Македонија преку планински патишта. Во врска со случајот преземени се сите дејствија во соработка со државен обвинител, при што по негова наредба на осомничениот му е одреден притвор во траење од 48 часа, додека шверцуваната стока и возилото се одземени и испратени на царински термин за понатамошна законска процедура, се наведува во соопштението на полицијата.

The post 40-годишен македонски државјанин предизвикал сообраќајка при обид да шверцува стока од Косово appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција објави дека во саботата вечерта спречила шверц на стока – обувки и облека - од Косово во Македонија, во близина на граничниот премин Генерал Јанковиќ/Блаце меѓу двете држави, при што уапсила македонски државјанин кој се судрил со возилото со кое ја превезувал стоката низ нелеган пат, јави дописникот на МИА од Приштина. Во вчерашното соопштение на полицијата се наведува дека прексиниќа околу 20 часот, во атарот на село Сеќиште кај Генерал Јанковиќ, е забележано сомнително возило како се обидува да ја премине граничната линија и веднаш се преземени дејствија за негово сопирање. Возачот на возилото, со иницијали З.А., македонски државјанин од албанска националнот, на возраст од околу 40 години, откако увидел дека бил забележан од патроли на граничната полиција, при обид да побегне во правец на територијата на Република Македонија, предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета. Полицијата го извлекла возилото со македонски регистарски таблички и при контрола на истото во него нашла 120 пара обувки (патики) и 260 парчиња облека (дуксери и тренерки).
Се сомнева дека намерата била стоката да се прокриумчари од територијата на Република Косово на територијата на Република Македонија преку планински патишта. Во врска со случајот преземени се сите дејствија во соработка со државен обвинител, при што по негова наредба на осомничениот му е одреден притвор во траење од 48 часа, додека шверцуваната стока и возилото се одземени и испратени на царински термин за понатамошна законска процедура, се наведува во соопштението на полицијата.

The post 40-годишен македонски државјанин предизвикал сообраќајка при обид да шверцува стока од Косово appeared first on Република.

]]>
Косово испратило протестна нота до Македонија за инцидентот на скопскиот аеродром со Османи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kosovo-ispratilo-protestna-nota-do-makedonija-za-intsidentot-na-skopskiot-aerodrom-so-osmani/ Sat, 03 Aug 2024 07:38:30 +0000 https://republika.mk/?p=802968

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека во петокот упатило протестна нота до Македонија, барајќи итно и целосно објаснување во врска со инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на МНР, претседателката Османи била соочена со „несоодветен и незаконски третман“ од обезбедувањето на скопскиот аеродром.

Министерката (Доника) Грвала достави протестна нота до властите во С Македонија, барајќи итно и целосно објаснување за овој инцидент. Истовремено, побарано е македонските власти да преземат итни мерки за расветлување на случајот и да се погрижат вакви настани во иднина да не се повторуваат, се вели во соопштението на Министерството.

Грвала, според соопштението, веднаш по инцидентот, во четвртокот вечерта и во петокот се сретнала со амбасадорката на Македонија во Косово за да побара појаснување за случајот.

Министерката Грвала денеска во МНР оствари средба и со вицепремиерот на С Македонија, Арбен Фетаи со кого разговараше за предметниот инцидент и потребата од преземање брзи институционални дејствија. Во рамки на преземените дејствија, министерката Гервала попладнево прими телефонски повик од нејзиниот македонски колега, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, при што беше изразена загриженоста на косовските институции за вчерашниот инцидент, се наведува во соопштението.

На претседателката Османи, според соопштението што го објави Претседателството, во четвртокот имало обид да ѝ се одземе телефонот од обезбедувањето на скопскиот аеродром. Дури, како што велат, имало обид и Османи физички да се оттурне.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tav-makedonija-nashiot-vraboten-ne-se-obide-da-i-go-odzeme-telefonot-na-kosovskata-pretsedatelka/

Претседателството на Република Косово во соопштение до јавноста ја изразува својата огорченост од „неприфатливите изјави на Министерството за внатрешни работи на С Македонија“, како и од „пропагандата што се развива против Република Косово“.

The post Косово испратило протестна нота до Македонија за инцидентот на скопскиот аеродром со Османи appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека во петокот упатило протестна нота до Македонија, барајќи итно и целосно објаснување во врска со инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на МНР, претседателката Османи била соочена со „несоодветен и незаконски третман“ од обезбедувањето на скопскиот аеродром.
Министерката (Доника) Грвала достави протестна нота до властите во С Македонија, барајќи итно и целосно објаснување за овој инцидент. Истовремено, побарано е македонските власти да преземат итни мерки за расветлување на случајот и да се погрижат вакви настани во иднина да не се повторуваат, се вели во соопштението на Министерството.
Грвала, според соопштението, веднаш по инцидентот, во четвртокот вечерта и во петокот се сретнала со амбасадорката на Македонија во Косово за да побара појаснување за случајот.
Министерката Грвала денеска во МНР оствари средба и со вицепремиерот на С Македонија, Арбен Фетаи со кого разговараше за предметниот инцидент и потребата од преземање брзи институционални дејствија. Во рамки на преземените дејствија, министерката Гервала попладнево прими телефонски повик од нејзиниот македонски колега, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, при што беше изразена загриженоста на косовските институции за вчерашниот инцидент, се наведува во соопштението.
На претседателката Османи, според соопштението што го објави Претседателството, во четвртокот имало обид да ѝ се одземе телефонот од обезбедувањето на скопскиот аеродром. Дури, како што велат, имало обид и Османи физички да се оттурне. https://republika.mk/vesti/makedonija/tav-makedonija-nashiot-vraboten-ne-se-obide-da-i-go-odzeme-telefonot-na-kosovskata-pretsedatelka/ Претседателството на Република Косово во соопштение до јавноста ја изразува својата огорченост од „неприфатливите изјави на Министерството за внатрешни работи на С Македонија“, како и од „пропагандата што се развива против Република Косово“.

The post Косово испратило протестна нота до Македонија за инцидентот на скопскиот аеродром со Османи appeared first on Република.

]]>
Македонија не воведува визи за Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-ne-voveduva-vizi-za-kosovo/ Wed, 07 Dec 2022 10:59:58 +0000 https://republika.mk/?p=582906

Македонија не воведува визи за Косово, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, наведувајќи дека станува збор за грешка на Европската комисија која ќе биде поправена.

Тоа е грешка на Европската комисија, ставањето на Косово на листата на земји со коишто треба да има визен режим е пропуст којшто е увиден од страна на Европската комисија. Никогаш не е поминато низ телата на ЕК и тоа ќе биде ревидирано, рече Османи.

Османи посочи дека трендот не е воведување визи туку поинаков, да се минува границата со лични карти.

Тоа е целосно контрадикторно со политиката на ЕК. Ние во рамки на Берлинскиот процес само што потпишавме договор шесте земји – членки за движење со лични карти во регионот, така што трендот е спротивен од воведување на визи. Ние сега не само со Косово, со БиХ, со Црна Гора, со Србија нема потреба ни пасош да вадиме, а целта е на крај целосно овој регион да влезе во рамки на слободното движење на граѓани, изјави Османи.

Министерот за надворешни работи одговарајќи на новинарско прашање ги отфрли тврдењата за одземање на визната либерализација на Македонија. Османи кажа дека ќе се работи на дополнителни ослободување во односите со ЕУ.

The post Македонија не воведува визи за Косово appeared first on Република.

Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот косовски амбасадор Флоријан Ќехаја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-gi-primi-akreditivite-na-novoimenuvaniot-kosovski-ambasador-florijan-kjehaja/ Fri, 03 Jun 2022 13:01:17 +0000 https://republika.mk/?p=510691

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Косово во Република Македонија, Флоријан Ќехаја.

На свечената церемонија, претседателот Пендаровски му посака добредојде на амбасадорот Ќехаја и изрази очекување дека неговиот професионален ангажман ќе придонесе за збогатување на билатералните односи и соработката меѓу нашите две земји.

„Би сакал да Ве уверам дека особено ја цениме заложбата и интересот за соработка во делот на евро-интегративните процеси и остварување на европските аспирации за полноправно членство во Европската Унија, како стратешки приоритети на нашите две земји. Ве уверувам дека Македонија секогаш ќе биде достапна и подготвена да пружи помош во Вашите ангажмани во процесот на интеграција на Вашата земја, како и за други придвижувања на надворешно-политички план, особено во делот на унапредувањето на регионалната соработка“, порача претседателот Пендаровски во поздравното обраќање и воедно изрази подготвеност за интензивирање на економската соработка со Косово.

Амбасадорот Ќехаја истакна дека ќе биде целосно посветен на натамошно продлабочување на односите меѓу Косово и Македонија, пред сé на унапредување на трговската размена.

„И двете наши земји се соочуваат со предизвици во постигнувањето на целта да станат членки на ЕУ, од различни причини, без оглед на повремениот замор како резултат на долготрајните процеси, сепак нема да бидеме обесхрабрени“, порача новоименуваниот косовски амбасадор.

Заблагодарувајќи се за досегашната поддршка од нашата земја, Ќехаја посочи дека Косово и во иднина ќе очекува засилена поддршка за исполнување на стратешките цели во однос на членството во меѓународните организации.

„Особено ќе ни биде потребна гласна и силна јавна поддршка од Република Македонија за нашите напори да станеме членка на Советот на Европа, како и во нашата амбиција да станеме дел од Партнерството за мир и подоцна од НАТО“, рече амбасадорот во обраќањето.

Ќехаја потенцираше дека активно ќе се ангажира за зголемувањето на билатералната безбедносна соработка и јакнењето на довербата со цел минимизирање на заедничките безбедносни ризици и закани.

The post Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот косовски амбасадор Флоријан Ќехаја appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Косово во Република Македонија, Флоријан Ќехаја. На свечената церемонија, претседателот Пендаровски му посака добредојде на амбасадорот Ќехаја и изрази очекување дека неговиот професионален ангажман ќе придонесе за збогатување на билатералните односи и соработката меѓу нашите две земји. „Би сакал да Ве уверам дека особено ја цениме заложбата и интересот за соработка во делот на евро-интегративните процеси и остварување на европските аспирации за полноправно членство во Европската Унија, како стратешки приоритети на нашите две земји. Ве уверувам дека Македонија секогаш ќе биде достапна и подготвена да пружи помош во Вашите ангажмани во процесот на интеграција на Вашата земја, како и за други придвижувања на надворешно-политички план, особено во делот на унапредувањето на регионалната соработка“, порача претседателот Пендаровски во поздравното обраќање и воедно изрази подготвеност за интензивирање на економската соработка со Косово. Амбасадорот Ќехаја истакна дека ќе биде целосно посветен на натамошно продлабочување на односите меѓу Косово и Македонија, пред сé на унапредување на трговската размена. „И двете наши земји се соочуваат со предизвици во постигнувањето на целта да станат членки на ЕУ, од различни причини, без оглед на повремениот замор како резултат на долготрајните процеси, сепак нема да бидеме обесхрабрени“, порача новоименуваниот косовски амбасадор. Заблагодарувајќи се за досегашната поддршка од нашата земја, Ќехаја посочи дека Косово и во иднина ќе очекува засилена поддршка за исполнување на стратешките цели во однос на членството во меѓународните организации. „Особено ќе ни биде потребна гласна и силна јавна поддршка од Република Македонија за нашите напори да станеме членка на Советот на Европа, како и во нашата амбиција да станеме дел од Партнерството за мир и подоцна од НАТО“, рече амбасадорот во обраќањето. Ќехаја потенцираше дека активно ќе се ангажира за зголемувањето на билатералната безбедносна соработка и јакнењето на довербата со цел минимизирање на заедничките безбедносни ризици и закани.

The post Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот косовски амбасадор Флоријан Ќехаја appeared first on Република.

]]>
Косовската полиција заплени два тона мед од Македонија, возачот на комбето во бегство https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kosovskata-policija-zapleni-dva-tona-med-od-makedonija-vozachot-na-kombeto-vo-begstvo/ Sun, 20 Mar 2022 17:57:52 +0000 https://republika.mk/?p=475757

Косовската полиција објави дека денеска околу пладне, во село во близина на косовско-македонската граница, запленила 2.000 килограми мед, кој со комбе бил илегално внесен од Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според полициското соопштение, патрола на пограничната полиција од станицата во Жегра го забележала сомнителното возило со бела боја во селото Дебелде, близу градот Витина во регионот на Карадак – Скопска Црна Гора, на границата со Македонија.

Возилото било запрено при обид да изврши нелегална трговија со медот, додека возачот го искористил планинскиот терен и успеал да побегне во непознат правец.

Возилото и товарот се запленети и предадени на Царините на Косово, додека случајот е оквалификуван како „криумчарење стоки“ и е проследен во натамошна судска процедура.

The post Косовската полиција заплени два тона мед од Македонија, возачот на комбето во бегство appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција објави дека денеска околу пладне, во село во близина на косовско-македонската граница, запленила 2.000 килограми мед, кој со комбе бил илегално внесен од Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Според полициското соопштение, патрола на пограничната полиција од станицата во Жегра го забележала сомнителното возило со бела боја во селото Дебелде, близу градот Витина во регионот на Карадак – Скопска Црна Гора, на границата со Македонија. Возилото било запрено при обид да изврши нелегална трговија со медот, додека возачот го искористил планинскиот терен и успеал да побегне во непознат правец. Возилото и товарот се запленети и предадени на Царините на Косово, додека случајот е оквалификуван како „криумчарење стоки“ и е проследен во натамошна судска процедура.

The post Косовската полиција заплени два тона мед од Македонија, возачот на комбето во бегство appeared first on Република.

]]>