Македонија - Албанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-albanija/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 13:29:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонија - Албанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonija-albanija/ 32 32 Филипче-Спиропали: Cеверна Македонија и Албанија треба заедно да продолжат по европскиот пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filipche-spiropali-ceverna-makedonija-i-albanija-treba-zaedno-da-prodolzhat-po-evropskiot-pat/ Mon, 23 Sep 2024 13:29:44 +0000 https://republika.mk/?p=819025

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Cеверна Македонија, Венко Филипче, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски и со пратеникот Фатмир Битиќи, одржаа средба со претседателка на Собранието на Република Албанија Елиса Спиропали, која е во официјална посета на државата, се вели во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз.

На средбата, како што информираат од СДСМ, се разговарало „за добрососедските односи помеѓу Cеверна Македонија и Албанијa, како и за идните политики во делот на забрзување на евроинтеграцискиот процес на двете држави“.

Филипче и Спиропали, се согласиле дека „Cеверна Македонија и Албанија мора заедно да продолжат по европскиот пат, со фокус на исполнување на обврските и размена на искуства во рамки на процесот на пристапување кон Европската Унија,што е важно за иднината на граѓаните на двете држави“.

Во тој контекст, Филипче посочил дека загрижува политиката на актуелната власт во однос на евроинтеграцискиот процес на државата.

Актуелната власт не презема конкретни чекори во однос на забрзување на процесот на евроинтеграција на државата и покрај тоа што ветуваа дека дека ќе ја подобрат преговарачката позиција. Во моментов имаме ситуација кога патот кон ЕУ е доведен во ризична состојба, а со тоа и иднината на државата, рекол Филипче.

На средбата била потврдена досегашната соработка помеѓу двете земји и важноста од зајакнување и унапредување на регионаланата соработка како на економско така и на билатерално ниво.

Воедно, на средбата, Филипче ја истакна соработката со сестринската Социјалистичка партија на Албанија, на билателарно ниво и во рамки на Партијата на европски социјалисти.

The post Филипче-Спиропали: Cеверна Македонија и Албанија треба заедно да продолжат по европскиот пат appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Cеверна Македонија, Венко Филипче, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски и со пратеникот Фатмир Битиќи, одржаа средба со претседателка на Собранието на Република Албанија Елиса Спиропали, која е во официјална посета на државата, се вели во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз. На средбата, како што информираат од СДСМ, се разговарало „за добрососедските односи помеѓу Cеверна Македонија и Албанијa, како и за идните политики во делот на забрзување на евроинтеграцискиот процес на двете држави“. Филипче и Спиропали, се согласиле дека „Cеверна Македонија и Албанија мора заедно да продолжат по европскиот пат, со фокус на исполнување на обврските и размена на искуства во рамки на процесот на пристапување кон Европската Унија,што е важно за иднината на граѓаните на двете држави“. Во тој контекст, Филипче посочил дека загрижува политиката на актуелната власт во однос на евроинтеграцискиот процес на државата.
Актуелната власт не презема конкретни чекори во однос на забрзување на процесот на евроинтеграција на државата и покрај тоа што ветуваа дека дека ќе ја подобрат преговарачката позиција. Во моментов имаме ситуација кога патот кон ЕУ е доведен во ризична состојба, а со тоа и иднината на државата, рекол Филипче.
На средбата била потврдена досегашната соработка помеѓу двете земји и важноста од зајакнување и унапредување на регионаланата соработка како на економско така и на билатерално ниво. Воедно, на средбата, Филипче ја истакна соработката со сестринската Социјалистичка партија на Албанија, на билателарно ниво и во рамки на Партијата на европски социјалисти.

The post Филипче-Спиропали: Cеверна Македонија и Албанија треба заедно да продолжат по европскиот пат appeared first on Република.

]]>
Не тргнувајте низ град со возило, доаѓа Еди Рама https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ne-trgnuvajte-so-vozilo-doagja-edi-rama/ Mon, 14 Nov 2022 06:40:58 +0000 https://republika.mk/?p=573393

СВР Скопје за денеска најави мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците во поширокото централно подрачје на Скопје поради делегацијата од Република Албанија, која ќе пристигне во земјава за одржување заедничка меѓувладина седница.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај.

Ве информираме дека денеска, 14.11.2022 година (понеделник) ќе се одржи меѓувладината седница помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Албанија.

Линк за следење во живо на официјалниот пречек од 9:45 часот. По официјалниот пречек, предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Македонија и Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија.

Потоа, во 10:15 часот, во свечената сала во Владата на Република Македонија започнува меѓувладината седница каде официјални обраќања ќе имаат премиерите на двете земји. Потоа, следи отворена дискусија помеѓу министрите од двете влади.

Во 13:20 часот на меѓувладината седница ќе се одржи и церемонија на потпишување на Договори и Меморандуми од страна на министрите на двете Влади со цел продлабочување на соработката помеѓу двете земји.

The post Не тргнувајте низ град со возило, доаѓа Еди Рама appeared first on Република.

]]>

СВР Скопје за денеска најави мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците во поширокото централно подрачје на Скопје поради делегацијата од Република Албанија, која ќе пристигне во земјава за одржување заедничка меѓувладина седница. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај. Ве информираме дека денеска, 14.11.2022 година (понеделник) ќе се одржи меѓувладината седница помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Албанија. Линк за следење во живо на официјалниот пречек од 9:45 часот. По официјалниот пречек, предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Македонија и Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија. Потоа, во 10:15 часот, во свечената сала во Владата на Република Македонија започнува меѓувладината седница каде официјални обраќања ќе имаат премиерите на двете земји. Потоа, следи отворена дискусија помеѓу министрите од двете влади. Во 13:20 часот на меѓувладината седница ќе се одржи и церемонија на потпишување на Договори и Меморандуми од страна на министрите на двете Влади со цел продлабочување на соработката помеѓу двете земји.

The post Не тргнувајте низ град со возило, доаѓа Еди Рама appeared first on Република.

]]>
Курти: Стартот на преговорите на ЕУ со Скопје и Тирана е поттик за реформи на целиот Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-startot-na-pregovorite-na-eu-so-skopje-i-tirana-e-pottik-za-reformi-na-celiot-balkan/ Wed, 20 Jul 2022 15:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=531498

Косовскиот премиер Албин Курти ја отвори денешната седница на неговата влада со честитки до Македонија и Албанија за вчерашното отворање на пристапните преговори на двете земји со Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Оценувајќи дека „вчерашниот ден беше многу значаен за Западен Балкан и за неговиот пат кон интеграцијата во ЕУ“, Курти рече дека напредокот на Македонија и Албанија кон ЕУ е значаен датум, не само за тие две држави, туку и за целиот регион.

Уште еднаш им го честитам на Република Албанија и на Република Македонија отворањето на преговорите за членство во ЕУ. Ние се радуваме на ова историско достигнување на двете земји. Оваа одлука на ЕУ ни ја зајакнува посветеноста за реформи кои го преобразуваат и јакнат нашиот регион, а следствено на тоа тоа и Европа, изјави Курти на почетокот на денешнта владина седница.

The post Курти: Стартот на преговорите на ЕУ со Скопје и Тирана е поттик за реформи на целиот Балкан appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти ја отвори денешната седница на неговата влада со честитки до Македонија и Албанија за вчерашното отворање на пристапните преговори на двете земји со Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина. Оценувајќи дека „вчерашниот ден беше многу значаен за Западен Балкан и за неговиот пат кон интеграцијата во ЕУ“, Курти рече дека напредокот на Македонија и Албанија кон ЕУ е значаен датум, не само за тие две држави, туку и за целиот регион.
Уште еднаш им го честитам на Република Албанија и на Република Македонија отворањето на преговорите за членство во ЕУ. Ние се радуваме на ова историско достигнување на двете земји. Оваа одлука на ЕУ ни ја зајакнува посветеноста за реформи кои го преобразуваат и јакнат нашиот регион, а следствено на тоа тоа и Европа, изјави Курти на почетокот на денешнта владина седница.

The post Курти: Стартот на преговорите на ЕУ со Скопје и Тирана е поттик за реформи на целиот Балкан appeared first on Република.

]]>
„Отворање на преговорите„ vs“ започнување на прва фаза“: Ова е клучниот доказ дека Албанија почнува преговори, а Македонија не https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otvoranje-na-pregovorite-vs-zapochnuvanje-na-prva-faza-ova-e-kluchniot-dokaz-deka-albanija-pochnuva-pregovori-a-makedonija-ne/ Thu, 14 Jul 2022 09:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=528533

Чиста формуација за „отворање на преговорите за пристапување“ без креативните решенија две фази, како во македонскиот случај, содржи текстот на преговарачката рамка за Албанија, до кој дојде Телма.

Документот е со ист датум 17 jуни 2022 година, кога беше објавен и првичниот предлог на преговарачка рамка за Македонија, кој Владата го одби, за потоа да дојде видоизменетиот француски предлог, кој сега предизвикува големи поделби и меѓу партиите и експертската јавност.

Во предлог-преговарачката рамка за Албанија нема никакви други дополнителни услови. Ниту во т.н. изјава за отворање на Првата меѓувладина конференција, ниту во генералните позиции на ЕУ. Се нотира само посветеноста на Албанија за решавање на граничниот спор со Грција, за што двете земји веќе имаат постигнато договор да се реши со арбитража. Но тоа е во издвоен параграф и не е условно поврзан во ниту еден контекст со општата консттација за добрососедски односи и регионална соработка.

Според дипломатски извори, ниту преговарачката рамка за Албанија, ниту изменетата за Македонија, формално не се ставени на маса и не се финално потврдени od земјите членки. Но, додека се чека македонското – да за изменетиот француски предлог, за документот за Албанија, не се очекуваат измени. Иако, признаваат дипломати, имало идеи со Заклучоците да се обезбеди „некаков баланс“ во процесот, бидејќи двете земји досега беа во пакет. Но, тоа според истите исвори е малку веројатно, иако не и сосема исклучно, бидејќи до формалното отворање на првиот кластер или втората Меѓувладина конференција, Македонија ќе мора да го смени Уставот за во него да ги внесе Бугарите, без што земјата нема да може да го продолжи процесот.

 „Отворање на преговорите„ vs“ започнување на прва фаза“  

Всушност, споредбата на содржината и формулациите во двата документи ( во македонскиот случај тоа се две меѓусебно поврзани меѓувладини конференции) јасно ги отсликуваат разликите и преседанот кон е направен за Македонија.

Албанија ги почнува преговорите со Првата меѓвладина конференција, на која ќе биде претставена и преговарачката рамка. (види слика)

Во точка 11 од т.н. воведна изјава на ЕУ, изјава за отворање јасно стои дека ЕУ на првата Меѓувладина конференција ја претставува и Преговарачката рамка, претходно оутврдена од Советот. (види слика во прилог)

Предлогот за Македонија го има преседанот со креативното решение за прва фаза во отворањето на преговорите. Во воведната изјава за Првата политичка меѓувладина конференција пишува прецизно: започнување на првата фаза од преговорите за пристапување.

Дополнително, во точка 11 од Воведната изјава јасно е нагласено дека Преговарачката рамка ќе биде презентирана на Втората меѓувладина конференција или прецизно според формулацијата „на следниот состанок на меѓувладината конференција која сме подготвени да ја одржиме без понатамошни одлагања или дополнителна политичка одлука, веднаш штом Македонија ќе ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени…“

Оттука, поради потребата, или условот за промена на Уставот, за во него да се внесат Бугарите (а заедно со нив и Црногорците и Хрватите) „пакетот“ Македонија – Албанија всушност се раздвојува и европскиот пат двете земји, барем во почеток, го одат по два различни колосеци.

Целиот текст ТУКА

The post „Отворање на преговорите„ vs“ започнување на прва фаза“: Ова е клучниот доказ дека Албанија почнува преговори, а Македонија не appeared first on Република.

]]>

Чиста формуација за „отворање на преговорите за пристапување“ без креативните решенија две фази, како во македонскиот случај, содржи текстот на преговарачката рамка за Албанија, до кој дојде Телма. Документот е со ист датум 17 jуни 2022 година, кога беше објавен и првичниот предлог на преговарачка рамка за Македонија, кој Владата го одби, за потоа да дојде видоизменетиот француски предлог, кој сега предизвикува големи поделби и меѓу партиите и експертската јавност. Во предлог-преговарачката рамка за Албанија нема никакви други дополнителни услови. Ниту во т.н. изјава за отворање на Првата меѓувладина конференција, ниту во генералните позиции на ЕУ. Се нотира само посветеноста на Албанија за решавање на граничниот спор со Грција, за што двете земји веќе имаат постигнато договор да се реши со арбитража. Но тоа е во издвоен параграф и не е условно поврзан во ниту еден контекст со општата консттација за добрососедски односи и регионална соработка. Според дипломатски извори, ниту преговарачката рамка за Албанија, ниту изменетата за Македонија, формално не се ставени на маса и не се финално потврдени od земјите членки. Но, додека се чека македонското – да за изменетиот француски предлог, за документот за Албанија, не се очекуваат измени. Иако, признаваат дипломати, имало идеи со Заклучоците да се обезбеди „некаков баланс“ во процесот, бидејќи двете земји досега беа во пакет. Но, тоа според истите исвори е малку веројатно, иако не и сосема исклучно, бидејќи до формалното отворање на првиот кластер или втората Меѓувладина конференција, Македонија ќе мора да го смени Уставот за во него да ги внесе Бугарите, без што земјата нема да може да го продолжи процесот.  „Отворање на преговорите„ vs“ започнување на прва фаза“   Всушност, споредбата на содржината и формулациите во двата документи ( во македонскиот случај тоа се две меѓусебно поврзани меѓувладини конференции) јасно ги отсликуваат разликите и преседанот кон е направен за Македонија. Албанија ги почнува преговорите со Првата меѓвладина конференција, на која ќе биде претставена и преговарачката рамка. (види слика) Во точка 11 од т.н. воведна изјава на ЕУ, изјава за отворање јасно стои дека ЕУ на првата Меѓувладина конференција ја претставува и Преговарачката рамка, претходно оутврдена од Советот. (види слика во прилог) Предлогот за Македонија го има преседанот со креативното решение за прва фаза во отворањето на преговорите. Во воведната изјава за Првата политичка меѓувладина конференција пишува прецизно: започнување на првата фаза од преговорите за пристапување. Дополнително, во точка 11 од Воведната изјава јасно е нагласено дека Преговарачката рамка ќе биде презентирана на Втората меѓувладина конференција или прецизно според формулацијата „на следниот состанок на меѓувладината конференција која сме подготвени да ја одржиме без понатамошни одлагања или дополнителна политичка одлука, веднаш штом Македонија ќе ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени…“ Оттука, поради потребата, или условот за промена на Уставот, за во него да се внесат Бугарите (а заедно со нив и Црногорците и Хрватите) „пакетот“ Македонија – Албанија всушност се раздвојува и европскиот пат двете земји, барем во почеток, го одат по два различни колосеци.
Целиот текст ТУКА

The post „Отворање на преговорите„ vs“ започнување на прва фаза“: Ова е клучниот доказ дека Албанија почнува преговори, а Македонија не appeared first on Република.

]]>
Целата игра е Албанија да ги почне преговорите, единствено таа има ќар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/celata-igra-e-albanija-da-gi-pochne-pregovorite-edinstveno-taa-ima-kjar/ Mon, 04 Jul 2022 21:36:07 +0000 https://republika.mk/?p=523934

Целата игра е Албанија да ги почне преговорите затоа што за Албанија услови нема, за Македонија има улови и овде единствен ќар е Албанија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното интервју во емисијата Заспиј ако можеш на телевизија Алфа.

Николоски потсети дека тој уште во 2018 изјавувал дека Бујар Османи од позиција на вицепремиер за европски прашања и тогашниот министер за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати направи договор Македонија да ги забави реформите се со цел да се формира нова група Македонија и Албанија, бидејќи претходно Албанија била во група со Босна и Херцеговина и Косово односно недефинирани држави.

Јас да ве потсетам дека во 2018 година излегов во јавноста и реков дека тогаш Бујар Осамни како потпретседател на влада задолжен за европски прашања и Дитмир Бушати тогашен министер за надворешни работи на Албанија направиле договор Македонија да забави со реформите со цел да се формира нова група Македонија и Албанија, рече тој.

-До тогаш таа група не постоеше затоа што Македонија беше во група со Хрватска, а кога Хрватска влезе во ЕУ остана сама затоа што Грција правеше проблем со името, а групата беше Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, таа група нормално не одговараше за Албанија затоа што овие две се недефинирани држави, и Албанија за да излезе од таа група многу мудро ја искористи оваа екипа која што е сега во ДУИ, и се залепи за Македонија. И од оваа перспектива е многу јасно зошто го направија тоа. И тоа е за честитање на нивната дипломатија, но на штета на Македонија. Прво излегоа од една лоша група, влегоа во група со Македонија, Македонија ја влече и сега кога Македонија е нагрбната со проблеми од Бугарија, овие се издвојуваат и продолжуваат преговори, објасни Николоски.

Николоски порача дека суштината на францускиот предлог е Албанија да започне преговори, а не Македонија.Суштината на сето ова е Еди Рама и Албанија да почнат преговори и тоа мора да го знае јавноста.

Во однос на изјавите на Еди Рама каде што повикува да се прифати францускиот предлог, Николоски рече дека Рама треба да одговори дали тој би се согласил на истите работи како што бара од Македонија, односно како што рече тој дали би се согласил некој да го оспорува албанскиот јазик, или историјата на Албанците.

-Треба Еди Рама да го прашаме дали би се согласил на истите работи, на пример некој да го оспорува албанскиот јазик, или историјата на Албанците, истакна тој.

The post Целата игра е Албанија да ги почне преговорите, единствено таа има ќар appeared first on Република.

]]>

Целата игра е Албанија да ги почне преговорите затоа што за Албанија услови нема, за Македонија има улови и овде единствен ќар е Албанија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното интервју во емисијата Заспиј ако можеш на телевизија Алфа. Николоски потсети дека тој уште во 2018 изјавувал дека Бујар Османи од позиција на вицепремиер за европски прашања и тогашниот министер за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати направи договор Македонија да ги забави реформите се со цел да се формира нова група Македонија и Албанија, бидејќи претходно Албанија била во група со Босна и Херцеговина и Косово односно недефинирани држави. Јас да ве потсетам дека во 2018 година излегов во јавноста и реков дека тогаш Бујар Осамни како потпретседател на влада задолжен за европски прашања и Дитмир Бушати тогашен министер за надворешни работи на Албанија направиле договор Македонија да забави со реформите со цел да се формира нова група Македонија и Албанија, рече тој. -До тогаш таа група не постоеше затоа што Македонија беше во група со Хрватска, а кога Хрватска влезе во ЕУ остана сама затоа што Грција правеше проблем со името, а групата беше Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, таа група нормално не одговараше за Албанија затоа што овие две се недефинирани држави, и Албанија за да излезе од таа група многу мудро ја искористи оваа екипа која што е сега во ДУИ, и се залепи за Македонија. И од оваа перспектива е многу јасно зошто го направија тоа. И тоа е за честитање на нивната дипломатија, но на штета на Македонија. Прво излегоа од една лоша група, влегоа во група со Македонија, Македонија ја влече и сега кога Македонија е нагрбната со проблеми од Бугарија, овие се издвојуваат и продолжуваат преговори, објасни Николоски. Николоски порача дека суштината на францускиот предлог е Албанија да започне преговори, а не Македонија.Суштината на сето ова е Еди Рама и Албанија да почнат преговори и тоа мора да го знае јавноста. Во однос на изјавите на Еди Рама каде што повикува да се прифати францускиот предлог, Николоски рече дека Рама треба да одговори дали тој би се согласил на истите работи како што бара од Македонија, односно како што рече тој дали би се согласил некој да го оспорува албанскиот јазик, или историјата на Албанците. -Треба Еди Рама да го прашаме дали би се согласил на истите работи, на пример некој да го оспорува албанскиот јазик, или историјата на Албанците, истакна тој.

The post Целата игра е Албанија да ги почне преговорите, единствено таа има ќар appeared first on Република.

]]>
Бала: Првата меѓувладина конференција ЕУ-Албанија ќе се одржи следната недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bala-prvata-megjuvladina-konferencija-eu-albanija-kje-se-odrzi-slednata-nedela/ Thu, 30 Jun 2022 17:09:34 +0000 https://republika.mk/?p=521751

Координаторот на пратеничката група на албанската владејачка Социјалистичка партија, Таулант Бала, од собраниската говорница соопшти дека следната недела ќе се одржи Првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Албанија за преговорите, пренесува Ора њуз.

Бала додаде дека сега Албанија ќе преговара со ЕУ за да стане дел од Унијата, за што постои согласност меѓу 27-те земји од Унијата.

Побарав збор за да споделам важна вест во врска со нашето патување кон членство во ЕУ што е поврзано со фактот дека постои целосна согласност меѓу 27-те земји-членки на ЕУ за одржување на Првата меѓувладина конференција меѓу Албанија и ЕУ следната недела. Тоа е важен момент. Ова се случува по неколкучасовни комуникации на парламентите-членки. Амбасадорот на Чешка, со кој имав можност да комуницирам, штотуку си замина. Политичкиот договор е веќе постигнат и одржувањето на Меѓувладината конференција следната недела е факт, рече Бала од собраниската говорница.

Оваа изјава на Бала, според телевизијата доаѓа иако од Македонија сè уште нема конечен одговор за францускиот предлог со кој се решава спорот меѓу Софија и Скопје, кој го држи во заложништво и почетокот на преговорите на Албанија со ЕУ.

Македонија, преку премиерот Димитар Ковачески, начелно се изјасни за францускиот предлог, но нагласи дека одговорот ќе се даде по опсежни консултации со претседателот, Собранието, политичките партии, граѓанското општество, експертите и пошироката јавност, констатира Ора њуз.

The post Бала: Првата меѓувладина конференција ЕУ-Албанија ќе се одржи следната недела appeared first on Република.

]]>

Координаторот на пратеничката група на албанската владејачка Социјалистичка партија, Таулант Бала, од собраниската говорница соопшти дека следната недела ќе се одржи Првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Албанија за преговорите, пренесува Ора њуз. Бала додаде дека сега Албанија ќе преговара со ЕУ за да стане дел од Унијата, за што постои согласност меѓу 27-те земји од Унијата.
Побарав збор за да споделам важна вест во врска со нашето патување кон членство во ЕУ што е поврзано со фактот дека постои целосна согласност меѓу 27-те земји-членки на ЕУ за одржување на Првата меѓувладина конференција меѓу Албанија и ЕУ следната недела. Тоа е важен момент. Ова се случува по неколкучасовни комуникации на парламентите-членки. Амбасадорот на Чешка, со кој имав можност да комуницирам, штотуку си замина. Политичкиот договор е веќе постигнат и одржувањето на Меѓувладината конференција следната недела е факт, рече Бала од собраниската говорница.
Оваа изјава на Бала, според телевизијата доаѓа иако од Македонија сè уште нема конечен одговор за францускиот предлог со кој се решава спорот меѓу Софија и Скопје, кој го држи во заложништво и почетокот на преговорите на Албанија со ЕУ.
Македонија, преку премиерот Димитар Ковачески, начелно се изјасни за францускиот предлог, но нагласи дека одговорот ќе се даде по опсежни консултации со претседателот, Собранието, политичките партии, граѓанското општество, експертите и пошироката јавност, констатира Ора њуз.

The post Бала: Првата меѓувладина конференција ЕУ-Албанија ќе се одржи следната недела appeared first on Република.

]]>
Рама: Албанија и Македонија нема официјално да започнат разговори за пристап https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-naskoro-nema-da-ima-pregovori-za-chlenstvo-vo-eu-vinovna-za-toa-e-bugarija/ Wed, 15 Jun 2022 09:24:02 +0000 https://republika.mk/?p=515407

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека не очекува самитот на ЕУ следната недела да го отвори патот за неговата земја да ги започне преговорите за членство во ЕУ, обвинувајќи ја Бугарија, објави денеска Политико, пренесоа албанските медиуми.

Германскиот канцелар Олаф Шолц минатата недела ја посети Бугарија во обид да ја прекине блокадата на Софија пред претстојниот самит во Брисел в четврток и петок.

Во интервју за Политико, Рама рече дека е песимист.

Немам очекувања. Мислам дека ништо нема да се случи. Албанија и  Македонија нема официјално да започнат разговори за пристап - рече тој.

На прашањето дали некој од лидерите на ЕУ дал сигнал дека разговорите би можеле да започнат наскоро, Рама одговори: „Какви сигнали можат да дадат? Не се работи за нив. Повторно се работи за Бугарија. Сите тие се согласуваат, сите поддржуваат, секој што мислат дека ова треба се случи и дека веќе требаше да се случи. Но нивниот простор за маневрирање е ограничен од Бугарија“.

Рама (57), рече дека не очекува бугарските лидери да ја сменат својата позиција, бидејќи тие го направија спорот толку голем што е многу тешко да се се повлече.

Ова е спирала. Тие влегоа во спирала. И многу, многу е тешко да се излезе од оваа спирала - рече Рама, кој ќе присуствува на состанокот на лидерите од Западен Балкан и ЕУ во Брисел пред самитот.

Бугарските функционери ја бранат својата позиција, инсистирајќи дека тие едноставно сакаат  Македонија да ги почитува своите претходни обврски и да се обиде да ги заштити правата на Бугарите во земјата, пишува весникот.

Од своја страна,  Македонија вели дека прави добронамерни напори на барање на Софија и нагласува дека билатералниот спор не треба да го попречува почетокот на преговорите меѓу ЕУ и идната членка.

Рама потврди дека ако нема напредок овој месец, тој ќе побара кандидатурата за членство на Албанија да се разгледува одвоено од онаа на Македонија, потег што ЕУ досега не сакаше да го преземе.

Официјалните лица велат дека регионалната стабилност би била подобра доколку двата соседа напредуваат заедно.

Ако ништо не се случи во јуни, ќе сакаме да се разделиме од овој пар кој е изгубен во преводот - рече Рама.

Убеден сум дека тоа е она што треба да го направиме, а потоа ќе видиме дали (лидерите на ЕУ) ќе се согласат или не, ќе видиме, додаде тој.

Во интервју за Политико, Рама ја поддржа идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за европска политичка заедница, организација која ќе биде отворена и за членови и за не-членки.

Рама изрази разбирање за ставот на Србија.

Мора да разберете дека Србија е во многу поинаква позиција од другите поради нејзината историја, таа ги зарази нејзините посебни врски со Русија, рече тој.

Тој рече дека Србија треба да воведе санкции со текот на времето, но предупреди дека не треба да има притисок врз Белград, кој е многу енергетски зависен од Москва.

The post Рама: Албанија и Македонија нема официјално да започнат разговори за пристап appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека не очекува самитот на ЕУ следната недела да го отвори патот за неговата земја да ги започне преговорите за членство во ЕУ, обвинувајќи ја Бугарија, објави денеска Политико, пренесоа албанските медиуми. Германскиот канцелар Олаф Шолц минатата недела ја посети Бугарија во обид да ја прекине блокадата на Софија пред претстојниот самит во Брисел в четврток и петок. Во интервју за Политико, Рама рече дека е песимист.
Немам очекувања. Мислам дека ништо нема да се случи. Албанија и  Македонија нема официјално да започнат разговори за пристап - рече тој.
На прашањето дали некој од лидерите на ЕУ дал сигнал дека разговорите би можеле да започнат наскоро, Рама одговори: „Какви сигнали можат да дадат? Не се работи за нив. Повторно се работи за Бугарија. Сите тие се согласуваат, сите поддржуваат, секој што мислат дека ова треба се случи и дека веќе требаше да се случи. Но нивниот простор за маневрирање е ограничен од Бугарија“. Рама (57), рече дека не очекува бугарските лидери да ја сменат својата позиција, бидејќи тие го направија спорот толку голем што е многу тешко да се се повлече.
Ова е спирала. Тие влегоа во спирала. И многу, многу е тешко да се излезе од оваа спирала - рече Рама, кој ќе присуствува на состанокот на лидерите од Западен Балкан и ЕУ во Брисел пред самитот.
Бугарските функционери ја бранат својата позиција, инсистирајќи дека тие едноставно сакаат  Македонија да ги почитува своите претходни обврски и да се обиде да ги заштити правата на Бугарите во земјата, пишува весникот. Од своја страна,  Македонија вели дека прави добронамерни напори на барање на Софија и нагласува дека билатералниот спор не треба да го попречува почетокот на преговорите меѓу ЕУ и идната членка. Рама потврди дека ако нема напредок овој месец, тој ќе побара кандидатурата за членство на Албанија да се разгледува одвоено од онаа на Македонија, потег што ЕУ досега не сакаше да го преземе. Официјалните лица велат дека регионалната стабилност би била подобра доколку двата соседа напредуваат заедно.
Ако ништо не се случи во јуни, ќе сакаме да се разделиме од овој пар кој е изгубен во преводот - рече Рама.
Убеден сум дека тоа е она што треба да го направиме, а потоа ќе видиме дали (лидерите на ЕУ) ќе се согласат или не, ќе видиме, додаде тој. Во интервју за Политико, Рама ја поддржа идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за европска политичка заедница, организација која ќе биде отворена и за членови и за не-членки. Рама изрази разбирање за ставот на Србија. Мора да разберете дека Србија е во многу поинаква позиција од другите поради нејзината историја, таа ги зарази нејзините посебни врски со Русија, рече тој. Тој рече дека Србија треба да воведе санкции со текот на времето, но предупреди дека не треба да има притисок врз Белград, кој е многу енергетски зависен од Москва.

The post Рама: Албанија и Македонија нема официјално да започнат разговори за пристап appeared first on Република.

]]>
Повеќе од дупло зголемен увозот од Албанија во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/povekje-od-duplo-zgolemen-uvozot-od-albanija-vo-makedonija/ Wed, 11 May 2022 14:26:49 +0000 https://republika.mk/?p=501080

Албанскиот Институт за статистика објави дека во првите три месеци од годинава, споредено со истиот период минатата година, за над двапати е зголемен албанскиот извоз во Македонија.

Според ИНСТАТ, во периодот јануари-март, во Македонија извесена е стока во вредност од околу пет милијарди лека(122 лека = 1евро).

Според ИНСТАТ, во споредба со истиот квартал од 2021 година, извозот е зголемен за околу два милијарди леки. Во првиот квартал од оваа година, увозот се зголемил за 1,4 милијарди леки, достигнувајќи 3,6 милијарди леки наспроти 2,2 милијарди леки во првиот квартал од 2021 година, пренесува државната новинска агенција АТА.

Она што најмногу се извезува во Македонија се главно свежи земјоделски производи: домати, краставици, свежа риба, свежо јужно овошје, тестенини и друго.

Албанија и Македонија тесно соработуваат во рамки на спроведувањето на договорот ЦЕФТА од 2006 година. Трговијата меѓу двете земји е либерализирана од 2011 година, кога беа отстранети царинските тарифи, наведува агенцијата.

The post Повеќе од дупло зголемен увозот од Албанија во Македонија appeared first on Република.

]]>

Албанскиот Институт за статистика објави дека во првите три месеци од годинава, споредено со истиот период минатата година, за над двапати е зголемен албанскиот извоз во Македонија. Според ИНСТАТ, во периодот јануари-март, во Македонија извесена е стока во вредност од околу пет милијарди лека(122 лека = 1евро).
Според ИНСТАТ, во споредба со истиот квартал од 2021 година, извозот е зголемен за околу два милијарди леки. Во првиот квартал од оваа година, увозот се зголемил за 1,4 милијарди леки, достигнувајќи 3,6 милијарди леки наспроти 2,2 милијарди леки во првиот квартал од 2021 година, пренесува државната новинска агенција АТА.
Она што најмногу се извезува во Македонија се главно свежи земјоделски производи: домати, краставици, свежа риба, свежо јужно овошје, тестенини и друго.
Албанија и Македонија тесно соработуваат во рамки на спроведувањето на договорот ЦЕФТА од 2006 година. Трговијата меѓу двете земји е либерализирана од 2011 година, кога беа отстранети царинските тарифи, наведува агенцијата.

The post Повеќе од дупло зголемен увозот од Албанија во Македонија appeared first on Република.

]]>
Бектеши – Балуку: Проектите за енергетскo и инфраструктурно поврзување помеѓу Македонија и Албанија иммат големо регионално значење https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-baluku-proektite-za-energetsko-i-infrastrukturno-povrzuvanje-pomegju-severna-makedonija-i-albanija-immat-golemo-regionalno-znachenje/ Tue, 10 May 2022 13:24:41 +0000 https://republika.mk/?p=500519

Заедничката реализација на проекти за инфраструктурното поврзување со Коридорот 8 и справувањето со енергетската криза беа главните теми на денешната средба на министерот за економија Крешник Бектеши и министерката за инфраструктура и енергетика, Албанија, Белинда Балуку која што се одржа во Тирана.

Двајцата министри на состанокот потенцираа дека и во инднина Македонија и Албанија ќе продолжат да соработуваат со цел реализација на проекти кои што ќе бидат во интерес на граѓаните на двете земји.

Како две соседни земји ќе продолжиме да носиме мерки за справување и со енергетската криза, но и да реализраме проекти за наше поврзување и на енергетски план и на инфраструктурен план. Доказ за нашите цели и заложби се тоа што и двете Влади засилено работат на реализација на стратешки определби за поголемо регионално поврзување, кажа министерот Бектеши на средбата со Балуку.

Двајцата министри во делот на соработка со помеѓу Албанија и Македонија разговараа и за проектот за Интерконективно поврзување преку Изградба на интерконективен надземен вод од 400 kV Битола (MK) – Елбасан (AL) кој претставува последен дел од реализацијата на коридорот 8 (Исток – Запад) за пренос на електрична енергија меѓу Бугарија, Македонија, Албанија и Италија.

Проект кој има големо регионално значење.

На крајот на состанокот двајцата министри се согласија дека и во иднина преку заедничка соработка ќе продолжат да работат на реализација на заеднички преокти кои што ќе придонесат за раст и развој на двете земји.

The post Бектеши – Балуку: Проектите за енергетскo и инфраструктурно поврзување помеѓу Македонија и Албанија иммат големо регионално значење appeared first on Република.

]]>

Заедничката реализација на проекти за инфраструктурното поврзување со Коридорот 8 и справувањето со енергетската криза беа главните теми на денешната средба на министерот за економија Крешник Бектеши и министерката за инфраструктура и енергетика, Албанија, Белинда Балуку која што се одржа во Тирана. Двајцата министри на состанокот потенцираа дека и во инднина Македонија и Албанија ќе продолжат да соработуваат со цел реализација на проекти кои што ќе бидат во интерес на граѓаните на двете земји.
Како две соседни земји ќе продолжиме да носиме мерки за справување и со енергетската криза, но и да реализраме проекти за наше поврзување и на енергетски план и на инфраструктурен план. Доказ за нашите цели и заложби се тоа што и двете Влади засилено работат на реализација на стратешки определби за поголемо регионално поврзување, кажа министерот Бектеши на средбата со Балуку.
Двајцата министри во делот на соработка со помеѓу Албанија и Македонија разговараа и за проектот за Интерконективно поврзување преку Изградба на интерконективен надземен вод од 400 kV Битола (MK) – Елбасан (AL) кој претставува последен дел од реализацијата на коридорот 8 (Исток – Запад) за пренос на електрична енергија меѓу Бугарија, Македонија, Албанија и Италија. Проект кој има големо регионално значење. На крајот на состанокот двајцата министри се согласија дека и во иднина преку заедничка соработка ќе продолжат да работат на реализација на заеднички преокти кои што ќе придонесат за раст и развој на двете земји.

The post Бектеши – Балуку: Проектите за енергетскo и инфраструктурно поврзување помеѓу Македонија и Албанија иммат големо регионално значење appeared first on Република.

]]>
Рама: Процесот кон ЕУ е невротичен, Албанија е заложник на ќор-сокакот меѓу Македонија и Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-procesot-kon-eu-e-nevrotichen-albanija-e-zaloznik-na-kjor-sokakot-megju-makedonija-i-bugarija/ Fri, 06 May 2022 10:59:17 +0000 https://republika.mk/?p=498533

Албанија е заложник на спорот меѓу нашиот сосед Македонија и Бугарија, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама во обраќањето на Конференцијата на претседателите на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива (ЈЈИ), што се одржува во Тирана.

Рама рече дека нема друго решение освен трпение на овој пат и изрази загриженост за многуте проблеми со процесот на евроинтеграции.  

Процесот кон ЕУ е невротичен процес. Албанија е заложник на ќор-сокакот меѓу нашиот сосед, Македонија и Бугарија. Тоа е една од оние ситуации што ЕУ може да ги создаде. Нема книга и искуство, ниту какво било објаснување како може да се третира. Како можеш да останеш заложник на споровите меѓу двете земји. Но, еве тоа е - како што велеше Доналд Трамп. Не смееме да го изгубиме трпението и желбата за Европа, рече меѓу другото Рама во своето обраќање.

Истакна дека Европа е во секој план на Албанија и е првиот слободен избор на неговата земја, бидејќи „досега сме биле под власта на различни империи против нашата волја“. 

– Целта на Албанија е да ја промовира соработката и мирот во Европа. Во нашите планови нема друга алтернатива освен Европа имаме многу да му дадеме на регионот бидејќи проблемите можат само да создадат поделби, порача Рама. 

На Конференцијата учествува и претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

The post Рама: Процесот кон ЕУ е невротичен, Албанија е заложник на ќор-сокакот меѓу Македонија и Бугарија appeared first on Република.

]]>

Албанија е заложник на спорот меѓу нашиот сосед Македонија и Бугарија, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама во обраќањето на Конференцијата на претседателите на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива (ЈЈИ), што се одржува во Тирана. Рама рече дека нема друго решение освен трпение на овој пат и изрази загриженост за многуте проблеми со процесот на евроинтеграции.  
Процесот кон ЕУ е невротичен процес. Албанија е заложник на ќор-сокакот меѓу нашиот сосед, Македонија и Бугарија. Тоа е една од оние ситуации што ЕУ може да ги создаде. Нема книга и искуство, ниту какво било објаснување како може да се третира. Како можеш да останеш заложник на споровите меѓу двете земји. Но, еве тоа е - како што велеше Доналд Трамп. Не смееме да го изгубиме трпението и желбата за Европа, рече меѓу другото Рама во своето обраќање.
Истакна дека Европа е во секој план на Албанија и е првиот слободен избор на неговата земја, бидејќи „досега сме биле под власта на различни империи против нашата волја“. 
– Целта на Албанија е да ја промовира соработката и мирот во Европа. Во нашите планови нема друга алтернатива освен Европа имаме многу да му дадеме на регионот бидејќи проблемите можат само да создадат поделби, порача Рама. 
На Конференцијата учествува и претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

The post Рама: Процесот кон ЕУ е невротичен, Албанија е заложник на ќор-сокакот меѓу Македонија и Бугарија appeared first on Република.

]]>
Бомгартнер: Франција не поддржува раздвојување на пакетот Македонија – Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bomgartner-francija-ne-poddrzuva-razdvojuvanje-na-paketot-makedonija-albanija/ Sun, 01 May 2022 18:39:20 +0000 https://republika.mk/?p=496127

Прашањето Тирана сама да ги стартува преговорите беше покренато многу пати во рамки на повеќе дебати во Унијата и она што произлезе како одговор е - НЕ, нема раздвојување на пакетот Скопје Софија, вели францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер во интервју за емисијата ЕВРОПАТ на ТВ 24.

Правно нема поврзаност меѓу двете змеји и според новата методологија, секоја може да напредува според своите заслуги и во тој поглед што сепак постои тој двоец , може на прв поглед ви се чини чуден, но овде зборуваме за нешто поспецифично – отворање на преговорите за членство, а тоа е само една етапа од процесот и јасно е дека во таа перспектива има смисла тој двоец и паралелизм меѓу двете прашања, затоа што доколку се случи раздвојување - би било дестабилизирачко кон оние кои би се почувствувале како жртви, вели Бомгратнер.

The post Бомгартнер: Франција не поддржува раздвојување на пакетот Македонија – Албанија appeared first on Република.

Германија: Во 2020 Македонија мораше да ја чека Албанија, заслужува да се чека и да се покаже солидарност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/germanija-vo-2020-makedonija-morashe-da-ja-cheka-albanija-zasluzuva-da-se-cheka-i-da-se-pokaze-solidarnost/ Sat, 16 Apr 2022 17:26:20 +0000 https://republika.mk/?p=489369

Германскиот амбасадор во Тирана Петер Зинграф вели дека Македонија заслужува солидарност од страна на Албанија кога станува збор за почетокот на преговорите во Европската Унија.

Зинграф потсети дека Македонија ја почекала Албанија во 2020 година, па сега Албанија не би требала да бара одвојување.

Проблемот што настана помеѓу Македонија и Бугарија беше изненадување за нас. Во 2020 година Македонија мораше да ја чека Албанија за интегративниот процес, а сега имаме иста ситуација. Сите работат со одреден притисок за да се избегнат и отстранат овие пречки што стојат на патот. Француското претседателство е подготвено да ја свика првата меѓувладина конференција во кус рок. Мислам дека Македонија заслужува да се чека и да се покаже солидарност со неа, изјави Зинграф пренесе „Албаниан дејли њус“.

Албанскиот премиер, Еди Рама пред три дена во Берлин најави дека ако во јуни не се отворат преговорите за Албанија од земјите од ЕУ, тој ќе бара одвојување од Македонија, поради кочницата од страна на Бугарија.

The post Германија: Во 2020 Македонија мораше да ја чека Албанија, заслужува да се чека и да се покаже солидарност appeared first on Република.

]]>

Германскиот амбасадор во Тирана Петер Зинграф вели дека Македонија заслужува солидарност од страна на Албанија кога станува збор за почетокот на преговорите во Европската Унија. Зинграф потсети дека Македонија ја почекала Албанија во 2020 година, па сега Албанија не би требала да бара одвојување.
Проблемот што настана помеѓу Македонија и Бугарија беше изненадување за нас. Во 2020 година Македонија мораше да ја чека Албанија за интегративниот процес, а сега имаме иста ситуација. Сите работат со одреден притисок за да се избегнат и отстранат овие пречки што стојат на патот. Француското претседателство е подготвено да ја свика првата меѓувладина конференција во кус рок. Мислам дека Македонија заслужува да се чека и да се покаже солидарност со неа, изјави Зинграф пренесе „Албаниан дејли њус“.
Албанскиот премиер, Еди Рама пред три дена во Берлин најави дека ако во јуни не се отворат преговорите за Албанија од земјите од ЕУ, тој ќе бара одвојување од Македонија, поради кочницата од страна на Бугарија.

The post Германија: Во 2020 Македонија мораше да ја чека Албанија, заслужува да се чека и да се покаже солидарност appeared first on Република.

]]>
Османи подготвен да прифати отстапки во името на Македонија, но не и Албанија да се одвои https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-podgotven-da-prifati-otstapki-vo-imeto-na-makedonija-no-ne-i-albanija-da-se-odvoi/ Fri, 15 Apr 2022 08:33:26 +0000 https://republika.mk/?p=488790

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи вчера информира дека има документ како основа за договор со Бугарија прифатлив за македонската страна, но се уште нема одговор дали тој е прифатлив и за Софија, посочувајќи дека кога ќе има согласност по однос на кој било документ како основа за договор со Бугарија, пред да се стави потпис ќе ја информира јавноста и пратениците. Одвојувањето на Тирана од Скопје на патот кон ЕУ, пак, според него, ќе ја влоши регионалната динамика на долгорочен план.

Османи, нагласи дека се уште не може да каже дека имаме договор меѓу двете страни по однос на еден документ што треба да биде сеопфатно решение за сите разлики што ги имаме со Бугарија.

Да, има еден таков документ што ние сме спремни да го прифатиме, меѓутоа се додека не добиеме одговор дека е прифатлив и за Бугарија сметам дека не се созреани тие предуслови за да можам јас да ги информирам пратениците и јавноста, бидејќи тој може да биде одбиен и тогаш сето тоа би било непотребно, истакна Османи по средбата со шефот на романската дипломатија Богдан Ауреску, кој вчера беше во работна посета на земјава.

Прашан дали кочницата за решение се коалициските партнери на бугарскиот премиер Кирил Петков, Османи рече дека не е во ред да ги коментира „внатрешните динамики во Република Бугарија“.

Знам дека тие планираат решението да го поминат и во Собранието. За да се помине во Собранието се разбира дека сите коалициски партнери треба да го поддржат тоа решение. Ако тоа значи нешто, но не мислам дека е во ред јас да ги коментирам односите во Бугарија. Се надевам дека во ова време е потребно стратешко лидерство. Време е за стратешки одлуки во ЕУ, во регионот, изјави Османи.

За тоа дали има поместување во политичкиот дел и политичките разлики, шефот на дипломатијата рече дека со бугарската колешка комуницира на дневна основа, додека премиерот Ковачевски со премиерот Петков.

Ќе ја повторам оценката, има постигнато напредок во размислувањата како да се надмине ова прашање. По однос, како, што и  кога, но не можам да кажам дека за еден документ има согласност целосна од бугарската Влада, за да можам јас да ги информирам пратениците веднаш, да го споделам документот и да ја информирам јавноста. Не можеме ниту да разговараме поединечно со секој чинител во Бугарија, ниту пак да ги коментираме различните ставови, рече Османи.

Шефот на дипломатијата истакна и дека не сака да ги коментира внатрешните политички разлики во Бугарија.

Ние комуницираме со бугарската Влада и не сме прифатиле никогаш да имаме паралелни преговори со различните чинители во Бугарија, па и доколку се институционални чинители, не само политички чинители. Ние разговараме со бугарската Влада и навистина останува на неа дали ќе може да постигне едногласност по било кое решение, изјави Османи.

Тој посочи дека, од искуството со Преспа, овие прашања бараат лидерство и бараат одлучност по однос на иднината.

Доколку покажете какво било двоумење во вашето убедување дека ова е правиот пат по кој што треба да се одвива ова прашање, мислам дека тоа ќе ги охрабри тие што не сакаат да се најде решение. Така што, двете влади во нашите општество ќе наидеме на отпор, на критики. Кое било решение да го ставиме на маса ќе има незадоволни, изјави Османи.

Изјавите на Османи доаѓаат во пресрет на посетата на бугарскиот премиер Петков и потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, кои според најавите в сабота во Битола ќе присуствуваат на отворањето на Културниот клуб на Здружението „Иван Михајлов“.

Со премиерот Петков договараме да има и официјална средба, но не можам да кажам дали ќе биде премиерот заради здравствената состојба, или некој од министрите на далекуводот Битола – Елбасан, а потоа тие ќе имаат свои ангажмани во Културниот центар во Битола во организација на Амбасадата на Бугарија, изјави Османи, одговрајќи на новинарски прашања на прес-конференција во МНР.

Шефот на романската дипломатија Ауреску, пак, порача дека Романија нема да поддржи раздвојување на Македонија и Албанија на патот кон Европската Унија, откако албанскиот премиер Еди Рама во неколку наврати најави дека ќе побара раздвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ, доколку Македонија не го реши до јуни прашањето со Бугарија.

Нема разговори за раздвојување на Македонија и Албанија. Не го поддржуваме тоа развојување. Важно е да се најде решение што е можно побрзо да се започнат преговори со двете земји заедно, рече Ауреску на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега Бујар Османи.

Ауреску истакна дека Романија е цврст поддржувач на членството на Македонија во ЕУ, и во исто време тесно работиме на многу комплексни прашања.

Османи, пак, од своја страна посочи дека одлуката за раздвојување на Скопје и Тирана е на земјите-членки и дали тие ќе постигнат консензус Албанија да ги почне преговорите.

Кажав и претходно дека не е долгорочен интерес на Албанија да се одвои од нас на овој пат. Така што ако барем до една фаза во процесот додека политичките критериуми се клучни си помагаме еден на друг, долгорочно ќе се создаде една синергија која го турка целиот процес напред. Се разбира дека Албанија има право да го дигне гласот, да каже ги исполнивме сите критериуми, зошто јас сум заложник на досието на друга држава. Меѓутоа, сум свесен дека и Албанија го дели мислењето дека долгорочно тоа не и одговара и многу земји-членки сметаат дека тоа ќе ја влоши регионалната динамика ако тоа се случи, истакна Османи.

Според него, засега немаме сигнал од ниту една земја членка на ЕУ која би преферирала одвојување на пакетот.

Османи и Ауреску се согласни дека Романија е цврст поддржувач на пристапувањето на Македонија во Европската Унија. Двајцата посочија дека војната во Украина покажа и колку е важна европската интеграција како силен гарант за стабилноста на целиот континент и дека стартот на преговорите со Македонија и Албанија не само што е правичен, заслужен, туку во моментов претставува и потреба или неопходен чекор во насока на засилената улога на регионот во безбедносната архитектура на континентот.

Претседателот Стево Пендаровски, пак, на средбата со министерот Ауреску, истакна дека особено денес е евидентно дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е безбедносен приоритет за Европа, а завршувањето на европскиот проект е клучно за обезбедување на долгорочен мир и просперитет за континентот, додека премиерот Ковачевски и шефот на романската дипломатија оценија дека сега e моментот за исчекор на Македонија во евроинтеграцискиот процес, при што Романија продолжува да се заложува за решение на овој пат.

Инаку, бугарскиот претседател Румен Радев завчера ја повтори цврстата позиција дека за Бугарија е исклучително важно да се придржува до националниот рамковен став во својата надворешна политика кон Република Македонија, до декларацијата на Парламентот, до консензусот постигнат од Советодавниот совет за национална безбедност.

– Се надевам дека ќе ја задржиме оваа политика, бидејќи тоа е единствената гаранција дека имаме одржливост и неповратност на интегративниот процес на Република Македонија, додаде претседателот, рече Радев.

Радев вчера во телефонски разговор со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, посочил дека во интерес на стабилноста на Обединета Европа е секоја земја кандидат за членство во ЕУ да ги почитува европските вредности поврзани со правата на своите граѓани, при што нагласил дека Бугарија очекува категорични резултати од Република Македонија по ова прашање, пред да даде согласност за почеток на преговорите со Унијата.

МИА во разговор со аналитичари објави дека сеопфатен договор со Софија би создал поволни услови да не се злоупотребува процесот за влез во ЕУ со нови барања. Во процесот на изнаоѓање решение со Бугарија, а во контекст и на барањето на албанскиот премиер Еди Рама за одвојување на Тирана од Скопје на патот кон ЕУ ако не се реши прашањето до јуни, потребно е да не се прават отстапки по секоја цена, сметаат аналитичарите. Тие наведуваат дека евентуално сеопфатен договор помеѓу Бугарија и Македонија, што целосно би ја заштитувал земјава и Софија би се обврзала дека процесот нема да биде процесот злоупотребуван понатаму за нови барања, би создал поволни услови да се намалат ризиците за нас и да се согласиме за внесување на Бугарите во Уставот по првата меѓувладина конференција.

Тие наведоа дека кредибилитетот на ЕУ е крајно нарушен во земјава поради одолговлекувањето на процесот на пристапување, којшто стана заробеник на интересите на државите-членки и ако се следи од морална димензија истиот е целосно неетичен и е претворен во процес на идентитетски политики. нд/сп/

2022-04-15 07:03:38, од Неда Димова-Прокиќ

The post Османи подготвен да прифати отстапки во името на Македонија, но не и Албанија да се одвои appeared first on Република.

]]>

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи вчера информира дека има документ како основа за договор со Бугарија прифатлив за македонската страна, но се уште нема одговор дали тој е прифатлив и за Софија, посочувајќи дека кога ќе има согласност по однос на кој било документ како основа за договор со Бугарија, пред да се стави потпис ќе ја информира јавноста и пратениците. Одвојувањето на Тирана од Скопје на патот кон ЕУ, пак, според него, ќе ја влоши регионалната динамика на долгорочен план. Османи, нагласи дека се уште не може да каже дека имаме договор меѓу двете страни по однос на еден документ што треба да биде сеопфатно решение за сите разлики што ги имаме со Бугарија.
Да, има еден таков документ што ние сме спремни да го прифатиме, меѓутоа се додека не добиеме одговор дека е прифатлив и за Бугарија сметам дека не се созреани тие предуслови за да можам јас да ги информирам пратениците и јавноста, бидејќи тој може да биде одбиен и тогаш сето тоа би било непотребно, истакна Османи по средбата со шефот на романската дипломатија Богдан Ауреску, кој вчера беше во работна посета на земјава.
Прашан дали кочницата за решение се коалициските партнери на бугарскиот премиер Кирил Петков, Османи рече дека не е во ред да ги коментира „внатрешните динамики во Република Бугарија“.
Знам дека тие планираат решението да го поминат и во Собранието. За да се помине во Собранието се разбира дека сите коалициски партнери треба да го поддржат тоа решение. Ако тоа значи нешто, но не мислам дека е во ред јас да ги коментирам односите во Бугарија. Се надевам дека во ова време е потребно стратешко лидерство. Време е за стратешки одлуки во ЕУ, во регионот, изјави Османи.
За тоа дали има поместување во политичкиот дел и политичките разлики, шефот на дипломатијата рече дека со бугарската колешка комуницира на дневна основа, додека премиерот Ковачевски со премиерот Петков.
Ќе ја повторам оценката, има постигнато напредок во размислувањата како да се надмине ова прашање. По однос, како, што и  кога, но не можам да кажам дека за еден документ има согласност целосна од бугарската Влада, за да можам јас да ги информирам пратениците веднаш, да го споделам документот и да ја информирам јавноста. Не можеме ниту да разговараме поединечно со секој чинител во Бугарија, ниту пак да ги коментираме различните ставови, рече Османи.
Шефот на дипломатијата истакна и дека не сака да ги коментира внатрешните политички разлики во Бугарија.
Ние комуницираме со бугарската Влада и не сме прифатиле никогаш да имаме паралелни преговори со различните чинители во Бугарија, па и доколку се институционални чинители, не само политички чинители. Ние разговараме со бугарската Влада и навистина останува на неа дали ќе може да постигне едногласност по било кое решение, изјави Османи.
Тој посочи дека, од искуството со Преспа, овие прашања бараат лидерство и бараат одлучност по однос на иднината.
Доколку покажете какво било двоумење во вашето убедување дека ова е правиот пат по кој што треба да се одвива ова прашање, мислам дека тоа ќе ги охрабри тие што не сакаат да се најде решение. Така што, двете влади во нашите општество ќе наидеме на отпор, на критики. Кое било решение да го ставиме на маса ќе има незадоволни, изјави Османи.
Изјавите на Османи доаѓаат во пресрет на посетата на бугарскиот премиер Петков и потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, кои според најавите в сабота во Битола ќе присуствуваат на отворањето на Културниот клуб на Здружението „Иван Михајлов“.
Со премиерот Петков договараме да има и официјална средба, но не можам да кажам дали ќе биде премиерот заради здравствената состојба, или некој од министрите на далекуводот Битола – Елбасан, а потоа тие ќе имаат свои ангажмани во Културниот центар во Битола во организација на Амбасадата на Бугарија, изјави Османи, одговрајќи на новинарски прашања на прес-конференција во МНР.
Шефот на романската дипломатија Ауреску, пак, порача дека Романија нема да поддржи раздвојување на Македонија и Албанија на патот кон Европската Унија, откако албанскиот премиер Еди Рама во неколку наврати најави дека ќе побара раздвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ, доколку Македонија не го реши до јуни прашањето со Бугарија.
Нема разговори за раздвојување на Македонија и Албанија. Не го поддржуваме тоа развојување. Важно е да се најде решение што е можно побрзо да се започнат преговори со двете земји заедно, рече Ауреску на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега Бујар Османи.
Ауреску истакна дека Романија е цврст поддржувач на членството на Македонија во ЕУ, и во исто време тесно работиме на многу комплексни прашања. Османи, пак, од своја страна посочи дека одлуката за раздвојување на Скопје и Тирана е на земјите-членки и дали тие ќе постигнат консензус Албанија да ги почне преговорите.
Кажав и претходно дека не е долгорочен интерес на Албанија да се одвои од нас на овој пат. Така што ако барем до една фаза во процесот додека политичките критериуми се клучни си помагаме еден на друг, долгорочно ќе се создаде една синергија која го турка целиот процес напред. Се разбира дека Албанија има право да го дигне гласот, да каже ги исполнивме сите критериуми, зошто јас сум заложник на досието на друга држава. Меѓутоа, сум свесен дека и Албанија го дели мислењето дека долгорочно тоа не и одговара и многу земји-членки сметаат дека тоа ќе ја влоши регионалната динамика ако тоа се случи, истакна Османи.
Според него, засега немаме сигнал од ниту една земја членка на ЕУ која би преферирала одвојување на пакетот. Османи и Ауреску се согласни дека Романија е цврст поддржувач на пристапувањето на Македонија во Европската Унија. Двајцата посочија дека војната во Украина покажа и колку е важна европската интеграција како силен гарант за стабилноста на целиот континент и дека стартот на преговорите со Македонија и Албанија не само што е правичен, заслужен, туку во моментов претставува и потреба или неопходен чекор во насока на засилената улога на регионот во безбедносната архитектура на континентот. Претседателот Стево Пендаровски, пак, на средбата со министерот Ауреску, истакна дека особено денес е евидентно дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е безбедносен приоритет за Европа, а завршувањето на европскиот проект е клучно за обезбедување на долгорочен мир и просперитет за континентот, додека премиерот Ковачевски и шефот на романската дипломатија оценија дека сега e моментот за исчекор на Македонија во евроинтеграцискиот процес, при што Романија продолжува да се заложува за решение на овој пат. Инаку, бугарскиот претседател Румен Радев завчера ја повтори цврстата позиција дека за Бугарија е исклучително важно да се придржува до националниот рамковен став во својата надворешна политика кон Република Македонија, до декларацијата на Парламентот, до консензусот постигнат од Советодавниот совет за национална безбедност. – Се надевам дека ќе ја задржиме оваа политика, бидејќи тоа е единствената гаранција дека имаме одржливост и неповратност на интегративниот процес на Република Македонија, додаде претседателот, рече Радев. Радев вчера во телефонски разговор со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, посочил дека во интерес на стабилноста на Обединета Европа е секоја земја кандидат за членство во ЕУ да ги почитува европските вредности поврзани со правата на своите граѓани, при што нагласил дека Бугарија очекува категорични резултати од Република Македонија по ова прашање, пред да даде согласност за почеток на преговорите со Унијата. МИА во разговор со аналитичари објави дека сеопфатен договор со Софија би создал поволни услови да не се злоупотребува процесот за влез во ЕУ со нови барања. Во процесот на изнаоѓање решение со Бугарија, а во контекст и на барањето на албанскиот премиер Еди Рама за одвојување на Тирана од Скопје на патот кон ЕУ ако не се реши прашањето до јуни, потребно е да не се прават отстапки по секоја цена, сметаат аналитичарите. Тие наведуваат дека евентуално сеопфатен договор помеѓу Бугарија и Македонија, што целосно би ја заштитувал земјава и Софија би се обврзала дека процесот нема да биде процесот злоупотребуван понатаму за нови барања, би создал поволни услови да се намалат ризиците за нас и да се согласиме за внесување на Бугарите во Уставот по првата меѓувладина конференција. Тие наведоа дека кредибилитетот на ЕУ е крајно нарушен во земјава поради одолговлекувањето на процесот на пристапување, којшто стана заробеник на интересите на државите-членки и ако се следи од морална димензија истиот е целосно неетичен и е претворен во процес на идентитетски политики. нд/сп/ 2022-04-15 07:03:38, од Неда Димова-Прокиќ

The post Османи подготвен да прифати отстапки во името на Македонија, но не и Албанија да се одвои appeared first on Република.

]]>
Стејт департментот не сака да го коментира одвојувањето на Македонија и Албанија за почеток на преговорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stejt-departmentot-ne-saka-da-go-koemntira-odvojuvanje-na-makedonija-i-albanija-za-pochetok-na-pregovorite/ Fri, 15 Apr 2022 08:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=488758

САД сметаат дека одговор на прашањето за можно одвојување на процесите на пристапни преговори на Македонија и Албанија со ЕУ по јуни треба да дадат засегнатите страни и Унијата.

На прашање од МИА дали САД се согласуваат на одвојување на процесот за Албанија да ги започне претпристапните преговори со ЕУ во јуни, а Македонија да остане поради блокадата на Бугарија, портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, синоќа на брифинг изјави дека за тоа решаваат земјите во ЕУ.

Ние имаме билатерални партнерства со земјите за кои станува збор, како и со ЕУ и во врска со ова подобро е да се обратите до овие земји и до Унијата, изјави Прајс.

The post Стејт департментот не сака да го коментира одвојувањето на Македонија и Албанија за почеток на преговорите appeared first on Република.

]]>

САД сметаат дека одговор на прашањето за можно одвојување на процесите на пристапни преговори на Македонија и Албанија со ЕУ по јуни треба да дадат засегнатите страни и Унијата. На прашање од МИА дали САД се согласуваат на одвојување на процесот за Албанија да ги започне претпристапните преговори со ЕУ во јуни, а Македонија да остане поради блокадата на Бугарија, портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, синоќа на брифинг изјави дека за тоа решаваат земјите во ЕУ.
Ние имаме билатерални партнерства со земјите за кои станува збор, како и со ЕУ и во врска со ова подобро е да се обратите до овие земји и до Унијата, изјави Прајс.

The post Стејт департментот не сака да го коментира одвојувањето на Македонија и Албанија за почеток на преговорите appeared first on Република.

]]>
Рама во Берлин: Се одвојуваме од Македонија доколку во јуни не се отворат преговорите   https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-vo-berlin-se-odvojuvame-od-severna-makedonija-dokolku-vo-juni-ne-se-otvorat-pregovorite/ Mon, 11 Apr 2022 18:54:05 +0000 https://republika.mk/?p=486996

Албанскиот премиер  Еди Рама уште еднаш истакна дека Албанија ќе се „одвои од Македонија доколку формално не се отворат преговорите со ЕУ во јуни“.  

Во случајот со одвојувањето на Албанија од Македонија, одговорот е позитивен: 65 отсто од албанските граѓани кои учествува во националната  анкета. Тоа ќе се случи од наша страна само доколку во јуни формално не се отворат преговорите за Албанија поради Бугарија. До јуни ќе продолжиме да бидеме на линија со Македонија, кога сметаме двете земји треба да добијат зелено светло. Ако Бугарија го блокира патот во јуни, ќе бараме да не разделат затоа што е невозможно долго да се соочуваме, изјавил Рама на заедничката прес-конференција во Берлин, со германскиот канцелар Олаф Шолс. 

Според албанските медиуми, Шолс од своја страна ја нагласил важноста на Берлинскиот процес, додавајќи дека е „дојдено време Западен Балкан да се приклучи на ЕУ“. 

Неколку пати го споменав прашањето за членството на Западен Балкан во ЕУ. Верувам дека сега е моментот, дека помина долго време и сега мора да следи следниот чекор. Можам да ве уверам дека со моќта што ја имам и со сета поддршка на федералната влада тоа навистина ќе се случи. Мојот впечаток е дека живееме во ново време и тоа има врска и со руската агресија. Во Европа се зголемува вниманието дека треба да се поддржуваме едни со други. Ќе бидам посветен на сè што го поддржува Берлинскиот проект, рекол Шулс. 

Рама, како и многупати до сега рекол дека „Албанија со години е разочарана од Советот на Европа“ но оти и без оглед на одлуката во јуни неговата земја ќе продолжи да ја врши својата работа.

The post Рама во Берлин: Се одвојуваме од Македонија доколку во јуни не се отворат преговорите   appeared first on Република.

Биљали Зендели: Ставот на Рама ќе придонесе кон омекнување на ставовите на Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/biljali-zendeli-stavot-na-rama-kje-pridonese-kon-omeknuvanje-na-stavovite-na-bugarija/ Thu, 07 Apr 2022 19:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=484995

За Арта Биљали Зендели од ДУИ изјавата на албанскиот претседател Еди Рама за одвојување на Македонија и Албанија во процесот на преговорите со посетата на Урсула вон дер Лајен во Бугарија е еден вид на притисок врз бугарската страна.

– Тоа покажува дека и Бугарија претставува одредени сигнали на закочување на одредени интеграциони процеси во Европа, кои по примерот на Украина не смеат да се дозволат. Институциите на ЕУ се повеќе од свесни за тоа. Сметам дека еден ваков став на Рама повеќе ќе придонесе кон забрзување на процесот на интеграција и вршење мек притисок врз Бугарија, да ги омекнат ставовите. – рече Биљали Зендели во „24 Анализа“.

The post Биљали Зендели: Ставот на Рама ќе придонесе кон омекнување на ставовите на Бугарија appeared first on Република.

Рама: Албанија бара одвојување од Македонија на патот кон ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-albanija-bara-odvojuvanje-od-makedonija-na-patot-kon-eu/ Thu, 07 Apr 2022 15:03:42 +0000 https://republika.mk/?p=484879

Албанија ќе побара од Европската Унија да продолжи со својата евроинтеграција одвоено од соседна Македонија која и натаму се соочува со бугарското вето, изјави албанскиот премиер Еди Рама, пренесува Ројтерс.

Македонија и Албанија требаше да започнат преговори за членство со ЕУ на крајот на 20202 година, но Бугарија го блокираше отворањето на преговорите поради спорот со Македонија околу историјата и јазикот.

Рама, говорејќи во Тирана, рече дека не е оптимист дека Бугарија наскоро ќе го крене ветото.

„Албанија не може повеќе да чека двете соседни земји да го решат нивниот спор“, изјави Рама.

Тој додаде дека Албанија има добри односи и со двете држави.

„Нашиот политички курс за ова прашање комплетно се менува“, рече Рама.

Оваа изјава Рама ја даде додека ги претставуваше резултатите од истражувањето според кое, повеќе од половина милион граѓани, односно 67 отсто сакаат европскиот пат на двете земји да се раздвои.

Инаку, германскиот канцелар Олаф Шолц минатата недела изјави дека преговорите за членство на Македонија и Албанија во ЕУ треба да почнат што е можно поскоро бидејќи секое одлагање би го направило Западен Балкан ранлив на надворешни влијанија.

The post Рама: Албанија бара одвојување од Македонија на патот кон ЕУ appeared first on Република.

]]>

Албанија ќе побара од Европската Унија да продолжи со својата евроинтеграција одвоено од соседна Македонија која и натаму се соочува со бугарското вето, изјави албанскиот премиер Еди Рама, пренесува Ројтерс. Македонија и Албанија требаше да започнат преговори за членство со ЕУ на крајот на 20202 година, но Бугарија го блокираше отворањето на преговорите поради спорот со Македонија околу историјата и јазикот. Рама, говорејќи во Тирана, рече дека не е оптимист дека Бугарија наскоро ќе го крене ветото.
„Албанија не може повеќе да чека двете соседни земји да го решат нивниот спор“, изјави Рама.
Тој додаде дека Албанија има добри односи и со двете држави.
„Нашиот политички курс за ова прашање комплетно се менува“, рече Рама.
Оваа изјава Рама ја даде додека ги претставуваше резултатите од истражувањето според кое, повеќе од половина милион граѓани, односно 67 отсто сакаат европскиот пат на двете земји да се раздвои. Инаку, германскиот канцелар Олаф Шолц минатата недела изјави дека преговорите за членство на Македонија и Албанија во ЕУ треба да почнат што е можно поскоро бидејќи секое одлагање би го направило Западен Балкан ранлив на надворешни влијанија.

The post Рама: Албанија бара одвојување од Македонија на патот кон ЕУ appeared first on Република.

]]>
Радев му потврди на Мета: Бугарија дава зелено светло за Албанија, но не и за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/radev-mu-potvrdi-na-meta-bugarija-dava-zeleno-svetlo-za-albanija-no-ne-i-za-makedonija/ Tue, 05 Apr 2022 10:27:55 +0000 https://republika.mk/?p=483527

Бугарија кажува недвосмислено „да“ за Албанија за почеток на преговорите, изјави бугарскиот претседател Румен Радев на заедничката прес-конференција со албанскиот колега Илир Мета, кој е во официјалната посета на Софија.

Бугарија и Албанија не се само сојузници, ние сме пријатели и значаен придонес за тоа е значајното бугарско национално малцинство во Република Албанија, рече Радев на почетокот на прес-конференцијата и истакна дека Бугарија и Албанија имаат заедничка визија за иднината на регионот како сојузници и партнери.

Конечно најдовме директна воздушна врска меѓу Тирана и Софија, истакна Радев. Претседателот истакна дека главна тема на разговорот меѓу двајцата политички лидери е проширувањето на ЕУ и интеграцијата на Западен Балкан.

Бугарија безусловно го поддржува почетокот на преговорите со Република Албанија, рече Радев. Тој рече дека двајцата претседатели, исто така, ја осудуваат војната во Украина и повикаа на меѓународна истрага за злосторствата во Буча.

Има долго одложување на Коридорот бр. 8, додаде Радев, потсетувајќи на меморандумот меѓу Бугарија, Македонија и Албанија. Овој проект е од клучно значење за економскиот развој на нашиот регион, рече тој.

The post Радев му потврди на Мета: Бугарија дава зелено светло за Албанија, но не и за Македонија appeared first on Република.

]]>

Бугарија кажува недвосмислено „да“ за Албанија за почеток на преговорите, изјави бугарскиот претседател Румен Радев на заедничката прес-конференција со албанскиот колега Илир Мета, кој е во официјалната посета на Софија. Бугарија и Албанија не се само сојузници, ние сме пријатели и значаен придонес за тоа е значајното бугарско национално малцинство во Република Албанија, рече Радев на почетокот на прес-конференцијата и истакна дека Бугарија и Албанија имаат заедничка визија за иднината на регионот како сојузници и партнери. Конечно најдовме директна воздушна врска меѓу Тирана и Софија, истакна Радев. Претседателот истакна дека главна тема на разговорот меѓу двајцата политички лидери е проширувањето на ЕУ и интеграцијата на Западен Балкан.