македонија - казахстан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-kazahstan/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Nov 2022 13:24:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонија - казахстан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-kazahstan/ 32 32 Прва седница на македонско-казахстанската комисија за економска соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prva-sednica-na-makedonsko-kazahstanskata-komisija-za-ekonomska-sorabotka/ Thu, 03 Nov 2022 13:24:55 +0000 https://republika.mk/?p=569224

Во Скопје денеска се одржа првата седница на Меѓувладината македонско – казахстанска комисија за следење на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Казахстан за трговска и економска соработка, ратификуван на 3 ноември 2022 година, соопшти Министерството за економија.

Со комисијата претседаваше министерот за економија Крешник Бектеши како домаќин и министерот за национална економија на Казахстан, Алибек Куантуров како ко-преседавач.

Економските области кои се опфатени на оваа седница треба да дадат нова димензија во нашите трговски релации и значајно да ги подобрат трговските бројки. Задоволство е што минатата година се потпишаа четири Меморандуми за соработка помеѓу Комората за меѓународна трговија на Казахстан и четирите македонски комори: Стопанските комори на Македонија, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на северо-западна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, кои се предуслов и стабилна основа за соработката и позитивен  тренд за мврежување на компании од двете земји, рече Бектеши.

Министерот информираше дека билатералната трговска размена помеѓу двете земји во периодот 2017-2022 година е релативно мала и изнесува 29,9 милиони долари во 2018 година, 3,3 милиони долари во 2019 година,  1,4 милиони долари во 2020 година, 4,7 милиони долари во 2021 и 2,8 милиони долари во периодот (јануари-август)  2022.

Владата останува посветена на привлекување странски инвестиции и ги поканува инвеститорите од Казахстан да учествува во инвестициски проекти. Имаме развиен концепт на привлекување на странски инвестиции во слободните економски зони и во индустриски зони.Компаниите кои работат во слободните економски зони учествуваат со приближно 50% од вкупниот извоз на земјата во септември 2022, и над 14.000 вработени.  100% странска сопственост, 0% даноци и царина, ослободување од комунални такси, симболична цена за закуп на земјиште и директна државна помош во износ до 1.000.000 евра се само еден сегмент од понудениот пакет поволности со кој се истакнуваме како најконкурентна инвестициска дестинација во регионот и пошироко, кажа министерот Бектеши и додаде дека во 2020 година, за прв пат донесе Закон за стратешки инвестиции, кој се однесува на инвестициски проекти од јавен интерес. Тие проекти треба да бидат усогласени со стратешките приоритети на државата“ кажа министерот.

Тој потенцираше дека за Македонија стратешка цел претставува членството во НАТО како 30 земја членка и полноправното членство во Европската Унија, и поради тоа, севкупниот процес на усогласеноста со политиките, правилата, стандардите и вредностите на Европската Унија претставува највисок државен приоритет.

Со ЕУ применуваме Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), од април 2001 година, каде што нашиот целокупен извоз се одвива без царини веќе 20 години на ЕУ пазарот. Владата како и многуте земји во светот, прави значајни напори за одржување на економското опкружување и заздравување на економијата од негативните влијанија на енергетската криза, кажа министерот Бектеши.

На крајот на еднодневните работни средби, на кои експертите од двете земји, ги договорија конкретните предлози за остварување на идни цели и за изнаоѓање на решенија за подобрување на условите за економска соработка, беше потпишан Протокол во кој се покренати иницијативи за натамошно разгледување на: Спогодба за борба против недозволена трговија со наркотични средства, психотропни субстанци и прекурзори и Спогодба за патен транспорт со кои ќе се дефинират нови можности на идна економска соработка.

Во рамки на Првата седница на Меѓувладина македонско – казахстанска комисија за следење на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Казахстан за трговска и економска соработка беше потпишан и Меморандум за економска соработка помеѓу македонското Министерството за економија и Министерството за национална економија на Казахстан кои предвидуваат развој на акциски планови за промоција на инвестиции земајќи ги предвид посебните економски зони, развој на претприемништво, вклучително и секторот за мали и средни претпријатија и  регионален развој, земајќи го предвид развојот на претприемништвото, како и институциите за економски развој на регионално ниво.

The post Прва седница на македонско-казахстанската комисија за економска соработка appeared first on Република.

]]>

Во Скопје денеска се одржа првата седница на Меѓувладината македонско – казахстанска комисија за следење на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Казахстан за трговска и економска соработка, ратификуван на 3 ноември 2022 година, соопшти Министерството за економија. Со комисијата претседаваше министерот за економија Крешник Бектеши како домаќин и министерот за национална економија на Казахстан, Алибек Куантуров како ко-преседавач.
Економските области кои се опфатени на оваа седница треба да дадат нова димензија во нашите трговски релации и значајно да ги подобрат трговските бројки. Задоволство е што минатата година се потпишаа четири Меморандуми за соработка помеѓу Комората за меѓународна трговија на Казахстан и четирите македонски комори: Стопанските комори на Македонија, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на северо-западна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, кои се предуслов и стабилна основа за соработката и позитивен  тренд за мврежување на компании од двете земји, рече Бектеши.
Министерот информираше дека билатералната трговска размена помеѓу двете земји во периодот 2017-2022 година е релативно мала и изнесува 29,9 милиони долари во 2018 година, 3,3 милиони долари во 2019 година,  1,4 милиони долари во 2020 година, 4,7 милиони долари во 2021 и 2,8 милиони долари во периодот (јануари-август)  2022.
Владата останува посветена на привлекување странски инвестиции и ги поканува инвеститорите од Казахстан да учествува во инвестициски проекти. Имаме развиен концепт на привлекување на странски инвестиции во слободните економски зони и во индустриски зони.Компаниите кои работат во слободните економски зони учествуваат со приближно 50% од вкупниот извоз на земјата во септември 2022, и над 14.000 вработени.  100% странска сопственост, 0% даноци и царина, ослободување од комунални такси, симболична цена за закуп на земјиште и директна државна помош во износ до 1.000.000 евра се само еден сегмент од понудениот пакет поволности со кој се истакнуваме како најконкурентна инвестициска дестинација во регионот и пошироко, кажа министерот Бектеши и додаде дека во 2020 година, за прв пат донесе Закон за стратешки инвестиции, кој се однесува на инвестициски проекти од јавен интерес. Тие проекти треба да бидат усогласени со стратешките приоритети на државата“ кажа министерот.
Тој потенцираше дека за Македонија стратешка цел претставува членството во НАТО како 30 земја членка и полноправното членство во Европската Унија, и поради тоа, севкупниот процес на усогласеноста со политиките, правилата, стандардите и вредностите на Европската Унија претставува највисок државен приоритет.
Со ЕУ применуваме Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), од април 2001 година, каде што нашиот целокупен извоз се одвива без царини веќе 20 години на ЕУ пазарот. Владата како и многуте земји во светот, прави значајни напори за одржување на економското опкружување и заздравување на економијата од негативните влијанија на енергетската криза, кажа министерот Бектеши.
На крајот на еднодневните работни средби, на кои експертите од двете земји, ги договорија конкретните предлози за остварување на идни цели и за изнаоѓање на решенија за подобрување на условите за економска соработка, беше потпишан Протокол во кој се покренати иницијативи за натамошно разгледување на: Спогодба за борба против недозволена трговија со наркотични средства, психотропни субстанци и прекурзори и Спогодба за патен транспорт со кои ќе се дефинират нови можности на идна економска соработка. Во рамки на Првата седница на Меѓувладина македонско – казахстанска комисија за следење на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Казахстан за трговска и економска соработка беше потпишан и Меморандум за економска соработка помеѓу македонското Министерството за економија и Министерството за национална економија на Казахстан кои предвидуваат развој на акциски планови за промоција на инвестиции земајќи ги предвид посебните економски зони, развој на претприемништво, вклучително и секторот за мали и средни претпријатија и  регионален развој, земајќи го предвид развојот на претприемништвото, како и институциите за економски развој на регионално ниво.

The post Прва седница на македонско-казахстанската комисија за економска соработка appeared first on Република.

]]>