Македонија - Црна Гора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-crna-gora/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 14:10:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонија - Црна Гора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-crna-gora/ 32 32 Договорени повеќе чекори за полесна и побрза реакција на Царините на Македонија и на Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dogovoreni-poveke-chekori-za-polesna-i-pobrza-reaktsija-na-tsarinite-na-makedonija-i-na-tsrna-gora/ Wed, 06 Nov 2024 14:10:31 +0000 https://republika.mk/?p=834835

Воспоставување на електронска размена на податоци за увоз и извоз помеѓу двете држави пред пристигнување на стоката, билатерално меѓусебно признавање на статусот на Овластен економски оператор, подобрена комуникација и размена на податоци во реално време, како и воспоставување контакт лица со цел побрза реакција на службите.

Ова се точките договорени од директорот на македонската Царинска управа Бобан Николовски со директорката на Царинската управа на Црна Гора Маја Вучиниќ на средба остварена на маргините на тридневната Конференција на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината за мало и лесно оружје и криумчарење мигранти во Југоисточна Европа во организација на ОБСЕ.

Се договоривме во најскоро време да оствариме билатерална средба на високо ниво на која ќе бидат вклучени и стручните служби од двете страни со цел побрзо остварување на дефинираните заклучоци. Целта на договорените мерки е олеснување и забрзување на легалната трговија што ќе придонесе кон зголемување на конкурентноста на економиите на двете држави, соопшти Николовски.

The post Договорени повеќе чекори за полесна и побрза реакција на Царините на Македонија и на Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Воспоставување на електронска размена на податоци за увоз и извоз помеѓу двете држави пред пристигнување на стоката, билатерално меѓусебно признавање на статусот на Овластен економски оператор, подобрена комуникација и размена на податоци во реално време, како и воспоставување контакт лица со цел побрза реакција на службите. Ова се точките договорени од директорот на македонската Царинска управа Бобан Николовски со директорката на Царинската управа на Црна Гора Маја Вучиниќ на средба остварена на маргините на тридневната Конференција на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината за мало и лесно оружје и криумчарење мигранти во Југоисточна Европа во организација на ОБСЕ.
Се договоривме во најскоро време да оствариме билатерална средба на високо ниво на која ќе бидат вклучени и стручните служби од двете страни со цел побрзо остварување на дефинираните заклучоци. Целта на договорените мерки е олеснување и забрзување на легалната трговија што ќе придонесе кон зголемување на конкурентноста на економиите на двете држави, соопшти Николовски.

The post Договорени повеќе чекори за полесна и побрза реакција на Царините на Македонија и на Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Минимален пораз за македонските ракометари на вториот тест-дуел со Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/minimalen-poraz-za-makedonskite-rakometari-na-vtoriot-test-duel-so-tsrna-gora/ Wed, 28 Dec 2022 15:37:16 +0000 https://republika.mk/?p=591095

Македонската ракометна репрезентација попладнево загуби од Црна Гора со 31:30.

Ова е втор меѓусебен тест дуел на двете репрезентации во Маврово. Вчера избраниците на селекторот Кирил Лазаров забележаа победа.

Двата натпревара против Црна Гора, како и претстојните против Хрватска и Израел на почетокот на јануари се во рамките на подготовките за настапот на македонскиот национален тим на Светското првенство 2023 во Полска и Шведска.

The post Минимален пораз за македонските ракометари на вториот тест-дуел со Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Македонската ракометна репрезентација попладнево загуби од Црна Гора со 31:30. Ова е втор меѓусебен тест дуел на двете репрезентации во Маврово. Вчера избраниците на селекторот Кирил Лазаров забележаа победа. Двата натпревара против Црна Гора, како и претстојните против Хрватска и Израел на почетокот на јануари се во рамките на подготовките за настапот на македонскиот национален тим на Светското првенство 2023 во Полска и Шведска.

The post Минимален пораз за македонските ракометари на вториот тест-дуел со Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Османи во Берлин се сретна со црногорскиот министер за надворешни работи Кривокапиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-vo-berlin-se-sretna-so-crnogorskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-krivokapikj/ Sat, 14 May 2022 09:27:47 +0000 https://republika.mk/?p=502156

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Берлин, се сретна со неговиот црногорски колега Ранко Кривокапиќ.

Упатувајќи честитки за формирањето на новата Влада на Црна Гора и за изборот на Кривокапиќ на функцијата министер за надворешни работи, Османи ги потенцирал одличните партнерски и пријателски односи меѓу двете земји, изразувајќи уверување дека ова партнерство ќе продолжи и во следниот период.

Македонија и Црна Гора имаат исклучително добра и интензивна соработка, но и разбирање во однос на заокружувањето на нашите взаемни стратешки цели, кои со војната во Украина добиваат важна, ако не пресудна, безбедносна и геополитичка димензија, истакнал Османи, посочувајќи го взаемниот интерес за членство на двете држави во Европската Унија.

Тоа е процес, рекол Османи, кој е од регионален, па и поширок интерес, како важен инпут во создавањето на идната безбедносна архитектура и на Западниот Балкан и на Европа.

На средбата, како што соопшти Министерството за надворешни работи, биле разменети мислења за војната во Украина при што двајцата министри ја осудиле воената агресија на Русија, потенцирајќи дека станува збор за повреда на основните принципи на меѓународното право и сериозна закана за сигурноста на Европа.

The post Османи во Берлин се сретна со црногорскиот министер за надворешни работи Кривокапиќ appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Берлин, се сретна со неговиот црногорски колега Ранко Кривокапиќ. Упатувајќи честитки за формирањето на новата Влада на Црна Гора и за изборот на Кривокапиќ на функцијата министер за надворешни работи, Османи ги потенцирал одличните партнерски и пријателски односи меѓу двете земји, изразувајќи уверување дека ова партнерство ќе продолжи и во следниот период.
Македонија и Црна Гора имаат исклучително добра и интензивна соработка, но и разбирање во однос на заокружувањето на нашите взаемни стратешки цели, кои со војната во Украина добиваат важна, ако не пресудна, безбедносна и геополитичка димензија, истакнал Османи, посочувајќи го взаемниот интерес за членство на двете држави во Европската Унија.
Тоа е процес, рекол Османи, кој е од регионален, па и поширок интерес, како важен инпут во создавањето на идната безбедносна архитектура и на Западниот Балкан и на Европа. На средбата, како што соопшти Министерството за надворешни работи, биле разменети мислења за војната во Украина при што двајцата министри ја осудиле воената агресија на Русија, потенцирајќи дека станува збор за повреда на основните принципи на меѓународното право и сериозна закана за сигурноста на Европа.

The post Османи во Берлин се сретна со црногорскиот министер за надворешни работи Кривокапиќ appeared first on Република.

]]>
Пендаровски во дводневна официјална посета на Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-vo-dvodnevna-oficijalna-poseta-na-crna-gora/ Tue, 12 Apr 2022 07:01:12 +0000 https://republika.mk/?p=487092

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Црна Гора.

Во Подгорица, денеска, претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, по што ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, пленарен состанок на делегациите на Република Македонија и Црна Гора и заедничка прес-конференција на двајцата претседатели, соопштија од Кабинетот на шефот на државата.

Во рамки на посетата, Пендаровски ќе има средби и со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ и со Дритан Абазовиќ, заменик премиер и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора.

Во Бар утре ќе се одржи свечена церемонија на која претседателот Пендаровски ќе му ја предаде спомен-плочата на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу Македонија и Црна Гора.

The post Пендаровски во дводневна официјална посета на Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Црна Гора.
Во Подгорица, денеска, претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, по што ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, пленарен состанок на делегациите на Република Македонија и Црна Гора и заедничка прес-конференција на двајцата претседатели, соопштија од Кабинетот на шефот на државата.
Во рамки на посетата, Пендаровски ќе има средби и со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ и со Дритан Абазовиќ, заменик премиер и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора. Во Бар утре ќе се одржи свечена церемонија на која претседателот Пендаровски ќе му ја предаде спомен-плочата на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу Македонија и Црна Гора.

The post Пендаровски во дводневна официјална посета на Црна Гора appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Натпреварот Македонија – Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/vo-zivo-natprevarot-makedonija-crna-gora/ Sat, 15 Jan 2022 17:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=445050

Репрезентацијата на Македонија денеска го игра вториот натпревар на Европското првенство и ќе има дуел против Црна Гора на кој ќе се обиде да дојде до првата победа. Ова е првиот дуел од 2. коло од Групата А која се игра во Дебрецин, а во вториот термин играат Словенија-Данска.

Двете селекции на првите дуели претрпеа порази, па затоа денеска ќе се обидат да се изборат за бодови.

Натпреварот ќе можете да го следите на Македонската телевизија на првиот и на третиот канал, а можете и на некој од следните линкови

ЛИНК 1

ЛИНК 2

The post ВО ЖИВО: Натпреварот Македонија – Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Репрезентацијата на Македонија денеска го игра вториот натпревар на Европското првенство и ќе има дуел против Црна Гора на кој ќе се обиде да дојде до првата победа. Ова е првиот дуел од 2. коло од Групата А која се игра во Дебрецин, а во вториот термин играат Словенија-Данска. Двете селекции на првите дуели претрпеа порази, па затоа денеска ќе се обидат да се изборат за бодови. Натпреварот ќе можете да го следите на Македонската телевизија на првиот и на третиот канал, а можете и на некој од следните линкови ЛИНК 1 ЛИНК 2

The post ВО ЖИВО: Натпреварот Македонија – Црна Гора appeared first on Република.

]]>