македонија - канада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-kanada/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Aug 2023 15:53:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонија - канада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-kanada/ 32 32 Трудо телефонски му порачал на Ковачевски дека секогаш може да сметаме на Канада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trudo-telefonski-mu-porachal-na-kovachevski-deka-sekogash-mozhe-da-smetame-na-kanada/ Wed, 30 Aug 2023 16:20:50 +0000 https://republika.mk/?p=677356

Премиерот Димитар Ковачевски денеска телефонски разговарал со премиерот на Канада, Џастин Трудо, во присуство на министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Како што соопшти владината прес-служба, Ковачевски изразил задоволство што токму денеска во посета на нашата земја е министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли, што, оценил тој, „говори за активниот и континуиран дијалог меѓу нашите две земји по важни теми од интерес на двете земји, на Европа и пошироко“.

На разговорот беа опфатени неколку теми во насока на натамошно продлабочување на билатералните односи, како и соработката во рамките на НАТО и мултилатералната сцена. Премиерот Ковачевски нагласи дека долгорочен интерес е севкупно развивање на односите и соработката со Канада, која од самите почетоци на нашата независност манифестира активна поддршка на реформските, европското и евроатлантското интегрирање на земјата, соопшти прес-службата на Владата.

Од двете страни, се наведува во соопштението, беше нагласена важноста од продолжување на започнатиот процес на интегрирање на Македонија во ЕУ, кој нуди сигурен, предвидлив и безбеден пат за нејзиниот просперитет и напредок како дел од европското семејство на народи.

Канадскиот премиер Трудо изрази задоволство од одличната соработка на двете држави во НАТО, посебно од учеството на македонски војници во борбената група за зајакнато истурено присуство во Латвија, која е под канадска команда, се наведува во соопштението од Владата.

Притоа, Трудо истакнал дека оваа група овозможува значајна соработка меѓу сојузниците од различни земји во зајакнување на трансатлантската одбрана и безбедност, а македонските војници, како дел од неа, се високопочитувани од страна на канадските колеги.

-Нашата соработка е силна во НАТО, во ЕУ и во Украина, и знам дека народот на Сереверна Македонија разбира дека иднината на земјата е светла како дел од напредните европски демократии, истакнал канадскиот премиер, нагласувајќи дека „Македонија може секогаш да смета на Канада“.

Премиерот Ковачевски се осврнал и на важноста на македонската заедница во Канада и нејзиниот значаен придонес во канадското општество.

The post Трудо телефонски му порачал на Ковачевски дека секогаш може да сметаме на Канада appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска телефонски разговарал со премиерот на Канада, Џастин Трудо, во присуство на министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Како што соопшти владината прес-служба, Ковачевски изразил задоволство што токму денеска во посета на нашата земја е министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли, што, оценил тој, „говори за активниот и континуиран дијалог меѓу нашите две земји по важни теми од интерес на двете земји, на Европа и пошироко“.
На разговорот беа опфатени неколку теми во насока на натамошно продлабочување на билатералните односи, како и соработката во рамките на НАТО и мултилатералната сцена. Премиерот Ковачевски нагласи дека долгорочен интерес е севкупно развивање на односите и соработката со Канада, која од самите почетоци на нашата независност манифестира активна поддршка на реформските, европското и евроатлантското интегрирање на земјата, соопшти прес-службата на Владата.
Од двете страни, се наведува во соопштението, беше нагласена важноста од продолжување на започнатиот процес на интегрирање на Македонија во ЕУ, кој нуди сигурен, предвидлив и безбеден пат за нејзиниот просперитет и напредок како дел од европското семејство на народи.
Канадскиот премиер Трудо изрази задоволство од одличната соработка на двете држави во НАТО, посебно од учеството на македонски војници во борбената група за зајакнато истурено присуство во Латвија, која е под канадска команда, се наведува во соопштението од Владата.
Притоа, Трудо истакнал дека оваа група овозможува значајна соработка меѓу сојузниците од различни земји во зајакнување на трансатлантската одбрана и безбедност, а македонските војници, како дел од неа, се високопочитувани од страна на канадските колеги. -Нашата соработка е силна во НАТО, во ЕУ и во Украина, и знам дека народот на Сереверна Македонија разбира дека иднината на земјата е светла како дел од напредните европски демократии, истакнал канадскиот премиер, нагласувајќи дека „Македонија може секогаш да смета на Канада“. Премиерот Ковачевски се осврнал и на важноста на македонската заедница во Канада и нејзиниот значаен придонес во канадското општество.

The post Трудо телефонски му порачал на Ковачевски дека секогаш може да сметаме на Канада appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на средба со канадскиот амбасадор Џајлс Норман https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-na-sredba-so-kanadskiot-ambasador-dzajls-norman/ Wed, 07 Dec 2022 16:38:03 +0000 https://republika.mk/?p=583078

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски денеска остварија средба со Џајлс Норман, амбасадор на Канада во Република Македонија.

На средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за актуелната политичка и економска состојба.

Претседателот Мицкоски ја истакна загриженоста од високиот степен на криминал и корупција во државата и слабиот капацитет од страна на владата на СДСМ за борба против организираниот криминал, укажувајќи дека изминатите 6 години откако владее СДСМ државата тоне во криминал, а за тоа говорат и фактите дека високи владини функционери се обвинети за незаконито делување и крадење на државни пари, се вели во соопштението.

Во однос на македонската економија, Мицкоски посочил дека економијата е пред целосен колапс а за тоа е директно виновна и одговорна владата на Димитар Ковачевски и СДСМ, бидејќи наместо да понуди добри економски политики кои ќе значат спас за државата и граѓаните од сиромаштија, нудат нереални и задоцнети мерки.

Претседателот Мицкоски се заблагодари на досегашната поддршката и соработка, потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ како нов предводник на новата влада ќе продолжи со интензивна соработка и натамошно унапредување на билатералните односи помеѓу двете земји, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски на средба со канадскиот амбасадор Џајлс Норман appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски денеска остварија средба со Џајлс Норман, амбасадор на Канада во Република Македонија. На средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за актуелната политичка и економска состојба. Претседателот Мицкоски ја истакна загриженоста од високиот степен на криминал и корупција во државата и слабиот капацитет од страна на владата на СДСМ за борба против организираниот криминал, укажувајќи дека изминатите 6 години откако владее СДСМ државата тоне во криминал, а за тоа говорат и фактите дека високи владини функционери се обвинети за незаконито делување и крадење на државни пари, се вели во соопштението. Во однос на македонската економија, Мицкоски посочил дека економијата е пред целосен колапс а за тоа е директно виновна и одговорна владата на Димитар Ковачевски и СДСМ, бидејќи наместо да понуди добри економски политики кои ќе значат спас за државата и граѓаните од сиромаштија, нудат нереални и задоцнети мерки. Претседателот Мицкоски се заблагодари на досегашната поддршката и соработка, потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ како нов предводник на новата влада ќе продолжи со интензивна соработка и натамошно унапредување на билатералните односи помеѓу двете земји, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски на средба со канадскиот амбасадор Џајлс Норман appeared first on Република.

]]>