македонија - франција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-francija/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Sep 2024 12:31:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонија - франција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-francija/ 32 32 Средба на министерот Николоски со новоименуваниот француски амбасадор, Кристоф Ле Риголер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-ministerot-nikoloski-so-novoimenuvaniot-frantsuski-ambasador-kristof-le-rigoler/ Mon, 16 Sep 2024 12:31:39 +0000 https://republika.mk/?p=816784

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска остварил работна средба со новоименуваниот амбасадорот на Франција во Македонија, Кристоф Ле Риголер.

Како што соопштија од Министерството за транспорт, на средбата биле разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со посебен акцент на билатералните односи меѓу двете земји.

Министерот Николоски ја истакнал добрата соработка со Франција, нагласувајќи ја поддршката што ја овозможува Франција во реализација на стратешките цели на земјава. Тој го запознал амбасадорот со владината програма и инвестициите во инфраструктурата, особено во делот на железничките и патните коридори.

Двајцата разговараа и за реформите што се спроведуваат како дел од евро интегративниот процес на државата. Министерот на новименуваниот амбасадаор Ле Риголер му посака успешна дипломатска работа во земјава, притоа изрази благодарност за сегашната соработка нагласувајќи ја потребата од интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји, соопштија од Министерството за транспорт.

The post Средба на министерот Николоски со новоименуваниот француски амбасадор, Кристоф Ле Риголер appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска остварил работна средба со новоименуваниот амбасадорот на Франција во Македонија, Кристоф Ле Риголер. Како што соопштија од Министерството за транспорт, на средбата биле разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со посебен акцент на билатералните односи меѓу двете земји. Министерот Николоски ја истакнал добрата соработка со Франција, нагласувајќи ја поддршката што ја овозможува Франција во реализација на стратешките цели на земјава. Тој го запознал амбасадорот со владината програма и инвестициите во инфраструктурата, особено во делот на железничките и патните коридори.
Двајцата разговараа и за реформите што се спроведуваат како дел од евро интегративниот процес на државата. Министерот на новименуваниот амбасадаор Ле Риголер му посака успешна дипломатска работа во земјава, притоа изрази благодарност за сегашната соработка нагласувајќи ја потребата од интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји, соопштија од Министерството за транспорт.

The post Средба на министерот Николоски со новоименуваниот француски амбасадор, Кристоф Ле Риголер appeared first on Република.

]]>
Средба на претседателката Сиљановска Давкова со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-pretsedatelkata-silanovska-davkova-so-frantsuskiot-ambasador-siril-bomgartner/ Mon, 03 Jun 2024 14:29:39 +0000 https://republika.mk/?p=784432

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Француската Република, Сирил Бомгартнер. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, што се карактеризираат со традиционално пријателство, отворен и конструктивен дијалог и континуирано унапредување на соработката во мноштво сфери од заемен интерес, информираат од нејзиниот кабинет.

На средбата се разговарало за македонските аспирации за членство во Европската Унија, како стратешки приоритет на државата. Во тој контекст претседателката Сиљановска Давкова истакнала дека поддршката од страна на нашите пријатели и партнери во ЕУ, вклучувајќи ја и Франција, за нас е високо ценета и значајна.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази очекување за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, преку враќање на вербата во мериторниот процес на интеграција, со фокус на исполнување на копенхагенските критериуми. Таа изрази надеж дека историските прашања, стари и по сто години, нема да го преземат приматот на реформите кои се главен национален приоритет и воедно изрази очекување за подлабока соработка со Француската петта република за примена на француските искуства во развојот на демократијата, се вели во соопштението.

Во контекст на владеење на правото, како прв и најважен критериум од Копенхаген, претседателката ги посочила актуелните внатрешни предизвици врзани за нарушениот уставен принцип на поделба на власта без која нема парламентарна демократија.

The post Средба на претседателката Сиљановска Давкова со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Француската Република, Сирил Бомгартнер. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, што се карактеризираат со традиционално пријателство, отворен и конструктивен дијалог и континуирано унапредување на соработката во мноштво сфери од заемен интерес, информираат од нејзиниот кабинет. На средбата се разговарало за македонските аспирации за членство во Европската Унија, како стратешки приоритет на државата. Во тој контекст претседателката Сиљановска Давкова истакнала дека поддршката од страна на нашите пријатели и партнери во ЕУ, вклучувајќи ја и Франција, за нас е високо ценета и значајна.
Претседателката Сиљановска Давкова изрази очекување за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, преку враќање на вербата во мериторниот процес на интеграција, со фокус на исполнување на копенхагенските критериуми. Таа изрази надеж дека историските прашања, стари и по сто години, нема да го преземат приматот на реформите кои се главен национален приоритет и воедно изрази очекување за подлабока соработка со Француската петта република за примена на француските искуства во развојот на демократијата, се вели во соопштението.
Во контекст на владеење на правото, како прв и најважен критериум од Копенхаген, претседателката ги посочила актуелните внатрешни предизвици врзани за нарушениот уставен принцип на поделба на власта без која нема парламентарна демократија.

The post Средба на претседателката Сиљановска Давкова со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер appeared first on Република.

]]>
Македонските ракометарки поразени од Франција на стартот на ЕП 2022 https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/makedonskite-rakometarki-porazeni-od-francija-na-startot-na-ep-2022/ Sat, 05 Nov 2022 18:43:03 +0000 https://republika.mk/?p=570151

Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Франција со 14:24 во својот прв настап на Европското првенство 2022.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски, натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ го почнаа лошо и по 15 минути имаа негатива од 0:5. На првиот наш гол се чекаше 16. минута кога погоди Јована Кипријановска. Во 21. минута македонската репрезентација се доближи на 3:6, но повторно следуваа пет врзани гола на Французинките за највисоки +8 во првото полувреме (3:11). На паузата се отиде со резултат 5:12.

Франција која пред средбата важеше за апсолутен фаворит слично го почна и второто полувреме. Со серија од 3:0 за првпат стигна до двоцифрена предност (5:15). Оваа разлика им овозможи на гостинките со рутинирана игра да дојдат до сигурна победа.

Најефикасна во македонскиот состав воедно и натпреварот беше Моника Јанеска со пет голови.

„Црвено-жолтите“ бодрени од околу 3.000 гледачи вечерва не успеаја да направат изненадување, па шансата за први бодови ќе ја бараат в понеделник против Холандија.

Холанѓанките во терминот од 20:30 часот, исто така во „Борис Трајковски“ ќе играат со  Романија по што ќе се комплетира првото коло во Ц-групата на Еуро 2022.

The post Македонските ракометарки поразени од Франција на стартот на ЕП 2022 appeared first on Република.

]]>

Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Франција со 14:24 во својот прв настап на Европското првенство 2022. Избраничките на селекторот Љубомир Савевски, натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ го почнаа лошо и по 15 минути имаа негатива од 0:5. На првиот наш гол се чекаше 16. минута кога погоди Јована Кипријановска. Во 21. минута македонската репрезентација се доближи на 3:6, но повторно следуваа пет врзани гола на Французинките за највисоки +8 во првото полувреме (3:11). На паузата се отиде со резултат 5:12. Франција која пред средбата важеше за апсолутен фаворит слично го почна и второто полувреме. Со серија од 3:0 за првпат стигна до двоцифрена предност (5:15). Оваа разлика им овозможи на гостинките со рутинирана игра да дојдат до сигурна победа. Најефикасна во македонскиот состав воедно и натпреварот беше Моника Јанеска со пет голови. „Црвено-жолтите“ бодрени од околу 3.000 гледачи вечерва не успеаја да направат изненадување, па шансата за први бодови ќе ја бараат в понеделник против Холандија. Холанѓанките во терминот од 20:30 часот, исто така во „Борис Трајковски“ ќе играат со  Романија по што ќе се комплетира првото коло во Ц-групата на Еуро 2022.

The post Македонските ракометарки поразени од Франција на стартот на ЕП 2022 appeared first on Република.

]]>
Ковачевски до Макрон: Со нетрпение очекувам да работиме заедно во интерес на двете земји https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-do-makron-so-netrpenie-ochekuvam-da-rabotime-zaedno-vo-interes-na-dvete-zemji/ Mon, 25 Apr 2022 08:20:29 +0000 https://republika.mk/?p=493263

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски му ја честиташе изборната победата на Емануел Макрон на вчерашните претседателски избори во Франција. Порача дека ова е победа за Франција и за ЕУ.

Ова е победа за Франција и за ЕУ. Претстојат многу предизвици и со нетрпение очекувам да работиме заедно во интерес и на Франција и на СМакедонија. Во интерес на иднината на Европа, сподели Ковачевски на Твитер.

The post Ковачевски до Макрон: Со нетрпение очекувам да работиме заедно во интерес на двете земји appeared first on Република.