македонија - кина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-kina/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Mar 2022 17:33:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонија - кина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-kina/ 32 32 Ковачевски – Ѕуо: Отвореност за унапредување на економската соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-dzuo-otvorenost-za-unapreduvanje-na-ekonomskata-sorabotka/ Wed, 02 Mar 2022 17:33:40 +0000 https://republika.mk/?p=466624

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва се сретна со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.

На состанокот, како што соопшти кабинетот на Ковачевски, се потврдени традиционално пријателските односи помеѓу двете држави засновани на меѓусебно почитување и е изразена отвореност за унапредување на економската соработка, преку заинтересираност за инвестиции од Македонија во Кина и за продолжување на соработката во делот на инфраструктурата во нашата држава.

Заеднички е оценето дека постојат повеќе различни области за соработка со Кина кои ќе придонесат кон унапредување на односите помеѓу двете земји.

Во однос на ситуацијата во Украина, премиерот Ковачевски ја повтори позицијата на земјата на линија на стратешките партнери, НАТО, САД и ЕУ за најостра осуда на руската инвазија на Украина и санкции кон Руската Федерација.

Ковачевски истакна дека Македонија е држава членка на НАТО, со аспирации за членство во ЕУ и дека продолжува да се развива во таа насока.

The post Ковачевски – Ѕуо: Отвореност за унапредување на економската соработка appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва се сретна со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо. На состанокот, како што соопшти кабинетот на Ковачевски, се потврдени традиционално пријателските односи помеѓу двете држави засновани на меѓусебно почитување и е изразена отвореност за унапредување на економската соработка, преку заинтересираност за инвестиции од Македонија во Кина и за продолжување на соработката во делот на инфраструктурата во нашата држава. Заеднички е оценето дека постојат повеќе различни области за соработка со Кина кои ќе придонесат кон унапредување на односите помеѓу двете земји. Во однос на ситуацијата во Украина, премиерот Ковачевски ја повтори позицијата на земјата на линија на стратешките партнери, НАТО, САД и ЕУ за најостра осуда на руската инвазија на Украина и санкции кон Руската Федерација. Ковачевски истакна дека Македонија е држава членка на НАТО, со аспирации за членство во ЕУ и дека продолжува да се развива во таа насока.

The post Ковачевски – Ѕуо: Отвореност за унапредување на економската соработка appeared first on Република.

]]>