Македонија - ЕУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-eu/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Jul 2024 08:42:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонија - ЕУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-eu/ 32 32 Гир: Оваа влада напредува позитивно, но во ЕУ нема волја за нова преговарачка рамка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gir-ovaa-vlada-napreduva-pozitivno-no-vo-eu-nema-volja-za-nova-pregovarachka-ramka/ Sun, 28 Jul 2024 08:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=800953

Евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за „Радио Слободна Европа“ изјави дека се сомнева оти оваа влада може да постигне подобар договор и дека не гледа апетит Брисел одново да разгледува нова преговарачка рамка за членството на Македонија во ЕУ.

Ја поздравуваме посветеноста на Владата кон ЕУ, и веќе видовме добар напредок. Оваа влада напредува позитивно, а во однос на уставните амандмани, имаме решение на маса. Дали оваа влада може да постигне подобар договор? Се сомневам… Не гледам апетит Брисел одново да разгледува нова преговарачка рамка. И би било добро да напредуваме кон ова решение, рече Гир.

Тој напомена дека владата мора да работи на подобрување на судството.

The post Гир: Оваа влада напредува позитивно, но во ЕУ нема волја за нова преговарачка рамка appeared first on Република.

]]>

Унгарија ќе се обиде да почне конкретни преговори со новата, силно ориентирана кон интеграција влада на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ungarija-ke-se-obide-da-pochne-konkretni-pregovori-so-novata-silno-orientirana-kon-integratsija-vlada-na-makedonija/ Thu, 27 Jun 2024 12:33:52 +0000 https://republika.mk/?p=791279

Унгарија ќе се обиде да започне „конкретни преговори со новата, силно ориентирана кон интеграција влада на Македонија“, изјави денескаминистерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто на конференцијата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во Париз.

За време на нејзиното претседавање со ЕУ, кое ќе започне на 1 јули, Унгарија ќе одржи меѓувладини преговори со сите пет кандидати за членство од Западен Балкан.

Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е „економски, како и политички и безбедносен интерес на Унгарија. Унгарските инвестиции во регионот достигнаа 2,5 милијарди евра, трговијата се зголеми за четири пати повеќе од 7 милијарди евра од 2010 година, рече тој.

Унгарија, исто така, помага со испраќање експерти и обука на официјални лица за да им помогнат полесно да се движат во „комплицираниот процес на пристапување“, додаде тој.

Сијарто изјави дека Централна Европа и Западен Балкан можат да бидат „мост“ меѓу Истокот и Западот, што е многу потребно „за враќање на соработката Исток-Запад заснована на меѓусебно почитување и може да го покаже излезот од сегашниот турбулентен кризен период.”

Унгарија е подготвена да ја преземе таа улога и да ги поддржи земјите од Западен Балкан во тоа, изјави унгарскиот министер за надворешни работи.

The post Унгарија ќе се обиде да почне конкретни преговори со новата, силно ориентирана кон интеграција влада на Македонија appeared first on Република.

]]>

Унгарија ќе се обиде да започне „конкретни преговори со новата, силно ориентирана кон интеграција влада на Македонија“, изјави денескаминистерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто на конференцијата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во Париз. За време на нејзиното претседавање со ЕУ, кое ќе започне на 1 јули, Унгарија ќе одржи меѓувладини преговори со сите пет кандидати за членство од Западен Балкан.
Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е „економски, како и политички и безбедносен интерес на Унгарија. Унгарските инвестиции во регионот достигнаа 2,5 милијарди евра, трговијата се зголеми за четири пати повеќе од 7 милијарди евра од 2010 година, рече тој.
Унгарија, исто така, помага со испраќање експерти и обука на официјални лица за да им помогнат полесно да се движат во „комплицираниот процес на пристапување“, додаде тој. Сијарто изјави дека Централна Европа и Западен Балкан можат да бидат „мост“ меѓу Истокот и Западот, што е многу потребно „за враќање на соработката Исток-Запад заснована на меѓусебно почитување и може да го покаже излезот од сегашниот турбулентен кризен период.” Унгарија е подготвена да ја преземе таа улога и да ги поддржи земјите од Западен Балкан во тоа, изјави унгарскиот министер за надворешни работи.  

The post Унгарија ќе се обиде да почне конкретни преговори со новата, силно ориентирана кон интеграција влада на Македонија appeared first on Република.

]]>
Гарсија: Во преговорите може да има пречки и од други земји https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/garsija-vo-pregovorite-mozhe-da-ima-prechki-i-od-drugi-zemji/ Sun, 24 Dec 2023 13:26:24 +0000 https://republika.mk/?p=726160

Шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија во неделното интервју за РСЕ вели дека ја поддржуваат земјава да се интегрира во ЕУ, но можни се и други пречки.

Тој не ја исклучува можноста дека во процесот на преговори може да се отворат и други барања од други земји членки, дури и доколку бидат усвоени уставните измени, од кои зависи одржувањето на Втората меѓувладина конференција. За проширувањето, амбасадорот вели дека е важно дали ЕУ е подготвена, но и земјите дали се подготвени.

„Дали чашата е полуполна или полупразна, зависи дали си власт или опозиција“, рече амбасадорот за извештајот на ЕК за Македонија.

Тој спомена дека се важни и реформите.

The post Гарсија: Во преговорите може да има пречки и од други земји appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија во неделното интервју за РСЕ вели дека ја поддржуваат земјава да се интегрира во ЕУ, но можни се и други пречки. Тој не ја исклучува можноста дека во процесот на преговори може да се отворат и други барања од други земји членки, дури и доколку бидат усвоени уставните измени, од кои зависи одржувањето на Втората меѓувладина конференција. За проширувањето, амбасадорот вели дека е важно дали ЕУ е подготвена, но и земјите дали се подготвени.
„Дали чашата е полуполна или полупразна, зависи дали си власт или опозиција“, рече амбасадорот за извештајот на ЕК за Македонија.
Тој спомена дека се важни и реформите.

The post Гарсија: Во преговорите може да има пречки и од други земји appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Се создава перцепција дека ЕУ нè мами https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-se-sozdava-pertseptsija-deka-eu-ne-mami/ Thu, 21 Dec 2023 21:00:33 +0000 https://republika.mk/?p=725464

Се плашам дека во целиот регион и кај нас се создава перцепција дека Европската Унија нè мами. Како да им се објасни на македонските граѓани дека за пристапувањето во ЕУ се оценува според т.н. мерит систем, односно напредуваш ако ги исполниш критериумите, кога тоа не се случува, изјави претсeдателот Стево Пендаровски во емисјата „Само интервју“ на ТВ Канал 5, прашан за македонската евроинтеграција и последниот Самит на ЕУ на кој беше донесена одлука за доделување кандидатски статус на Украина и на Молдавија.

- Велат тие што заслужуваат напредуваат, ама се гледа дека не непредуваат. Ние сменивме име на државата, клучните европски лидери во 2018 преку видеопораки велеа - уште ова и почнувате преговори. Во меѓувреме имаше уште три-четири услови кои немаа врска со Бугарија, новата методологија што ја предложи Франција, чекавме германскиот Бундестаг осум месеци да го види и да каже „да“,..., истакна Пендаровски.

За празното столче на унгарскиот премиер Виктор Орбан кога се одлучуваше за Украина и зошто тоа не можело да биде направено и со бугарскиот претседател Румен Радев кога се решавало за нас, шефот на државата рече дека европските лидери тоа тогаш не сакале да го направат.  - Сила Бога не моли, а ние сме мала земја, кажа Пендаровски.

Во врска со бугарските барања, одбивањето на опозицијата да прифати уставни измени и тврдењата дека е можна нова преговарачка рамка со ЕУ и гаранции од Софија дека ќе нема нови блокади, Пендаровски вели таквите изјави се даваат од политикантски причини. Според него, внесувањето на Бугарите во Уставот е единствен услов за продолжување на преговорите со ЕУ.

- Од сите грозни предлози на Бугарија контра македонскиот идентитет, остана само ставање на Бугарите во Уставот. Тие што тврдат дека ќе има нова преговарачка рамка или гаранции дека ќе нема нови блокади, тоа го говорат од политикантски причини. Барањата на Бугарија беа анахрони и надвор од реалноста. Софија не се откажала од тој наратив, но ги потроши своите кредити и од Брисел им кажаа - заборавете на другите барања, само Бугари во Устав. Ние ќе станеме членка не ЕУ тогаш кога тоа ќе го одобрат големите сили. Но, кога ќе станеме членки сигурно нема да го преземеме бугарскиот историски наратив како наша историја. Тоа не е предуслов, изјави претседателот Стево Пендаровски.са/

The post Пендаровски: Се создава перцепција дека ЕУ нè мами appeared first on Република.

]]>

Се плашам дека во целиот регион и кај нас се создава перцепција дека Европската Унија нè мами. Како да им се објасни на македонските граѓани дека за пристапувањето во ЕУ се оценува според т.н. мерит систем, односно напредуваш ако ги исполниш критериумите, кога тоа не се случува, изјави претсeдателот Стево Пендаровски во емисјата „Само интервју“ на ТВ Канал 5, прашан за македонската евроинтеграција и последниот Самит на ЕУ на кој беше донесена одлука за доделување кандидатски статус на Украина и на Молдавија.
- Велат тие што заслужуваат напредуваат, ама се гледа дека не непредуваат. Ние сменивме име на државата, клучните европски лидери во 2018 преку видеопораки велеа - уште ова и почнувате преговори. Во меѓувреме имаше уште три-четири услови кои немаа врска со Бугарија, новата методологија што ја предложи Франција, чекавме германскиот Бундестаг осум месеци да го види и да каже „да“,..., истакна Пендаровски.
За празното столче на унгарскиот премиер Виктор Орбан кога се одлучуваше за Украина и зошто тоа не можело да биде направено и со бугарскиот претседател Румен Радев кога се решавало за нас, шефот на државата рече дека европските лидери тоа тогаш не сакале да го направат.  - Сила Бога не моли, а ние сме мала земја, кажа Пендаровски. Во врска со бугарските барања, одбивањето на опозицијата да прифати уставни измени и тврдењата дека е можна нова преговарачка рамка со ЕУ и гаранции од Софија дека ќе нема нови блокади, Пендаровски вели таквите изјави се даваат од политикантски причини. Според него, внесувањето на Бугарите во Уставот е единствен услов за продолжување на преговорите со ЕУ.
- Од сите грозни предлози на Бугарија контра македонскиот идентитет, остана само ставање на Бугарите во Уставот. Тие што тврдат дека ќе има нова преговарачка рамка или гаранции дека ќе нема нови блокади, тоа го говорат од политикантски причини. Барањата на Бугарија беа анахрони и надвор од реалноста. Софија не се откажала од тој наратив, но ги потроши своите кредити и од Брисел им кажаа - заборавете на другите барања, само Бугари во Устав. Ние ќе станеме членка не ЕУ тогаш кога тоа ќе го одобрат големите сили. Но, кога ќе станеме членки сигурно нема да го преземеме бугарскиот историски наратив како наша историја. Тоа не е предуслов, изјави претседателот Стево Пендаровски.са/

The post Пендаровски: Се создава перцепција дека ЕУ нè мами appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Нека го тргнат билатералниот спор со Бугарија од преговарачката рамка за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-neka-go-trgnat-bilateralniot-spor-so-bugarija-od-pregovarachkata-ramka-za-makedonija/ Thu, 29 Jun 2023 17:40:04 +0000 https://republika.mk/?p=656641

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Само интервју“ на канал 5 истакна дека во ред се убавите зборови кои доаѓаат од политичари од Европската Унија, но ако толку навистина добро ни мислат нека го тргнат билатералниот спор со Бугарија од преговаачката рамка за Македонија.

Мицкоски за изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц посочи дека вакви убави зборови и вакви шармирања гледаме повеќе од две децении откако почна нашиот пат кон ЕУ со потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација  или повеќе од три децении откако сме независна држава, но секогаш од нас се бараат отстапки.

Секогаш во име на таа иднина ние правевме некакви отстапки и секогаш сме ние тие кои како народ, држава, политичари треба да прифатиме, да дадеме нешто во име на таа европска иднина. Тезата дека канцеларот Шолц, поентата му е дека не сака нови барања, верувам дека не сака, верувам и дека Борел не сака, но знам кој сака, а тие се јавија неколку дена претходно, Јотова и Радев кои кажаа дека ова е само отворање на вратата на проблемите , а потоа има уште многу проблеми кои се прифатени, а кои се дел од Договорот и протоколот, рече Мицкоски.

Мицкоски изјави дека за да бидат македонските граѓани убедени во убавите зборови од ЕУ, Европскиот совет на следниот состанок нека донесе нов заклучок во кој ќе ја тргнат нацрт-работната верзија на преговарачката рамка, бидејќи уште не е презентирана, оној дел каде што стои билатералниот договор со Софија.

Бидејќи ниту еден кандидат за земја членка во ЕУ, таков услов немал.  Да останеа Копенхагеншките критериуми, чуму имаше потреба да се става и билатералниот договор, ако навистина никој нема проблем со македонскиот идентитет, јазик? Правилото во ЕУ е правило на едногласност и се додека постои имаме право да се сомневаме на добрите намери од Софија, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Нека го тргнат билатералниот спор со Бугарија од преговарачката рамка за Македонија appeared first on Република.

Иако Германија е подготвена да донесе Резолуција за поддршка на Македонија, проблемот останува, а тоа е Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/iako-germanija-e-podgotvena-da-donese-rezolutsija-za-poddrshka-na-makedonija-problemot-ostanuva-a-toa-e-bugarija/ Wed, 14 Jun 2023 10:18:07 +0000 https://republika.mk/?p=651188

Само една недела откако лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на лидерската средба понуди два предлози до премиерот Димитар Ковачевски со кои ќе се обезбеди гаранција на националниот идентитет и јазик на државата, Сојузна Република Германија е првата земја која најави носење на Резолуција за поддршка на зачленувањето на Македонија во ЕУ, на македонски јазик и македонскиот идентитет.

За Резолуцијата „Активно поддржете ја Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“, предложена од владејачката парламентарна група на СПД, Зелените и ФДП, треба да се расправа в четврток во германскиот Бундестаг.

Оваа поддршка на македонскиот јазик и идентитет е само еден документ кој се очекува да се донесе од страна на другите земји одделно.

Потегот на Сојузна Германија го поздрави актуелниот пратеник во македонскиот парламент и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, но потсети и на една ваква резолуција уште од 2004 година која иако била донесена не била обврзувачка.

Резолуцијата беше многу добра и со истата се бараше почитување на уставното име како еден од националните симболи на секоја суверена држава. Но, резолуцијата не беше обврзувачка за владата на официјален Берлин и нејзината примена никогаш не се случи, изјави Милошоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/na-zapad-nishto-novo-komentira-miloshoski-za-bundestagot-koj-ke-glasa-rezolutsija-za-poddrshka-na-chlenstvoto-na-makedonija-vo-eu/

И Мицкоски ја поздрави резолуцијата, но смета дека Македонија никогаш немала проблем со Германија во однос на оспорување на македонскиот идентитет и јазик, туку, како што рече, треба да се донесат гаранции од сите 27 земји-членки на ЕУ, вклучително и Бугарија, која најавува дека уставните измени нема да бидат нејзиното последно барање.

Ние не го правиме ова за да влеземе во заедница со таа земја-членка што ќе ги донесе тие гаранции. Зборуваме за процес на членство на Македонија во рамките на Европската Унија, затоа ние сме многу внимателни кога зборуваме за гаранции, за потврда од страна на европските институции. Инаку, секоја ваква иницијатива е добредојдена и ја поздравуваме. Ви благодариме за поддршката, но ние никогаш не сме имале проблем со официјален Берлин околу нашиот идентитет, јазик итн. Исто како што немавме никаков проблем да бидеме стратешки партнери со Соединетите Американски Држави, со Турција кога добивме вето на Самитот (на НАТО) во Букурешт во 2008 година. Па, години потоа знаете што се случи. Така што, сите овие обиди се добредојдени, но нашата амбиција не е да влеземе во заедница со Сојузна Република Германија, рече Мицкоски во гостување во Тема на денот во централниот дневник на телевизија Сител.

Проблемот со соседна Бугарија и понатаму останува, доколку владата на СДСМ и ДУИ не ги прифатат предлозите на Мицкоски со кои ќе се даде гаранција за националниот идентитет и јазик.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-barame-preodna-vlada-bez-dui-ramen-teren-za-izborna-borba-i-zachuvan-identitet/

Имено, додека владата на СДСМ и Ковачевски сѐ уште прават калкулации и ја дефокусираат јавноста со испревртени изјави, Мицкоски остана конзистентен на своите изјави во минатото, а тоа е дека Македонија мора да биде дел од Европската унија, но не по цена на се и дека нема да поддржи уставни измени по бугарски диктат.

Со предлозите кои ги даде Мицкоски всушност сака да го заштити македонскиот народ и Република Македонија од уште едно национално и меѓународно понижување од страна на соседна Бугарија пред другите земји-членки на ЕУ.

The post Иако Германија е подготвена да донесе Резолуција за поддршка на Македонија, проблемот останува, а тоа е Бугарија appeared first on Република.

]]>

Само една недела откако лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на лидерската средба понуди два предлози до премиерот Димитар Ковачевски со кои ќе се обезбеди гаранција на националниот идентитет и јазик на државата, Сојузна Република Германија е првата земја која најави носење на Резолуција за поддршка на зачленувањето на Македонија во ЕУ, на македонски јазик и македонскиот идентитет. За Резолуцијата „Активно поддржете ја Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“, предложена од владејачката парламентарна група на СПД, Зелените и ФДП, треба да се расправа в четврток во германскиот Бундестаг. Оваа поддршка на македонскиот јазик и идентитет е само еден документ кој се очекува да се донесе од страна на другите земји одделно. Потегот на Сојузна Германија го поздрави актуелниот пратеник во македонскиот парламент и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, но потсети и на една ваква резолуција уште од 2004 година која иако била донесена не била обврзувачка.
Резолуцијата беше многу добра и со истата се бараше почитување на уставното име како еден од националните симболи на секоја суверена држава. Но, резолуцијата не беше обврзувачка за владата на официјален Берлин и нејзината примена никогаш не се случи, изјави Милошоски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/na-zapad-nishto-novo-komentira-miloshoski-za-bundestagot-koj-ke-glasa-rezolutsija-za-poddrshka-na-chlenstvoto-na-makedonija-vo-eu/ И Мицкоски ја поздрави резолуцијата, но смета дека Македонија никогаш немала проблем со Германија во однос на оспорување на македонскиот идентитет и јазик, туку, како што рече, треба да се донесат гаранции од сите 27 земји-членки на ЕУ, вклучително и Бугарија, која најавува дека уставните измени нема да бидат нејзиното последно барање.
Ние не го правиме ова за да влеземе во заедница со таа земја-членка што ќе ги донесе тие гаранции. Зборуваме за процес на членство на Македонија во рамките на Европската Унија, затоа ние сме многу внимателни кога зборуваме за гаранции, за потврда од страна на европските институции. Инаку, секоја ваква иницијатива е добредојдена и ја поздравуваме. Ви благодариме за поддршката, но ние никогаш не сме имале проблем со официјален Берлин околу нашиот идентитет, јазик итн. Исто како што немавме никаков проблем да бидеме стратешки партнери со Соединетите Американски Држави, со Турција кога добивме вето на Самитот (на НАТО) во Букурешт во 2008 година. Па, години потоа знаете што се случи. Така што, сите овие обиди се добредојдени, но нашата амбиција не е да влеземе во заедница со Сојузна Република Германија, рече Мицкоски во гостување во Тема на денот во централниот дневник на телевизија Сител.
Проблемот со соседна Бугарија и понатаму останува, доколку владата на СДСМ и ДУИ не ги прифатат предлозите на Мицкоски со кои ќе се даде гаранција за националниот идентитет и јазик. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-barame-preodna-vlada-bez-dui-ramen-teren-za-izborna-borba-i-zachuvan-identitet/ Имено, додека владата на СДСМ и Ковачевски сѐ уште прават калкулации и ја дефокусираат јавноста со испревртени изјави, Мицкоски остана конзистентен на своите изјави во минатото, а тоа е дека Македонија мора да биде дел од Европската унија, но не по цена на се и дека нема да поддржи уставни измени по бугарски диктат. Со предлозите кои ги даде Мицкоски всушност сака да го заштити македонскиот народ и Република Македонија од уште едно национално и меѓународно понижување од страна на соседна Бугарија пред другите земји-членки на ЕУ.

The post Иако Германија е подготвена да донесе Резолуција за поддршка на Македонија, проблемот останува, а тоа е Бугарија appeared first on Република.

]]>
Македонија да се оценува исклучиво според резултатот, без нови пречки и политички барања, бара премеирот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-da-se-otsenuva-iskluchivo-spored-rezultatot-bez-novi-prechki-i-politichki-barana-bara-premeirot/ Sat, 22 Apr 2023 07:14:51 +0000 https://republika.mk/?p=632896

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во рамките на својата работна посета на Австрија, присуствуваше и имаше предавање на Дипломатската академија Виена, во Виена Австрија, каде говореше на конференцијата на тема „Почеток на пристапни преговори со Македонија: Нова динамика во проширувањето на ЕУ“.

Премиерот, за време на предавањето, упати порака и до колегите социјалдемократи и социјалисти во рамките на мрежата на европските социјалисти, со кои, како што рече „делиме исти вредности“.

„Сакам уште еднаш, јавно да ве замолам да продолжите со поддршката за мојата земја на патот кон ЕУ. Во рамките на македонското Собрание потребен ни е потребен глас од Европа. Ќе дадеме се од себе да ги спроведеме сите реформи и сите чекори за европската иднина на земјата“, порача премиерот Ковачевски, во своето предавање кое го одржа во Дипломатската академија Виена, во Виена, Австрија.

Премиерот нагласи дека во Европската унија нѝ е потребна силна поддршка, како и во европските институции и во Европскиот парламент, со цел да не се дозволат нови околности во форма на нови политички барања.

Единствените фактори, како што потенцираше премиерот, според кои треба да се оценува Македонија се резултатите и завршените постапки за скрининг процесот и стандардите.

„Јас се заложив пред моите граѓани, пред Македонскиот парламент и пред цела Европска Унија дека ние нашата домашна задача ќе ја завршиме.

Цврсто веруваме во европската иднина за Македонија и целосно сме посветени на исполнувањето на оваа стратешка цел. Меѓутоа, таа домашна задача мора да соодветно да се верификува и потврди од Европската унија.

Долгиот пат треба да има извесен крај само врз основа на она што било постигнато. Ништо повеќе, ништо помалку.

Многу македонски генерации пораснаа чекајќи го датумот кога ќе станат дел на Европската Унија, со надеж дека ќе живеат во своја земја со европски вредности“, истакна премиерот Ковачевски, во своето предавање, додавајќи дека е време за резултати, да нема други пречки, додавки, кочења, политички барања или нови условувања.

The post Македонија да се оценува исклучиво според резултатот, без нови пречки и политички барања, бара премеирот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во рамките на својата работна посета на Австрија, присуствуваше и имаше предавање на Дипломатската академија Виена, во Виена Австрија, каде говореше на конференцијата на тема „Почеток на пристапни преговори со Македонија: Нова динамика во проширувањето на ЕУ“. Премиерот, за време на предавањето, упати порака и до колегите социјалдемократи и социјалисти во рамките на мрежата на европските социјалисти, со кои, како што рече „делиме исти вредности“.
„Сакам уште еднаш, јавно да ве замолам да продолжите со поддршката за мојата земја на патот кон ЕУ. Во рамките на македонското Собрание потребен ни е потребен глас од Европа. Ќе дадеме се од себе да ги спроведеме сите реформи и сите чекори за европската иднина на земјата“, порача премиерот Ковачевски, во своето предавање кое го одржа во Дипломатската академија Виена, во Виена, Австрија.
Премиерот нагласи дека во Европската унија нѝ е потребна силна поддршка, како и во европските институции и во Европскиот парламент, со цел да не се дозволат нови околности во форма на нови политички барања. Единствените фактори, како што потенцираше премиерот, според кои треба да се оценува Македонија се резултатите и завршените постапки за скрининг процесот и стандардите.
„Јас се заложив пред моите граѓани, пред Македонскиот парламент и пред цела Европска Унија дека ние нашата домашна задача ќе ја завршиме.
Цврсто веруваме во европската иднина за Македонија и целосно сме посветени на исполнувањето на оваа стратешка цел. Меѓутоа, таа домашна задача мора да соодветно да се верификува и потврди од Европската унија. Долгиот пат треба да има извесен крај само врз основа на она што било постигнато. Ништо повеќе, ништо помалку. Многу македонски генерации пораснаа чекајќи го датумот кога ќе станат дел на Европската Унија, со надеж дека ќе живеат во своја земја со европски вредности“, истакна премиерот Ковачевски, во своето предавање, додавајќи дека е време за резултати, да нема други пречки, додавки, кочења, политички барања или нови условувања.

The post Македонија да се оценува исклучиво според резултатот, без нови пречки и политички барања, бара премеирот appeared first on Република.

]]>
Маричиќ побара од опозицијата да се вклучи во решавање на проблемите, таа потсети на криминалот и корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-pobara-od-opozitsijata-da-se-vkluchi-vo-reshavane-na-problemite-taa-potseti-na-kriminalot-i-koruptsijata/ Mon, 03 Apr 2023 15:22:33 +0000 https://republika.mk/?p=626793

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 91. седница ја заврши расправата за Извештајот за напредокот на земјата за 2022 година.

Дебатираа главно опозициски пратеници, кои повторија дека сме добиле пониска оценка од лани, како и дека во повеќе области нема напредок, но и дека актуелната Влада не спроведува реформи. Вицепремиерот Бојан Маричиќ на седницата ги обвини пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека изнесуваат многу паушални оценки, дека во споредба со 2016 година ситуацијата е многу променета и ја повика опозицијата да се вклучи во решавање на проблемите.

Прво и основно немало ситуација во која што сум бил повикан од Собранието за точка на дневен ред, а не сум присуствувал. Тоа не е точно, кога и да требало сум бил тука и секој понеделник мојата работа почнува во Собранието. Второ, во однос на оценките мислам дека ако сакате веќе да направиме споредба како било и како е, јас минатиот пат читав делови од Извештајот. Ќе ви повторам сега пак за да се уверите и сами, рече Маричиќ.

Цитираше дел од Извештајот во 2016 година каде се споменува заробена држава и влијанието врз работата на институциите.

Значи имаме драстична ситуација од тоа што беше тогаш и од тоа што имаме денес, денес немаме вакви оценки, имаме секаде определен напредок и има многу проблеми, меѓутоа спремни сме на нив да работиме и мислам дека опозицијата треба што поскоро да се вклучи во решавањето на овие проблеми наместо само во изнесување на паушални оценки, рече Маричиќ.

Во однос на задолжувањата, има една разлика задолжувањата денеска се користат за ублажување на сите кризи и помош на граѓаните, а во време кога власт беше ВМРО-ДПМНЕ се трошеа за споменици, за непродуктивни трошоци.

Пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата и граѓаните посакуваат ваков Извештај повеќе да не се повтори, како и дека нам ни се потребни реформи.

Едно сум сигурна дека оваа Влада нема капацитет да спроведе реформи, заради тоа што после една година сите препораки кои беа дадени во извештатите вие како Влада не ги почитувате и не ги спроведувате. Посакувам позитивен извештај. Многу подобар, како тоа што беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, да се радуваме како на визна либерализација, на успеси а не на падови. Народот заслужува многу подобар живот, кој што вие не го донесовте, а палевте, уништувавте по државата. Не поместивте ни камче, не заковавте ни шајка, единствено што донесовте е само висок степен на корупција и криминал. Ќе има одговорност за се, ќе си одговарате, рече Петрушевска.

Маричиќ одговори на обвинувњата посочувајќи дека Петрушевска учествувала „во изгубената декада на евроинтеграции на ВМРО-ДПМНЕ“.  

Да се извинам јас на ВМРО-ДПМНЕ? Вие треба да се извините и како партија и како пратеник затоа што кога отворивме дијалог во ова Собрание вие свиревте со музели, го палевте овде на оваа говорница францускиот предлог, го киневте секој говорник поединечно и не дозволувавте да се развие дискусија. Јас знам дека не ви одговара оваа дебата, ама мора да ја направиме, рече Маричиќ.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ треба да се извини за 11-те изгубени години, за двете замрзнати препораки, што не раздвоија и од Србија и од Црна Гора, и од Хрватска и од сите држави коишто преговараа заедно со нас, а денес се веќе далеку пред нас.

Далеку се пред нас затоа што вие решивте да градите споменици на безнадежности, споменици како Ќосето што сакате и денес да го вратите на место. Фала богу тоа нема да ви успее затоа што тоа се споменици на вашата изгубена деценија во која што немавте ниту еден успех на полето на евроинтеграциите. Напротив, имавме замрзнати препораки, имавме специјален извештај на Прибе заради заробената држава и имавме политичка криза од која што не можевме две години да излеземе, рече Маричиќ.  

Министрите на ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа, ги нарекувале во Брисел „министри за дезинтеграции“, наместо министер за интеграции.

Треба да признаете дека таа изгубена декада се уште не можеме да ја надоместиме колку и да направиме, рече Маричиќ додавајќи дека наместо вакви празни говори пратениците треба да разговараат како да ги направат реформите подобро. 

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова од ВМРО -ДПМНЕ рече дека ако во 2009 година просечната оценка е 2,52 во 2022 била 1,61.

Не велам дека грешката е само наша. Мислам дека во прашање е најдолгиот евроинтеграциски маратон и многубројните извештаи се отуство на стратегија за Западен Балкан, рече Силјановска Давкова.

Единствена петка во овој Извештај, вели таа, е онаа за безбедноста и надворешната политика. ЕУ си ја оценува својата работа, посочува пратеничката Силјановска Давкова, а се однесува и на нашето учество во НАТО и ставовите за војната во Украина. Пратеничката забележа дека продолжува дипломатскиот езопов јазик на ЕК и во скринингот да не одржи во евроинтеграциска кондиција.

Силјановска Давкова исто така побара до собраниската матична комисија да се достави инфомација за скринингот од ЕУ.

Опозициските пратеници, освен за Извештајот зборуваа и за актуелните состојби во одредени области посебно во правосудството, за криминал и корупција. Во однос на работата на Собранието, посочија дека повторно се носат голем број закони по скратена постапка, но и со злоупотреба на европското знаменце, не се спроведува надзорната расправа.

Лидија Тасевска од СДСМ релицираше дека пратениците од опозицијата заборавиле да кажат дека Македонија добила позитивен извештај, дека во документ стои дека имаме одржливи реформи, како и дека најдобро стоиме во кластерот фундаментални вредност, ресурси...

Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ во текот на следните денови ќе го анализира новиот предлог закон за јавно обвинителство, а во текот на следната недела се очекува да биде договорен термин за средба

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека оценката за подготвеноста во повеќе кластери во овој Извештај е претежно иста како минатата година освен на делот за заедничката надворешна политика. Се осврна на, како што рече, речникот на ЕК за Собранието посочувајќи дека Извештајот е покритичен и дека досега има најниска оценка од ЕК.

Тоа е загрижувачки за парламентарното мнозинство за одговорноста што ја има во Собранието, рече Милошоски.

За Собранието, рече тој, има укажување да не учествува во именување или избор на лица врз политичка основа како уставни судии, да се обезбеди ефикасност со постојните закони, а не да се носат ад-хок решенија.

Во однос на другите институции, посочи на укажувањето за реформи навреме пред изборите и внимателност во двојазичноста во судските постапки.

Собранието ќе продолжи со работа во 15 и 30 часот со 100. седница.

На дневен ред на 100-та седница, меѓу другото е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административните такси, по скратена постапка. На 103-та седница на дневен ред се предлог-законите за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка, како и за изменување и дополнување на Законот за стоковните резерви.

За денеска е закажана и 106-та седница, на која на дневен ред е Предлогот за избор на судија на Уставниот суд на Република Македонија, како и други точки, меѓу кои, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во прво читање.

The post Маричиќ побара од опозицијата да се вклучи во решавање на проблемите, таа потсети на криминалот и корупцијата appeared first on Република.

]]>

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 91. седница ја заврши расправата за Извештајот за напредокот на земјата за 2022 година.

Дебатираа главно опозициски пратеници, кои повторија дека сме добиле пониска оценка од лани, како и дека во повеќе области нема напредок, но и дека актуелната Влада не спроведува реформи. Вицепремиерот Бојан Маричиќ на седницата ги обвини пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека изнесуваат многу паушални оценки, дека во споредба со 2016 година ситуацијата е многу променета и ја повика опозицијата да се вклучи во решавање на проблемите.

Прво и основно немало ситуација во која што сум бил повикан од Собранието за точка на дневен ред, а не сум присуствувал. Тоа не е точно, кога и да требало сум бил тука и секој понеделник мојата работа почнува во Собранието. Второ, во однос на оценките мислам дека ако сакате веќе да направиме споредба како било и како е, јас минатиот пат читав делови од Извештајот. Ќе ви повторам сега пак за да се уверите и сами, рече Маричиќ.

Цитираше дел од Извештајот во 2016 година каде се споменува заробена држава и влијанието врз работата на институциите.

Значи имаме драстична ситуација од тоа што беше тогаш и од тоа што имаме денес, денес немаме вакви оценки, имаме секаде определен напредок и има многу проблеми, меѓутоа спремни сме на нив да работиме и мислам дека опозицијата треба што поскоро да се вклучи во решавањето на овие проблеми наместо само во изнесување на паушални оценки, рече Маричиќ.

Во однос на задолжувањата, има една разлика задолжувањата денеска се користат за ублажување на сите кризи и помош на граѓаните, а во време кога власт беше ВМРО-ДПМНЕ се трошеа за споменици, за непродуктивни трошоци.

Пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата и граѓаните посакуваат ваков Извештај повеќе да не се повтори, како и дека нам ни се потребни реформи.

Едно сум сигурна дека оваа Влада нема капацитет да спроведе реформи, заради тоа што после една година сите препораки кои беа дадени во извештатите вие како Влада не ги почитувате и не ги спроведувате. Посакувам позитивен извештај. Многу подобар, како тоа што беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, да се радуваме како на визна либерализација, на успеси а не на падови. Народот заслужува многу подобар живот, кој што вие не го донесовте, а палевте, уништувавте по државата. Не поместивте ни камче, не заковавте ни шајка, единствено што донесовте е само висок степен на корупција и криминал. Ќе има одговорност за се, ќе си одговарате, рече Петрушевска.

Маричиќ одговори на обвинувњата посочувајќи дека Петрушевска учествувала „во изгубената декада на евроинтеграции на ВМРО-ДПМНЕ“.  

Да се извинам јас на ВМРО-ДПМНЕ? Вие треба да се извините и како партија и како пратеник затоа што кога отворивме дијалог во ова Собрание вие свиревте со музели, го палевте овде на оваа говорница францускиот предлог, го киневте секој говорник поединечно и не дозволувавте да се развие дискусија. Јас знам дека не ви одговара оваа дебата, ама мора да ја направиме, рече Маричиќ.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ треба да се извини за 11-те изгубени години, за двете замрзнати препораки, што не раздвоија и од Србија и од Црна Гора, и од Хрватска и од сите држави коишто преговараа заедно со нас, а денес се веќе далеку пред нас.

Далеку се пред нас затоа што вие решивте да градите споменици на безнадежности, споменици како Ќосето што сакате и денес да го вратите на место. Фала богу тоа нема да ви успее затоа што тоа се споменици на вашата изгубена деценија во која што немавте ниту еден успех на полето на евроинтеграциите. Напротив, имавме замрзнати препораки, имавме специјален извештај на Прибе заради заробената држава и имавме политичка криза од која што не можевме две години да излеземе, рече Маричиќ.  

Министрите на ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа, ги нарекувале во Брисел „министри за дезинтеграции“, наместо министер за интеграции.

Треба да признаете дека таа изгубена декада се уште не можеме да ја надоместиме колку и да направиме, рече Маричиќ додавајќи дека наместо вакви празни говори пратениците треба да разговараат како да ги направат реформите подобро. 

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова од ВМРО -ДПМНЕ рече дека ако во 2009 година просечната оценка е 2,52 во 2022 била 1,61.

Не велам дека грешката е само наша. Мислам дека во прашање е најдолгиот евроинтеграциски маратон и многубројните извештаи се отуство на стратегија за Западен Балкан, рече Силјановска Давкова.

Единствена петка во овој Извештај, вели таа, е онаа за безбедноста и надворешната политика. ЕУ си ја оценува својата работа, посочува пратеничката Силјановска Давкова, а се однесува и на нашето учество во НАТО и ставовите за војната во Украина. Пратеничката забележа дека продолжува дипломатскиот езопов јазик на ЕК и во скринингот да не одржи во евроинтеграциска кондиција.

Силјановска Давкова исто така побара до собраниската матична комисија да се достави инфомација за скринингот од ЕУ.

Опозициските пратеници, освен за Извештајот зборуваа и за актуелните состојби во одредени области посебно во правосудството, за криминал и корупција. Во однос на работата на Собранието, посочија дека повторно се носат голем број закони по скратена постапка, но и со злоупотреба на европското знаменце, не се спроведува надзорната расправа.

Лидија Тасевска од СДСМ релицираше дека пратениците од опозицијата заборавиле да кажат дека Македонија добила позитивен извештај, дека во документ стои дека имаме одржливи реформи, како и дека најдобро стоиме во кластерот фундаментални вредност, ресурси... Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ во текот на следните денови ќе го анализира новиот предлог закон за јавно обвинителство, а во текот на следната недела се очекува да биде договорен термин за средба Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека оценката за подготвеноста во повеќе кластери во овој Извештај е претежно иста како минатата година освен на делот за заедничката надворешна политика. Се осврна на, како што рече, речникот на ЕК за Собранието посочувајќи дека Извештајот е покритичен и дека досега има најниска оценка од ЕК.
Тоа е загрижувачки за парламентарното мнозинство за одговорноста што ја има во Собранието, рече Милошоски.
За Собранието, рече тој, има укажување да не учествува во именување или избор на лица врз политичка основа како уставни судии, да се обезбеди ефикасност со постојните закони, а не да се носат ад-хок решенија. Во однос на другите институции, посочи на укажувањето за реформи навреме пред изборите и внимателност во двојазичноста во судските постапки. Собранието ќе продолжи со работа во 15 и 30 часот со 100. седница. На дневен ред на 100-та седница, меѓу другото е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административните такси, по скратена постапка. На 103-та седница на дневен ред се предлог-законите за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка, како и за изменување и дополнување на Законот за стоковните резерви.

За денеска е закажана и 106-та седница, на која на дневен ред е Предлогот за избор на судија на Уставниот суд на Република Македонија, како и други точки, меѓу кои, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во прво читање.

The post Маричиќ побара од опозицијата да се вклучи во решавање на проблемите, таа потсети на криминалот и корупцијата appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Членството во ЕУ веќе не е теоретска шанса, туку реална можност и имаме шанса да ги завршиме преговорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-chlenstvoto-vo-eu-veke-ne-e-teoretska-shansa-tuku-realna-mozhnost-i-imame-shansa-da-gi-zavrshime-pregovorite/ Mon, 20 Mar 2023 21:00:33 +0000 https://republika.mk/?p=621768

Мислам дека сите политички партии се соочени со одговорноста за продолжување на патот кон ЕУ. Ние сме свесни дека ова е неправедно и дека не е идеален францускиот предлог. Така свесни и го предложивме во Собранието. Свесни сме и дека направивме премногу отстапки досега. Но исто така сме свесни дека по првпат имаме реална шанса да ги завршиме преговорите, односно да продолжиме понатаму и да го направиме тоа што не успеавме 17 години. Да ги завршиме преговорите и да станеме членка. Тоа е реална можност. Не е веќе само теоретска шанса, туку имаме реална можност и треба да ја искористиме, изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ за „Топ тема“ на ТВ Телма.

-Ние можеме да одлучиме дека ќе ги направиме уставните измени и за две години, и за три години и за пет години. Впрочем тоа беше и тема на дебата, на дискусија во текот на преговорите околу францускиот предлог. Нам ни одговараше сигурно да имаме повеќе време, или тоа да го направиме кон крајот на преговорите. Но, тоа не можеше како план да помине ниту во Бугарија, ниту генерално да биде прифатено. Затоа сме во оваа ситуација сега, оцени Маричиќ.

Според него, ЕУ да ја пропушти шансата што ја има за регионот, за оваа година.

-Потенцирам за оваа година, затоа што мислам дека нема во јавноста доволно смисла за ургентноста на задачите што ги имаме затоа што наредната година веќе во мај има избори за Европски парламент, и потоа има еден процес од неколку месеци за избор на нова Европска комисија, избор на претседател на Европскиот совет, идната година ќе биде посветена на избори. Од друга страна, слушаме дека има сериозни политички структури и во ЕК и во ЕП и кај државите членки, кои ќе инсистираат за отворање на преговорите за Украина и Молдавија во догледно време, до европските избори, рече Маричиќ.

Тоа, како што рече тој, значи дека ние немаме време за губење, тоа значи дека веќе не е ситуацијата како претходно, кога можевме да префрлиме од една во друга година.

-Оваа ситуација не е таа. Таа обврска нема да ни замине. Ние можеме да решиме и да не го правиме тоа, да чекаме избори.Имаме два паралелни процеси, едниот е процесот на скрининг, другиот на уставни измени. Ние мора да ги завршиме двата процеси, ако сакаме на крајот од оваа година да поентираме и да преминеме на наредна фаза, потенцира Маричиќ.

The post Маричиќ: Членството во ЕУ веќе не е теоретска шанса, туку реална можност и имаме шанса да ги завршиме преговорите appeared first on Република.

Прв состанок на Советот за стабилизација и асоцијација ЕУ – Македонија во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prv-sostanok-na-sovetot-za-stabilizatsija-i-asotsijatsija-eu-severna-makedonija-vo-skopje/ Fri, 17 Mar 2023 07:45:36 +0000 https://republika.mk/?p=620534

 Во Скопје денеска ќе се одржи 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Македонија со кој ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски.

На состанокот ќе учествуваат и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, како и претставници на земјите членки на Европската Унија и европските институции.

Состаноците на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу земјава и Европската Унија досега се одржуваа во Брисел, а ова е првпат вакво заседание да се одржи во Скопје, што од македонска страна се оценува како „одличен сигнал сам по себе“.

Според најавите, нa состанокот ќе се разговара за статусот на реформите, напредокот во евроинтеграциите и за билатералните односи во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Покрај учеството на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација, предвидено е Борел денеска да се сретне и со шефот на државата Стево Пендаровски, со министерката за одбрана Славјанка Петровска, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и со собраниските потпретседатели, координаторите на пратеничките групи и претседателите на Националниот совет за евроинтеграции и на собраниската Комисија за европски прашања.

Борел и Вархеји во земјава пристигнаа вчера доцна попладне од Тирана, каде претходно во текот на денот присуствуваа на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација ЕУ-Албанија. На скопскиот аеродром двајцата високи претставници на ЕУ беа пречекани од вицепремиерот Маричиќ, кој во објава на Фејсбук напиша дека државите од Западен Балкан треба да ја искористат политичка поддршка што ја имаат од ЕУ за да ги загарантираат стабилноста, мирот и европската перспектива на регионот.

Борел пред доаѓањето во земјава во интервју за МИА, порача дека Македонија е добар пример за мултиетничко општество и со промена на Уставот дополнително ќе се унапредат основните права во земјата и истовремено ќе се зачуваат македонскиот идентитет и земјата ќе напредува во процесот на пристапување во ЕУ.

Членството во ЕУ не може да биде проект на една политичка партија, туку тоа треба да биде аспирација за целата земја. Во Македонија, граѓаните ја изразија својата аспирација за влез во ЕУ, бидејќи сакаат да припаѓаат на заедница на вредности и да имаат корист од отворените граници, олеснетото патување, внатрешниот пазар и стандардите на ЕУ во целина. Накусо, граѓаните сакаат мир, просперитет и подобар живот во ЕУ, за нив и за нивните деца. Затоа одговорност на сите ваши политички лидери е да работат и да ја реализираат оваа цел, вели Борел.

Тој нагласува дека преговорите за членство во ЕУ се процес заснован на заслуги и дека при тоа се оценува постигнатиот напредок во исполнувањето на сите поставени критериуми и спроведувањето на стандардите на ЕУ и реформите.

- И овие реформи ќе и помогнат на Македонија да ја унапреди и подобри состојбата и да ја доближи земјата до Европската Унија и стандардите на ЕУ, пред се во интерес на граѓаните на Македонија. Ние ќе бидеме покрај вас и ќе го придружуваме процесот до самиот крај, додека Македонија не стане полноправна земја членка на ЕУ. Тоа е она што го сакаме и целта кон која работиме сите заедно, додава високиот претставник на ЕУ во интервјуто за МИА.

Во исто време и претставници на ЕУ од Брисел, порачаа дека уставните измени се во наши раце и дека тие се суверена одлука на земјава, но Унијата смета дека Македонија има голем потенцијал да оди напред, за што е потребно да се направат одредени чекори, потенцирајќи дека невозможното секогаш станува возможно кога ќе се постават големи услови и кога ќе се увиди важноста на одредено прашање во поглед на стабилноста и напредокот. Според нив, патот е јасен и отворен, земјава не смее да ја пропушти таа можност.

Престојот во земјава, Борел го продолжува и утре во Охрид, каде ќе се одржи нова рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, посветен на нормализација не меѓусебните односи. Во Охрид е најавено присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албан Курти, чиј домаќин ќе биде премиерот Димитар Ковачевски.

The post Прв состанок на Советот за стабилизација и асоцијација ЕУ – Македонија во Скопје appeared first on Република.

Македонија е од стратешко значење за Унијата, дел е од планот за енергетска транзиција на Европа (RePowerEU) https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/severna-makedonija-e-od-strateshko-znachene-za-unijata-del-e-od-planot-za-energetska-tranzitsija-na-evropa-repowereu/ Tue, 28 Feb 2023 09:07:26 +0000 https://republika.mk/?p=614088

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во Брисел оствари средба со европскиот комесар за економија, финансии, даноци и царина- Паоло Џентилони.

Заменик претседателот на Владата, Битиќи, оваа средба со комесарот Џентилони во Европската Комисија ја реализира во рамки на престојот во Брисел каде учествува на билатералниот скрининг за Поглавје 9 „Финансиски услуги“ кој започна вчера и Поглавје 28, „Заштита на потрошувачите и јавно здравје“ кој ќе започне на 1 март, 2023 година.

На средбата, двајцата соговорници се согласија дека Европската Комисија важи за силен партнер на Македонија во нејзините напори за членство во ЕУ.

На средбата, Битиќи изрази голема благодарност за макрофинансиската поддршка, како и за поддршката на ЕУ поврзана со пребродување на тековната енергетска криза.

Комесарот Џентилони потенцира дека целиот Западен Балкан е од стратешко значење за Унијата и дека целиот регион е дел од планот за енергетска транзиција на Европа (RePowerEU) кој има цел диверзификација на изворите на енергија и зголемување на капацитетите од обновливи извори на енергија.

Џентилони исто така истакна дека ЕК го поздравува носењето на новиот Закон за органски буџет како голем реформски чекор за Македонија.

Комесарот Џентилони исто така даде и краток осврт на моменталната состојба во ЕУ, каде според последните зимски проекции во 2023 сепак најверојатно ќе биде избегната рецесија, како и очекувањето дека инфлацискиот притисок полека ќе се намалува.

Вицепремиерот Битиќи ја потенцира големата важност на праведната енергетска транзиција и се заблагодари за поддршката која Македонија ја има во овој сегмент преку проект на Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Битиќи исто така се осврна на македонската економија која трговски е најизложена кон ЕУ и која во 2022 забележа висока стапка на инфлација најмногу поради зголемените цени на енергенсите, раст на БДП во рамките на проекциите од нешто под 3% и дека за 2023 година очекувањата се реалниот раст да биде 2,9% што е на линија со последните проекции на ММФ и Светска Банка.

Вицепремиерот Битиќи информира дека Македонија со помош на ЕУ, во текот на 2022 со зголемувањето на капацитетот на интерконекторот со Бугарија конечно се ослободи од 100% зависност при снабдувањето со гас од Газпром и сега на пазарот има можност да се појавуваат и други добавувачи на гас во Македонија.

Кога сме кај енергетиката, Вицепремиерот информира дека поради добрата местоположба во 2022 имавме бум на инвестиции во фотоволтаични централи, а интересот е се поголем и на почетокот од 2023.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека по примерот на ЕУ каде големите предизвици (пр: енергетска диверзификација) се решаваат заеднички преку соработка, така и регионот на Западен Балкан треба да презема заеднички координирани мерки, создавајќи меѓусебна зависност наспроти зависност од надвор со цел побрзо и полесно да може да ги пребродува кризите.

Комесарот Џентилони се согласи дека клучот е соработката и дека оваа средба се случува точно навреме преку координирани мерки да може да се работи и на редефинирање на синџирите на снабдување, преку нивно доближување до земјите на ЕУ, а тоа секако е огромен потенцијал за земјите од Западен Балкан.

Западен Балкан секако останува стратешки партнер на ЕУ и процесот на приближување на производството од далечниот исток секако ќе придонесе за голем дел компании да го префрлат своето производство во земјите од Западен Балкан.

The post Македонија е од стратешко значење за Унијата, дел е од планот за енергетска транзиција на Европа (RePowerEU) appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во Брисел оствари средба со европскиот комесар за економија, финансии, даноци и царина- Паоло Џентилони. Заменик претседателот на Владата, Битиќи, оваа средба со комесарот Џентилони во Европската Комисија ја реализира во рамки на престојот во Брисел каде учествува на билатералниот скрининг за Поглавје 9 „Финансиски услуги“ кој започна вчера и Поглавје 28, „Заштита на потрошувачите и јавно здравје“ кој ќе започне на 1 март, 2023 година. На средбата, двајцата соговорници се согласија дека Европската Комисија важи за силен партнер на Македонија во нејзините напори за членство во ЕУ. На средбата, Битиќи изрази голема благодарност за макрофинансиската поддршка, како и за поддршката на ЕУ поврзана со пребродување на тековната енергетска криза. Комесарот Џентилони потенцира дека целиот Западен Балкан е од стратешко значење за Унијата и дека целиот регион е дел од планот за енергетска транзиција на Европа (RePowerEU) кој има цел диверзификација на изворите на енергија и зголемување на капацитетите од обновливи извори на енергија. Џентилони исто така истакна дека ЕК го поздравува носењето на новиот Закон за органски буџет како голем реформски чекор за Македонија. Комесарот Џентилони исто така даде и краток осврт на моменталната состојба во ЕУ, каде според последните зимски проекции во 2023 сепак најверојатно ќе биде избегната рецесија, како и очекувањето дека инфлацискиот притисок полека ќе се намалува. Вицепремиерот Битиќи ја потенцира големата важност на праведната енергетска транзиција и се заблагодари за поддршката која Македонија ја има во овој сегмент преку проект на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Битиќи исто така се осврна на македонската економија која трговски е најизложена кон ЕУ и која во 2022 забележа висока стапка на инфлација најмногу поради зголемените цени на енергенсите, раст на БДП во рамките на проекциите од нешто под 3% и дека за 2023 година очекувањата се реалниот раст да биде 2,9% што е на линија со последните проекции на ММФ и Светска Банка. Вицепремиерот Битиќи информира дека Македонија со помош на ЕУ, во текот на 2022 со зголемувањето на капацитетот на интерконекторот со Бугарија конечно се ослободи од 100% зависност при снабдувањето со гас од Газпром и сега на пазарот има можност да се појавуваат и други добавувачи на гас во Македонија. Кога сме кај енергетиката, Вицепремиерот информира дека поради добрата местоположба во 2022 имавме бум на инвестиции во фотоволтаични централи, а интересот е се поголем и на почетокот од 2023. Вицепремиерот Битиќи истакна дека по примерот на ЕУ каде големите предизвици (пр: енергетска диверзификација) се решаваат заеднички преку соработка, така и регионот на Западен Балкан треба да презема заеднички координирани мерки, создавајќи меѓусебна зависност наспроти зависност од надвор со цел побрзо и полесно да може да ги пребродува кризите. Комесарот Џентилони се согласи дека клучот е соработката и дека оваа средба се случува точно навреме преку координирани мерки да може да се работи и на редефинирање на синџирите на снабдување, преку нивно доближување до земјите на ЕУ, а тоа секако е огромен потенцијал за земјите од Западен Балкан. Западен Балкан секако останува стратешки партнер на ЕУ и процесот на приближување на производството од далечниот исток секако ќе придонесе за голем дел компании да го префрлат своето производство во земјите од Западен Балкан.

The post Македонија е од стратешко значење за Унијата, дел е од планот за енергетска транзиција на Европа (RePowerEU) appeared first on Република.

]]>
Во Брисел започна билатералниот скрининг за Поглавјето 9 „Финансиски услуги“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-brisel-zapochna-bilateralniot-skrining-za-poglavjeto-9-finansiski-uslugi/ Tue, 28 Feb 2023 07:53:31 +0000 https://republika.mk/?p=613987

 Во Брисел денеска продолжува билатералниот скрининг за Кластерот 2 „Внатрешен пазар” со скрининг состанокот за Поглавјето 9 – „Финансиски услуги”.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), преговарачкиот тим го предводи државната секретарка во Секретаријатот и заменичка на главниот преговарач на земјава со Европската унија, Дрита Абдиу Халили, која во своето воведно обраќање истакна дека земјата успешно го следи патот кон целосна хармонизација со европското законодавство.

- Новите закони ќе воспостават јасна и сеопфатна рамка за македонскиот пазар, што ќе придонесе за неговиот развој и усогласување со законодавството на Европската унија во оваа област, потенцираше Абдиу Халили.

На денешниот скрининг состанок присуствуваше и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, кој меѓу другото во неговото воведно излагање нагласи дека оваа година ќе се работи максимално за исполнувањето препораките од извештајот, со што ќе се донесе закон за резолуција на банки и имплементација на законодавството и врз основа на ова исто така ќе бидат завршени и назначувањата на регулаторното тело за банките, правилно справување и спречување на нерегистрираните и неосигурените возила и ќе се продолжи со заштитата на потрошувачите заедно со формирањето на финансиски Народен правобранител.

- Ќе ги катализираме напорите нагласени во извештајот во делот за развивање на одредбите за резолуција на банките во согласност со рамката на ЕУ, со посебен акцент на Директивата за закрепнување и разрешување на банките. Законот за осигурување на депозити ќе биде изменет за да се подобри осигурувањето на депозитите и да се одговори на загриженоста на Уставниот суд во неговата одлука од јули 2021 година. Нашата централна банка веќе и посвети дел на нејзината  веб страница на правата на потрошувачите заедно со правилното споделување информации за да се избегнат нефер банкарски практики, посочи Битиќи.

Работната група за ова поглавје го сочинуваат Министерството за финансии, Народната банка, Фондот за осигурување на депозити, Комисијата за хартии од вредност и агенциите за суперревизија за осигурување и за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Во европското законодавство финансиските услуги се од големо значење за правилното функционирање на внатрешниот пазар на Европската унија како еден од темелите на европската интеграција. Ова поглавје ги вклучува областите банкарството, осигурувањето, хартии од вредност, инвестициски фондови, финансиски пазари и платни системи. Правната рамка во ова поглавје ги опфаќа правилата за издавање на оперативно и надзорно работење на финансиските институции кои треба да обезбедат стабилен, безбеден и ефикасен финансиски пазар, се посочува во соопштението од СЕП.

Презентациите за Поглавјето 9 „Финансиски услуги“ ќе продолжат и утре, во среда и четврток за Поглавјето 28 „Заштита на потрошувачи и јавно здравје“ и в петок ќе се одржи билатералниот скрининг состанок за Поглавје 2 „Слобода на движење на работници”.

The post Во Брисел започна билатералниот скрининг за Поглавјето 9 „Финансиски услуги“ appeared first on Република.

Ние нудиме реална европска приказна, а не илузија  https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nie-nudime-realna-evropska-prikazna-a-ne-iluzija/ Wed, 28 Dec 2022 22:23:32 +0000 https://republika.mk/?p=591243

„Ние нудиме реална приказна, а не илузија, бајка којашто не може да се оствари и којашто горко ќе ја платиме 10 години подоцна под многу полоши услови и под многу потешки услови доколку го отфрлиме ова што сега го имаме“, е коментарот на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за европскиот пат на државата, во гостувањето во Дневникот на Сител.

Тој смета дека тоа е повеќе едно размислување со список на желби на Мицкоски отколку реален предлог, бидејќи како што вели Маричиќ и во минатото гледале такви предлози кои ја ставиле земјата на десетгодишна лента на чекање.

„Знаеме дека идејата на ВМРО-ДПМНЕ е да претстави пред граѓаните дека тие ќе испреговараат подобар предлог. Мислам дека тоа е една илузија која се нуди на граѓаните и којашто да се разбереме, звучи добро за сите“, рече Маричиќ, потенцирајќи дека успеале да го добијат максимумот во Францускиот предлог, со оглед на војната во Украина и сè друго што треба да се земе предвид.

Маричиќ рече дека ова беше година на тешки одлуки и дека минатото лето Владата имала тежок преговарачки процес, но тоа биле државнички и стратешки за нашиот натамошен пат.

„Истото го имавме и пред 4 години кога требаше да влеземе во НАТО и сега сме исправени пред една таква дилема. Францускиот предлог е нешто што беше интензивно преговарано со најголемите сили во Европа и во светот“, истакна Маричиќ.

The post Ние нудиме реална европска приказна, а не илузија  appeared first on Република.

Маричиќ: По 17 години чекање европската иднина на земјата е во наши раце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-po17-godini-chekanje-evropskata-idnina-na-zemjata-e-vo-nashi-race/ Sat, 17 Dec 2022 16:18:06 +0000 https://republika.mk/?p=586924

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, по повод годишнината од добивањето кандидатски статус на Македонија за членство во ЕУ, вели дека после 17 години чекање денес сме земја преговарач со ЕУ, и сега сè е во наши раце.

Далечната 2005 година добивме кандидатски статус за членка на ЕУ, а овој 17 декември Македонија е земја која преговара со Европската Унија. Немаме повеќе блокади од никого, напротив. Имаме силна поддршка од европските институции, од државите членки, од високите европски претставници. Да не бидеме самите на себе следно вето, порачува Маричиќ.

Во продолжение целиот текст:

По 17 години чекање европската иднина на земјата е во наши раце.

Далечната 2005 година добивме кандидатски статус за членка на ЕУ, а овој 17 декември Македонија е земја која преговара со Европската Унија.

Направивме историски чекор во евроинтеграциите. Денес имаме задача пред овој државнички проект да застанеме одговорно и со силна политичка волја за темелни реформи, успешно да го завршиме. Тоа е наша обврска кон граѓаните.

17 години успеси и падови, напредок и назадување на европскиот пат, но веќе немаме време за губење. Со јасен план и визија, зад која треба да застанеме сите, фокусирани на реформската агенда, мораме брзо да напредуваме во процесот и граѓаните да почнат да ги чувствуваат придобивките од преговорите со ЕУ.

Темпото на скрининг процесот се одвива според предвидениот календар од Европската комисија. Успешно го завршивме билатералниот скрининг за Кластер 1, ,,Фундаментални вредности”, во јануари продолжуваме со билатералните состаноци за Кластер 2 и тоа за Поглавјата 3, 6 и 7, односно „Право на основање и слобода на давање услуги“, „Право на трговски друштва“ и „Право на интелектуална сопственост“.

Немаме повеќе блокади од никого, напротив. Имаме силна поддршка од европските институции, од државите членки, од високите европски претставници. Да не бидеме самите на себе следно вето.

2030 реална година за членство на Македонија во ЕУ, заедно да ја оствариме“, стои во објавата на вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ, Маричиќ.

The post Маричиќ: По 17 години чекање европската иднина на земјата е во наши раце appeared first on Република.

Ковачевски: Јас сум рационален оптимист, полноправното членство во ЕУ до 2030 е амбициозна, но остварлива цел https://arhiva3.republika.mk/vesti/kovachevski-jas-sum-racionalen-optimist-polnopravnoto-chlenstvo-vo-eu-do-2030-e-ambiciozna-no-ostvarliva-cel/ Mon, 12 Dec 2022 07:03:12 +0000 https://republika.mk/?p=584439

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА рече дека е рационален оптимист и дека полноправното членство на Македонија во ЕУ до 2030 е амбициозна но остварлива цел.

„Денес разговаравме за нашата европска иднина, за отпочнатите преговори, отпочнатиот скрининг, за напредокот, за конкретни реформи кои треба да се случат, а не зборуваме дека сето ова треба да се случи во иднина. Тоа е огромен напредок и навистина сум горд на тоа.

На 19 јули ние ги отпочнавме преговорите со ЕУ ја одржавме првата меѓувладина конференција. На 15 септември започна скрининг процесот. На 26 октомври го потпишавме договорот за ФРОНТЕКС кој е прв документ на кој имаме ставено потпис заедно со сите останати 27 земји членки на ЕУ, на македонски јазик, без никакви додавки, ѕвездички и фусноти.

Со овие три датуми ние започнавме ново поглавје во нашиот европски пат, и одиме кон полноправното членство во ЕУ. Донесовме многу тешки одлуки, но со тоа покажавме и визија, и лидерство и храброст, затоа што сето ова реално значи можност за подобра, побогата иднина, подобар животен стандард за граѓаните, можност децата да ни живеат во земја членка на ЕУ, но тоа наместо да биде во некоја друга земја, да биде тука, дома, во Македонија“, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека скринингот си тече како што и беше планиран, и пред нас сега се уставните измени, кои ќе се најдат пред македонското Собрание и нашите 120 пратеници. Јасно ми е дека нивната одлука нема да е лесна, но очекувам дека ќе покажат државничко однесување.

Она што е јасно е дека тие имаат избор да остават да биде се така како што било и да ја остават земјата во стагнација и неизвесност, но јас искрено верувам и уверен сум, дека тие ќе бидат на ниво на задачата и ќе донесат одлука за да овозможат подобра иднина и за нас и за нашите деца.

„Пратениците се сепак и пред сѐ претставници на граѓаните, а граѓаните сакаат да живеат во земја членка на ЕУ. Сакаат да сме полноправна членка. Не само заради членството само по себе, туку заради подобар животен стандард, заради подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, заради економски напредок, социјална правда, и владеење на демократија. Граѓаните сакаат подобар живот по европски стандарди, затоа што сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината“, рече Ковачевски.

Премиерот посочи дека немаме друга алтернатива освен членството во ЕУ. И тој пат до ЕУ нема да е лесен, но мора да се изоди. Затоа што на крајот на тој пат е големата награда, полноправното членство во ЕУ.

„Нашите граѓани, идните генерации ќе живеат во ЕУ, побогати и со подобар стандард од тоа што го имаат сега, а нашето општество ќе се трансформира во општество со европски вредности“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски истакна дека и патот на земјите членки кои пред многу години биле во нашата ситуација, а кои по членството во ЕУ доживеале сериозен раст и развој не бил лесен, и нивната трансформација била постепена и тешка, но денес нивните граѓани имаат шанса да живеат во земји со подобар стандард, да се побогати, да живеат европски и слободно.

„Дали ќе бидеме и ние таму, сега зависи само и единствено од нас. Подадените раце на поддршка од нашите пријатели, оваа шанса која ја имаме, не смееме да ја пропуштиме", вели Ковачевски.

The post Ковачевски: Јас сум рационален оптимист, полноправното членство во ЕУ до 2030 е амбициозна, но остварлива цел appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА рече дека е рационален оптимист и дека полноправното членство на Македонија во ЕУ до 2030 е амбициозна но остварлива цел.
„Денес разговаравме за нашата европска иднина, за отпочнатите преговори, отпочнатиот скрининг, за напредокот, за конкретни реформи кои треба да се случат, а не зборуваме дека сето ова треба да се случи во иднина. Тоа е огромен напредок и навистина сум горд на тоа. На 19 јули ние ги отпочнавме преговорите со ЕУ ја одржавме првата меѓувладина конференција. На 15 септември започна скрининг процесот. На 26 октомври го потпишавме договорот за ФРОНТЕКС кој е прв документ на кој имаме ставено потпис заедно со сите останати 27 земји членки на ЕУ, на македонски јазик, без никакви додавки, ѕвездички и фусноти. Со овие три датуми ние започнавме ново поглавје во нашиот европски пат, и одиме кон полноправното членство во ЕУ. Донесовме многу тешки одлуки, но со тоа покажавме и визија, и лидерство и храброст, затоа што сето ова реално значи можност за подобра, побогата иднина, подобар животен стандард за граѓаните, можност децата да ни живеат во земја членка на ЕУ, но тоа наместо да биде во некоја друга земја, да биде тука, дома, во Македонија“, рече Ковачевски.
Премиерот истакна дека скринингот си тече како што и беше планиран, и пред нас сега се уставните измени, кои ќе се најдат пред македонското Собрание и нашите 120 пратеници. Јасно ми е дека нивната одлука нема да е лесна, но очекувам дека ќе покажат државничко однесување. Она што е јасно е дека тие имаат избор да остават да биде се така како што било и да ја остават земјата во стагнација и неизвесност, но јас искрено верувам и уверен сум, дека тие ќе бидат на ниво на задачата и ќе донесат одлука за да овозможат подобра иднина и за нас и за нашите деца.
„Пратениците се сепак и пред сѐ претставници на граѓаните, а граѓаните сакаат да живеат во земја членка на ЕУ. Сакаат да сме полноправна членка. Не само заради членството само по себе, туку заради подобар животен стандард, заради подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, заради економски напредок, социјална правда, и владеење на демократија. Граѓаните сакаат подобар живот по европски стандарди, затоа што сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината“, рече Ковачевски.
Премиерот посочи дека немаме друга алтернатива освен членството во ЕУ. И тој пат до ЕУ нема да е лесен, но мора да се изоди. Затоа што на крајот на тој пат е големата награда, полноправното членство во ЕУ.
„Нашите граѓани, идните генерации ќе живеат во ЕУ, побогати и со подобар стандард од тоа што го имаат сега, а нашето општество ќе се трансформира во општество со европски вредности“, рече Ковачевски.
Премиерот Ковачевски истакна дека и патот на земјите членки кои пред многу години биле во нашата ситуација, а кои по членството во ЕУ доживеале сериозен раст и развој не бил лесен, и нивната трансформација била постепена и тешка, но денес нивните граѓани имаат шанса да живеат во земји со подобар стандард, да се побогати, да живеат европски и слободно.
„Дали ќе бидеме и ние таму, сега зависи само и единствено од нас. Подадените раце на поддршка од нашите пријатели, оваа шанса која ја имаме, не смееме да ја пропуштиме", вели Ковачевски.

The post Ковачевски: Јас сум рационален оптимист, полноправното членство во ЕУ до 2030 е амбициозна, но остварлива цел appeared first on Република.

]]>
Студен туш од Португалија: ЕУ не може да прима нови членки и мора тоа да им го каже на земјите-кандидатки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/studen-tush-od-portugalija-eu-ne-moze-da-prima-novi-chlenki-i-mora-toa-da-im-go-kaze-na-zemjite-kandidatki/ Thu, 24 Nov 2022 09:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=577555

Португалскиот премиер Антонио Коста „ги попари“ земјите кандидатки за членство во Европската Унија, со изјавата дека ЕУ не е во состојба да прима нови земји како свои членки.

Во разговор со португалската редакција на Си-Ен-Ен, Коста се осврнал пред се на Украина, која се надева дека ќе добие брз прием во ЕУ, како европски одговор на војната што ја отпочна Русија. Но, Коста ги посочил и балканските земји, за кои рекол дека досега добиле многу ветувања од ЕУ, и предупредил дека мора да ги намалиме очекувањата.

- Критериумите на ЕУ за прием на нови членки се многу јасни. Но, за жал, ние немаме критериуми со кои ќе го оцениме нашиот капацитет да примиме нови членки. Треба да бидеме јасни пред кандидатките. Во сегашната институционална структура, со сегашната буџетска архитектура, Европската Унија не е во позиција да ги исполни очекувањата кои ги поттикна, изјави Коста.

Португалија беше една од најактивните членки на ЕУ во подготвување на новите обврски кон Македонија, со цел да се задоволат бугарските барања.

Португалскиот предлог му претходеше на францускиот предлог, кој сега стана обврска што целата ЕУ и ја наложува на Македонија - да ги прифати бугарските барања во полето на Уставот, историјата и, по се изгледа, и идентитетот. За време на овие преговори, додека Португалија беше претседавач со ЕУ, португалската министерка за Европа Ана Паула Закаријас даде крајно контроверзна изјава во која за „јазикот на Македонија“ рече дека низ историјата бил дел од бугарскиот јазик.

The post Студен туш од Португалија: ЕУ не може да прима нови членки и мора тоа да им го каже на земјите-кандидатки appeared first on Република.

]]>

Португалскиот премиер Антонио Коста „ги попари“ земјите кандидатки за членство во Европската Унија, со изјавата дека ЕУ не е во состојба да прима нови земји како свои членки. Во разговор со португалската редакција на Си-Ен-Ен, Коста се осврнал пред се на Украина, која се надева дека ќе добие брз прием во ЕУ, како европски одговор на војната што ја отпочна Русија. Но, Коста ги посочил и балканските земји, за кои рекол дека досега добиле многу ветувања од ЕУ, и предупредил дека мора да ги намалиме очекувањата.
- Критериумите на ЕУ за прием на нови членки се многу јасни. Но, за жал, ние немаме критериуми со кои ќе го оцениме нашиот капацитет да примиме нови членки. Треба да бидеме јасни пред кандидатките. Во сегашната институционална структура, со сегашната буџетска архитектура, Европската Унија не е во позиција да ги исполни очекувањата кои ги поттикна, изјави Коста.
Португалија беше една од најактивните членки на ЕУ во подготвување на новите обврски кон Македонија, со цел да се задоволат бугарските барања. Португалскиот предлог му претходеше на францускиот предлог, кој сега стана обврска што целата ЕУ и ја наложува на Македонија - да ги прифати бугарските барања во полето на Уставот, историјата и, по се изгледа, и идентитетот. За време на овие преговори, додека Португалија беше претседавач со ЕУ, португалската министерка за Европа Ана Паула Закаријас даде крајно контроверзна изјава во која за „јазикот на Македонија“ рече дека низ историјата бил дел од бугарскиот јазик.

The post Студен туш од Португалија: ЕУ не може да прима нови членки и мора тоа да им го каже на земјите-кандидатки appeared first on Република.

]]>
Бун: Годината 2030 е амбициозна, но не е нереална за полноправно членство во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bun-godinata-2030-e-ambiciozna-no-ne-e-nerealna-za-polnopravno-chlenstvo-vo-eu-2/ Wed, 16 Nov 2022 12:09:27 +0000 https://republika.mk/?p=574479

Годината 2030 е амбициозна, но не е нереална затоа што видовме дека Македонија напредува доста во поглед на усогласувањето на европското законодавство, изјави денеска француската државна секретарка за Европа Лоранс Бун, одговарајќи на новинарско колку години ќе и требаат на земјава за да стане членка на ЕУ.

На заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, Бун, исто така, нагласи дека постои и наредниот чекор, кој како што спомнал и премиерот, уставните измени коишто се важни, коишто се дел од европскиот договор, но и сите реформи коишто ќе треба да се спроведат понатака.

Постоеше таа реформа за проширувањето во поглед на вашата земја и ЕУ и таа реформа на проширување е токму во прилог на фаворизирањето на динамиката меѓу ЕУ и земјата која што ги спроведува реформите да биде подинамично, да има повеќе смисла за да има поголема корист отколку претходната методологија. Затоа Франција има доверба и во амбицијата и во крајната цел на премиерот и на македонската Влада, изјави Бун, на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

Француската државна секретарка за Европа Бун, повтори дека овде се да ѝ помогнат на Македонија и дека тоа е цел која што е остварлива.

Прашан дали гледа промена во позициите на Франција, премиерот Ковачевски, рече дека точено е оти Франција пред три години беше земја која што имаше различен став од голем број други држави во однос на проширувањето, но три години подоцна Франција беше државата која што практично го водеше процесот на продолжување на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

И на вашето прашање конкретно дали е промената позицијата – да, таа е променета и самото присуство денес на државниот секретар Бун на Cеверна Македонија, на сите контакти коишто јас ги имав со претседателот Макрон, прво при подготвувањето на европскиот предлог за време на француското претседателство, второ на сите напори коишто ги направи членовите на неговиот кабинет на коишто исто така сакам да им изразам почит и благодарност и еден поздрав од Скопје истото тоа го потврдија и целата поддршка која што ја добиваме во моментов во текот на скрининг процесот во Брисел, а во којшто се вклучени сите 27 членки и ние како држава која што ги отпочна преговорите само го потврдуваат тоа што го кажав дека позицијата на Франција во однос на проширувањето со земјите од Западен Балкан во моментов е на ниво на држава која што е еден од предводниците на тој процес, изјави Ковачевски.

The post Бун: Годината 2030 е амбициозна, но не е нереална за полноправно членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Годината 2030 е амбициозна, но не е нереална затоа што видовме дека Македонија напредува доста во поглед на усогласувањето на европското законодавство, изјави денеска француската државна секретарка за Европа Лоранс Бун, одговарајќи на новинарско колку години ќе и требаат на земјава за да стане членка на ЕУ. На заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, Бун, исто така, нагласи дека постои и наредниот чекор, кој како што спомнал и премиерот, уставните измени коишто се важни, коишто се дел од европскиот договор, но и сите реформи коишто ќе треба да се спроведат понатака.
Постоеше таа реформа за проширувањето во поглед на вашата земја и ЕУ и таа реформа на проширување е токму во прилог на фаворизирањето на динамиката меѓу ЕУ и земјата која што ги спроведува реформите да биде подинамично, да има повеќе смисла за да има поголема корист отколку претходната методологија. Затоа Франција има доверба и во амбицијата и во крајната цел на премиерот и на македонската Влада, изјави Бун, на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.
Француската државна секретарка за Европа Бун, повтори дека овде се да ѝ помогнат на Македонија и дека тоа е цел која што е остварлива. Прашан дали гледа промена во позициите на Франција, премиерот Ковачевски, рече дека точено е оти Франција пред три години беше земја која што имаше различен став од голем број други држави во однос на проширувањето, но три години подоцна Франција беше државата која што практично го водеше процесот на продолжување на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.
И на вашето прашање конкретно дали е промената позицијата – да, таа е променета и самото присуство денес на државниот секретар Бун на Cеверна Македонија, на сите контакти коишто јас ги имав со претседателот Макрон, прво при подготвувањето на европскиот предлог за време на француското претседателство, второ на сите напори коишто ги направи членовите на неговиот кабинет на коишто исто така сакам да им изразам почит и благодарност и еден поздрав од Скопје истото тоа го потврдија и целата поддршка која што ја добиваме во моментов во текот на скрининг процесот во Брисел, а во којшто се вклучени сите 27 членки и ние како држава која што ги отпочна преговорите само го потврдуваат тоа што го кажав дека позицијата на Франција во однос на проширувањето со земјите од Западен Балкан во моментов е на ниво на држава која што е еден од предводниците на тој процес, изјави Ковачевски.

The post Бун: Годината 2030 е амбициозна, но не е нереална за полноправно членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Џозеф: За успешна промена на Уставот и влез во ЕУ, треба да гледате кон Вашингтон https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzozef-za-uspeshna-promena-na-ustavot-i-vlez-vo-eu-treba-da-gledate-kon-vashington/ Fri, 11 Nov 2022 17:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=572870

Според политичкиот експерт Едвард Џозеф нема да има промени во политиката на САД кон Балканот и во законодавната сфера на Конгресот за зголемени финансии, а српскиот претседател Александар Вучиќ манипулира со Брисел и Вашингтон додека е верен на Москва.

Џозеф, предавач во Универзитетот Џонс Хопкинс и голем познавач на Балканот кој таму чесо патува, истакна дека регионот треба да бара посилна соработка со Вашингтон за да добие поголема поддршка од актуелната Администрација, со оглед дека исходот од конгресните избори, барем засега, не наведува дека ќе има драстични промени во курсот на надворешната политика во конгресните комисии, кои ја насочуваат и надворешната политика на САД.

Тој ја исктритикува Србија поради својот амбивалентен однос кон ЕУ и блискоста кон Русија и кажа дека за успешна промена на Уставот и влез во ЕУ, Македонија треба да гледа кон Вашингтон.

Најпроблематично прашање е однесувањето на Белград, кој одбива да ја прилагоди политиката со ЕУ, иако е во преговори за членство, и продолжува да ја поддржува Русија. Тоа го стори во ОН во септември во Њујорк, кога потпиша спогодба со Русија за зголемена соработка. Мора да му се предочи на српскиот претседател Вучиќ дека не може да ги уценува САД за предизвиците поради Косово. Тоа се одразува врз целиот Балкан, изјави Џозеф во интервју за Гласот на Америка

Околу прашањето како Македонија да се обедини околу евентуална промена на Уставот, услов за продолжување на преговорите за членство во ЕУ, Џозеф смета дека погледот на Скопје треба да биде насочен кон Вашингтон.

Државата треба да се обрати до администрацијата на Бајден за поддршка и да побараат од Соединетите Држави да го потврдат македонскиот идентитет што САД можат да го направат во рамките на своето стратешко партнерство. Го објаснив ова во мојот напис за надворешната политика на САД, кој беше објавен во јуни, истакна Џозеф.

Во интервјуто тој потсети дека властите во Скопје имаат и внатрешнополитички предизвици, а справувањето со нив треба да ја приближи земјата до ЕУ.

Друга работа е дека владата мора сериозно да се зафати со борбата против корупцијата. Ова ќе ја зголеми домашната поддршка за владејачката партија, за Владата, и ќе ги одврати опозициските сили кои, за воља навистината, не се за членство во Европската Унија, наведува тој.

Смета дека САД се манипулирани од Вучиќ и ако Вашинтон тоа го увиде може да го запре руското влијание во регионот.

Многу е едноставно. Тоа бара водење сериозна политика спрема Србија. САД мора да престанат да бидат манипулирани од Александар Вучиќ. Мора да престанат да го фалат и поддржуваат српскиот претседател, кој отворено ја усогласува неговата земја со Русија. Мора да престанеме да се залажуваме, како што изјави виш американски претставник во јули, дека Србија е на вистинската страна на историјата. Ова е лажно. Тоа само го охрабрува Вучиќ. Тој е примарна пречка за напредокот на Балканот, а може во спротивно да ја води својата земја кон нејзината судбина да биде дел од Европската Унија, дури и во крајна линија, да биде дел од НАТО, изјави Џозеф.

Дециден е дека по руската инвазија во Украина, „веќе не може да се преправа кои земји се на страната на ЕУ, САД и НАТО, а кои земји се на страната на Русија“.

The post Џозеф: За успешна промена на Уставот и влез во ЕУ, треба да гледате кон Вашингтон appeared first on Република.

]]>

Според политичкиот експерт Едвард Џозеф нема да има промени во политиката на САД кон Балканот и во законодавната сфера на Конгресот за зголемени финансии, а српскиот претседател Александар Вучиќ манипулира со Брисел и Вашингтон додека е верен на Москва. Џозеф, предавач во Универзитетот Џонс Хопкинс и голем познавач на Балканот кој таму чесо патува, истакна дека регионот треба да бара посилна соработка со Вашингтон за да добие поголема поддршка од актуелната Администрација, со оглед дека исходот од конгресните избори, барем засега, не наведува дека ќе има драстични промени во курсот на надворешната политика во конгресните комисии, кои ја насочуваат и надворешната политика на САД. Тој ја исктритикува Србија поради својот амбивалентен однос кон ЕУ и блискоста кон Русија и кажа дека за успешна промена на Уставот и влез во ЕУ, Македонија треба да гледа кон Вашингтон.
Најпроблематично прашање е однесувањето на Белград, кој одбива да ја прилагоди политиката со ЕУ, иако е во преговори за членство, и продолжува да ја поддржува Русија. Тоа го стори во ОН во септември во Њујорк, кога потпиша спогодба со Русија за зголемена соработка. Мора да му се предочи на српскиот претседател Вучиќ дека не може да ги уценува САД за предизвиците поради Косово. Тоа се одразува врз целиот Балкан, изјави Џозеф во интервју за Гласот на Америка
Околу прашањето како Македонија да се обедини околу евентуална промена на Уставот, услов за продолжување на преговорите за членство во ЕУ, Џозеф смета дека погледот на Скопје треба да биде насочен кон Вашингтон.
Државата треба да се обрати до администрацијата на Бајден за поддршка и да побараат од Соединетите Држави да го потврдат македонскиот идентитет што САД можат да го направат во рамките на своето стратешко партнерство. Го објаснив ова во мојот напис за надворешната политика на САД, кој беше објавен во јуни, истакна Џозеф.
Во интервјуто тој потсети дека властите во Скопје имаат и внатрешнополитички предизвици, а справувањето со нив треба да ја приближи земјата до ЕУ. Друга работа е дека владата мора сериозно да се зафати со борбата против корупцијата. Ова ќе ја зголеми домашната поддршка за владејачката партија, за Владата, и ќе ги одврати опозициските сили кои, за воља навистината, не се за членство во Европската Унија, наведува тој. Смета дека САД се манипулирани од Вучиќ и ако Вашинтон тоа го увиде може да го запре руското влијание во регионот.
Многу е едноставно. Тоа бара водење сериозна политика спрема Србија. САД мора да престанат да бидат манипулирани од Александар Вучиќ. Мора да престанат да го фалат и поддржуваат српскиот претседател, кој отворено ја усогласува неговата земја со Русија. Мора да престанеме да се залажуваме, како што изјави виш американски претставник во јули, дека Србија е на вистинската страна на историјата. Ова е лажно. Тоа само го охрабрува Вучиќ. Тој е примарна пречка за напредокот на Балканот, а може во спротивно да ја води својата земја кон нејзината судбина да биде дел од Европската Унија, дури и во крајна линија, да биде дел од НАТО, изјави Џозеф.
Дециден е дека по руската инвазија во Украина, „веќе не може да се преправа кои земји се на страната на ЕУ, САД и НАТО, а кои земји се на страната на Русија“.

The post Џозеф: За успешна промена на Уставот и влез во ЕУ, треба да гледате кон Вашингтон appeared first on Република.

]]>
Сериозен политичар креваше рамења кога го прашав дали ни гарантираат дека до 2030 година ќе влеземе во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/seriozen-politichar-krevashe-ramenja-koga-go-prashav-dali-ni-garantiraat-deka-do-2030-godina-kje-vlezeme-vo-eu/ Mon, 17 Oct 2022 20:00:10 +0000 https://republika.mk/?p=562285

Има многу референтни статии на сериозни медиуми на кои се повикуваат на извори од ЕУ дека проширување во следни 15 години ќе нема. Знам на една моја средба со претставник од влијателна држава од ЕУ, на која што го поставив тоа прашање дали ни гарантираат дека до 2030 година Македонија ќе стане членка на ЕУ и ако се случат сите работи, тој грчеше рамења и рече дека не може да гарантира. Ова го тврдам најодговорно, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за МТВ.

Мицкоски истакна дека таков тип на гаранција никој не може да даде ниту еден сериозен политичар и дека тоа го прават политичари кои се занимаваат со лажни вести, полни со неуспех, криминал кои немаат што друго да понудат.

Тоа може да го прават луѓе, политичари кои се занимаваат со лажни вести, кои немаат друга автентична политика, ниту економска, ниту социјална па дури ниту меѓународна и практично како коцкар кој изгубил се, фрлаат се на една карта длабоко во ноќта, а тоа е во нивниот случај да го лажат народот бидејќи ништо друго не им преостанува освен тоа, за да си го оправдаат своето предавство, неуспехот на политиките, многу криминал, корупција, лош здравствен систем, катастрофално образование, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски посочи дека би сакал и порано тоа да го направиме, да можеме достоинствено да седнеме да испреговараме, и реформираме и порано од 2030 година, но власта не оддалечува.

Затоа што од 2000 година кога го потпишавме договорот за стабилизација и асоцијација поминаа многу години, две децении за позади нас, многу генерации се иселија, некои се родија и сега се на факултет или ја напуштија Македонија, а зборуваат за европскиот сон. Јас би сакал да се случи многу порано, но од ова што можам денеска да го видам, ова на владата не е европско однесување, полно си криминал, лоши политики, отсуство на реформи и тоа само не оддалечува од тој пати, нагласи Мицкоски.

The post Сериозен политичар креваше рамења кога го прашав дали ни гарантираат дека до 2030 година ќе влеземе во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Има многу референтни статии на сериозни медиуми на кои се повикуваат на извори од ЕУ дека проширување во следни 15 години ќе нема. Знам на една моја средба со претставник од влијателна држава од ЕУ, на која што го поставив тоа прашање дали ни гарантираат дека до 2030 година Македонија ќе стане членка на ЕУ и ако се случат сите работи, тој грчеше рамења и рече дека не може да гарантира. Ова го тврдам најодговорно, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за МТВ. Мицкоски истакна дека таков тип на гаранција никој не може да даде ниту еден сериозен политичар и дека тоа го прават политичари кои се занимаваат со лажни вести, полни со неуспех, криминал кои немаат што друго да понудат.
Тоа може да го прават луѓе, политичари кои се занимаваат со лажни вести, кои немаат друга автентична политика, ниту економска, ниту социјална па дури ниту меѓународна и практично како коцкар кој изгубил се, фрлаат се на една карта длабоко во ноќта, а тоа е во нивниот случај да го лажат народот бидејќи ништо друго не им преостанува освен тоа, за да си го оправдаат своето предавство, неуспехот на политиките, многу криминал, корупција, лош здравствен систем, катастрофално образование, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски посочи дека би сакал и порано тоа да го направиме, да можеме достоинствено да седнеме да испреговараме, и реформираме и порано од 2030 година, но власта не оддалечува.
Затоа што од 2000 година кога го потпишавме договорот за стабилизација и асоцијација поминаа многу години, две децении за позади нас, многу генерации се иселија, некои се родија и сега се на факултет или ја напуштија Македонија, а зборуваат за европскиот сон. Јас би сакал да се случи многу порано, но од ова што можам денеска да го видам, ова на владата не е европско однесување, полно си криминал, лоши политики, отсуство на реформи и тоа само не оддалечува од тој пати, нагласи Мицкоски.

The post Сериозен политичар креваше рамења кога го прашав дали ни гарантираат дека до 2030 година ќе влеземе во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Бизнис секторот ја има клучната улога во усогласувањето на економските ЕУ регулативи и стандарди https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/marichikj-biznis-sektorot-ja-ima-kluchnata-uloga-vo-usoglasuvanjeto-na-ekonomskite-eu-regulativi-i-standardi/ Thu, 25 Aug 2022 18:04:28 +0000 https://republika.mk/?p=544133

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на редовната седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог, со која претседаваше заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на која го објасни скрининг процесот на претставниците на Стопанските Комори и нивната улога во процесот на пристапните преговори со Унијата.

Учеството на стопанските комори во пристапните преговори, ќе биде клучно, бидејќи со специфичното знаење и искуство што го има бизнис секторот, може многу да придонесе за подобрување на политиките и побрзо усогласување со  ЕУ регулативите и ЕУ стандардите, кои ќе бараат и човечки и финансиски капитал, но и нова технологија, рече вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ исто така на состанокот посочи дека пред нас е динамичен процес во кој ќе бидат поставени барања и структурни промени, кои нè очекуваат во процесот на пристапување, како и по влезот во Европската Унија.

Една од најважните цели на економската политика во наредниот период мора да ни биде зајакнување на конкурентноста на економијата со цел да се подобри нејзината способност да ги издржи притисоците на конкуренцијата во Европската унија, рече вицепремиерот Маричиќ

Маричиќ изрази верување дека заеднички ќе успееме да ги надминеме предизвиците кои нè очекуваат во претстојниот интензивен период и дека успешно ќе се завршиме преговарачкиот процес, кој ќе значи членство во Унијата и отворање на нов пазар, укинување на царинските бариери и пристап до сите фондови на ЕУ, потенцирајќи дека и државата и граѓаните го заслужуваат тоа.

Вицепремиерот ги продолжува консултациите и во наредниот период ќе се работи на идентификување на луѓе, експерти кои ќе можат да се вклучат и со својата стручност и знаење да придонесат во преговорите. Дел од овој процес ќе бидат не само луѓето кои веќе се дел од администрацијата, туку и експерти од надвор, со цел навремено информирање и креирање политики дома согласно политиките на ЕУ, за полесно трансферирање во нашиот систем.

The post Маричиќ: Бизнис секторот ја има клучната улога во усогласувањето на економските ЕУ регулативи и стандарди appeared first on Република.