Македонија - Бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-bugarija/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 12:08:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонија - Бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-bugarija/ 32 32 Николоски: Бугарската страна да собере храброст да се одржи третиот состанок за изградбата на пругата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-bugarskata-strana-da-sobere-hrabrost-da-se-odrzhi-tretiot-sostanok-za-izgradbata-na-prugata/ Thu, 28 Nov 2024 12:06:52 +0000 https://republika.mk/?p=842739

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска во одговор на пратеничко прашање ја повика бугарската страна „да се охрабри да се одржи третата средбата што беше плаирана за неделава за изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија.

Одговарајќи на прашање од пратеникот од СДСМ Митко Трајчуловски дали свесно и намерно се одолговлекува изградбата на железничкиот дел од Коридорот 8 и за давање приоритет на Коридорот 10, Николоски рече дека апсолутно е потребна првин рехабилитација и реконструкција на пругата на Коридор 10 и оти секако големата визија е брза пруга, на која би се оперилало со 200 километри на час во патничкиот сообраќај и 120 во товарниот.

Тоа, според мене би бил крвотокот на Македонија но исто така и користење на стратешката позиција. Додека тоа го правиме се работи и на Коридорот 8 каде има три дела, рече Николоски.

Првиот дел од пругата Куманово-Белјаковце во должина од 31 километар најави дека ќе биде завршен до крајот на годината. За вториот дел, од Куманово до Крива Паланка, посочи дека активностите се одвиваат споро и повикува да постапува Обвинителството.

Причина е изведувачот, изградени се 27,3 проценти, а рокот е октомври 2026. Го повикувам Обвинителството да истражи како е избрана компанијата Ѓулермак, дали е манипулирано со должината на шини и со начинот на монтирање и на тој начин е отфрлена конкуренцијата. За ова имам доставено и пријави до ЈО како и ревизроски извештаи, но досега не е направено ништо, рече министерот за транспорт.

Во однос на третата фаза, соопшти дека бугарската страна побарала планираната средба за неделава да се одложи за наредната недела.

Очекувам да соберат храброст да се одржи и третиот состанок кој беше договорен, еден имаше во Брисел, еден во Софија. Неделава требаше да е во Скопје, сега замолуваат за следната, па за следната. Нека соберат храброст нека дојдат да ја затвориме оваа тема и еднаш засекогаш ова прашање да се затвори, затоа што нашите аргумети се јасни и тие стојат - мора да се направи ревизија на цената, бидејќи е невозможно 560 милиони евра да чини изградба на пруга сосе електрификација, мора да има заедничко проектирање на потенцијалниот тунел што треба да ги спојува двете држави и да си го завршат нивниот дел од работата односно да се спојат до граница, рече Николоски.

Нагласи дека апсолутно треба да ја користиме стратешката позиција на Македонија како крстосница и тоа треба да е приоритет број еден, но, како што рече, исто така треба да сме свесни дека ништо не се правело односно многу малку се правело во однос на ова во минатото.

Во тој контекст оцени дека состојбата со Железницата е повеќе од катастрофална, откако станал министер е обезбедена редовна исплата на плати во железничките претпријатија и оти следен горлив проблем е реструктуирањето и на МЖ Инфраструктура и на МЖ Транспорт.

Николоски тврди дека како резултат на одговорно работење двете железнички претпријатија ќе завршат со позитивни резултати за периодот од втората половина од годината, но оти сепак, поради работењето во првите шест месеци на крај ќе завршат со негативен биланс.

Истакна дека ја подобруваат и лошата состојба што ја наследиле во патничкиот и во товарниот сообраќај.

Патнички возови скоро и да немаше можност да оперираат. За товарниот имавме тешки напори да се стави во функција, кога станав министер на пругите имаше над 24 композиции за кои немаше локомотива бидејќи на почеток на јуни имаше нула функционални локомотиви. Сега состојбата е подобра, имаме шест функционални локомотиви, а очекувам до крајот на годната да има девет. Не е некое достигнување, но од нула е многу подобро и веќе се стабилизира карго сообраќајот. Имаме амбиција за стабилизирање и на патничкиот, од декември ќе имаме два воза дневно до Гевгелија, наведе Николоски.

The post Николоски: Бугарската страна да собере храброст да се одржи третиот состанок за изградбата на пругата appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска во одговор на пратеничко прашање ја повика бугарската страна „да се охрабри да се одржи третата средбата што беше плаирана за неделава за изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија. Одговарајќи на прашање од пратеникот од СДСМ Митко Трајчуловски дали свесно и намерно се одолговлекува изградбата на железничкиот дел од Коридорот 8 и за давање приоритет на Коридорот 10, Николоски рече дека апсолутно е потребна првин рехабилитација и реконструкција на пругата на Коридор 10 и оти секако големата визија е брза пруга, на која би се оперилало со 200 километри на час во патничкиот сообраќај и 120 во товарниот.
Тоа, според мене би бил крвотокот на Македонија но исто така и користење на стратешката позиција. Додека тоа го правиме се работи и на Коридорот 8 каде има три дела, рече Николоски.
Првиот дел од пругата Куманово-Белјаковце во должина од 31 километар најави дека ќе биде завршен до крајот на годината. За вториот дел, од Куманово до Крива Паланка, посочи дека активностите се одвиваат споро и повикува да постапува Обвинителството.
Причина е изведувачот, изградени се 27,3 проценти, а рокот е октомври 2026. Го повикувам Обвинителството да истражи како е избрана компанијата Ѓулермак, дали е манипулирано со должината на шини и со начинот на монтирање и на тој начин е отфрлена конкуренцијата. За ова имам доставено и пријави до ЈО како и ревизроски извештаи, но досега не е направено ништо, рече министерот за транспорт.
Во однос на третата фаза, соопшти дека бугарската страна побарала планираната средба за неделава да се одложи за наредната недела.
Очекувам да соберат храброст да се одржи и третиот состанок кој беше договорен, еден имаше во Брисел, еден во Софија. Неделава требаше да е во Скопје, сега замолуваат за следната, па за следната. Нека соберат храброст нека дојдат да ја затвориме оваа тема и еднаш засекогаш ова прашање да се затвори, затоа што нашите аргумети се јасни и тие стојат - мора да се направи ревизија на цената, бидејќи е невозможно 560 милиони евра да чини изградба на пруга сосе електрификација, мора да има заедничко проектирање на потенцијалниот тунел што треба да ги спојува двете држави и да си го завршат нивниот дел од работата односно да се спојат до граница, рече Николоски.
Нагласи дека апсолутно треба да ја користиме стратешката позиција на Македонија како крстосница и тоа треба да е приоритет број еден, но, како што рече, исто така треба да сме свесни дека ништо не се правело односно многу малку се правело во однос на ова во минатото. Во тој контекст оцени дека состојбата со Железницата е повеќе од катастрофална, откако станал министер е обезбедена редовна исплата на плати во железничките претпријатија и оти следен горлив проблем е реструктуирањето и на МЖ Инфраструктура и на МЖ Транспорт. Николоски тврди дека како резултат на одговорно работење двете железнички претпријатија ќе завршат со позитивни резултати за периодот од втората половина од годината, но оти сепак, поради работењето во првите шест месеци на крај ќе завршат со негативен биланс. Истакна дека ја подобруваат и лошата состојба што ја наследиле во патничкиот и во товарниот сообраќај.
Патнички возови скоро и да немаше можност да оперираат. За товарниот имавме тешки напори да се стави во функција, кога станав министер на пругите имаше над 24 композиции за кои немаше локомотива бидејќи на почеток на јуни имаше нула функционални локомотиви. Сега состојбата е подобра, имаме шест функционални локомотиви, а очекувам до крајот на годната да има девет. Не е некое достигнување, но од нула е многу подобро и веќе се стабилизира карго сообраќајот. Имаме амбиција за стабилизирање и на патничкиот, од декември ќе имаме два воза дневно до Гевгелија, наведе Николоски.

The post Николоски: Бугарската страна да собере храброст да се одржи третиот состанок за изградбата на пругата appeared first on Република.

]]>
Јотова: Бугарија не поставува дополнителни услови за Македонија, туку сака Скопје да ги почитува европските договори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jotova-bugarija-ne-postavuva-dopolnitelni-uslovi-za-makedonija-tuku-saka-skopje-da-gi-pochituva-evropskite-dogovori/ Tue, 26 Nov 2024 13:43:26 +0000 https://republika.mk/?p=841952

„Бугарија никогаш не отстапила од договорената рамка и не поставува дополнителни услови за почеток на преговорите за европско членство со Република Македонија, туку сака Скопје да ги почитува европските договори. Тоа не се бугарски барања, туку европски критериуми за членство, од кои главен е заштитата на човековите права“.

Ова го изјавила бугарската потпретседателка Илијана Јотова пред специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин, со кого остварила средба во Софија.

Во разговорот била нагласена водечката улога на Бугарија во процесот на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан. Според бугарските медиуми, Јотова истакнала дека во 2018 година, за време на претседавањето со Советот на Европската унија, Бугарија успеала да ја врати на европската агенда темата за европската иднина на Западен Балкан – процес за кој велат дека запрел уште во 2003 година.

Таа ја идентификувала декларацијата усвоена во Софија од самитот ЕУ-Западен Балкан како клучен документ.

Во врска со европскиот пат на Македонија, бугарската потпретседателка укажала на цврстиот консензус на бугарската позиција во врска со влезот на Бугарите во македонскиот Устав и целосното спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

„Очекуваме Скопје да ги исполни договорите донесени во 2022 година. Францускиот предлог што беше одобрен од сите земји-членки на ЕУ, како и Македонија“, рекла Јотова.

Таа посочила што очекува Софија од Скопје – „вклучување на Бугарите во Уставот, реални резултати од активностите на историската комисија, мерки за спречување на ширењето на антибугарската идеологија и злосторства од омраза, како и стопирање на дискриминација на луѓето кои се идентификуваат како Бугари“.

„Досега ништо не е постигнато, нема ниту предлог- текст за уставните измени. Дополнително, Скопје ги запира заедничките билатерални и европски проекти“, посочила заменичката на Румен Радев, давајќи ја како пример активноста за изградба на Коридорот 8, кој е исклучително важен инфраструктурен проект за целиот регион и Европската Унија.

The post Јотова: Бугарија не поставува дополнителни услови за Македонија, туку сака Скопје да ги почитува европските договори appeared first on Република.

]]>

„Бугарија никогаш не отстапила од договорената рамка и не поставува дополнителни услови за почеток на преговорите за европско членство со Република Македонија, туку сака Скопје да ги почитува европските договори. Тоа не се бугарски барања, туку европски критериуми за членство, од кои главен е заштитата на човековите права“.
Ова го изјавила бугарската потпретседателка Илијана Јотова пред специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин, со кого остварила средба во Софија. Во разговорот била нагласена водечката улога на Бугарија во процесот на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан. Според бугарските медиуми, Јотова истакнала дека во 2018 година, за време на претседавањето со Советот на Европската унија, Бугарија успеала да ја врати на европската агенда темата за европската иднина на Западен Балкан – процес за кој велат дека запрел уште во 2003 година. Таа ја идентификувала декларацијата усвоена во Софија од самитот ЕУ-Западен Балкан како клучен документ. Во врска со европскиот пат на Македонија, бугарската потпретседателка укажала на цврстиот консензус на бугарската позиција во врска со влезот на Бугарите во македонскиот Устав и целосното спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
„Очекуваме Скопје да ги исполни договорите донесени во 2022 година. Францускиот предлог што беше одобрен од сите земји-членки на ЕУ, како и Македонија“, рекла Јотова.
Таа посочила што очекува Софија од Скопје – „вклучување на Бугарите во Уставот, реални резултати од активностите на историската комисија, мерки за спречување на ширењето на антибугарската идеологија и злосторства од омраза, како и стопирање на дискриминација на луѓето кои се идентификуваат како Бугари“.
„Досега ништо не е постигнато, нема ниту предлог- текст за уставните измени. Дополнително, Скопје ги запира заедничките билатерални и европски проекти“, посочила заменичката на Румен Радев, давајќи ја како пример активноста за изградба на Коридорот 8, кој е исклучително важен инфраструктурен проект за целиот регион и Европската Унија.

The post Јотова: Бугарија не поставува дополнителни услови за Македонија, туку сака Скопје да ги почитува европските договори appeared first on Република.

]]>
Средба Сиљановска Давкова – Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/sredba-silanovska-davkova-radev-vo-baku-bilateralnite-sporovi-da-se-reshavaat-vo-ramki-na-printsipite-i-vrednostite-na-eu/ Wed, 13 Nov 2024 09:21:34 +0000 https://republika.mk/?p=837057

 Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени – COP 29 во Баку, Азербејџан. Во разговорот кој, како што информираат од Кабинетот на претседателката, траел еден час и се одвивал во конструктивна атмосфера, било разговарано за потребата од унапредување на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете држави, како и за можностите за продлабочување и динамизирање на билатералната соработка во повеќе области од взаемен интерес.

Двајцата соговорници ги изложиле своите позиции во поглед на можните решенија за предизвиците на македонските евроинтеграции.

Претседателката ја подвлече важноста од продолжување на билатералниот политички дијалог на сите нивоа и притоа посочи дека треба да се почитуваат позициите и интересите на обете страни и дека решавањето на билатералните спорови треба да е во рамките на основните вредности и принципи на Европската Унија.

Сиљановска Давкова, како што посочуваат од Кабинетот, нагласила дека односите треба да се развиваат врз основа на заемно почитување, поддршка и активна соработка што ќе придонесе за јакнење на довербата и пријателството меѓу двата народа.

Бугарскиот претседател Радев, се вели во соопштението, укажал на потребата од брзо решавање на отворените прашања, како и на потребата од воспоставување на добри односи во сите области од заемен интерес за полесно меѓусебно разбирање.

Двајцата соговорници во разговорот, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателката, се согласиле за организирање на официјални посети на кои ќе се конкретизираат заложбите за подобра севкупна соработка меѓу двете држави.

The post Средба Сиљановска Давкова – Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ appeared first on Република.

]]>

 Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени – COP 29 во Баку, Азербејџан. Во разговорот кој, како што информираат од Кабинетот на претседателката, траел еден час и се одвивал во конструктивна атмосфера, било разговарано за потребата од унапредување на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете држави, како и за можностите за продлабочување и динамизирање на билатералната соработка во повеќе области од взаемен интерес. Двајцата соговорници ги изложиле своите позиции во поглед на можните решенија за предизвиците на македонските евроинтеграции. Претседателката ја подвлече важноста од продолжување на билатералниот политички дијалог на сите нивоа и притоа посочи дека треба да се почитуваат позициите и интересите на обете страни и дека решавањето на билатералните спорови треба да е во рамките на основните вредности и принципи на Европската Унија. Сиљановска Давкова, како што посочуваат од Кабинетот, нагласила дека односите треба да се развиваат врз основа на заемно почитување, поддршка и активна соработка што ќе придонесе за јакнење на довербата и пријателството меѓу двата народа. Бугарскиот претседател Радев, се вели во соопштението, укажал на потребата од брзо решавање на отворените прашања, како и на потребата од воспоставување на добри односи во сите области од заемен интерес за полесно меѓусебно разбирање. Двајцата соговорници во разговорот, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателката, се согласиле за организирање на официјални посети на кои ќе се конкретизираат заложбите за подобра севкупна соработка меѓу двете држави.

The post Средба Сиљановска Давкова – Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kos-ke-rabotam-na-toa-bilateralnite-prashana-da-ne-se-uvezuvaat-vo-protsesot-na-proshiruvane/ Thu, 07 Nov 2024 17:49:21 +0000 https://republika.mk/?p=835268

Билатералните проблеми не смеат да останат трајни пречки на патот кон Брисел и затоа ќе работи на тоа „да не се увезуваат билатералните прашања во процесот на проширување“, изјави кандидатката за нов еврокомесар за проширување Марта Кос на денешното сослушување пред во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ).

Очекуваме земјата кандидат Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку, истакна Кос во одговор на прашање бугарскиот европратеник од националистичката проруска партија Преродба, Станислав Стојанов, во врска со, според него, „обидите на Македонија да го одложи или ограничи усвојувањето на уставните промени со што би се овозможило рамноправност на Бугарите со останатите делови на народи“.

Кос истакна дека уставните измени се обврска за земјава наведена и во овогодишниот извештај за напредокот на европскиот пат на кандидати за членство, додавајќи дека во процесот на пристапување на ЕУ мора да се почитуваат владеењето на правото, човековите права и правата на припадниците на малцинствата.

На дополнително прашање на Стојанов, како планира во исполнувањето на нејзините заложби за брзо решавање на споровите меѓу земјите кандидатки и членките на ЕУ, да ги штити интересите на државите кои се дел од Унијата, Кос истакна дека кога станува збор за билтерализацијата нормално е дека приоритет ќе имаат интересите на членките на блокот, но дека таа заедно со нејзините колеги ќе работи на тоа „да не се увезуваат билатералните прашања во процесот на проширување“.

Но, имаме ситуација како во вашата земја која сега е дел од ова и штом еднаш го имаме преговарачкиот процес, имаме многу повеќе алатки како да им помогнеме на земјите кандидати, а од другата страна и на земјите членки да најдат решението. Нема друг начин и не можам да одредам датум колку долго ќе трае тоа. Споровите треба да се решаваат врз основа на принципите на нашите вредности. Помагањето на земјите кандидати и на земјите членки ќе биде многу важен дел од мојата работа. Нема друг начин, истакна Кос.

Во воведното обраќање Кос потенцира дека процесот на проширување е маратон, а не спринт и тој мора да остане заснован на принципот на индивидуални заслуги, но дека треба да се работи на постепено интегрирање на земјите кандидати во клучните сектори, пред се на заедничкиот пазар.

Треба да ги прифатиме само оние нови членки, кои ќе се определат за клучните принципи на Европа, како што се демократијата и владеењето на правот, рече кандидатката за еврокомесарка за проширување.

Кос се обврза да обезбеди сите земји опфатени со проширувањето да бидат добро подготвени во овој процес, но ја нагласи и потребата од силна европска посветеност кон земјите кандидати.

Сакам да видам конкретни резултати во процесот на пристапување на земјите од Западниот Балкан. Да ја претвориме оваа можност во реалност за Западниот Балкан. Помирувањето и регионална соработка се клучни елементи на процесот на проширување на Западниот Балкан. Ако го потврдите мојот избор повеќе ќе се вклучам во надминувањето на билатералните проблеми и изнаоѓањето решенија. Тие не смеат да останат трајни пречки на патот кон Брисел, им порача Кос на европратениците.

Кос се осврна и на слободата на медиумите во кандидати за членство, посочувајќи дека држава која не ги гарантира слободата на говорот и медиумскиот плурализам, не може да стане членка на ЕУ.

Таа се обврза и на тесна соработка со Украина, поддржувајќи го нејзиното закрепнување и обнова во координација со Г7 и меѓународни партнери.

Поддршката на Украина и возвраќањето на руската агресија се апсолутен приоритет, истакна додавајќи дека преговорите за членство на Украина мора да бидат „европска ѕвезда водилка за оваа херојска нација“, како и дека истото важи и за Молдавија“.

Кос најави и поддршка на напорите на ОН за решавање на кипарското прашање, од што, како што нагласи ќе зависи и темпото на односите меѓу ЕУ и Турција во иднина, како и дека ќе ги поддржи напорите за поттикнување мир меѓу Ерменија и Азербејџан.

- Секогаш ќе ги бранам човековите права, демократијата, основните слободи и владеењето на правото и ќе ги потсетам земјите опфатени со процесот на проширување дека нема преговори за овие начела, додаде Кос.

Според неа, потребата е одржување на интегритетот на процесот на проширување и со конкретни активности во насока на постепена интеграција во ЕУ да им испрати позитивен сигнал на граѓаните на земјите кандидати за членство.

Кос нагласи и дека процесот на проширување не само што треба да се базира на исполнувањето на релевантните критериуми од земјите кандидати за членство, туку треба да биде транспарентен и во однос на парите што се трошат.

За да се подготват земјите членки и ЕУ за проширувањето, потребните внатрешни реформи на ЕУ треба да се одвиваат паралелно со него, рече Кос, повикувајќи на поголема вклученост на граѓанското општество во земјите членки во овој процес и апелирајќи до европратениците да го поддржат проширувањето и ги објаснат неговите придобивки пред своите гласачи.

Инаку, на сослушувањето на Кос, покрај членовите на АФЕТ, присуствуваа и европратеници од комитетите за граѓански слободи, правда и внатрешни работи (ЛИБЕ) и за уставни прашања (АФЦО) и од Поткомитетот за човекови права (ДРОИ).

The post Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување appeared first on Република.

]]>

Билатералните проблеми не смеат да останат трајни пречки на патот кон Брисел и затоа ќе работи на тоа „да не се увезуваат билатералните прашања во процесот на проширување“, изјави кандидатката за нов еврокомесар за проширување Марта Кос на денешното сослушување пред во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ).
Очекуваме земјата кандидат Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку, истакна Кос во одговор на прашање бугарскиот европратеник од националистичката проруска партија Преродба, Станислав Стојанов, во врска со, според него, „обидите на Македонија да го одложи или ограничи усвојувањето на уставните промени со што би се овозможило рамноправност на Бугарите со останатите делови на народи“.
Кос истакна дека уставните измени се обврска за земјава наведена и во овогодишниот извештај за напредокот на европскиот пат на кандидати за членство, додавајќи дека во процесот на пристапување на ЕУ мора да се почитуваат владеењето на правото, човековите права и правата на припадниците на малцинствата. На дополнително прашање на Стојанов, како планира во исполнувањето на нејзините заложби за брзо решавање на споровите меѓу земјите кандидатки и членките на ЕУ, да ги штити интересите на државите кои се дел од Унијата, Кос истакна дека кога станува збор за билтерализацијата нормално е дека приоритет ќе имаат интересите на членките на блокот, но дека таа заедно со нејзините колеги ќе работи на тоа „да не се увезуваат билатералните прашања во процесот на проширување“.
Но, имаме ситуација како во вашата земја која сега е дел од ова и штом еднаш го имаме преговарачкиот процес, имаме многу повеќе алатки како да им помогнеме на земјите кандидати, а од другата страна и на земјите членки да најдат решението. Нема друг начин и не можам да одредам датум колку долго ќе трае тоа. Споровите треба да се решаваат врз основа на принципите на нашите вредности. Помагањето на земјите кандидати и на земјите членки ќе биде многу важен дел од мојата работа. Нема друг начин, истакна Кос.
Во воведното обраќање Кос потенцира дека процесот на проширување е маратон, а не спринт и тој мора да остане заснован на принципот на индивидуални заслуги, но дека треба да се работи на постепено интегрирање на земјите кандидати во клучните сектори, пред се на заедничкиот пазар.
Треба да ги прифатиме само оние нови членки, кои ќе се определат за клучните принципи на Европа, како што се демократијата и владеењето на правот, рече кандидатката за еврокомесарка за проширување.
Кос се обврза да обезбеди сите земји опфатени со проширувањето да бидат добро подготвени во овој процес, но ја нагласи и потребата од силна европска посветеност кон земјите кандидати.
Сакам да видам конкретни резултати во процесот на пристапување на земјите од Западниот Балкан. Да ја претвориме оваа можност во реалност за Западниот Балкан. Помирувањето и регионална соработка се клучни елементи на процесот на проширување на Западниот Балкан. Ако го потврдите мојот избор повеќе ќе се вклучам во надминувањето на билатералните проблеми и изнаоѓањето решенија. Тие не смеат да останат трајни пречки на патот кон Брисел, им порача Кос на европратениците.
Кос се осврна и на слободата на медиумите во кандидати за членство, посочувајќи дека држава која не ги гарантира слободата на говорот и медиумскиот плурализам, не може да стане членка на ЕУ. Таа се обврза и на тесна соработка со Украина, поддржувајќи го нејзиното закрепнување и обнова во координација со Г7 и меѓународни партнери.
Поддршката на Украина и возвраќањето на руската агресија се апсолутен приоритет, истакна додавајќи дека преговорите за членство на Украина мора да бидат „европска ѕвезда водилка за оваа херојска нација“, како и дека истото важи и за Молдавија“.
Кос најави и поддршка на напорите на ОН за решавање на кипарското прашање, од што, како што нагласи ќе зависи и темпото на односите меѓу ЕУ и Турција во иднина, како и дека ќе ги поддржи напорите за поттикнување мир меѓу Ерменија и Азербејџан. - Секогаш ќе ги бранам човековите права, демократијата, основните слободи и владеењето на правото и ќе ги потсетам земјите опфатени со процесот на проширување дека нема преговори за овие начела, додаде Кос. Според неа, потребата е одржување на интегритетот на процесот на проширување и со конкретни активности во насока на постепена интеграција во ЕУ да им испрати позитивен сигнал на граѓаните на земјите кандидати за членство. Кос нагласи и дека процесот на проширување не само што треба да се базира на исполнувањето на релевантните критериуми од земјите кандидати за членство, туку треба да биде транспарентен и во однос на парите што се трошат.
За да се подготват земјите членки и ЕУ за проширувањето, потребните внатрешни реформи на ЕУ треба да се одвиваат паралелно со него, рече Кос, повикувајќи на поголема вклученост на граѓанското општество во земјите членки во овој процес и апелирајќи до европратениците да го поддржат проширувањето и ги објаснат неговите придобивки пред своите гласачи.
Инаку, на сослушувањето на Кос, покрај членовите на АФЕТ, присуствуваа и европратеници од комитетите за граѓански слободи, правда и внатрешни работи (ЛИБЕ) и за уставни прашања (АФЦО) и од Поткомитетот за човекови права (ДРОИ).

The post Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување appeared first on Република.

]]>
Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prva-sredba-na-noviot-tim-makedonski-istorichari-vo-zaednichkata-komisija-so-timot-od-bugarija/ Thu, 24 Oct 2024 06:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=830363

Новиот состав во македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија денеска, по подолг период, треба да има прва средба со нивните колеги од бугарска страна.

Последната средба на мешовитата комисија за историски прашања беше одржана на 30 и 31 мај во Софија, а состанокот планиран во Скопје на 18 и 19 септември годинава беше одложен на барање на македонската страна.

Историчарот Митко Панов, кој е дел од новиот состав што Владата го назначи минатиот месец, синоќа во интервју за ТВ Сител изјави дека не може предвреме да каже за очекувањата од средбата, но, рече, оптимист е доколку се постигнат начелата на слободно изразување на ставовите за историјата.

За моите очекувања не можам ништо да кажам сега, пред време, бидејќи треба да се запознаеме, треба да ја запознаеме методологијата на работа, концептот на работа, принципите на делување... Доколку се држиме до современите принципи на работа, европските практики на работа на ваков тип комисии, можам да кажам дека сум оптимист, не дека нешто ќе се постигне, сега ќе видиме, но доколку ги постигнеме тие начела на работа, мислам дека ќе можеме слободно да ги изразуваме своите ставови и, впрочем, тоа е и целта и моето разбирање на комисијата – да ги изразиме сопствените ставови, ставовите на македонската историографија и да видиме кои се тие проблематични точки коишто едната страна ги смета за некакви конфликтни проблеми, истакна Панов.

Посочи дека претходно многупати кажал дека не се согласува со концептот на работа на претходната Комисија, и нагласи дека ќе работат „растоварени од какви било политички влијанија“ затоа што, рече, комисијата треба да работи во таква атмосфера за да дискутира.

Генерално, комисијата треба да работи во некаква атмосфера во која ќе дискутираме за одредени историографски проблеми коишто, да кажам, се можеби продукт на 19 век... Ќе видиме како понатаму ќе се делува. Она што е охрабрувачки е фактот дека како тим на историчари сме оставени слободно да ги изразуваме своите ставови и своите научни гледишта. Впрочем, со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имавме протоколарна средба на која беше дециден дека ние како историчари и како комисија, формално сега, апсолутно имаме академска слобода на делување за какви било одлуки што ќе ги донесеме, ако ги донесеме, и за какви било дискусии во рамките на комисијата. Така што, тоа е за поздравување, додаде Панов, историчар од Институтот за национална историја.

Новиот состав на македонскиот тим од заедничката комисија беше избран од Владата на 10 септември. Нов претседател на македонскиот тим во заедничката комисија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а покрај Митко Панов, членови во Комисијата се и Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година.

Досега комисијата усвои препораки за заедничко чествување на пет историски ликови – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто оделение во Македонија и за пети клас во Бугарија.

The post Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија appeared first on Република.

]]>

Новиот состав во македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија денеска, по подолг период, треба да има прва средба со нивните колеги од бугарска страна. Последната средба на мешовитата комисија за историски прашања беше одржана на 30 и 31 мај во Софија, а состанокот планиран во Скопје на 18 и 19 септември годинава беше одложен на барање на македонската страна. Историчарот Митко Панов, кој е дел од новиот состав што Владата го назначи минатиот месец, синоќа во интервју за ТВ Сител изјави дека не може предвреме да каже за очекувањата од средбата, но, рече, оптимист е доколку се постигнат начелата на слободно изразување на ставовите за историјата.
За моите очекувања не можам ништо да кажам сега, пред време, бидејќи треба да се запознаеме, треба да ја запознаеме методологијата на работа, концептот на работа, принципите на делување... Доколку се држиме до современите принципи на работа, европските практики на работа на ваков тип комисии, можам да кажам дека сум оптимист, не дека нешто ќе се постигне, сега ќе видиме, но доколку ги постигнеме тие начела на работа, мислам дека ќе можеме слободно да ги изразуваме своите ставови и, впрочем, тоа е и целта и моето разбирање на комисијата – да ги изразиме сопствените ставови, ставовите на македонската историографија и да видиме кои се тие проблематични точки коишто едната страна ги смета за некакви конфликтни проблеми, истакна Панов.
Посочи дека претходно многупати кажал дека не се согласува со концептот на работа на претходната Комисија, и нагласи дека ќе работат „растоварени од какви било политички влијанија“ затоа што, рече, комисијата треба да работи во таква атмосфера за да дискутира.
Генерално, комисијата треба да работи во некаква атмосфера во која ќе дискутираме за одредени историографски проблеми коишто, да кажам, се можеби продукт на 19 век... Ќе видиме како понатаму ќе се делува. Она што е охрабрувачки е фактот дека како тим на историчари сме оставени слободно да ги изразуваме своите ставови и своите научни гледишта. Впрочем, со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имавме протоколарна средба на која беше дециден дека ние како историчари и како комисија, формално сега, апсолутно имаме академска слобода на делување за какви било одлуки што ќе ги донесеме, ако ги донесеме, и за какви било дискусии во рамките на комисијата. Така што, тоа е за поздравување, додаде Панов, историчар од Институтот за национална историја.
Новиот состав на македонскиот тим од заедничката комисија беше избран од Владата на 10 септември. Нов претседател на македонскиот тим во заедничката комисија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а покрај Митко Панов, членови во Комисијата се и Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски. Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година. Досега комисијата усвои препораки за заедничко чествување на пет историски ликови – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто оделение во Македонија и за пети клас во Бугарија.

The post Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија appeared first on Република.

]]>
Во спорот со источниот сосед бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања, порача Мицкоски во Салцбург https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-sporot-so-istochniot-sosed-barame-konstruktivno-i-prifatlivo-reshenie-za-site-bez-utseni-i-uslovuvana-poracha-mitskoski-vo-saltsburg/ Mon, 21 Oct 2024 13:35:09 +0000 https://republika.mk/?p=829500

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска обраќајќи се на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите, истакна дека државата е блокирана од еден нерационален и билатерален спор, посочувајќи дека премногу долго интеграцискиот процес трае за државата обременет со многу детали кои влијаат за зголемување на фрустрациите и незадоволството од водењето на целиот процес, соопштија од владината прес-служба.

Кога станува збор за надворешната испорака на резултати, од странство како државата често добивавме само зборови, не дела. Резултатите недостигаат, имаме само обврски. И како минуваше времето, меѓу народот се зголемуваше фрустрацијата зошто сега повторно имаме повторен услов, повторно ограничување. И се прашуваме, во ред, треба да се исправиме како политичари. И сега, треба да застанам пред моите граѓани и да речам: видете, драги сограѓани, мои студенти, мора повторно да го промениме Уставот, посочи премиерот Мицкоски.

Тој истакна дека источниот сосед досега не почитува 14 пресуди од Судот за човековите права во Стразбур за регистрирање на здружение на Македонците кои живеат на тие простори, додека тие бараат внес на Бугарите во македонскиот Устав што покажува дека има отсуство на волја за приближување на работите.

Претседателот на Владата Мицкоски нагласи дека дури и да се внесат Бугарите во Уставот, никој не гарантира дека тоа е последен услов за исполнување на некоја обврска и дека за 6 месеци од сега нема да се бара нешто дополнително.

Ние како Влада сме посветени на изнаоѓање на решение и активен дијалог. Едно од решенијата секако е да се примени формулата веќе применета во Преспанскиот договор за одложено дејство, поточно во моментите кога ќе влеземе во Европската Унија, тогаш тие одлуки во Уставот да станат активни, што секако претставува заштитен механизам од подоцнежни условувања, порача тој.

The post Во спорот со источниот сосед бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања, порача Мицкоски во Салцбург appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска обраќајќи се на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите, истакна дека државата е блокирана од еден нерационален и билатерален спор, посочувајќи дека премногу долго интеграцискиот процес трае за државата обременет со многу детали кои влијаат за зголемување на фрустрациите и незадоволството од водењето на целиот процес, соопштија од владината прес-служба.
Кога станува збор за надворешната испорака на резултати, од странство како државата често добивавме само зборови, не дела. Резултатите недостигаат, имаме само обврски. И како минуваше времето, меѓу народот се зголемуваше фрустрацијата зошто сега повторно имаме повторен услов, повторно ограничување. И се прашуваме, во ред, треба да се исправиме како политичари. И сега, треба да застанам пред моите граѓани и да речам: видете, драги сограѓани, мои студенти, мора повторно да го промениме Уставот, посочи премиерот Мицкоски.
Тој истакна дека источниот сосед досега не почитува 14 пресуди од Судот за човековите права во Стразбур за регистрирање на здружение на Македонците кои живеат на тие простори, додека тие бараат внес на Бугарите во македонскиот Устав што покажува дека има отсуство на волја за приближување на работите. Претседателот на Владата Мицкоски нагласи дека дури и да се внесат Бугарите во Уставот, никој не гарантира дека тоа е последен услов за исполнување на некоја обврска и дека за 6 месеци од сега нема да се бара нешто дополнително.
Ние како Влада сме посветени на изнаоѓање на решение и активен дијалог. Едно од решенијата секако е да се примени формулата веќе применета во Преспанскиот договор за одложено дејство, поточно во моментите кога ќе влеземе во Европската Унија, тогаш тие одлуки во Уставот да станат активни, што секако претставува заштитен механизам од подоцнежни условувања, порача тој.

The post Во спорот со источниот сосед бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања, порача Мицкоски во Салцбург appeared first on Република.

]]>
Која му била мајка на народниот херој и со кого водела љубов се многу интересни теми за историчарите, но не за членство во ЕУ, смета Рама https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/koja-mu-bila-majka-na-narodniot-heroj-i-so-kogo-vodela-lubov-se-mnogu-interesni-temi-za-istoricharite-no-ne-za-chlenstvo-vo-eu-smeta-rama/ Tue, 15 Oct 2024 11:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=827115

Билатерализацијата на патот на една земја кон Европската Унија е болна работа, бидејќи ако се билатерализира овој процес само и се нанесуваат штети на таа држава, порача во Луксембург албанскиот премиер Еди Рама на прес-конференција по одржувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ги започна пристапните преговори по кластери.

Со билатерализацијата само им се нанесува штета на она што го викаме збир на стандарди и вредности, порача Рама на заедничката прес-конференција со унгарскиот министер за надворешни работи и трговија и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Според Рама, со блокирање на европскиот пат на една земја само и се прекинува дотокот на кислород и се попречуваат нејзините можности да се стекне со знаења како да ги развива своите институции, да воспостави систем на вредности, владеење на правото и функционална демократија.

Со спречувањето на Македонија, а потоа и Cеверна Македонија, да направи ова и се нанесе голема штета на државата, голема штета на луѓето и со тоа и голема штета на регионот, истакна албанскиот премиер.

Тој нагласи дека на секоја земја кандидат за членство може да се блокира во секое време, но треба да и се дозволи да учи како да ги изгради своите инсинуации, да ги спроведе сите потребни реформи и да воспостави индивидуални слободи, владеење на правото и демократија.

А потоа кога ќе стане членка, може да и кажете не ми се допаѓа твоето име, но барем сте и дале можност да функционираат како земја членка на ЕУ. Тогаш кажете дека не ви се допаѓа името..., а не кога на земјата и треба поддршка. Затоа тогаш имаме земја кој пред 20 години беше неспорно ориентирана кон западната евроатлантска заедница, а погледнете кој денес е најпопуларен политичар во Македонија, во Cеверна Македонија или како и да е, истакна Рама, додавајќи дека сака сега да има телефонски повик од неговите грчки пријатели и да му кажат дека рекол Македонија.

Тој нагласи дека се чувствува навистина тажно што, како што рече, братската Македонија, се уште не може да влезе во фазата од преговорите во кои сега е Албанија, иако беше меѓу првите, ако не е прва, што го започна овој процес меѓу државите во регионот.

Па кога зборувам за нашите понижувања затоа што три пати по ред бевме одбивани за почеток на пристапните преговори, тогаш се чувствувам некако засрамено затоа што морам да помислам на понижувањата на Македонија. Тие го сменија името и за да можат да започнат преговори, нагласи Рама, додавајќи дека историјата не може да биде причина за запирање на пристапните преговори за која било земја.

Тој потенцира дека иако како и многумина го сака Александар Македонски, сепак не му е важно која во минатото била чија мајка, кој со кого водел љубов и каков бил идентитетот на некого во тоа време.

Навистина тоа се многу интересни теми за историчарите, но не мислам дека тоа треба да биде дел од поврзувањето со Европската унија... Треба да гледаме на минатото со очите на иднината. Гледајќи во иднината со очите на минатото само ќе донесе компликации, заклучи Рама.

Во врска со можното повторно здружување на Албанија со Македонија Тој нагласи дека Албанија во минатото насилно многу пати била здружувана со други – со Османлиите, со Италијанците, со Југословените, со Советскиот Сојуз и со маоистички Кина, и од сите овие здружувања сфатила дека не сака да бидеме здружена со сила од никого, туку сака да биде здружена со Европската Унија.

Но, наеднаш се најдовме здружени со Македонија. Ајде да кажеме дека тоа не беше толку лошо, затоа што можеме да ги споделиме нашата тешки ситуации едни со други. Бевме како Владимир и Естрагон кои го чекаат Годо, а Брисел и во тоа време изгледаше како Семјуел Бекет, рече Рама, додавајќи дека таквата ситуација за двете земји изгледала како приказна без крај.

Во врска со повторното здружување на Скопје и Тирана на европскиот пат, еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји истакна дека двете земји можеби политички биле во пакет, но во пракса никогаш не биле поврзани во напорите за приближување кон ЕУ бидејќи, тоа е процес заснован на индивидуални заслуги.

Здружувањето на земјите кандидати една со друга, би значело дека правиме компромиси или дозволуваме да се прават компромиси врз основа на принципот на заслуги, кој е еден од темелите на Копенхагенските критериуми, истакна Вархеји.

Сијарто, пак, рече дека верува оти Македонија заслужила да ги започне суштинските преговори, но дека сите знаат со какви пречки се соочува.

Она што можам да ви ветам како унгарско претседателство е дека ќе продолжиме да ги поддржуваме двете земји за да можат да минат низ процесот на пристапување што е можно побрзо, додаде Сијарто.

The post Која му била мајка на народниот херој и со кого водела љубов се многу интересни теми за историчарите, но не за членство во ЕУ, смета Рама appeared first on Република.

Героски: На Денот на народното востание Али Ахмети покажа дека помила му е Бугарија одошто земјата во која неговиот внук се наполни ко брод! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/geroski-na-denot-na-narodnoto-vostanie-ali-ahmeti-pokazha-deka-pomila-mu-e-bugarija-odoshto-zemjata-vo-koja-negoviot-vnuk-se-napolni-ko-brod/ Mon, 14 Oct 2024 12:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=826619

Средбата во Мала Речица беше уште една порака упатена до јавноста дека во спорот меѓу Скопје и Софија, Али Ахмети е на страната на своите софиски пријатели, реагира уредникот Бранко Героски во својата последна колумна, зборувајќи за средбата на лидерот на ДУИ со новиот амбасадор на Бугарија во Скопје, Жељазко Радуков, на големиот национален празник 11 Октомври.

Замислете, на 28 Ноември, на Денот на албанското знаме, националниот празник на Албанците, делегација на ВМРО-ДПМНЕ на чело со лидерот Христијан Мицкоски, да се сретне со српскиот амбасадор во Македонија. А потоа, oд средбата да биде издадено официјално соопштение, во кое ќе се каже дека владејачката партија изразила ставови идентични со позициите на Белград во спорот со Приштина.

Како би го доживеале тоа Албанците во Македонија?

Како тешка провокација што ги загрозува меѓуетничките односи во Македонија. А како поинаку?

Секој Албанец би рекол – погледнете, Мицкоски нè предаде!

Не го сакам тој тежок збор, но да – во случајот, тоа би било рамно на предавство.

Како би реагирала коалицијата Вреди, која е партнер во Владата?

Како би реагирала опозициската ДУИ?

Најостро. Во најблагата форма, би барале повлекување на изјавата и јавно извинување од Мицкоски. Но, не би било неочекувано еден таков непромислен гест да доведе и до сериозна политичка криза, па и до распад на владејачката коалиција.

Она што Мицкоски нема да го стори на 28 Ноември, го стори Али Ахмети на 11 октомври, на Денот на народното востание.

11 Октомври е важен датум во поновата историја на Македонија, бидејќи го означува почетокот на народното востание против фашистичката окупација во Втората светска војна. Тоа што некои луѓе во Бугарија сега велат дека 11 Октомври бил „антибугарски празник“, тоа само покажува дека тие се самоидентификуваат со марионетската фашистичка влада на Бугарија, која ја предводела окупацијата на Македонија, од 1941 година до капитулацијата на таа влада во 1943 година.

Целата колумна на „Плусинфо“

The post Героски: На Денот на народното востание Али Ахмети покажа дека помила му е Бугарија одошто земјата во која неговиот внук се наполни ко брод! appeared first on Република.

]]>

Средбата во Мала Речица беше уште една порака упатена до јавноста дека во спорот меѓу Скопје и Софија, Али Ахмети е на страната на своите софиски пријатели, реагира уредникот Бранко Героски во својата последна колумна, зборувајќи за средбата на лидерот на ДУИ со новиот амбасадор на Бугарија во Скопје, Жељазко Радуков, на големиот национален празник 11 Октомври. Замислете, на 28 Ноември, на Денот на албанското знаме, националниот празник на Албанците, делегација на ВМРО-ДПМНЕ на чело со лидерот Христијан Мицкоски, да се сретне со српскиот амбасадор во Македонија. А потоа, oд средбата да биде издадено официјално соопштение, во кое ќе се каже дека владејачката партија изразила ставови идентични со позициите на Белград во спорот со Приштина. Како би го доживеале тоа Албанците во Македонија? Како тешка провокација што ги загрозува меѓуетничките односи во Македонија. А како поинаку? Секој Албанец би рекол – погледнете, Мицкоски нè предаде! Не го сакам тој тежок збор, но да – во случајот, тоа би било рамно на предавство. Како би реагирала коалицијата Вреди, која е партнер во Владата? Како би реагирала опозициската ДУИ? Најостро. Во најблагата форма, би барале повлекување на изјавата и јавно извинување од Мицкоски. Но, не би било неочекувано еден таков непромислен гест да доведе и до сериозна политичка криза, па и до распад на владејачката коалиција. Она што Мицкоски нема да го стори на 28 Ноември, го стори Али Ахмети на 11 октомври, на Денот на народното востание. 11 Октомври е важен датум во поновата историја на Македонија, бидејќи го означува почетокот на народното востание против фашистичката окупација во Втората светска војна. Тоа што некои луѓе во Бугарија сега велат дека 11 Октомври бил „антибугарски празник“, тоа само покажува дека тие се самоидентификуваат со марионетската фашистичка влада на Бугарија, која ја предводела окупацијата на Македонија, од 1941 година до капитулацијата на таа влада во 1943 година. Целата колумна на „Плусинфо“

The post Героски: На Денот на народното востание Али Ахмети покажа дека помила му е Бугарија одошто земјата во која неговиот внук се наполни ко брод! appeared first on Република.

]]>
Бугарија има Совет за малцинство, во кое го нема македонското малцинство, потенцира Сиљановска-Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-ima-sovet-za-maltsinstvo-vo-koe-go-nema-makedonskoto-maltsinstvo-potentsira-silanovska-davkova/ Fri, 11 Oct 2024 09:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=825457

Бугарија има Совет за малцинство, во кое го нема македонското, потсети претседателката Гордана Сиљановска Давкова во вчерашното гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sovet-na-evropa-makedontsite-vo-bugarija-ne-mozhat-da-gi-uzhivaat-individualnite-maltsinski-prava/

Свест за постоење на малцинствата се гради, ако вие не ги почитувате пресудите на Судот во Стразбург, каде седи и бугарски претставник, значи вие и како држава не градите свест. Не велам јас, замислете сега Советот на Европа да побара од Бугарија да го смени Уставот, бидејќи Уставот како Устав што е инспириран од демосот, од индивидуализмот забранува партии врз етничка и верска поделба, но да го оставиме тоа ама Бугарија е потписник на Конвенцијата на заштита на правата на малцинствата, вели Сиљановска Давкова.

https://youtu.be/jTnceN0eyAM?si=BTArLEWge3GRkRhz

The post Бугарија има Совет за малцинство, во кое го нема македонското малцинство, потенцира Сиљановска-Давкова appeared first on Република.

]]>

Бугарија има Совет за малцинство, во кое го нема македонското, потсети претседателката Гордана Сиљановска Давкова во вчерашното гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. https://republika.mk/vesti/makedonija/sovet-na-evropa-makedontsite-vo-bugarija-ne-mozhat-da-gi-uzhivaat-individualnite-maltsinski-prava/
Свест за постоење на малцинствата се гради, ако вие не ги почитувате пресудите на Судот во Стразбург, каде седи и бугарски претставник, значи вие и како држава не градите свест. Не велам јас, замислете сега Советот на Европа да побара од Бугарија да го смени Уставот, бидејќи Уставот како Устав што е инспириран од демосот, од индивидуализмот забранува партии врз етничка и верска поделба, но да го оставиме тоа ама Бугарија е потписник на Конвенцијата на заштита на правата на малцинствата, вели Сиљановска Давкова.
https://youtu.be/jTnceN0eyAM?si=BTArLEWge3GRkRhz

The post Бугарија има Совет за малцинство, во кое го нема македонското малцинство, потенцира Сиљановска-Давкова appeared first on Република.

]]>
Спасов: Идејата на Мицкоски за Преспанскиот како модел за проблемот со Бугарија треба да се прифати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasov-idejata-na-mitskoski-za-prespanskiot-kako-model-za-problemot-so-bugarija-treba-da-se-prifati/ Wed, 09 Oct 2024 13:41:48 +0000 https://republika.mk/?p=824621

Мислам дека идејата на Мицковски за промена на Уставот со одложена важност е преземена од тврдењето на Никола Димитров дека со тоа би бил исполнет условот за внесување на Бугарите во Уставот, но не и делот од вториот протокол со Бугарија во кој сме се согласиле тоа да важи веднаш, изјави во разговор за Рацин.мк професорот и поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија Ѓорѓи Спасов.

Спасов се повикува на Димитров кој смета дека Уставот може да се смени и со тоа се почитува Рамката за преговори со ЕУ, а со уставен закон ќе се наведе дека таа промена ќе стапи во сила кога Бугарија ќе го потпише пристапниот договорот за членство на Македонија во ЕУ.

На прашање како на ова ќе одговорат во Софија со оглед на тоа дека досега се изричити со својот познат став, Спасов вели дека е малку веројатно дека Бугарија ќе го смета ова за решение.

Но, треба да сфатиме дека кај нас уште долго нема да биде можно изнаоѓање решение за започнувањето разговори без добивање некаква, па дури и симболична отстапка од Бугарија и од ЕУ, смета Спасов.

Спасов уште вели дека „иако на прв поглед изгледа како рекламата за космодиск ‘шашаво’ тоа може да се покаже како излез, но со вложување дополнителни дипломатски напори“.

The post Спасов: Идејата на Мицкоски за Преспанскиот како модел за проблемот со Бугарија треба да се прифати appeared first on Република.

]]>

Мислам дека идејата на Мицковски за промена на Уставот со одложена важност е преземена од тврдењето на Никола Димитров дека со тоа би бил исполнет условот за внесување на Бугарите во Уставот, но не и делот од вториот протокол со Бугарија во кој сме се согласиле тоа да важи веднаш, изјави во разговор за Рацин.мк професорот и поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија Ѓорѓи Спасов. Спасов се повикува на Димитров кој смета дека Уставот може да се смени и со тоа се почитува Рамката за преговори со ЕУ, а со уставен закон ќе се наведе дека таа промена ќе стапи во сила кога Бугарија ќе го потпише пристапниот договорот за членство на Македонија во ЕУ. На прашање како на ова ќе одговорат во Софија со оглед на тоа дека досега се изричити со својот познат став, Спасов вели дека е малку веројатно дека Бугарија ќе го смета ова за решение.
Но, треба да сфатиме дека кај нас уште долго нема да биде можно изнаоѓање решение за започнувањето разговори без добивање некаква, па дури и симболична отстапка од Бугарија и од ЕУ, смета Спасов.
Спасов уште вели дека „иако на прв поглед изгледа како рекламата за космодиск ‘шашаво’ тоа може да се покаже како излез, но со вложување дополнителни дипломатски напори“.

The post Спасов: Идејата на Мицкоски за Преспанскиот како модел за проблемот со Бугарија треба да се прифати appeared first on Република.

]]>
Власта ќе ги чека изборите во Бугарија за да изнесе нови предлози како да се продолжат преговорите со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-ke-gi-cheka-izborite-vo-bugarija-za-da-iznese-novi-predlozi-kako-da-se-prodolzhat-pregovorite-so-eu/ Wed, 09 Oct 2024 07:03:07 +0000 https://republika.mk/?p=824397

Власта ќе ги чека изборите во Бугарија за да изнесе нови предлози за решение како да се продолжат преговорите. Министерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Орхан Муртезани вчера рече дека Брисел не гледа со голем оптимизам за предлогот за уставни измени со одложено дејство, но не го отфрлува целосно и оти во Владата веќе се водат интерни разговори за изнаоѓање на нови решенија како да се продолжат преговорите. Премиерот Христијан Мицкоски викендов од Охрид најави дека преку разни институционални канали ќе се обрати и ќе работи со Европската комисија и со партнерите за изнаоѓање решение кое ќе биде достоинствено и согласно националните интереси.

Досега немаме финален предлог, меѓутоа и да имаме таков нема да брзаме да го објавиме пред да бидат завршени изборите во соседна Бугарија, бидејќи сметаме дека периодов и да имаме најдобар можен план не знаеме дали ќе биде прифатен од другата страна. Затоа се работи интензивно на изнаоѓање на решенија и мислам дека ова е правилниот пристап за понатаму, рече Муртезани вчера на прес-конференција кој како министер за европски прашања е главен преговарач на Владата со ЕУ.

За содржината на писмото што би било испратено до европските институции, вели дека моментално не е разговарано за содржината или што точно ќе содржи.

Ќе има уште неколку координации во Владата заедно со премиерот, и откако ќе биде тоа срочено во рамки на некоја стратегија, тогаш сигурно дека ќе биде испратено и споделено со јавноста. Во моментот нема содржина на такво евентуално писмо, вели тој.

Прашан дали некоја идеја може да биде без уставни измени, тој вели дека уставните измени не се од Бугарија, туку од 27 земји-членки на ЕУ.

Тоа е јасно наведено и во заклучоците на Советот. Ние се обидуваме да го заштитиме процесот. И премерот во неколку наврати и Владата имаат споменато дека не е спорно ништо да се носат уставните измени. Меѓутоа, ние сакаме да бидеме сигурни дека процесот понатаму нема да биде предмет на дополнителни блокади. Ние како коалиција Влен дадовме рок од шест месеци во кој што Владата мора да понуди решение за надминување на кризата. Уште сме во четвртиот месец, кога ќе стигнеме при крајот ќе видиме какви се можностите и што би направиле понатаму, рече тој.

Minister of European Affairs and chief negotiator with the EU Orhan Murtezani said Brussels did not seem optimistic about the proposal for delaying the implementation of the constitutional ch

Во одговор на новинарско прашање дали нови решенија се бараат со Бугарија или со другите земји членки, вели дека на сите средби со високи претставници во Брисел и други земји-членки на ЕУ била побарана помош да создадеме вакуум за дијалог.

За нас би било полесно и посигурно ако целиот овој дијалог помеѓу нас и Бугарија се олесни или се овозможи од нашите стратешки партнери, додаде Муртезани.

Според него, главната порака од раздвојувањето на Македонија и Албанија е дека процесот на проширување е се уште жив и оти ние мора да изнајдеме решение во најкус можен рок.

На прашањето каков вид гаранции очекуваат од ЕУ, кога сигналите оттаму секогаш скоро се јасни и идентични, дека гаранции не можат да се добијат, вели дека ако се погледнат протоколите, „ние таму сметаме дека има огромни можности за дополнителни блокади“.

И ако ние како Влада сметаме дека постои таков ризик, и со надминување на сегашниот чекор, само ќе поместиме уште една блокада понатаму, мислам дека треба да ги исцрпиме сите можности во обезбедување некакви гаранции и дека нема да бидеме предмет на повторни блокади. Не е работата ЕУ да ни гарантира нешто. Ние сме должни да го заштитиме интересот на државата и на граѓаните. Ако ние сметаме дека постои таков потенцијален ризик, тогаш подобро е да се подготвуваме од сега, да го елиминираме тој ризик, отколку да ги усвоиме уставните измени, па после да се соочиме со дополнителна блокада. Блокади можеме да предизвикаме и сами, ако реформите во правосудниот систем ги тераме спротивно на европската пракса... Сите ние сме биле сведоци дека и Договорот за добрососедство, меѓутоа и протоколите се предмет на различни толкувања од различните страни. И ние сакаме да бидеме сигурни дека тие различни интерпретации некоја наредна унилатерална позиција на Бугарија, којашто ќе биде заедничка позиција на ЕУ. На нас останува да обезбедиме или да се осигуриме дека процесот нема повторно да биде предмет на дополнителни блокади, оцени Муртезани.

Протоколот што вчера го потпишаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија Теодора Генчовска е дипломатски нокаут и капитулација, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Христијан Мицкоски во саботата најави дека преку разни институционални канали ќе се обрати и ќе работи со Европската комисија и со партнерите за изнаоѓање решение кое ќе биде достоинствено и согласно националните интереси. Тој и во понеделникот повтори дека Владата сака да биде проевропска и да ја види државата интегрирана во рамки на ЕУ, но не по секоја цена, туку по нормална траекторија во која што би биле со сочувано достоинство. За ова, вели Мицкоски, имаме поддршка од 26 земји членки, освен од нашиот источен сосед.

Според него, е чудно тоа што Бугарија го одбила предлогот на Унгарија како претседавач на Европската унија да биде медијатор во целиот процес, иако претходно велела дека проблемот е на Европската унија.

Вели дека во моментот нема предвидливо решение и проблем е што не е јасен патот и целта.

Сите почнале и го завршиле процесот, ние немаме таков јасен показател и параметар. Кога ќе има и тоа би го зграпчиле. Нашиот став околу одложеното дејство не е ништо повеќе од формула која функционирала како што е Преспанскиот договор кој велеше дека амандманите ќе станат ефективни кога грчкиот Парламент ќе го ратификува пристапниот протокол за државава во НАТО.  Велат дека Преспанскиот договор бил ремек дело на дипломатијата, ајде тогаш тоа да го реплицираме - уставните амандмани да важат кога бугарскиот Парламент ќе го ратификува пристапниот договор за ЕУ. Ако е тоа добро, само да го копираме и примениме, нагласи Мицкоски.

Лидерот на движењето Беса, која е дел од коалицијата Влен, Билал Касами вели дека остануваат на ставот за носење на уставните измени, но дека прво меѓународните партнери, пред се ЕУ и САД, треба да дадат јасен план како ќе се движи евроинтегративниот пат на државата.

Уставните измени се само предуслов за продолжување на евроинтеграциите, но за понатамошните интеграции потребен е партнер од страна на ЕУ со јасен план за нашиот пат кон ЕУ. Чекаме Брисел да дојде со јасен план како ќе продолжи процесот на интеграција, рече Касами во понеделникот.

Запрашан дали оваа одлука ќе се донесе до крајот на годинава, Касами рече дека никогаш не давал рокови.

Сите луѓе кои пристигнале во државава од критичните региони каде има заразени од коронавирусот да се придржуваат до препораките кои ги добиле во флаерот, а тоа е доколку после патувањето во о

Опозицијата, пак, повторно побара на затворена собраниска седница за власта да го каже планот за евроинтегративниот процес на земјава.

СДСМ побара ваква седница откако Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР) донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ, со што практично би се раздвоила од Македонија, иако досега двете земји се движеа во пакет во пристапниот процес.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче во понеделникот во изјава за медиумите повторно го повика премиерот Мицкоски да свика ваква седница на која ќе образложи каков е планот и идните чекори за европската интеграција на државата.

Процесот на евроинтеграции на државата е блокиран од страна на Владата. Тие се должни пред граѓаните да го кажат планот со кој би ги подобриле позициите во преговарачкиот процес како што ветуваа во изборниот период. Кажуваа дека имаат некаков план, некаква поддршка од некои земји, за тоа дека ќе ги подобрат нашите услови во процесот на преговори меѓутоа досега од тоа не видовме ништо. Ниту видовме некој обид да се подобри нашата преговарачка позиција, ниту имаме временска рамка кога тоа ќе се случи и затоа е неопходно што побрзо да се случи таа собраниска седница за Владата и премиерот да го кажат планот за нашиот евроинтегративен процес, изјави Филипче во Крива Паланка.

Портпаролката на ЕК за проширување, соседска политика и меѓународни партнерства Ана Писонеро на 27 септември изјави дека ставот на Европската комисија е многу јасен и дека таа со нетрпение очекува почеток на преговорите по Кластерот „Основи вредности“ што е можно поскоро и со Албанија и со Македонија, откако земјава „ќе ги исполни релевантните критериуми договорени со Советот“ на ЕУ. Таа додаде дека тие „релевантни критериуми“ ги опфаќаат уставните амандмани за вклучување на Бугарите во Уставот, нагласувајќи дека Европскиот совет ја повика земјава да го забрза спроведувањето на овие измени. 

The post Власта ќе ги чека изборите во Бугарија за да изнесе нови предлози како да се продолжат преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Власта ќе ги чека изборите во Бугарија за да изнесе нови предлози за решение како да се продолжат преговорите. Министерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Орхан Муртезани вчера рече дека Брисел не гледа со голем оптимизам за предлогот за уставни измени со одложено дејство, но не го отфрлува целосно и оти во Владата веќе се водат интерни разговори за изнаоѓање на нови решенија како да се продолжат преговорите. Премиерот Христијан Мицкоски викендов од Охрид најави дека преку разни институционални канали ќе се обрати и ќе работи со Европската комисија и со партнерите за изнаоѓање решение кое ќе биде достоинствено и согласно националните интереси.
Досега немаме финален предлог, меѓутоа и да имаме таков нема да брзаме да го објавиме пред да бидат завршени изборите во соседна Бугарија, бидејќи сметаме дека периодов и да имаме најдобар можен план не знаеме дали ќе биде прифатен од другата страна. Затоа се работи интензивно на изнаоѓање на решенија и мислам дека ова е правилниот пристап за понатаму, рече Муртезани вчера на прес-конференција кој како министер за европски прашања е главен преговарач на Владата со ЕУ.
За содржината на писмото што би било испратено до европските институции, вели дека моментално не е разговарано за содржината или што точно ќе содржи.
Ќе има уште неколку координации во Владата заедно со премиерот, и откако ќе биде тоа срочено во рамки на некоја стратегија, тогаш сигурно дека ќе биде испратено и споделено со јавноста. Во моментот нема содржина на такво евентуално писмо, вели тој.
Прашан дали некоја идеја може да биде без уставни измени, тој вели дека уставните измени не се од Бугарија, туку од 27 земји-членки на ЕУ.
Тоа е јасно наведено и во заклучоците на Советот. Ние се обидуваме да го заштитиме процесот. И премерот во неколку наврати и Владата имаат споменато дека не е спорно ништо да се носат уставните измени. Меѓутоа, ние сакаме да бидеме сигурни дека процесот понатаму нема да биде предмет на дополнителни блокади. Ние како коалиција Влен дадовме рок од шест месеци во кој што Владата мора да понуди решение за надминување на кризата. Уште сме во четвртиот месец, кога ќе стигнеме при крајот ќе видиме какви се можностите и што би направиле понатаму, рече тој.
Minister of European Affairs and chief negotiator with the EU Orhan Murtezani said Brussels did not seem optimistic about the proposal for delaying the implementation of the constitutional ch Во одговор на новинарско прашање дали нови решенија се бараат со Бугарија или со другите земји членки, вели дека на сите средби со високи претставници во Брисел и други земји-членки на ЕУ била побарана помош да создадеме вакуум за дијалог.
За нас би било полесно и посигурно ако целиот овој дијалог помеѓу нас и Бугарија се олесни или се овозможи од нашите стратешки партнери, додаде Муртезани.
Според него, главната порака од раздвојувањето на Македонија и Албанија е дека процесот на проширување е се уште жив и оти ние мора да изнајдеме решение во најкус можен рок. На прашањето каков вид гаранции очекуваат од ЕУ, кога сигналите оттаму секогаш скоро се јасни и идентични, дека гаранции не можат да се добијат, вели дека ако се погледнат протоколите, „ние таму сметаме дека има огромни можности за дополнителни блокади“.
И ако ние како Влада сметаме дека постои таков ризик, и со надминување на сегашниот чекор, само ќе поместиме уште една блокада понатаму, мислам дека треба да ги исцрпиме сите можности во обезбедување некакви гаранции и дека нема да бидеме предмет на повторни блокади. Не е работата ЕУ да ни гарантира нешто. Ние сме должни да го заштитиме интересот на државата и на граѓаните. Ако ние сметаме дека постои таков потенцијален ризик, тогаш подобро е да се подготвуваме од сега, да го елиминираме тој ризик, отколку да ги усвоиме уставните измени, па после да се соочиме со дополнителна блокада. Блокади можеме да предизвикаме и сами, ако реформите во правосудниот систем ги тераме спротивно на европската пракса... Сите ние сме биле сведоци дека и Договорот за добрососедство, меѓутоа и протоколите се предмет на различни толкувања од различните страни. И ние сакаме да бидеме сигурни дека тие различни интерпретации некоја наредна унилатерална позиција на Бугарија, којашто ќе биде заедничка позиција на ЕУ. На нас останува да обезбедиме или да се осигуриме дека процесот нема повторно да биде предмет на дополнителни блокади, оцени Муртезани.
Протоколот што вчера го потпишаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија Теодора Генчовска е дипломатски нокаут и капитулација, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Премиерот Христијан Мицкоски во саботата најави дека преку разни институционални канали ќе се обрати и ќе работи со Европската комисија и со партнерите за изнаоѓање решение кое ќе биде достоинствено и согласно националните интереси. Тој и во понеделникот повтори дека Владата сака да биде проевропска и да ја види државата интегрирана во рамки на ЕУ, но не по секоја цена, туку по нормална траекторија во која што би биле со сочувано достоинство. За ова, вели Мицкоски, имаме поддршка од 26 земји членки, освен од нашиот источен сосед. Според него, е чудно тоа што Бугарија го одбила предлогот на Унгарија како претседавач на Европската унија да биде медијатор во целиот процес, иако претходно велела дека проблемот е на Европската унија. Вели дека во моментот нема предвидливо решение и проблем е што не е јасен патот и целта.
Сите почнале и го завршиле процесот, ние немаме таков јасен показател и параметар. Кога ќе има и тоа би го зграпчиле. Нашиот став околу одложеното дејство не е ништо повеќе од формула која функционирала како што е Преспанскиот договор кој велеше дека амандманите ќе станат ефективни кога грчкиот Парламент ќе го ратификува пристапниот протокол за државава во НАТО.  Велат дека Преспанскиот договор бил ремек дело на дипломатијата, ајде тогаш тоа да го реплицираме - уставните амандмани да важат кога бугарскиот Парламент ќе го ратификува пристапниот договор за ЕУ. Ако е тоа добро, само да го копираме и примениме, нагласи Мицкоски.
Лидерот на движењето Беса, која е дел од коалицијата Влен, Билал Касами вели дека остануваат на ставот за носење на уставните измени, но дека прво меѓународните партнери, пред се ЕУ и САД, треба да дадат јасен план како ќе се движи евроинтегративниот пат на државата.
Уставните измени се само предуслов за продолжување на евроинтеграциите, но за понатамошните интеграции потребен е партнер од страна на ЕУ со јасен план за нашиот пат кон ЕУ. Чекаме Брисел да дојде со јасен план како ќе продолжи процесот на интеграција, рече Касами во понеделникот.
Запрашан дали оваа одлука ќе се донесе до крајот на годинава, Касами рече дека никогаш не давал рокови. Сите луѓе кои пристигнале во државава од критичните региони каде има заразени од коронавирусот да се придржуваат до препораките кои ги добиле во флаерот, а тоа е доколку после патувањето во о Опозицијата, пак, повторно побара на затворена собраниска седница за власта да го каже планот за евроинтегративниот процес на земјава. СДСМ побара ваква седница откако Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР) донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ, со што практично би се раздвоила од Македонија, иако досега двете земји се движеа во пакет во пристапниот процес. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче во понеделникот во изјава за медиумите повторно го повика премиерот Мицкоски да свика ваква седница на која ќе образложи каков е планот и идните чекори за европската интеграција на државата.
Процесот на евроинтеграции на државата е блокиран од страна на Владата. Тие се должни пред граѓаните да го кажат планот со кој би ги подобриле позициите во преговарачкиот процес како што ветуваа во изборниот период. Кажуваа дека имаат некаков план, некаква поддршка од некои земји, за тоа дека ќе ги подобрат нашите услови во процесот на преговори меѓутоа досега од тоа не видовме ништо. Ниту видовме некој обид да се подобри нашата преговарачка позиција, ниту имаме временска рамка кога тоа ќе се случи и затоа е неопходно што побрзо да се случи таа собраниска седница за Владата и премиерот да го кажат планот за нашиот евроинтегративен процес, изјави Филипче во Крива Паланка.
Портпаролката на ЕК за проширување, соседска политика и меѓународни партнерства Ана Писонеро на 27 септември изјави дека ставот на Европската комисија е многу јасен и дека таа со нетрпение очекува почеток на преговорите по Кластерот „Основи вредности“ што е можно поскоро и со Албанија и со Македонија, откако земјава „ќе ги исполни релевантните критериуми договорени со Советот“ на ЕУ. Таа додаде дека тие „релевантни критериуми“ ги опфаќаат уставните амандмани за вклучување на Бугарите во Уставот, нагласувајќи дека Европскиот совет ја повика земјава да го забрза спроведувањето на овие измени. 

The post Власта ќе ги чека изборите во Бугарија за да изнесе нови предлози како да се продолжат преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Милошоски: СДС и ДУИ им подарија инструмент во рацете на Бугарија за блокада на патот кон ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-sds-i-dui-im-podarija-instrument-vo-ratsete-na-bugarija-za-blokada-na-patot-kon-eu/ Tue, 08 Oct 2024 18:16:33 +0000 https://republika.mk/?p=824318

Во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски каде што истакна дека Венко Филипче нема авторитет ниту кај своите сопартијци и поради тоа одбира да критикува се што е добро.

Според мене мислам дека Венко Филипче како нов претседател на СДС се обидува да се докаже не толку пред целокупната јавност туку се обидува да се докаже пред јавноста која е поблиску до СДСМ мислам дека го нема авторитетот на неговите претходници, мислам на Зоран Заев, Црвенковски, Радмила Шеќеринска и други претседатели кои што биле на чело на СДС и обидувајќи се да го изгради тој авторитет одбира да критикува се, кажа Милошоски.

Милошоски ја посочи лошата состојба која што наследи новата влада во однос на институциите и празниот буџет.

Поминаа 100 медени дена но јас не би рекол така, за прв пат Македонија од кога е независна држава немавме 100 дена на владата да и се даде можност да се адаптира на новите услови а новите услови не беа ни малку лесни затоа што буџетот беше во многу лоша состојба, довербата во институциите на катастрофално ниско ниво и затоа сметам дека настапот на Венко Филипче да критикува се не соодветствува со реалноста со работата на Владата, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Милошоски во однос на кредитот од Унгарија истакна дека досега немало потранспарентна најава, дека е најавен точно уште во предизборието, со многу ниска поволна камата ,со средства кои се прилично добри и за ликвидноста на македонското стопанство но и за општините бидејќи голем дел од средствата би биле наменети за сите општини за нивните инфраструктурни проекти“ нагласи Милошоски.

Милошоски се осврна и на евроинтеграциите каде што потенцираше дека претходната власт на ДУИ и СДС направила огромни грешки особено со потпишувањето на договорот во 2022 година кога власта на СДС и ДУИ им подари инструмент на Бугарија за легално блокирање на ЕУ интеграциите.

Сметам дека владата на СДС и ДУИ направија голема грешка, суштинска грешка кога прифатија билатеризација а евроинтеграциите. Со потпишувањето на вториот протокол кој што Бујар Османи и неговата колешка во Софија го потпишаа во 2022 година сметам дека се направи голема грешка. Тогаш на Бугарија владата на СДС и ДУИ и подари инструмент за легално блокирање на ЕУ интеграциите. Кој што гледаме дека сега резултираше со поволна одлука за Албанија и неповолна одлука за Македонија, потенцира Милошоски.

The post Милошоски: СДС и ДУИ им подарија инструмент во рацете на Бугарија за блокада на патот кон ЕУ appeared first on Република.

]]>

Во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски каде што истакна дека Венко Филипче нема авторитет ниту кај своите сопартијци и поради тоа одбира да критикува се што е добро.
Според мене мислам дека Венко Филипче како нов претседател на СДС се обидува да се докаже не толку пред целокупната јавност туку се обидува да се докаже пред јавноста која е поблиску до СДСМ мислам дека го нема авторитетот на неговите претходници, мислам на Зоран Заев, Црвенковски, Радмила Шеќеринска и други претседатели кои што биле на чело на СДС и обидувајќи се да го изгради тој авторитет одбира да критикува се, кажа Милошоски.
Милошоски ја посочи лошата состојба која што наследи новата влада во однос на институциите и празниот буџет.
Поминаа 100 медени дена но јас не би рекол така, за прв пат Македонија од кога е независна држава немавме 100 дена на владата да и се даде можност да се адаптира на новите услови а новите услови не беа ни малку лесни затоа што буџетот беше во многу лоша состојба, довербата во институциите на катастрофално ниско ниво и затоа сметам дека настапот на Венко Филипче да критикува се не соодветствува со реалноста со работата на Владата, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Милошоски во однос на кредитот од Унгарија истакна дека досега немало потранспарентна најава, дека е најавен точно уште во предизборието, со многу ниска поволна камата ,со средства кои се прилично добри и за ликвидноста на македонското стопанство но и за општините бидејќи голем дел од средствата би биле наменети за сите општини за нивните инфраструктурни проекти“ нагласи Милошоски. Милошоски се осврна и на евроинтеграциите каде што потенцираше дека претходната власт на ДУИ и СДС направила огромни грешки особено со потпишувањето на договорот во 2022 година кога власта на СДС и ДУИ им подари инструмент на Бугарија за легално блокирање на ЕУ интеграциите.
Сметам дека владата на СДС и ДУИ направија голема грешка, суштинска грешка кога прифатија билатеризација а евроинтеграциите. Со потпишувањето на вториот протокол кој што Бујар Османи и неговата колешка во Софија го потпишаа во 2022 година сметам дека се направи голема грешка. Тогаш на Бугарија владата на СДС и ДУИ и подари инструмент за легално блокирање на ЕУ интеграциите. Кој што гледаме дека сега резултираше со поволна одлука за Албанија и неповолна одлука за Македонија, потенцира Милошоски.

The post Милошоски: СДС и ДУИ им подарија инструмент во рацете на Бугарија за блокада на патот кон ЕУ appeared first on Република.

]]>
Почнуваат активностите на новиот граничен премин со Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnuvaat-aktivnostite-na-noviot-granichen-premin-so-bugarija/ Mon, 07 Oct 2024 05:57:04 +0000 https://republika.mk/?p=823644

Во Берово денеска ќе се одржи настан за официјално почнување на активностите во рамки на проектот „Воспоставување нов граничен премин Струмјани – Берово (Клепало)“, за што се обезбедени средства преку ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка со Република Бугарија, соопшти Царинска управа.

На настанот најавено е обарќање на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, министерот за локална самоуправа Златко Перински и директорот на Заедничкиот секретаријат на Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, Тони Јакимовски.

Во рамки на настанот предвидена е посета на граничниот премин.

The post Почнуваат активностите на новиот граничен премин со Бугарија appeared first on Република.

]]>

Во Берово денеска ќе се одржи настан за официјално почнување на активностите во рамки на проектот „Воспоставување нов граничен премин Струмјани – Берово (Клепало)“, за што се обезбедени средства преку ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка со Република Бугарија, соопшти Царинска управа. На настанот најавено е обарќање на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, министерот за локална самоуправа Златко Перински и директорот на Заедничкиот секретаријат на Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, Тони Јакимовски. Во рамки на настанот предвидена е посета на граничниот премин.

The post Почнуваат активностите на новиот граничен премин со Бугарија appeared first on Република.

]]>
Николоски: Стојам зад секој мој збор за односите со Бугарија, изградбата на пругата е комплетно друго прашање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-stojam-zad-sekoj-moj-zbor-za-odnosite-so-bugarija-izgradbata-na-prugata-e-kompletno-drugo-prashane/ Thu, 03 Oct 2024 13:06:51 +0000 https://republika.mk/?p=822232

Во однос на повиците за оставка му одговорив на Бојко Борисов. Кажав што имам да кажам и стојам зад секој збор што сум го кажал на тема односи помеѓу Македонија и Бугарија. За жал, 20 политичари што се на залез на своите политички кариери, вкупно 20 луѓе од кои дел се политичари на залез на своите политички кариери, а дел се историчари кои не можат да направат никаква друга кариера освен кариера на Македонија, ги уништуваат односите помеѓу два блиски народа како македонскиот и бугарскиот, што мислам дека е трагедија за Бугарија. Јас не можам и не сакам да го правам тоа што го прават бугарските политичари, да кажувам кој треба да ја води Бугарија, но она што можам да го кажам е дека е тажно ова што го прават во односите помеѓу Македонија и Бугарија. Подалечни не сме биле никогаш, што мислам дека многу зборува за енергијата што негативно ја внесоа во нашите односи, така што стојам зад секој збор што сум го кажал на таа тема. Изградбата на пруга е комплетно друго прашање и доколку на другата страна има минимум одговорни луѓе, а сметам дека има, зашто има повеќе од 20 луѓе таму кои се дел од политичката и научна елита, ќе најдеме заедничко решение за да се поврземе со железница.

Ова го истакна денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференција за 100 дена од новата Влада.

Николоски за пругата очекува разумен дијалог со бугарската страна. Како што рече, една од најдобрите опции е двете земји заеднички да настапат пред потенцијални изведувачи, со заеднички проекти.

Можеби ќе бидат похрабри по изборите, мора да најдеме заедничко решение кое е изводливо и да имаме воз Скoпје - Софија кон Црно море. Очекувам во разумен, фер разговор да кажат дали таа траса е најдобра за нив или имаат подобра и да најдеме решение. Треба да направиме и ревизија на проценетата вредност, сметам дека се напумпани и нереални цените, да одиме со пореални цени. Земјава нема извори на нафта, ниту извезува дијаманти за да троши толку пари за толку малку километри. Тендерот го подготвува ЕУ и силно ќе инсиситирам да пишува дека компанијата која ќе учествува може да е од земја членка на Унијата или од земја кандидат или да е компанија која има изградено најмалку определен број километри пруга во земји од ЕУ за да добиеме квалитетна компанија. Се работи за голем проект и не може несерозни компании да го работат, подвлече министерот.

Според него, апсолутно треба да има средба со Бугарија.

Транспарентно ќе ви кажам. За првата дата што беше понудена Бугарија не стигна воопшто да даде одговор зашто јас имав прилично приватни причини кои не би сакал да ги споделувам со јавноста, поради кои кажав само дека на таа дата не можам. И потоа реков дека во текот на септември или октомври која било дата што ќе биде избрана од бугарска страна ќе ја прифатам. Беа понудени од страна на ЕУ три термини за средба во Брисел, за трите бугарската страна одговори дека нема можност да учествува и конечно за овој вторник, значи зборуваме за пред два дена, беше понуден нов термин на кој не знам од кои причини беше предложено наместо на министерско ниво да биде на ниво на заменик-министер или државен секретар. Ние се согласивме и на таа работа и нашите двајца претставници државниот секретар во Министерството за транспорт и директорот на „Македонски железници Инфраструктура“ тргнаа кон Брисел, купија авионски карти, платија хотели и кога стигнаа во Брисел во понеделникот добивме одговор дека бугарската страна не може да дојде во вторник на состанокот зашто имало штрајк на бриселскиот аеродром иако во Брисел нема само еден аеродром, има неколку аеродроми преку кои може да се пристапи кон Брисел. Од ЕК беа доволно учтиви да не информираат дека во вторник ќе има штрајк на главниот бриселски аеродром да користиме или други аеродроми или да дојдеме ден порано. Ние го направиме тоа, отидоа нашите претставници ден порано, бугарските ова го искористија како изговор, нам ни пропаднаа парите за авионски карти и за хотели, но тоа е тоа и во нормални услови ние очекувавме да речат не можеме во вторник, во среда или во четврток затоа што штрајкот беше еден ден, но до денес нов термин нема. Имам разбирање за бугарската страна, но додека не седнеме и не ги решиме овие прашања ние не можеме да имаме проект што е изводлив. Мораме да седнеме и заеднички да се договориме, дециден е Николоски.

За конкретна цифра, колку ова би чинело, додаде, мора да има договор со Бугарија каде ќе поминува трасата.

Во спротивно, ништо нема логика. Да, мислам дека најдобриот начин е да изработиме заеднички проект и заеднички да го тендерираме зашто границите помеѓу државите се вештачка работа, природата е таа која што е. И единствената логика и единствениот начин да се изгради спојување со Бугарија е ние заеднички да настапиме пред потенцијални изведувачи и да настапиме со заеднички проекти. Во спротивно, нема да можеме да се поврземе, многу е едноставна работата. Така што се надевам дека бугарската страна ќе се согласи на оваа работа. Секако, предизвици има и кај нив, доколку се оди по оваа или слична рута треба да дадат одговор што ќе прават со делницата од Ѓуешево до Софија имајќи предвид дека самите изјавија дека им требаат 1,200 милијарди евра за реконструкцијата кои во моментов ги немаат, но тоа се прашања што тие треба да ги одговорат и јас таму не им се мешам. Но, во делот на спојување единствен логичен изводлив начин е да имаме заеднички проект, потенцира Николоски.

https://www.youtube.com/live/Ye8VqxdJgGc?si=8r6uWl6xwmv4a9ms

The post Николоски: Стојам зад секој мој збор за односите со Бугарија, изградбата на пругата е комплетно друго прашање appeared first on Република.

]]>

Во однос на повиците за оставка му одговорив на Бојко Борисов. Кажав што имам да кажам и стојам зад секој збор што сум го кажал на тема односи помеѓу Македонија и Бугарија. За жал, 20 политичари што се на залез на своите политички кариери, вкупно 20 луѓе од кои дел се политичари на залез на своите политички кариери, а дел се историчари кои не можат да направат никаква друга кариера освен кариера на Македонија, ги уништуваат односите помеѓу два блиски народа како македонскиот и бугарскиот, што мислам дека е трагедија за Бугарија. Јас не можам и не сакам да го правам тоа што го прават бугарските политичари, да кажувам кој треба да ја води Бугарија, но она што можам да го кажам е дека е тажно ова што го прават во односите помеѓу Македонија и Бугарија. Подалечни не сме биле никогаш, што мислам дека многу зборува за енергијата што негативно ја внесоа во нашите односи, така што стојам зад секој збор што сум го кажал на таа тема. Изградбата на пруга е комплетно друго прашање и доколку на другата страна има минимум одговорни луѓе, а сметам дека има, зашто има повеќе од 20 луѓе таму кои се дел од политичката и научна елита, ќе најдеме заедничко решение за да се поврземе со железница. Ова го истакна денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференција за 100 дена од новата Влада. Николоски за пругата очекува разумен дијалог со бугарската страна. Како што рече, една од најдобрите опции е двете земји заеднички да настапат пред потенцијални изведувачи, со заеднички проекти.
Можеби ќе бидат похрабри по изборите, мора да најдеме заедничко решение кое е изводливо и да имаме воз Скoпје - Софија кон Црно море. Очекувам во разумен, фер разговор да кажат дали таа траса е најдобра за нив или имаат подобра и да најдеме решение. Треба да направиме и ревизија на проценетата вредност, сметам дека се напумпани и нереални цените, да одиме со пореални цени. Земјава нема извори на нафта, ниту извезува дијаманти за да троши толку пари за толку малку километри. Тендерот го подготвува ЕУ и силно ќе инсиситирам да пишува дека компанијата која ќе учествува може да е од земја членка на Унијата или од земја кандидат или да е компанија која има изградено најмалку определен број километри пруга во земји од ЕУ за да добиеме квалитетна компанија. Се работи за голем проект и не може несерозни компании да го работат, подвлече министерот.
Според него, апсолутно треба да има средба со Бугарија.
Транспарентно ќе ви кажам. За првата дата што беше понудена Бугарија не стигна воопшто да даде одговор зашто јас имав прилично приватни причини кои не би сакал да ги споделувам со јавноста, поради кои кажав само дека на таа дата не можам. И потоа реков дека во текот на септември или октомври која било дата што ќе биде избрана од бугарска страна ќе ја прифатам. Беа понудени од страна на ЕУ три термини за средба во Брисел, за трите бугарската страна одговори дека нема можност да учествува и конечно за овој вторник, значи зборуваме за пред два дена, беше понуден нов термин на кој не знам од кои причини беше предложено наместо на министерско ниво да биде на ниво на заменик-министер или државен секретар. Ние се согласивме и на таа работа и нашите двајца претставници државниот секретар во Министерството за транспорт и директорот на „Македонски железници Инфраструктура“ тргнаа кон Брисел, купија авионски карти, платија хотели и кога стигнаа во Брисел во понеделникот добивме одговор дека бугарската страна не може да дојде во вторник на состанокот зашто имало штрајк на бриселскиот аеродром иако во Брисел нема само еден аеродром, има неколку аеродроми преку кои може да се пристапи кон Брисел. Од ЕК беа доволно учтиви да не информираат дека во вторник ќе има штрајк на главниот бриселски аеродром да користиме или други аеродроми или да дојдеме ден порано. Ние го направиме тоа, отидоа нашите претставници ден порано, бугарските ова го искористија како изговор, нам ни пропаднаа парите за авионски карти и за хотели, но тоа е тоа и во нормални услови ние очекувавме да речат не можеме во вторник, во среда или во четврток затоа што штрајкот беше еден ден, но до денес нов термин нема. Имам разбирање за бугарската страна, но додека не седнеме и не ги решиме овие прашања ние не можеме да имаме проект што е изводлив. Мораме да седнеме и заеднички да се договориме, дециден е Николоски.
За конкретна цифра, колку ова би чинело, додаде, мора да има договор со Бугарија каде ќе поминува трасата.
Во спротивно, ништо нема логика. Да, мислам дека најдобриот начин е да изработиме заеднички проект и заеднички да го тендерираме зашто границите помеѓу државите се вештачка работа, природата е таа која што е. И единствената логика и единствениот начин да се изгради спојување со Бугарија е ние заеднички да настапиме пред потенцијални изведувачи и да настапиме со заеднички проекти. Во спротивно, нема да можеме да се поврземе, многу е едноставна работата. Така што се надевам дека бугарската страна ќе се согласи на оваа работа. Секако, предизвици има и кај нив, доколку се оди по оваа или слична рута треба да дадат одговор што ќе прават со делницата од Ѓуешево до Софија имајќи предвид дека самите изјавија дека им требаат 1,200 милијарди евра за реконструкцијата кои во моментов ги немаат, но тоа се прашања што тие треба да ги одговорат и јас таму не им се мешам. Но, во делот на спојување единствен логичен изводлив начин е да имаме заеднички проект, потенцира Николоски.
https://www.youtube.com/live/Ye8VqxdJgGc?si=8r6uWl6xwmv4a9ms

The post Николоски: Стојам зад секој мој збор за односите со Бугарија, изградбата на пругата е комплетно друго прашање appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Само бугарските политичари и македонската опозиција се радуваат на одвојувањето од Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-samo-bugarskite-politichari-i-makedonskata-opozitsija-se-raduvaat-na-odvojuvaneto-od-albanija/ Fri, 27 Sep 2024 11:46:21 +0000 https://republika.mk/?p=820256

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски обелодени дека се зацврствува пријателството со Унгарија, преку посетата на неговиот колега Виктор Орбан. Тој на прес-конференцијата по средбата со делегацијата на унгарската влада изјави дека дома ќе продолжат да се решаваат проблемите, но дека е добро што имаме пријатели во рамки на ЕУ и што тие сакаат да го шират нашиот глас во Брисел.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ungarija-e-primer-za-toa-kako-silnite-bilateralni-odnosi-i-zaednichkata-vizija-mozhat-da-donesat-konkretni-rezultati/

Според Мицкоски, имаме огромна поддршка од Унгарија. Им посака се најдобро на албанската влада во процесот на преговори и што побрзо да станат земја-членка.

Жалам што поради оваа одлука, само две страни беа задоволни, а тоа е без исклучок политичарите кај нашиот источен сосед и опозицијата во земјава. Само тие беа двете страни што се радуваа на одлуката на ЕУ, која не е фер и многу погрешна кон македонските граѓани. Тоа е што е, мораме да занимаваме со реалноста, ќе продолжиме напорно да работиме и можеме еден ден и ние како и другите народи, ќе бидеме оценувани по исполнување на Копехашките критериуми, а не по билерателните проблеми за Средниот век. Сакаме да зборуваме за иднината, рече премиерот.

The post Мицкоски: Само бугарските политичари и македонската опозиција се радуваат на одвојувањето од Албанија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски обелодени дека се зацврствува пријателството со Унгарија, преку посетата на неговиот колега Виктор Орбан. Тој на прес-конференцијата по средбата со делегацијата на унгарската влада изјави дека дома ќе продолжат да се решаваат проблемите, но дека е добро што имаме пријатели во рамки на ЕУ и што тие сакаат да го шират нашиот глас во Брисел. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ungarija-e-primer-za-toa-kako-silnite-bilateralni-odnosi-i-zaednichkata-vizija-mozhat-da-donesat-konkretni-rezultati/ Според Мицкоски, имаме огромна поддршка од Унгарија. Им посака се најдобро на албанската влада во процесот на преговори и што побрзо да станат земја-членка.
Жалам што поради оваа одлука, само две страни беа задоволни, а тоа е без исклучок политичарите кај нашиот источен сосед и опозицијата во земјава. Само тие беа двете страни што се радуваа на одлуката на ЕУ, која не е фер и многу погрешна кон македонските граѓани. Тоа е што е, мораме да занимаваме со реалноста, ќе продолжиме напорно да работиме и можеме еден ден и ние како и другите народи, ќе бидеме оценувани по исполнување на Копехашките критериуми, а не по билерателните проблеми за Средниот век. Сакаме да зборуваме за иднината, рече премиерот.

The post Мицкоски: Само бугарските политичари и македонската опозиција се радуваат на одвојувањето од Албанија appeared first on Република.

]]>
Унгарија подготвена да посредува за решавање на спорот помеѓу Скопје и Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ungarija-podgotvena-da-posreduva-za-reshavane-na-sporot-pomegu-skopje-i-sofija/ Fri, 27 Sep 2024 11:46:16 +0000 https://republika.mk/?p=820254

Унгарија е подготвена да заземе посредничка улога во надминување на спорот помеѓу Македонија и Бугарија, ако за тоа се согласни и двете земји, рече денеска унгарскиот премиер, Виктор Орбан за време на заедничката прес конференција со македонскиот премиер, Христијан Мицкоски.

„Ние сме подготвени, да го искористиме претседателството со ЕУ, да посредуваме во ова прашање. Дали страните се подготвени да ја прифатат Унгарија како посредник е нивна работа, но ние сме подготвени и сакаме да работиме на тоа да се најде решение коешто ќе одговара и за Македонија и за Бугарија“, рече Орбан.

The post Унгарија подготвена да посредува за решавање на спорот помеѓу Скопје и Софија appeared first on Република.

Филипче во одбрана на изживувањето на Бугарија врз Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filipche-vo-odbrana-na-izzhivuvaneto-na-bugarija-vrz-makedonija/ Fri, 27 Sep 2024 10:21:28 +0000 https://republika.mk/?p=820197

И Филипче, како претседател на СДСМ, во одбрана на изживувањето на Бугарија врз Македонија, коментира пратеничката Дафина Стојаноска по вчерашното интервју на Венко Филипче.

Христијан Мицкоски и Александар Николоски биле дрски, а Бојко му е најверојатно симпатичен во таквиот однос кон нас. Или заедничките фирми со Заев во Бугарија ги штитат македонските национални интереси?!?
СДСМ во одбрана на предавничките договори.
За среќа, народот на последните избори ја одбрани Македонија од понатамошно девастирање, порача таа.

The post Филипче во одбрана на изживувањето на Бугарија врз Македонија appeared first on Република.

]]>

И Филипче, како претседател на СДСМ, во одбрана на изживувањето на Бугарија врз Македонија, коментира пратеничката Дафина Стојаноска по вчерашното интервју на Венко Филипче.
Христијан Мицкоски и Александар Николоски биле дрски, а Бојко му е најверојатно симпатичен во таквиот однос кон нас. Или заедничките фирми со Заев во Бугарија ги штитат македонските национални интереси?!? СДСМ во одбрана на предавничките договори. За среќа, народот на последните избори ја одбрани Македонија од понатамошно девастирање, порача таа.

The post Филипче во одбрана на изживувањето на Бугарија врз Македонија appeared first on Република.

]]>
Митровски: Македонците го мислат истото што го вели премиерот во однос на Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitrovski-makedontsite-go-mislat-istoto-shto-go-veli-premierot-vo-odnos-na-bugarija/ Fri, 27 Sep 2024 08:19:57 +0000 https://republika.mk/?p=820108

Зборувајќи за, како што ја потенцира, бугарската негаторска фашистичка политика кон Македонија, адвокатот Јанаки Митровски во својата последна колумна вели дека ваквата понижувачка политика не е ништо ново од бугарска страна со тоа што македонската Влада овој пат сака да прикаже дека ќе зачува образ и нема да витка кичма како што тие велат.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-odvojuvaneto-na-makedonija-se-ispraka-losha-poraka-samo-se-izzhivuvaat-vrz-nas/

И во тоа секако дека имаат масовна поддршка од македонскиот народ. Не е тајна дека огромното мнозинство Македонци го мислат истото што и премиерот кога говори дека Македонија направи и ПРЕМНОГУ отстапки на патот на ЕУ, а за возврат и немаме баш некој фидбек, коментира Митровски.

The post Митровски: Македонците го мислат истото што го вели премиерот во однос на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Зборувајќи за, како што ја потенцира, бугарската негаторска фашистичка политика кон Македонија, адвокатот Јанаки Митровски во својата последна колумна вели дека ваквата понижувачка политика не е ништо ново од бугарска страна со тоа што македонската Влада овој пат сака да прикаже дека ќе зачува образ и нема да витка кичма како што тие велат. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-odvojuvaneto-na-makedonija-se-ispraka-losha-poraka-samo-se-izzhivuvaat-vrz-nas/
И во тоа секако дека имаат масовна поддршка од македонскиот народ. Не е тајна дека огромното мнозинство Македонци го мислат истото што и премиерот кога говори дека Македонија направи и ПРЕМНОГУ отстапки на патот на ЕУ, а за возврат и немаме баш некој фидбек, коментира Митровски.

The post Митровски: Македонците го мислат истото што го вели премиерот во однос на Бугарија appeared first on Република.

]]>
Бугарија сега сака заеднички празници со Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-sega-saka-zaednichki-praznitsi-so-makedonija/ Fri, 27 Sep 2024 08:12:36 +0000 https://republika.mk/?p=820093

Бугарските пратеници едногласно со 178 гласови „за“ и без расправа ја донесоа Декларацијата „во врска со систематското и методично уништување на дијалогот меѓу Република Cеверна Македонија и Република Бугарија и провокативните и навредливи изјави кон Бугарија од владејачки политички фактори во РСМ“.

Во декларацијата, Националното собрание на Бугарија ја потврдува политичката намера и стремеж за завршување на изградбата на Коридорот 8 од бугарска страна и ја повикува македонската Влада да пристапи одговорно и со добра волја кон сите преземени обврски и договори со цел навремена изградба на делниците од трасата на Коридорот на македонска територија, јавуваат бугарските медиуми.

Втората точка од Декларацијата значи враќање на позитивниот дијалог, како што пишува, прекинат од РСМ и запирање на антибугарската кампања и провокативните изјави кон Бугарија.

Декларацијата ја потврдува и волјата на бугарската држава и институции во однос на организирање на заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, „со оглед на богатата заедничка историја на двете земји“.

Бугарското собрание исто така силно не се согласува со негирањето на, како што велат, „заедничката историја на Македонија и Бугарија од страна на членовите на владата на Република Cеверна Македонија, што е директно кршење на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година“.

Во Декларацијата исто така се апелира до институциите во Македонија, во духот на европските вредности и слободи, да се воздржат од одлуки и дејствија кои сериозно би им наштетиле на односите меѓу двете земји и нивните граѓани.

The post Бугарија сега сака заеднички празници со Македонија appeared first on Република.

]]>

Бугарските пратеници едногласно со 178 гласови „за“ и без расправа ја донесоа Декларацијата „во врска со систематското и методично уништување на дијалогот меѓу Република Cеверна Македонија и Република Бугарија и провокативните и навредливи изјави кон Бугарија од владејачки политички фактори во РСМ“. Во декларацијата, Националното собрание на Бугарија ја потврдува политичката намера и стремеж за завршување на изградбата на Коридорот 8 од бугарска страна и ја повикува македонската Влада да пристапи одговорно и со добра волја кон сите преземени обврски и договори со цел навремена изградба на делниците од трасата на Коридорот на македонска територија, јавуваат бугарските медиуми. Втората точка од Декларацијата значи враќање на позитивниот дијалог, како што пишува, прекинат од РСМ и запирање на антибугарската кампања и провокативните изјави кон Бугарија. Декларацијата ја потврдува и волјата на бугарската држава и институции во однос на организирање на заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, „со оглед на богатата заедничка историја на двете земји“. Бугарското собрание исто така силно не се согласува со негирањето на, како што велат, „заедничката историја на Македонија и Бугарија од страна на членовите на владата на Република Cеверна Македонија, што е директно кршење на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година“. Во Декларацијата исто така се апелира до институциите во Македонија, во духот на европските вредности и слободи, да се воздржат од одлуки и дејствија кои сериозно би им наштетиле на односите меѓу двете земји и нивните граѓани.

The post Бугарија сега сака заеднички празници со Македонија appeared first on Република.

]]>
Бугарските партии сложни околу декларацијата за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarskite-partii-slozhni-okolu-deklaratsijata-za-makedonija/ Thu, 26 Sep 2024 14:50:13 +0000 https://republika.mk/?p=819937

Комисијата за надворешна политика на Народното собрание на Бугарија денеска ја усвои декларацијата за односите со Македонија, предложена од крајнодесничарската партија „Преродба“, пренесува државната новинска агенција БТА.

Партиите застапени во парламентот најдоа консензус и се обединија околу текстот на декларацијата, која со мали амандмански корекции е едногласно усвоена во комисијата.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов, најави дека декларацијата ќе биде усвоена од Народното собрание на Бугарија на пленарна седница, денеска (26 септември).

Најважното што го даваме како знак е дека бугарските политичари, бугарската држава, сите партии се обединети кога е во прашање добрососедството меѓу двете земји и секој што ќе го прекрши треба да си сноси одговорност, изјави Борисов.

Повод за вонредниот состанок и усвојувањето на декларацијата, како што се наведува, „се низата антибугарски изјави на водечките политичари во Република Cеверна Македонија, кои имаат за цел да ги минираат билатералните односи и да ја претстават Бугарија во лошо светло пред европските партнери“, како и „одбивањето на РСМ да ги исполни условите предвидени во преговарачката рамка, што ќе и овозможи на земјата да започне вистински процес на преговори за европска интеграција“.

The post Бугарските партии сложни околу декларацијата за Македонија appeared first on Република.

]]>

Комисијата за надворешна политика на Народното собрание на Бугарија денеска ја усвои декларацијата за односите со Македонија, предложена од крајнодесничарската партија „Преродба“, пренесува државната новинска агенција БТА. Партиите застапени во парламентот најдоа консензус и се обединија околу текстот на декларацијата, која со мали амандмански корекции е едногласно усвоена во комисијата. Претседателот на Комисијата за надворешна политика и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов, најави дека декларацијата ќе биде усвоена од Народното собрание на Бугарија на пленарна седница, денеска (26 септември).