македонија - германија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-germanija/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 14:35:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонија - германија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-germanija/ 32 32 Вредна германска донација за зголемување на капацитетите на интервентната полиција, објави Тошковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredna-germanska-donatsija-za-zgolemuvane-na-kapatsitetite-na-interventnata-politsija-objavi-toshkovski/ Wed, 20 Nov 2024 14:35:02 +0000 https://republika.mk/?p=839991

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во полицискиот центар во Ѓорче Петров оствари работен состанок со германскиот амбасадор, Петра Дрекслер и претставник на германската интервентна полиција каде беше предадена донација за потребите на македонската интервентната полиција.

Министерот Тошковски истакнал дека вкупната донација која се состои од 120 сетови „анти траума“ за одржување на јавен ред и мир во прва фаза и поддршка за специјализирани возила за ЈРМ, дополнителна опрема и обуки во втора фаза значително ќе го зајакнат капацитетот на оперативното функционирање на оваа единица и ќе придонесе кон зголемување на безбедноста на жителите на главниот град.

На средбата бил разгледан и планот за обуки за следната година кои оваа единица ги изведува со поддршка на германската амбасада со цел зголемување на својот оперативен капацитет.

Министерот Тошковски на крај уште еднаш изразил голема благодарност и силна подготвеност за понатамошна соработка, поддршка и продлабочување на заедничките односи со цел надградување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи.

The post Вредна германска донација за зголемување на капацитетите на интервентната полиција, објави Тошковски appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во полицискиот центар во Ѓорче Петров оствари работен состанок со германскиот амбасадор, Петра Дрекслер и претставник на германската интервентна полиција каде беше предадена донација за потребите на македонската интервентната полиција. Министерот Тошковски истакнал дека вкупната донација која се состои од 120 сетови „анти траума“ за одржување на јавен ред и мир во прва фаза и поддршка за специјализирани возила за ЈРМ, дополнителна опрема и обуки во втора фаза значително ќе го зајакнат капацитетот на оперативното функционирање на оваа единица и ќе придонесе кон зголемување на безбедноста на жителите на главниот град. На средбата бил разгледан и планот за обуки за следната година кои оваа единица ги изведува со поддршка на германската амбасада со цел зголемување на својот оперативен капацитет. Министерот Тошковски на крај уште еднаш изразил голема благодарност и силна подготвеност за понатамошна соработка, поддршка и продлабочување на заедничките односи со цел надградување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи.

The post Вредна германска донација за зголемување на капацитетите на интервентната полиција, објави Тошковски appeared first on Република.

]]>
Деловен појадок на Македонско-германското стопанско здружение со премиерот Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/deloven-pojadok-na-makedonsko-germanskoto-stopansko-zdruzhenie-so-premierot-mitskoski/ Mon, 16 Sep 2024 06:22:17 +0000 https://republika.mk/?p=816650

Повеќе од 100 менаџери на германски, македонски и други интернационални компании кои се лидери во стопанството во земјава ќе учествуваат на деловниот појадок со премиерот Христијан Мицкоски што го организираат Делегацијата на германското стопанство АХК, дел од мрежата на германските комори во странство, и Македонско-германското стопанско здружение.

Настанот ќе го отвори директорката на АХК, Антје Ванделт, потоа ќе се обрати претседателката на Македонско-германското стопанско здружение, Мирјана Симоновска Ќука, а премиерот Мицкоски ќе говори за економските и финансиските политики на Владата.

На настанот ќе присуствуваат и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, директорите на ТИРЗ Гоце Димовски, на УЈП Елена Петрова и на Царинска управа Бобан Николовски.

Според најавите од АХК, пред официјалниот почеток на настанот изјава за медиуми ќе дадат директорката на Германската стопанска комора Ванделт и премиерот Мицкоски.

The post Деловен појадок на Македонско-германското стопанско здружение со премиерот Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 100 менаџери на германски, македонски и други интернационални компании кои се лидери во стопанството во земјава ќе учествуваат на деловниот појадок со премиерот Христијан Мицкоски што го организираат Делегацијата на германското стопанство АХК, дел од мрежата на германските комори во странство, и Македонско-германското стопанско здружение. Настанот ќе го отвори директорката на АХК, Антје Ванделт, потоа ќе се обрати претседателката на Македонско-германското стопанско здружение, Мирјана Симоновска Ќука, а премиерот Мицкоски ќе говори за економските и финансиските политики на Владата. На настанот ќе присуствуваат и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, директорите на ТИРЗ Гоце Димовски, на УЈП Елена Петрова и на Царинска управа Бобан Николовски. Според најавите од АХК, пред официјалниот почеток на настанот изјава за медиуми ќе дадат директорката на Германската стопанска комора Ванделт и премиерот Мицкоски.

The post Деловен појадок на Македонско-германското стопанско здружение со премиерот Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Шпајх: Македонците со право се фрустрирани од ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shpajh-makedontsite-so-pravo-se-frustrirani-od-eu/ Sat, 14 Sep 2024 07:32:55 +0000 https://republika.mk/?p=816248

Државниот секретар за федерални и европски прашања на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, Марк Шпајх, за „Дојче веле“ изјави дека мора да се забрза процесот на пристапување на Македонија во ЕУ и оти е разбирлива растечката фрустрација меѓу македонските граѓани за пристапувањето на државата кон Унијата, поради што Германија мора да стори нешто за да го забрза процесот.

Можете да го почувствувате тој скептицизам или таа растечка фрустрација од процесот на пристапување кон ЕУ. И да бидам искрен, има добра причина за тоа. Мислам, процесот на пристапување сега трае 20 години и сè уште нема исход, така што тоа предизвикува фрустрација. За мене е многу разбирливо, па би рекол дека најдобриот начин да се оди напред е да се забрза процесот и мислам дека тоа мора да се случи од страна на ЕУ. И очигледно знаеме дека има одредени вето играчи и целата таа многу сложена игра. Но, мислам дека тука треба да ја примениме политичката моќ и мислам дека Германија треба да игра клучна улога овде во надминувањето на тие пречки. Единствениот начин да се спречи таа фрустрација е да се стави крај на процесот на пристапување, а крај за мене значи членство, вели Шпајх во разговор за ДВ на македонски јазик.

Шпајх неделава беше во дводневна посета на Скопје и имаше средби со највисоките политички и економски претставници, се сретна и со група млади новинари кои учествуваат во проект за борба против дезинформации финансиран од владата на Северна Рајна Вестфалија.

Тој вели дека Германија нуди бројни можности за младите од Македонија, но фокусот притоа е да не се поттикнува „одлив на мозоци“.

Ние нудиме пракса во компании во Германија, но не за да им понудиме можност да останат во Германија за да работат, туку да ги вратиме како амбасадори за можностите што постојат овде во однос на економските активности. Се работи за можностите за отворање на производство овде во оваа земја. Поврзување на нашите две стопанства многу поблиску отколку што е случајот денес. Она што го гледаме е дека тоа навистина се случува. Некои од оние кои стажирале во Германија, сега се вработени во подружници на тие компании овде во оваа земја. Овие врски сѐ уште растат не се толку големи, но мислам дека тоа е она што јасно го гледам и оваа можност е потценета во нашиот регион, вели Шпајх.

The post Шпајх: Македонците со право се фрустрирани од ЕУ appeared first on Република.

]]>

Државниот секретар за федерални и европски прашања на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, Марк Шпајх, за „Дојче веле“ изјави дека мора да се забрза процесот на пристапување на Македонија во ЕУ и оти е разбирлива растечката фрустрација меѓу македонските граѓани за пристапувањето на државата кон Унијата, поради што Германија мора да стори нешто за да го забрза процесот.
Можете да го почувствувате тој скептицизам или таа растечка фрустрација од процесот на пристапување кон ЕУ. И да бидам искрен, има добра причина за тоа. Мислам, процесот на пристапување сега трае 20 години и сè уште нема исход, така што тоа предизвикува фрустрација. За мене е многу разбирливо, па би рекол дека најдобриот начин да се оди напред е да се забрза процесот и мислам дека тоа мора да се случи од страна на ЕУ. И очигледно знаеме дека има одредени вето играчи и целата таа многу сложена игра. Но, мислам дека тука треба да ја примениме политичката моќ и мислам дека Германија треба да игра клучна улога овде во надминувањето на тие пречки. Единствениот начин да се спречи таа фрустрација е да се стави крај на процесот на пристапување, а крај за мене значи членство, вели Шпајх во разговор за ДВ на македонски јазик.
Шпајх неделава беше во дводневна посета на Скопје и имаше средби со највисоките политички и економски претставници, се сретна и со група млади новинари кои учествуваат во проект за борба против дезинформации финансиран од владата на Северна Рајна Вестфалија. Тој вели дека Германија нуди бројни можности за младите од Македонија, но фокусот притоа е да не се поттикнува „одлив на мозоци“.
Ние нудиме пракса во компании во Германија, но не за да им понудиме можност да останат во Германија за да работат, туку да ги вратиме како амбасадори за можностите што постојат овде во однос на економските активности. Се работи за можностите за отворање на производство овде во оваа земја. Поврзување на нашите две стопанства многу поблиску отколку што е случајот денес. Она што го гледаме е дека тоа навистина се случува. Некои од оние кои стажирале во Германија, сега се вработени во подружници на тие компании овде во оваа земја. Овие врски сѐ уште растат не се толку големи, но мислам дека тоа е она што јасно го гледам и оваа можност е потценета во нашиот регион, вели Шпајх.

The post Шпајх: Македонците со право се фрустрирани од ЕУ appeared first on Република.

]]>
Османи-Сарацин: Стабилни партнерски односи со Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-saracin-stabilni-partnerski-odnosi-so-germanija/ Thu, 27 Oct 2022 08:26:46 +0000 https://republika.mk/?p=566183

Берлинскиот процес несомнено продолжува да биде значаен двигател на реформските процеси во нашиот Регион, истакнал министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната средба со Мануел Сарацин, специјален претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан.

Како што соопштија од МНР, тој изразил големо задоволство од позитивниот исход од министерскиот состанок во рамки на Берлинскиот процес одржан минатата недела и усвоената Декларација за имплементација на заедничкиот регионален пазар и најавеното потпишување на договорите за признавање на академски квалификации/дипломи, професионални квалификации и патување со лични карти во Регионот на самитот, што треба да се одржи на 3 ноември, во Берлин.

Османи изразил благодарност за недвосмислената поддршка на Германија за евроинтегративниот процес на Македонија и брифирал за тековниот скрининг, како особено значајна фаза во процесот на пристапните преговори со Европската Унија.

За време на средбата, двајцата соговорници изразиле задоволство од интензивната динамика на политички дијалог меѓу двете држави, која значи градење силни и стабилни партнерски односи со Германија.

Фактот дека Германија е наш најголем политички и економски партнер е само уште една потврда за германската посветеност и интерес за присуство во Регионот, нагласил шефот на дипломатијата Османи.

Двајцата соговорници ја истакнале важната улога на НАТО во зачувување на европската и светска безбедност во дадениот нестабилен геополитички контекст, како и важната улога на Македонија како земја претседавач на ОБСЕ во 2023 година.

The post Османи-Сарацин: Стабилни партнерски односи со Германија appeared first on Република.

]]>

Берлинскиот процес несомнено продолжува да биде значаен двигател на реформските процеси во нашиот Регион, истакнал министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната средба со Мануел Сарацин, специјален претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан. Како што соопштија од МНР, тој изразил големо задоволство од позитивниот исход од министерскиот состанок во рамки на Берлинскиот процес одржан минатата недела и усвоената Декларација за имплементација на заедничкиот регионален пазар и најавеното потпишување на договорите за признавање на академски квалификации/дипломи, професионални квалификации и патување со лични карти во Регионот на самитот, што треба да се одржи на 3 ноември, во Берлин. Османи изразил благодарност за недвосмислената поддршка на Германија за евроинтегративниот процес на Македонија и брифирал за тековниот скрининг, како особено значајна фаза во процесот на пристапните преговори со Европската Унија. За време на средбата, двајцата соговорници изразиле задоволство од интензивната динамика на политички дијалог меѓу двете држави, која значи градење силни и стабилни партнерски односи со Германија.
Фактот дека Германија е наш најголем политички и економски партнер е само уште една потврда за германската посветеност и интерес за присуство во Регионот, нагласил шефот на дипломатијата Османи.
Двајцата соговорници ја истакнале важната улога на НАТО во зачувување на европската и светска безбедност во дадениот нестабилен геополитички контекст, како и важната улога на Македонија како земја претседавач на ОБСЕ во 2023 година.

The post Османи-Сарацин: Стабилни партнерски односи со Германија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на средба со Шутц и Штохр: Македонија заслужува преговори, независно од сите неуспеси на сегашната Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-na-sredba-so-shutc-i-shtohr-makedonija-zasluzuva-pregovori-nezavisno-od-site-neuspesi-na-segashnata-vlada/ Fri, 25 Mar 2022 12:17:11 +0000 https://republika.mk/?p=478370

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски, денеска се сретна со претставниците на германското Министерство за надворешни работи, Сузане Шутц, директор за југо-источна Европа и Сабине Штохр, одговорна за ЕУ проширување.

На средбата се заблагодарив за поддршката на Германија кон македонските евроинтеграции, и потенцирав дека заслужуваме да ги отпочнеме преговорите за пристапување кон ЕУ, независно од сите неуспеси на сегашната Влада, рече Мицкоски.

The post Мицкоски на средба со Шутц и Штохр: Македонија заслужува преговори, независно од сите неуспеси на сегашната Влада appeared first on Република.