македонија - катар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-katar/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Mar 2022 22:30:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонија - катар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-katar/ 32 32 Пендаровски се сретна со катарскиот заменик-премиер и министер за одбрана Калид бин Мохамед ал Атија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-se-sretna-so-katarskiot-zamenik-premier-i-minister-za-odbrana-kalid-bin-mohamed-al-atija/ Thu, 17 Mar 2022 22:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=474664

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими заменик премиерот и министер за одбрана на Државата Катар, Калид бин Мохамед Ал Атија.

На средбата беше изразено задоволство од позитивниот тренд во развојот на политичкиот дијалог и билатералните односи меѓу двете земји, и беа разгледани можностите за интензивирање на одбранбената соработка со Катар.

Претседателот Пендаровски ја поздрави конструктивната политика на Катар во одржување на регионалната стабилност и нивната улога за унапредување на глобалната безбедност, и изрази поддршка за активностите кои ги презема Катар во рамки на Истанбулската иницијатива за соработка.

Притоа, претседателот се заблагодари за укажаната поддршка од Катар, при евакуацијата на македонските граѓани од Авганистан, како и за демонстрираната солидарност и помош за справување со пандемијата на Ковид-19.

Во контекст на одбраната, беа презентирани можностите за продлабочување на соработката преку спроведување заеднички воени обуки и инвестиции во инфраструктурни проекти, при што беше изразена подготвеност за унапредување на соработката во борбата против глобалните закани, тероризмот, кибер одбраната, справување со хибридни напади и лажни вести.

Соговорниците укажаа дека од клучен интерес за развојот на билатералните односи, искористување на економските потенцијали во целост и реализација на конкретни проекти, е натамошно унапредување на правната рамка меѓу двете земји.

На средбата беа разменети мислења за развојот на настаните во двата региона,  за актуелните случувања во Украина и безбедносната состојба на  европскиот континент.

The post Пендаровски се сретна со катарскиот заменик-премиер и министер за одбрана Калид бин Мохамед ал Атија appeared first on Република.

]]>

Македонија и Катар ќе ја унапредуваат соработката во одбраната и економијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-i-katar-kje-ja-unapreduvaat-sorabotkata-vo-odbranata-i-ekonomijata/ Thu, 17 Mar 2022 17:03:08 +0000 https://republika.mk/?p=474497

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, се сретна со делегација од Државата Катар, предводена од Халид бин Мохамед Ал-Атија, заменик-премиер и државен министер за одбрана.

На состанокот е изразена заедничка определба за унапредување на соработката во областите на одбраната и на економијата.

Пренесена е покана до премиерот Ковачевски, од премиерот во Доха, за официјална посета на Катар.

Оценето е дека Република Македонија покажува лидерство во решавањето отворени прашања и бележи напредок.

Претседателот на Владата, Ковачевски, соопшти дека Република Македонија ја смета Државата Катар за пријателска земја и соопшти дека постои заинтересираност за претставување на можностите за инвестирање во нашата држава, пред стопанствениците во Катар.

„Вложуваме во стандардот на граѓаните и сериозно сме заинтересирани за нови инвестиции. Имаме закони според европски стандарди и монетарни политики според стандардите на ММФ. Стабилни се денарот и макроекономските параметри. Исто така, придонесуваме во регионалната стабилност како држава членка на НАТО и преку развојот во иницијативата Отворен Балкан. Сето ова отвора можности за развој на меѓусебната соработка“, рече премиерот Ковачевски.

Во однос на одржувањето на мирот во светот, споделен е ставот дека од суштинско значење е доаѓањето до решенија преку дијалог.

Во врска со ситуацијата во Украина, премиерот Ковачевски нагласи дека позицијата на Република Македонија е во целосна согласност со позициите на нашите стратешки партнери НАТО, САД и ЕУ, со најостра осуда на руската инвазија на Украина.

The post Македонија и Катар ќе ја унапредуваат соработката во одбраната и економијата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, се сретна со делегација од Државата Катар, предводена од Халид бин Мохамед Ал-Атија, заменик-премиер и државен министер за одбрана. На состанокот е изразена заедничка определба за унапредување на соработката во областите на одбраната и на економијата. Пренесена е покана до премиерот Ковачевски, од премиерот во Доха, за официјална посета на Катар. Оценето е дека Република Македонија покажува лидерство во решавањето отворени прашања и бележи напредок. Претседателот на Владата, Ковачевски, соопшти дека Република Македонија ја смета Државата Катар за пријателска земја и соопшти дека постои заинтересираност за претставување на можностите за инвестирање во нашата држава, пред стопанствениците во Катар.
„Вложуваме во стандардот на граѓаните и сериозно сме заинтересирани за нови инвестиции. Имаме закони според европски стандарди и монетарни политики според стандардите на ММФ. Стабилни се денарот и макроекономските параметри. Исто така, придонесуваме во регионалната стабилност како држава членка на НАТО и преку развојот во иницијативата Отворен Балкан. Сето ова отвора можности за развој на меѓусебната соработка“, рече премиерот Ковачевски.
Во однос на одржувањето на мирот во светот, споделен е ставот дека од суштинско значење е доаѓањето до решенија преку дијалог. Во врска со ситуацијата во Украина, премиерот Ковачевски нагласи дека позицијата на Република Македонија е во целосна согласност со позициите на нашите стратешки партнери НАТО, САД и ЕУ, со најостра осуда на руската инвазија на Украина.

The post Македонија и Катар ќе ја унапредуваат соработката во одбраната и економијата appeared first on Република.

]]>
Вицепремиерот и министер за одбрана на Катар, Халид Бин Мохамед Ал-Атија во посета на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vicepremierot-i-minister-za-odbrana-na-katar-halid-bin-mohamed-al-atija-vo-poseta-na-makedonija/ Tue, 15 Mar 2022 08:24:40 +0000 https://republika.mk/?p=472954

Вицепримиерот и државен министер за одбрана на државата Катар, Халид Бин Мохамед Ал-Атија од денеска ќе престојува во прва официјална посета на Македонија.

Вицепримиерот и државен министер за одбрана на Катар во Министерството за одбрана ќе биде пречекан од министерката за одбрана Славјанка Петровска, а официјалниот пречек ќе започне со церемонија со највисоки воени почести.

Во рамки на посетата, најавија од МО, министрите Петровска и Ал-Атија ќе имаат тет-а-тет средба, по што средба ќе имаат и двете делегации.

Ова е прва средба во областа на одбраната која се реализира на највисоко, министерско ниво помеѓу Македонија и Катар.

The post Вицепремиерот и министер за одбрана на Катар, Халид Бин Мохамед Ал-Атија во посета на Македонија appeared first on Република.

]]>

Вицепримиерот и државен министер за одбрана на државата Катар, Халид Бин Мохамед Ал-Атија од денеска ќе престојува во прва официјална посета на Македонија. Вицепримиерот и државен министер за одбрана на Катар во Министерството за одбрана ќе биде пречекан од министерката за одбрана Славјанка Петровска, а официјалниот пречек ќе започне со церемонија со највисоки воени почести. Во рамки на посетата, најавија од МО, министрите Петровска и Ал-Атија ќе имаат тет-а-тет средба, по што средба ќе имаат и двете делегации. Ова е прва средба во областа на одбраната која се реализира на највисоко, министерско ниво помеѓу Македонија и Катар.

The post Вицепремиерот и министер за одбрана на Катар, Халид Бин Мохамед Ал-Атија во посета на Македонија appeared first on Република.

]]>