македонија - БИХ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-bih/ За подобро да се разбереме Sat, 18 Feb 2023 09:48:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонија - БИХ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-bih/ 32 32 Ковачевски-Кришто: БиХ и Македонија немаат отворени прашања, заедно работиме за стабилен Западен Балкан во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-krishto-bih-i-makedonija-nemaat-otvoreni-prashana-zaedno-rabotime-za-stabilen-zapaden-balkan-vo-eu/ Sat, 18 Feb 2023 09:48:12 +0000 https://republika.mk/?p=610438

Интегрирањето на балканските земји во големото европско семејство е реална потреба на регионот, заклучија на денешната средба на маргините на Михенската безбедносна конференција, премиерот Димитар Ковачевски и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.

На средбата, на која присустувал и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, Ковачевски и Кришто ги потврдиле пријателските односи меѓу земјите како и заложбата за интензивирање на соработката во наредниот период.

Ковачевски на својата босанска колешка ѝ честиташе што Босна и Херцеговина доби кандидатски статус во Европската Унија.

Тој на средбата истакна дека единствено стабилна и просперитетна иднина на земјите од Западен Балкан е во Европската Унија.

Интегрирањето на балканските земји во големото европско семејство е реална потреба на регионот, заклучија двајцата соговорници.

Што се однесува до билатералните односи меѓу Босна и Херцеговина и Македонија, тие се без отворени прашања. Наредниот период владите на двете земји ќе бидат фокусирани на унапредување на економската соработка меѓу двете земји, посебно во сегментите на трговската размена во металната, прехранбената и текстилната индустрија, соопшти Владата.

The post Ковачевски-Кришто: БиХ и Македонија немаат отворени прашања, заедно работиме за стабилен Западен Балкан во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Интегрирањето на балканските земји во големото европско семејство е реална потреба на регионот, заклучија на денешната средба на маргините на Михенската безбедносна конференција, премиерот Димитар Ковачевски и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто. На средбата, на која присустувал и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, Ковачевски и Кришто ги потврдиле пријателските односи меѓу земјите како и заложбата за интензивирање на соработката во наредниот период. Ковачевски на својата босанска колешка ѝ честиташе што Босна и Херцеговина доби кандидатски статус во Европската Унија. Тој на средбата истакна дека единствено стабилна и просперитетна иднина на земјите од Западен Балкан е во Европската Унија.
Интегрирањето на балканските земји во големото европско семејство е реална потреба на регионот, заклучија двајцата соговорници.
Што се однесува до билатералните односи меѓу Босна и Херцеговина и Македонија, тие се без отворени прашања. Наредниот период владите на двете земји ќе бидат фокусирани на унапредување на економската соработка меѓу двете земји, посебно во сегментите на трговската размена во металната, прехранбената и текстилната индустрија, соопшти Владата.

The post Ковачевски-Кришто: БиХ и Македонија немаат отворени прашања, заедно работиме за стабилен Западен Балкан во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Османи: Губиме амбиција за членство, ЕУ да ја врати европската перспектива на Западниот Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-gubime-ambicija-za-chlenstvo-eu-da-ja-vrati-evropskata-perspektiva-na-zapadniot-balkan/ Fri, 15 Apr 2022 12:23:29 +0000 https://republika.mk/?p=488977

ЕУ треба да ја врати европската перспектива на Западниот Балкан и да преземе стратешко лидерство кон регионот, исто како што тоа го направи во 2000 година со земјите на Источна и Централна Европа, бидејќи руската агресија ни покажа на најдобар начин која беше важноста на таа интеграција тогаш за денеска Европа да биде единствена и безбедна, изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи во Сараево на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин вицепремиерката и министерка за надворешни работи Бисера Турковиќ.

Амбицијата за членство во ЕУ е една од ретките точки која што не спојува во регионот и тоа не само што беше кохезивен фактор, туку беше и мотор за реформите во регионот. Последните години како што ослабува таа јасна европска перспектива кон регионот, така ослабува и моќта на тој кохезивен фактор и се повеќе на површина излегуваат конфликтните наративи, пораст на национализмот, на националистичката реторика воопшто на Балканот, па и сецесионизмот. Мислам дека одговорот е јасен. За повторно да се врати таа кохезија меѓу народите треба да се врати европската перспектива. ЕУ треба да преземе стратешко лидерство кон овој регион исто како што тоа го направи во 2000 година кон земјите на Источна и Централна Европа. Руската агресија ни покажа на најдобар начин која беше важноста на таа интеграција тогаш. за денеска Европа да биде единствена и безбедна, изјави Османи.

Во однос на очекувањата од француското претседателство со ЕУ, тој посочи дека е во комуникација со неговиот колега Жан-Ив Ле Дријан, посебно заради нашето досие за односите со Бугарија и очекува позитивен сигнал од Париз кон регионот.

Очекувам француското претседателство да преземе одговорност во овој период, но се разбира тоа не зависи само од Франција, затоа што одлуките во Европскиот совет се носат едногласно и доволна е само една земја да го попречи процесот. Ако прашањето е кон Франција, јас сум повеќе од позитивен дека имаат силни намери во овој дел, оценува Османи.

Тој нагласи дека безрезервно ги поддржува европските и евроатланските аспирации на БиХ  и ја охрабрува да продолжи со своите залагања на тој план.

Се надевам дека многу наскоро БиХ ќе добие кандидатски статус за членство во ЕУ, а ние сме подготвени да го споделиме нашето искуство во евроинтегративниот процес. Посебно сакам да го поздравам формирањето на  Комисијата за соработка со НАТО и ве охрабруваме да продолжете со заложбите за целосна понатамошна имплементација на реформската програма, рече Османи.

Тој изрази уверување дека и покрај фактот што сме преку 15 години земја со статус на кандидат процесот на европско интегрирање самиот по себе е силен поттик за спроведување на реформи кои се од суштинско значење за граѓаните и е најдобриот начин за сите земји од регионот да ги достигнат европски цивилизациски придобивки.

Ние сме во интензивна фаза во разговори за надминување на разликите со нашиот сосед Бугарија со цел подигнување на рампата за отворање на преговорите, апсолутно сум свесен дека овие блокади создаваат посебни фрустрации меѓу граѓаните, но сакам да ве информирам дека ние не се откажуваме од овој процес. Напротив, посветено работиме и на реформите внатре и на билатералните односи со соседите затоа што тоа е најдобриот начин да им обезбедиме на нашите граѓани безбедност, стабилност и просперитет што е наша обврска како политичари, подвлече Османи.

Според Турковиќ, јасно изводливо и единствено трајно решение за Западен Балкан кое ќе ја отстрани и опасноста и ризикот од дестабилизација на регионот поради украинската криза е напредок кон полноправното членство во ЕУ и НАТО.

Граѓаните на земјите од регионот очекуваат подиректни и похрабри одлуки од страна на ЕУ. Најефикасниот и најевтин начин на кој ЕУ може да одговори на потенцијалната дестабилизација на Балканот е да го уважи досега постигнатиот напредок, кој не е мал, особено кога станува збор за Македонија и да овозможи секоја од државите да направи пресудни чекори кон членство во Унијата, рече Турковиќ која нагласи дека за Сараево е важна поддршката од Скопје на нивниот пат кон ЕУ и размената на искуства.

Двајцата министри ги поздравија одличните билатерални односи и ја нагласија потребата од интензивирање на економската соработка. Турковиќ изрази надеж дека наскоро ќе биде воспоставена авиолинија Сараево – Скопје, а Османи појасни дека причина за одложувањето на стартот на авиолинијата е нејзината економска неисплатливост.

Ќе мора да се најде начин и покрај тоа што се економски неисплатливи, во рамките на регионалните иницијативи поддржани од ЕУ да се субвенционираат ваквиот тип на комуникации, смета министерот Османи.

За време на оваа прва работна посета на Сараево, Османи беше примен и од претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ. 

The post Османи: Губиме амбиција за членство, ЕУ да ја врати европската перспектива на Западниот Балкан appeared first on Република.