македонец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonec/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Nov 2024 07:39:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonec/ 32 32 Васко Саздовски е загинатиот Македонец во Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vasko-sazdovski-e-zaginatiot-makedonets-vo-novi-sad/ Sat, 02 Nov 2024 07:38:46 +0000 https://republika.mk/?p=833359

Српските медиуми објавија список со имињата на идентификуваните жртви во вчершната трагична несреќа на железничката станица во Нови Сад. Меѓу жртвите наведени во извештаите е и Васко Саздовски од Македонија.

Во соопштението на српското обвинителство од попладнево, во кое се наведени иницијалите на загинатите, се наоѓаат и иницијалите С.В., со информацијата дека лицето е родено во 1979 година.

Досега се идентификувани седум од четиринаесетте жртви во несреќата. Ова е списокот кој го објавија медиумите вечерва:

Васко Саздовски од Македонија
Анѓела Руман (20) од Стара Пазова
Сања Арбутина Ќириќ (35) од Каќ
Стефан Хрка (27) од Белград
Милош Милосављевиќ (21) од Книќанин (Зрењанин)
Ѓуро Швоња (77) од Степановиќево
Вукашин Раковиќ (69) од Буковац.

 

The post Васко Саздовски е загинатиот Македонец во Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Српските медиуми објавија список со имињата на идентификуваните жртви во вчершната трагична несреќа на железничката станица во Нови Сад. Меѓу жртвите наведени во извештаите е и Васко Саздовски од Македонија.

Во соопштението на српското обвинителство од попладнево, во кое се наведени иницијалите на загинатите, се наоѓаат и иницијалите С.В., со информацијата дека лицето е родено во 1979 година.

Досега се идентификувани седум од четиринаесетте жртви во несреќата. Ова е списокот кој го објавија медиумите вечерва:

Васко Саздовски од Македонија
Анѓела Руман (20) од Стара Пазова
Сања Арбутина Ќириќ (35) од Каќ
Стефан Хрка (27) од Белград
Милош Милосављевиќ (21) од Книќанин (Зрењанин)
Ѓуро Швоња (77) од Степановиќево
Вукашин Раковиќ (69) од Буковац.

 

The post Васко Саздовски е загинатиот Македонец во Нови Сад appeared first on Република.

]]>
Меѓу загинатите во несреќата во Нови Сад има и еден жител на Македонија, кажа Вучиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/megu-zaginatite-vo-nesrekata-vo-novi-sad-ima-i-eden-zhitel-na-makedonija-kazha-vuchik/ Fri, 01 Nov 2024 19:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=833286

Меѓу загинатите во големата несреќа која денеска се случи на железничката станица во Нови Сад има еден жител на Македонија, кажа вечерва во телевизиското обраќање претседателот на Србија, Александар Вуќиќ. Според последните информации, вечерва било извлечено уште едно тело од урнатините, така што бројот за загинати се искачи на 15. Претпладнево се сруши настрешница на железничката станица во Нови Сад и уби 15 лица, а има и повредени.

Ни се случи голема трагедија. На пет лица уште не успеавме да им го дознаеме идентитетот, осумина се државјани на Србија, еден е државјанин на Македонија. На семејството  на сите блиски во име на сите граѓани им изразувам длабоко сочувство. Мора да се обединиме и да им помогнеме на семејствата, кажа Вучиќ во обраќањето до јавноста.

https://republika.mk/vesti/balkan/14-litsa-zaginaa-vo-nesrekata-kaj-zheleznichkata-stanitsa-vo-novi-sad-brojot-na-nastradani-ne-e-konechen-poznat-identitetot-na-del-od-zhrtvite/

The post Меѓу загинатите во несреќата во Нови Сад има и еден жител на Македонија, кажа Вучиќ appeared first on Република.

]]>

Меѓу загинатите во големата несреќа која денеска се случи на железничката станица во Нови Сад има еден жител на Македонија, кажа вечерва во телевизиското обраќање претседателот на Србија, Александар Вуќиќ. Според последните информации, вечерва било извлечено уште едно тело од урнатините, така што бројот за загинати се искачи на 15. Претпладнево се сруши настрешница на железничката станица во Нови Сад и уби 15 лица, а има и повредени.

Ни се случи голема трагедија. На пет лица уште не успеавме да им го дознаеме идентитетот, осумина се државјани на Србија, еден е државјанин на Македонија. На семејството  на сите блиски во име на сите граѓани им изразувам длабоко сочувство. Мора да се обединиме и да им помогнеме на семејствата, кажа Вучиќ во обраќањето до јавноста.

https://republika.mk/vesti/balkan/14-litsa-zaginaa-vo-nesrekata-kaj-zheleznichkata-stanitsa-vo-novi-sad-brojot-na-nastradani-ne-e-konechen-poznat-identitetot-na-del-od-zhrtvite/

The post Меѓу загинатите во несреќата во Нови Сад има и еден жител на Македонија, кажа Вучиќ appeared first on Република.

]]>
Стефан Здравевски, прв кадет од Македонија на престижната воена академија Вест Поинт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stefan-zdravevski-prv-kadet-od-makedonija-na-prestizhnata-voena-akademija-vest-point/ Sat, 07 Sep 2024 13:13:00 +0000 https://republika.mk/?p=814121

„Дневно мора да се достигнат 100 склекови за две минути“ – вели 21-годишниот битолчанец Стефан Здравевски, прв кадет од Македонија на престижната воена академија Вест Поинт во сојузната држава Њујорк на Отсекот за одбранбена стратегија и науки.

 

 

Деновите не се лесни, но предизвикот да биде со најдобрите на воената академија му ги олеснува задачите, за кои, вели дека ужива во совладувањето на професионалната обука и искуство.

 

 

После напорни вежби, малку одмор за кадетите, па интензивните тренинзи продолжуваат.

„Денот почнува во пет часот наутро, излегувам и вежбам зависи што ми е во програмата. Потоа имаме постројување во 6,50, појадок од 7 до 7,30, а во 7,45 ни почнуваат часовите, а последниот час ни е во 16,10, најчесто имаме од 3 до 5 школска класови. Потоа, имаме тренинг со баталјонот, па пишуваме домашни задачи, на крај од денот да се потрудиме полесно да заспиеме“, вели Стефан Здравевски, прв кадет од Македонија на престижната воена академија Вест Поинт за Гласот на Америка.

Му се допаѓа пешадијата. Знае дека има голема одговорност, пред се, стекнатото знаење, да го донесе дома во Македонија.

The post Стефан Здравевски, прв кадет од Македонија на престижната воена академија Вест Поинт appeared first on Република.

]]>

„Дневно мора да се достигнат 100 склекови за две минути“ – вели 21-годишниот битолчанец Стефан Здравевски, прв кадет од Македонија на престижната воена академија Вест Поинт во сојузната држава Њујорк на Отсекот за одбранбена стратегија и науки.
 
 
Деновите не се лесни, но предизвикот да биде со најдобрите на воената академија му ги олеснува задачите, за кои, вели дека ужива во совладувањето на професионалната обука и искуство.
 
 
После напорни вежби, малку одмор за кадетите, па интензивните тренинзи продолжуваат. „Денот почнува во пет часот наутро, излегувам и вежбам зависи што ми е во програмата. Потоа имаме постројување во 6,50, појадок од 7 до 7,30, а во 7,45 ни почнуваат часовите, а последниот час ни е во 16,10, најчесто имаме од 3 до 5 школска класови. Потоа, имаме тренинг со баталјонот, па пишуваме домашни задачи, на крај од денот да се потрудиме полесно да заспиеме“, вели Стефан Здравевски, прв кадет од Македонија на престижната воена академија Вест Поинт за Гласот на Америка. Му се допаѓа пешадијата. Знае дека има голема одговорност, пред се, стекнатото знаење, да го донесе дома во Македонија.

The post Стефан Здравевски, прв кадет од Македонија на престижната воена академија Вест Поинт appeared first on Република.

]]>
Македонец се удавил во река во Швајцарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/makedonets-se-udavil-vo-reka-vo-shvajtsarija/ Tue, 03 Sep 2024 07:43:38 +0000 https://republika.mk/?p=812532

Трагична несреќа се случи во Швајцарија откако маж од Македонија се удавил при пливање. Настанот се случил во неделата околу 15 часот откако мажот заедно со уште еден негов пријател решиле да пливаат во познатата река Аре кај Берн.

Според медиумите, две лица влегле во водата во реонот на ресторанот Фахрибеизли. Од непознати причини едниот од лицата западнал во неволја и завршил беживотно пловејќи по реката Аре, соопштуваат од полицијата.

И покрај напорите на брзата помош и укажаните мерки за спасување, сепак, тој починал кратко време подоцна.

Почната е истрага за несреќата под раководство на регионалното јавно обвинителство во Берн-Мителанд.

The post Македонец се удавил во река во Швајцарија appeared first on Република.

]]>

Трагична несреќа се случи во Швајцарија откако маж од Македонија се удавил при пливање. Настанот се случил во неделата околу 15 часот откако мажот заедно со уште еден негов пријател решиле да пливаат во познатата река Аре кај Берн. Според медиумите, две лица влегле во водата во реонот на ресторанот Фахрибеизли. Од непознати причини едниот од лицата западнал во неволја и завршил беживотно пловејќи по реката Аре, соопштуваат од полицијата. И покрај напорите на брзата помош и укажаните мерки за спасување, сепак, тој починал кратко време подоцна. Почната е истрага за несреќата под раководство на регионалното јавно обвинителство во Берн-Мителанд.

The post Македонец се удавил во река во Швајцарија appeared first on Република.

]]>
Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо со самостојна изложба во Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/skulptorot-gentsi-kadriu-makedonets-od-golo-brdo-so-samostojna-izlozhba-vo-tirana/ Tue, 03 Sep 2024 06:42:59 +0000 https://republika.mk/?p=812541

Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо, во петок ќе има самостојна изложба во Тирана, којашто е потпомогната од Комитетот за национални малцинства при албанската Влада.

Според објавата на Комитетот на официјалната веб страна, делата на Кадриу ќе бидат изложени во „ParkingArtGallery“, а куратор ќе биде Сеад Казанџиу, потпретседател на Комитетот, кој ќе зборува за делата на Кадриу.

- Изложбата ќе биде отворена на 6 септември во 18 часот. Македонското друштво „Илинден“-Тирана, чија мисија е заштита на македонскиот идентитет и култура, ги повикува сите заинтересирани, љубители на уметноста, припадници на македонското национално малцинство и сите љубители на уметноста, да дојдат и одблиску да ги видат делата на уметникот Генци Кадриу, чие потекло е од селото Требиште област Голо Брдо, а живее во градот Фиер, вели за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Кадриу има завршено високо образование на Академијата за ликовни уметности во Тирана во 1990 година, а покрај другите, негово познато дело е „Македонија“ уметничко прикажување на главните личности од македонската историја, изработено врз основа на историски материјали, моделирани во глина.

Како што самиот во една прилика кажа делото ја отсликува посветеноста на јазичното и културното наследство на неговото семејство, кое го вградил во комплементарното уметничко дело и оти „неговата поставка Македонија е рефлексија и на неговата посветеност на социјалните прашања, каде уметноста и културата ги обединуваат луѓето и народите“.

 

The post Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо со самостојна изложба во Тирана appeared first on Република.

]]>

Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо, во петок ќе има самостојна изложба во Тирана, којашто е потпомогната од Комитетот за национални малцинства при албанската Влада. Според објавата на Комитетот на официјалната веб страна, делата на Кадриу ќе бидат изложени во „ParkingArtGallery“, а куратор ќе биде Сеад Казанџиу, потпретседател на Комитетот, кој ќе зборува за делата на Кадриу. - Изложбата ќе биде отворена на 6 септември во 18 часот. Македонското друштво „Илинден“-Тирана, чија мисија е заштита на македонскиот идентитет и култура, ги повикува сите заинтересирани, љубители на уметноста, припадници на македонското национално малцинство и сите љубители на уметноста, да дојдат и одблиску да ги видат делата на уметникот Генци Кадриу, чие потекло е од селото Требиште област Голо Брдо, а живее во градот Фиер, вели за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. Кадриу има завршено високо образование на Академијата за ликовни уметности во Тирана во 1990 година, а покрај другите, негово познато дело е „Македонија“ уметничко прикажување на главните личности од македонската историја, изработено врз основа на историски материјали, моделирани во глина. Како што самиот во една прилика кажа делото ја отсликува посветеноста на јазичното и културното наследство на неговото семејство, кое го вградил во комплементарното уметничко дело и оти „неговата поставка Македонија е рефлексија и на неговата посветеност на социјалните прашања, каде уметноста и културата ги обединуваат луѓето и народите“.  

The post Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо со самостојна изложба во Тирана appeared first on Република.

]]>
Заврши обдукцијата: Македонецот починал од срцев удар при обидот да ја заштити сопругата од претходниот маж https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zavrshi-obduktsijata-makedonetsot-pochinal-od-srtsev-udar-pri-obidot-da-ja-zashtiti-soprugata-od-prethodniot-mazh/ Wed, 14 Aug 2024 11:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=806471

Горан С.(61) од Врачево Гај кај Бела Црква (Србија) во четвртокот беше уапсен под сомнение дека го убил сегашниот сопруг на неговата поранешна сопруга Бобан П.(61), државјанин на Македонија.

Обдукцијата на безживотното тело на Бобан кој почина на 8 август по тепачка со Горан С.(62) покажала дека неговата смрт настанала како резултат на срцев удар, а не претрпен удар, пишуваат српските медиуми.

Поради ваквите резултати, адвокатот на Горан С. кому му е одредена мерка притвор до 30 дена поради сомнение дека извршил убиство и и се заканувал со смрт на поранешната сопруга Верица В., бара тој да биде пуштен на слобода.

The post Заврши обдукцијата: Македонецот починал од срцев удар при обидот да ја заштити сопругата од претходниот маж appeared first on Република.

]]>

Горан С.(61) од Врачево Гај кај Бела Црква (Србија) во четвртокот беше уапсен под сомнение дека го убил сегашниот сопруг на неговата поранешна сопруга Бобан П.(61), државјанин на Македонија. Обдукцијата на безживотното тело на Бобан кој почина на 8 август по тепачка со Горан С.(62) покажала дека неговата смрт настанала како резултат на срцев удар, а не претрпен удар, пишуваат српските медиуми. Поради ваквите резултати, адвокатот на Горан С. кому му е одредена мерка притвор до 30 дена поради сомнение дека извршил убиство и и се заканувал со смрт на поранешната сопруга Верица В., бара тој да биде пуштен на слобода.

The post Заврши обдукцијата: Македонецот починал од срцев удар при обидот да ја заштити сопругата од претходниот маж appeared first on Република.

]]>
Македонец убиен во Србија од поранешниот сопруг на партнерката – ова е убиецот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedonets-ubien-vo-srbija-od-poraneshniot-soprug-na-partnerkata-ova-e-ubietsot/ Mon, 12 Aug 2024 11:29:24 +0000 https://republika.mk/?p=805817

Шеесет и едногодишниот Г. С. од Врачев Гај кај Бела Црква е приведен поради сомнение дека го убил Македонецoт Б. П., кој бил во љубовна врска со неговата поранешна сопруга.

До несреќата дошло откако Македонецот со партнерката бил во посета на нејзина пријателка, која живеела во соседството на поранешниот сопруг.

Г. С. во еден момент го удрил Б. П. по што Македонецот паднал со главата на земјата и набргу потоа починал.

Како што пишуваат српските медиуми, Г. С. бил разведен повеќе од една година, а неговата поранешна сопруга се преселила во Македонија кај сега веќе убиениот Б. П.

На Г. С. му е одредена мерка притвор до 48 часа.

The post Македонец убиен во Србија од поранешниот сопруг на партнерката – ова е убиецот appeared first on Република.

]]>

Шеесет и едногодишниот Г. С. од Врачев Гај кај Бела Црква е приведен поради сомнение дека го убил Македонецoт Б. П., кој бил во љубовна врска со неговата поранешна сопруга. До несреќата дошло откако Македонецот со партнерката бил во посета на нејзина пријателка, која живеела во соседството на поранешниот сопруг. Г. С. во еден момент го удрил Б. П. по што Македонецот паднал со главата на земјата и набргу потоа починал. Како што пишуваат српските медиуми, Г. С. бил разведен повеќе од една година, а неговата поранешна сопруга се преселила во Македонија кај сега веќе убиениот Б. П. На Г. С. му е одредена мерка притвор до 48 часа.

The post Македонец убиен во Србија од поранешниот сопруг на партнерката – ова е убиецот appeared first on Република.

]]>
Вели дека е Македонец и му треба помош: Измамник убедил неколку лица низ Белград да му дадат пари https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/veli-deka-e-makedonets-i-mu-treba-pomosh-izmamnik-ubedil-nekolku-litsa-niz-belgrad-da-mu-dadat-pari/ Sat, 25 May 2024 08:24:50 +0000 https://republika.mk/?p=781587

Белгрaѓанец предупредува дека измамник, кој се претставува како Македонец кому му треба помош, демне низ улиците на главниот српски град.

Како што раскажува, тој бил запрен од млад човек на улицата „Кнез Михајлова“, кој му се претставил како Македонец кој живее во Наполи и дека не може да подигне пари од банкомат, па побарал од белграѓанецот да му го направи тоа. За возврат, тој му рекол дека парите ќе ги уплати на неговата сметка.

Јас, како најголемата будала, верував. Му дадов 100 евра, раскажува белграѓанецот и додава дека дури му го дал и телефонскиот број, доколку му треба помош за нешто друго.

Наводно, мажот го контактирал и рекол дека случајно наместо 13.000 динари му платил 39.000 динари.

Веќе почнав да ги собирам коцките и да бројам колку сум наивен и глупав и денеска повикав полиција, порача младиот човек на една социјална мрежа.

Судејќи по коментарите, споменатиот ја испробал истата измама пред два месеци, само на друга локација.

Ми пријде пред два месеци на Хемискиот факултет и ми раскажа слична приказна. Го избегнав во стилот „можеби ако имам пари во рок од една минута бидејќи брзам“ и само продолжив понатаму. Лесно се препознава, бидејќи зборува на македонски јазик и има тетоважи на рацете (тоа го забележав) - напишал еден корисник, а друг додал:

Можеби пред шест месеци му дадов 2.000 динари за автобуска карта за Скопје, иако ниту побарав, ниту очекував да ми врати. Низок, ќелав дечко во своите четириесетти.

Сите тројца, кои биле цел на измамници, се согласиле дека се чини дека станува збор за истиот човек.

 

The post Вели дека е Македонец и му треба помош: Измамник убедил неколку лица низ Белград да му дадат пари appeared first on Република.

]]>

Белгрaѓанец предупредува дека измамник, кој се претставува како Македонец кому му треба помош, демне низ улиците на главниот српски град. Како што раскажува, тој бил запрен од млад човек на улицата „Кнез Михајлова“, кој му се претставил како Македонец кој живее во Наполи и дека не може да подигне пари од банкомат, па побарал од белграѓанецот да му го направи тоа. За возврат, тој му рекол дека парите ќе ги уплати на неговата сметка.
Јас, како најголемата будала, верував. Му дадов 100 евра, раскажува белграѓанецот и додава дека дури му го дал и телефонскиот број, доколку му треба помош за нешто друго.
Наводно, мажот го контактирал и рекол дека случајно наместо 13.000 динари му платил 39.000 динари.
Веќе почнав да ги собирам коцките и да бројам колку сум наивен и глупав и денеска повикав полиција, порача младиот човек на една социјална мрежа.
Судејќи по коментарите, споменатиот ја испробал истата измама пред два месеци, само на друга локација. Ми пријде пред два месеци на Хемискиот факултет и ми раскажа слична приказна. Го избегнав во стилот „можеби ако имам пари во рок од една минута бидејќи брзам“ и само продолжив понатаму. Лесно се препознава, бидејќи зборува на македонски јазик и има тетоважи на рацете (тоа го забележав) - напишал еден корисник, а друг додал: Можеби пред шест месеци му дадов 2.000 динари за автобуска карта за Скопје, иако ниту побарав, ниту очекував да ми врати. Низок, ќелав дечко во своите четириесетти. Сите тројца, кои биле цел на измамници, се согласиле дека се чини дека станува збор за истиот човек.  

The post Вели дека е Македонец и му треба помош: Измамник убедил неколку лица низ Белград да му дадат пари appeared first on Република.

]]>
Млад Македонец претепан до смрт со пивско шише во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mlad-makedonets-pretepan-do-smrt-so-pivsko-shishe-vo-germanija/ Tue, 20 Feb 2024 07:52:27 +0000 https://republika.mk/?p=745941

Триесет и две годишен Македонец бил убиен во германскиот град Есен. Како што пишува Билд.де., тој во два часот наутро имал расправија со двајца Еритрејци на 25 и 29 годишна возраст. Вербалниот конфликт набрзо се претворил во брутална тепачка, во која Македонецот бил тепан од двете лица со пивско шише се додека тој не колабирал.

Сведок на настанот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој веќе бил онесвестен, но за жал веќе било доцна.

„Тој беше однесен во болница, но таму почина по кратко време како последица на сериозноста на повредите“ изјавил за Билд, портпаролот на полицијата.

Поради добриот личен опис кој сведокот и го кажал на полицијата, полицијата успеала да го уапси 25 годишниот осомничен на железничката станица во Есен, а 29 годишниот на железничката станица во Милхајм.

Повозрасниот убиец е во притвор за убиство од небрежност, а помладиот повторно е во бегство.

По извршената обдукција, констатирано е дека Македонецот починал како последица на нападите од тап предмет, односно од шишето.

Не е јасно која била причината за караницата која доведе до ваков фатален исход. Случајот го истражува Јавното обвинителство на Есен.

The post Млад Македонец претепан до смрт со пивско шише во Германија appeared first on Република.

]]>

Триесет и две годишен Македонец бил убиен во германскиот град Есен. Како што пишува Билд.де., тој во два часот наутро имал расправија со двајца Еритрејци на 25 и 29 годишна возраст. Вербалниот конфликт набрзо се претворил во брутална тепачка, во која Македонецот бил тепан од двете лица со пивско шише се додека тој не колабирал. Сведок на настанот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој веќе бил онесвестен, но за жал веќе било доцна. „Тој беше однесен во болница, но таму почина по кратко време како последица на сериозноста на повредите“ изјавил за Билд, портпаролот на полицијата. Поради добриот личен опис кој сведокот и го кажал на полицијата, полицијата успеала да го уапси 25 годишниот осомничен на железничката станица во Есен, а 29 годишниот на железничката станица во Милхајм. Повозрасниот убиец е во притвор за убиство од небрежност, а помладиот повторно е во бегство. По извршената обдукција, констатирано е дека Македонецот починал како последица на нападите од тап предмет, односно од шишето. Не е јасно која била причината за караницата која доведе до ваков фатален исход. Случајот го истражува Јавното обвинителство на Есен.

The post Млад Македонец претепан до смрт со пивско шише во Германија appeared first on Република.

]]>
Среќа што нема жртви: Македонец возел во спротивна насока на автопатот Белград – Ниш https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sreka-shto-nema-zhrtvi-makedonets-vozel-vo-sprotivna-nasoka-na-avtopatot-belgrad-nish/ Tue, 07 Nov 2023 12:45:24 +0000 https://republika.mk/?p=699195

Припадници на српската Управа на сообраќајната полиција синоќа пресретнаа возач што се движел во спротивна насока кај Гроцка, на автопатот Белград – Ниш.

Никој не е повреден, а против возачот е поднесена прекршочна пријава, објавуваат српските медиуми.

Српското МВР на својот официјален инстаграм-профил сподели видео од запирањето на возачот

Возилото „фолксваген голф“ го управувал 49-годишен државјанин на Македонија.

The post Среќа што нема жртви: Македонец возел во спротивна насока на автопатот Белград – Ниш appeared first on Република.

]]>

Припадници на српската Управа на сообраќајната полиција синоќа пресретнаа возач што се движел во спротивна насока кај Гроцка, на автопатот Белград – Ниш. Никој не е повреден, а против возачот е поднесена прекршочна пријава, објавуваат српските медиуми. Српското МВР на својот официјален инстаграм-профил сподели видео од запирањето на возачот Возилото „фолксваген голф“ го управувал 49-годишен државјанин на Македонија.

The post Среќа што нема жртви: Македонец возел во спротивна насока на автопатот Белград – Ниш appeared first on Република.

]]>
Македонски државјанин усмртил пешак во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedonski-drzhavjanin-usmrtil-peshak-vo-albanija/ Sun, 15 Oct 2023 09:38:14 +0000 https://republika.mk/?p=691362

Во сообраќајна несреќа, што се случила утрово на патот Скадар-Коплик, во северниот дел на Албанија, македонски државјанин со своето возило усмртил пешак.

Лицето Е.И.(24) жител на Гостивар, Македонија со своето возило удрил во пешакот М.П.(77) од село Омарај, Голема Малесија. Како последица од здобиените повреди пешакот починал, соопшти полицијата.
Сообраќајната несреќа се случила околу 5:40 часот во близина на селото Омарај.

Возачот на автомобилот е приведен во Полицискиот комесаријат во Скадар. Увидот треба да ја утврди причината за несреќата.

The post Македонски државјанин усмртил пешак во Албанија appeared first on Република.

]]>

Во сообраќајна несреќа, што се случила утрово на патот Скадар-Коплик, во северниот дел на Албанија, македонски државјанин со своето возило усмртил пешак. Лицето Е.И.(24) жител на Гостивар, Македонија со своето возило удрил во пешакот М.П.(77) од село Омарај, Голема Малесија. Како последица од здобиените повреди пешакот починал, соопшти полицијата. Сообраќајната несреќа се случила околу 5:40 часот во близина на селото Омарај. Возачот на автомобилот е приведен во Полицискиот комесаријат во Скадар. Увидот треба да ја утврди причината за несреќата.

The post Македонски државјанин усмртил пешак во Албанија appeared first on Република.

]]>
Трите црти заминуваат во историјата: Се враќа ли Македонецот во личните документи? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trite-tsrti-zaminuvaat-vo-istorijata-se-vraka-li-makedonetsot-vo-lichnite-dokumenti/ Tue, 30 May 2023 09:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=646084

Министерството за правда одново ја отвори Пандорината кутија и само Господ знае што ќе излезе од неа!

Ова се наметнува како дилема, по вчерашното соопштение на Министерството во беше наведено дека министерот Кренар Лога го потпишал Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност коментира новинарот на „Пресинг ТВ“ Предраг Димитровски во својата анализа.

Во соопштението беше уште наведено дека Упатството ќе стапи во сила по истекот на 8 дена од објавувањето во Служнбен весник за изводите на родените додека за другите изводи, поради финансиски импликации, Упатството ќе започне да се применува од 1 јануари 2024 година.

Основната причина за најавените промени лежи во фактот дека при вработувањата се злоупотребува балансерот, па граѓаните се принудени да ја менуваат својата етничка припадност за да стигнат до свое работно место, иако тоа е и кривично дело, што е потврдено и со судската пракса.

Меѓутоа, иако во соопштението е наведено дека во личните документи се враќа етничката припадност, во формуларот за извод од матичната книга на родените, што беше објавен заедно со соопштението, не стои етничка припадност, туку националност! И сега кој термин е точен, веројатно знае само министерот!

И ако кај државјанството во фромуларот работите се јасни-македонско/граѓанин на Република Македонија, покрај грешката во термините националност и етничка припадност, апсолутно нејасно е што ќе стои, еве, во етничката припадност? Ова е особено важно за Македонците. Дали ќе стои именката Македонец или придавката македонска?

Со потпишувањето на Преспанскиот договор, именката Македонец беше целосно исфрлена од употреба во личните документи, а придавката македонски/а/о остана само во називите на МАНУ и МНТ, а сите останати добија предзнак национална.

И сега се отвораат најмалку две дилеми. Првата, што и да се употребува во формуларите, било именката Македонец, било придавката македонски/а/о, се поставува прашањето зошто до сега на родените пред 2018 година во графата националност им се ставаа трите коси црти? И втората, дали со ова се прекршува досегашното толкување на примената на Преспанскиот договор и се воведува нова пракса и како на неа ќе реагира Република Грција?!

Доколку, пак, се користи само придавката македонски/а/о, тогаш дефинитивно станува јасно дека Македонците дефинитивно ќе мораат да се збогуваат со именката Македонец/Македонка!

За потсетување, пред парламентарните избори во 2020 година, албанските партии покренаа иницијатива за ставање на етничката припадност во личните карти, но по препорака на Венецијанската комисија, тоа не беше прифатено.

 

The post Трите црти заминуваат во историјата: Се враќа ли Македонецот во личните документи? appeared first on Република.

]]>

Министерството за правда одново ја отвори Пандорината кутија и само Господ знае што ќе излезе од неа!
Ова се наметнува како дилема, по вчерашното соопштение на Министерството во беше наведено дека министерот Кренар Лога го потпишал Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност коментира новинарот на „Пресинг ТВ“ Предраг Димитровски во својата анализа.
Во соопштението беше уште наведено дека Упатството ќе стапи во сила по истекот на 8 дена од објавувањето во Служнбен весник за изводите на родените додека за другите изводи, поради финансиски импликации, Упатството ќе започне да се применува од 1 јануари 2024 година. Основната причина за најавените промени лежи во фактот дека при вработувањата се злоупотребува балансерот, па граѓаните се принудени да ја менуваат својата етничка припадност за да стигнат до свое работно место, иако тоа е и кривично дело, што е потврдено и со судската пракса. Меѓутоа, иако во соопштението е наведено дека во личните документи се враќа етничката припадност, во формуларот за извод од матичната книга на родените, што беше објавен заедно со соопштението, не стои етничка припадност, туку националност! И сега кој термин е точен, веројатно знае само министерот! И ако кај државјанството во фромуларот работите се јасни-македонско/граѓанин на Република Македонија, покрај грешката во термините националност и етничка припадност, апсолутно нејасно е што ќе стои, еве, во етничката припадност? Ова е особено важно за Македонците. Дали ќе стои именката Македонец или придавката македонска? Со потпишувањето на Преспанскиот договор, именката Македонец беше целосно исфрлена од употреба во личните документи, а придавката македонски/а/о остана само во називите на МАНУ и МНТ, а сите останати добија предзнак национална. И сега се отвораат најмалку две дилеми. Првата, што и да се употребува во формуларите, било именката Македонец, било придавката македонски/а/о, се поставува прашањето зошто до сега на родените пред 2018 година во графата националност им се ставаа трите коси црти? И втората, дали со ова се прекршува досегашното толкување на примената на Преспанскиот договор и се воведува нова пракса и како на неа ќе реагира Република Грција?! Доколку, пак, се користи само придавката македонски/а/о, тогаш дефинитивно станува јасно дека Македонците дефинитивно ќе мораат да се збогуваат со именката Македонец/Македонка! За потсетување, пред парламентарните избори во 2020 година, албанските партии покренаа иницијатива за ставање на етничката припадност во личните карти, но по препорака на Венецијанската комисија, тоа не беше прифатено.  

The post Трите црти заминуваат во историјата: Се враќа ли Македонецот во личните документи? appeared first on Република.

]]>
14-годишниот убиец од Сончев Брег слично намамил, истепал и ограбил Украинец https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/14-godishniot-ubiets-od-sonchev-breg-slichno-namamil-istepal-i-ograbil-ukrainets/ Sat, 29 Apr 2023 09:21:19 +0000 https://republika.mk/?p=635202

Бугарските власти соопштија дека 14-годишниот Михаил, осомничен за убиството на македонскиот државјанин И.Н., и претходно имал извршено кривични дела како кражби и разбојништва.

https://republika.mk/vesti/balkan/bugarski-mediumi-makedonetsot-probal-da-ima-seks-so-14-godishnikot-zatoa-bil-ubien/

Бугарските медиуми објавија дека лани имал сличен инцидент кога претепал Украинец исто така со дрвен колец и му го украл златниот накит.

Да имаш извршено повеќе кривични дела до 14 години и да имаш криминално досие, не може да се смета воопшто за прифатливо однесување, изјавил Калојан Калојанов, висок комесар на полицијата во Бургас, задолжен за истрагата.

На убиениот Македонец кој до смрт бил претепан со дрвен колец му биле украдени 1.800 лева (околу 900 евра).

The post 14-годишниот убиец од Сончев Брег слично намамил, истепал и ограбил Украинец appeared first on Република.

]]>

Бугарските власти соопштија дека 14-годишниот Михаил, осомничен за убиството на македонскиот државјанин И.Н., и претходно имал извршено кривични дела како кражби и разбојништва. https://republika.mk/vesti/balkan/bugarski-mediumi-makedonetsot-probal-da-ima-seks-so-14-godishnikot-zatoa-bil-ubien/ Бугарските медиуми објавија дека лани имал сличен инцидент кога претепал Украинец исто така со дрвен колец и му го украл златниот накит.
Да имаш извршено повеќе кривични дела до 14 години и да имаш криминално досие, не може да се смета воопшто за прифатливо однесување, изјавил Калојан Калојанов, висок комесар на полицијата во Бургас, задолжен за истрагата.
На убиениот Македонец кој до смрт бил претепан со дрвен колец му биле украдени 1.800 лева (околу 900 евра).

The post 14-годишниот убиец од Сончев Брег слично намамил, истепал и ограбил Украинец appeared first on Република.

]]>
Бугарски медиуми: Македонецот пробал да има секс со 14-годишникот, затоа бил убиен https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarski-mediumi-makedonetsot-probal-da-ima-seks-so-14-godishnikot-zatoa-bil-ubien/ Fri, 28 Apr 2023 14:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=635055

Полицијата во Бургас и Окружното обвинителство на вонреден брифинг објавија детали околу насилното убиство на македонски државјанин во Сончев Брег, од страна на 14-годишно момче.

Педесетгодишниот македонски државјанин Игор Николовски бил пронајден мртов во локва крв. Приведен е 14-годишниот Михаил Н., кој со дрвен столб смртно ја удрил жртвата по главата, а потоа телото го покрил со штици.

Како што пренесуваат бугарските медиуми по брифингот - една од верзиите за настанот на која се работи е сексуално насилство од страна на Николовски.

Во вторникот наутро внукот на Николовски, со кого дошле овде на работа во текот на летната сезона, го пријавил за исчезнат. Истиот ден била прогласена потрага по него. Полицијата почнала со акции, испрашувала сведоци, гледала снимки од видео камерите, откривајќи дека Игор патувал со малолетник. Кривичните истражители веднаш утврдиле дека се работи за 14-годишниот Михаил Н. Го однеле на распит во Несебар и додека разговарале со него добиле порака за пронајдено тело. Веднаш била формирана група, се преземаат процесни и истражни дејствија за утврдување на вмешаност на малолетникот. Во текот на овие дејствија е утврдено дека тој е сторителот на убиството, изјави високиот комесар Калојан Калојанов.

Жртвата и убиецот не се познавале пред кобниот ден кога договориле сексуален контакт и за таа цел отишле во шумичката во областа на објектот „Бачвата“. По пристигнувањето, Михаил се повлекол од ветувањето, Игор се налутил и го повлекол, па во тој момент малолетникот земал дрвен кол и почнал да го удира 50-годишниот Македонец по главата. Го убил со неколку удари, па му ги зел парите – 1.800 лева. Недостасува и телефонот на жртвата, кој се уште не е лоциран.

Малолетникот има историја на грабежи и кражби. Нема информации дека одел на училиште.

Сторителот е од семејство со низок социјален статус, се заинтересирани за општа работа што можат да ја најдат.

 

The post Бугарски медиуми: Македонецот пробал да има секс со 14-годишникот, затоа бил убиен appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Бургас и Окружното обвинителство на вонреден брифинг објавија детали околу насилното убиство на македонски државјанин во Сончев Брег, од страна на 14-годишно момче. Педесетгодишниот македонски државјанин Игор Николовски бил пронајден мртов во локва крв. Приведен е 14-годишниот Михаил Н., кој со дрвен столб смртно ја удрил жртвата по главата, а потоа телото го покрил со штици. Како што пренесуваат бугарските медиуми по брифингот - една од верзиите за настанот на која се работи е сексуално насилство од страна на Николовски.
Во вторникот наутро внукот на Николовски, со кого дошле овде на работа во текот на летната сезона, го пријавил за исчезнат. Истиот ден била прогласена потрага по него. Полицијата почнала со акции, испрашувала сведоци, гледала снимки од видео камерите, откривајќи дека Игор патувал со малолетник. Кривичните истражители веднаш утврдиле дека се работи за 14-годишниот Михаил Н. Го однеле на распит во Несебар и додека разговарале со него добиле порака за пронајдено тело. Веднаш била формирана група, се преземаат процесни и истражни дејствија за утврдување на вмешаност на малолетникот. Во текот на овие дејствија е утврдено дека тој е сторителот на убиството, изјави високиот комесар Калојан Калојанов.
Жртвата и убиецот не се познавале пред кобниот ден кога договориле сексуален контакт и за таа цел отишле во шумичката во областа на објектот „Бачвата“. По пристигнувањето, Михаил се повлекол од ветувањето, Игор се налутил и го повлекол, па во тој момент малолетникот земал дрвен кол и почнал да го удира 50-годишниот Македонец по главата. Го убил со неколку удари, па му ги зел парите – 1.800 лева. Недостасува и телефонот на жртвата, кој се уште не е лоциран. Малолетникот има историја на грабежи и кражби. Нема информации дека одел на училиште. Сторителот е од семејство со низок социјален статус, се заинтересирани за општа работа што можат да ја најдат.  

The post Бугарски медиуми: Македонецот пробал да има секс со 14-годишникот, затоа бил убиен appeared first on Република.

]]>
МНР се огласи по убиството на македонскиот државјанин во Бугарија, познат неговиот идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mnr-se-oglasi-po-ubistvoto-na-makedonskiot-drzhavjanin-vo-bugarija-poznat-negoviot-identitet/ Fri, 28 Apr 2023 10:14:23 +0000 https://republika.mk/?p=634938

Министерството за надворешни работи се огласи откако во јавноста беше објавено дека македонски државјанин е избоден со колец до смрт во Бугарија.

Од МНР велат дека според првичните информации кои Амбасадата на Македонија во Бугарија ги добила од надлежните институции во текот на вчерашниот ден е пронајдено безживотно тело на И.Н. (49 години), државјанин на Република  Македонија.

Амбасадата на Македонија во Софија продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со случајот и за текот на постапката за целосно расчистување на случајот, за што МНР дополнително ќе ја информира јавноста. Воедно Амбасадата останува на располагање на семејството на починатиот граѓанин за евентуални потреби, информира МНР.

The post МНР се огласи по убиството на македонскиот државјанин во Бугарија, познат неговиот идентитет appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи се огласи откако во јавноста беше објавено дека македонски државјанин е избоден со колец до смрт во Бугарија. Од МНР велат дека според првичните информации кои Амбасадата на Македонија во Бугарија ги добила од надлежните институции во текот на вчерашниот ден е пронајдено безживотно тело на И.Н. (49 години), државјанин на Република  Македонија. Амбасадата на Македонија во Софија продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со случајот и за текот на постапката за целосно расчистување на случајот, за што МНР дополнително ќе ја информира јавноста. Воедно Амбасадата останува на располагање на семејството на починатиот граѓанин за евентуални потреби, информира МНР.

The post МНР се огласи по убиството на македонскиот државјанин во Бугарија, познат неговиот идентитет appeared first on Република.

]]>
Дрогиран Македонец возел автобус со 9 мигранти во Бугарија, полицијата ги уапсила! https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/drogiran-makedonets-vozel-avtobus-so-9-migranti-vo-bugarija-politsijata-gi-uapsila/ Sun, 08 Jan 2023 21:18:43 +0000 https://republika.mk/?p=594728

Полицајци фатиле 9 илегални мигранти во автобус кај Пловдив, потврдуваат од Регионалната управа на МВР за 4NEWS.mk. Возилото било сопрено синоќа во 23 часот и 30 минути во близина на селото Труд. Странците се изјасниле како Авганистанци. Полицајците го уапсиле и возачот на возилото, кој е од Македонија.

Неговиот допинг тест се покажал позитивен. Поведена е претистражна постапка, а известено е и Окружното обвинителство.

Пред четири дена на автопатот Тракија кај Пловдив беа приведени две илегални групи мигранти. Во првото комбе патувале 25 странци. Во вториот се пронајдени 31 мигрант. Возилото го управувал полицаец од Бугарија кој е приведен и во моментов е во притвор.

The post Дрогиран Македонец возел автобус со 9 мигранти во Бугарија, полицијата ги уапсила! appeared first on Република.

]]>

Полицајци фатиле 9 илегални мигранти во автобус кај Пловдив, потврдуваат од Регионалната управа на МВР за 4NEWS.mk. Возилото било сопрено синоќа во 23 часот и 30 минути во близина на селото Труд. Странците се изјасниле како Авганистанци. Полицајците го уапсиле и возачот на возилото, кој е од Македонија. Неговиот допинг тест се покажал позитивен. Поведена е претистражна постапка, а известено е и Окружното обвинителство. Пред четири дена на автопатот Тракија кај Пловдив беа приведени две илегални групи мигранти. Во првото комбе патувале 25 странци. Во вториот се пронајдени 31 мигрант. Возилото го управувал полицаец од Бугарија кој е приведен и во моментов е во притвор.

The post Дрогиран Македонец возел автобус со 9 мигранти во Бугарија, полицијата ги уапсила! appeared first on Република.

]]>
Се занимавал со боречки вештини: Предозираност најверојатна причина за смртта на 26-годишниот Македонец во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-bavel-so-borechki-veshtini-predoziranost-najverojatna-prichina-za-smrtta-na-26-godishniot-makedonec-vo-sofija/ Mon, 19 Dec 2022 15:39:51 +0000 https://republika.mk/?p=587732

Министерството за надворешни работи информира дека веднаш по добиената информација за пронаоѓање на телото на македонскиот државјанин С.С. во Софија, преку Амбасадата во Бугарија, стапило во контакт со бугарските надлежни органи, од кои се добиени првични информации за случајот.

Преку Министерството за внатрешни работи веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во Македонија и тие се информирани за случајот.

Во соопштението на МБР се посочува дека Министерството и Амбасадата во Софија стојат на располагање за комуникација и асистенција, како и во постојана и непосредна комуникација со надлежните органи на Бугарија кои ја водат истрагата.

Претходно, дописникот на МИА од Бугарија јави дека тело на 26-годишен македонски државјанин е пронајдено во саботата околу 21 часот во близина на трговскиот центар „Парадајз“ во Софија.

Телото е испратено во Одделот за судска медицина и за случајот е поведена предистражна постапка. Според првичните сознанија, на телото нема траги на насилство и најверојатно станува збор за предозирање, пренесува МИА.

Претходно, „Плусинфо“ објави дека според објавите на пријателите на починатиот, се работи за Стојан Спасов. Повеќето од пријателите на починатиот биле спортисти кои се занимаваат со боречки вештини, во кои спаѓал и Спасов.

Според нив, Спасов бил спортист од Виница, кој веќе неколку месеци живеел во Софија. Веста за смртта на Спасов не била објавена во бугарските медиуми, туку преку социјалната мрежа Инстаграм, од каде дознале и неговите пријатели и роднини.

The post Се занимавал со боречки вештини: Предозираност најверојатна причина за смртта на 26-годишниот Македонец во Софија appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи информира дека веднаш по добиената информација за пронаоѓање на телото на македонскиот државјанин С.С. во Софија, преку Амбасадата во Бугарија, стапило во контакт со бугарските надлежни органи, од кои се добиени првични информации за случајот. Преку Министерството за внатрешни работи веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во Македонија и тие се информирани за случајот. Во соопштението на МБР се посочува дека Министерството и Амбасадата во Софија стојат на располагање за комуникација и асистенција, како и во постојана и непосредна комуникација со надлежните органи на Бугарија кои ја водат истрагата. Претходно, дописникот на МИА од Бугарија јави дека тело на 26-годишен македонски државјанин е пронајдено во саботата околу 21 часот во близина на трговскиот центар „Парадајз“ во Софија. Телото е испратено во Одделот за судска медицина и за случајот е поведена предистражна постапка. Според првичните сознанија, на телото нема траги на насилство и најверојатно станува збор за предозирање, пренесува МИА. Претходно, „Плусинфо“ објави дека според објавите на пријателите на починатиот, се работи за Стојан Спасов. Повеќето од пријателите на починатиот биле спортисти кои се занимаваат со боречки вештини, во кои спаѓал и Спасов. Според нив, Спасов бил спортист од Виница, кој веќе неколку месеци живеел во Софија. Веста за смртта на Спасов не била објавена во бугарските медиуми, туку преку социјалната мрежа Инстаграм, од каде дознале и неговите пријатели и роднини.

The post Се занимавал со боречки вештини: Предозираност најверојатна причина за смртта на 26-годишниот Македонец во Софија appeared first on Република.

]]>
Додека тепале маж тој стоел и гледал: Македонски државјанин во Хрватска ќе одговара за неукажување помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodeka-tepale-maz-toj-stoel-i-gledal-makedonski-drzavjanin-vo-hrvatska-kje-odgovara-za-neukazuvanje-pomosh/ Sun, 16 Oct 2022 20:55:42 +0000 https://republika.mk/?p=561826

Државјанин на Македонија е осомничен од хрватската полиција за „неукажување помош“. Според Јутарни лист 43-годишниот маж не сторил ништо за да му помогне на 51-годишен маж кого го нападнале две лица пред продавница во Пула.

Во Пула се приведени напаѓачите кои во средата попладне тешко повредиле 51-годишен маж пред продавница во населбата Перој. Се работи за 48-годишен државјанин на Србија и 33-годишен државјанин на Босна и Херцеговина. Против нив е покрената кривична пријава за нанесување тешки физички повреди. Тие, како и македонскиот државјанин се осомничени и за кривичното дело „неукажување помош“.

Државјанин на Србија и државјанин на БиХ се осомничени дека на 12 октомври околу 16 часот и 50 минути пред продавница во Перој физички нападнале 51-годишен маж кому му нанеле тешки повреди. Откако напаѓачите виделе дека нападнатиот е во лоша здравствена состојба, не му пружиле помош, со што дополнително му го загрозиле животот. Државјанинот на БиХ, откако повикал итна медицинска помош, не постапувал по инструкциите што медицинските лица му ги давале по телефон, додека државјанинот на Македонија не направил ништо за да го спречи нападот врз повредениот маж, стои во соопштението на Полициската управа на Истра.

The post Додека тепале маж тој стоел и гледал: Македонски државјанин во Хрватска ќе одговара за неукажување помош appeared first on Република.

]]>

Државјанин на Македонија е осомничен од хрватската полиција за „неукажување помош“. Според Јутарни лист 43-годишниот маж не сторил ништо за да му помогне на 51-годишен маж кого го нападнале две лица пред продавница во Пула. Во Пула се приведени напаѓачите кои во средата попладне тешко повредиле 51-годишен маж пред продавница во населбата Перој. Се работи за 48-годишен државјанин на Србија и 33-годишен државјанин на Босна и Херцеговина. Против нив е покрената кривична пријава за нанесување тешки физички повреди. Тие, како и македонскиот државјанин се осомничени и за кривичното дело „неукажување помош“.
Државјанин на Србија и државјанин на БиХ се осомничени дека на 12 октомври околу 16 часот и 50 минути пред продавница во Перој физички нападнале 51-годишен маж кому му нанеле тешки повреди. Откако напаѓачите виделе дека нападнатиот е во лоша здравствена состојба, не му пружиле помош, со што дополнително му го загрозиле животот. Државјанинот на БиХ, откако повикал итна медицинска помош, не постапувал по инструкциите што медицинските лица му ги давале по телефон, додека државјанинот на Македонија не направил ништо за да го спречи нападот врз повредениот маж, стои во соопштението на Полициската управа на Истра.

The post Додека тепале маж тој стоел и гледал: Македонски државјанин во Хрватска ќе одговара за неукажување помош appeared first on Република.

]]>
Македонец тешко повреден кај Бујановац, откако грчки камион удрил во неговата „тојота“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/makedonec-teshko-povreden-kaj-bujanovac-otkako-grchki-kamion-udril-vo-negovata-tojota/ Tue, 09 Aug 2022 08:05:10 +0000 https://republika.mk/?p=538220

На автопатот, во атарот на село Самољица, српскиот град Бујановац во општина Прешево, товарно возило со приколка, управувано од грчки државјанин, удрило во патничко возило „тојота“ кое во моментот на запирање.

Возачот на „тојотата“, државјанин на Македонија, се здобил со тешки телесни повред, пренесуваат српски медиуми.

Увидот на лице место ја извршиле сообраќајни полицајци, а според неофицијални информации, против возачот на камионот ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на безбедноста на јавниот сообраќај.

The post Македонец тешко повреден кај Бујановац, откако грчки камион удрил во неговата „тојота“ appeared first on Република.

]]>

На автопатот, во атарот на село Самољица, српскиот град Бујановац во општина Прешево, товарно возило со приколка, управувано од грчки државјанин, удрило во патничко возило „тојота“ кое во моментот на запирање. Возачот на „тојотата“, државјанин на Македонија, се здобил со тешки телесни повред, пренесуваат српски медиуми. Увидот на лице место ја извршиле сообраќајни полицајци, а според неофицијални информации, против возачот на камионот ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на безбедноста на јавниот сообраќај.

The post Македонец тешко повреден кај Бујановац, откако грчки камион удрил во неговата „тојота“ appeared first on Република.

]]>
Четврти ден се трага по исчезнатиот Македонец на Халкидики https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/chetvrti-den-se-traga-po-ischeznatiot-makedonec-na-halkidiki/ Tue, 12 Jul 2022 07:32:44 +0000 https://republika.mk/?p=527356

Четврти ден во Грција се трага по Македонецот кој исчезна во саботата кога силните морски струи го извлекоа на море заедно со двајца негови пријатели на плажата Мити, во Посиди на Халкидики.

Акцијата започна рано утрово со три пловни објекти и четири возила на крајбрежната страна, а според информациите од Грција, во текот на денот се очекува и пребарување со авион.

За разлика од вчера, условите за пребарување денеска се многу поповолни, што дополнително би ја олеснило потрагата.

The post Четврти ден се трага по исчезнатиот Македонец на Халкидики appeared first on Република.

]]>

Четврти ден во Грција се трага по Македонецот кој исчезна во саботата кога силните морски струи го извлекоа на море заедно со двајца негови пријатели на плажата Мити, во Посиди на Халкидики. Акцијата започна рано утрово со три пловни објекти и четири возила на крајбрежната страна, а според информациите од Грција, во текот на денот се очекува и пребарување со авион. За разлика од вчера, условите за пребарување денеска се многу поповолни, што дополнително би ја олеснило потрагата.

The post Четврти ден се трага по исчезнатиот Македонец на Халкидики appeared first on Република.

]]>